1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Критична точка - Хуан Гомез Хурадо

    Ќерката на еден од најдобрите неврохирурзи, др. Дејвид Еванс е мистериозно киднапирана. Киднаперот воспоставува контакт со докторот, ветувајќи му дека ќе му ја врати ќерката со исполнувањето на еден услов - неговиот следен пациент да не ја напушти операционата сала жив. Ситуацијата и не би била толку комплицирана, доколку следниот пациент на др. Еванс беше било кој друг, а не претседателот на САД.

    Напнато, заплеткано, со по малку неочекуван пресврт. Што значи, баш по мој вкус. Ми се допадна, не можев да престанам да ја читам. :)
     
    На plava.90 и CrazyOne им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Руска зима - Дафне Калотеј
    Прекрасен роман за животот во Русија во времето на Сталин, за напорот на една девојка да стане примабалерина на Баљшој театар, за пријателството, за љубовта ... Но и за животот на таа иста примабалерина која побегнала од се, несвесна дека побегнала без да ја дознае целата вистина!!!
    Прекрасен роман со силна порака - во животот треба да се трудиме да ја дознаеме вистината навреме, каква и да е, за покасно да не се каеме за некои постапки !!!
     
    На eliesaab и sia.bella им се допаѓа ова.
  3. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Last Days of Rabbit Hayes by Anna McPartlin
    Книга за мајка, ќерка, сестра болна од рак и нејзините последни денови додека бара начин да ја прифати својата судбина и да се збогува со најсаканите, а и тие со неа. Очекував МНОГУ, добив просек. Малку разочарана.
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Алекс од Пјер Леметр.
    Накратко се работи за навидум обична, нормална девојка која води нормален живот. Еден ден Алекс забележува дека некој ја следи, за подоцна истиот да ја киднапира. Тој брутално се однесува кон неа, ја затвара во кутија и ја измачува. Двајцата детективи кои работат на случајот немаат никакви траги ниту пак некакви информации за девојката.
    Јас сум воодушевена од книгава ,а поготово од ликот на Алекс, мислам во ниедна книга немам сретнато толку комплексен лик што навидум ти личи толку невино, а сепак испаѓа дека се работи за сериски убиец. Не можеш да останеш рамнодушен на ваква книга според мене.
    Дефинитивно ја препорачувам. 10/10
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    I let you go - Clare Mackintosh

    Не знам како да почнам со книгава.
    Првата половина беше премногу развлечена, ништо не се случуваше до 50 посто негде. Е потоа има еден пресврт. Ама еден добар, јак пресврт. Не го ни очекував, не знаев дури ни што се случи и како се случи, мислев сум пропуштила нешто, негде. Ама не. Тоа беше одлично изведено, веројатно затоа има и толку добри оцени на гр. Ги прочитав критиките, сите се воодушевени, ама што правиме со првата половина од книгата?

    Другата половина и ми беше малку клише, веќе видено, ама пак на крајот имаше интересно откритие.
    Ликовите се добро доловени, посебно главниот женски лик, иако мене не ми се допадна и ми идеше да и удрам шамар во неколку наврати.

    Ми се допадна и начинот на раскажување и опишување на полициската работа, се гледа дека авторката го пренела своето искуство како полицајка на страниците, тука завршила одлична работа
    .
    Некаде меѓу 3.5/5 ми е оцената, поради добрите пресврти.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    [​IMG]
    Среќна сум што можам да разликувам лошо преведена книга од лоша книга, затоа што ова воопшто не е лоша книга. Напротив, феноменална приказна, сплетки, убиства, паралелно приказни кои на крај се поклопуваат.... за мој вкус дефинитивно. Слабост ми е се крими-романи.
    Ама за преводот - ШТА РЕЧИ? Кога би можела да бирам, би ја прочитала во оригинал, ама ми се најде оваа. Некогаш помислувам (и често се уверувам во тоа) дека книга на македонски вреди да читаш само ако е оригинално на македонски напишана. Абре од српски да преведуваат, пак ќе ја упропастат!

    Кога сме кај книги оригинално напишани на македонски јазик, најтазе прочитана ми е „Ќерката на математичарот“ од кралот Венко Андоновски :bow:
    [​IMG]

    Иако „Вештица“ ми е се‘ уште на врвот, во ова ремек-дело не изостануваат Венковата смисла за хумор, уникатната умешност на раскажување и креативноста што се однесува до самиот изглед на изданието.
    Во приказната се вклучени неколку ликови од претходни дела на Андоновски и наводно тие ликови се автори на книгата, а Венко е само уредник.

