1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Follow you home-Mark Edwards
    Книгата започна интересно и мрачно, напнато, за потоа да се развие во бледа приказна,
    Ликовите некако ми беа површно опишани, не можев да навлезам подлабоко во нивните карактери и да ја осетам таа тага и страв кој им останале после траумата.Целата приказна се одвиваше брзо и површно и не ми оставаше време да се внесам во неа подлабоко.Сите настани беа само како нафрлани, без притоа околу нив да се изгради сцена.

    Треба да е мистерија, драма и крими приказна, но не предизвикува такви емоции.
    Приказната се врти околу брачен пар кој тргнува на патување и притоа се соочува со трагедија која ќе им го растреси секојдневието и ќе ги смени како личности.Стравот ќе ги следи дома и ќе ги стави во искушение дали ќе можат да останат еден покрај друг после тоа што го виделе и направиле.

    Вака накратко стварно звучи како добра приказна и всушност има добар скелет, интересно сценарио и интересен заплет, но сето тоа не е добро спакувано за да можам да кажам дека е добра книга.

    Сепак може да се прочита, за онака бош денови кога нема што да се прави.

    Little black lies-Sharon Bolton

    Приказната е за жена која трагично ги губи своите деца во сообраќајка за која е виновна нејзината најдобра пријателка.Дејствието се раскажува од три различни ликови и три гледни точки.
    Откако ќе поминат три години од смртта Кетрин од петни жили се труди да продолжи нормално со животот, продолжува да оди на работа и да ги врши секојдневните обврски, но сепак трагедијата и болката ја следат во секој чекор.Нејзиниото секојдневие ќе добие малку значење која во малото градче ќе исчезне мало дете, а потоа ќе сфатат дека тоа не е единственото кое исчезнало во текот на годините, таа ќе ги поврзи работите и ќе сфати дека се работи за дело на сериски убиец.

    Приказната задржува внимание, потресна е и мистериозна.Ликовите се супер изградени, јас на моменти ја чувствував болката на Кетрин, толку добро авторот ги има доловено емоциите на една мајка која ја загубила вербата во животот после најлошото нешто што на еден родител може да му се случи.
    Заплетото е интересен, а крајот уште повеќе, ептен неочекуван ми беше и не можев да го предвидам.

    Се на се добра книга, ја препорачувам.

    Big little lies-Liane Moriarty

    Книгава ми беше ептен забавна, приказна за три жени, нивните маки, среќни моменти, нивните стравови и нивното секојдневие.
    Меделин е мајка на три деца, две од сегашниот сопруг и една ќерка од поранешниот кој ја оставил да се грижи долго време сама за неа, како самохран родител.Таа е слатка жена, домаќинка, сокер мам како што ги велат американциве.Паметна, темпераментна, сака да дели првадина, не трпи лошо однесување и е заштитнички настроена кон послабите од неа.
    Џејн е самохрана млада мајка која решава да се пресели во нов град и да почне нов живот со својот син, за да избега од трауматичниот настан кој ја следи и кој и го дал синот, таа ќе и стане заштитеничка на Меделин и една од најдобрите пријателки, како нова во крајот и многу помлада од мајките на другите деца се труди да се вклопи во околината и да се справи со обвиненијата дека нејзиниот син е насилник и тајниот страв дека можеби тоа е вистина.
    Сесил, жена на прекрасен маж и две машки близначиња, совршена куќа, совршено семејство, патувања, пари.Таа е прекрасна и појава како од насловна страна.Но нејзиниот брак и не е така прекрасен и таа има секојдневни стравови со кои не знае како се справи, таа е најдобра пријателка на Меделин и добра пријателка на Џејн.
    Во текот на дејствието се раскажува за убиство, кое се случило на школски настан, паралелно со испрашување на родителите, се раскажува и секојдневието на родителите.

    Иако се зборува за убиство, приказнава е посекојдневна, баш онака американска, знаете со лигави посесивни родители, нападни американски мајки, афери, разгалени деца и така.
    Лесна е и читлива, ликовите стварно убаво и длабоко се изградени и супер ми беше.
    Ја препорачувам.

