Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    48205863.jpg
    Одлична!! 5/5 има од мене. (y)
    Харлан како и секогаш на свое ниво. Предобра мистерија, која не дозволува да ја пуштиш од рака. Ја исчитав во еден здив.
    Минатото се враќа да го прогонува Пол Коперленд. Пред 20 години неговата сестра, и уште тројца тинејџери се убиени. Но, нејзиното тело и уште едно не се никогаш пронајдени. Ново убиство во градот ќе ги отвори старите рани и тајните ќе почнат да излегуваат на виделина.
    Потполно непредвидлива приказна. Ќе ве замисли, заинтригира и ќе замислите премногу теории, од кои ниедна нема да биде точна, Гарантирам. :lol:
    Топло ја препорачувам на сите кои го сакаат криминалистичкиот жанр со мала доза на љубов.
     
    На CrazyOne, plava.90, Priroden и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bibliophile

    Bibliophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Моја прва книжевна средба со Мураками и дефинитивно, љубов на прва страница. Едвај чекам да ми „падне“ во раце вториот дел! 5/5 :mm:
     
    На 1209, SV1911, Mayyya и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    17899583.jpg

    Младата Гора се заљубува во повозрасен, штотуку разведен маж Давид, кој проаѓа кроз кризата и тагата кон детето, син му Матеј, и се обидува да добие старателство врз него...
    Тоа би била најкратка содржина.

    Книгава ја читав подолго време. Ја земав, оставав, правев пауза, пак ја читав, па ми се приспиваше, па демек не ми беше период и никако не ја дочитував.
    Од истата авторка имам прочитано Последниот чај, која ептен ми беше погодена, ама не и оваа.
    Всушност, книгава ми е толку досадна, ама јас бев упорна да ја дочитам, мислејќи дека не ми е период, ама и дека ја купив, па затоа :lol:

    "Проблемот" е во главната јунакиња Гора, која ми беше толку иритантна како лик, не можев никако да се поврзам со неа, да ја разберам, толку карактерно ме нервираше, да можев да влезам во книгата да ја протресам малку :tmi:
    Деловите во книгата каде се зборуваше за Давид и се поврзано со него, ми беа и интересни и убаво изразени мислите, ама штом ќе дојдеше делот каде Гора прераскажува, тие нејзини дијалози со психијатрот (највероватно), те.монолозите толку ми беа досадни... те читав, те листав унапред колку уште има до следниот дел, те превртував со очите |( Јас мислам многу подобра книгата ќе беше да немаше вакви нејзини прераскажувања, кои ја претставуваа на моменти хистерична, збунета, лигава, напорна, приглупа девојка, без својот став... така јас ја доживував барем.

    Толку многу позитивни критики слушнав за истата, така да сум јас највероватно една од ретките што не би ја препорачала никому. ]:)
     
    На ph.orhideja, CrazyOne, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон

    Верувам дека повеќето читатели на форумов веќе ја прочитале книгава (јас како и секогаш доцнам, како да одбегнувам да читам бестселери :$ ) ама сепак ќе напишам кратка содржина. Чисто за да ги заинтригирам оние кои не ја прочитале, затоа што книгава е must read, задолжителна лектира за сите љубители на пишаниот збор.

    Дејствието започнува во 1945 година, во Барселона. Десетгодишниот Даниел чиј татко има своја книжарница, за прв пат ги посетува „Гробиштата на заборавените книги“ - место каде завршуваат сите книги кои повеќе немаат сопственик. Од таму, Даниел треба да одбере една книга која ќе ја посвои и за која ќе се грижи никогаш повеќе да не исчезне. Движејќи се низ лавиринтите од книги, тој ја одбира „Сенката на ветрот“ од извесен Хулијан Караш. Тагуваќи по својата прерано изгубена мајка, Даниел наоѓа утеха во мистериозната книга која толку многу го обзема, што решава да пронајде и други наслови од истиот писател. Но, набргу дознава дека некој плански ги уништува сите дела на Караш, а постои голема веројатност Даниел да го има последниот примерок. Љубопитноста на Даниел да ја дознае приказната за Караш, ќе ја отвори вратата зад која се кријат многу мрачни тајни - тајни кои ќе го доведат во опасност неговиот живот, но и животот на неговите најблиски.

