1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Дали ме чекаш? - Гијом Мисо

    Типична книга во негов стил. Некако, колку повеќе читам книги од него, сфаќам дека сите ликови, па и книги му се правени по ист калап. Маж, жена, другар и нешто нереално за да започне дејството. Убава книга беше, не велам не, ама некако почнаа да ми здосадуваат неговите книги, сè му е веќе видено. Секако де, по седум прочитани книги од него не може да не ми здосади. :D Да бидам искрена, неговиот стил почна малку да ме нервира. На почеток бев ипресионирана од него, ама некако не паѓам на исти фори веќе. :D Што би се рекло. Или можеби се и тесните страници, што знам. :P Сепак, интересна беше книгава, иако на крајот сè испреврте, не се знаеше кој кого спасува, кој кому му се оддолжува, луѓето по трипати умреа и оживеаја.
    3.5/5

    Која е таа девојка? - Александра Потер

    Втора книга ми е оваа од неа, а веројатно и последна. Не фала, Александра Потер не е my cup of tea. Првата ми беше „Повикај го Ромео“, и некако ме изнервира бидејќи главната хероина беше глупа како ќусќија и такви одлуки правеше. Ама си реков да ѝ дадам уште една шанса, не за друго, корицата е преслатка. :lol: Некако и тука се навеав на патување низ времето, и уште кога сфатив дека на таа насока ќе оди, знаев дека ќе оплеска нешто. Чик-лит авторка се пробува во sci-fi. :drunk: Не ѝ успеа, јас ќе кажам.
    Ќе беше сè супер да останеше нереалситичното, иако и за тоа треба да си мајстор. Ама не, мораше да испадне сон тоа и таа да ги испомешала настаните што ги сонувала со настаните од таа недела. Е како кога голем број од вистинските настани беа предзвикани од настаните во сонот? И ако сето тоа така ѝ се појавило во сонот, тогаш од каде старата верзија од неа (бабата со бела коса и прстен), се појави во вистински настн?
    Има уште еден куп нелогичности со кои авторката одлучила да не се справува, ама ајде, нема и што друго да се очекува од ром-ком книга во која авторката се запознава себеси 10 години помлада. Инаку книгава многу бавно ми одеше, и не ми беше интересна, преводот некако нц, стилот на авторката исто така...
    Кога сме кај чик-лит попрво би ги читала романите на Лидзи Келк, таа ме имаше и насмеано неколку пати.
    3/5

    *drumroll*

    Дигитална тврдина - Ден Браун

    Ах, колку ми фалеше човеков. :sun: Да бидеме реални, голем дел не ни знаат дека постoи книгава на авторот кој го има напишано еден од најпродаваните бестселери. И има причина за тоа. Книгава не е толку добра како другите негови. Секако, прва му е, во ред е тоа. Имав чувство како да имаше премногу ликови, премногу непотребни информации и пресврти. Сепак, не ме разочара ни најмалку, тоа и го очекував. Сè уште останува мојот омилен писател. :bow: 5 down, 1 more to go.
    4/5
     
    На the.vampire.girl, simonna.a, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    The Things We Keep

    [a Novel]
    Hepworth, Sally

    Edna ubava prikaska so prethodno dobro razrabotena tema, Alzheimer i negoviot efekt.
    Da bidam iskrajna knigava me pogodi.
    Ve vnesuva vo zivotot na grupa luge koj boleduvaat od istata, nivnite emocii, misli i custva i kako okolinata, medicinskiot personal i familijata se spravuvaat.
    Prikaska koja gi opfaka ljubovta i zagubata vo periodot na celosna transformacija na licnosta.
    Ovaa bolest nebira godini i zatoa e pozelno da se procita, moze ke vi otvori novi pogledi kon zdraviot razum.

    4.5/5
     
    На fallenangel, Lilianna и RainBow им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Големи Мали Лаги-Лиен Мориарти.
    За книгава има и претходно напишано доволно критики.И јас ќе се надоврзам дека е лесна за читање,интересна.Ја купив по претходно напишаните критики на форумов и не згрешив.

