1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Hopeless - Colleen Hoover

    Приказната е за Скај, необична девојка која нема мобилен телефон, телевизор, никаква технологија дома.Мајка и од мала ја учела па не одела ни на училиште.Најдобрата другарка Сикс живее веднаш до нејзината куќа и таа ја убедува да се запише на училиште.Но Сикс мора да замине во друго училиште на 6 месеци и ја остава Скај сама.Таа во училиштето се запознава со Брекин, геј кој и станува "the very bestest friend. in the whole wide world".
    Скај била со момчиња но никогаш не почуствувала ништо се додека не го запознава Холдер.Ликот на Холдер ми се допадна, иако се носи со многу болка тој тоа не го покажува.Цело време беше покрај неа и беше силен само за таа да не се распадне, иако и на него му беше подеднакво тешко.Нивната врска е полна со емоции и ми се свиѓаше тоа што постепено се развиваше.
    После 100те страни книгата не се остава, барем јас неможев, стално мислев што ќе се случи.Приказната беше многу непредвидлива, јас сосем друг расплет очекував и признавам дека овој ме изненади.После се што преживеала Скај добро се носеше со се што откри.Приказната беше и тажна и среќна, те остава да размислиш за некои работи во животот.

    “The sky is always beautiful. Even when it's dark or rainy or cloudy, it's still beautiful to look at. It's my favourite thing because I know if I ever get lost or lonely or scared, I just have to look up and it'll be there no matter what...and I know it'll always be beautiful.” - Holder

    "F**k all the firsts, Sky. The only thing that mathers to me with you, are forevers."
     
    На macalavica, sweet-cherry и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари
    Прекрасна, поучна, книга за животот!!!
    Критиката на корицата од книгата со малку зборови опишува што е суштината на „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари“ ... открива изненадувачки сознанија што ќе Ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинското јас и бестрашно да ги живеете своите соништа...
     
    На cresa-jagoda, maca.21, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Снежана мора да умре - Неле Нојхаус

    Многу ми се допадна. За тие кои сакаат трилери, топло ја препорачувам.Ќе заглавите со книгава :)

    Мала рецензија
    Навидум здодевното германско село Алтенхајн е најздодевното место на светот се до 1997 година кога исчезнуваат 2 девојки на 17 годишна возраст. Еден осомничен, а еден куп докази против него. Тобијас Сарториус е осуден на 10 години затвор.
    После 10 години “убиецот” се враќа дома и почнуваат да се откриваат тајни кои засекогаш требало да останат сокриени.
    Оддеднаш селото Алтенхајн е се само не здодевно...

    Те држи во неизвесност цело време. И таман кога ќе претпоставиш што се случило, се случува нешто друго.
    Малку и те замислува книгава. Понекогаш треба да се прочепка подлабоко во приказната, отколку да осудуваме според она што прво ни е на дофат.
    10/10
     
    На rainbowec, eliesaab и crazylady им се допаѓа ова.
  4. maca.21

    maca.21 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Денес ја дочитав книгата Можеби некогаш- Колин Хувер и ми се допадна. Доста интересна приказна за девојката со име Сидни
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Thorn Birds - Colleen McCullough
    Жал ми е што не можев побрзо да ја дочитам книгава, што ми се оддолжи толку. Оваа книга заслужува да се прочита во еден здив.
    Преубаво напишана со богат речник. Ликовите сите до еден, главни, споредни, изградени до перфекција.
    Морам да го издвојам Ралф, целиот живот во битка со самиот себеси, раскинат на два дела, половичен човек. Ужасно е да ти фали еден дел од тебе, никогаш да не бидеш комплетен.
    Приказна која опфаќа три генерации, години и години, апсолутно уживање,
    Толку многу чувства и сензации, од целосна среќа до најголема болка, од почеток до уништување, од љубов до омраза...
    Можев да почувствувам каков бил животот во едно старо време, во една далечна земја. Затоа ги сакам книгите, затоа што те носат низ времето и просторот, без граници.

    Во главно книгата се врти околу Меги и Ралф. Ралф е свештеник кој ја запознава Меги кога е уште малечко девојче. А тој веќе маж. Меги пораснува со него, станува жена и нивната приврзаност неизбежно се менува...

