1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Принцот на Маглата-КАРЛОС РУИЗ ЗАФОН
    навистина неверојатна и убава книга. Ми се допаѓа и тоа многу. Непредвидлива, ме завлече и за неколку часа ја прочитав. Навистиа успева да те завлече гладно да ги голташ сите зборови што тој ги нанижал. Книга што се чита во еден здив.
     
  2. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Ангелски повик-Гијом Мисо
    Доста интересна,ми се допадна како и сите книги од него:)
     
    На Dayse му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Moram da se nadovrzam na ova mislenje
    "Aко треба да судам според прочитаното се прашувам како е можно книгава да е бестселер, а тој еден од најпродаваните автори на сите времиња."
    Jas prosto begam od vakvi avtori.
    Gledav you toub video ,za Maeve Binchy, kako uspeala da napise tolku knigi i site mnogu citani.
    Od togas vise nikogas ne kupuvam i citam od ovoj tip pisateli (stancaat knigi, sekoja nedela po edna).
    Izgubiv draz da citam nivni dela. Pa uste koga procitav deka imalo i drugi vmetnato vo pisuvanjeto, za da mozele da zadovolat baranje na citatelite, fala netreba.
    Toa e moe mislenje, neznaci deka site treba da go spodelat so mene.
    Vnimavam koga izbiram knigi. Citam mnogu kritika, no toa sepak ne znaci deka ne gresam. Naveke mi e krivo zosto gi kupuvam i redam vo mojata biblioteka, a ne e kniga koja treba da bide na polica.
     
    На crimson и sia.bella им се допаѓа ова.
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Ќерката на математичарот"-Венко Андоновски
    Книгата се состои од два дела-една голема книга во која е сместена помалата.
    Секоја глава ја раскажува еден од трите ликови.(најчесто Ема Пи)
    Јас добив впечаток дека малата книга се однесува по малце на Тоше Проески,но што знам.
    Книгата навистина ми се допадна бидејќи и самата содржина е добра,а и авторот ми бил меѓу омилените.
    :wasntme:
     
    На senza.parole и Marossa им се допаѓа ова.
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Злосторство и казна-Фјодор Михајлович Достоевски
    Искрено напишано очекував многу од книгава,дека постојано слушав како е фалена,светска класика ова она,ама не сум нешто одушевена и вау то е то да речам.Од книгата ми се допадна единствено што има многу поучни таму мудри мисли кои јас секако си ги запишав во нотес.После секоја прочитана книга,ако нешто ми се допадне,си запишувам јас настрана.Освен мислите во книгата убав и интересен впечаток ми остави еден од ликовите во книгава-Разумихин,кој многу ми се допадна и ми беше интересен така.На мене малку ме потсети хаха,ама тоа ти е.За оваа книга оценка 4 би дала...и ако сакате да читате лесна литература,пазете немојте ваква-тешка е богами ;)
     
  6. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Порта на солзите - Абрахам Вергезе
    Интересна приказна која го запознава читателот со една сосема поразлична култура од нашата. Дејството се одвива главно во Етиопија и еден дел во Америка а опишува живот на неколку лекари и условите во кои тие се образуваат, развиваат и работат. Приказната се ткае околу животот на двајца браќа близнаци, плод на тајната љубов меѓу калуѓерка и млад хирург, кои ги подигнуваат двајца лекари, колеги на нивните родители, откако мајката ќе почине на породување а таткото ќе одлучи да ги напушти.
     