    Night road-Kristin Hannah
    Книгава е за младоста,за грешките кои може да се направат и сами по себе да донесат страшни последици.За љубовта,за мајчината љубов и болка,семејството,пријателството и простувањето без кое не може да се продолжи понатаму.
    На почетокот ми се чинеше дека премногу се опишуваат ликовите.И тоа продолжува и понатаму.Ништо спектакуларно и доста предвидлива.
     
    Последна измена: 20 јуни 2016
    На joy1 и toogood им се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Неопходни лаги-Дијана Чембрлен
    Книгава е интересна животна приказна.

    Дејството се одвива во раните 60-ти години на американскиот југ,на плантажите со тутун.Се работи за две млади жени кои потекнуваат од различни општествени слоеви,но имаат една заедничка цел-правото на избор и борбата против стегите и нормите на системот кои имаат двојни аршини за своите граѓани,делејки ги според бојата на кожата и класната припадност.
    Борбата е за одлучување на поединецот,односно жената доколку е подготвена,сама да одлучи да биде кројач на својот живот и да планира семејство,а не системот, кој во тоа време имал моќ и инструменти да и ја земат на жената една најблагородна улога-улогата на мајка.

    @kjukli
     
    На toogood, joy1 и kjukli им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Препорачуваш ли ја или не? :)
     
  6. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Опасно блиску-Линдвуд Баркли
    Очекував повеќе од книгата,искрено малку се разочарав од содржината.Насловот како и кратката содржина ми навестуваа многу повозбудливо дело,сепак не испадна така. Имено,станува збор за убиство и потрага по убиецот како и причините за истото. Неизвеснот,вртење во круг, за на крај да се дознае дека убиецот всушност ја погрешил куќата. Сплет од разни приказни и признанија кои само ја дополнуваат сложувалката,но никако не можеш да претпоставиш каква слика ќе испадне.
    На моменти многу нереална,но без елементи на фантастика.
    3/5
     
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Препорачувам,секако(y).
     
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Светот не е фабрика за исполнување желби од Џон Грин
    *иако насловот е The fault in our stars,јас искрено би ја преведила како Виновни се ѕвездите,ама ај*

    Однапред ви кажувам дека давам чиста десетка за книгата и дека имаше моментти кога за малце ќе запалчев и кога ја завршив книгата се чувствував како потресена,како некое изгубено врапче далеку од своето јато,дом.Така бев потресена.Ова не е обична љубовна приказни драги мои,ова е болна љубовна приказна.Читајте ја едноставно и самата книга ќе ве натера да се внесите во неа,да живее книгата додека ги читате напишаните зборови.
    За што станува збор?За две млади тинејџери заболени од рак,на кој на едното му ветија 80 проценти дека ќе преживее,а другото го оставија на апарати и апчиња за да може да дише.Нив смртта ги чека.Но тие и покрај нивната болест се сакаа како и сите нормални и здрави деца.А кој или која умре?
    Епа прочитајте.Додека се мислите дали да ја читате или како завршува,јас планирам да го гледам филмот....
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    The Nightingale-Kristin Hannah
    (Славејот)

    Убава книга која ја препорачувам за сите љубители на романи со тематика од Втората Светска Војна.За семејството,издржливоста,љубовта и колку нормалните животни навики и чувства за време на војна се вистински луксуз.
    Се работи за две сестри со сосема спротивни карактери.Едната е своеглава млада жена која без размислување се впушта во Движењето на отпорот против нацистите и посебно се истакнува со своите храбри подвизи,додека другата е повлечена,тивка и пожртвувана мајка и домаќинка која е во состојба да направи се за да си го зачува домот во време кога лудилото на војната беснее во светот.
    Крајот ме изненади,мислев дека старицата е всушност Славејот.

    Препорачувам.
     