    Ралф поминува низ многу внатрешни борби, низ многу дилеми, дали да се биде маж во вистинската смисла на зборот, или свештеник, целосно предаден на Бога?

    "Are we all the same, we priests , yearning to be God? We abjure the one act which irrefutably proves us men."

    "I can't repent of what I had with her in that way..." "To repent of Maggie would be to murder her"

    “There is a legend about a bird which sings just once in its life, more sweetly than any other creature on the face of the earth. From the moment it leaves the nest it searches for a thorn tree, and does not rest until it has found one. Then, singing among the savage branches, it impales itself upon the longest, sharpest spine. And, dying, it rises above its own agony to outcarol the lark and the nightingale. One superlative song, existence the price. But the whole world stills to listen, and God in His heaven smiles. For the best is only bought at the cost of great pain… Or so says the legend.”

    “When we press the thorn to our chest we know, we understand, and still we do it.”

    “We're working-class people, which means we don't get rich or have maids. Be content with what you are and what you have.” Тоа е тоа размислување на времето, помири се со судбината и седи си мирно...

    Има преубави мисли во книгава за животот, за Господ, за љубовта меѓу луѓето и за љубовта кон Господ...
    5/5. Книга која ја ставам на истата полица со Gone with the Wind.
     
    На sia.bella, Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    1.Најубавата жена во градот-Буковски
    Збирка раскази поврзани за теми како што се очајанието и осаменоста, бесмислените работи кои сме принудени да ги работиме, сексуалните перверзии и потребата за вистинска поврзаност и блискост со луѓето во длабоко нарушениот свет, во кој сме се поодалечени едни од други.
    2. Безнадежно- Колин Хувер
    Приказна навидум безнадежна средба помеѓу дваица млади луѓе која ќе ве остави без здив и ќе ве врати во времето на вашата прва љубов. Понекогаш осознавањето на вистината може да ве натера да се чувствувате побезнадежно отколку да продолжите да им верувате на лагите...лесен интетесен трилер
     
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Мудроста на западот - Бертранд Расел

    Книгава е испреплетена со претставници од филозофијата, математиката, просветителството, романтизмот..Ги опфаќа нивните начини на размислување, периодот во кои твореле и поттикнува на размислување.Вреди да се прочита, а притоа изобилува и со слики, графикони..
    10/10

    Дениција - Петре М. Андреевски


    Повторно ја препрочитав, а колку и да се трудам не можам ни делче да издвојам како омилено.
    Во секој случај, уникат ми е човекот. :bow:
    10/10

     
    На bella96, kjukli и crazylady им се допаѓа ова.
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано
    Започнува интригантно, 7годишната Аличе паѓа на скијање и си ја крши потколеничната коска. Оттогаш го замразува својот татко и ја следи баксуз. Додека пак Матија има 8години и ментално болна сестра близначка. Кога се поканети на првата роденденска забава, тој ја остава сестра му во паркот, но кога се враќа неа ја нема и не ја наоѓаат никогаш. Овие два настана потполно ги одбележуваат умовите на Аличе и Матија. Тие ќе ги вкрстат своите патишта и ќе создадат блискост. Емотивна приказна за која искрено после добриот почеток очекував и уште подобра кулминација и расплет, но никогаш не ми го достигна врвот. Многу монотона и се изгубив во некои редови кои беа испишани за некои математички проблеми. Ми се допаѓаше делот каде се опишуваат миговите на Аличе додека фотографира. Едноставно не е my cup of tea, ја дочитав бидејќи мразам да оставам недовршени работи, но и се надевав дека нешто ќе се смени. Од мене 6/10
    Шолја чај - Ејми Ефрон
    Убаво, лесно читиво со неочекуван и неверојатен крај кој навистина замислува. 180 страници исполнети со едноставен стил на пишување, необични ликови, извонредно прикажани детали. Станува збор за девојка родена под среќна ѕведа, која наоѓа љубов во личност која цел живот се бори и основа сопствен бизнис. Но еден дождлив ден и една средба ќе и го смени целиот живот. Дејството се случува во Њујорк во времето на Првата Светска Војна. Книга која топло ја препорачувам на сите оние кои уживаат да го поминуваат неделното попладне со добра книга во рака, каква што е и оваа. 10/10 (y)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга ми беше Рингишпил-Јелена Бачиќ.
    Нема да напишам рецензија бидејќи скоро на сите ви е позната. Ќе напишам само една мала критика за книгата.

