1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    За Дете 44 од Том Роб Смит е доста пишувано, па еве нешто кратко и јас да пишам.
    Една од подобрите книги кои сум ги прочитала во последно време. Малку ме разочара фактот што романот е базиран на вистинити настани кои за мене претходно беа добро познати, односно за Андреј Чикатило еден од најголемите злосторници на сите времиња. Плус филмот Citizen X го имам гледано повеќе пати и профилот на психопатов ми е многу анализиран. Значи дел од настаните се факти, дел фикција. Не се потврдени биографските податоци дека имал навистина брат кој исчезнал под претпоставка дека го изеле прегладнетите соселани. Но, овој податок авторот добро го искористил и ликот на Лео е полн погодок.
    Како и да е убаво напишан роман, се гледа дека авторот добро ја обработил темата.
    За мене највпечатлив и болно реален е описот на општата живеачка, режимот...стравотии.
    И не може човек, а да не повлечеш паралела - сите режими имаат некои заеднички црти.
     
    На eliesaab, plava.90, Kom.pot и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.570
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик - Гијом Мисо.
    Мажи и жена случајно си ги разменуваат мобилните телефони. Телефоните ги содржат нивните најголеми тајни и маки. После долго време истражување еден за друг, всушност откриваат дека и на двајцата ги мачи иста работа - едно девојче. И двајцата биле поврзани со него, а се обвинуваат за неговата смрт.
    Па на крај испаѓа дека девојчето е живо, киднапирано, сокриено и тие двајца го спасуваат него.
    Меѓу нив веќе родената љубов има среќен крај.
    Значи преубава книга. Неизвесна и неочекувани моменти до самиот крај.
    Заслужено ја сместив во листата на моите омилени книги.
    Секој кој сака да прочита некоја добра книга топло му ја препорачувам ;)
     
    На rainbowec и crazylady им се допаѓа ова.
  3. Модо

    Модо Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Метаморфозис- Кафка
    Значи се си претпоставував за книгата освен тоа што на крај испадна дека е. Расказот метаморфозис ме прогонуваше неколку дена, и мислам дека цел живот ќе ми биде фасцинантен. Три дена сами ми доаѓа цитати ко флеш бекови и си викав лелеее па и ова се случи во расказот.
    И општо, сите раскази од Кафка оставаат метален вкус во устата, како потсетник на релноста која се обидуваме да ја маскираме со одбранбени механизми и свашта.
     
    На eliesaab и fatamorgana123 им се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Страв од најлошото - Линвуд Баркли
    Ми се допадна. Дефинитивно мој тип на книга, криминална, мистериозна, запреплетена. Ја исчитав во еден здив. Се работи за татко кој ја бара својата исчезната ќерка, која не знае дали сама заминала или пак е киндапирана или уште полошо мртва? Предобар заплет на настани, во секој момент се случува нешто непредвидливо, возбудливо. Крајот е потполно неочекуван и мора да признаам дека е дефинитивно една од најдобрите книги кои од овој жанр. Откако ќе ги прочитам и следните 3 книги на список му се враќам на Баркли.
     
    На eliesaab, scorpias, CrazyOne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Oden

    Oden Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Што туку ја прочитав Играта на филозофот - Стив Јовановски - Џулијан кој работи на Универзитетот водејки курс по филозофија ненадејно добива меил со чудна содржина која го вовлекува да ја игра ,,играта,, ....

    Од пред некое време Москва на солзите не им верува - Валентин Черних - Ја опишува борбата на три девојки дојдени од провинција во Моска со надеж за подобар живот.

    Пурпурен хибискус Чамаманда Н. Адичи - Животот на едно петнаесет годишно девојче и нејзиниот брат израснати во духот на традицијата и нивната борбеност и одлучност да се спротистават на нивниот религиозен татко.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Rush Home Road
    Приказната ја следи 5 годишната Шарла која е напуштена од нејзиното семејство и 70 годишната мама Ади која живее во осаменост откако поминала низ многу трагедии во животот. Судбината ги спојува нивните патеки, и тие набрзо сфаќаат колку всушност си се потребни една на друга. Ади ја зема Шарла под своја закрила, ѝ дава топол дом и сигурност. А Шарла ѝ ја враќа насмевката на Ади и секој нов ден го бои во радост.