    На toogood, Sky-butterfly, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Перфектна хемија - Симон Елкелс

    [​IMG]


    Кратка содржина:
    Британи е осумнаесет годишна матурантка која живее "перфектен" живот. Таа се труди луѓето да мислат дека има прекрасно семејство, идеална врска со дечкото Колин и дека има се' што посакува. Алекс Фуентес е исто така матурант,но лошо момче, член на бандата Латино Крв. Тој има ужасно минато и уште помрачна иднина. Еден важен проект по хемија ќе ги спои нив двајцата. На почетокот нема да се поднесуваат, а потоа Алекс ќе увиди дека Британи не е само една самобендисана богата девојка, а таа во него ќе види нешто повеќе од лошо момче. На самиот почеток на нивната врска се јавува опасна пречка. Еден од водачите на Латино Крв го приморува Алекс да стане дилер на дрога, во спротивно ќе го повреди неговото семејство. Има прекрасен крај.

    Моја критика:
    Два различни света. Една вистинска љубов. Навистина е така. Книгава според мене е нешто што не смее да ви остане непрочитано, поим за совршенство. Ја завршив за два дена, а сигурно можев и побрзо да немав некои обврски. Ова е едно од оние дела после кое не знаев што да правам со својот живот, приказна која ме расплака и покрај среќниот крај. Од мене 10/10. :)
    Доколку сакате приказна за "забранета" љубов, приказна за двајца млади луѓе кои живеат сосема различни животи, чија меѓусебна омраза ќе прерасне во бескрајна љубов, најтопло ја препорачувам. :mm:

    Девојката со портокали - Јустејн Гордер
    [​IMG]
    Кратка содржина:
    Георг е петнаесет годишно момче кое живее заедно со својата мајка, очувот и малата полусестра. Единаесет години после смртта на неговиот татко, Георг добива негово долго писмо што го напишал пред да умре. Во писмото татко му го разговара со него за најразлични работи, за вселената, звездите, телескопот Хабл, за него кога бил малечок, да тоа дека му е жал дека ги напуштил. Но, најголемиот дел од писмото на Јан Олав се состои од приказна за девојката со портокали. Мистериозната убавица со портокали станала главна опсесија на младиот студент (таткото на Георг) и тој постојано ја бара неа.

    Моја критика:

    "Девојката со портокали" не ме воодушеви толку многу како претходната, но убава книга. На моменти здодевна, поради што нема многу случувања, се повторуваат скоро истите работи. Воопшто не очекував таинствената девојка со портокали да биде мајката на Георг, но мило ми беше што испадна така. :)
    Ми се допаѓа стилот на пишување на Гордер. Деловите поврзани со нашето постоење ме натераа да размислам подлабоко, што ќе биде кога еден ден едноставно ќе ме снема? А тоа со телескопор Хабл ми беше здодевно, и тоа многу. |(
    Во секој случај, навистина вреди да се прочита. Ја препорачувам. И давам 7/10.
     
    На JustBeautiful, toogood и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Seven Sisters - Lucinda Riley
    Имам прочитано неколку книги од Лусинда Рајли и оваа ми е некако најслаба. Очекував многу повеќе, ама добив една книга напишана по иста шема како и другите. Главниот лик си го истражува потеклото и така авторката не враќа во минатото каде што не запознава со друга приказна и други ликови.
    .
    Главниот лик од сегашноста, Маиа(ваљда така би му дошло), ми беше премногу бледа, неемотивна, иако Лусинда до крај сакаше поинаку да го изгради нејзиниот карактер за мене беше неуспешна мисија. Исто така една од најневеродостојните љубовни приказни ја има во книгава.
    Прво вика за човекот дека не е нејзин тип, понатаму во книгата нема ни наговестување дека се крчка нешто измеѓу двајца и на крај нивната љубов е запишана во ѕвездите, е до толку се сакаат. Епа оди и поверувај!|(

    Приказната од минатото ми беше интересна, посебно локацијата, се случува поголемиот дел во Рио и еден период во Париз. Тука љубовната приказна ми се допадна, исто и ликовите ми беа поуверливи.

