1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ја имам книгата, на англиски :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  2. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Многу добра книга ме остави без спиење толку е се опишано добро сликовитосе внесов скроз :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ghost Gifts - Laura Spinella

    Обри Елис е новинарка која има дарба да комуницира со мртвите - нешто кое ја вознемирувало во детството и причината поради која сега ѝ се распаѓа бракот. По откривањето на телото на една млада жена, Обри ќе навлезе во истрагата обидувајќи се да дознае што навистина се случило, убедена дека човекот кој поминал 20 години во затвор, не е вистинскиот убиец.

    Книгава ептен ја развлеков уште на почетокот, па после имав повеќе време и го забрзав читањето, па после пак морав да паузирам и ми стоеше неколку дена на 96%. Мислам дека тоа малку ми го поремети впечатокот, зашто кога после неколку дена ќе продолжев да читам, малку се губев со настаните и ликовите, па не можам да проценам дали содржината не беше добро склопена, или мене не ми беше паметот тука. Во секој случај интересна книга, на моменти ми беше стварно многу морничава, иако не е баш хорор. Мислам дека прв пат читам вакво нешто, а ако некогаш сум читала, тогаш било одамна. Некои настани не ми се допаднаа, некои дијалози ми беа малку глупави, ама тоа беа ситни работи. Ја дочитав пред неколку дена, па сега веќе и не се сеќавам какви сè забелешки имав, ама генерално ми се допадна.
     
  4. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Играта на ангелот- Зафон
    Овој човек кај мене ужива таков кредибилитет што кога дојдам до негова книга воопшто не се двоумам.
    Ја имав предходно читано Сенка на ветрот, Играта на ангелот според самото дејство и предходи на Сенка на ветрот но приказните се независни и не се испреплетуваат.

    Давид Мартин е писател кој добива предлог од мистериозен човек да напише книга за неверојатно висока сума. Кога Давид ќе свати во што се впуштил и ќе почне да "душка" наоколу ќе се вплетка во низа несреќи.Сето ова зачинето со несреќна љубов, пријателство, непријателство, хумор..

    Како читател не ми се допаѓа градењето на главните ликови како совршенства, затоа мене Давид Мартин ме маѓепса со неговата несовршенст, ми се допаднаа дијалозите со Изабела, начинот на кој Зафон ја пренесува приказната, Ми се допадна целата книга.
    Ама нешто ми недостасуваше го немав тоа чувство... Незнам како да објаснам :)
     
  5. Ivana J.

    Ivana J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Седум години подоцна - Гијом Мисо

    По елегантните париски улици до самото срце во Амазон, овој брилијантно напишан трилер ќе ве поведе во неповторлива авантура,прполна со напнатост и со незамисливи пресврти. Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и беспрекорно среден живот на Себастијан.Тие се пример за два сосема спротивни карактери, но љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интензитет.Набргу ќе се венчаат и ќе ги добијат близнаците Камила и Џереми.
    Сепак нивниот брак неминовно тргнува кон крајот: осудување, афери , презир…По бурниот развод двајцата родители добиваат старателство на по едно дете. Синот кај мајката Ники, а ќерката кај таткото Себастијан. Годините назабележливо поминуваат.Двајцата повторно си ги враќаат своите животи што подалеку еден од друг. Еден ден Џереми исчезнува. Ники нема друг избор освен да побара помош од својот поранешен сопруг,кој го нема видено седум години.
    За да го спасат тоа што им е највредно и на двајцата, Себастијан и Ники ги здружуваат силите и тргнуваат во потрага по синот.Близината ги наведува повторно да ја почуствуваат привлечноста која постои меѓу нив двајцата и се запрашуваат дали е, навистина, се загубено засекогаш. gijom.jpg
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Тајната на сопругот - Лиен Мориарти
    tajnata_na_soprugot.png

    Книгата раскажува за животот на трите жени, наизглед неповрзани, ама потоа сплотени, како дел од една иста приказна.

    Нивниот живот, карактерите, семејни драми, околностите.

    Книгата е лесна за читање, убаво раскажани случки, непредвидива до самиот крај, убаво опишани ликови, нивните карактери и мисли лесно разбирливи.
    Без сувишни детали, се ми е на место, мада малку зажалив што не траеше подолго :)

    Описот на книгата позади е: "прекрасна драма во која ќе уживаат љубителите на серијата Очајни домаќинки".
    Посоодветен опис нема. :)

    Моја препорака.
     
