1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Before I go - Colleen Oakley

    Книгава не ми се допадна воопшто. Сакав да ја оставам на половина, ама е мала по обем и брзо се чита.
    Не знам од кај да почнам да ги набројувам проблемите во книгава.

    Прво, раскажувањето ми беше досадно, забегуваше во непотребни детали авторката.

    Второ, самата приказна не ми се допадна. Книгава е маскирана како книга за борбата со рак, ама всушност е уште една недобро испечена приказна за врската помеѓу главните ликови кои единствено имаат проблем со комуникација.

    Главниот лик, Дејзи, ми беше апсолутно нереален,
    ќе умре за некој месец, наместо да ги проживее деновите како што сака, да имаат некоја смисла, она се замараше со тотално непотребни и безвезни работи. Го оттргна мажот и од себеси, смисли некакво крајно глупаво сценарио, нешто што тинејџерка би го направила, а не зрела жена, која притоа е со едната нога во гроб. Плус, му бара жена. Мислам, сериозно? Како демек он ќе почне сега да се гледа со други, додека жена му умира.

    Трето, он е опишан како да е дете, тотално неспособен да се грижи за себе.
    Она умира, он си оди нормално на работа, си продолжува со студии, си остава чорапи кај ќе стигне. Чекај бре, умира жена ти, ало, и треба малку внимание,.
    Има многу подобри книги кои ја разработуваат истата тематика, но се многу подобро напишани и со ликови со кои може човек да се поврзе.

    Книгава е ужасна, не ме ни трогна воопшто, а очекував реки и мориња.

    Знам дека и @AnaKarenina ја чита, па баш ме интересира впечатокот. Иако речиси сите мислења за книгава се позитивни. Што е нормално на некое ниво зашто се работи за толку сензитивна тема. Ама веројатно ако ја читаш без никаков скептицизам и се препуштиш без многу мозгање. Може затоа е и чик лит.
    Ставив некои работи во спојлер, иако книгава на сајтот на сакамкниги е раскажана речиси од А до Ш.
     
    На AnaKarenina и do-re-mi им се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Remember me - Sophie Kinsela - Интересна и духовита книга.Софи е закон дефинитивно
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Ова го напишав пред некој ден кога земав да ја читам Хипнотизер... Пред два дена ја прочитав и точно е дека книгата е неизвесна до самиот крај, дека неможете да престанете да ги вртите страниците, дека ќе Ве остави без сон... Но, има делови каде што нешто „недострасува“ за да биде за чиста 10-ка... Затоа од мене 8/10!!!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    That Girl from Nowhere - Dorothy Koomson

    Тотално разочарувачка книга. И претходната, The Flavours of Love, ме разочара, ама се надевав дека со оваа ќе си го врати стариот сјај Дороти Кумсон. Кога и станаа книгите толку развлечени, досадни, монотони и предвидливи? И со толку ужасни и антипатични ликови?
    Смити има 37 години. Да не беше ова кажано ќе мислев дека читам книга за некоја тинејџерка што се пронаоѓа себеси, а не за зрела жена. Цело време ме нервираше, со сите нејзини непромислени избори. Крајно одвратен лик.
    Го остави маж и, си замина без збор за тотална глупост. Бракот го третираше како да е ништо, како да не поминала 20 години со човекот. Па и отиде запозна друг маж и спиеше со него. Без да ја разреши врската со маж и. Колку себично и детски е тоа? Тој уште и прости, ја чекаше.

    Ненси и е вечна непријателка, заедно се пораснати, ама Ненси постојано и го загорчуваше животот. Таа беше виновна за тоа што Смити го остави маж и. Ненси пробала да го заведе, овој не се дал, ама кога Смити го праша дали нешто се случило он и преќуте. И ради тоа што не и кажа ништо она го остави. Иако знаеше дека Ненси пробала, ама не успеала во намерите.
    И кога се преселува со мајка и, Ненси доаѓа и и се тупнува да живее со неа. И СМити и дозволува! Го остави маж и, ама оваа ороспијава ја остави да живее со неа.
    Куп глупости развлечени до немајкаде.
    Уште една ваква книга од Дороти Кумсон и ќе се откажам од неа.
     
