1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Гневот на ангелите - Сидни Шелдон.Читаш дека е Шелдон и знаеш дека нема промашај.Предобра со доста заплети и неизвесност до самиот крај.Никако не можеш да го предвидиш завршетокот на книгата и приказната за Џенифер.Одлична приказна и буквално уживав додека читав.
    Денес ја земав Другата страна на ноќта исто од Сидни и повторно очекувам предобро нешто.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Продадена-Патриша МекКормик
    Имено,станува збор за едно девојче кое живее во планински предел во Непал. Поради сиромаштијата во која живеат,нејзиниот очув ќе ја испрати Лакшими во голем град каде девојчето мисли дека ќе работи како слуѓинка во богата фамилија. Но дури откако ќе пристигне во градот сфаќа дека е продадена како бело робје и дека е принудена да се занимава со проституција.
    Просечна книга,со добра содржина која го задржува вниманието. Интересна ми беше и одвај чекав да видам како ќе заврши затоа што е пишувана по вистински настан. Очекував малку повеќе од книгата,сепак вреди да се прочита.
     
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Најдоброто од мене - Николас Спаркс
    Љубовна драма... Приказна за маж и жена кои како тинејџери биле лудо заљубени, но луѓето и настаните не им дозволиле таа љубов да ја проживеат заедно!!! По 22 години, по посмртната желба на нивни заеднички пријател, се среќаваат на еден викенд во родниот град...
    Настаните се нижат романтично, но и возбудливо!!! Интересно, но според мене премногу предвидливо!!! Цело време додека ја читав книгава имав чувство дека веќе сум ја прочитала!!!
     
    На plava.90, cresa-jagoda и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. Bella.FCB

    Bella.FCB Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Последна ноќ во ,,Шато Мармонт'' - Лорин Вајсбергер

    Постара книга но добра, откако излезе сакав да ја читам ама се зафатив со други книги и дури сега ја прочитав. Убава книга е за опуштање на мозокот, се работи за Брук и Џулијан кои живеат среќно во Њујорк, таа го издржува семејството, а тој е музичар кој пробува да се пробие на музичката сцена. Подоцна луѓето од Сони го откриваат неговиот талент и станува славен преку ноќ. Почнуваат да излегуваат на екслузивни места, да одат на елитни забави, да вечераат во скапи ресторани.. Но славата на Џулијан за Брук значи дека таа ќе мора да се бори со папараците кои постојано ги следат, а кога една скандалозна фотографија ќе се појави на насловните страници светот на Брук се превртува наопаку. Тогаш нивниот брак запаѓа во криза и на Брук и останува да одлучи еднаш-засекогаш, што навистина сака таа.
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Ли Чајлд- "Утре ќе ме нема"

    Криминалистички роман, каде Џек Ричер е главен лик, воено лице со прилично големо и добро досие. Сосема случајно се наоѓа во метрото 6, околу 2 часот после полноќ, ги анализира неколкуте патници во вагонот а според списокот, се сомнева се дека една жена е бомбаш- самоубиец.
    Дејствието се развива во една интересна приказна, а доколку внимавате на деталите, би можеле да претпоставите што ќе се случи следно.
    Ми пречеа деталните описи на улиците на Њујорк, но романот сепак ми го задржа вниманието да ги исчитам до крај.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Master of the Game - Sidney Sheldon

    Шелдон престанав да го читам откако почнав да го предвидувам, ама после две години без неговите книги, решив да ја прочитам онаа со најголема оценка на goodreads.

    Прво морам да кажам дека ако не го знаев авторот на книгава, никогаш немаше да помислам дека е Шелдон. Шелдон е познат по неговите паралелни раскажувања на повеќе приказни, а секое поглавје го завршува толку неизвесно и загадочно, што едноставно мораш да продолжиш да читаш. Master of the Game имаше малку поинаква структура.