    И двеве книги погоре ги прочитав во многу краток период, читајќи по цели ноќи од што не можев да ги оставам.
     
    На fatamorgana123, Mayyya и Marossa им се допаѓа ова.
  7. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Фатални желби - Бруклин Хадсон

    По трагедијата која се одвива на нивната деветта годишнина, Жулиен и Ракел се селат во мало мирно гратче, со намера да си пружат нов почеток, далеку од опасност. Но, не можат да предвидат дека во нивната нова куќа се случува нешто чудно, нешто што е надвор од опсегот на реалноста.

    Имаше нешто многу морничаво во врска со книгава, едноставно ликовите и нивниот развој ми се чинеа толку реални, што и покрај натприродните елементи, ми беше тешко да поверувам дека се` е измислица. Искрено, не го предвидев крајот (првиот крај, не она што беше како епилог), и мислам дека ќе беше многу подобро да завршеше таму, епилогот малку ми го расипа целиот впечаток. Но, тоа е што е, и во целост ми се допадна книгава, со нејзината добра доза језивост, а и никогаш не ми стана досадна додека читав.
     
  8. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Ловец на души - Донато Каризи

    Одличен трилер кој ме остави без зборови, едноставно страните самите се вртеа. Многу сакам напнатост и со секоја следна страна дознаваш информации кои те запрепастуват. Барем јас така ја доживеав книгава.

    Инаку во книгата се работи за Маркус кој пати од амнезија, и е во редот на исповедниците ,и Сандра која е форензичарски фотограф. Дејсвијата се случуваат наизменично, прво на Маркус па на Сандра, за да почнат да им се сретнуваат патиштата. Маркус го истражува исчезнувањето на Лара, студент по архитектура, а Сандра смртта на нејзиниот сопруг. Во меѓувреме се пишува за ловецот на души на кој начин си ги бара жртвите.
    Крајот ќе ве остави без зборови, намерно го изоставив. Книгава е од оние што не можеш да им го предвидиш крајот. Мене ми остави одличен впечаток, топло ја препорачувам на оние кои сакаат вакви книги.

    П.с Сакам да ја прашам @Hipica колку ја зема Шума од Кобен? Одамна ја барав книгава
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ја позајмив од другарка... ама еве го најдов ова.
    http://kultura.com.mk/BookDetails.aspx?Pr=311
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    мора да се согласам со тебе за впечатоците од Ловец на души, ја читав лани ова време и бев воодушевена, а Шума од Кобен ја најдов на англиски во Матица, ако читаш книги на англиски, за време на февруарскиов попуст помини може ќе ја најдеш, вреди да се прочита, инаку беше околу 120 денари :D
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    The art of hearing heartbeats

    Копајќи низ Goodreads,наидов на книгава и не зажалив што ја прочитав.Преубав стил на пишување,онака да те допре во душата,скоро целата ја поцртав.
    Приказна за една голема љубов,која не знае за граници и канџите на општеството,љубов прикажана само со чистотата на душата и емоциите.
    Преубаво е опишана Бурма,од народот до прекрасните пејсажи.
    Крајот не ми беше очекуван,мислев дека само Ми Ми е почината,но сепак татко и на Џулија се врати да умре со својата сродна душа.Се истурив плачејќи.

    Мора да споделам неколку убави фрази што ептен ме трогнаа:

    „ Do you believe in love, Julia?“
    -Of course I am not referring to those outbursts of passion that drive us to do and say things we will later regret, that delude us into thinking we cannot live without a certain person, that set us quivering with anxiety at the mere possibility we might ever lose that person—a feeling that impoverishes rather than enriches us because we long to possess what we cannot, to hold on to what we cannot.“
    No. I speak of a love that brings sight to the blind. Of a love stronger than fear. I speak of a love that breathes meaning into life, that defies the natural laws of deterioration, that causes us to flourish, that knows no bounds. I speak of the triumph of the human spirit over selfishness and death“

    Love has so many different faces that our imagination is not prepared to see them all.”
    -“Why does it have to be so difficult?”
    -“Because we see only what we already know. We project our own capacities—for good as well as evil—onto the other person. Then we acknowledge as love primarily those things that correspond to our own image thereof. We wish to be loved as we ourselves would love. Any other way makes us uncomfortable. We respond with doubt and suspicion. We misinterpret the signs. We do not understand the language. We accuse. We assert that the other person does not love us. But perhaps he merely loves us in some idiosyncratic way that we fail to recognize“...