  5. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што не ти направила мерак книгата, мислев дека ќе ти се свиѓа според оцените на други слични книги што ги имаш прочитано :) Дејствијата се тие, кратката содржина ја има на самата задна корица, бидејќи она што е најтешко во книгава - според мене и според други читатели колку што можев да прочитав - се емоциите.

    Мене страшно ме погоди, можеби дополнително затоа што моментално во семејството имам слична „несреќа“, и на делови се чувствував како да сум Дејзи и како се’ ова да ми се случува мене. Тоа што го прави за него, воопшто не го сфаќам како незрела глупост, туку како несебична љубов, ја става неговата среќа пред својата. И не е дека очекува тој да се гледа со други жени додека е жива, туку само сака да знае дека ќе има некоја за кога неа ќе ја нема. Имаше сцени:
    кога го гледа од прозорот како седи во кола; тој надвор сам-таа внатре сама, кога се враќа дома одма после операцијата со џалмата на глава, кога разговара со Кејлеи во погребалното, кога ѝ кажува на мајка ѝ по телефон дека болеста е вратена
    ... што ме потресоа толку многу, да плачам и за време на самото преведување.

    Кога ѝ кажува на мајка ѝ дека болеста е вратена:

    „Па најпосле престанувам да зборувам и само цврсто го стегам телефонот, ковчињата на моите прсти побелуваат и болат, додека чекам.

    И чекам.

    И уште чекам.

    Мајка ми да престане да плаче.“

    Кога ја слуша колата надвор и сфаќа дека Џек не сака да влезе дома:

    „Престанувам да се смеам кога ја здогледувам неговата кола паркирана на тротоарот пред нашата куќа. На само десетина метри од мене, Џек седи на возачкото седиште во неговиот Форд Експлорер. Прво си помислувам дека веројатно разговара на телефон, се расправа со некој итен случај во клиниката. Но нежната светлина на уличните ламби ми покажува дека нема телефон. Раката не му е залепена за увото. Тој само седи. Зјапа право пред себе во темната ноќ, а страничната светлина се рефлектира во неговите рожници. И јас сум вџашена, не само од неговата неподвижност, туку и од тоа колку уморно изгледа. Не, не уморно - тој секогаш е исцрпен по тежок ден на работа. Тој изгледа... поразено.

    И одеднаш ми текнува, за првпат, дека можеби ни Џек не сака да биде дома исто како што јас не сакав тој да биде тука порано вечерва кога паркирав пред куќата. Па и покрај тоа што не можам да го обвинам, оваа информација сепак ме навредува. Јас умирам! Зар не треба да сака да биде со мене?

    Длабоко вдишувам и се убедувам себеси да бидам смирена и разумна. Јас сум онаа која го оттурнува веќе некое време - и логично е тоа да го натера да се повлече, нели? Не можам да очекувам од него да продолжи да се труди, како некоја џукела на улица која упорно следи дете без разлика колкупати ќе ја клоцне и ќе ѝ нареди да се изгуби. И зар ова не треба да ме усреќи? Ова што Џек се подготвува, иако не чита некоја глупава книга.

    Да, треба. Па затоа не можам да објаснам зошто, во текот на следните дваесет минути, јас тивко стојам покрај прозорецот и во себе го молам да влезе внатре и да ја отстрани далечината меѓу нас.“

    Добро, секако се вкусови во прашање... Јас ете бев убедена дека книгава ќе ја допре секоја жена :)
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Господар на играта - Сидни Шелдон

    Уште еднаш по којзнае кој пат Шелдон ме остави без сон.
    Прекрасна книга, нема да може да ја пуштите од раце.
    Впрочем зарем постои книга од Шелдон што може да ве разочара

    Романот следи неколу генерации на семејството, сите со посебни карактеристики и план за моќ и превласт. Препознатливо за Шелдон во центарот на приказната ја сместува бескруполозната Кејт Блеквел.