    Ја читав по препорака на другарка и е прва книга од Лори Лансенс на која наидувам. Малку е бавна за мој вкус, ама периодов ми требаше баш нешто вакво. Имаше некоја топлина во раскажувањето, а ликовите беа убаво обработени и многу допадливи. Сакам такви книги каде добивам желба да ги гушнам ликовите :$

    Ова е една потресна и драма која зборува за болни животни судбини, но истовремено е исполета со убави пораки за храброста и издржливоста кои не треба да не напуштат ни во најтешките мигови.

    Еден од цитатите кој ми остана во сеќавање (и само тој успеав да го најдам, за жал немам навика да ги обележувам):
    “Look at me.” Addy sat down next to Sharla and took her soft face in her old hands. “I know Mrs. Pigot was mean to you, but you gotta find it in your heart to forgive her.”
    “Why?”
    “Because if you don’t, you carry those bad feelings around with you all your life and hate’s like salt in water, Sharla: once it gets in there it’s a hard thing to get out."
     
  7. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Неочекуваниот Гостин-Агата Кристи
    Една маглива вечер угледен бизнисмен се заглавува со својата кола. Барајќи помош од локалното население влегува во една куќа каде затекнува жена која со пиштол во раката седи над мртвото тело на својот сопруг.
    Прва прочитана книга од оваа писателка и убав впечаток ми остави. Книга која се чита во еден здив со најнепредвидливиот крај што ја прави книгата уште поинтересна.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Го сакам Лондон.. вчера ја заврашив многу интересна лесно се чита и некогаш знае добро да ме насмее, и другите делови од серијалот ќе ги читам а денес почнав ''Сопругата на италјанскиот богаташ''.
     
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Вистински верник - Николас Спаркс
    Уште една љубовна приказна од Николас Спаркс... Но, не воодушевувачка, некако премногу „лесно“ напишана, како да сакал авторот само да напише нешто, па не посветил доволно внимание при пишувањето!!! Многу ме потсети на „Љубовните викенд романчиња“ што ги читав како тинејџерка!!!
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Дали ме чекаш? Гијом Мисо
    Прекрасна книга. Ја прочитав во еден здив и додека сеуште сум под импресии решив да напишам коментар.
    Лекар во 60тите години од својот живот, како благодарност за една извршена операција добива на подарок златни пиули кои ќе му овозможат да се врати 30 години назад. Ќе ги искористи со една цел да ја види неа, жената на неговиот живот. Крајот на книгата е целосно неочекуван.
    Топло препорачувам.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Confess - Colleen Hoover
    Колин Хувер секогаш има нешто иновативно во своите книги, па така и во оваа. Тоа што најмногу и ми се допадна во целата книга беше концептот.

    Станува збор за Овен и Auburn (поим немам како би му дошло имево) и нивната љубовна приказна. Овен е уметник, за сликите што ги слика инспирацијата ја добива од анонимни исповеди кои луѓето му ги оставаат во едно прозорче. Исповедите во книгата се вистински, испратени анонимно до авторката. Исто така и сликите се вклучени во книгата што и дава една многу реална димензија на приказната.

    За жал, останатиот дел од книгата ми беше разочарувачки. Од Колин Хувер секогаш очекувам потресна и длабока приказна преполна со емоции, ликови кои се допадливи и одлично изградени.

    Тука не беше таков случајот. Хемијата меѓу главните ликови беше неуверлива, нишката што ги поврзуваше премногу тенка. Женскиот лик на нерви ми одеше, сакав во неколку наврати да и плеснам еден добар шамар. Нејзиното минато не беше како што треба прикажано и не можев сосема да ги разберам нејзините постапки и зошто така реагираше во дадени ситуации. Целиот нејзин лик ми беше крајно фрустрирачки.

    Овен на почетокот исто не ми се допадна, единствена длабочина која ја имаше е неговата уметност. И толку. Не дека и понатаму ми беше нешто посебно, ама барем беше поднослив.

    Приказната имаше дупки и работи кои воопшто немаа никаква смисла и не можев да разберам зашто се случуваа. Само беа нафрлани колку да има некаква содржина и нешто да се случува. Нешто не се ни дообјасни, а да не спомнувам крајот какво клише испадна, како од нискобуџетните трилерчиња.