  7. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Играта на Ангелот - Карлос Руиз Зафон

    Само што ја завршив книгава, и ме остави сета во прашалници. Интересно ми е тоа што ја почнав пред една недела, но првите триесеттина страни ги одовлекував неколку дена, за потоа 550 да прочитам во два дена. :D Можеби затоа што толку многу бев воодушевена од Сенка на Ветрот, па не сакав оваа да ми биде едно големо разочарување, како што е најчесто случајот. И сега слободно можам да кажам дека книгава е се` спротивно на разочарување, напротив - воодушевена сум, и веќе по трето прочитано дело на Зафон, ми прираснува во омилен автор. Стилот на Зафон е извонреден, лесен за читање, а сепак со толку добри заплети.
    Малку (или малку повеќе) ме збуни крајот на книгата, по Сенка на Ветрот очекував се` да се разреши во доменот на реалниот свет. Но, можеби тоа е уште еден плус за Зафон, што сепак успеа да изненади.
    Се` на се`, многу ми се допадна книгава, и дефинитивно ќе продолжам да го читам и да го препорачувам Зафон. :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Скриена во најмрачниот агол - Елизабет Хејнс

    Darkest corner - mala.jpg

    Добар трилер во кој дејствието го следиме поделено на два периоди - животот на хероината пред четири години и животот на истата во моментот. Книгава раскажува приказна која е реалност на многу жени во светот, семејно насилство и сексуална злоупотреба. Некои од нив успеваат да се справат и ослободат од истата, во случајот исто како и протагонистката во романот, а некои го носат крстот на оваа лоша судбина цел живот. Писателката успеала ептен добро да ги опише сите моменти на злоупотреба со доста експлицитни сцени на терор, последиците , справувањето со нив, времето на соочување и израмнување сметки ... Се на се книга која треба да ја прочитате доколку ви падне во раце.

    4/5 за романот затоа што мене некако сцените на проверување во куќата на главната јунакиња кои произлегуваа од нејзините компулзии ми завземаа премногу место во пишувањето.
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    06.jpeg

    „Не сум светец, ниту маченик, не сум терорист, ниту лудак, ни убиец. Сите имиња со кои мислите дека можете да ме наречете се неточни. Јас сум татко. Тоа е мојата приказна“ – ова се дел од зборовите со кои докторот Дејвид Еванс ја започнува својата приказна.

    Дејвид Еванс е најдобриот неврохирург од една болница во Вашингтон.Неочекувано некој ја киднапира неговата ќерка, но овде не станува збор за обичен киднапер кој за возврат ќе бара само неколку илјади долари.Станува збор за психопатскиот убиец-Вајт, кој уште од деновите на своето студирање на факултетот за психологија почнува со правење на дијаграми врз основа на сопствената личност, а подоцна и нивно усовршување.Манипулира со жртвите, си поигрува со нив и ги фрла во очај, за на крај самите да посегнат по сопствениот живот.

    ,,Ако ги поттикнеме вистинските емоции кај секој човек, може да се контролираат неговите дејства оддалеку, со далечинска контрола.‘‘ Но, професорот на факултетот му вели: ,,Психологијата не е наука за такви отстапувања.Тоа е наука за подобрување на човековите искуства, а не за нивно потчинување!‘‘

    Единствен услов за ослободување на ќерката на Дејвид е убиство на претседателот на САД на операционата маса во болницата.Но, дали Дејвид е личност која ќе отстапи од неговите безмислени нацрти на дијаграми на личности? Дали сепак овој татко ќе успее да си ја спаси ќерката?

    Дефинитивно нема да зажалите ако ја прочитате. 10/10 (y)
     
    На ton4ica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Порака во шише-Николас Спаркс
    Просечна книга, типична љубовна приказна,лесна за читање,не ме воодушеви нешто,но добра е. Топло ја препорачувам на сите љубители на љубовни романи, одлична е за викенд за да се опуштите и релаксирате.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Снежното дете - Ејовин Ајви

    Џек и Мејбел, сопружници, се селат во Алјаска за да започнат нов живот по загубата на нивното дете. Сосема оттргнати еден од друг поради невозможноста да создадат семејство, тие сфаќаат дека животот на студените планини е многу поразличен од она што го замислувале. Сепак, една зимска ноќ заедно градат снежно дете, односно девојче со црвени ракавици и шал, жолта коса и нежни црти на лицето со црвени усни. Следното утро откриваат дека ракавиците и шалот исчезнале, а снегот но тоа место е растурен. По некое време, на нивната врата се појавува девојче кое себеси се нарекува Фаина.