    Книгата е со еден збор кажано - обемна. Мислам дека има над 500 страници, ама имаше толку многу настани и ликови, што слободно можеше да се распостеле на двојно повеќе од тоа. Дури на моменти морав да подзастанам и да се потсетам што се' се случи и како ликовите се поврзани меѓу себе. Поделена е на пет дела, а секој од нив следи различна генерација од семејството Блеквел - моќно семејство кое лежи врз милијарди. Првиот дел во книгата ја раскажува приказната за Џејми, кој поради сиромаштијата во која живее со неговото семејство, се одлучува да оди во потрага по дијаманти. После сите неволји и несреќи, Џејми ќе успее да ја основа компанијата Кругер-Брент, која низ генерациите ќе стане водечка сила и несоборлива моќ. Следните делови ги раскажуваат приказните за неговите потомци, но во центарот на вниманието ќе биде неговата ќерка Кејт - жена која не дозволува ништо да и' попречи на патот кон замислената цел. Постојано жедна за уште поголема моќ, Кејт ќе ја донесе компанијата на врвот, но ќе ја мачи само едно прашање - кој ќе ја наследи.

    Книгата е полна со пресврти и во ниту еден момент не е досадна. А ликовите... ликовите се совршенство! Толку добро доловени, изградени до најситниот детаљ. Ги засакав иако беа злобни :lol: Очајни да го добијат она што го сакаат, без трошка грижа на совест. Без страв од последиците, без никакво чувство за морал. Не е возможно да останеш рамнодушен пред нивните сплетки и валкани игри.

    Во глобала книгава ми се допадна, иако имам по некоја забелешка. На пример, мислам дека некои настани беа малку непотребно развлечени, а други беа многу набрзина разрешени, без да има оставен простор сето тоа да се соџвака. Некои настани не ми се допаднаа, јас би изиграла поинаку да бев на местото на Шелдон, ама добро, тоа кога јас ќе пишувам книга ќе кажам како да биде :wasntme:

    Генерално книгата ми беше одлична. Ја препорачувам на сите љубители на непредвидливи трилери.
     
    На eliesaab, Mishela, Wahnsinn и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Ова го напишав пред да почнам да ја читам „Кујна“!!!
    Навистна, во книгава нема рецепти!!! Но е ПРЕКРАСНА!!! Спојот на Сицилијанка, маж и храна, не може да даде ништо друго освен ЕКСТАЗА!!!
    Интересна приказна за Роза од мало место на Сицилија... Таа е единсвеното женско дете во семејството со 7 синови!!! И живее во времето кога сицилијанската мафија била на „врвот“!!!
    Роза ужива да готви и сите свои весели и тажни моменти да ги изразува преку храната... По трагичниот крај на нејзината љубов од младоста оди во Палермо, работи како библиотекарка и е САМА!!! Но, на нејзини 40-тина години се појавува Инглезе... И почнува ЕКСТАЗАТА!!!
    Романов е уште еден доказ дека „патот до машкото срце е преку храната“ !!!
     
    На Sky-butterfly, 1209, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    The girl form the train-Paula Hawkins

    Книгава е класифицирана како психолошки трилер, но повеќе беше крими-драма.Не беше многу напната за психата како психолошка книга, но сепак ми се допадна.

    Приказната е за Рејчел, жена во своите 30ти која има проблеми со алкохолот, самотијата и пропаднат живот, сето тоа поради маж и кој ја оставил заради неговата љубовница и нивното бебе.Тој останува да живее во куќата која Рејчел и тој ја одбрале и која таа толку многу ја сакала.
    Рејчел ја загубила и работата, но сепак продужува со воз да оди до Лондон, со цел секој ден да поминува од нејзината куќа и да се тренира за да преболи, но и бидејќи не знае како да и каже на цимерката дека е без работа, на пат често гледа млад брачен пар во една од куќите на нејзината поранешна улица.Тие и изгледаат совршено среќно и заљубено, таа ги гледа секој ден и сведочи за нивните активности, едно утро младата жена бакнува друг маж, наредното утро таа е мртва.
    Рејчел има сонови и халуцинации како се наоѓа на нејзината улица со крвава рака .Поради алкохолот и моментите кои ги губи од меморија кога е пијана таа се сомнева дека во напад на бес поради неверството на кое сведочеше, таа некако е виновна за смртта на жената која не ја познава лично.Се опседнува со тоа да дознае кој е виновен, дали таа, маж и кој е прв осомничен или љубовникот на жената.Додека сето тоа се случува, новата жена на нејзиниот поранешен сопруг страда од мисли дека Рејчел е постојано во нивна близина бидејќи сака да им наштети, дека е ментално растроена и опасна.