    Убава и лесна книга, се чита во еден здив. Не ми остави некој баш голем впечаток, се' ми беше како некој добро изрежисиран филм. :lol:
    Ликовите и беа добро опишани, се внесуваш во книгата.
    Мислам дека книгата имаше некој непотребни работи и на моменти ми беше досадна ама решив да ја довршам.
    Не кубев коси, не плачев. (добро можеби малку) Многу се потресуваа по книгата демек најтажната што ја прочитале бла бла. НЕ.
    Не ја хејтам книгата, баш напротив, ми се допадна. Лесна, викенд книга. :)
     
    На crazylady и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2015-4-9_11-14-30.jpeg 3.6/5
    Devojka od edna bogara familija trga na pat vo Anglija. Tamu go zapoznava Ivo Duchess i se zaljubuva vo nego (taka od cista mira).
    Malku spletki so svekrvata ( sto bi opisala kako poveke malograganski otkolku nalik na statutot) i negovata bivsa........
    Dejstviata se dosta bavni.
    Se na se kniga od 460st. bi mozela da se napise vo 250st.
    Vo toj slucaj jas so sigurnost nemase da ja citam.:!:
    Poslednite 50st. ja napravija knigata pointeresna.
    Ocekuvav istoriska no ova e poveke romansa.
    Za onie koj sakaat romansi, bujrum, dobra e.

    Obicno ne davam sansi na knigi koj na GR imaat reiting pod 4, ama ete nekogas ima i ostapka.
    3.6/5 e moj rejtin. I tuka mislam deka bev mnogu darezliva.
     
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Ќерката на Сиена - Марина Фиорато
    Италија 18 век, Сиена, трките со коњи „Палио“, заговори, интриги, љубов... Една млада жена, еден коњаник, една вдовица од познатото семејство Медичи... И многу ликови желни за власт...
    Прекрасно напишана приказна која ќе Ве мами што побрзо да ја свртите следната страница!!!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    A Man Called Ove

    Книгава ја раскажува приказната на Ove - средовечен човек кој живее по своите принципи, има строго утврдени рутини кои не сака да ги менува, тивок е и никогаш не дава комплименти, секогаш е во право, а соседите го сметаат за намќор. Но, сето тоа е само една фасада позади која се крие голема тага. А неговиот живот се менува кога во соседството се доселува едно весело семејство.

    Во текот на читањето неколку пати сменив мислење за книгава. Прво имав високи очекувања заради оценките и позитивните коментари на goodreads, почетокот некако ми делуваше бавен и неинтересен, па потоа некако почнав да се приврзувам за ликот на Ove и да го чувствувам за поблизок, на моменти ми беше малку досадна затоа што се повторуваа некои работи, на моменти искрено ме насмеа на глас, за на крајот да ме расплаче.

    Ove е лик кој е обработен до срж. На почетокот ми беше одбивен, ама како што течеше приказната, така сè повеќе го разбирав. И ми стана мил. Ме освои со неговата топла душа која вешто ја криеше позади надворешната крутост. Некои делови ме допреа толку многу, што си пуштив некоја солза. А откако ја дочитав, си размислував за некои од убавите цитати што ми останаа во глава. Ќе издвојам само дел од нив:

    „Loving someone is like moving into a house. At first you fall in love with all the new things, amazed every morning that all this belongs to you, as if fearing that someone would suddenly come rushing in through the door to explain that a terrible mistake had been made, you weren't actually supposed to live in a wonderful place like this. Then over the years the walls become weathered, the wood splinters here and there, and you start to love that house not so much because of all its perfections, but rather for its imperpections. You get to know all the nooks and crannies. How to avoid getting the key caught in the lock when it's cold outside. Which of the floorboards flex slightly when one steps on them or exactly how to open the wardrobe doors without them creaking. These are the little secrets that make it your home.“

    „Death is a strange thing. People live their whole lives as if it does not exist, and yet it’s often one of the great motivations for living. Some of us, in time, become so conscious of it that we live harder, more obstinately, with more fury. Some need its constant presence to even be aware of its antithesis. Others become so preoccupied with it that they go into the waiting room long before it has announced its arrival. We fear it, yet most of us fear more than anything that it may take someone other than ourselves. For the greatest fear of death is always that it will pass us by. And leave us there alone.“