    Отприлика толку имаше на задната корица од книгата, повеќе не откривам. :lol: Интересно, лесно романче. Иако веќе знаев како ќе се одвива дејството според содржината на корицата, на некој начин се приврзав за ликовите и се грижев за нив. Малку бавно се случуваа работите, освен на крајот, кога се` се случи наеднаш, тоа ми е единствената забелешка.

    Малку не го сфатив крајот, но претпоставувам дека тоа и било целта, секој да си го сфати на свој начин. :)
     
    На macalavica, mackica1 и toogood им се допаѓа ова.
  12. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Најпрво, пред да почнам со рецензијата да и се заблагодарам на @RainBow за препораката! (y)

    [​IMG]

    “—Isn’t this how it starts? You have a cause you believe in, a cause worth dying for. Soon, it’s a cause worth killing for. Soon, it’s a cause worth killing innocent people for.”

    Оваа книга е дефинитивно еден од најдобрите трилери што сум ги прочитала воопшто. Ми остави силен впечаток додека ја читав, а сега откако ја дочитав ќе се потрудам со внимателно одбрани зборови да ги доловам тие импресии, најпрво за тогашниот сталинистички режим, а потоа и за самата приказна.

    СССР после Втората светска војна. Сталин. КГБ. Бруталност. Страв. Предавства. Лаги. - Реален приказ на тогашниот режим спроведен врз обичниот народ. Општа изолација од остатокот од светот, секојдневниот страв во сите пори на општеството, борбата за преживување е константно присутна. Линијата меѓу животот и смртта е толку танка, скоро и да не постои. Од друга страна се оние кои им служат покорно на државата, оние кои се ценеле според привидната ефикасност, пред вистината. Опстанокот на државниот режим оправдувал се, баш се - апсења, тортура, изживувања, ѕверски начини на изнудување признанија на невини луѓе за туѓите злодела. Неверојатно ми беше како така добри и чесни луѓе да се толку индоктринирани и да чинат такви недела, уверени дека го прават најдоброто за својата земја, за својата партија... Но, кога ќе подразмислам подобро тоа е всушност нешто што не застарува, се менуваат само начините и лидерите.

    Да се вратам на самата приказна... Почетокот ми беше малку конфузен, премногу настани и личности, но како се одвива дејствието, така приказната се развива и добиваат смисла сите тие настани. Стилот на пишување и раскажување е исклучителен, а сите ликови се предобро осмислени.

    Лав Демидов е воен херој и офицер во Московската служба за безбедност, притоа уживајќи во угодниот живот кој му го пружа неговата функција. Во името на својата служба тој апси, измачува, убива, одвојува деца од своите родители, жени од мажи, верувајќи дека помага во создавање на совршено општество - општество во кое не постои нешто такво како злосторатво. Погубувајќи невин човек, Лав започнува да се колеба и сфаќа дека се она во што верувал било огромна лага. Наредено му е да ја следи својата сопруга, Раиса, под сомнение дека е шпион. Во таа ситуација, Лав е во голема дилема, дали и неговата жена не е она што се прикажува и дали е спремен да ја обвини во име на државата? Длабоко во себе, и покрај сите маани, тој е искрено заљубен во Раиса и не е спремен да ја жртвува. Поради тоа, тие се прогонети од Москва, лишени од нивниот дотогашен живот.

    Напоредно со тие случувања во Москва, сериски убиец (Андреј) кој патува со воз, убива деца на територијата на цела Русија. Негова цел е да го врати повторно својот брат - Павел кој го изгубил како дете, во една зима, кога прегладнети биле во лов на мачка. Неговиот брат е исклучителен ловец кој знае да следи траги, пробувајќи да го привлече неговото внимание најпрво започнува да убива животни, на начинот на кој ловеле како деца, но никој не обрнал внимание на убиените животни па почнува да убива деца, свесен дека тоа нема да помине незабележано. Лав, заедно со Раиса почнува тајна истрага за серискиот убиец. Минуваат низ секакви тортури и измачувања, за на крај да стигнат на југот на земјата, во Ростов каде го пронаоѓаат убиецот. А кој е убиецот... Мислам дека и најголемите љубители на трилери не можат да претпостават се до претпоследните глави од книгата...