    Одлучна и моќна, таа е подготвена да направи сè за компанијата на нејзиниот татко опстои, но дали нејзините потомци се подготвени на истото, е прашањето кое Кејт Блеквел се обидува да го разреши
    ...
     
    Последна измена: 1 мај 2015
    На eliesaab и plava.90 им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    @I <3 Books не знам, не е некако до вкусовите, јас читам вакви книги, значи се по мој вкус, работата е повеќе до самата книга, стилот на пишување и самите ликови едноставно немаа таков ефект врз мене и тоа е тоа. Патем, навистина ми е жал за случајот во твоето семејство:(, но се надевам дека ќе заврши посреќно.

    Simon vs The Homosapiens Agenda - Becky Albertalli

    Интересно книжуле, како и што очекував. Топло напишана приказна за Сајмон и неговото "излегување" пред неговите родители и пријателите. Средношколски случки, љубовни маки... Баш нешто полесно како што ми требаше.
     
  8. pink13

    pink13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Кога дува северецот- Даниел Глатауер

    Еми Ротнер се обидува да ја откаже претплатата за списанието Лајк, но, поради грешка од една буква, нејзините мејлови завршуваат во електронското сандаче на Лео Лајке. Бидејќи тоа се повторува, Лео и' обрнува внимание на грешката. Така започнува необична преписка каква што може да се води до поставувањето на неизбежното прашање: дали пратените, примените и зачуваните љубовни чувства ќе успеат да ја преживеат нивната средба во реалниот свет? И што ќе се случи ако одговорот биде потврден?

    На почетокот па се до крајот со еден збор книгата е прекрасна. Како што и на корицата вели Велт,, Само читаш, читаш и не престануваш да читаш", тоа е навистина така. Но
    последното поглавје ме разочара. Очекував дека на крајот ќе бидат заедно, но откако се вмеша сопругот на Еми, се стана поинаку. Како што кажав во последното поглавје мислев дека без разлика на се' тие ќе се сретнат, но за жал не.
     
  9. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    781_54_15_15__17__11_201410325243_817012698337409_3268112401795137011_n.jpg

    Мала книга, а голема содржина. Почнува навидум како секоја обична љубовна приказна.
    Џудит и Ханес се среќаваат во супермаркет и од тогаш почнуваат нивните патишта да се прекрстуваат. Таа, воодушевена од човекот со љубезна насмевка и добри манири, кој воедно е успешен архитект, полека го внесува во својот живот,но сеуште несигурна дали е тој човекот на нејзиниот живот. Всушност тој незабележително почнува да влегува во нејзиниот живот. Секогаш е чекор пред неа во освојување на симпатиите и придобивање на нејзините блиски, роднини, пријатели. Таквата опсесивна љубов, начин на форсирање на љубовта, преминува во психопатско однесување кое на Џудит и смета и таа решава да стави крај на врската. Но тогаш почнуваат нејзините ноќни мори, страв од неговото однесување, параноја, за да заврши во некоја блага форма на шизофренија. Тогаш сфаќа дека всушност таа е болна, а не Ханес, а уште повеќе е убедена од нејзините роднини и пријатели дека нема потреба од паника, Ханес се помирил со разделбата и продолжил понатаму. Но дали е се' така? Дали навистина сите случувања се измислица на нејзиниот болен ум или реално има причина за страв?

    Книгава ја почнав пред месец дена и после 10-тина страни ја оставив, но бидејќи немам обичај да оставам недочитана книга колку и да е лоша, пак се вратив на неа. Ми се смени првиот впечаток за неа, не можам да речам дека е одлична, но е сосема добра. Иако додека читав имав впечаток дека многу брзо се одвиваат настаните и со таква содржина би можело да се напише многу поголема книга од нејзините 170 стр.
     