    Имаше занимливи загатки и мистерии, како и во сите нејзини книги, ми се допадна и концептот на целиот серијал, седум посвоени сестри, според соѕвездието Седумте сестри, иако они се шест, останува да се види што се случило со седмата. Ќе ги прочитам и другите издадени книги, уште две се чинам, зашто во оваа немаше целосна разврска, а и ме заинтересираа приказните на другите сестри, се надевам ќе бидат подобро напишани.:)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Две книги од Ејлин Гоуџ - Жена во сино и Жена во црвено.
    Писателкава прв пат ја читам и морам да кажам дека бев пријатно изненадена и од двете книги што ги прочитав една по друга. Многу ми се допадна нејзиниот стил на пишување, имаше толку живописно раскажување, што имав чувство дека некои моменти ги доживувам и јас самата. Ми се допадна што и двете книги не беа премногу предвидливи, ниту претерано бајковити. Забележав дека некои работи и моменти се повторуваа во двете, дури имаше и исти имиња :)

    Жена во сино ја следи приказната на Линдзи и Кери Ен - две сестри чија мајка е зависник од дрога. Поминувајќи го детството без соодветна грижа, двете сестри ги сместуваат во различни сиропиталишта откако нивната мајка ќе заврши во затвор. Губат секаков контакт, за после многу години повторно да се сретнат. Но, различните (не)прилики кои ги имале во текот на годините, направиле тие две да имаат сосема поинаков живот, до таа мера што тоа ќе почне да ги одалечува една од друга.

    Ми се допадна приказната, солидно раскажана, без досадни моменти и непотребни настани. Мислам дека ништо не би сменила да ја пишував јас (а тоа ретко се случува, секогаш имам некаква замерка што сакам да ја сменам :wasntme: ). Ликовите беа одлично изградени и мене сите ми беа многу допадливи, немаше лик кој ме иритираше во текот на читањето.

    Во однос на преводот на македонски - не беше лош, имаше некои правописни грешки кои јас како лаик ги забележав, ама ништо страшно, сум читала многу полоши преводи. Единствено ми бодеше очи зборот „наува“, за кој прашав и во темата Правопис, зашто прв пат го сретнав. Утврдивме дека значи „наликува“, ама уште не сфативме од каде е изваден :?:

    Жена во црвено е интересен сплет на настани од минатото и сегашноста, откривајќи ги тајните и мистериите на различни генерации во едно семејство. Алис е жена пред чии очи е прегазан нејзиниот постар син. Изгубена од очај и болка, во еден момент на слабост, таа решава на истиот начин да му се одмазди на пијаниот возач. Тие неколку секунди ќе ѝ го променат животот засекогаш. По 9 години, таа излегува од затвор, соочувајќи се со далечината која нејзиното семејство ја чувствува кон неа. Во меѓувреме, нејзиниот помал син со кој се обидува да се зближи, е обвинет за силување.

    Иако Жена во сино ми се допадна повеќе, сепак и оваа ми го задржуваше вниманието. Можеби во првата книга повеќе ми се допаднаа ликовите, па затоа повеќе ми се допадна и приказната. Но, во никој случај не е лоша ни оваа. И двете книги целосно ги прочитав во автобус, а оваа ја дочитував една станица пред онаа кај што треба да се симнам, па бев многу потресена за да видам како ќе заврши, а и за да не си ја пропуштам станицата :D И во оваа книга преводот не е лош, иако забележав некои зборови на дијалект и тук таму по некоја правописна грешка. Сепак, не беше до толку лошо преведено за да ми го расипе уживањето.

    Да напоменам дека двете книги не се поврзани, оригиналниот наслов на Жена во сино е Once in a Blue Moon. Ги препорачувам и двете.
     
    На Marossa и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Too Late - Cooleen Hoover

    Што тоа јас читав? Готово е помеѓу нас Колин Хувер, официјално. Поголем куп срања одамна не сум прочитала. Од приказна, до ликови, до пишување, се комплет.
    Како да земала да ја пишува книгава да види до каде нејзините верни фанови ќе одат и ќе ги голтаат глупостите.
    Се изнервирав за потрошеното време. И готово со ова се откажувам и од YA жанрот (освен од Нил Шустерман кога ќе излезе) инаку готово.
    Тој 25 години мочко, полицаец па и undercover. Абе сигурно. Другиот најголем опасен дилер, исто тука негде. Мхм, да. Таа демек силна, а најголема глупача и плачка. Инста љубов, без никаква позадина и длабочина. Трагедии. Трагедии за мене што ја дочитав книгава. Сакам да ми се вратат назад неколкуте саати.(facepalm)
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Прељуба - Пауло Коелјо

