Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Уличниот адвокат - Џон Гришам
    Мајкл е успешен адвокат во фирмата "Дрејк и Свини", кој има една цел, да напредува и да стане партнер, а со тоа и да заработува по повеќе од милион долари годишно. Мајкл нема време за ништо, го запоставува бракот, и е окупиран со работата и неговата цел.
    Во фирмата влегува бездомник и држи во заложништво 10-на адвокати, меѓу кои е и Мајкл, но полицијата успешно се справува со тоа и го убива бездомникот пред тој да убие некој од адвокатите.
    Мајкл дознава дека бездомникот е незаконски избркат од живиеалиштето, а тоа го направиле адвокати што работат во истата фирма каде што работи и тој. После таа случка тој одлучива да одмори малку од работа и добива повик од негов пријател (Мордекај) кој секогаш им помага на сиромашните и скитниците, а покрај тоа и е нивни адвокат.
    Мордекај на еден начин ќе му го покаже животот на бездомниците, а додека Мајкл волонтира ќе запознае една мајка со 4 малолетни деца, кои ќе бидат задужени во автомобилот во кои живеат.
    После таа случка Мајкл е одлучен да стане Адвокат на бездомниците, да им помага на сите тие на кои помошта им е најпотребна. Решава да биде адвокат на бездомниците, да зема скромна плата од 20 000 долари годишно, а со тоа да ја изгуби и својата сопруга, својот луксузен стан и автомобил.
     
    На plava.90, eliesaab и toogood им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ова е приказна за седумгодишната Елса и нејзината седумдесет и седум годишна откачена баба :D Во нивните игри, тие две го имаат Кралството Миамас преку чии сказни Елса ги учи најважните животни лекции. Откако ќе дознае дека не ѝ преостанува уште многу од животот, баба ѝ на Елса ќе ѝ остави писма кои таа ќе ги открива едно по едно, а потоа ќе им ги носи на луѓето до кои се адресирани. По смртта на баба ѝ, Елса ќе го најде првото писмо, а тука ќе започне нејзината авантура. Авантура која ќе ја носи низ животот на баба ѝ и луѓето кои биле дел од него. Преку сите тие писма, Елса ќе ја исполни последната желба на нејзината баба - да побара прошка од луѓето на кои им згрешила. Нејзината ќерка, нејзиниот психијатар, нејзината сосетка... а последното писмо ќе биде токму за нејзината внука.

    Мислам дека приказната ме освои уште со почетната реченица: Every seven-year-old deserves a superhero. That’s just how it is.
    А херојот на Елса е токму нејзината баба. Баба ѝ ми беше многу допадлив лик! Иако на почетокот немавме шанса да ја запознаеме, потоа преку сите писма и сите приказни за неа, добив целосна слика за нејзиниот лик. Откачена и луда, со одлична смисла за хумор. Неколку пати ме насмеа на глас :D Елса беше just adorable, со сите нејзини чудни прашања, но паметни размислувања. Во неа имаше по нешто од секој член на нејзиното семејство. Сите ликови ми беа интересни - нивните дијалози, нивните караници, смирувања и сите случки преку кои гледавме како живеат едни со други.

    Штета што ја развлеков и немав време да ја прочитам во еден здив. Вакви книги заслужуваат да бидат прочитани во една ноќ, заради самата магија во која потонуваш додека ги читаш. Ова е една топла приказна за љубовта кон семејството, за поправање на грешките од минатото, за простувањето.

    Книгава беше целосно напишана во стилот на Fredrik Backman. Има нешто посебно во неговото пишување, не би знаела да посочам што точно, ама ќе го препознаев без да видам дека книгава е негова.
    My Grandmother Asked Me to Tell You She's Sorry изобилува со прекрасни цитати од кои ќе одвојам неколку:

    There is nothing wrong with being different. Granny said that only different people change the world.
    “Only different people change the world,” Granny used to say. “No one normal has ever changed a crapping thing.”

    All the best people are different -look at superheroes. After all, if superpowers were normal, everyone would have them.