  10. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Убиство во Месопотамија
    Не очекував толку брзо да ја завршам книгава, но мислам дека не е до мене, книгата брзо заврши. Додека почна да се случува главниот заплет всушност само што почна да се заплеткува- Бум! Расплет. Некако се беше на брзина. Иако ми се допадна стилот на Агата, не ми се допадна како ја заврши книгата. Се беше наредено, се имаше смисла, како и во повеќето вакви книги се мислам зошто ли не ми текна, (лоша сум во откривање убијци пред време :$)но мислев дека ќе се открие со возбуда, со нетрпеливост, а не со здодевен монолог. Сепак, крајот на страна, целата приказна беше супер, ми се допадна психолошката страна. 8/10
     
  11. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Фатен на дело – Харлан Кобен

    “Фатен на дело” е позната телевизиска емисија која намамува педофили и истите ги затвараат. Ден Мерсер е последната жртва на новинарката Венди Тајнс. Но поради недостаток на докази Ден е ослободен од затвор, а брзо потоа исчезнува 17 годишната Хејли Маквејд. Мерсер е повторно во центарот на вниманието, но еден родител решава да го преземе законот во свои раце и го убива Мерсер.

    Но на местото на злосторството тело нема.

    Кога Венди почнува да истражува наидува на премногу коинциденции кои ја наведуваат да мисли дека цело време го имаат погрешниот човек.


    .
    Ми се допадна многу. Убава содржина има книгава, брзо се чита и те тера да се замислиш за некои работи. Дали треба да се прости или да се осуди? Да се верува на интуицијата или на доказите. Дали да му помогнеш на некој или да го уништиш?
    Топло препорачувам
    10/10
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да напишам некој збор за Before I go од Colleen Oakley :)

    Книгава за прв пат ја видов на киндлот и ме привлече кратката содржина, а потоа уште неколку пати ја сретнав на листа со предлози. После прочитаните позитивни коментари и високите оценки, си реков дека морам да ја прочитам.

    Before I Go ја раскажува приказната за младата Дејзи која доживува катастрофален удар - 3 години по успешното лекување од рак, таа дознава дека повторно ја чека истата битка. Но, овојпат е поразена уште од самиот старт. Лекарите прогнозираат дека ѝ преостануваат уште само 4 месеци од животот.

    Кога го прочитав коментарот на Реин во темава, си помислив: Ех, еве уште една книга за која не се согласуваме со неа. Зашто обично сме на иста фрекфенција :)
    Арно ама, тогаш уште бев во првата третина на книгата која ветуваше многу. Стартот беше добар, ми се допадна почетокот на приказната, некако се поврзав со трагичната судбина на Дејзи, особено затоа што како што се вели и во самата книга: Everybody knows somebody with cancer.
    Кога стигнав некаде до втората третина, настаните некако ми ја извртеа целата перцепција. Мислев дека поинаку ќе ја доживеам приказната, ама јас на моменти бев толку бесна на Дејзи, што сакав да ја грабнам и да ѝ речам: Аман жено, што правиш?! :fubar: Работава беше: Sometimes I want to slap some of the characters with their own book!! Се обидував да ги оправдам нејзините постапки преку нејзината несебичност, ама толку ми беше сето тоа недозреано и детски, што стварно ми доаѓаше да ја треснам со книгата!

    Целата енергија ја насочи во барање идна жена за нејзиниот маж, небаре му треба дадилка! Некако, испадна дека на Џек нема да му недостасува Дејзи како личност, како дел од неговиот живот, туку ќе му фали некој што ќе се грижи за него! И сега наместо болеста да ги зближи Дејзи и Џек, да ја направи нивната врска уште посилна, ги раздели, ги направи туѓинци, и двајцата ја изгубија комуникацијата, довербата, како странци беа во бракот. Тој на една страна, таа на друга, тој со студиите, таа со барање нова жена за него... Таа на операција, тој дома?! :fubar: Значи стварно не можев да ги разберам! Дејзи можеби ги има последните моменти од животот, а Џек ја реновира куќата?! :x
    И тоа со веб сајтовите за наоѓање идеален партнер ми беше толку глупава постапка, заедно со запишување на листа карактеристики што треба да ги има идната жена на Џек за да бидат perfect match :^) Теоретски држи вода, ама во пракса врска си нема.
    Џек па како лик ми беше толку блед, како безгласна буква.