    Еден викенд на море искористив да читнам нешто ново, греота е цела години немам чепнато книга.
    Искрено, морам да престанам да го читам Коелјо, не дека е лош, туку стилот му е толку препознатлив, фразите веќе му се исти во повеќе книги, секогаш носат иста поента, што е инспирирачки ако имаш прочитано 2, 3 книги од него, а досадно и некреативно ако ти е 8ма :D
    Конкретно за содржината на книгата, не беше баш my cup of tea, накратко за жена во криза на средовечните години.
    Некако премногу идеален и беше прикажан бракот, како и аферата, што не е за верување.Исто и фактот што ништо не се промени на крајот, ретко така завршуваат работите во реалноста.
    И стилот на пишување беше чуден и неповрзан, првите 200 страници како да го пишувал некој автор на оние чик лит романи, а потоа на следната страна почнаа да се вметнуваат филозофиите на Коелјо и неговиот препознатлив речник. Неколку страни така, па пак се навраќаше на едноставни, просто проширени реченици.
    Тоа ми беше голема пречка, иако брзо ми летнаа страниците, не ми се допаѓа кога нема континуитет во пишувањето.
     
    На Agatha му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Господар на злото-Донато Каризи
    Книгава е психолошки трилер,потрага по сериски убиец низ улиците на Рим.Главните ликови се еден исповедник-свештеник кој има способност да ги препознае аномалиите во убиствата,а другата е форензичар,фотограф која ја доловува празнината по грозоморните чинови.
    Напната и непредвидлива приказна до самиот крај,она,што тој со години го бара,го пронаоѓа на најневозможното место.

    Молитва за прошка-Ј.Б.Алимпиќ.
    Ова е последниот дел од триологијата на која и претходеа Книга на спомените и Казна за гревот.
    И претходно напишав,мене ми беше доста предвидлива,но убава,лесна,нежна,романтична,исполнета со многу чувства книга,која според мене би можела да биде и еден роман.
    Генерално,се раскажува за двајца млади луѓе од различни општествени класи кои е невозможно да бидат заедно и го следи нивниот живот низ годините кои се одвоени,а патат еден за друг.
    Заклучок е дека годините на одвоеност,не ја намалуваат љубовта.

    Ви ги препорачѕвам и двете.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Нешто позајмено - Емили Гифин
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Приказната започнува со роденденската забава на Рејчел, огранизирана од нејзината најдобра пријателка Дарси. Таа вечер, вечерта кога Рејчел полни 30 години, таа завршува во кревет со свршеникот на Дарси - Декс. Тогаш тие двајцата сфаќаат дека се создадени еден за друг. Рејчел останува на средина помеѓу долгогодишното пријателство со Дарси и љубовта на нејзиниот живот. Има прилично неочекуван и среќен крај.

    Моја критика:
    Преубава книга, се чита неверојатно брзо. Лично многу ја засакав Рејчел, ми се допаѓаше нејзиниот начин на размислување и нејзините постапки. Дарси беше навистина давеж, самобендисана, преокупирана со својот изглед, но од друга страна го сакав нивното пријателство. Посебно во сеќавање ми остана делот кога Дарси ќе преспие во станот на Рејчел, како во старите денови. Ме нервираше неодлучноста на Декс, а Маркус ми беше сладок, но само на почетокот секако. :D
    Хилари ми беше интересен лик,а Итан се покажа како добар пријател, иако мислев дека имаше чувства за Рејч.
    Ќе ви се допадне книгава, ја препорачувам. И давам 9/10. :)
     
    На JustBeautiful, fallenangel и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  17. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.467
    Во еден момент - Гијом Мисо

    Како и сите други негови книги, сè додека не стигнеш до крајот на книга не знаеш што се случува и ништо не ти е јасно.
    Прекрасна приказна за татко (писател) кој занесен во својата работа го запоставува семејство и цела негова приказна ја преточува во роман. Препорачувам.
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ева - Вилием Пол Јанг

    Првата книга од истиот автор, Колиба, ми остави силниот впечаток, втората од истиот автор беше катастрофа, ама од оваа, третата, очекував повторно нешто интересно, невообичаено, помалку контраверзно, нешто кое ќе ми даде новиот поглед кон темите кои ги обработува авторот како што беше најавувана... Меѓутоа, книгата е тотален промашај. Како бајка за мали деца. Требаше да претставува приказна во духовна смисла пренесена, ама толку беше смор и разочарувачка и не ја препорачувам.

    Внимавај што посакуваш, можеби ќе ти се и оствари - Аманда Потер

    Од книгата очекував нешто лесно, тоа и добив. Се насмеав, ми легна убаво за овој опуштен период, како за лето :)

    Повеќе ме смееше на почетокот, како што се доближуваше до крајот ми стануваше се подосадна и предвидлива, ама книгата е таа, романтична комедија.

    Дали пак би прочитала нешто од истата авторка, на ист фазон? Да.
    Кога ми треба релаксација и нешто што се чита без многу размислување.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  19. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Шепнувачот-Донато Каризи.
    Искрено, иако беше толку многу пофалувана книгава, мене не ме воодушеви многу...Очекував нешто повеќе, но сепак не беше ни досадна. Од 1 до 5 и давам оцена 3.
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон
    [​IMG]


    Прв дел од трилогијата Милениум.
    Го немам гледано филмот сниман врз основа на книгата, ама верувам дека е интересен трилер, крими акција, бидејќи со приказнава не може да биде поинакво од тоа.
    Мада исто така верувам дека книгата е далеку подобар избор - секогаш :)

    Kнигава ги опфаќа многу ликови и карактери, толку убаво опишани да можеш просто да ги замислиш пред себе.
    Главните ликови се Микаел, економски новинар и уредник и косопственик на списанието Милениум.
    Лизбет Саландер, проблематична 24.годишна девојка, правниот систем ја окарактеризира како дури неспособна да се грижи за себеси. Мада асоцијален тип, поради животните околности и прилики сепак таа е всушност интелигентна и надасве надарена личност, запослена како истражувач во фирма "Милтон секјурити", која се бави со безбедоносни методи, истраги и заштити на лица и претпријатија.

    Приказнава започнува со откривањето на криминални дејствија на еден бизнисмен, кое Микаел има објавено во својот весник, ама нешто тргна наопаку.
    Лизбет Саландер паѓа во рацете на својот ново поставениот старател, садо мачител и таа мора да се избори за себеси.

    Во текот на приказната, патиштата на тие двајца се вкрстуваат и тие работат заедно.
    Приказната е брутална, непредвидлива, мистериозна. До крајот на оваа книга не можев да претпоставам кој е вмешан во убиство, што со кого се случи, кој каде исчезна. Еден момент се сомневав на еден, друг пат на другиот и да накрај дојдам до сосема неочекуван расплет.
    На почетокот многу ликови ми се натрупаа одеднаш, ама полека секој си најде своето место.

    Иако е ово прв дел од трилогијата, и продолжуваат авантурите на Микаел и Лизбет и сите други ликови, приказнава сама по себе е завршена за овој дел, па затоа зедов книгата да ја коментирам.
    Ќе видам што ќе биде во следните два дела.

    Секако мојата препорака за ова одлично дело, навистина квалитетна книга.
    Можам да разберам бруталноста, инцести и слични разврати и умоболства, ама никако во главата не можам да го сварам односот помеѓу Микаел и Ерика.
    Мислам, тие се најдобри пријатели кои со години и практикуваат секс. Ерика е во брак и истото се случува. Сите знаат за тој однос, и маж и знае, и сите го прифаќаат и одобруваат на некој начин.
    Ок, ајде луѓе, ама мажите? Нејзиниот маж па и Микаел? Како тако ладно и без приговор да прифатат да таа оди од еден во друг кревет, без имало чувство на повреденост, гнев, па и љубомора?
    Баш толку без осет на некое лично достоинство, интегритет, да и биде тој маж не разбирам :wasntme::D
     
    На 1209, do-re-mi и ph.orhideja им се допаѓа ова.