1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Everlost - Neal Shusterman

    Заглавив малку со книгата. Приказната ми беше подетска некако, ми требаше време да ја сварам. Ама до крајот ми легна и ме заинтересира доволно да ги прочитам останатите две книги и да видам како ќе се заврши патувањето на Али и Ник.

    Помеѓу животот и смртта постои еден свет во кој заглавуваш ако не стигнеш до крајната дестинација, Светот се вика Everlost. Во него заглавуваат само деца, најверојатно зашто нивните родители не можат да ги пуштат да си одат од преголема тага. Децата во Everlost остануваат исти како што пристигнале. Само што по некое време спомените им се губат, забораваат како се викале, како изгледале... А штом тоа ќе го заборават изгледот им се менува и почнуваат да изгледаат според сликата што ја имаат во својата глава.
    Во овој свет има чудовишта, има деца кои само наликуваат на ангели, но сепак оперираат поради некоја своја пропаганда. Има деца кои само што пристигнале во светот и се целосно збунети, а има и деца кои веќе се со години и години таму и се деца само на изглед.

    Како и секоја книга на Нил, и оваа е со повеќе слоеви. Но некако не ми делуваше сериозно, можеби и затоа не ми остави толкав впечаток како Unwind. Да беше малку помрачна, ликовите да беа малку повозрасни можеби ќе беше многу подобра.
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Странецот - Албер Ками

    Исто како и во ,,Недоразбирање‘‘ и овдека Ками не ме разочарува.Во стотина страници напишана книга, која потоа доста остава простор за размислување.

    Мерсо ми е некако посложена личност, а сепак толку добро обработена.Некако и индифирентноста ми се проткајуваше.Де на моменти нему му е сеедно, де како одговор му служи кратката негација не, а некогаш и се воздржуваше од одговарање на глас, но во себе веќе си имаше формирано став.На одредени моменти смета дека умирањето на мајка му е сосем природна појава, а на други моменти како да му недостасува.Па уште и тоа негово повторување дека излез нема, кое произлегува од советот на болничарката.Тука се согласувам целосно, може и целиот проблем лежел во неговото семејство.Имаше и дел каде самиот кажува дека мајка му немала потреба од него, ниту тој самиот од нејзе.Оттука, се гледа дека му недостасува таа емоционална поврзаност, која никогаш не се надокнадила.Е токму ова, влијаело врз формирањето на неговата личност и поставување како човечка единка во општеството.

    И времињата малку се измешуваа, кога таман ќе си помислиш дека е во сегашно, потоа веднаш следува некое минато време.Немам никаква замерка за ова, напротив, баш ми се допадна.

    ,,За да се заврши конечно се‘, за да не се чувствувам толку осамен, ми остана да посакам на денот на моето погубување да има многу гледачи и да ме дочекаат со повици на омраза...‘‘
    Ако досега бил странец, сега барем на крајот копнее да биде опкружен со толпата луѓе.

    Чиста 10-ка (y)
     
    На Lavina :), Hipica и Marossa им се допаѓа ова.
  3. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.410
    Пол:
    Женски
    lejla_medznun.jpeg

    Prikazna za edna zabraneta ljubov, za eden covek koj zaradi svojata sakana lugjeto nema da go vikaat po svoe ime tuku site go znaat kako Ludakot. Ona sto mene mi se dopadna se ubavite opisi na mesta, lugje i toa kako so zborovi avtorot go dolovuva sekoe cuvstvo, bolkata i tagata koja i dvajcata ja cuvstvuvaat.
    Bi ja preporacala samo na onie koi sakaat ljubovni prikazni so dlaboki i cisti emocii.
     