    „People said Ove saw the world in black and white. But she was color. All the color he had.“

    Да бидам искрена, неколку пати помислив да ја оставам. Ама ете, имаше нешто што ме натера да продолжам да ја читам. А сметајте дека не ми е толку тешко да оставам книга ако не ми се допаѓа.
    Оваа планирам уште еднаш да ја прочитам, чисто заради отсуството на внимание што го имав на почетокот кога не ми делуваше дека ветува добра приказна.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Orphan Train - Christina Baker Kline

    Стилот на пишување беше ужасен. Многу грешки некако, реченици кои немаа смисла...

    Две приказни, едната во минатото, од 1929 г., другата во 2011. Двете приказни ги спојуваше многу тенка нишка. Беа исто напишани, човек да не може да направи разлика за што чита, дали за минатото или за сегашноста. Приказната која се одвиваше во минатото беше страшно растегната во првите години, а пребрзо завршена во подоцнежните.

    Многу нелогични работи, воопшто не ми се допадна една одлука на главниот лик Вивиен, чија приказна беше раскажана од детството. Не соодветствуваше одлуката на ликот, не можам да поверувам дека би направила такво нешто. Како да беше напишано само за да се случува нешто понатаму.
    Прилично лоша книга, не знам зашто таков рејтинг на гр. Основата на самата приказна, возовите кои разнесувале сирачиња, е доста фасцинантна сама по себе, жално е што е толку лошо пренесена во книгава.
    Само една мисла ми се допадна на почетокот и тоа беше тоа.

    "I've come to think that's what heaven is - a place in the memory of others where our best selves live on."
    А и ова некако не ми се допаѓа како е напишано, ама добра е суштината на мислата.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    My Heart and Other Black Holes - Jasmine Warga

    Емоционално тешка книга.

    Двајца тинејџери склопуваат самоубиствен пакт, секој со своите причини.

    Иако морам да кажам дека ни двајцата не ги оправдувам. Не можеа да смислат посебично нешто. Двајцата да се решат од своите проблеми, не мислејќи притоа какво влијание ќе има таквата постапка на другите, кои веќе и така пателе доволно. (Иако во толку прочитани книги веќе ми е јасно дека депресивните и суицидалните не мислат подалеку од тоа само да избегаат од пеколот во кој живеат)
    Многу прашања поставува книгава, отвора теми за дискусија и размислување. Можам само да кажам свое непрофесионално мислење, плус и не познавам некој кој пати од депресија. Или преживеал нешто слично на настаните од книгата.

    Азел ми се допадна како лик, претставена премногу човечно, верувам дека многумина што се наоѓаат во слична ситуација можат да се поврзат со неа. Дури и да не е така лесно може човек да навлезе во нејзината психа.
    Ми фалеше еден дел, еден настан кој требаше да се случи за да се објасни ситуацијата на Азел целосно, но за жал беше испуштен, што ми е голем минус. Исто и мистериите можеше малку подобро да бидат разработени.

    Стилот беше солиден, можеби очекував повеќе во тој поглед, нешто налик на I'll give you the Sun, но сепак, не ме разочара. Иако е доста мрачна содржината, олеснета е со малку хумор кој е добро исткаен во приказната.

    Има 3,5/5 од мене.

    “Sometimes I wonder if my heart is like a black hole--it's so dense that there's no room for light, but that doesn't mean it can't still suck me in.”

    “Anyone who has actually been that sad can tell you that there's nothing beautiful or literary or mysterious about depression.”

    “You know, Zellie, there are enough broken things in the world. You shouldn't go around breaking things just for the fun of it.”
     