    Приказната е раскажана од агол на Рејчел, љубовницата на сопругот и мртвата жена.Интересна приказна, задржува внимание, псиа нивната психолошкото е во тоа што ликовите добро се изградени и се доловува нивната психа.Крајот е ептен непредвидлив што ми се допадна, но не ми се допадна што расплетот беше многу краток и брз.

    Ја препорачувам и Ѝ давам 3/5.

    Инаку @RainBow фала ти многу што ме насочи како да се снаоѓам со е-книгите.Ептен ми е по ќеф и само тоа правам, многу ми е лесно да читам на таблетот, а и барем ми користи за нешто, онака стоеше за џабе.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Другата страна на ноќта - и пак Сидни Шелдон.Трилер со крај кој што не можеш ни да го замислиш.Интересна книга и уживав додека ја читав.Правам одмор две недели и продолжувам понатака со читање
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Crossing on the Paris - Dana Cynther
    Pozitivno iznenadena.
    Uzivav od prvata strana na knigata do poslednata. Bogata so opisi no ne premnogu.
    Dejstvoto se odviva po prva svetska vojna vo 1921 god. Celata prikaska se odviva na megunaroden brod koj plovi niz Atlantic.
    Tri glavni karakteri vo ovaa kniga, site zeni, doagaat od razlicni opstestveni klasi ja raskazuvaat svojata zivotna prikaska.
    4/5
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Pretending to dance - Diane Chamberlain

    Крајни разочарувачка книга, едвај ја дочитав. Како друга авторка да ја пишувала. Немаше заплет, немаше расплет, од една реченица може да се погоди целата приказна и така испадна, до последната страница без ниедно изненадување. Нема причина да ја дочита книгава човек, да дознае што се случува.
    Ликовите досадни, празни, неуверливи, како да ја напишала ради реда, без никаква возбуда.
    Најлошата книга од Дајен дефинитивно.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Breaking the Silence - Diane Chamberlain

    Лора Брендон е жена во триесеттите години со убаво семејство и многу успешна кариера зад себе. Но, нејзиниот навидум мирен живот, ќе биде во тотален пресврт после два трагични настани. Лора го губи својот татко, а тој на смртната постела ѝ остава аманет да се грижи за жена која таа никогаш не ја запознала. Набргу нејзиниот сопруг се самоубива пред нејзината 5 годишна ќерка која од тогаш престанува да зборува. Очајна за да ѝ помогне на ќерка си, Лора го наоѓа нејзиниот биолошки татко кој дотогаш не знае дека воопшто има ќерка. Во меѓувреме за да ја исполни последната желба на татко ѝ, Лора ја наоѓа жената за која треба да се грижи. Се работи за Сара која е во шеесеттите години и страда од алцхајмерова болест, па не може многу да ѝ помогне и да ја реши дилемата која ја мачи Лора. Но, во текот на нивните дружби, тие се зближуваат и двете наоѓаат утеха во нивните разговори.

    Ми беше тешко да ја склопам кратката содржина од проста причина што книгава е толку многу заплеткана уште од самиот старт, што не би можела во две реченици да кажам за што се работи. Многу ми се допадна начинот на раскажување и тоа како приказните на Сара и Лора беа наизменично раскажани и склопени во една. Во текот на читањето бев целата во прашалници, постојано размислував за тоа како се поврзани ликовите и што ќе се случи на крајот. Со оглед на тоа дека е Чемберлен во прашање, очекував буквално сè. Значи имав минимум 8 потенцијални сценарија во глава. Ама на крајот сепак останав изненадена. Особено имаше еден момент каде останав подзината - а ако реакцијата ми била на глас, значи стварно сум се запрепастила :D Ликовите ми беа многу допадливи, иако ме изнервираа некои нивни постапки. Со некои настани толку многу се соживеав, што ми се стегна душата и малку фалеше да заплачам ;( Ми беже жал, бев гневна, да можев да ги грабнам ликовите ќе ги треснев од земја!