    Обично многу лесно пишувам забелешки за книги, зашто секогаш знам што точно ќе кажам. Знам што ми се допаднало, а што не, во текот на самото читање си правам mental notes, па само седнувам и пишувам. За книгава... не знам од каде да почнам. Веќе неколку минути зјапам во празниов простор и се обидувам да ги средам импресиите за да ги склопам во барем неколку реченици. Ама ќе се обидам да бидам кратка и концизна, иако имам милион мисли во глава кога ќе помислам на книгава.

    Зафон го запознав со „Марина“, потоа прочитав уште неколку негови книги, но никогаш не стигнав до култната „Сенка на ветрот“, која е книга за која ретко кој не слушнал. Сега ми падна во раце и неколку денови буквално живеев во магијата што ми ја носеше самата приказна. Ја носев секаде со мене, зашто сакав да го искористам секој слободен момент за да прочитам барем неколку страници.

    Зафон како и секогаш - маестрален во пишувањето. Апсолутно брилијантен, со толку убаво одбрани зборови, што на моменти ми се чинеше дека читам поезија. Изобилува со толку неверојатни описи, што добивав чувство дека живеам во самата книга, дека и јас се движам низ целата приказна. Ликовите комплексни, но совршено изградени, како сложувалки со илјада парчиња. Сè си беше на свое место. Имаше прекрасни цитати заради кои некогаш подзастанував и се губев неколку минути, размислувајќи за тоа што сум го прочитала. Книгава беше како хипноза! Многу ретко препрочитувам книги, ама знам дека оваа ќе ја прочитам барем уште неколку пати. И сега кога си ја имам во домашната библиотека, ќе ја скријам како во Гробиштата на заборавените книги, зашто нема да сакам да ја позајмувам :D Во план ми се и другите две продолженија на „Сенка на ветрот“, задолжително ќе си ги купам, ама знам дека ќе го одолговлекувам читањето, зашто ќе бидам тажна откако ќе ги завршам. Сакам да ги причувам за понатаму, засега уште ме држат импресиите од оваа книга.

    Додека го читам Зафон, на моменти добивам чувство дека живее во некое друго време. Мене ме освои уште пред да ја прочитам неговата најпозната книга. Имам гледано многу интервјуа со него и секогаш ми остава впечаток на многу топол лик, баш онака како што си го замислувам додека го читам. Изгледа многу скромен и тивок, а има цели универзуми во себе. Би била пресреќна ако некогаш добијам можност лично да го запознаам. Дури не мора ни да ми ги потпише книгите, само сакам да се убедам дека е реален :$ Има дела кои се толку добри, што си се прашувам: Зар е можно ова да е создадено од човек? - Книгава е една од нив.
     
    Последна измена: 15 февруари 2016
    На LittlePinky, UnordinaryOne, senza.parole и 17 други им се допаѓа ова.
  5. flavor

    flavor Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    235
    "Glass Sword" by Victoria Aveyard.
    Saga za toa da vidite deka nikogash ne ste sami kolku i da ste razlichni od drugite i kakov e rizikot od toa vie da postanete "chudovishteto" protiv koe se borite.
     
  6. happt.girl

    happt.girl Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Дали е подобро никогаш да не се вљубиш или да се вљубиш во некој кој не можеш да го имаш?

    Ова е приказна за една девојка која го губи својот татко толку ненадејно што ѝ се разнишува целиот свет. Приказна за една мајка која се обидува да ги заштити своите деца по секоја цена, макар и со лаги. Приказна за едно сираче од дом. Приказна за наоѓање на вистинска љубов и нова надеж, но и за претворање на таа љубов во забранета. Колкупати може светот да ти се сруши под нозе, а сепак да продолжиш да стоиш?

    Приказна која ќе ви покаже дека некогаш човек може да се смее на работи кои никој не ги смета за смешни. Која ќе ве научи дека акцентот треба да се става на животот.

    Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат само пријатели и приказна која ќе ви покаже дека семејството некогаш се и само пријателите...

    Лејкен е осумнаесетгодишна девојка која заедно со мајка си и помалото братче го напушта својот роден град и се сели во поевтина куќа на сосема ново место. По смртта на нејзиниот татко, тие мора да најдат поевтин начин за живот, а таа се обидува да биде карпа за ранливото семејство, иако во себе почнува да губи сила и надеж. Во новиот град, таа го запознава Вил Купер. За разлика од сите главни машки ликови во поновата литература за млади, Вил не е вагабонт, не го троши својот живот на неважни работи, не носи кожа и не вози мотор. Не, тој е само паметно, прерано пораснато момче кое има неверојатна пасија за модерна слем поезија чии стихови се вметнати во книгата како дел од раскажување на приказната. Момче кое на деветнаесет години останува сирак заедно со својот многу помал брат, па оттогаш во свои раце ги држи животите на двајцата и се грижи неговиот брат да живее што е можно понормално дури и без родители. Иако е млад, тој веќе има завршено средно училиште, студира и паралелно работи за да обезбеди услови за живот.