    На toogood, crazylady, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    Тајната на сопругот - Лиен Мориарти

    Приказна за животот на три жени која ќе ве остави без здив. На самиот почеток можеби е и тешко да се открие нивната поврзаност, но со понатамошниот тек на настаните се испреплетуваат нивните животни приказни. По карактер секоја од нив толку различна, посебна. Особено Тес и Сесилија ми се целосна спротивност.

    Неизвесноста е присутна до самиот крај, таа нема да ви дозволи да се оттргнете од книгата за момент, а ако ја оставите накратко ве тера да размислувате и претпоставувате што е следно.
    Обожавам книги во кои лесно можам да се соживеам со ликовите и нивните судбини.

    За крај,
    некои тајни остануваат засекогаш тајни или можеби не? Разоткривањето на некои тајни можат да го променат животот во непознат правец, зависно од "тежината" на тајната.
     
    На Dear_Thing и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ловец на змејови - Халед Хосеини

    190_9_10_13__5__11_2012555.jpg

    Во книгата еден авганистански човек Амир раскажува за својот живот, од своето детство до своите возрасни години, вклучувајќи ги животите на своите најблиски и своите сонародници.

    Премда приказната е сурова и потресна, сепак толку реална и возбудувачка за читање.

    Има убави моменти за осознавањето работи околу нивна култура, менталитет, традиции и обичаи, пишани и непишани правила, религијата...

    На крајот се се сведува на тоа дека си или човек или не, без разлика на боја, нација, вероисповед.

    Книгата е навистина убава и не верувам дека постои некој кој останал рамнодушен на приказнава.
    Обично читав приказни од гледиште на некои од муслиманските жени од тие источните земји, па беше убаво да се прочита и нешто од машкиот агол околу културата и опшествени очекувања, разочарувања, повреди.... А војната? Војната е посебна тажна категорија.

    Ја препорачувам.
     
    На MissDior, toogood, RainBow и 5 други им се допаѓа ова.
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна да пишам.
    Drop shot - Harlan Coben 5/5

    Одлична книга. До последната страница те остава во неизвесност и очекување.

    Млада бивша тенисерка е убиена на терените на Ју ес Опен, додека на терените се појавува ново лице кое го зема цело медиумско внимание. Мајрон Болитар, тениски агент и адвокат се обидува да ја открие мистеријата која започнува со убиството на синот на сенаторот шест години порано.

    Харлан Кобен е дефинитивно незаменлив. Имам уште две од многуте негови книги кои ме чекаат на полица. ^_^

    За сите што сакаат неверојатни трилери, многу ќе ви се допадне.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    received_10154098919894906.jpeg
    Оригиналниот наслов:
    The midwife of Venice

    Книгата раскажува за период во 1575 година и случките се на релација Венеција - Малта.
    Во тоа време христијаните се многу лошо однесували со Евреи, за се нешто Инквизиција можела да пресуди погубување, па и масакр на целиот (еврејски)гето.

    Еврејка Хана беше прочуена бабица во Венеција. Една ноќ добива покана да спаси те.породи една христијанка и таа и покрај Папскиот едикт о забрани Евреите да лечат Христијани, покрај понудениот хонорар од загрижениот сопруг, од семејството со титула, се двоумеше.

    Сопругот на Хана, Исак, беше заробен воеден витешки поход на морето и спроведен како роб и сега таму чекаше да стигне неговото откупување во дукати.

    Книгата е возбудљива и непредвидива, полна со авантури. Имам чувство баш како некаков филм да гледав. Многу брзо, можеби и пребрзо се одвиваа случките, имаше некои нелогичности во книгата, ама се на се не е лоша.
     
    На eliesaab, toogood, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Големи мали лаги - Лиен Мориарти
    229469-232620020911bc64f9493257f9fa9d9b.jpg

    Знам дека книгава беше рецензирана неколку пати, ама сакам и јас да дадам својата препорака. (y)

    Книгата е лесна за читање, мистериозна, возбудлива, едноставно одлично склопена да ниту еден дел, ма ниту една реченица не ми беше вишок.
    Се е на свое место, тако слатко упаковано, а опет не може да се предвиди ништо до буквално самиот крај.
    Карактерите одлично доловени, многу симпатични дури, едноставно се соживуваш со нив.
    Младата Џејн, самохрана мајка, со тајната од младоста и како го добила детето; Селест, богата и убава жена, со маж насилник; Медлин, симпатичен лик, во втор брак, верна, фер пријателка, секогаш спремна да влезе во конфликт за драги личности...
    Тоа се главни ликови од книгата, а ги има уште неколку убаво доловени и занимливи.

    Книгава ми е и мене подобра за нијанса од "Тајната на сопругот" од истата авторка.
     
