Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Made you up - Francesca Zapia

    Прилично интересна книга, можам да кажам дека целосно ми ги исполни очекувањата.
    Алекс е крајно интересен лик, во книгава читателот живее во нејзината глава. Таа има шизофренија, не знае што е реално, а што не е, така што и читателот не може да и верува. И читателот постојано се прашува, дали ова навистина се случува? На тој начин може да се влезе во нејзина кожа, зашто и Алекс не си верува самата на себе. На неколку пати ми се насолзија очите, жално е едно девојче да мора да се справува со такво нешто, да не може да живее нормален живот. Имаше и некои настани што тотално ме изненадија. Иако знаев дека не може да и се верува, сепак се препуштив на некои работи.

    Да не откривам премногу, ви ја препорачувам книгава, дефинитивно е нешто поразлично и вреди да се прочита.
     
    На d.Darla и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  2. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Преубава приказна која се чита во еден здив. Искрена, длабока, љубовна и животна исповед која не ме остави рамнодушна во ниеден момент. Уште една книга која освојува од првото читање.
     
    На temily и crazylady им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Gabi, a Girl in Pieces - Isabel Quintero

    Кратко книжуле за кое мислев дека ќе биде интересно, ама не испадна така. Земав да ја читам само поради тоа што ми беше во препораки на гр, базирана на I'll give you the sun.
    Приказната е раскажана преку дневникот на Габи која има 17 години. Ама на моменти како да имаше 13. Клише настани, досадни ликови, ништо оригинално немаше во книгава. Среќа беше кратка и лесно се читаше, инаку ќе ја оставев дефинитивно.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Unwind - Neal Shusterman

    Мрачна, морбидна, опскурна, очајна... Најдоброто нешто од дистопискиве што сум го прочитала. И давам 6ка. Море 10ка. Е до толку ми се допадна. Ја проголтав во еден здив, бев ужасена додека ја читав. Непоимливи работи се случуваат во книгава со човештвото.

    Накратко, откако имало војна во која од едната страна биле оние против абортусот и заштита на животот, а од друга оние кои биле за избор, дошло до ужасни уништувања и морало да се склопи мир. За сите страни да бидат задоволни донесен e Законот за живот. Абортусот e забранет, но родителите можат да го дадат детето на расклопување (unwinding) од 13 до 18 години. Ако потпишат таков документ, тој нема начин да биде поништен. Дури и родителите да се премислат.
    Кога детето е расклопено сите негови делови мора да бидат искористени за трансплантација. Така, ако некој скрши рака, може веднаш да му биде пресадено нова, да не се мачи со гипсови. Ова е најнеморбиден пример. Децата од кои родителите се откажале се носат во Жетварски камп, каде што се расчленуваат. Ми се згади на сцената кога
    детално е опишано расчленувањето на едно дете, свесни, свесни ги расчленуваат се до мозокот!
    Ако родителите не сакаат да го задржат бебето можат да го остават пред некоја врата и бебето е на одговорност на луѓето на чиј праг е оставено.

    Ликовите не може да бидат подобро опишани и изградени, сите нивни мотиви можам да ги разберам, се што направија...

    Стилот е одличен, темпото е брзо, а сепак промислено.
    Не ми се верува дека книгава до сега не ми била на радарот. Плус, прочитав дека филм најверојатно ќе излезе во 2016. Ама веројатно ќе го осакатат. Иако има доста акција за одличен филм, психолошките моменти тешко дека ќе бидат добро доловени.

    “You see, a conflict always begins with an issue - a difference of opinion, an argument. But by the time it turns into a war, the issue doesn't matter anymore, because now it's about one thing and one thing only: how much each side hates the other.”

    “Unwinds didn't go out with a bang-they didn't even go out with a whimper. they went out with the silence of a candle flame pinched between two fingers.”

    “That's what law is: educated guesses at right and wrong.”

    “It's amazing that something as simple as a kiss can overpower the worst of worries.”

    "Because he'd rather be killed with a furious hand than dismembered with cool indifference.”

    "Even an acknowledgment from someone who hates him is better than having no one but strangers watch him perish."

    До утре можам да редам цитати. Ама ќе си продолжам веднаш со втората книга од серијалот: UnWholly.
     
    На joy1, d.Darla и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    A Fall of Marigolds - Susan Meissner

    Книгава паралелно раскажува две приказни во различни временски рамки.
    Клара е 19 годишна медицинска сестра која работи во болницата на островот Елис.
    Тајрин е самохрана мајка која има 10 годишно девојче и работи во продавница за ткаенини.
    И двете се сведоци на два ужасни настани кои му се случуваат на Њујорк - животот на Клара се менува по пожарот кој во 1911 година ја зафаќа фабриката Triangle Shirtwaist, а пред очите на Тајрин се уриваат кулите близначки во 2001. После овие настани, и двете губат некој кој им значи.
    Нивните приказни се споени преку една марама со цветови која патува од генерација на генерација.