    Колин Хувер прилично ја утнала работава со книгава, иако сите се излудени и фрчат 5ки на гр, ама веројатно единствената причина е името на авторката, ништо повеќе.
    Од мене има двојче, чисто за концептот, инвентивноста и стилот на пишување, си умее жената со зборовите.

    “I’ll love you forever. Even when I can’t.” My tears fall harder at his words. “And I’ll love you forever. Even when I shouldn’t.”
     
  12. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    @RainBow и мене ептен ме разочара, особено по Можеби некогаш :^)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    The English assain - Daniel Silva. :)
    Фин трилер, убава приказна, добро скоцкана, добра историска поткрепа.
    Главниот лик е буквално суперхерој, супер лик од Израелска разузнавачка служба и воедно реставратор на уметнички дела. Ми се допаѓа концептот на трилер, а сепак крајот е мрачно романтинтичен.Не е чик, и чкљ, баш напротив, многу фино скоцкана комбинација.Уметноста, културата и веродостојните и точни историски податоци ми се допаднаа и покрај тоа што приказната е чиста фикција. :)
    Ми се допадна, и ме остави будна се до последниот збор! (y):angel:
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Sky is Everywhere - Jandy Nelson

    Неколку пати пишувам и бришам бидејќи не можам да најдам начин како најсоодветно да се искажам за книгава. Ова не е книга која има заплет, кулминација, расплет и оние нормалните елементи. Ова е книга која се состои чисто од емоции, од бои, од мисли...

    Лени е тинејџерка кога нејзината постара сестра ненадејно умира. Ете, тоа е содржината. Ама тоа е премалку за да се каже за една ваква книга.
    Лени е страшно добро изграден карактер, толку реална, да помисли човек дека седнала до тебе и ти ја раскажува приказната, ти го отвора нејзиното срце...
    Сите ликови беа одлични, дури и споредните имаа голем удел во приказната.
    Не знам, не можам да напишам нешто повеќе зашто оваа книга се доживува, не се опишува и прераскажува. Жал ми е само што ја немав физичката копија, прочитав по коментарите дека така доживувањата биле уште пооинтензивни.

    Jandy Nelson ми влегува на листата на авторки кои ги пратам и едвај чекам да излезе нешто ново. Стилот и е толку различен, описен, дефинитивно се издвојува од морето YA. Иако I'll Give You The Sun е за нијанса подобра, втора книга и е, веројатно се доусовршила, The Sky is Everywhere не заостанува многу.

    Ова ми е еден од омилените цитати.

    “Grief is a house
    where the chairs
    have forgotten how to hold us
    the mirrors how to reflect us
    the walls how to contain us

    grief is a house that disappears
    each time someone knocks at the door
    or rings the bell
    a house that blows into the air
    at the slightest gust
    that buries itself deep in the ground
    while everyone is sleeping

    grief is a house where no one can protect you
    where the younger sister
    will grow older than the older one
    where the doors
    no longer let you in
    or out”
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо

    Малата Лајла исчезнува еден ден во трговски центар, не оставајќи никаква трага зад себе. Нејзините родители паѓаат во депресија, по што татко и’ одлучува да стане бездомник и да скита по улиците на Њујорк, со цел да го почувствува сртадањето што мисли дека го чувствува ќерка му.
    Но, Лајла се појавува на истото место каде што исчезнала, по точно 5 години. Но каде и со кого била, а и зошто се вратила по 5 години на истото место, останува мистерија..

    Не знам како да ја опишам книгава. Една од најубавите книги што сум ги прочитала, а дефинитивно книгата која ме натера буквално да си ја собирам вилицата од што ми беше падната.
    Некоја феминка беше напишала дека не на следната страница, не можеш да погодиш што ќе се случи во следната реченица. И вистина е, навистина Гијом Мисо раскажува лежерно и смирено, и наеднаш ќе ти тупне некоја информација пред очи, и не можеш неколку секунди да се свестиш од шокот.
    Оваа е една од книгите која сакав да ја завршам, ама не сакав да ја завршам.
    Вчера некако успеав да го оставам вториот епилог за денес. :lol:
    И да, дефинитивно немаше крајот да ми текне и 100 години да мислев.
    Единствената книга за која немав никаква идеја што ќе се случи следно.
    Ја препорачувам топло на сите, немојте да се лажете со насловот, ова не е никаква романтична бљувотинка, туку возбудлив трилер што нема да ве остави да трепнете до самиот крај.
    Гијом, брате... :bow:
    10/10
     