    Ликовите во оваа книга се совршен пример за тоа каков треба да биде секој нормален млад човек во најтешките и „најненормалните“ ситуации во животот. Оваа книга нè им го поставува прашањето „Можеш или не можеш?“ на двата главни лика во книгата, напротив, таа е реалистична каков што е и самиот живот, па удира и става во искушение без да предупреди и праша. Но за разлика од другите ликови во другите филмови и книги, Вил и Лејкен не посегнуваат по дрога, не посегнуваат по самоуништување, не креваат раце. Тие едноставно ги земаат сите кисели и горки лимони кои животот им ги фрла и се обидуваат да ја направат најслатката можна лимонада од нив.

    Во оваа книга, особено ми се допадна машкиот лик, прерано созреано и пораснато дете, принудено да стане и мајка и татко и брат на деветнаесет години. Мислам дека ме освои уште со првата глава. Уште една работа која многу ми се допадна, а не сум ја сретнала во друга книга беше слем поезијата која на моменти дури и ме расплакуваше. Преубава книга!

    „Уникатно, како ништо што сте прочитале досега. Што чекате, прочитајте ја веднаш!“ - Тамара Вебер
    [​IMG]
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Цела вечност помина откако последен пат пишав во темава.:tmi:

    Исчезната без трага - Шеви Стивенс

    Навистина убава книга. Гледам има по некоја негативна критика, ама воглавно, книгава не беше воопшто лошa. Не се покајав што ја купив. Едно нешто што постојано ме нервираше - лошиот превод. Една од преведувачките е членка на фемина ако не се лажам, ако го прочита ова, да знае дека не е лична навреда, но едноставно, ми боде очи кога ги читам речениците и автоматски во главата ми се формираат како биле на англиски. Тоа не ми се допаѓа. Јас сакам преводот да не се ни познава дека е превод, макар и да биде послободно преведен.

    Сè уште на некој начин немам храброст да читам на англиски, но мислам дека на оваа книга требаше да ѝ ја читам оригиналната верзија.
    Како и да е, за содржината, беше баш како што е опишана: „брутална“. Невообичаен спој на оние бројни приказни за киднапирање, трилер и мистерија. Не беше нешто воодушевувачко или ау-бау, но дефинитивно ми го задржа вниманието, особено додека престојуваше во колибата со Лудакот. Сега за расплетот ќе се распишувам во спојлер:
    Некаде кон средината мислам дека беше, како да ни ја тутна тетката Вал пред очи и авторката како да се надеваше дека ќе нè одвее во таа насока, за после да може да направи dun-dun-duuuun. Јас откако се разубедив дека не е Вал, мислев дека мајката го направила тоа, само за да ѝ се одмазди на Ени бидејќи потајно ја обвинува за смртта на нејзината омилена ќерка. Си помислив дека одамна го планира тоа и дека со текот на времето полудела целосно, па затоа најмила човек да ја киднапира. И сега излезе дека го направила тоа само за да се покаже пред Вал. Каков болен ум, човече. Сепак, зошто тогаш умреле таткото и Дејзи? Мислам, зошто ѝ беше потребно тоа на приказната? За да може Вејн да ја оплеска работата, оти демек таткото не би го направил тоа? И уште нешто што стварно не ми беше јасно: Зошто Ени, и покрај тоа што Гери стопати ја предупреди на никој да не каже за сликата и да не пренесе на никој за што зборуваат таа ѝ се отвори како кутија на докторката. wtf? :^)
    И покрај тоа, мене ми се допадна книгава многу, ме допреа некои тажни мигови, морам да признаам.
    Ја препорачувам на љубителите на трилер. (y)
     