    ... „It’s love. Love makes us beautiful. Do you know a single person who loves and is loved, who is loved unconditionally and who, at the same time, is ugly? There’s no need to ponder the question. There is no such person“
     
    На Annath и RainBow им се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Која е таа девојка - Александра Потер

    Многу интересна книга за една девојка по има Шарлот.
    Главниот лик Шарлот е хаотична триесет и две годишна девојка која е работохоличар и има многу малку слободно време. Постојано е во брзање.

    Таа е распната помеѓу работата и нејзината врска со Мајлс за кој мисли дека е човекот на нејзиниот живот. Но тој ритам на живот почнува да се менува во моментот кога го здогледува нејзиниот стар автомобил, во нејзиното старо маало, возен од девојка која многу личи на неа кога имала дваесет и една година....

    Ја препорачувам
     
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Последно ја прочитав "Свртување на завртката" од Хенри Џејмс.
    Приказна раскажана на Бадникова ноќ, во стара куќа покрај огнот. Пријателот на нараторот тврди дека приказната што ќе ја раскаже е особено занимлива, приказна за гувернантата која потоа е пренесена од нејзина перспектива и нејзино доживување. Го читаме ракописот кој самата таа го напишала многу години претходно. Нарацијата во прво лице ја води гувернантата која добива задача да оди во една стара куќа и да се грижи за две дечиња чии родители се починати. Восхитена е од нивната убавина уште кога ќе ги запознае. Подоцна тврди дека гледа духови и дека се обидува да ги заштити децата од тој ужас. Но не и верувајте, ни најмалку не верувајте на нејзините зборови. Убавината во делата на Џејмс е токму тоа што тој создава недоверливи ликови – наратори, така што многу поважен е начинот на којшто ни раскажуваат од тоа што го раскажуваат. Многу поважно е КАКО таа раскажува од она ШТО го раскажува. Всушност се работи за болна психа, себична, желна за внимание и малодушна личност, не и дозволувајте да ве заведе со „маките".
    Романот е филмуван, филмот се вика The others, од 2001 год, во главна улога на Никол Кидман. Има некои измени во филмот, на пример во книгата е гувернанта, а во филмот е претставена како мајка на децата, но идеата е иста. Во секој случај топлп ви ги препорачувам и филмот и книгата, а кога би ме прашале мене, книгата повеќе ми се допадна. Еве ви и трејлер од филмот
     
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Вештицата од Портобело"-Паоло Коелјо

    Не знам зошто,но секоја книга од Паоло штом ја земам во раце имам некаква визија за тоа каква ќе биде книгата.И секогаш се разочарувам.:|
    Не знам дали јас поинаку си го имам сфатено авторот или пак,премногу очекувам од него...
    Не велам дека му се лоши книгите,само сум разочарана малце.:)
     
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Па земи читај нешто квалитено, а не кич, комерцијала, она што сите го читаат ( Коељо) и нема да бидеш разочарана! Тоа што си се разочарала е знак дека треба да преминеш на потешка литература, да ги оставиш бестселерите зад себе и да прочиташ вистинско умтничко дело, на кое ќе имаш на што да се дивиш.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    I'll Give You The Sun - Jandy Nelson

    Преубава книга. Прекрасно и интелигентно напишана, една страшно имагинативна книга. Реалното делува како нереално и обратно. Мислам дека е една од подобрите книги од YA жанрот. Имаше некои веќе видени моменти без кои една книга од овој жанр не може да помине, ама сепак, оригиналните моменти беа многу, многу повеќе.
    Раскажана е од два aспекти, Ноа на возраст тринаесет и неговата сестра близначка, Џуд, на возраст шеснаесет.
    Ликовите сите ми се допаднаа, иако имаа многу мани, што само ги правеше почовечни.
    Ноа ми остави најголем впечаток, Ноа и неговата љубов кон друго момче. Тинејџер што се открива себеси, тинејџер со артистички ум, што го гледа светот преку бои, што црта и слика во својата глава.
    Има петка од мене книгава, можам да поминам преку малите работи што не ми се допаднаа, зашто поголемата слика вреди за тоа.

    “I love you,” I say to him, only it comes out, “Hey.”
    “So damn much,” he says back, only it comes out, “Dude.”
    He still won’t meet my eyes.”

    “I gave up practically the whole world for you,” I tell him, walking through the front door of my own love story. “The sun, stars, ocean, trees, everything, I gave it all up for you.”

    “When people fall in love, they burst into flames.”

    “We wish with our hands, that’s what we do as artists.”

    “What is bad for the heart is good for art. The terrible irony of our lives as artists.”
     