    За самата приказна, не знам што би кажала друго освен дека е неверојатна. Сите елементи се толку добри осмислени и испреплетени еден со друг, мистеријата околу убиствата, љубовната драма меѓу Лав и Раиса како и бруталниот режим кој што владее во Русија. Низ целата книга има толку многу добро осмислени неизвесни и напнати моменти што во никој случај не дозволуваат да ја оставите.

    Авторот за ова дело црпел инспирација од вистинит случај за сериски убиец од СССР - Андреј Чикатил, осуденик на смртна казна за монструозни убиства на 52 лица - жени и деца. Реин кога ми ја препорача веднаш ја најдов и спуштив, мислејќи по дифолт дека авторот е русин. Бев изненадена на крај кога испадна дека е англичанец, прилично млад, а книгава негово прво дело. Секоја чест! Од мене има презаслужена 5ка! Одвај чекам да излезе и филмот, а и да ги прочитам останатите продолженија.

    П.С. Се извинувам за долгата рецензија, но само добра книга може да ме натера толку да се распишам. :)
     
    На Kom.pot, Ivy89, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Девојката со тетоважа змеј
    600 и кусур страни за 30 саати.

    Навлекува толку добро да навистина нема шанси да ја оставиш. Приказната е одлична, непредвидлива ни во еден миг, интригантна и морничава. Многу морничава.
    Психолошкиот елемент неизоставен, одлучно изградени психолошки профили и доста потресни сцени од тој аспект. Брутална а е зашто е реална, многу од дејствијата се многу реални се случуваат.
    Само мене стилот не ми се допадна. Имаше непотребни темелни описи, кои за ништо не служеа. Лоши премини, скокаше од лик на лик според мене нагло, од едно дејствие на друго. Посебно кога се работеше за Лизбет и деловте со адцокатото и нагло во следната реченица е веќе префрлен на дејстијата на островот, не ми се допадна тоа ич. Потоа ликпт на д
    Драган, мислам ужасно смешно ми е потеклото, никако спојливо и озводливо. Го запамтив добро, роден во Хрватска од татко ерменец роден во некоја од бившите руски републики и мајка босанка со грчко потекло и нели нормално по пасош србин. Многу се смеев.
    Имињата се ужасни, пола и повеќе знам дека не ги изхорам ни пола правилно ама според тоа дека е шведски автор ми е разбирливо.
    Знам дека ова е само еден дел од триологијата, ама премалку се има задршано на Лизбет. Барем мене ми недостигаше повеќе детали за неа. Имаше некои работи кои мислам дека би биле подобро ако поинаку беа напишани но нејсе тоа е што е.
    Сликовито експлоцитно потресна, така ја доживувам.
    Не сум гледала ни еден од филмовите, што е чудно за мене. Ќе мора да ги дочитам и дриѓугите книги зашто преочигледно беше дека тука не е ништо завршено.
    Микаел ми е навистина одличен лик, баш го има доловено добро да сосема разборам зашто сите жени испопаѓаа на него. Оноj raw sexcual magnetism кој се осеќа и преку зборови.
    Супер книга, ја препорачувам иаку мислам дека стилот му е блед и често хаотичен. Ама приказната вреди и ги покрива тие некои празнини.
    Ако треба да ја оценам би и дала 8/10
     
    Последна измена: 17 јануари 2015
    На Kom.pot, Marossa и Ivy89 им се допаѓа ова.
  14. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Хипнотизер - Ларс Кеплер
    Интересна книга, држи во неизвесност.Ликот на Ерик ми беше на моменти досаден па и рамнодушен, сепак поради негова грешка т.е поради прекршување на ветување се случија тие злосторства.Сметам дека имаше многу непотребни делови и дури ми изгледаше како една книга да се содржи во друга поради префрлање на дејството најверојатно.Ми сметаше и тоа што некои ликови не беа добро обработени.Како и да е, напнат трилер со неочекуван крај.
     