    Очекував книгава да ме допре, баш затоа што имав близок член на семејството што имаше ваква битка. Очекував да се соживеам со судбината на Дејзи, со болката на нејзиното семејство. Единствено успеа да ме потресе последното поглавје.
    Она кога си изгубил некого и сè уште не си свесен дека го нема. Сè уште не можеш да се навикнеш на неговото отсуство, не ти се верува дека повеќе не е дел од твојот живот.

    Ми се чини дека авторкава играла на сигурна карта, ама јас останувам меѓу оние малкуте на кои не им се допаднала книгава :|
     
    На do-re-mi и RainBow им се допаѓа ова.
  13. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Вампирски Дневници : Будењето
    [​IMG]

    Одлична книга, ја прочитав за неколку саати, ако имам време утре ќе одам и ќе го купам вториот дел :)
    За разлика од серијата, книгата е многуу различна и многу поубава, особено ликот на Елена во книгата е далеку подобар.
    Единствено што не ми се допадна е преводот :)
    Елена Гилберт ја започнува својата последна година во училиштето во Фелс Черч заедно со нејзините пријатели, Мередит Сулез, Бони Мекалоу, Керолајн Форбс и Мет Ханикат. Керолајн бргу станува конкуренција на Елена за позицијата Најпопуларна девојка. Привлечно, ново момче, Стефан Салваторе, исто така стапува на сцената. Сите девојки го сакаат неговото внимание, но тој ги одбива сите. Ова ја шокира Елена, која никогаш не била одбиена од момче предходно. Стефан му се придружува на средношколскиот рагби тим со Мет.

    Ја препорачувам 8/10
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Девојката од хартија - Гијом Мисо

    Преубава книга! Не се ни сомневав во Гијом Мисо. Немам многу книги прочитано од него, допрва ќе читам (се опремив од саемот :lol:), ама не сум сигурна дали ми се допаѓа или не што некако ги вивнува неговите приказни во фантазија и на крај само ги спушта на земја.
    Воглавно, не сум воопшто разочарана од книгата, секако, не е подобра од Затоа што те љубам, како што очекував.
    Некако ми делуваше како да мислел дека отишол предалеку од реалноста, па мораше малку да ѝ даде пореалистичен облик.
    Признавам дека не очекував да излезе дека Том ја напишал книгата. :lol:
    Сепак, крајот не ме разочара, иако мислам дека можел да биде подобар.

    Малку откасно го пронајдов Гијом Мисо, ама сега кога го најдов, нема да оставам ниту една книга непрочитана од него. :wasntme: Следна ќе ми е Ангелски повик, и верувам дека и таа ќе ми се допадне. :)
     
    На d.Darla и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кодот на Да Винчи - Ден Браун

    Убава книга, лесно се чита. Повеќето е фикција но ми го задржа вниманието. Поучна е многу, има некои работи во неа што навистина е потребно да се знаат.
    Се креваше голема прашина околу книгата но сепак малкумина сфатија дека всушност повеќето е фикција.
    Воедно, вреди да се прочита.
    Напишано е на убав стил, го задржува вниманието. Ја почитав за две недели, инаку можев и побрзо ама сакав малку повеќе да истражувам меѓувремено за книгата.

    Едно нешто што не ми се допадна во книгата беше крајот, ептен банално. Толку добра книга, ремек-дело да има таков крај НЕ.

    Се заинтересирав, бидејќи ми е прва книга што ја читам од Ден Браун. Решив да му дадам шанса како автор, па сега следна ми е Дигитална Тврдина. Исто така со некои исти ликови.

    10/10 :)
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик - Гијом Мисо

    Признавам, сакав да си ја одолговлекувам книгава, ама најмногу што можев беше два дена и ништо повеќе. :D
    Уште едно фасцинантно дело на Гијом Мисо, само пофалби имам. Ми се допаѓа што авторот не ја излигави премногу книгата со романсата на Мадлин и Жонатан, туку се задржа на случајот со Алис.