    Шангај бејби-Веј Хуј


    Книгава не е за секој, нема да му се допадне на секој читател, ама мене ми беше супер, јас сакам вакви приказни, а и сакам да читам за јапонциве и кинезививе и нивното секојдневие, ептен се несекојдневни.Нема кој знае каков заплет, туку приказнава тече онака без некоја цел, се раскажува за нивните животи, секојдневие, љубов, опсесии, секс, табу теми и сл.
    Главни ликови се Коко која е келнерка и надежен писател, живее со Тјатјан кој е уметник и илустратор, ја сака Коко со целото свое битие, но депресивен е, зависник и трагичен лик.Тие се борат да останат заедно покрај се, да се грижат еден за друг и да ги надминат своите проблеми, спонтани се и забавни, но и трагични истовремено.
    Мене стварно ми беше убава и кој сака трагедии и онака секојдневни приказни ја препорачувам.
     
    На AnaKarenina, sia.bella, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ја читав Опасен онлајн разговор - Сара Дарер Литман
    Самиот наслов кажува - девојка оди во средно и по некое време преку некоја си страна се запознава со "дечко" во кој "се вљубува" итн итн. Убава ми беше ама кога ми останаа уште 40тина страници некако досадна стана.. Иначе ја прочитав во еден ден. 315 страници, рекорд. :D :lol:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Live to Tell - Lisa Gardner

    Кај нас преведена е како Преживеј за да раскажуваш ми се чини.
    Иако имаше 400 и нешто страници ја прочитав за еден ден, морав да дознаам што се случува. Приказните на Лиса Гарднер никогаш не се едноставни, доста се разгранети и постојано те држат на готовс.

    Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и трите деца се мртви, а таткото - и потенцијален осомничен - се бори за живот на одделот за интензивна нега.

    Случајот е навидум едноставен, тешката финансиска ситуација го натерала да си го поштеди семејството од беда пред да изврши самоубиство, но детективката Ди Ди Ворен знае дека ништо никогаш не е толку едноставно.
    http://www.sakamknigi.mk/index.php/.../40917-преживеј-за-да-раскажуваш-лиса-гарднер

    Замрсена приказна со неколку слоеви што нема да ве остави да спиете додека не ја прочитате. Уште еден полн погодок од Лиса Гарднер.
     
    На kjukli, sia.bella и MacenceEna им се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Оваа книга ја купив од еден мини саем на книги.Не жалам за парите што ги дадов и не се каам.Првично си мислев судејќи според насловот дека е историска книга,нешто за Русија и Сталин,но не бев точна.Бев проближно блиску до тематиката.Всушност,да станува збор за Советскиот Сојуз и тврдењето на Сталин дека во неговата држава со изградено општество на комунизам,нема злосторства.Се' е совршено,сите го сакаат Сталин,Сталин сите ги сака,но не е баш така.Тие што беа против него беа пратени во работнички логори,односно гулаг,разделени од своите семејства.Возраста за таму да преживееш е до 30 години. Повеќето испратеници таму беа мртви,отколку да преживеале и останат живи.Пред војната имало друга војна,граѓанска.Во оваа војна премногу страдаше една од главните ликови,Раиса,која го изгуби целото свое семејство,ќе се омажи со фунцкионер во државната безбедност,Лео.Тој е всушност најглавниот лик во целата оваа книга,тој ќе мора да ја кажи вистината,тој ќе мора да се бори за правдата,иако неговото минато беше премногу тешко,потешко ќе биде на крајот...после дваесет и неколку години се соочува со својот помал брат.Да оваа книга може да намами солзи,така да топло ја препорачувам ;)
     
    На cat-woman, kjukli, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Стручна литература во последно време на репертоарот .

    Еве имав време книжулето да го прочитам, и вака вика
    Животот е една огромна лотарија во која се видливи само добитните лозови. Ти, читателе, си еден таков лоз.
    3-Devojkata-so-portokali-Justejn-Gorder-www.kafepauza.mk_.jpg

    Имало и филм, ќе го погледнам викендот па ќе пишам . Како и да е , за сите оние вечни деца со вечни прашања и потпрашања, доколку вашите родители и учители немаа доволно време и волја да ви одговорат, Јустејн Гордер можеби не ги нуди одговорите, но со сигурност ќе ве дружи во размислувањето.
     
    На Jordanovska-K и Lella им се допаѓа ова.
  6. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Нашето среќно време - Гонг Џијонг
    [​IMG]
    Секогаш кога зимам книга од библиотеката имам навика да побарам на интернет и да видам коментари за книгата, па така си оформувам мислење за истата и почнувам да ја читам. Кога ја напишав оваа книга на интернет не најдов многу коментари за неа, па така се препуштив да видам каков впечаток ќе ми остави мене. Книгата е прекрасна. Извонредно дело каде што е прикажан животот на 30 годишната Јуџонг - богата девојка која што ја изгубила вербата во бога по еден немил настан од детството, и Јунсу сиромашен затвореник, кој затворот го прави подобра личност и добива верба во бога.
    Морам да кажам дека последните 50/60 страни ме оставија со подзината уста и воедно даваат голема поука за нашиот живот.
    Топло ви препорачувам да ја прочитате. :inlove:
     
    На praski4e, kjukli, sia.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Нов Живот -Вовед во просветлување

    Без импресии. Веќе познато, дури и на ист начин раскажана.
     