    На plava.90 и CrazyOne им се допаѓа ова.
  8. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Лара е исчезната девојка која навидум побегнала, но вистината е пострашна покрај полицијата настанот го истражува и Маркус, исчезнувањето на девојката води до други мрачни случаи, во оваа приказна се вмешува и Сандра која сака да ја открие вистината за смртта на својот сопруг.
    Не бев прочитала нешто многу долго (добро ова многу долго е релативна работа),порано точно знаев што сакам да читам. Кога се сретнав со еден куп книги пред некој ден незнаев што да одберам, некако изборот падна на Ловец на души поради авторот Донато Каризи, или подобро поради Шепнувачот оваа книга ми е една од омилените...па кога го видов истиот автор веднаш ја земав.
    Книгата едноставно те тера постојано да читаш. Всушност јас додека ја читав веднаш можев да си ги представам сцените, некако ја доживеав како филм.
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    9781782640318 (1).jpg
    Кратката содржина:

    Девојчето со свои 8 години беше продадено во проституција. Од самото своето раѓање со тажната судбина, за која и самата веруваше дека беше родена.
    Ама љубов, таа безусловна љубов, која ја пронаоѓа неа, човекот Мајкл кој е во состојбата се да и прости, да се излее пред неа бидејќи верува дека таа е единствена.
    Патот на откуп, борба со лични демони, минатото кое не и дава мир, соочување со сосема еден нов свет, простување на другите и на самиот себе, пронаоѓање на својот личен мир и духовна благосостојба се само дел од она што главната јунакиња поминува.

    Колку што сакав да ја прочитав книгава побрзо, исто толку сакав и подолго да трае, бидејќи сакав уште. Книгава со одлична приказна, фикција е, ама сепак толку стварна, толку реална во светот во кој живееме, едноставно ги буди сите сетила и влегува длабоко.

    Книгава опфаќа духовното и со темели на христијански принципи, со кои лично јас се согласувам.
    Опфаќа дел од самата Божја природа, неговата безусловна љубов, која човечки не е нормално да се разбере, а сепак е достапна на секој еден од нас, за простување, за нов почеток.
    Носи порака дека секој има право и има можност на новиот почеток, дури и оној со најлошото минато.
    Љубовта е сила и љубовта менува. Љубовта ги руши сите предрасуди, сите пречки, ги крши стените и металот го стопува. Љубовта има моќ. Бог е љубов.

    Имам прочитано неколку од истата авторка, и отприлика знаев на што сум со неа, ама оваа книга и е досега дефинитивно најдобра.
    Дефинитивно една и од моите омилени книги.
     
    На kjukli и RainBow им се допаѓа ова.
  10. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Posledno sto procitav e SNEZANA MORA DA UMRE.
    Knigata ednostavno nete ostava, te tera da ja citas I da ja citas sega mi e krivo sto zavrsi.

    Eden decko e obvinet za ubistvo na dve devojki, cii tela ne se pronajdeni, a toj pominuva 10 godini vo zatvor kako ubiec.
    Po desette god izleguva od zatvor I se vraka vo domot kade gleda deka nisto ne e isto, semejstvoto se rasturilo, semejniot biznis propadnal, imotot vo bezredie. Vo seloto ne e dobredojden, pa po kratko vreme se slucuva da iscezne uste edna devojka, prviot osomnicen e toj. Potoa se slucuvaat mal miloin intrigi, zabludi koi na krajot ke ve faaciniraat.
    Kolku li samo se losi I nemilosrdni lugeto.
    Vredi da se odvoi vreme I da se procita ovaa kniga.
     
    На joy1, plava.90 и CrazyOne им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Повик на дивината - Џек Лондон

    Едно од подобрите нешта што сум ги прочитала во последно време. Бидејќи многу обврски имав периодов, и заборавив дека ми е лектира за утре, па морав во 2 дена набрзина да ја прочитам и да не ѝ обратам повеќе внимание. Не додека ја читав, туку додека ѝ пишував резиме сфатив колку е убава книгава. Така лесно склопена и навидум едноставно, но кога ќе се задлабочиш малку, сфаќаш дека има повеќе од тоа.

    Татко ми ми рече дека не требало да биде лектира за 9то одделение. Не знам за тоа, не знам ни дали ѝ ја сфатив целосната идеја. Книгава го прикажуваше конфликтот помеѓу цивилизацијата и дивината. Помеѓу цивилизираниот човек и оној примитивниот кој нема доверба во никој и ништо. Помеѓу моралните вредности и инстинктот за преживување. Бак од праведно, фер и питомо куче се претвора во сурово и диво, кое игра на картата „убиј или биди убиен“. Токму кога е спремен да се откаже од влечењето санки и да трне кон дивината, го запознава својот спасител Џон Торнтон кој го засакува како никој друг порано.