    На kolumnistot, Winter Lady, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.745
    Пол:
    Женски
    Двојничка од Тес Геритсен.
    upload_2015-7-3_14-37-1.png
    Книгата е нешто феноменално. Обично го велам тоа за секоја книга која ми го зема здивот е сега не знам дали книгата беше толку добра или ради матура, учење ова- она немав читано па секоја книга по толку време ми го зема здивот.
    Се работи за д-р. Мора Ајлс која е форензичар, од Бостон. Враќајќи се од деловна работа се соочува со тоа дека во нејзино сосетство било извршено немилосрдно убиство и се доаѓа до заклучок дека тоа било извршено врз нејзината сестра која не знае дека постои зошто тие од раѓање биле разделени (двете потоа посвоени од различни фамилии). Мора Ајлс професионално се занимава со мртовци. Како судски патолог во голем град, секој ден се соочува со многубројни лешеви, од кои голем број се жртви на убиства. Но, никогаш претходно и се немаше смрзнато крво во жилите и никогаш порано изразот „скината глава“ не и звучел толку вистинито. Затоа што порано безживотното тело врз масата за обдукции не било нејзиното.

    ^Искомбинирав малце со краткиот опис назад на книгата зошто обично излевам многу информации. Накратко нешто прекрасно, буквално неколку пати се враќав наназад за да пробам да видам да решам „случајот“ пред нив.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон
    Книгата има 500 страни а јас ги смачкав за неполни 3 дена. Прекрасна книга, која што на почетокот не ветува многу но понатаму е навистина интересна. Една толку моќна девојка со тетоважа на земј на грбот, која што е исфрлена од општеството, а таа е многу храбра. Во план сум да го прочитам и вториот и третиот дел ме освои Лизабет.
    Ви препорачувам на сите кои не сте ја прочитале, земете ја уште во првата прилика вреди многу.
     
    На Agatha, kjukli, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Everwild - Neal Shusterman

    Далеку подобра од првата книга. Во вториов дел од Skinjacker Нил им дава сосема друга димензија на ликовите. Страшен е човеков значи. Не можев да се одлучам дали е ликот добар или лош, дали неговите гледишта се исправни, како јас би постапила. Кој е всушност негативецот во книгава и дали постои таков? Сите се убедени дека делуваат исправно и морално, дека нивниот начин е тој што е добар и дека треба така да биде. Но дали е така? Кој е во право?


    Едвај чекам да видам како ќе се сумира приказната, а судејќи од досегашните прочитани книги од Нил Шустерман нема да останам разочарана.

    “Heaven might shine bright, but so do flames.”
     
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Чекајќи го Годо - Семјуел Бекет

    Трагикомедична драма, сместена во два чина.Се чека нешто, но што? Е богами, и двата лика (Естрагон и Владимир) не знаат :lol: Шала на страна, има доста интересни реплики од нив.Им се придружува и Поцо заедно со неговиот слуга.Не ми се допаѓаше однесувањето на Поцо, ко демек стоењето на повисоко скалиште му дава право на малтретирање врз неговиот слуга.Следи вториот чин, а овдека нема многу промени, претежно монотоното одвивање, истите ликови како и претходно, само со некои измени.

    Малку да прокоментирам за исчекувањето.Од кажувањето на момчето и описот кој го дава (кое се појавува двапати, при крајот на секој чин), се аплаудира на Господ.Самите главни ликови, впрочем и ништо не прават.Самите чекаат од некој трет (во случајот Годо) да направи нешто.Комуникацијата меѓу нив, сведена и под просекот, а за останатите двајца би рекла дека и преку нив е прикажано она што го носи времето (неизбежната судбина на секој еден од нас).На оваа теза како поткрепа го издвојувам делот каде Пецо вели:
    ,,До кога мислите да ме давите со тоа ваше проклето време? Тоа е одвратно! Кога! Кога! Еден ден, зарем тоа не ви е доволно? Еден ден, како што се сите други, тој онеме; еден ден, јас ослепав; еден ден оглувевме; еден ден сме родени, еден ден ќе умреме, истиот ден и истиот час - зарем тоа не ви е доволно!?‘‘

    10/10
     
  8. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2015-7-5_11-22-36.jpeg

    London 1910
    Petnaeset godisnata Belle zivee vo bordel koj go poseduva nejzinata majka. Taa e svedok na ubistvo koe sto se slucuva vo edna od sobite i toa ke ja iskomplicira situacijata.
    Zivotot ke ja odvede vo New Orleans kade ke nauci da go uziva zivotot na kurtizana.
    Dali ke go najde patot do doma i vistinskata sreka e na vas da otkriete....

