1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Стапица за глувци од феноменалната Агата Кристи
    Ако не се лажам.драма во три чина...ма небитно колку чина.Кралицата на крими книгите во оваа книга донесува повторно напнати ситиуации,во секој момент очекуваш убиство,секој на некој начин ти станува сомнителен,а на крајот се открива то шо и јас најмалку го очекував.Не е многу долгометражна во однос на страниците,но е едно од феноменалните дела на Агата.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Little Black Lies - Sharon Bolton

    Конечно трилер на место. Не можев да ја оставам книгава.
    Најголемиот кошмар на Кетрин се остварува кога двете нејзини дечиња умираат. И тоа по вина на нејзината најдобра пријателка. Како понатаму двете да продолжат? Како било кој би можел да продолжи со животот?
    На островот каде што живеат исчезнува дете. Трето по ред, за три години. Дали има сериски убиец?

    Приказната е поделена на три дела, раскажана од трите главни ликови. Третиот дел малку се повторуваше и ми беше непотребен, што влијаеше на целовкупниот впечаток, но се извади авторкава со самото тоа што пресврти и откритија се случуваат до последната страница.
    Пишувањето не беше нешто посебно фасцинантно, ама беше добро, вивидно, добри описи од островот и од морскиот свет.
    Обавезно читам уште нешто од Шерон Болтон. :)
     
    На 1209 и Mishela им се допаѓа ова.
  3. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Девојката од хартија - Гијом Мисо
    Уште едно прекрасно дело од Гијом Мисо со прекрасен крај. Според мене дури и повозбудиво и од Затоа што те љубам. Целата приказна со патувањето на книгата и тоа што им ги промени животите на еден куп лиѓе беше фасцинантна. Ме остави без зборови. Единствено што не ми се допадна е
    преголемата случајност актерката што ја играла Били како за чудо имала и тумор во исто време :shake: можеби е до мене но никогаш не сум верувала во случајност па ми изгледаше нереално.
    Но тоа само еден мал детал што не успеа да ми го расипе впечатокот и уживав во делото.
     
    На Angelinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. woworld

    woworld Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    424
    Пол:
    Женски
    Кога срцето зборува - Марија Луис Фишер.
    Прекрасна книга.. Љубовен роман..Животна желба ми е во иднина да бидам адвокат. Па ете и во книгата се зборува како адвоката се заљубува во својот клиент. Таа со сите свои сили се бори да го извлече својот сакан од обвинение за убиство но не знае дека и таа ќе стане жртва на неговите зли намери :|:l::l:
     
    На crazylady и Vapms им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Bruiser - Neal Shusterman

    Уште една одлична книга од Нил Шустерман. Станав зависна од пишувањето на човеков.
    Приказната е раскажана од четири ликови. Не знам како секогаш му успева да им даде толку различен глас, не е можно да се смешаат ликовите, да се запрашаш од чија гледна точка ја следиш приказната.

    Станува збор за Брустер, момче кое е емпат и може да ја преземе болката на оние за кои се грижи и ги сака. Бронте му станува девојка, Коди му е помало братче, а Тенисон е брат на Бронте. Нивната болка станува негова болка, нивниот бес, нивната тага се преселуваат во него. Сите би сакале да се решиме од овие болни работи, но каде би биле без лутината да не мотивира? Без болката која на крајот не прави посилни луѓе? Дали би избрале да живеете само во едно задоволство, без сите оние негативни чувства?

    Посебно ми се допадна тоа што на Брустер делот беше напишан во стихови, му даде една посебна димензија на неговиот глас.

    “I'll never understand how a man can live his life
    With his finger on the self-destruct button,
    Holding it there day after day,
    Blinded by an obsession to press it
    But lacking the conviction to do even that.”

    “It's strange how we always want other people to feel what we feel. It must be a basic human drive. Misery loves company, right? Or when you see a movie that you love, don't you want to drag all your friends to see it as well? Because it's only good the second time if it's the first time for somebody else—as if their experience somehow resonates inside of you.”

    “Happiness is not a state of being. Happiness is a vector, it is movement.”
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Кодот на Да Винчи - Ден Браун

    [​IMG]

    Оф... Оваа ми стана омилена книга, дефинитивно. Толку прекрасен стил, секоја ситница во детали објаснета, разделкана... Толку совршено изрежирани настани, поврзани меѓусебе, постојано ти биле пред очи, ама сепак не си ги видел.
    Искрено, книгава ме тресна од земја толку силно, што не можев да се свестам некое време. :D
    Вакви книги најмногу сакам, ликовите истражуваат, мачат души, во меѓувреме и јас можам да мозгам со нив, и да се радувам што сум погодила, или само сум мислела дека сум погодила. :lol:
    Од друга страна, ставот на Ден Браун за Црквата и за тоа дека само ни мачкаат очи ептен ме замисли, полека започнав да верувам во тоа. Еве не знам, ама ми делува доста логично, колку што мојов мозок може да сфати.
    Ликовите се совршено изградени, етапите во приказната уште подобри, не ми е јасно како толкава книга успеа да ја ограничи на само еден ден, а да не е сè пренатрупано и испомешано. :bow:
    Инаку јас сум една од оние среќнички што сè уште не го гледале филмот и верувам дека е вака подобро, иако не се сомневам дека и филмот е одличен.

    Теории на заговор, хрисијанство, Да Винчи, криптологија, загатки, Светиот грал, мистерија, книгава е
    со-вр-ше-на. Ја препорачувам на секого.
     
    На Angelinkka и simonna.a им се допаѓа ова.
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам-Гијом Мисо
    Прекрасна книга која ме воодушеви,браво за Гијом.Накратко:се работи за едно девојче кое се изгубило во трговски центар и исчезнало но се враќа после 5 години,неповредено,здраво-право но не зборува со никого.Таткото се обидува некако да дознае кој е киднаперот,но девојчето не беше киднапирано...

    За следна цел ја имам Снежното дете од Ејовин Ајви...Лека,полека ќе ја расчитам домашната библиотека8-|
     
    На deskarada и Lella им се допаѓа ова.
  8. Sweet-Mila

    Sweet-Mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ти не знаеш да сакаш-Сузан Елизабет Филипс

    Една пре пре пре убава книга.Која ни кажува за еден договорен брак во 21 век.Каков апсурд?
    Девојката по име Дејзи ќе се омажи за русинот кој е наречен Алекандер-Алекс (за така напречен 6 месечен брак).Но и покрај тоа на почеток тој е едно премногу сурово суштество кое не знае за емоции,чувства,љубов или што и да е.На самиот почеток Алекс не ја забележува Дејзи и воопшто не и обрнува внимание.Но подоцна со преголемиот вложен труд на Дејзи тој ќе се преобрази од едно страшно животно во совршен и вљубен човек во својата сопруга.Иако самиот не сака да признае дека во него се побудија чувставата и емоциите тоа навистина започна да се случува дури се појави и љубов кон Дејзи.Но откако ќе дознае дека неговата жена е бремена тој се претвара во грдо чудовиште и ја повредува.Така таа заминува од циркусот и оди да работи во едно училиште а ноќе како келнерка за да заштеди пари за бебето.Поради тоа што таа премногу се зближи со животните од циркусот каде што беше предходно со нејзиниот сопруг (затоа што тој работеше на циркус) Алекс и го купи мајмунот од циркусот,и кога тој зажали за тоа што ја повреди ја бараше насекаде својата сопруга за на крајот да ја најде кај мајмунот.Ја зема Дејзи и ја носи повторно на циркусот но таа овој пат е премногу ладна кон него.Но по една расправија на Алекс со шефицата на циркусот Дејзи сфаќа дека греши и му простува.Потоа прават уште една свадба на неговиот имот (затоа што тој беше наследник на рускиот престол,беше од семејството Романови).А истовремено беше и професор во еден универзитет.Иако Дејзи цело време мислеше дека е сиромашен и го прашуваше за да и каже нешто за него тој тоа го направи тогаш кога ја повреди и кога таа замина.Па сега знаеше дека не се сиромашни и дека ги очекуваат многу патувања а пред се ги очекува и нивното бебе.
    За крај ви ја препорачувам книгава да си ја прочитате затоа што како што кажав на почетокот таа е прекрасна книга за која ако не ја прочитате би зажалиле :D;)
     
  9. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    [​IMG]
    Ед Кенеди е 19 годишник,кој не се запишал на факулетет и води скоро беден,обичен живот.Таксист е,иако нема 21 година и е вљубен во Одри,неговата најдобра другарка.После еден грабеж во банка каде тој се покажува како јунак на неговата адреса почнуваат да пристигнуваат асови.Тука станува интересно,да не откривам.Ми се допадна книгава,брзо се чита и е доста интересна :):)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Хипнотизер - Лаш Кеплер

    Во еден дом во Шведска се случува убиство, убиена е цела фамилија, единствени преживеани се Јусеф и Евелин, сестрата на Јусеф. Ерик хипнотизерот решава преку пат на хипноза да открие кој го сторил тоа монструмно убиство. Но, тој пред многу години се заколал дека повеќе никогаш нема да ја користи хипнозата. Тоа го доведува во една безизлезна ситуација во која настрадува фамилијата на Ерик.

    Добар трилер кој не држи во неизвесност до самиот крај. Книгата е околу 600 страни, но не е досадна ни на момент. Секогаш има нешто следно, постојано не држи во неизвесност, што ќе биде, кој е убиецот, кој?
    Јас може да кажам дека и не ја прочитав баш за брзо време поради обврски а и некако мрза ме фати на сред книга и ја развлеков.

    Воедно, предобра книга, вреди да се прочита. На крај, кога е расплетот ќе бидете целосно изненадени.
    Ликовите не се добро обработени, некако е целото дејствије околу убиството, нема некоја голема анализа на ликовите, што според мене не е добро.
    Ви ја препорачувам на сите што сакате добар трилер, со малку хорор.
    7/10

    Баш вчера дознав дека книгата имала и филм. Го погледнав трејлерот и не ми се допадна, ликовите некако ги замислував поинаку. А и еден добар дел од книгата е целосно изгубен од филмот. Не ви го препорачувам филмот. Тотална утка.
     
    На Marossa и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    27 годишната Вирџинија останува вдовица и самохрана мајка на две деца, откако нејзиниот сопруг трагично загинува во сообраќајна несреќа. Извесно време подоцна, се враќа во гратчето каде го запознала човекот кој ѝ бил прва љубов.

    Прв пат читам книга од Розамунд и морам да напоменам дека многу ми се допадна стилот на пишување. Прекрасно се изразува, многу спокојно и одмерено раскажување, баш ми беше одмор додека ја читав. Дури и немав поим дека настаните се случуваат во модерно време, сè додека не дојде момент кога се спомна wi-fi :lol: Макар што, после прочитав дека ја напишала во 70тите, а ја објавила многу подоцна, веројатно изменила некои работи. Како и да е, за стилот на Розамунд имам читано само пофалби и сигурно ќе симнам уште некоја книга од неа.
    Имам неколку замерки, ми фалеа некои работи, мислам дека слободно можела уште неколку поглавја да додаде, имала уште простор за да навлезе малку повеќе во приказната.

    Книгава не е од оние кои цел живот ќе ги памтите, ама е убава романса што брзо и лесно се чита. Таман за на плажа ;)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ана и францускиот бакнеж - Стефани Перкинс.

    Бестселер и се е јасно.Книгава се чиста мнооогу брзо со оглед на тинејџ тематиката.
    Кратка приказна за една 17 годишна тинејџерка од Атланта која татко и ја праќа на колеџ во Париз.На почеток, Ана е избезумена затоа што ја напушта најдобрата другарка Бриџет, па макар и на неколку месеци.Тука е и Тоф, нејзиниот дечко.Се чувствува загубено и осамено кога стигнува во SOAP во Париз, но по само 10тина минути откога останува сама ја запознава Мередит, нејзината прва другарка во Париз.Уштре утредента ја запознава со целото друштво и Ана има комплетно внимание од сите, посебно од Сент Клер - најзгодното момче во SOAP.
    Љубовна приказна за Ана и Сент Клер кои чекаат цела година за да бидат среќни..

    Со оглед на тоа дека оддамна не бев прочитала ваква книга, не знам, онака ми делуваше релаксирачки.Не сум воодушевена поради ваквата тематика, но добра е за релаксација.

    Ја препорачувам на сите заљубени тинејџерки!
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Нешто што најдов во домашната библиотека.
    [​IMG] Лектира за осмо одделение :lol: Како не сум ја прочитала досега - не знам.
    Ептен старо издание имам дома, од седумдесеттите можда. Преводот не му е најсјаен, ама со оглед на периодот кога е издадена, ќе замижам.
    Да бев осмоодделенка - немаше да ми се допадне. Едвај мене ми имаше поента книгава, а не па на дете.
    Ама беше фино четиво, светски познато, кое вредеше да се прочита.
    [​IMG] Го имам баш ова издание и е уште постаро од претходната книга. Од шеесеттите можеби. На српски.
    Прекрасно книгиче од некои 160 страници.
    Се работи за слепородено дете и неговата неверојатна дарба за музика. За душевните страдања кои ги доживува и трансформацијата на неговиот карактер во различни доби од животот.
    Прекрасно, на моменти тажно, ми доаѓаше да се расплачам.
     
  14. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ангелски повик - Гијом Мисо
    Немам зборови за книгава. Ја обработува една од моите омилени теми - судбината. Веќе спомнав дека не верувам во случајност, но и тоа како верувам во судбина. Оваа приказна лежи врз судбина. Алис, Мадлин, Жонатан, Дени испреплетени животи кои создаваат една многу убава и посебна приказна. Браво за Гијом Мисо уште едно незаборавно дело. Книгава се преместува на прво место од книгите на Мисо пред Затоа што те љубам. 10/10
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Покана на смртна казна - Владимир Набоков

    Дејствието главно се случува во затворската келија, со Цицерон.Толку добро писателот ги слика и ретроспекциските делови, па уште и самиот стил на пишување.Можеби само за миг е досадна, но никако за да те натера да ја оставиш. 10/10
     
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Љубовен Говор На Телото - Алан и Барбара Пис
    Закон книгичка. :)
     
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Некој како тебе-Сара Десен

    Се работи за две најдобри другарки Хали и Скарлет.Дечкото на Скарлет ќе загине во сообраќајна несреќа а по некое време она дознава дека е трудна од него...Мајката на Скарлет ја убедува дека таа треба да абортира но таа е решена дека ќе го роди детето.

    Вистинското пријателство се врзува засекогаш...
     
  18. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Девојката со портокалите - Јустејн Горгер
    На почетокот изгледа како лесна книга, топла љубовна приказна која се претвора во дилема за настанокот на светот и прашањето дали вреди да се живее. На крајот се најдов препрочитуванјќи делови, обидувајќи се да најдам смисла во се што зборуваат. Делумно успеав, но морам да кажам дека не ми се допадна размислувањето на Јан, и среќна сум што Георг на крај одговори на прашањето баш како што мислев и сакав да одговори. Убава приказна, се чита во еден здив ја препорачувам.
     
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Скриена во најмрачниот агол- Елизабет Хејнс
    [​IMG]
    Оваа книга веќе ја имам препрочитано два пати па сакав да дадам свое мислење за неа. Бидејќи оваа книга ми е првата прочитана напишана од овој автор, сакам да кажам дека ми се допаѓа стилот на пишувањето на писателката и тоа како го води читателот низ книгата. Освен тоа дава и јасна слика за ликовите, нивниот карактер, чуствата а и нивната реaкција во одредена ситуација. Дефинитивно би сакала да прочитам уште некоја нејзина книга.
    На почекот писателката само не воведува во приказната. А со текот ни го открива и целиот заплет. Поучна книга за тоа колку може да не излаже надворешниот изглед и колку лесно можеме да попаднеме во неволја од која тешко можеме да се извлечеме. Успеано е да се покаже вистинската слика за човековата психа и нејзината суровост, каде што совеста не "работи".
    Опишувањето на ликовите ми помогна полесно да се соживаеам со целата книга и да можам да се ставам на местото на Кетрин. Ми се допаѓа што овде е опишана како храбра личност која успева да ги намине своите стравови а воедно и својот најголем страв, Ли. Борбена и сака да ја превземе контролата врз својот живот. А во тоа и помага и нејзиниот сосед, кој на крајот и станува сопруг и кој е психолог.
    Во глобала, од се сум задоволна, но не и од крајот. Книгава не заслужува ваков крај. Не во смисла на тоа како завршува книгата, туку на начинот на кој е доловен крајот. Некако како целиот да беше напишан за што побрзо да заврши книгата.
    Па поради тоа мојата оцена за книгата е 9/10.
     
    На summersunset, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Снежното дете од Ејовин Ајви
    Сакате мисетрија?Сакате книга која откако ќе ја прочитате можеби ќе се намовнете или пак ќе ја чувствувате магијата?Една добра работа за книгите е што тие и не завршуваат.Сеуште се случуваат дејства во нашите глави ако книгата била феноменална по наш вкус.Во оваа книга двајца луѓе,то ест маж и жена на возраст од 50 години се во брак и сеуште немаат дете бидејќи еднаш имале,ама се родило мртво.Затоа отишле дури до Алјаска и со првиот снег си направија снежно девојче.После неколку недели се појавува тоа девојче,но овој пат девојче како девојче од крв и месо,а не од снег.Но што се случува на крајот од книгата со тоа девојче кое себеси се нарекува Фаина?
    Епа прочитајте и самите дознајте ;)