  15. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо 10/10, почнав со книгите на Мисо, па за почеток оваа. Ми остави огромен впечаток, се сомневам дека може да ја надмине, некако ми беше кратка, сакав уште :wasntme:. Неизвесна до самиот крај а крајот едноставно ве остава со подзината уста. Ми се допадна стилот и едвај чекам да прочитам се од авторов.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Ајнштајновата девојка - Филип Сингтон

    У Новом Саду, крајем јануара или почетком фебруара 1902. Милева је родила кћерку Лизерл. У својој 27. години, са незавршеним факултетом и ванбрачним дететом, почела је да се осећа као срамота за породицу. У међувремену, Алберт је у добио посао у патентном заводу у Берну. Алберт и Милева су се венчали у Берну 6 јануара 1903. Неко време пре венчања Лизерл је оболела од шарлаха. Није познато да ли је умрла или је дата на усвајање. Када се Милева придружила Алберту у Берну, дете није било са њом.
    Приказна за керќата на генијот на 20 век Алберт Ајнштајн и неговата прва жена Милева Мариќ. Елизабет или Лизерл била родена пред да се венчаат нејзините родители, што во тоа време било „голем срам“ за семејството... Под претпоставка дека го преживеала шарлахот и е дадена на посвојување, авторот ја гради приказната за нејзиниот живот.
    Лизерл, братот Едвард , докторот Мартин Кирш, психијатриски клиники, првите години од нацистичка Германија и генијалецот Ајнштајн, се само дел од испреплетената приказна на овој интересен трилер!!!
    Не постојат податоци што точно се случило со Лизерл, керката на Ајнштајн и Милева!!!
     
    Последна измена: 22 април 2015
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    1. White Gardenia - Belinda Alexandra[​IMG]

    Една емотивна и потресна драма во која е прикажана разделбата на една ќерка од својата мајка, за време на Вторта светска војна, и долгото патување години подоцна до нивна повторна средба. Во целата приказна е одлично прикажана нераскинливата врска на релација мајка - ќерка, без оглед на се, прикажана е љубовта, силата, предавството во еден бурен историски период, но најголем акцент е ставен на копнежот и надежта во потрагата по најсветото нешто. Книга која изобилува со многу историски детали за кои воопшто не знаев, одличен стил на пишување, добро осмислени ликови. 4/5

    2. The Girl On The Train - Paula Hawkins
    [​IMG]
    Прелоша копија на Gone Girl, се чудам на успехот кој го доживеа книгава. Идејата можеби добра, но не вреди кога реализација е еднаква на нула. Почетокот да кажам беше ветувачки, ме заинтигира... Но, потоа се беше апсолутно предвидливо, патетично, депресивно што одвај ја дочитав. Еден нормален лик немаше во книгата, мислам дека во тоа ми беше најголемиот проблем. 1/5

    3. Central Park - Guillaume Musso
    [​IMG]
    Втора книга што ја читам од Мисо, после Затоа што те љубам и морам да признаам одличен избор беше книгава, ми ги надмина очекувањата. Прекрасни цитати на почетокот на секое поглавје, динамичен плот, елементи на фантазија кои ја прават целата приказна интересна, напната и непредвидлива, но се во доволна мера, без претерување и без да изгледа нереално и бајковито. Солиден психолошки трилер, со одличен крај. Препорачувам! 5/5
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Девојката од хартија - Гијом Мисо

    Долго време немав читано нешто на македонски, па овојпат се решив за Девојката од хартија. Ова е втора книга од Мисо која ја читам. Прва негова книга што ми падна во раце беше Затоа што те љубам и ја читав далечната 2009та. Како низ магла се сеќавам на настаните, ама ми текнува дека ја читав на плажа и изгорев заради неа :D Толку ми беше интересна, што се подзаборавив на сонцето :)

    Што се однесува до Девојката од хартија, уште кога го прочитав насловот имав некаква идеја во глава. Мислам дека не ја доживеав како повеќето што ја читале, бидејќи пред да ја читам го имав изгледано филмот Ruby Sparks. Настаните се слични, мене дури во филмот приказната ми е поинтересна, а пораката посилна. Како што ја читав книгата, така ја споредував со филмот, па мислам дека тоа ми ги расипа импресиите.

    Девојката од хартија
    ја раскажува приказната за светски познатиот писател Том Бојд, кој поради љубовна болка запаѓа во деспресија и престанува да пишува. Откако нема да успее да стави крај на животот предозирајќи се со апчиња, Том се буди во својата вила во Малибу каде го чека Били - женски лик од неговиот популарен роман. Од тој момент целиот негов живот се менува.