    Ubava erotska kniga so silni emocii i opisi na sceni, ponekogas upotrebeni i vulgarnosti opisani na povisoko nivo.
    Knigata e malku podolga, okolu 600st., lesna za citanje, polna so interesni nastani koj se pretopuvaat eden vo drug.
    Mojot rejting e 4.7/5
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Вероника реши да умре - Пауло Коелјо

    Забележав дека сите мислите дека книгава е одлична. Мене не ми остави толку впечаток, можеби бидејќи приказната не ме заинтересира многу, а и досадниот почеток, поради кој ми беше ставена на пауза книгава долго време. Мислам дека оваа книга не требаше да ја читам сега, туку малку понатаму кога ќе пораснам повеќе :D Сепак вчера запнав да ја завршам и ете денес сум готова, и морам да признаам дека не е толку лоша како што мислев. :wasntme: Интересен пресврт има на крајот, а и приказната на шизофреничарот Едвард ми го задржа вниманието, мислам дека само за да ја дознаам неговата приказна ја довршив книгата :$ И не сум згрешила.
    Добра идеја има книгата, дека треба да го живееме секој миг, не се знае кога смртта ќе ни затропа на врата. И дека поинакви (луди) се оние кои не се приспособиле на „нормалното“, кое пак е предмет на договор, на мислењето на мнозинството.
    Си извадив неколку добри цитати од книгава, интересно дело воглавно, само не е my cup of tea и е малку развлечена. :angel:
    Инаку, не би земала нешто друго од Коелјо, барем не во блиска иднина. :)
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    ќерката на мојата најдобра пријателка-Дороти Кумсон

    ремек дело! уште една прекрасна книга од Дороти жената ми е омилена .
    книгава е тест на пријателството и довербата
    две другарки што се заедно од мали нозе пораснуваат и стануваат успешни жени подоцна настапува кулминацијата кога дечкото ќе ја изневери со нејзината најдобра другарка и ќе остане бремена во меѓувреме ,таа е тешко болн..
    да можеше 15/10 би и дала :D
     
    На cresa-jagoda, crazylady, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Everfound - Neal Shusterman

    Завршив со последната книга од трилогијата. Ме нервираше малку што беше непотребно толку долга, 500 страници, а можеше да комотно околу 350. Имаше доста повторувања од претходните две книги, нешто што очигледно Нил успеал да го усоврши во Unwind.
    Сепак, задоволна сум од завршетокот, оди многу длабоко книгава и иако е далеку од реалноста, сепак разгорува некои длабоки прашања за доброто и лошото...

    Оваа трилогија има 3/5, поради ликовите кои се фантастично изградени, поради стилот на пишување, но губи поради повторувањето и монотоноста. Unwind серијалот е сепак многу, многу подобар.
     
  12. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Само што ја завршив "Само најсекси маж што постои" од Џули Џејмс.Лесна книга за пополнување на времето и "ладење " на мозокот. Не сум многу воодушевена од книгата поради стилот на пишување-премногу предвидлив,а и плус се разочарав од крајот. Ги замислував ликовите многу помлади :P

    Пред неа ја прочитав "Скриена во најмрачниот агол" од Елизабет Хејнс.За целото дејство да е поинтересно, според мене,слободно можат 100 страници да се исфрлат, а содржината да не е изгубена.Добар пример за љубовните илузии на жените :)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Opportunist (Love me with lies 1) - Tarryn Fisher

    По три години Оливија ја сретнува својата најголема изгубена љубов во музичка продавница. Толку поминато време, а сепак кога го здогледува чувствува наплив на истите силни емоции. Како да беше вчера. Таа знае дека Калеб нема да и прозбори, немаат проговорено ни збор во сите тие години, но тој ја погледнува, се насмевнува и за некое чудо и прозборува. Зошто? Одговорот доаѓа по некоја минутка. Калеб имал сообраќајка и го изгубил сеќавањето. И Оливија сега има шанса да помине повотрно некое време со него, барем додека не му се врати сеќавањето на сите одвратни работи кои таа ги имаше направено и да ја замрази повторно...

    На почетокот ми делуваше како некоја клише приказна, како нијансите на сиво, ама понатаму се оттргна од стереотипите. Да, има згоден, богат маж, да, има совршена на изглед девојка, една љубовна приказна, ама тоа е само на површината. Под неа се кријат одвратни работи.
    Оливија е убава жена од надвор, а скапана од внатре. Додека читав ми се гадеше од некои избори што ги направи, лаги што ги кажа...

    Книгава не се остава. Не е обемна, нема некои досадни детали, се чита за кратко време и во еден здив. Ликовите ми се освежување, може и ги мразев, си мислев на моменти каква кучка за Оливија, ама се многу реални на некое ниво. До каде вие би оделе за да го вратите мажот на вашиот живот, оној без кој сте само една празна школка, оној кој е вашата дрога и после секое гледање копнеете за вашата следна доза?

    “You can only give your heart away once, after that, everything else will chase your first love”

    “Life always keeps moving, even if it has to drag you along, kicking and screaming.”
     
    На MacenceEna и 1209 им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Dirty Red (Love me with lies 2) - Tarryn Fisher

    Не знам дали до сега сум читала книга во која сите ликови ми биле одвратни. Тука е таков случајот. Нема позитивен лик со морален компас. Лаги, измами, предавства, само да се дојде до тој што се сака.
    Вториов дел е раскажан од Леа, валканата црвенокоса, соперничката на Оливија. Себично суштество до крајни граници. Не можев никако да ја разберам. Толку се бори за мажот што наводно го сака, а не е воопшто среќна со него и се преправа дека е некоја друга. Нејзините мисли беа чиста спротивност со верзијата која ја претставуваше на Калеб.

    Мислев дека Калеб е позитивецот, ама... Треба човек да оддава некакви вибрации за да привлече такви змии околу себе.

    Баш сакам да видам како ќе се разреши приказнава, може ќе се убијат сите меѓу себе зашто не можат да поднесат едната да го има другиот.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Thief (Love me with lies 3)- Tarryn Fisher

    Не беше лоша и третава книга. Солидна завршница, во склоп на приказната. Сите и тука исто си тераат, секој за себе и секој за своето.
    Добра трилогија, нетипична за овој жанр, излегува од рамките на boy meets a girl, girl meets a boy...
    Се потрудила авотрката да ги обликува карактерите, да не бидат еднодимензионални.
    4ка за целата трилогија, ви ја препорачувам доколку сакате несовршени ликови, или едноставно, човечни.

    “Let me carry you out. I'll never let you touch the ground. I was made to carry you, Olivia. You're fucking heavy with all of your guilt and self-loathing. But, I can do it. Because I love you.”

    “You couldn’t get rid of the past. You couldn’t ignore it, or bury it, or throw it over the balcony. You just had to learn to live beside it. It had to peacefully co exist with your present. If I could figure out how to do that, I could be okay.”
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Приказната за Мурасаки - Лајза Делби
    Воопшто не ми се допадна!!! Премногу еднолична, спора, без акција... Има убави описи, но премногу... Целата приказна можела да се раскаже на 50 страници, па неморала авторката да напише дури 500!!!
    Ја прочитав до крај затоа што никогаш не оставам книга недочитана!!!
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Најдоброто од мене од најдобриот Николас Спаркс
    Дали љубовта е вечна?Дали таа може да живее и после смртта?Дали две души можат да се пронајдат каде и да се?Дали можеш да го дадеш најдоброто од себе?
    Да,може се и тоа како.Прочитајте ја оваа книга и ви гарантирам ќе ви остани во долго сеќавање и ќе сакате повторно и повторно да ја читате.А потоа погледнете ја и филмската верзија на книгата.
    Како и секогаш,ми се допаѓа се што ќе напише најдобриот според мене автор на љубовни книги,Николас Спаркс.Секоја му чест за оваа книга.:bow:
    Одвај ја очекувам и на македонски превод Најдолгото патување,според која е и снимен филм кој го гледав засега 2 пати и уште многу пати ќе го гледам-The Longest ride со улога на Скот Иствуд и Брит Робертсон,но и 13ти октомври ќе излезе во продажба и неговата најнова книга See me
    :inlove:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Those Girls - Chevy Stevens

    Една од најлошите книги за годинава. Убедливо. Од Шеви Стивенс имам само една прочитано, Still Missing ми се чини беше, што не беше толку трагична, само крајот ме изнервира, ама оваа книга... Ужас.

    Да почнам од стилот на пишување кој беше премногу детален. Ја зема чашата, ја стави таму, ги дигна садовите, бла, бла, што еден трилер го прави страшно досаден. Целата приказна беше обратно свртена. Веднаш се дознава што се случило и немаш понатаму што да очекуваш. Многу подобро ќе беше вториот дел да беше прв, па да се откриваа работите.

    Ликовите беа очајни. три сестри, еднодимензионални ликови, немав никакви чувства за ни една од нив. Сосема сеедно ми беше што ќе им се случи. Патетични, очајни...
    Не можев понатаму да преминам и преку глупавите одлуки кои ги донесуваа, не ми беа ни веројатни.
    Крајот беше повторување на почетокот. Кој и така беше досаден.

    Апсолутно не ја препорачувам книгава, не вреди да се троши време на неа.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    ^ Мене и женската од Still Missing ми беше премлитав лик некако... убава приказна, драматична се` тоа, ама градењето на ликовите малку е утнато. Мајка и` и другарката сто пати подоловени ми делуваа.

    Он топик: „Лолита“ од Набоков. Одамна сакав да ја прочитам, ја меркав, истражував за приказната којашто служела како инспирација, ама баш книгата не ја фатив во раце. Jа прочитав во два дена, а обично се влечкам со книгиве, тоа ми е како некој ритуал. Неверојатно е како е напишана, со оглед на тоа што англискиот не му бил мајчин јазик. Многу ми беше впечатлив оној момент на крајот
    кога Х.Х. реши за првпат да прекрши сообраќајно правило без некоја посебна причина и колку иронично, за тоа и го фаќаат на крај. Слични моменти сум приметила во повеќе книги кадешто главните ликови се злосторниц.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Little Black Lies - Sharon Bolton


    Мирниот и идиличен живот на еден од Фолкландските острови се претвора во кошмар кога исчезнува мало дете. За брзо потоа да им се изгуби трага на уште две деца. Жителите на островот се убедени дека случаите се поврзани и дека меѓу нив има сериски убиец.

    Книгата е поделена на три дела, а приказната е раскажана од три ликови. Има некои делови што се повторуваат, но главно раскажувањата се надополнуваат.

    Одамна немав читано некој добар трилер, ми требаше нешто вакво. Жал ми е што премногу ја развлеков заради обврски, вакви книги заслужуваат целосно да им се препуштиш и да ги прочиташ во еден ден. Можеби ќе најдев некои нелогичности, можеби и ќе предвидев некои работи, ама не можев толку да ја анализирам и да фаќам забелешки во глава бидејќи ја цепкав. Единствено последната третина ја прочитав во еден здив, ме остави без спиење до сабајле. Ама морав да прочитам што ќе се случи, премногу беше интересно и неизвесно! :)

    Ја препорачувам на сите љубители на трилери.
     
    На 1209, cresa-jagoda, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.