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Продадена - Патриша МекКорн
    Книга која ги опишува ужасите на продадените девојчиња и страдањата низ кои минуваат во борделите во Непал.
    Плачев, многу плачев и ужасната сум. Мора да се освестат повеќе и повеќе сиромашните земји и семејствата, да се отворат очите пред хоророт кој го доживуваат девојчињата. Не заминуваат од дома да работат чесна работа, продадени се на нечесници кои тргуваат со нив.
    Книгата има 10/10 од мене. Содржината е вознемирувачка и загрижувачка. Но потребни се многу вакви книги и многу напори да се искорени тоа зло наречено бело робје..
     
    На kolumnistot и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    The Martian - Andy Weir

    Почетокот беше ептен интересен. Напнат, но сепак ироничниот хумор го задржуваше вниманието.
    Хемијата и физиката не ми се баш јаки страни, па морав полека да читам за да сфатам што сака Марк да постигне, и до некаде сето тоа беше во ред, ама после прочитана пола книга почнаа да ми здосадуваат таквите детални објаснувања. Знам дека многумина баш тој дел најмногу ги интересира, но мене лично повеќе ме привлекуваше мистеријата на Марс и борбата за опстанок минус сите формули.
    Првите два пресвртоци беа неочекувани, ама после тоа секоја нова негативна случка беше очекувана и полека импресијата почна да спласнува... веќе ни хуморот не ми беше смешен, ни патешествието низ пола планета интересно, едвај чекав да ја дочитам за да се префрлам на друга книга.
    Премногу пресврти и премногу решени проблеми, се знаеше каков ќе биде крајот.

    [​IMG]
     
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Нешто посебно интригантна не е,ама држи внимание до самиот крај.
    Трилер од Манкел,добар заплет и перипетии,од време на време. wp_ss_20151006_0001.png
     
    На CrazyOne и toogood им се допаѓа ова.
  11. vlatko spasovski

    vlatko spasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Машки
    vredi da se procita..... 20151007_194020.jpg
     
    На plava.90, MsLastovica, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Лолита- Владимир Нобаков
    [​IMG]

    Интересен почеток, ама што повеќе читаш толку повеќе почнуваат да ти доаѓаат нагони за повраќање. Толку гадно опишано, толку свирепо, морбидно, што буквално си се гадев самата на себеси што земав воопште да ја читам книгата.
    Ама знаете, љубопитноста го убила волкот (или лисицата, како беше?), епа така и мене ме шекна психички книгава.
    Нешто што не го препорачувам на секој бидејќи не сите имаат јак желудник и толку нерви да ја порчитаат книгата. За интересна, интересна е, уште повеќе и кога знаеш дека е базирана на вистински случка па ти доаѓа да направиш времеплов и да одиш да го убиеш идиотот.
    Различни емоции ме преовладуваа, почнувајки од гадење, разбирање, досада, среќа па дури и љубов. Ремек дело е сепак, нешто што би било добро да биде прочитано.

    Прва книга ми е од Владимир Нобаков ама со сигурност ќе прочитам уште нешто од него, ми се допаѓа како автор многу, ќе видеме во другите книги како се покажал. :)
     
    На toogood, 1209 и Ginger^ им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Dumplin' - Julie Murphy
    Лесно, тинејџерско книгиче, ама со убава порака, дека треба да се сакаме такви какви што сме.
    Интересно, забавно, се насмеав неколку пати и мило ми беше што не испадна типична книга за дебели девојки со типичен крај. Освежување беше и што немаше сексови, па да имав ќерка тинејџерка би и дала да ја прочита.
     
    На honey.11 и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  14. lavicky

    lavicky Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Првиот последен бакнеж.Претерано добра книга,ви ја препорачувам.
     
    На peperutka7 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Последниот чај -Винка Саздова
    Последниот чај е спокојна приказна за копнежите на спокојството.Последниот чај ги отвара нашите сопствени приказни.Не охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви како што се,убави или грди,сеедно.Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз врз која се сотанува долго.Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.Чајот како метафора на животот,како оние миниметафори на дневникот,книгата,но најмногу на чајот...оној за кој е сеедно од што е....едноставно е чај....билки и топла вода...И,кога еднаш очите на вистината ќе погледат преку очите на родителот,преку текст,останува само таа,вистината,вистината за љубовта,вистината за самата вистина.
     
