Иако е досаден филмов јас го имам гледано ради да видам што се случува , ич не ми глуми убаво мајли , а типот е секси :geek:
Очекував многу повеќе според кажувањата на другарките, но не испадна нешто посебно. Обично љубовно филмче.
Просечно филмче, љубовно... Ништо посебно, ама па не е ни толку лош како што кажувате. Ок си е за тепање време.
Филмот е убав, али со самата помисла од Мајли, гх.. Има прекрасна, релаксирачка музика, да уживаш.. А и типот е убав. Не е за бацање. Има убаво тело. Ми се допаѓа некако. Добри сцени, добри луѓе, добра приказна..
прекрасен филм,навистина останав без зборови,и поготово како одглуми Мајли,што и фали на девојчето ја бива за глума
Ниту филмот, ниту глумата. Мајли воопшто не ми е убава, ниту па харизматична, а и нема некој талент за глума. Содржината веќе видена, така да филмов ми е тотално промашување. Се сеќаваш на девојчево? Спојлер Сто пати подобро глуми од Мајли, а во филмовиве има по 6, 7, 8 години.
Воглавно ми се допадна филмот. Љубовно филмче со по некоја тажна сцена. Мајли не се пронаѓа во глумата, но супер ми беше изведбата на последната песна. Спојлер Тие сцените со Вил ми беа ептен досадни, но кога умре татко и` ептен се растажив.
Етее денес ја завршив книгата со читање сега ќе го гледам филмот ама мислам дека книгата е подобра од филмот
Ќе го занемарам фактот дека Мајли не знае да глуми и ми е крајно антипатична. Филмот ми беше сосем ок, само поради главниот лик не планирам цел да го претставам негативно. Во главно ми се допадна. Ме расплака крајот, како што обичај и правам на такви сцени. Би го препорачала претпоставувам.
Филмот беше убав, сум го гледала 2-3 пати. Крајот ми беше многу тажен, а единствено што не ми се допадна беше глумата на Мајли на почетокот.
Многу убав филм (и покрај тоа што не сум некој фан на Мајли), многу плачев прв пат кога го гледав, прекрасна приказна и многу убав пар ми се Лиам и Мајли, баш онака вистински пар.
Не сум голем фан на Мајли. Всушност, воопшто не сум фан на Мајли. Не ми се допадна нејзината улога во филмов, иако пробував да ја игнорирам. Ме растажи филмот, покрај се. Дечково воопшто не ми се допадна, режисерот, или кој и да е задолжен за ,,the crew'' можеле да изберат подобри глумци. Инаку, книгата ја добив како подарок за роденден, и утредента веднаш почнав да ја читам. До крајот на неделата беше прочитана, и на последните страници се познаваат траги од солзи. Спаркс е експерт за овие работи и секоја му чест. Тоа е од мене
Филмот е преубав.Само што го изгледав.Досега не сум гледала толку убав филм,навистина.Додека го гледав на крајот од филмпт многу плачев.Многу убав филм со тажен крај...
Добар филм. Го изгледав пред 2-3 дена и ми се допадна. Инаку крајот не беше тажен. Нели тој и рече дека ќе се префрлел кај неа во градот...Или јас сум грешка?
Овој е еден од филмовите што ми се на врвот. Преубав филм, прекрасна романса и на крајот се изнаплакав .