    На RainBow, ph.orhideja, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.130
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    Одлични се и двете книги @Sky-butterfly, фала ти уште еднаш за препораката. Ја дочитав втората книга пред некој ден.
    Мене повеќе ме влечеше " Тајната на сопругот " за брзо време ја прочитав, со другава "Големи мали лаги" малку развлекував со читање, не знам можеби поради Селест ми идеше на живци на моменти дека упорно остануваше со тој човек и покрај се.

    Повторно е опишан животот на три жени кои се наоѓаат во различни животни ситуации и искушенија.
    Медлин е вработена жена која што се грижи беспрекорно за своето семејство, заштитнишки настроена, добра пријателка која во релација со Џејн настапува баш онака мајчински, таа е тука секогаш да и помогне во било која ситуација да се најде.
    Џејн постојано се сели од едно место на друго и конечно ќе го најде своето место каде што припаѓа, иако можеби потсвесно веќе одамна знаела кое е тоа место и била решена да отиде таму. На тоа место ги наоѓа и своите најдобри пријателки и својата љубов.
    Селест навидум има совршен живот, но не е се онака како што изгледа. Човек може да се замаскира добро и да одглуми еден идеален живот толку добро, што никој не би ни претпоставил какви тајни може да крие една човечка душа. Ми пречеше она што постојано наоѓаше оправдување за она што и се случува, постојано ги оправдуваше постапките на нејзиниот сопруг и остануваше со него. Дури имаше моменти кога и самата се обвинуваше за она што и се случува.

    Додека ја читав книгава постојано се прашував кој е мртов, имаше моменти кога помислував дека е некоја од овие три жени. Потајно само се надевав и искрено посакував да не се точни моите претпоставки.
    Крајот сосема неочекуван, ми се допаѓа мистериозноста и непредвидливиот крај, колку и да се трудиш да го претпоставиш развојот на настаните, на крајот излегува сосема друго. Тоа е убавината во книгите на Мориарти.
     
    На ph.orhideja, toogood, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    5/5
    Kniga koja vecno ke ja pamtam.
    Se raboti za tri grupi na zeni koj ziveat na razlicno mesto(Polska, Germanija i Amerika), pred, za vreme i po zavrsuvanjeto na vojnata.
    Premnogu ubavo opisani nivnite zivoti.
    Se bazira na vistinski nastani koj uste poveke gi ozivuvaat likovite.
    Caroline Ferriday zivee vo Amerika i raboti za organizacii koj se trudat da im pomognat na decata ostanati siraci za vreme na vojnata.
    Dr. Herta Oberheuser e Germanka koja raboti kako medicinsko lice odgovorno za medicinski experimenti na evreite vo koncentracionite logori.
    Kasia Kuzmerick i nejzinite drugarki, politicki zatvorenici vo eden od zenskite concentracioni logori vo Polska.
    Sto se slucuva ne bi sakala da otkrivam no bi ja preporacala posebno na tie koi se zaljubeni vo istoriski noveli.

    Iako e okolu 500str. brzo se cita, jazikot prekrasen, opisite inzvonredni, imas custvo kako da se megu niv.
    Zivees so site emocii koj gi oblevaat likovite.
     
    На Tajnaotrovna, Sky-butterfly, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Заштитиникот-Николас Спаркс
    Љубовен и трилер. Се зборува за вдовицата Џули, млада жена со 25 год. која прерано останала без својот сопруг Џим. Тааза да не остане сама на млади години, почнува да се состанува со Ричард. Навидум маж кој е сон на секоја жена, но тој всушност и не е таков. Исто така тука е и Мајк кој е лудо вљубен во Џули, а таа тоа не го ни забележува. Текот на настаните продолжува со испреплетување на љубов и трилер. Интересна книга, уште една омилена од Спаркс.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Night Road - Kristin Hannah

    Книгава почна солидно, ми го задржа вниманието, ама некако не заврши славно.
    Стилот на пишување ми се допаѓа, има премногу придавки и детали, ама тоа не ми смета, ми смета тоа што има многу повторување. Во ред, сфативме како се чувствува ликот и од еднаш-два пати, не мора по сто пати истото да се пишува. Негде од половина почнав малку со очи да превртувам.
    Ликовите ме нервираа кој повеќе кој помалку. Џуд мислам најмногу на нерви ми одеше со нејзините постапки, Лекси со нејзината демек добродушност и морален компас, а во суштина беше многу глупава и наивна.

    Немаше ништо мистериозно во приказната, посебно вториот дел беше некако развлечен.