    Книгата брзо се чита, страниците летаат една по друга, нема досадни моменти, ниту застој во приказната. Малку преводот ми бодеше очи на моменти, имаше грешки кои прво ме нервираа, ама после почнав да ги игнорирам. Можеби крајот би го променила, некако имав чувство дека Мисо се исплашил од целата фантазија во книгата, па решил така да ја заврши. И малку изгубив трпение во последните глави, цело време си викав ајде нека се разреши приказната, ама наместо тоа добив еден куп нови ликови :D
    Во секој случај, интересна книга. Јас случајно ги одбрав првите најчитани и најпофалени книги на Мисо, па сега страв ми е да почнам некоја друга од него, за да не се разочарам. Врати ми се ја имам на полица, ама ќе ја оставам за понатаму :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Девојката која си играше со оган - Стиг Ларсон
    Нема да дадам оцена на книгава, затоа што мислам дека книгиве се преголеми за каква и да било оценка! Како и првиот дел, книгава е ремек дело! Ремек дело на криминилистиката и на литературата воопшто според мене! Едвај чекав да продолжам со трилогијава и едвај ја најдов книгата. Ме израдува што приказната се заврте накај Лизбет, нејзиниот живот и минато. Првиот дел ме разочара во таа смисла, но мислам дека во овој имаше доволно информации за една целосна слика на Лизбет. Конечно ми се разјасни мистеријата и ми се исчисти облакот магла што го чувствував околу Лизбет во првиот дел. Единствено не ми се поклопуваше е дека
    излезе од гробот сосема жива со три куршуми во телото од кои едниот во главата. Едноставно - it doesn't add up.
    Но сепак, тој мал детал не ми го расипа впечатокот. Како и во првиот дел, многу детали, многу копање, многу возбуда.. (како беа опишани само мртвите тела :worried: не го читајте тој дел во 12.00 вечерта :!:). Инаку за убиецот
    Знаев дека русокосиот џин е убиецот, некако премногу внимание му обрати на почетокот, но исто така мислев дека тој е Зала - каква грешка. А двете главни случки дека тие двајца се најблиското семејство на Лизбет :tmi:
    Како и да е знам дека нардниот дел ќе биде уште повозбудлив и не знам како ќе се разделам од книгиве и од Микаел :inlove: . Филмовите не знам дали да ги гледам се плашам дека ќе ми ја расипат целата слика што сум ја добила од книгите, но ќе размислам
     
    На pushmetotheedge, Marossa и Elena69221 им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Ејми ја нема- Џилијан Флин (Gone girl- Gillian Flynn)
    [​IMG]
    Книгата дефинитвно не е од мојот тип на книги кои преферирам да ги читам. Се крена голема прашина пред извесен преиод за книгава, и се уште се крева, и искрено се плашев да не испадне нешто како 50 Shades Of Grey. Но бидејќи ја имаше во мини библиотеката на една моја роднина, решив да ја прифатам понудата да ја земам и да ја прочитам.
    На почетокот книгата ми беше разочарувачка, најискрено. Стилот на пишување пак и не е нешто посебно. Сум читала и книги со подобра содржина. Се опишуваат случки, беше досадно и монотоно. Тоа траеше се до 150-те страници, односно додека не започнува второто поглавје во книгата. И тогаш... Бум. Се случува заплетот на приказната. А малку понатаму и главниот пресврт. Книгата дефинитивно ме крена во облаци и ме тресна од земја.
    Ниту во еден миг не можеш да предпоставиш што ќе се случи, затоа што испаѓа обратното. Спој на мала доза криминал, психопатија, манипулација, претопена во трилер.
    Од една страна и се восхитувам на Ејми. На нејзината остроумност, интелегенција, начинот на размислувње, донесувањето на логички заклучоци. Скоро се. Но во исто време во тебе побудува и чуство на гадење и одвртност. Да размислуваш за тоа до кои крајности се можат да одат луѓето.
    Ник како лик воопшто не ми се допадна. Неодлучен, незаинтересиран, без свое јас. Се однесува како „мува да не го лази" за тоа што се случува околу него. Се додека тој самиот не е загрозен.
    Дефинитивно ја препорачувам. Ама сепак имаше нешто што ми фалеше во целата приказна за да биде совршена. Од мене 9/10.
     
    На plava.90, Marossa, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.