    Крајот ми се допадна, иако за некои читатели можеби ќе биде too much.
    Сè на сè книгава беше вистинско уживање :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, 1209, plava.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Сенки од минатото
    Девојчето на гребенот
    И двете од Лусинда Рајли.
    Гледам дека ви се добро познати на повеќето,но и јас да напишам.
    Убаво и лесно пишува писателкава,паралелни приказни во различни времиња,кои на крај се испреплетуваат околу главната хероина.

    Критична точка(el paciente)-Хуан Гомез Хуардо.
    Еден познат неврохирург се соочува со болна реалност.Неговиот пациент не треба да излезе жив од операција,ако не,неговата ќерка која е во рацете на безмилисен киднапер,ќе умре.
    Убава и напната приказна која лесно се чита.
     
    На joy1, plava.90, CrazyOne и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The anatomical shape of a heart - Jenn Bennett

    Типично тинејџерско книгиче со инстант љубовна приказна. Ми се допадна само како е сексот прикажан, многу реално, а не некоја бајковита слика. Има awkward ситуации, сомнежи, а не е свршување по сто пати.
    Многу зрел пристап, вакви работи треба да читаат тинејџери.
    Ликовите беа просечни, ништо посебно, пишувањето исто, ама веројатно да бев и јас во тие години повеќе ќе ме погодеше.
     
    На 1209 и honey.11 им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Инферно - Ден Браун

    И толку беше од Ленгдон. ;( Не ми се верува дека нема повеќе книги со него. :doh:
    Книгава не ме разочара во никој поглед, напротив, најдобра досега, ако може воопшто да се издвои најдобра. Читам критики на нет за книгава и сите запнале едно исто: Ден Браун пишувал по формула, секогаш имало девојка со која работи, секогаш имало некој ментално болен (читај: опседнат со нешто), секогаш имало некој кој бил првенец во својата област, секогаш европски град, секогаш Мики Маус часовникот, секогаш клаустрофобијата на Ленгдон.
    Што е точно до некаде, секако, и јас тоа го имам приметено, но воопшто не ми пречи, напротив, многу ми е интересно, јас не можам да се заситам од приказните на Ден Браун. Мое лично мислење е дека секоја книга му е ремек-дело. Можеби не сум во право, не знам, но сè додека ме забавува и ми е интересно зошто да не?
    Друго нешто што го приметив во критиките се тоа што сите зоборуваат колку дезинформации имало. Луѓе, жити сè, на почетокот од секоја книга убаво си пишува ФАКТИ! Од оваа книга ова и ова постои, ова и ова е точно, останатото - фикција. Не мора да значи дека е точно, а за ставовите - вие бирате дали ќе се солгасите или не.
    Трето, стилот на пошување. Цело време бил напнат, повторувал едно нешто стопати, секоја глава завршувала во cliffhanger (не знам како е на македонски). Па трилер е мајке ми, што сакате? Божеее. И јас се нервирам кога ќе заврши на сред пат главата, но тоа нè тера да ја завртиме страницата.
    До тука за авторот, сега да ја искоментирам книгата.

    Причината поради која оваа ми е омилена книга е дека обемно беше опфатена уште една тема, покрај основната - историја на уметноста што всушност го поврзува Ленгдон со настаните. Она што мене ми се допадна е што не е како другите книги на Ден Браун. Обично нели Ленгдон и добрата девојка успеваат да спасат група луѓе или само еден човек од некој лудак. И овојпат започнува со нешто слично, но кон средината на книгата plot twist, и тоа доста јак plot twist. Ме погоди уште повеќе пресвртов бидејќи ме фати неподготвена, во ниедна друга негова книга не се беше случило такво нешто.
    Бев 100% сигурна дека Ферис мати нешто и бев речиси сигурна дека е заразен од смротоносна болест на Бертран. Кога се објснуваа кој што глумел, како глумел, морав да земам лист хартија и да ги подредам кој е тим Зобрист, а кој тим Сински и до кога всушност. 8-|
    Тој делот кога ФС-2080 гледаше преку прозорот, бев сигурна дека е Ферис и многу смешно ми падна кога го опишуваше Зобрист, кога се сеќаваше на првата средба, особено на почеток, бидејќи многу делуваше како женско да зборува, ама на кој да му текне :D Па кога почна, неговите зелени очи со сјајот, толку беше висок... :lol: Отпрвин ја свиткав страницата за да ја препрочитувам бидејќи мислев дека Ферис зборува, ама сега ја вратив во правобитна положба. :D
    Не знам дали малку се разочарав од крајот, бидејќи излегува дека залудно помина целата книга, но никако не се каам за тоа што сум ја прочитала. Е сега, книгата бааги соленка е, јас чекав да ја намалат сè додека не ми ја подарија.

    Едвај чекам да излезе следниот Роберт Ленгдон, ама Ден Браун вели дека нема да биде наскоро :( Ако, се надевам дека дотогаш ќе го усовршам читањето на англиски, па ќе можам да го читам оригиналот.8-|
    Од мене, Инферно добива чиста 10ка. Ден Браун си ја знае работата, што сакате кажете. 8)
     
    На anel, Jenniffer и Marossa им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Defending Jacob - William Landay

    Енди Барбер е јавен обвинител со долгогодишно искуство, успешна кариера и ниту еден изгубен случај во судницата. Во малото гратче во кое живее со неговото семејство, се случува ужасно убиство. Енди веднаш е на потег и се обидува да го најде убиецот, не очекувајќи дека првиот осомничен кон кого се вперени сите докази, е неговиот 14 годишен син Џејкоб. Енди и неговата сопруга се растргати меѓу безусловната љубов кон Џејкоб и реалноста која ги тера да се запрашаат дали доволно добро го познаваат сопствениот син.

    Додека ја читав книгава, постојано бев ни ваму ни таму. Прво бев убедена дека Џејкоб не е убиецот, после некако почнав да се сомневам, па пак се вратив на тоа дека друг е виновен, па пак не бев толку сигурна... Некои ситни работи ги предвидов, но крајот не го очекував во никој случај.

    Не ми се допадна тоа што имаше многу непотребни детали и описи, долги раскажувања кои мислам дека немаше да ѝ недостасуваат на приказната. Настаните се одвиваа многу бавно за мој вкус, дури на моменти губев трпение и вниманието ми бегаше на друга страна. Но, добро. Во психолошките трилери дејствието често трпи заради ликовите, бидејќи акцентот е ставен на нивните карактери.

    Во секој случај, ако сте љубител на ваков жанр мислам дека треба да ѝ дадете шанса на книгава :)
    Преведена е на македонски под наслов „Во одбрана на Џејкоб“.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    After the Fall ја оставив некаде на 30 посто, ми беше досадна и не ми се допадна стилот на пишување, премногу развлечен со непотребни детали. И до каде што читав беше before the fall, врска немаше со насловот. Ликовите ми беа далечни и нечовечни некако, им фалеше нешто.

    November 9 - Colleen Hoover
    Не знам дали и КоХо ми станува досадна или што е работа, ама книгиве веќе наликуваат една на друга. Ликови со трагично минато, љубовна приказна каква што нема друга, бла, бла, бла... Барем со сексовите немаше претерано.
    Не ми се допадна и што се ставила во одбрана на љубовните романи, ми немаше поента тоа некако. Ликовите не сакаат инста љубов, ама бидејќи на нив им се случува е поинаку. Мхм да.

    Фалон и Бен се запознаваат случајно, поминуваат неколку часа заедно и паѓаат во огромна љубав. Потоа се договараат, од само на нив логични причини, да се сретнат по една година на 9ти Ноември и притоа да се блокираат од сите мрежи и да немаат никаков контакт цела година. И така едно 5 години, додека да ја достигнат зрелата возраст од 23 години и тогаш ќе знаат сигурно на што се.

    Има еден пресврт што не го очекував, ама не ме ни изненади нешто посебно. Просечна книга, мислам дека се паѓа во несвест само поради тоа што е од Колин Хувер, ништо повеќе.
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Опасен онлајн разговор - Сара Дарер Литман

    Никови, виртуелни допишувања..
    Онаму каде што баш Аби може да биде своја.

    Од другата страна пак, позади никот никогаш не се знае кој се крие.

    Препорачувам (y)
     
    На LittlePinky и crazylady им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Girl on the Train - Paula Hawkins

    Кај нас преведена од Топер, Девојката од возот.
    Избрана од читателите на Гудридс како најдобар трилер за 2015.
    (facepalm)
    Ова ќе биде еден долг, мрчаторски пост зашто книгава прилично ме изнервира.
    Од каде да почнам, од лошите ликови, од предвидливата приказна или од тоа како е претставена жената во книгава?

    Ајде, ќе почнам со лошите ликови.
    Изгледа станува модерно ликовите сите да бидат излудени и со еден куп несовршености. И тоа е во ред, поминува кај мене, како во случајот со Pretty girls, ама ако имаат добра позадина и добри причини, да може до некој степен да ги разбере човек зашто се такви. Не мора да сочувствуваш со нив, не мора да ги сакаш, ама треба да бидат веројатни.
    Рејчел ми беше половичен лик некако, не беше објаснето зашто пие, добро, имаше некаква причина, ама поширокото објаснување беше дека она едноставно си е таква и од секогаш си пиела. Недоволно за мене.
    Беше досадна, празна, еднодимензионална... Немаше да ми биде гајле да станеше Девојката под возот да бидам искрена,
    Меган уште полоша, да беше нацртанa ќе беше пола човек, зашто толку беше од неа прикажано. премногу растроена, како да има некој психички проблем, ама без дијагноза и објаснување.
    Ана исто, некои нелогични постапки, неразбирливи, чудни... Исто досадна, тешко сварлива.

    Друга работа е што жените во книгава се дефинирани според мажите. Мажите се главните, силни карактери, жените се слабаци што животот има зависи од мажите.
    Дури и со небитните ликови истото се случуваше, како со другарката на Рејчел, која немаше никаква позадина во приказната, освен тоа што секаде одеше со дечко и, се во врска со неа беше и во врска со дечко и. Гревни, патетични, празни, излудени жени.

    Раскажувањето исто ми сметаше, кога Ана и Рејчел се најдоа во исто поглавје им се споија гласовите, требаше да се навратам да видам која што рекла, немаше некоја динстикција.
    Па поделени поглавјата на наутро и навечер и тргнала нешто сабајлето да прави, а вечерта веќе завршено и настанот само прераскажан.

    Пресвртот, еве не знам, прв трилер во животот да ми беше прочитан може ќе ми беше ова пресврт.
    Уште рано рано се наслутува што се случува и предвидливо до крајот.
    Па како испадна,
    Рејчел цело време била добродушна пијаница, не лоша, не ги вреѓала луѓето, дури и за таа што ја излажа Том дека ја навредувала испадна дека не било така, може и овие од работа што ја избркале згрешиле, па не е она таква, сигурно не направила такво нешто. Недоследности.

    И на крајот, Том можеше одма да ја убие, ама ја удри прво, па ја чекаше да се освести, па после да проба пак да ја убие. Хахахахах. А Ана, викна полиција, ама ај почека и она прво да ја убие Том Рејчел. Па што има врска.

    И не знам како е ова трилер со брзо темпо, ништо не се случува во поголемиот дел, само се вози во возот и пие.
    Како заклучок, ова е еден од поужасните (и не во добра смисла) трилери и не ми е јасно како е избран за трилер на годината. Ама очигледно шаблонот успева кај повеќето.
     
    На ph.orhideja, I <3 Books и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Алелуја, да прочитам некој со исто мислење како моето. Јас едвај ја дочитав книгата, ми беше живо мачење. Главниот лик, пијаницата, толку недопадлива што просто ми се гадеше од неа, од испадите и патетичноста. Темпото, полжав, што викаш, само се вози и се вози и прогања луѓе, на неколку пати вртев страници онака само да забрза малку. Крајот предвидлив и антиклиматичен. Споредните ликови, уште подосадни и неизградени. Не ми е јасно што е фамата со книгава...
     
    На 1209 и RainBow им се допаѓа ова.