    На Marossa и CrazyOne им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Скриена во најмрачниот агол - Елизабет Хејнс

    Бев застанала до половина со оглед на тоа што се повторуваа едни исти настани.Едвај ја дочитав и најискрено, не знам зошто толку ја фалат книгава.Се‘ беше некако монотоно, а единствен лик кој ми се допадна беше Стјуарт.Во секој случај, не препорачувам. (n)
     
  16. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Сам во бракот-Милица Јаковљевич
    Бидејќи од серијата имам гледано 2-3 епизоди, од вкупно 9, не ми беше интересна 1/3 од книгата. Ама подоцна почна да ми се допаѓа.
    Се работи за еден адвокат од Варош, Радмило, и една убава девојка од Белград, Лилјана. Радмило е заљубен во неа, но Лилјана го сака Момчило, голем мангуп. Бидејќи Момчило не сака да се ожени со неа, а таа нема мираз, нејзиното семејство договара брак со младиот адвокат. Тој ја сака, но таа ги повредува неговите чувства уште првата вечер од нивниот брак, велејќи дека е тој и е непознат, и дека го мрази. За да го избегнат исмејувањето од страна на народот, тие се договараат да поминат 3 месеци, па таа да си замине кај нејзините родители...

    Едвај ги чекав моментите кога Радмило и Лилјана се заедно.
    Штета што Лилјана во книгата и серијата сосема се разликуваат физички.
     
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    “Because normal human activity is worse for nature than the greatest nuclear accident in history.”

    Уште еден предобар трилер кој го опишува животот и општеството во Русија, за време на Студената војна. Општество во кое владее моќта и силата, односот на тие кои владеат со тие кои се потчинети и покорни.

    Покрај добро изградените ликови, исто така добро е прикажан ликот на Русија, секојдневниот живот на луѓето, живописните Москва, Ленинград, се до Сибир.

    Во книгата има се што треба да содржи вистински трилер: добро осмислена приказна, мистерија, заплети, убиства, сето тоа испреплетено со лаги и корупција.

    Главниот лик - инспекторот Аркадиј Ренко ми остави толку голем впечаток што можам да го вбројам во еден од омилените ликови за кои сум читала досега. Ова е прва книга од серијата за Аркадиј Ренко, напишана пред повеќе од 30 години, но сеуште актуелна како и тогаш. Култна книга за овој жанр, ја препорачувам на сите љубители на трилери, а и за читачи (како мене периодов) опседнати со Русија. :)
     
  18. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Мојот Личен ФБИ Агент - Џули Џејмс

    некако, ја завлеков книгава, незнам ни јас зошто, ми се виде познато од почеток, па како се едно исто да се врти и како да веќе сум ја имала прочитано или гледано некој филм... како и да е, на крај Љубовта победува ,нели, скоро секогаш :D 8/10
     
  19. Daculka

    Daculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Пoследнa прoчитaнa книгa кoјa ми oстaви гoлем впечaтoк... "69 стрaници зa млaдинaтa". Нaпишaнa oд некoј мaкедoнски млaд aвтoр кoј нa дoстa реaлен и сaркaстичен нaчин гo oпишувa денешниoт живoт нa млaдинaтa.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Love Detective - Alexandra Potter

    Не беше лошо книгичево. Александра Потер има добар хумор, се насмеав убаво неколку пати на некои настани.
    Морам да кажам дека хероината воопшто не ми се допадна, ми беше како некоја разгалена и кенкава девојка. Ми се допадна дејството во Индија, прекрасни описи, уживав потполно читајќи за Индија на еден забавен начин.
    Сосема солидно чик лит книгиче за попладневно уживање.