    Иако во тие моменти искушението да заскита низ шумите е најголемо, тој сепак останува со Џон Торнтон до последниот миг, верен на својот сопственик.
    Интересен ми беше неандерталецот кој го гледаше од другата страна на огнот. Така, всушност, започна повикот. Набрзо, тој влакнест човек се претопи со волкот со кој трчаше Бак на падината.

    Стилот е толку убав, како да бев таму, како да гледав од очите на Бак низ пламени од оган додека човекот ја става главата помеѓу колена и во позадина се слуша завивање на волци.
    Ме допре книгава, навистина, ми остана во мисла сега... :) Преубава книга, можеби некогаш по неколку години, ќе ја прочитам пак, да ги разберам работите што сега не сум ги разбрала.
     
    На Florenсе, Feminka22, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    32.865
    Пол:
    Женски
    Исчезната без трага - Шеви Стивенс

    Ми ја препорача една моја школска од средно пред некој ден, навистина ме заинтересира книгата и ја купив. И не се покајав! Книгата ми беше ептен убава.
    Толку искрена, дирекна, брутална.. не ми се оставаше книгата, едвај чекав да дојдам до крајот.
    Многу ме допреа некои моменти, и јас како Ени се прашував.. зошто?!
    На сите кои што се љубители на трилер, ви ја препорачувам, нема да зажалите!
     
    На plava.90, crazylady, CrazyOne и 2 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Last Letter from Your Lover - Jojo Moyes

    Книгава е поделена во две временски рамки, од кои првата ја следи приказната за Џенифер која живее во 60тите години на минатиот век. Џенифер се буди во болница после трагична сообраќајна несреќа. Не може да се сети каде и со кого била кога се случило тоа, не може да се сети на своето семејство, своите пријатели, па дури и сопругот го гледа како туѓинец. Обидувајќи се да се вклопи во животот кој претходно го имала, Џенифер наоѓа љубовни писма и дознава дека имала љубовник - човек чиј лик и име останува мистерија. Вториот дел од книгата е 40 години подоцна. 33 годишната Ели која работи како новинарка, наоѓа дел од љубовните писма и се обидува да открие што се случило со двајцата љубовници.

    Мислам дека книгава имаше голем потенцијал и убава идеја, ама некако не беше добро реализирана. Јас не успеав да се поврзам со целата љубовна приказна, ниту да се соживеам со ликовите. Едноставно, не ме допре нивната судбина и тоа што им се случуваше, а мислев дека ќе ме држи во малку поемотивно расположение. Првата третина од книгата ми беше онака... мех. Дури неколку пати мислев да ја оставам, зашто не ми го задржуваше вниманието. Ја знаете онаа ситуација кога гледате некој филм, ама повремено си правите муабет, или чепкате на телефон, а кога ќе се вратите назад на филмот гледате дека сепак сте во тек со настаните? Така беше и со првата третина од книгата - на моменти паметот ми одлетуваше на друга страна, мислам дека поминував цели пасуси без воопшто да знам што сум прочитала, ама кога ќе се вратев на книгата, испаѓаше дека ништо не сум пропуштила.
    Втората половина некако ме размрда, почнав да читам со поголемо внимание, дури и ме заинтересира што ќе се случува понатаму. Случувањата беа подинамични, па ми дојде како освежување, за разлика од првиот дел кој ми се чинеше бескајно развлечен.

    Кога е во прашање стилот на пишување, на моменти ми се допаѓаше, ама на моменти ми личеше дека приказната ја раскажува некое мало дете. Ме нервираа кратките и прости реченици, а на некои делови имав чувство дека книгата ја пишувале двајца.
    Што се однесува до ликовите, сите беа еднодимензионални и ниту еден од нив не ми беше особено симпатичен. Дури некои од главните ликови што ја држеа приказната, ми беа премногу одбивни. Исто така не ми се допадна како некои од ликовите беа претставени во првиот дел од книгата. Некако наеднаш влетаа во приказната, па се чудев кој е кој, и кој од каде дојде во целата ситуација.

    Сума сумарум - слаба книга, не би ја препорачала. Времето потрошено на неа можев да го искористам за некоја многу подобра книга. Но, ако некого заинтересирав со кратката содржина и сака да ја прочита, преведена е на македонски под наслов „Последното љубовно писмо“, издание на Култура.
     