    Крајот премногу несмасно склопен и нафрлан, погоден за сите да биде.

    Книгава ни половина не е од The Nightingale, и давам едно тројче само поради тоа што ми го држеше вниманието.
    Ептен се нервирам вака кога некоја книга изгледа одлично, ама на крајот кога ќе се собере сè ме разочарува.
     
    На ph.orhideja, macalavica и toogood им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    Modern Girls
    by Jennifer S. Brown (Goodreads Author)
    4.27 · Rating Details · 254 Ratings
    How was it that out of all the girls in the office, I was the one to find myself in this situation? This didn’t happen to nice Jewish girls.

    Prethodnava recenica kazuva se.
    Nesto poinakva kniga od onie koj gi citam. Vo pocetokot se custvuvav kako da citam veke videno scenario, no moram da kazam deka me voodusevi na eden svoj neobicen nacin.
    Dejstvoto se odviva 1935 god vo Amerika.
    Ova e prikaska koja gi opfaka majcinsvoto, familijarnosta, imigracijata, asimilacijata, pravata na zenata i rabotodavacot i mnou drugi sitni i navidum neznacajni temi koj ke vi go ispolnat srceto i vi gi razigraat custvata.

    Kako citac sum mnogu blagodarna na bilo kakva prikaska.
    Koga citam nikogas ne se trudam da pretpostavuvam sto ke bide niti osuduvam, zemam strana kon nekoj lik. Ednostavno dozvoluvam prikaskata da me povede, vleguvam vo nekoj lik (nemora da znaci glavniot lik) i ja zivema prikaskata so site emocii od likot.
    Ne ima razlicni i bas zatoa ne se ni trudam da osuduvam zasto vaka zasto ne taka, ednostavno baram odgovor sto ja natera ovaa licnost da postapi na ovoj nacin pa ke me navede na promena na mojot stav za nesto.
    Taka i knigava mozda ima lik koj e sosema poinakov od nas no sepak e pozelno ako mozete da vlezete vo nejzinite cevli i da izodite zaedno so nea 4-5 casa niz prikaskata.

    Od mene knigata ima 5/5.
     
  17. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Незаборав-Алисон Ричман
    Интересна книга за време на Втората Светска војна. Испреплетување на љубов, тага, смрт, разочарување.
    Писателката обрнала внимание и на уметноста-музиката, тајните организации кои се бореле против Германците. На некои делови, книгата е и језива за читање.
    На крајот на книгата има белешка од авторката. Како настанала книгата. Секој лик од книгата е убаво обликуван, и се поврзува со некој историски лик од минатото, баш за време на Втората Светкса војна. Стилот на пишување на писателката и баш не ми се допадна. Јас сакам кога шета низ годините, но нема баш некоја убава ориентација во времето, или пак пишува дека е 1943 а понатаму во главата раскажува настан од 1935...
    Исто така, голема грешка е што книгата е од Матица и најверојатно не е лекторирана. Јас како обичен читател најдов многу грешки, а камо ли да ја прочита некој лектор или македонист.
    И за крај некои цитати од романот, кои мене ми се допаднаа. Можеби ќе ве привлечат да ја прочитате:
    „Нејзиниот недостиг на храброст се исто толку гнасни како и звукот кој излегува од искинатите жици.“

    .„Убавината е само уште едни оружје-подобро спакувано-кое се открива само кога е неопходно.“

    .„Секој човек на светот длабоко во своето срце крие некаква тајна приказна која сака да ја раскаже.“

    „Љубеше до ѕвездите, и подалеку од небото...“

    „Таа во себе криеше талент и храброст, и почувствува дека има моќ да спасува животи.“
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Тројанско сестринство-Ен Фортије

    Малку е ако кажам дека книгава целосно ме обзема.Од истата авторка ја имам читано и ,,Јулија" и стилот на пишување,како и паралелното раскажување за двете хероини во минатото и сегашноста,се карактеристика и на ова дело.
    Топло ја препорачувам на сите оние кои сакаат историски романи,мистерии,трагања по изгубени цивилизации и одговори,сето ова преку едно интересно патување низ Медитеранот,од Северна Африка,преку грчките острови до остатоците од древна Троја.
    Причините за најпозната војна во стариот свет,Тројанската војна,во книгава добиваат сосема нови димензии.

    Од мене оцена 10/10.
     
    На joy1, kjukli, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  19. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано книгава, но не се сеќавам чие издание беше? Можеш да ми кажеш? Ти благодарам :)
     
  20. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    902
    @piglet1
    Скопје : Знаци на времето, [2012] (Скопје : Маринг)