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Совршена за љубителите на филмовите Sixth sense, Butterfly effect, како и за љубителите на Стивен Кинг - хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи.

    Брачен пар поради свои причини се преселува во друго место , но она што не го знаат е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
    На почетокот и се до средината ме заинтересира многу, но понатаму се расплетуваше многу бавно и "немо". Несекојдневна, интересна но не паднав у несвест :D А очекував.:nod:

    17448565.jpg
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Billionaire's Christmas - J.S. Scott
    Со еден збор кажано, книгава не е ништо друго освен клише. Едно големо, предвидливо клише |( Таа сиромашна и смотана, тој згоден и милијардер. Таа изгубена во свемирот, тој со студено срце кое таа ќе го стопи. Не знам што се полетав толку по книгава, цел серијал The Sinclairs го симнав и го ставив на киндлот со план да ги читам. Можеби ме прелажаа оценките на goodreads. Ова е единствената книга која во првата страница на гр имала само петки. Ниту една друга оценка не видов. И добро е што првава книга не беше нешто многу голема, до душа мене ми се виде ептен долга зашто едвај ја дочитав. И тука застанува, немам намера да продолжам со смешнава приказна.

    We Have Always Lived in the Castle - Shirley Jackson, Jonathan Lethem
    Ова е нешто поинакво од она што досега сум го читала. Не е баш мој стил, ама решив да и' дадам шанса на книгава и искрено не се покајав. Книгава е... не знам како да ја опишам, малку е чудна и creepy. Се работи за две сестри кои живеат со нивниот чичко, откако го губат нивното семејство поради труење со арсен. Живеат скриени надвор од градот, изолирани од светот, поради осудувањата од луѓето. Иако приказната држи малку морничава атмосфера, имаше и комични моменти, а и ликовите многу ми се допаднаа. За книгава би рекла дека не е за секого, или ќе ви се допадне многу, или едвај ќе ја дочитате :)

    Полноќна палата - Карлос Руиз Зафон
    Од сите прочитани книги на Зафон, оваа ќе ја сместам последна на листата според оценката. Ја читав на македонски и морам да кажам дека преводот не беше толку лош, со оглед на стилот на Зафон. Мислам дека добро беше доловен, можело да биде далеку потрагично :lol: Зафон е мастермајнд кога е во прашање раскажување приказна, просто да се заљуби човек во јазикот на кој го чита. Дејствието се случува во Калкута, во 30тите години на минатиот век. Ги следи близнаците Шир и Бен, кои заради семејна одмазда кон нивниот татко, ќе бидат гонети од човекот кој повторно се појавува во нивните животи 16 години подоцна. Настаните го задржуваат вниманието, само некако не ми се разјаснија до крај неколку работи. За тоа има минус. Во секој случај интересна книга, уште „Принцот на маглата“ ми остана од оваа трилогија, во план ми е и таа да ја прочитам.
     
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Ноќниот воз за Лисабон - Паскал Месие
    Приказна за еден професор од Швајцарија, по класични јазици кој на 57 годишна возраст сваќа дека животот му поминува во монотонија... По спасувањето на една девојка која на мостот сака да си го одземе животот, која што со зборот „португеш“ му остава силен впечаток и желба да ја запознае нејзината татковина Португалија, Грегориус тргнува на пат и тоа со ноќниот воз... Понесен од автобиогравската книга на еден доктор Амадео Де Прадо, починат веќе 30 години, Грегориус не води низ тесните Лисабонски улички, низ настаните во времето на диктатурата...
    Паскал Мерсие има интресен стил на пишување, што првично ми беше досаден, но како одминуваа страниците и настаните, се повеќе ме „влечеше“ да дознаам што е следно...

    Еден цитат од книгата што остава силен впечаток, а е голема вистина...
    „Животот не е она што го живееме, туку она што замислуваме дека го живееме.“
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    1.132
    SENKI OD MINATOTO-Lusinda Rajli, prekrasna kniga koja se cita vo eden zdiv so prekrasna prikazna...vredi da se procita..
     
    На MsLastovica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Брутална, но најголемите страдања се резервирани за самиот крај, кога следува објаснувањето за нејзините постапки и мотивите зад бруталните убиства.

    Vikend-kniga-Aleks-Pjer-Lemetr-www.kafepauza.mk_.jpg
     
    На christinnn и I <3 Books им се допаѓа ова.