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    the-zahir-paulo-coelho-book.jpg

    Имам и позитивна и негативна критика. Не ме воодушеви како што мислев. Почетокот е тотално неинтересен, и после 50 страни сакав да ја оставам, не знам како се натерав да ја завршам. Морав после да читам и критики да се уверам дека не ми беше само мене голем дел од неа неинвентивен, досаден и бесмислен. Описот на задната корица е потполно залажувачки. Книгата не е толку возбудлива како што се чини.
    Писател кој живее со својата жена, кој знае која по ред во Париз, наеднаш се буди од својот обичен и уреден живот кога таа го напушта.
    Ми немаше никаков заплет, никаква интрига, се редеа страни за тоа како неверството е еден вид љубов, за нивниот живот, и наеднаш се појави некое духовно водство, и нејзин љубовник кој ќе го однесе до неа. Значи wtf? Има убави цитати и поуки кои може да се извадат за љубовта, но и многу за мене погрешни размислувања.
    Навистина не знам на кого би ја препорачала книгава, освен на оние кои се во некоја потрага по духовно водство или нешто слично.
    Има 2.5/5 од мене, мислам дека долго време не сум се разочарала вака од некоја книга, а уште помалку од некој „познат“ автор.
     
  15. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Господар на злото - Донато Каризи

    Донато Каризи го обожавам, толку добар писател, тотално да те внесе во приказната и буквално да не сакаш да ја оставиш книгата додека не ја прочиташ до крај! Навистина го буди оној глад кон (само) уште едно поглавје!

    Господар на злото е всушност продолжение на Ловец на души, уште едно феноменално дело на Донато Каризи. Повторно се навраќа на Сандра Вега и Маркус, познатите ликови од Ловец на души. Сандра, вдовица, форензичарски фотограф и Маркус, свештеник заедно ги истражуваат убиствата на неколку млади двојки. Има толку многу случувања, сите во различно време а сепак поврзани на некој начин кој авторот толку жестоко се труди да го прикрие за на крај да ни го открие тоа изненадување.

    Дефинитивно вреди да се прочита, како оваа така и останатите - досега познато ми е дека од Донато Каризи се преведени само три книги - Господар на злото, Шепнувачот и Ловец на души. Ако знаете за уште некоја, известете, со душа ги чекам тие негови зборови!

    Поздрав.
     
    На CrazyOne, Priroden, plava.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    @Arja и Владетелот од сенка му е преведен.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ах да, сум изумила, инаку прочитано ми е се од него и сум исчекување по уште!
     
  18. attraversiamo

    attraversiamo Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитав во кратката содржина на книгата дека се работи за текст поврзан со некоја војна веднаш ја враќав книгата на место. Фобија имам од војна и такви патења ама кога прочитав дека Лусинда Рајли има романтична книга сместена во војната и сегашноста неможев а да не ја купам книгата.
    Накратко се раскажува за две хероини Емили која не води во сегашноста и Констанс која не води низ војната 1943 / 1944година. Емили е аристократка (каде патем преубово е опишан дворецот кој е сместен на југот од Франција каде живее и едноставно од сликите кои ти се редат во главата посакуваш да си таму на истото место во истото време), која по смрта на мајка и со која немала блиски контакти запаѓа во рацете на Себастијан кој го интересира само нејзиното потекло и пари. Наивната Емили за многу краток период се мажи за Себастијан но како и секогаш вистината не може да биде заклучена во темница подолго време.Откривајќи ги намерите на Себастијан истовремено ја открива и семејната историја за која премалку знае.
    Кога ја почнав книгата бев на патување и бев скептик дали ќе можам да излезам на крај со обемен роман кој бара концетрација. Кога ја завршував посакав само да има барем уште една страна раскажана приказна...
    Кој ја има прочитано Полноќна роза знае за каков ранг на писател станува збор. Топло ја препорачувам
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Online ја читаше или ја има на македонски преведено?
     
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Опасен онлајн разговор - Сара Дарер Литман


    Лесна и читка. Станува збор за "другарување" на тинејџерка и младич, прво преку интернет, а потоа и со нормална средба...
    Нешто книгава не е којзнае што, нит ми се свиѓа стилот на пишување, али ете, има важна порака :!:

    Иначе и библиотекарката така ми ја препорача: Еве , оваа земи си ја, убава е за вас да ја имате прочитано.|(

    :D:D:D
     

    Прикачени фајлови: