1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    20150508-recenzija-na-knigata-maliot-princ-antoan-de-sent-egziperi-1.jpg


    Најпознатото дело на Егзипери , Малиот принц . Позната ни е на сите . Втор пат ја читам и мислам дека нема да биде последен. Она што ме воодушевува во книгата е оној елемент на едноставност кој доминира и во тонот и во стилот во кој се раскажува.
    Класика.
     
    На lunicka, nati44, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Archer's Voice - Mia Sheridan

    Книгава има 4.52 рејтинг на гр од речиси 39.000 читатели.
    Јас за жал сум во малцинството и не сум толку одушевена.

    Бри донесува брза одлука да избега од своето родно место од кое има доста лоши спомени и се сели во мало гратче за да најде мир. Кога се сместува во гратчето, оди до продавница, но намирниците и се истураат точно пред еден чуден човек со долга коса и брада која му го покрива поголемиот дел од лицето. Таа му се извинува, но тој не проговорува ништо, само чудно ја гледа и се свртува да си оди. По мало распрашување дознава дека името му е Арчер и дека е нем. Или глув. Или малку ментално заостанат. Никој не знае со сигурност бидејќи Арчер си држи до себе и не се социјализира. Но, Бри чувствува некоја чудна привлечност кон него и, нормално, му се замешува во животот.

    Потресна е приказната на Арчер, иако мене ми беше малку неверојатна и не ми се вклопуваше добро. Арчер како лик на моменти ми делуваше како мало детенце, а Бри постојано го опишуваше како најсекси и најубав маж, па не можев баш да си ја сложам сликата во глава целосно.

    Премногу секс сцени, ај првата океј беше, се искористи изградената тензија, ама понатаму се повторуваа, станаа прилично досадни и монотони. Плус што трае страници и страници...

    Пишувањето не беше баш најсјајно, имаше некој чуден склоп на речениците, зборот beautiful беше употребен пет пати на една страница за описот на Арчер и ми стана смешно дури. Добро, сфативме, преубав е типот.|(
    Да не кажувам колку пати на неа и беа гаќите жива вода.

    2.5/5 и давам на книгава, чисто зашто ми го задржа вниманието и ме тераше да читам понатаму.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Chemistry of Death - Simon Beckett

    Доктор Дејвид Хантер се сели од Лондон во мало, мирно селце откако доживува лична трагедија. Во ова мало местенце се обидува да го најде својот мир. Првично планира да остане 6 месеци, но поради сплет на околности останува таму многу подолго.
    По три години без некои посебни настани се случува нешто што го поместува селцето од својата нормална рутина. Две момчиња наоѓаат тело во шумата. Телото е непрепознатливо и веќе во напредната фаза на распаѓање. Но за жал, убиствата не застануваат тука. Ова досадно и монотоно селце има изгледи да биде потресено од лудачки чинови на сериски убиец.
    Која е улогата на докторот во сево ова?

    Стара, добра whodunnit мистерија. Ги има сите добро познати елементи, ама сепак не успеав да погодам кој е убиецот и бев прилично изненадена на крајот. Ликовите се добро изградени, приказната тече без никаков прекин и не се испушта книгава од раце. Топло препорачувам за љубителите на овој жанр.
     
    На MacenceEna, Mishela, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  4. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ангели и Демони
    Почнав со Ден Браун и мислам дека ќе прочитам се што напишал човекот. Стилот, приказната, мистериите. Никогаш не ги замислував науката и религијата како едно, но книгава едноставно допре до мене. Еден од подобрите расплети што сум ги прочитала :clap::inlove:.

    Ако не постои утре - Гијом Мисо
    За разлика од ангели и демони, оваа книга го имаше еден од полошите расплети. Целата приказна со Кејт и Метју имаше смисла, беше добра и интересна за читање но после толку реалистични краеви на книгите на Мисо, овој целосно ме разочара. Освен крајот, ми се допадна.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Загубениот симбол - Ден Браун

    Brown, you rocked it, again. :bow:Немам зборови за книгава, како и за секоја друга негова. По секоја негова книга велам оваа ми е омилена досега, но всушност на крај гледам дека не можам да изберам една и дека сум горда што на Земјава постојат вакви ремек-дела. ОК, отидов предалеку. :rofl:
    Малку сум тажна бидејќи само уште една книга ми останува со Роберт Ленгдон, ќе ми фали овој надпросечно интелигентен клаустрофобик, го обожавам, омилен лик ми е од сите книги што досега сум ги прочитала. Ако ништо друго Ден Браун дефинитивно одново ме заинтересира за историјата, друштвата, релиигите, мистериите...
    Што се однесува до книгава малку се разочарав што не спомна што стнало со Софи од Кодот на Да Винчи, ептен ме интересираше, бидејќи Софи ми е омилена од трите негови џенцки досега 8-|. Во книгава најкомплексен ми беше ликот на Мал'ак, признавам дека не знаев дека е
    синот на Питер Соломон.
    Патем, оваа Ноетска наука навистина ме заинтересира, на почеток прочитав дека навистина постоела, ама не се спомува дали откритијата на Кетрин се навистина точни. Ако е така, богами, уф. :x
    Не знам дали е потребно да давам оценка на книгава, и онака 10 е премалку. :D Ден Браун, фала ти многу! :hug:
     
  6. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Нов почеток - Тони Парсонс
    Лесно четиво, но очекував малку повеќе. Немам многу зборови за книгата. Не ме восхити, нити ми беше предизвик да ги вртам страниците..
    Полицаецот Џорџ добива можност одново да го живее својот живот. По срцевиот удар, добива ново срце и неговиот живот се менува. Тој се менува. 7/10
     
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Катедрала на морето Иделфонсо Фалконес
    Преубава книга за изградбата на катедралата Санта Марија дел Мар во Барселона преку животот на главниот јунак.

    Девојката од возот-Пока Хокинс
    Издание на Топер.
    Интересна е,брзо се чита.За една девојка која по игра на случајноста од пасивен набљудувач,се наоѓа во центарот на злосторството.
     
  8. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Илјадници ќе паднат- Сузи Хазел Мунди
    Многу добра книга..
    Во периодот од втора светка војна едно адвентистичко христијано семејство се бори за живот заради своето верско убедување..
     
  9. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Однесувајте се како дама, размислувајте како маж - Стив Харви и Денен Милнер
    Па книгата е полна со совети и примери кои укажуваат што мажите мислат за љубовта и врските и како да знаете дали сте девојка за забава или за сериозна врска.Како да не бидете играчка во раците на мажите итн.
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    "Ако не постои утре..."
    - Гијом Мисо
    Ги имам речиси сите дела негови(по изборот на сестра ми), но ова е мое прво дело негово прочитано зошто бев насочена на други жанрови, а и писатели спротивни сосем од Мисо.
    10/10
    Одлична тематика, се' е супер, не се случува ништо и само во еден момент доаѓа хаос, бура.
    Малку криминал, малце убиство, малку љубов. И пред се' паралелни светови.
    Уживав. Книга ја сметам за книга само ако тие 400 страници ги прочитам во еден ден.
    Тој што сака малку драма и неизвесност од почеток до крај ќе ужива во книгава несомнено!
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Postman Always Rings Twice - James M. Cain
    Книга за страсната афера меѓу една незадоволна сопруга и млад маж кој случајно влетува во нејзиниот брак. Има само еден проблем - нејзинот сопруг. Двајцата љубовници почнуваат да кројат планови како да се ослободат од него.

    Мислам дека скоро сите слушнале за „Поштарот секогаш ѕвони два пати“. Ако не за книгата, тогаш сигурно за филмот кој е класика. Зборувам за оној од 1946. Јас случајно ја најдов книгава, барајќи друга која има postman во насловот. Брзо се чита, не очекував да е толку кратка. Ама е интересен спој на љубов, страст и грев.