    Од сам старт да кажам дека приказната на Клара повеќе ми се допадна, а и некако вниманието повеќе на неа ѝ беше посветено. Нарацијата тече глатко, лесно се чита и нема досадни моменти. Единствено не ми се допадна тоа што се повторуваат некои работи, дури ми се чини дека Сузан направила copy-paste на делови од некои дијалози.
    Во однос на содржината, имаше некои нереални случајности и неколку настани што не ми се допаднаа, ама не можам толку слободно да ги коментирам овде, зашто ќе откријам премногу. Мислам дека од што сакала Сузан настаните да бидат непредвидливи, малку излегла од колосек. Можела повеќе внимание да обрне на тоа како човек се справува со загубата на некој близок, да им даде малку повеќе длабочина на ликовите. Клара дури на моменти ми делуваше многу наивна и несозреана. А на Тајрин како да ѝ недостасуваше глас. Мислам дека повеќе ќе се соживеев со нејзината болка ако ѝ беше обрнато повеќе внимание.

    Во секој случај ми се допадна, ме натера малку повеќе да истражувам за овие два настани, особено за пожарот, бидејќи не знаев ништо за тоа. Синоќа седнав пред компјутер и се утепав од читање и гледање видеа.

    А за генерална оценка би можела дури и четворка да ѝ дадам на книгава, ако замижам пред некои работи што не ми се допаднаа :wasntme:

    Неколку цитати кои ми се допаднаа (макар што имаше повеќе, ама не ги запамтив целосно за да ги најдам):

    "Everything beautiful has a story it wants to tell."

    "The person who completes your life is not so much the person who shares all the years of your existence, but rather the person who made your life worth living, no matter how long or short a time you were given to spend with them."

    "People who say everything happens for a reason usually say that only when they agree with the reason."
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Скршено крило- од Д.Оливера
    Книга пишана од личниот живот на писателката,тажна приказна која се уште нема крај.Борбата со карцином на дојка,операција,па повторен кошмар,метастази на коски.....трагедијата на сето тоа што има дете болно од церебрална парализа.Прочитајте ја книгава а нарочито им ја препорачувам на сите жени кои мислат дека депресијата и анксиозноста се страшни болести.
     
  7. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    1.132
    Полноќна роза...книга која стварно вреди да се прочита.
     
    На crazylady и temily им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    UnWholly - Neal Shusterman

    До 4ри ја читав, не можев да ја оставам. Фасцинирана, како и со првата книга. Раскажувањето станува само подобро и подобро.
    Има нови ликови во книгава и сите се одлично разработени. Ми се допадна што немаше некои напорни и досадни повторувања од првата книга, туку многу умешно вметнати референци во правиот момент. Човеков, Нил, е страшен значи, секоја чест.
    Во вториов дел продолжуваат да се случуваат незамисливи работи.
    Направена е првата креација од различни човечки делови, Кам (Чиј лик е на корицата). Создаден е од 99 деца, ама од нивните најдобрите делови. Еден човек, создаден од 99 други луѓе. Франкенштајн може вода да им носи на овие.
    Јас сум изненадена од злобата која Нил може да ја внесе во ликовите. Злоба, подмуклост, пресметаност, на неколку пати морав да ја оставам книгата од што се нервирав од луѓето во неа.
    Уфффф ќе се изедам што нема со кого да си споделувам импресии, има толку многу да се каже и да се расклопи...
    On to the next one: Unsouled

    “The sad truth about humanity, Risa was quick to realize, is that people believe what they are told. Maybe not the first time, but by the hundredth time, the craziest of ideas just becomes a given.”
    Какво перење на мозок, да те натераат да поверуваш дека е добро да си го дадеш детето на расчленување, да го расклопат еј, дека подобро ќе живее во поделена состојба.:x
    Такви сме луѓето, подложни на се доколку упорно и упорно го слушаме истото.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG]
    Unsouled и Undivided - Neal Shusterman
    Третата и четвртата книга од серијалот Unwind Dystology.

    Третата книга беше малку поспора, поспора мислам во однос на другите книги од серијалот, инаку беше исто одлична.
    Но последната книга беше пефекција, подобро заокружување на приказната не можев ни да замислам. Најдобра завршница до сега од сите дистописки серијали што сум ги прочитала. Вријам уште од впечатоци, сабајле до 5 ја дочитував, очите ме печат денес и ми се подуени целите, ама вредеше.:!:
    Ма какви Игри на гладните, Диврџент, Тркачи во лавиринти, ова е дистопискиот серијал што секој љубител на овој жанр мора да го прочита. Ликовите нема да ги заборавам никогаш, изградени до најситен детаљ, дури и најмалите и навидум безначајни ликови имаа приказна.
    Кога конечно на крајот
    се разрешија работите, кога сфатија луѓето какви чудовишта станале ми беше најдобриот момент од книгата. Луѓето ќе се срамат од тој период во следните години. Толку убиени, не убиени, поделени деца... Полошо од убиство беше тоа што им го правеа. Да не си ни мртов ни жив. На крајот, најлудачкиот чин само ги спаси. Инаку луѓето уште ќе беа глуви, слепи и неми...

    "Imagine that. We are willing to sacrifice the children we don't love for the ones we do. And we call ourselves civilized!"

    “Tools are neither demonic nor divine. It’s all about who wields them.”

    “...facts never prevent the ignorant from jerking their knees into the groin of science.”

    “You should learn to relish the hunger more than the feast, lest you become a glutton.”

    Обично до кај третата книга од трилогија или серијал ме фаќа сафра, ама од овој серијал уште 10 книги да имаше немаше да ми се здосади. Жал ми беше кога ја прочитав последната страница. И сега што?
     
    На 1209 и joy1 им се допаѓа ова.
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Реин од каде ја симна книгава? Ме заинтересира сакам да ја прочитам.
     
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Драгуљ Медине - Шери Џонс
    Книга со српки превод... Не е преведена на македонски... Книга која по појавувањето била повлечена, па повторно одобрена за продажба... Книга која во многу земји е „табу“...
    Книга за животот на пророкот Мухамед... и за жените од неговиот харем... Приказната се гради околу една од неговите жени Ајша... Ајша била дете од девет години кога ја омажиле за Мухамед кој веќе имал 60 години... Нејзините чувства, копнежи, фантазии се многу реални за секоја млада девојка. Интригите, забраните, борбата за остварување на поголеми права на муслиманската жена ја издигаат Ајша на пиедесталот во харемот на Мухамед... Но, и во срцето на Мухамед таа успева да го заземе првото место...
    Книга за почетоците на исламот како религија, за борбата на пророкот Мухамед за поголем број приврзаници, за почетокот на „џихадот“...
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Jill Mansell - To the moon and back
    Не беше баш забавно книгичево како што очекував. А имаше и доста клише моменти. Од друга страна ми го задржа вниманието, иако ме нервираше. Типична чик лит книга, пропуштени моменти, неусогласено време, недостиг на комуникација, бла, бла... Карактерите површни, дадена само една страна, речиси без минато. Ама добро, тоа ми требаше, среќна љубовна приказна. Иако не беше само тоа, имаше смрт, имаше неверство... Што веројатно спаѓа под клише. Стилот на пишување не беше нешто wow, онака, баш просек, ни лош ни воодушевувачки. Oh well, two stars, moving on.
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Хармонијата во едно семејство се нарушува откако ненадејно исчезнува најмалата ќерка. И покрај сите обиди да ја пронајдат, на Ема ѝ се губи секаква трага и глас. Мајката Меган е толку очајна, што полека ги запоставува другите две ќерки, ја губи блискоста со сопругот Питер, нивниот брак се држи на конци, а сето тоа се одразува врз целото семејство.

    Приказната не е лоша, иако мислам дека можело подобро да биде испланирана. Прво бев убедена дека сум ја предвидела од старт, после некако не бев сигурна и ми се вртеа други идеи во глава, за на крај веќе да знам како ќе заврши и што ќе се случи. Сепак, во ниту еден момент не помислив да ја оставам недочитана.
    Гледам дека најголем дел од критиките на goodreads се однесуваат на Меган која ја прогласиле за најтипатичен лик, self-centered, self-absorbed and dislikeable. Јас не би ја критикувала толку, зашто нејзе како мајка најмногу ја погоди исчезнувањето на Ема и можев само да замислам колкава празнина чувствува. Ни на нејзе не ѝ беше лесно да ја бара својата ќерка во секое девојче со плава коса што ќе ја види на улица, во супермаркет, или во парк. Постојано луташе, животот го стави на пауза, така што можев да ја разберам.

    Она за што ќе се согласам со повеќето критики е стилот на пишување. Многу сиромашен речник, кратки реченици, дури и забележав некои граматички грешки. Прво мислев дека нешто не е во ред со верзијата што сум ја симнала, дека можеби нешто се изместило при конвертирање и слично, ама откако прочитав неколку коментари на гр, видов дека не било така. Има книги кај кои раскажувањето тече лесно, ама оваа не е една од нив. На моменти имав чувство дека авторката како да се мачи да ја раскаже приказната, како да запнува на некои делови.

    Во секој случај ќе ѝ дадам една тројка, ќе бидам малку дарежлива :) Сакам да ја прочитам и Emma's Secret, веќе ми е на мени. Колку што прочитав, со таа книга се пополнуваат многу дупки што ги има во приказната од првата книга, а и наводно била многу подобра од оваа.
     
    На joy1 и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Inside the O'Briens - Lisa Genova

    :(
    Многу тажна книга. Ужасно болна. Џо на 43 години е дијагностициран со Хантингтонова болест. Која се пренесува генетски. А Џо има четири деца. Кои имаат 50-50 шанса да ја наследат болеста.

    Хантингтонова болест (ХБ), хореја или нарушување е прогресивна невродегенертивна генетска болест која влијае врз мускулната контракција и некои когнитивни функции, типично станувајќи препознатлива во средното доба од животот. Таа е најчестата генетска причина за ненормални неволеви грчеви наречени хореја. Болеста е предизвикана од автосомна доминантна мутација на било која од двете копии на генот наречен хантингтин, што значи дека дете на болен родител има 50% шанси за наследување на болеста. Во ретки ситуации каде и двајцата родители го имаат мутираниот ген, или еден родител ги има и двете мутирани копии, овој ризик е значително зголемен. Физичките симптоми на Хантингтоновата болест можат да почнат на било која возраст од детството до староста, но обично почнуваат меѓу 35 и 44 години.
    Преземено од Вики.

    Одвратна болест, со години се мачиш додека дојде крајот. Ликовите беа добро изградени, беше само малку подолга книгава отколку што требало и често се повторуваа некои работи. Ама сепак, потресителна и навистина емотивна приказна,
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    А потоа... - Гијом Мисо

    Уште едно од прекрасните дела на Мисо. Во книгава беа соберени сите мои стравови: болест, тага, беспомошност, смрт... Вистина, додека ја читав постојано имав некаква грутка во грлото, која најчесто ја чувствувам кога се плашам од нешто. Не дека книгава е хорор или нешто такво, но едноставно, ме донесе толку блиску до смртта што можев да го почувствувам она што го чувствуваше Нејтан.

    Јас обично додека читам некоја книга, седнувам на фемина да видам што мислат другите за неа, но често налетувам на спојлери, па така и овојпат. Дознав еден мал дел од крајот, за жал, ама веќе знам, нема отворање фемина додека не ја дочитам книгата. :D Воедно сакам да ве предупредам, ставајте во спојлер кога откривате нешто од содржината, ептен е зезнато да го видиш грубо крајот пред очи. |(

    Да се навратам, ликовите се совршено изградени, само малку се одолговлекува според мене. Навистина многу трогателна приказна, и јас засекогаш ќе останам на тоа дека тажни се книгите во кои се зборува за смрт или тешка болест, а не за разделба на некои вљубени и слични работи.
    Од друга страна, книгава ми ја протресе главата и ме научи дека животот е краток. Денес те има - утре те нема. Секоја секунда е вредна.
    Морам да признаам, она со Гласниците ми е навистина крипи, никогаш не би сакала да имам таква способност. :lol:

    Краток вовед: Се работи за Нејтан, познат адвокат во Њујорк, по потекло од сиромашно семејство, кој како дете за да ја спаси својата пријателка (подоцна жена) од давење, самиот се дави и доживува клинична смрт. Години подоцна по смртта на неговото второ дете, се разведува од жена си и живее едноличен и осамен живот. Сè додека еден чуден доктор не дојде во неговата канцеларија и животот му се свртува наопаку...
     
    На Lavina :) и temily им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Пак јас :lol:
    Спаси ме - Гијом Мисо

    Ах, книгава... Не знам што попрво да кажам. Ми го сврте умот, значи буквално, како да ми ја трескаше главата наваму-натаму. Низ целото читање ми минуваа трпки низ телото, оваа книга му е најморничава досега. Навистина ми се допадна приказната, а и многу се поврзав со ликовите, на крајот некаде кога беше најнапнато, имав една тешка грутка во грлото... ;(
    Покрај тоа, навистина ми се допаѓа што книгите на Гијом Мисо се спомнуваат и ликови и настани од другите книги, сè е поврзано и тоа навистина многу ми се допаѓа. Сигурна сум дека таа снежна бура од оваа книга е истата од „Ангелски повик.“ :wasntme:
    Сепак, мислам дека малку ми здосади тоа што во секоја негова книга има барем еден лик со тешко детство, издраснат во лош кварт од градот, опкружен со дилери, ама сепак излегол од сето тоа... :D Ама ако, верувам дека тоа е важен дел од животот на Мисо исто така, па зошто да не.

    Десетка за книгава, како и за сите други негови книги, го обожавам авторов. :inlove:
     
    Последна измена: 14 јуни 2015
    На MiA-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Wuthering Heights - Emily Bronte 10/10

    Фасцинантна книга и фасцинантна приказна. Како велат, се заљубив во нивната љубов. Болна, скршена, чудна но вистинска. Па и цитатите, има делови кои ги препрочитував по 100 пати е се уште не ми здосадиле. Ја читав на англиски, па има неколку детали што не ми се разјаснети баш и тоа поради пребогатиот речник што никако не можев да го дешифрирам. Сакав да навлезам до детали во книгава но јазикот не ми дозволуваше. Од друга страна го обожавам англискиот од тој период и уживав додека ја читав, но обавезно ќе ја препрочитам на македонски, не ја оставам така :shake:.
    Мислам дека секој треба да ја прочита книгава затоа што реално прикажува дека не сите љубовни приказни се среќни и бајковити како што претставуваат сите други љубовни книги, се не е толку совршено во вистинскиот свет и ох, што се може да направи љубовта :!:.
    Мислам дека ја прочитав најубавата и најреалната љубовна приказна некогаш напишана (не најубавата книга тоа место засекогаш и припаѓа на P&P:angel:) и Heathcliff на некој начин ми стана омилен главен лик и омилен ѓавол :devil:.
    И за крај морам да го оставам епското:

    Whatever our souls are made of, his and mine are the same :l:
     
    На Mishela, Someonespecial, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Challenger Deep - Neal Shusterman

    Уште една интелигентно напишана книга од Нил Шустерман. Човеков си го знае занаетот.
    На почетокот ми беше тешко да навлезам во содржината и да разберам сосема што се случува.
    Но потоа поглавјата течат без прекин. Кратки се, со брзо темпо.
    Кејден е нормално дете, се додека не почнат да му се случуваат работи. Халуцинации. Приказната се одвива во две димензии, во едната е реалноста, во другата имагинацијата.
    Морничаво е што се може да се случува во мозокот. Кејден е параноиден шизофреничар. Во реалноста се наоѓа во болница, а во другата димензија се наоѓа на брод.
    Синот на авторот пати од истото и затоа книгава има една многу реална нишка. Илустрациите кои ги има во книгата, цртежите од Кејден се всушност цртежи кои ги направил син му во периодот кога се лекувал.
    Авторов само пријатно ме изненадува.
    [​IMG]
     
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Последниот воз за Истанбул - Ајше Кулин

    Немам читано многу книги во кои темата е Втората Светска војна, но во последниве два месеца прочитав дури две со таа тематика... Случајност - „Ајнштајновата девојка“ и „Последниот воз за Истанбул“...

    „Последниот воз за Истанбул“ е прекрасно дело, кое со нетрпение ке сакате да го прочитате што побргу за да видите што ке се случи со ликовите... А, ликовите се измислени, но толку вистинити... Случките се страшни - холокаустот ке остане во историјата запаметен како најнечовечкото злосторство направено од човек на човек. Настаните се вистинити, навистина постоел воз кој што тогашна неурална Турција го испратила во Париз за да ги спаси своите грагани Евреи, со турско државјанство, од сигурната смрт што можела да им се случи во концентрационите логори... Турските дипломати во тоа време со сите сили се труделе да спасат што повеќе свои државјани...
    Забранетата љубов помеѓу двајца млади - Турчинка и Евреин, несогласувањето на нивните семејства со нивниот брак, се основата од која почнува прекрасната приказна за последниот воз за Истанбул од Париз...
    Прочитајте, сигурно ке Ви се допадне!!!
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sweet-Mila

    Sweet-Mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Девојката со портокали-Јустејн Гордер.

    Една прекрасна книга која ни кажува на љубовта на еден човек кон Девојката со портокали а воедно и љубовта на еден прерано заминат татко кој поради болест е принуден да ги напушти неговата сакана и нековиот сладок 4 годишен син.Но пред да и подлегне на болеста,и пред да ги напушти своите сакани поради смртта тој остава едно писмо за неговиот син во кое му укажува на суровостите кои ги поседува светот но и за неговите убавини.Се со цел да му го постави најважното прашање на неговиот син од кој очекува да му одговори на било каков и да е начин.
     
    На deskarada и Lella им се допаѓа ова.