    Having a grandmother is like having an army. This is a grandchild’s ultimate privilege: knowing that someone is on your side, always, whatever the details. Even when you are wrong. Especially then, in fact. A grandmother is both a sword and a shield.

    Because not all monsters were monsters in the beginning. Some are monsters born of sorrow.

    It's possible to love your grandmother for years and years without really knowing anything about her.

    Never mess with someone who has more spare time then you do.

    It’s hard to help those who don’t want to help themselves.
    Someone who wants to help himself is possibly not the one who most needs help from others, Elsa objects.

    Многу ми се допадна дружбата меѓу Елса и баба ѝ. И веројатно тоа е единственото нешто поради кое ќе ѝ дадам мал минус на книгава - што немавме можност да ги видиме нив две заедно малку повеќе.

    “I didn’t want you to remember this day because of the scarf. So I thought instead you could remember it as the day your Granny broke into a zoo—”
    “And escaped from a hospital,” Elsa says with a grin.
    “And escaped from a hospital,” says Granny with a grin.
    “And threw turds at the police.”
    “Actually, it was soil! Or mainly soil, anyway.”
    “Changing memories is a good superpower, I suppose.”
    Granny shrugs.
    “If you can’t get rid of the bad, you have to top it up with more goody stuff.”

    Ако сте љубители на неизвесни книги каде настаните се одвиваат со брзо темпо, тогаш ова не е книга за вас. Ова е смирена приказна, со многу поуки и убави мисли, со многу емоции. Ама дадете ѝ шанса. Можеби нема да ви биде досадна :)
     
    На Buttterfly, Waka-waka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.427
    Нејзиното име АЈЛИН - Ајше Кулин
    Ако треба да дадам отценка за книгава без размислување ќе кажам 10/10!!!
    Ајлин... е прекрасно напишана вистинита приказна за Ајлин Девремил. Таа била пријателка од детството на авторката Ајше Кулин. Нивните животи многу пати биле оддалечени, но сепак нивното пријателство опстанало...
    Животот на турчинката Ајлин бил бурен, полн со авантури, исполнет со многу бракови, успешна психијатриска кариера... Ајлин била жена која не се однесувала според традицијата, која сакала да испроба се во животот, но и да помогне на секого!!! Движејки се во „џунглата“ наречена живот Ајлин станува дури и офицер на американската војска!!! Но, животот понекогаш приредува и несакани изненадувања... Ајлин, жената полна енергија трагично и прерано го завршува животот...
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Само што го завршив третиот дел од Принцезата Султана. Книгата е добра погодена за оние личности кои се борат за правата на жените т.с. феминиските.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. <Глуварче>

    <Глуварче> Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Вероника реши да умре од Пауло Коелјо.
    Фантастична книга од Колејо.Една од најдобрите што ги иам прочитано.
    Ке ве натера да се запрашате кој сте всушност вие.Ке ве натера да прочепкате во вашата душа за да ги откриете сите ваши длабоко скриени желби од кои можеби се срамите.
    Од срце ви ја препорачувам.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    2015 ја заокружив со оваа книга :)
    [​IMG]
    На прв поглед мислев дека се работи за некое семејство што се занимава со производство и трговија на сол :lol: Ама приказната всушност се базира врз познатиот цитат на Карен Бликсен: "The cure for anything is salt water: sweat, tears or the sea." Впрочем, со овој цитат почнува самата книга.

    Книгава ја следи приказната на едно афроамериканско семејство - сите убави моменти, сите радости, сите разочарувања, изневерувања, борбата против пороците, обидите да се спаси семејството, поддршката, болката, љубовта, разделбите, простувањата... Не можам да издвојам некој воведен момент што се случи за да ве заинтригирам, едноставно самата приказна е таква. Јас би рекла дека е реална. Секој читател во неа може да ги препознае проблемите на сопственото семејство, или на семејства од неговото опкружување. Книгата држеше едно такво темпо, што немаше заплет, кулминација или расплет. Барем јас не препознав некои такви моменти. Сè течеше во таква линија, буквално како да читате дневник за случувањата во нечие семејство.
    Не можам да кажам дека имаше некој конкретен лик на кој беше ставен акцент, бидејќи поглавјата беа поделени и беше дадена перспективата на (скоро) секој лик во книгата. Кога сум веќе кај ликовите, малку ми беа нецелосни, немаше ниту еден лик кој особено ми се допадна. Дијалозите на моменти беа премногу прости, дури некои од нив ми беа тотално непотребни. Ми личеше дека се напишани само колку да се бројат зборовите. Исто така крајот ми беше како пресечен со секира. Кога ја свртев страната очекував барем уште едно поглавје, ама сфатив дека толку е, ова е последното.

    Со еден збор би рекла дека книгава е просечна. Немаше ништо воодушевувачки, ама имаше убави моменти што ми се допаднаа. Иако малку бев малку строга во забелешките, па набројав сè што не ми се допадна :wasntme:
    Quick read е во секој случај. Ако доволно ве привлече корицата (како што ме привлече мене :$ ), дајте ѝ шанса.
     
    На eliesaab и LittlePinky им се допаѓа ова.
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Еве сум во 3АМ, ја дочитав книгата. :D
    Перфектна хемија - Симон Елкелс
    Од толку што ми се допадна, за два дена ја прочитав. Читав на некои места ја споредуваа со Три метра над небото, што моментално го гледам првиот дел, така да не можам сеуште да коментирам. :D
    Британи живее "совршен" живот и има "совршено" семејство и "совршени" пријателки. Ги крие проблемите многу добро и се покажува во најдобро светло. Алекс е опасен и "лош" тип, член на банда и сите му се плашат. Ги поврзува еден проект по хемија, при што се почнува да се разоткрива. Доста e, многу кажав па ее :D
    Многу ми се бендиса! :D
     
    Последна измена: 6 јануари 2016
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Книга која топло ја препорачувам на секој. (y) Книга за вистинската љубов. :l: :inlove:
    И долгите години разделба не можат да ја уништат и згаснат. Книга која на самиот крај ќе ве натера да пуштите и по некоја солза, а оние емотивните како мене и добро да се исплачете. ;(
     
    На Tajnaotrovna, praski4e и lavicky им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    12.826
    Пол:
    Женски
    Парадоксот на Диоген - Томе Арсовски

    И во двата дела дејството се одвива во судската сала.Се води еден типичен судски процес, каде се изложуваат фактите на бранителот и обвинителот, а останатите лица сведочат во врска со обвинетиот Драшко Каровски (поради урнувањето на хотелот ,,Сплендид‘‘)

    Имаше доволно изјави од сведоците, родителите.. па, и дури имаше повторно конструирање на веќе случените сцени.

    И ми се допадна крајот.

    Дури и ако беше поинаку завршено (да беше донесена јасна пресуда дали е невин или обвинет), не се сомневам дека драмата би изгубила од својата вредност.Меѓутоа, токму тоа е и поврзувањето со Диоген.Ќе се послужам со зборовите на бранителот:
    , па Судијата:

    Всушност, во глобала се‘ беше убаво замислено, реализирано.
    Задржува внимание, поттикнува на размислување..

    10/10
     
    На Magnolija и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Плескање на слугинката - Роберт Кувер

    Господар и слугинка. Спална соба и бања.
    И многу плескање.

    Тоа е најкраткиот опис кој можам да ѝ го дадам на книгава :$

    Слугинката доаѓа секое утро и почнува со чистење, додека нејзиниот господар сè уште се протегнува низ креветот. Понекогаш се случува таа ненамерно да ја види неговата утринска ерекција или да го затече во бањата додека ги врши утринските ритуали. И покрај обидите на слугинката сè да биде уредно и чисто, господарот секогаш е незадоволен од тоа како таа ги извршува задачите. Креветот не е добро наместен, подот не е убаво исчистен, прашината не е избришана, нема чисти пешкири во бањата... Затоа, за да ја научи на ред, господарот редовно ја казнува камшикувајќи ја по задникот. Притоа нагласувајќи дека тој воопшто не ужива во самиот чин, туку тоа е неговата задача.

    Интересно четиво. Доволно долго за да ја долови идејата, доволно кратко за да не предизвика досада. Мислам дека поминав повеќе време размислувајќи за самата книга, отколку што ми беше потребно да ја прочитам. Ако ја коментиравме во клубот, мислам дека ќе имавме добра дискусија :)
     
    На 1209, joy1 и fatamorgana123 им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    Fuck Love - Tarryn Fisher

    Книгава ја почнав со надеж дека ќе наидам на нешто ново и оригинално. Ама не. Тарин Фишер ептен ме разочара.

    Приказната почнува со Хелена која сонува сон за Кит. Во сонот се сакаат, земени се и имаат две деца и прекрасен живот. Она иако во реалноста воопшто не е уметничка душа во сонот е уметник.
    И откако се буди се разочарува од реалноста. А Кит е дечко на нејзината најдобра другарка кој Хелена не го ни познава многу добро.
    И сега поради тој сон она почнува да развива чувства за него. Целата приказна на тоа е базирана. Прво, сите сме имале вивидни соништа за некој, ама тие држат ден-два, не цел живот. Второ, не ми се верува некој да развие таква опсесија базирана само на еден сон. Тргнувајќи од тука целиот развој на настаните понатаму го следев со скептицизам.

    И ликовите беа просечни. Како што имам кажано, не мора ликот да е совршен за мене да ми се свиѓа, ама треба да е веродостоен. Оливија од Love me with lies беше одвратна, ама убедлива.
    Со Хелена исто не можев да се поврзам, ама не ми беше ни логична. Демек чудна, ексцентрична, сепак, сето тоа делуваше премногу исфорсирано. Не можев ни да створам некаква слика за неа, во еден момент она не е мајка, не е грижлива личност, во друг е сосема спротивното.
    За Кит фалеа цели делови за да може човек да го сфати, премногу празен карактер, како да е ставен само зашто мора да има машка фигура околу која ќе се кубат коси. Никаков впечаток не ми остави.
    Дела, најдобрата другарка на Хелена, претставена како кучка, манипулаторка, а Хелена е свесна за тоа и сепак се цел живот другарки. А Хелена не е некоја слаба ветрушка да ја команда некој. Пак нелогичности.

    За тој па на крајот еден убацен лик не знам ни што да кажам. Непотребна драма, никаква цел немаше.

    Многу дупки во приказната, многу глупости, на моменти се запрашав и зошто е напишана книгава, не е приказна која треба да се раскаже, подобро да си останела во главата на Тарин и да не ја пренесела на хартија.
     
  12. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Книга со малку ликови, а толку многу внатрешни доживувања.
    Топло ја препорачувам.

    SJ-Watson-bigts-UK.jpg
     
    На plava.90 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.699
    Deception Point - Dan Brown

    На почетокот ми беше интересна поради брзото развивање на настаните и убаво опишаното дејствие во книгата. Кој ја читал Digital Fortress, ќе пронајде многу сличности, иако навидум книгите се доста различни.
    Поради ова, после прочитана третина, знаев кој стои зад сите тие убиства, иако не беше провидно, сепак таков му е стилот на писателот, па баш затоа очекував таков пресврт иако немаше никаква логика. Смешно ми беше како тоа тројца научници успеаа да убијат тројца професионални убијци, ептен среќен крај, баш ко во лигавите американски филмови.
    Многу нелогичности, па зачинето со глупа романтика..

    Книгава е ко акционен филм кој што еднаш ќе го изгледаш и после ќе го заборавиш. Што повеќе мислам за неа, толку повеќе ми изгледа плитка и глупаво изведена.

    Од мене 2.5/5.

    [​IMG]
     
    На Lella, plava.90, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    U jedan tren - Gijom Muso
    Книга типична за него. Сите елементи ги има како и неговите други книги. Веќе ми е мех.
    Артур и Лиза се среќаваат еднаш годишно. Може ли таква врска да опстои?
    Потсетува на Жената на патникот низ времето и не е нешто оригинална. Ликовите се плитки, како и во повеќето негови книги, повеќе акцент става на дејството и развојот на приказната, динамична е и заплеткана. Не беше лош расплетот, добро спакуван, ама ете, иста е, ништо не ја двои книгава. Ќе паузирам некое време од него.

    Never, never (3) - Colleen Hoover, Tarryn Fisher
    Да ми кажеше некој дека од овие две авторки може да излезе ваква глупост не би верувала. Првите два дела беа солидни, интригантни, а овој крајов како ја утепа целата книга немам зборови. Што си мислеле двете додека ја пишувале не ми е јасно. Дете од трето одделение да го напишеше крајот сигурно ќе беше поимагинативен од оваа бљувотина што две глави успеале да ја смислат.
    Клише до клише, имаше таков заплет, градење на емоции и место балонот да се дупне и да се слушне пукот, тој полека и незабележливо се издиша, со онаков тажен звук.
    :(
     
  15. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Сведок на обвинението-Агата Кристи
    Искрено не сум некој фан на Агата Кристи ниту пак некогаш ме привлекувале криминалистичките романи.
    Имено,станува збор за повеќе убиства на кои нема разрешница и писателката те остава самиот да дојдеш до крајот на приказната.
    Премногу ја развлеков книгата,можеби затоа и не ми се допадна многу,но топло ја препорачувам на љубителите на криминалистички романи.
     
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    marina-400x559.png

    Иако во принцип, не се сложувам околу етикетирање на најдобар писател, али Карлос е писател со посебен стил. Тој знае како да ја рашири прозата на така едноставен начин, така што кога читам ме става во неверојатна состојба. Знаете, оној осеќај кога правите нешто и се чувствувате исполнето? Знам дека знаете. Јас исто така знам. А тоа чувство го добивам токму кога го читам.

    Марина, така убаво замоткано во целофан-мирен. А кога е нешто мирно, тоа е и врв.
     
    На Lazy Sunday, plava.90, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Nestala.jpg
    После толку препораки за книгава, конечно ја прочитав.

    Интересно се одвива и развива приказната, таман мислев дека можам да претпоставам на каде оди приказнава, се случува обрт на ситуацијата и книгава добива нов правец.

    Ми се допаѓаат како мислите и карактерот на главните ликови се убаво преточени, пренесени со зборови, можев буквално да се поврзам со нив и да им ги разберам мислите.

    Морам да прокоментирам дека завршетокот не е таков каков што би јас сакала :lol:
    Ама добро затоа е трилер :D
    Крајот секогаш ми дава финален заклучок дали вредеше книга да се прочита или не, очекувам наставак на книгава :!:

    Оцена: 4/5
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Обично пред да одберам некоја книга задолжително читам кратка содржина, ама не и овојпат, бидејќи сега решив да се водам по авторот. Вака по насловот, отприлика имав идеја за што би можело да се работи, и не бев далеку од вистината. Само што таа моја замисла беше само едно маааало парче од приказната :)

    За оние кои досега не ја прочитале книгава, а сакаат да ја прочитаат, мислам дека би било подобро да не откривам премногу. За почеток доволно е да знаете дека се работи за ненадејното самоубиство на Ноел, која цел живот работи како акушерка. Нејзините две најблиски пријателки, Тара и Емерсон, обидувајќи се да дознаат што всушност ја натерало Ноел да направи ваков чекор, откриваат мрачни тајни од нејзиното минато.
    Тоа е сè што треба да знаете. Не отварајте goodreads, не отварајте Сакам Книги, не читајте кратки содржини, само земејте си ја книгава и почнете.

    Ова е типична книга на Чемберлен, би ја познала и без да знам кој ја пишувал. Многу ликови, многу емоции, настани, многу испреплетени приказни, еден куп пресврти и доволна доза на неизвесност за да ве остави без спиење. Стилот на раскажување кај Чемберлен секогаш ми се допаѓа, дури и некои сосема обични ситуации знае толку уметнички да ги опише. И секогаш учам нови зборови од нејзините книги :wasntme: Ликовите беа допадливи и убаво изградени, само што на почетокот ми беше проблем дур да научам кој е кој. Некако, уште на почеток се делат раскажувањата и наеднаш излегуваат многу ликови, па ми требаа неколку поглавја дур да сфатам кој лик раскажува.

    Сепак, имам една замерка, а тоа е дека книгава имаше премногу драма. Мислам дека некои пресврти беа сосема непотребни. Приказната ќе беше неизвесна и без некои ненадејни сплетки и интриги. Иако знаев што да очекувам кога ја одбрав Чемберлен, некои настани и мене ми беа too much. И самите ликови беа тотално изгубени во идеите на авторкава :lol: На моменти имав чувство дека читам сценарио од некоја шпанска серија. Има делови од книгата кои мислам дека целосно можат да се отфрлат, а приказната пак да остане забавна и интересна.

    Заклучок од книгава - Чемберлен е вистинска drama queen! :D

    Како и да е, ја препорачувам на сите што сакаат интересна книга која го задржува вниманието.
     
    На praski4e, plava.90, Val-Dim и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Казна за гревот
    Ноќта кога дојдоа сватовите-Ј.Б.Алимпиќ

    Книгава се чита во еден здив.Напишана на лесен и читлив јазик,типичен за авторката.
    На првите страници е раскажано се она што понатаму го пишува во книгата.
    Искрено,очекував повеќе.Најавена е како амбициозна триологија.Ќе ја земам и другата кога ќе излезе,веќе во најава месецов,па тогаш донекаде ќе знам.Оваа првата книга не ме одушеви премногу.
    Најубава книга од Алимпиќ за мене е ,,Писмото до г-ѓа Вилма".
    Инаку приказната е несреќна љубов за двајца млади од различни општествени слоеви.Таа е убава,паметна,воспитана и сиромашна девојка, тој е богат наследник кој мора да се ожени со девојка од негова класа,иако е вљубен во првата.
    И понатаму останува да чекаме уште две книги.
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.699
    World Without End - Ken Follett

    Книгава е продолжение на The Pillars of the Earth, една од најдобрите книги кои што ги имам прочитано.

    Имав огромни очекувања за вториот дел и смело можам да кажам дека авторот повторно напиша ремек дело. Се гледа дека книгава не е напишана ради реда само, колку да заработи од фановите на првот дел. 18 години му биле потребни за да ја заврши...

    Дејствието е поставено во Кингсбриџ, Англија (локацијата е фиктивна), почеток на 14ти век.
    Потомците на Џек и Алејна (првата книга) плус нови ликови, влијанието на црквата врз неписменото население, алчноста и начинот на живот на аристократите, пеколот создаден од долгогодинешните војни и чумата, архитектурата, медицината, надежта за подобро утре и желбата да се помогне не само на своите блиски, туку и на своите сограѓани покрај неверувањата и предавствата...

    1232 страници кои после тоа те оставаат жедна за уште едно продолжение.

    Подобро би било да се прочита прво првиот дел, зашто често авторот ги споменува ликовите од првата книга. Сепак, да не ве обесхрабрува бројот на страници, вреди секоја минута потрошена читајќи ја.

    We're all good when it suits us, he used to say; that doesn't count. It's when you want so badly to do something wrong - when you are about to make a fortune from a dishonest deal, or kiss the lovely lips of your neighbor's wife, or tell a lie to get yourself out of terrible trouble - that's when you need the rules. Your integrity is like a sword, he used to say; you shouldn't wave it until you're about to put it to a test. - Caris (World Without End)

    download (1).jpg
     
    На toogood, do-re-mi и LivingGlam им се допаѓа ова.