    Инаку, се работи за двајца странци кои при случаен судир си ги разменуваат мобилните. Кога го сфаќаат тоа се на две различни страни од светот. Тој - сопственик на ресторанче во Сан Франциско, таа - свршена цвеќарка од Париз. Но набрзо тие ќе прочепкаат низ мобилниот на другиот и истражувајќи за неговиот живот, ќе сфатат дека се судбински поврзани со еден случај - една личност што и двајцата веруваа дека ќе остане закопана во минатото. Навидум романтичната комедија се претвора во напнат трилер и мистерија поради која нема да ја оставите книгата.

    Навистина беше напната, особено на крајот, само
    кога Мадлин ги убиваше кучињата, душата ми се распарчи, не знам зошто ;(
    Мислам дека не е подобра од Девојката од хартија, иако таа е полежерна, ми се допадна за нијанса повеќе.
    Ликовите совршено изградени, приказната здраво доделкана до најситен детаљ, нема промашај, чиста петка! (y)
     
    На plava.90 и d.Darla им се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едвардс

    Прекрасна книга , се чита во еден здив и покрај големиот број на страни (509)
    Преводот на Матица многу ме разочара, значи катастрофа ...

    Се работи за еден лекар што ќе ја породи неговата жена со близнаци .
    Едно од децата ќе има Даунов Синдром и без да ја извести неговата жена ќе и го даде на една медицинска сестра да го однесе во установа за пречки во развојот, но таа ќе го задржи за себе.
    Каролина Џил ќе се бори за рамноправноста на Фиби и да и го овозможи целиот комфорт што го заслужва .
    Дејвид цело време ќе се бори со тајната, но на крајот ќе ја однесе во гроб за жал.
    Остатокот не го откривам
    Дефинитивно ја препорачувам .

    10/10
     
    Последна измена: 13 мај 2015
    На Lavina :), Hipica и anel им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Полноќна роза-Лусинда Рајли.
    Книгава ми една од омилените И со право е избор на читателите.

    Испреплетување на минатото и сегашноста во една љубовна приказна,која од самиот почеток е осудена на пропаст.Цело време ми беше многу интересна,а на последните пасуси ми капна солза.
    Препорачувам.
     
    На plava.90 и temily им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.276
    Пол:
    Женски
    Скриена во најмрачниот агол-Елизабет Хејнс
    [​IMG]


    Па нешто предобро, дефинитивно.
    Вниманието ми го држеше цело време, едвај чекав да дознаам што ќе се случи и не можев да ја тргнам од раце книгава.420 страни ги проголтав во нецели 2 дена.
    Не би да давам некаква рецензија, само сакам да кажам да се тргате понастрана од опсесивни или премногу совршени машки, бидејки позади таа маска се крие моснтрум и фрик кои не знаете што е способен да направи.
    Кој и да почне да ја чита сигурна сум дека ќе му се бендиса, тврдам.
    Деловите со проверките ми беа малце заморни за читање, али ништо битно.
    Се на се, чиста 10ка давам.:clap:
     
    На plava.90 и crazylady им се допаѓа ова.
  20. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ѓаволот носи прада 4/10
    Многу очекував од книгава, можеби и премногу и можеби затоа не ми се допадна. Но книгава беше едноставно крајно досадна. Толку досадна што е единствената книга што не сум успеала да ја истерам до крај. Ми останаа уште 50тина страни но не верувам дека ќе успеам да ги дочитам затоа и ја пишувам критиката сега. Успеав да прочитам 400 страни од две работи кои се повторуваат по 200 пати на различни начини. Мислам дека не остана начин на кој типката не ја измалтретира Анџела. Книга без заплет и тотално без смисла. Ниту еден лик немаше нормален. Многу лош впечаток ми остави :yawn:.
     
    На crazylady и Hipica им се допаѓа ова.