    Necessary Lies - Diane Chamberlain
    Чемберлен како и секогаш - многу ликови и паралелни приказни кои потоа се спојуваат во една. Necessary Lies ги следи 15 годишната Ајви која живее со својата баба и сестра на фарма за тутун, и младата Џејн која е социјален работник и редовно го посетува нејзиното семејство.
    Бидејќи ја читав после The Postman Always Rings Twice, некако ми дојде комплексна, со многу ликови, настани и приказни. Ама сега не би рекла дека е толку сложена и обемна. Добар стил на раскажување, убаво изградени ликови и непредвидливи случувања. Освен некои ситници за кои претпоставив дека ќе се случат, целата книга ми беше изненадување. Макар што, не се оптеретував толку со оваа книга, едноставно ѝ се препуштив на приказната. Ми се допадна во целост, освен некои сосема мали работи кои не ми беа по мерак.

    The Woman Before Me - Ruth Dugdall
    Самата корица gives me the creeps :tmi: Ама не е воопшто страшна и морничава.
    Ја раскажува приказната за младата Роуз Вилкс - растроена жена која не може да се помири со смртта на нејзиниот син кој умира три дена по раѓањето. Барајќи утеха, таа се приврзува за Лука - син на нејзината пријателка. Деновите поминати со него ја лечат нејзината болка. Но, се случува трагедија во која умира Лука. Роуз ја чека уште потежок период од животот кога завршува зад решетки, бидејќи е единствена осомничена за неговата смрт.

    Интересна книга, во која паралелно е дадено раскажување во трето лице и раскажувањата на Роуз. Кога ги читав нејзините делови, некако ме следеше меланхолија, ми даваше некое такво чувство. Не ја предвидов ни оваа, крајот ми беше сосема неочекуван. Некои делови не ми се допаднаа, мислам дека беа сосема непотребни. За некои настани не сфатив која им беше улогата. Ама затоа давам thumbs up за тоа како беше доловен ликот на Роуз, ми се чини дека целосно навлеговме во нејзините мозочни виуги. Во целина ми се допадна, им ја препорачувам на оние што сакаат психолошки трилери.
     
    На 1209 и Priroden им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Розата на Севастопол - Катерина Мекмехон

    Долго време ја одбегнував книгата во библиотека и до некаде со право. Го опфаќа периодот на Кримската војна во кој што се случува исчезнувањето на главниот карактер Роза. Паралелно следиме два периода, случувања во минатото и сегашноста. Премногу развлечено за мој вкус, единствена позитива се многуте информации за медицината во Викторијанска Англија и позицијата на жената во истата. Ликовите досадни за мој вкус, дејството исто така. Крајот развлекуван во 550 страници, а толку неодреден...
     
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    The Demon-Haunted World

    После Broca's Brain и Cosmos (Carl Sagan) уште едно ремек дело. Сега за објаснувањето science vs pseudoscience, како на лаик да му го објасниш научниот метод и како да научи да размислува критички.

    Живо ме интересираше како Саган со богатиот и многу описен речник ја објаснува тематиката. Како и секогаш, не разочара.
    Препорака за сите.

    If we resolutely refuse to acknowledge where we are liable to fall into error, then we can confidently expect that error - even serious error, profound mistakes - will be our companion forever.

    But if we are capable of a little courageous selfassessment, whatever rueful reflections they may engender, our chances improve enormously.
     
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Па што ако имам некој килограм повеќе - Мег Кебот
    Ооо ме изненади, премногу ме изненади Мег Кебот. Очекував просечна книга, лабаво четиво, а добив интересна и возбидлива приказна, непредвидлив расплет на случувања. Дефинитивно одлична книга.
    Хедер веќе не е популарната тинејџерска ѕвезда, како го губи договорот од дискографската куќа, така мајка и бега со нејзиното богатство, и го губи свршеникот. Се вработува во студентскиот интернат на Њујоршкиот универзитет, за можноста подоцна да запише студии. Но, тука почнуваат мистериите и интригите на студениот. Девојки загинуваат, се случуваат невообичаени несреќи и Хедер се наоѓа во центарот на сите овие случувања и се обидува да ја разреши мистеријата. 10/10
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, nati44 и Lella им се допаѓа ова.
  15. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Спаси ме - Гијом Мисо
    Ја прочитав за 3 дена, ми го задржа вниманието и ми се допадна. Малку предвидлива но сепак интересна. Се заљубив во Метју прекрасен ми беше. Кхм се почесто се заљубувам во ликови од книги :tmi:.
    Мисо малку претера со мрачните мината на главните ликови во лоши квартови, не е интересен веќе.
     
  16. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    Џули Џејмс - Во врска со онаа ноќ

    Интересна книга која брзо се чита. Ама сепак сметам дека ликовите се недоволно изградени а и преводот на македонски беше многу лош.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Прочитај ги и останатите нејзини книги. Добра е. Инаку да преводот е тотално катастрофален, ретко некоја книга ми оставила добар впечаток со преводот.
     
  18. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    На англиски ќе ги читам, не ги можам преводите на македонски.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Never Never - Colleen Hoover, Taryn Fisher

    Баш ми е жал што морале да расцепкаат една книга во три продолженија, кој ќе чека сега до третиот дел.
    Инаку интересно книгиче, ме заинтересира доволно да го чекам со нетрпение следниот дел.

    Чарли ја запознаваме додека е во училиште, но таа нема поим како се нашла таму, која е и како се вика. Не знае ништо за себе и не знае што со себе. Во друг дел од истото училиште Силас го доживува истото губење на меморијата. Како се двајцата поврзани, зошто им се случува ова се обидуваат и самите да дознаат.

    А и јас ќе треба да чекам за да дознаам до 2016.

    Flat-out Love - Jessica Park

    Книгава ми беше едно одлично изненадување, Интелигентно напишана, досетливи и хумористични дијалози, интересни ликови...

    Џули се сели во Бостон за да оди на колеџ, но станот во кој треба да живее не е тоа што треба да биде. Без никој познат, без место за живеење, мајка и се поврзува со своја пријателка од колеџ, Ерин, и Џули оди да престојува со нејзиното семејство додека да се снајде.
    Навидум функционално, интелектуално семејство, но полека Џули открива колку всушност проблеми се кријат под површината.

    Ерин е отсутна мајка, не толку грижлива во поглед на своите деца.
    Роџер, нејзиниот маж е често на бизнис патувања.
    Мет е geek. често над својот компјутер, без некој социјален живот.
    Фин, братот на Мет, е на патување и ретко кога доажа дома.
    Селест, нивната тринаесет годишна сестра, е се само обична тинејџерка не. Зборува како да е излезена од Викторијанската ера, се облекува уште почудно, а најчудно е тоа што каде и да оди носи каротнска верзија од својот брат Фин.

    Џули се обидува додека се справува со своите проблеми да им помогне некако да ги надминат нивните.
    Навистина топла приказна, иако нема некоја мистерија, мене веднаш ми стана јасно за што се работи, сепак не можев да ја оставам книгата и морав да видам како ќе се решат работите.

    Џесика Парк сама ја има објавено книгата и за таков подвиг навистина завршила одлична работа.
     
    На MacenceEna и do-re-mi им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Left Drowning - Jessica Park

    Каква разлика од книгата погоре, просто не ми се верува. Како друга жена да ја пишувала. Толку клише и предвидлива книга одамна не сум прочитала. Тука негде е со 50 нијанси, само во YA верзија.

    Инстант љубов, главните ликови имаат неопислива и необјаснива врска, ама ете, љубов е бре, ни зошто, ни како, ни карактерна позадина... Толку лошо напишана, предолга, со работи што се повторуваат, не знам ни како ја дочитав.

    I don't believe in God, but i believe in you Chris.

    Сериозно? Не знам како на толку луѓе им се допаднала книгава, ама не ме ни чуди со оглед на тоа колку е популарна книгата со која ја споредив.
    Секс, секс, секс... На толку страници истото. И оваа во книгава беше девица, нели потоа веднаш се претвори во секс зависничка, најдобра во кревет и штотијазнам.|(|(

    Нормално, сите ликови се психички оштетени, поминале низ толку глупости, мачења, трауми и сега се обидуваат заедно да си ги залечат раните, ама ох, они се толку силни, ќе успеат заедно, можат заедно, ах трагедии...;(

    Имаше доста нелогичности, пресвртот што демек требаше да биде нешто wow, беше предвидлив уште негде на почетокот, ме изнервира уште толку.
    Одвратна, патетична приказна со уште попатетични и неверојатни ликови.
    Ми делува дека е напишана само за пари книгава, само да се нахрани народот со едно просто, порно четиво. 0/5.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.