Значи филмот е навистина прекрасен со еден збор да кажам! Добра приказна и глумата ми се допадна. На почетокот мислев дека е само онака лигаво глумење на Мајли и мислев дека околу тоа ќе биде филмот но го догледав до крај и верувајте се запрепастив, едноставно не очекував толку да биде убав. Најтажна ми беше сцената кога умре татко и
Најпрво, филмот не може да и’ се фати на малиот прст на книгата. Многу беше скратен и многу тргнати работи, а сепак убави. И вооошто не ми се допадна тоа што Рони почна да свири на сред филм во куќата на Вил. Тотално непотребно и бесмислено. Мене не ми пречеше глумата на Мајли, всушност, повеќе би приметила ако има правописни грешки во преводот, ама тоа е до мене. Сигурна бев дека филмот нема да биде ни малку како книгата. Книгата успеа да ми ги насолзи очите, ама филмот не. Не успеаја да ги доловат толку силно тажните моменти. Уште една замерка, го немаше пасторот Харис. Според мене тој е еден од поглавните ликови, и има кажано многу убави и поучни работи. Мислам, тој е еден од состојките на приказнава, и филмот дефинитивно има пропуст што него го нема. А филм како филм, па шознам. Јас да го гледав само како филм, без да ја читам книгата, можеби и ќе сум била позадоволна, а можеби и поразочарана, не сум сигурна. Едноставно, филмот го нема она нешто што го има книгата. Тоа е. На сите што не ви се допаднал филмот, а не сте ја читале книгата, читајте ја. Ви гарантирам дека веднаш ќе го смените мислењето.
Добар е , но можело подобро . Мајли не ми е омилена глумица , но со нејзини 17 добро се снајде . Книгата не сум ја читала и не можам да споредам што е подобро