    На eliesaab, Marossa, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Копилето од Истанбул - Елиф Шафак
    Елиф Шафак е една од најчитаните авторки во Турција. И тоа со право - прекрасно напишан роман кој Ве мами што побрзо да ја свртите следната страница!!!
    „Копилето од Истанбул“ е приказна за две семејства, една земја, геноцид и инцест... Ни раскажува за половата нееднаквост, за судирот на традицијата и современиот живот, за геноцидот на Ерменците во далечната 1915 година... Преку приказната за четири генерации жени од едно семејство и нивните роднини во Америка се запознаваме со минатото и сегашноста...
    Прекрасно дело 10/10!!!
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Сопругата на италјанскиот богаташ - Хелен Брукс
    Почнува со обичната девојка Мејзи која има пониска самодоверба поради изгледот и само што се оставиле со свршеникот. Но таа е совршена во очите на италјанскиот богаташ и многу привлечен маж Блејн кој е со скршено срце и излегува само со девојки за една вечер. По пат на случајна средба тие двајцата се заљубуваат...и приказната продолжува во Италија...

    Интересна книга, типична чик литература многу брзо се чита, се на се многу убава 7/10 :)
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.301
    Допаѓања:
    22.590
    Пол:
    Женски
    Исповед од харемот
    Приказната за младата београѓанка која е изманипулирана и однесена далеку од дома. Нејзиниот пат до родниот Белград е голем и тежок. Со години знаев за книгата ама сега и дојде редот. Многу добра, ми се допадна.
     
    На plava.90 и crazylady им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Жена која плаче - Сое Валдес

    Топла препорака да ја прочитате ако ви дојде до рака. Незнам дали ја има на мк. јазик јас на српски ја читав. Станува збор за фаталната љубов на Пикасо и Дора Мар која воедно му е и муза.
    Roman o fatalnoj ljubavi Pabla Pikasa i Dore Mar, o samoći i onima koji imaju veru u umetnost i strast koja nema granice.
    Pritvorila je drvene žaluzine na prozoru, dopustivši kupastom odrazu svetlosti da se poigra na tepihu. Žudela je za tamom svog stana, čeznula je za zvukom pariske tišine; ovde, u gradu vode, do nje je dopirao prigušeni, jedva čujan šum mora, od kojeg je imala utisak da će joj se voda popeti do grla i udaviti je. Opet je spomenula zabranjeno ime: „Pikaso.“
    Ljubavnica, muza i naposletku žrtva velikog umetnika, Dora odlazi na putovanje u Veneciju koje će predstavljati prelomnu tačku u njenom životu. Po povratku u Pariz, povući će se u samoću i zauvek zatvoriti u svoj stan.
    Jedna književnica priprema roman o životu Dore Mar, nadrealistkinje i umetnice koju je krasio veliki talenat, sve dok u njen život nije ušao Pablo Pikaso. Četrdeset godina nakon smrti genija iz Malage, Soe Valdes proniče u dušu žene koja je bila spremna na sve zarad ljubavi, i daruje nam pronicljiv i uzbudljiv roman o strasti koja nema granice.
    Kroz nesvakidašnju pripovest o životu Dore Mar, autorka nas vodi od okruženja pokreta koji je snažno obeležio tridesete godine XX veka, do venecijanskih kanala i ulica u kojima je Dora provela poslednje dane u javnosti. Između prizora Kastrove Kube i pariskog egzila, Soe do tančina opisuje veličanstvene nadrealističke fotografije Dore Mar i slikovito predočava vrline i mane jednog od najvećih genija svih vremena, Pabla Pikasa.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maca.21

    maca.21 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    50 нијанси ослободени- Е.Л.Џејмс
    Трите дела на книгата 50 нијанси се нешто топ. За разлика од филмот книгиве се предобри еротика испреплетена со љубовна романса и исчекување додека ја читаш што ќе се случи понатаму. Книгиве се стварно предобри.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.