    На AnaKarenina и do-re-mi им се допаѓа ова.
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Тајниот јазик на цвеќињата - Ванеса Дифембо
    Прекрасна приказна за една девојка Викторија израсната без родителска љубов, згрижувана во домови за напуштени деца и во семејства... Викторија не ја запознала топлата прегратка на мајка си, па неверува во љубов, прегратки, насмевки... Но, затоа од една прекрасна жена Елизабет која ја чувала кога била десет годишно девојче го научила јазикот на цвеќињата!!!
    Не останала кај Елизабет кога била дете незнаејки да ја препознае нејзината мајчинска љубов... Како осумнаесет годишна девојка го дапушта домот за деца без родители и почнува да ја работи единствената работа која ја знае - цвеќарка. Со своето знаење за значењето на секој цвет успева да ја придобие наколонетоста на луѓето... Попатно се сретнува со Грант - внукот на Елизабет, се вљубува во него и раѓа керка Хејзел. Но, повторно нејзиното сомневање во љубовта ја разделува од Грант и Хејзел... Крајот на приказната е прекрасен - Викторија конечно сваќа како треба да прима и пружа љубов, па како среќно семејство живее со Грант, Елизабет и керка си!!!
    Вреди да се прочита „Тајниот јазик на цвеќињата“, многу зборува за љубовта, вербата во себе... Попатно ги открива и тајните на значењето на секој подарен цвет... Тајни кои навистина ќе Ве воодушеват!!!:f: :f: :f:
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.301
    Допаѓања:
    22.590
    Пол:
    Женски
    Фани Хил - Џон Клеланд
    Малку ја завлечкав со читање а интересна книга, еротска приказна за животниот пат на Фани Хил. Книгата на времето била забранета поради својата непристојна содржина.
    Девојката останува без родители и заминува во големиот град да бара работа и да се бори за својот опстанок но секако изманипулирана е и вовлечена во една чудна бранша на луѓе. Во куќата каде што оди да работи ќе свати дека не ја изнајмиле да биде куќна помошничка, туку да ги задоволува страстите и желбите на клиентите. И така натаму итн.... читајте.....
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    13.880
    Пол:
    Женски
    Ловци на глави - Ју Несбе

    Добар крими роман за тие што сакаат вакви книги. Препорачувам.

    Кратка содржина: Роџер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но, ваквата кариера не е доволна за да го финансира неговиот луксузен начин на живот и новата галерија на неговата сопруга.

    Една вечер, на отварање на изложба, тој се запознава со Клас Греве, кој не само што е совршен кандидат за позицијата извршен директор на една компанија, туку е и решение за сите негови финансиски грижи: Греве, навидум случајно, спомнува дека е сопственик на слика од Питер Пол Рубенс од непроценлива вредност, која се води како исчезната уште од времето на Втората светска војна - а Роџер Браун е вплеткан во кражби на уметнички дела. Но, откако ќе провали во станот на Греве, покрај сликата открива и многу други работи. А Клас Греве станува најужасното искуство во животот на Роџер Браун.
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Прстен- Даниела Стил


    Секогаш и секаде, Евреите биле претставени како жртви, Германците како нацисти и одвратни луѓе, без чувства, без милост, без грижа на совест, пред себе или пред Бога. Оваа книга многу јасно ми ја покажа и другата страна од монетата. Во тоа време, не само Евреите биле оние кои пателе, кои трпеле, кои биле измачувани и газени. Германците, исто така, во својата земја, од својата земја биле третирани како ѓубре кое не заслужува да живее. Не сите секако, туку оние од нив кои имале некаква врска со Евреите... и оние од нив кои биле против сето она што се случува, кои сепак сочувствувале, биле сметани за предавници и третирани како такви.

    Приказната овде е сплетена околу маж и жена, тој постар од неа доволно за да може да биде нејзин татко. Сепак, прекумерно ја сака... иако таа има љубовник Евреин. И секако, се знае каде воделе ваквите патишта во тоа време, љубовникот е убиен пред нејзините очи, таа е поштедена бидејќи е Германка... За кратко по него се убива и таа плашејќи се дека од Рајхот ќе дојдат по неа-предавничката, по нејзиниот сопруг, по нејзините две деца...

    Прекрасниот сопруг останува сам со двете деца, во земјата која требаше да му пружи сигурност, а наместо тоа само му ја одзема онаа која ја сакаше безрезервно. Останува во земјата која од него бара да го прати својот син во војна знаејќи дека може да го изгуби... Како што велат во книгата, земјата која е исто како жената што си ја сакал, а потоа станала курва.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.