1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Шепнувачот - Донато Каризи

    Wow... Книгава така јако ме тресна од земја. Шепнувачот, долго време го слушав и читав насловот, на крај решив да ја купам книгава. И не знам дали е до мене, ама веќе не можам да ги поднесам македонските преводи. Момички? Сериозно ова? Свети лајненици? (на ова убаво се изнасмеав иако беше cliffhanger).
    Оставајќи го тоа настрана, ќе речам дека ова беше едно ремек-дело и најнепредвидлив расплет што сум го читала. Некако сè одеше во јазли пет пати по ред, додека ги отриваа телата и неразоткриените случаи и на крај бум! Границата беше во хотелската соба на Мила и Горан, откога излегоа од таму, сè почна да се испревртува. Некаде во средината на расплетот морав да ја тргнам настрана книгата и да гледам во ѕидот неколку минути. До толку беше.

    Сè на сè, одличен трилер кој ќе ми остане во сеќавање некое време, од кој извадив бааги цитати и кој ме штрекаше навечер. Имаше доста необјаснети детали, ама решив да им замижам. Освен едно нешто, што ептен ми остана:
    Сето таа работа со „запоседнувањето“ на Гавила од страна на Шепнувачот беше набрзина направено со цел да се шокираат читателите и затоа не беше разјаснето убаво како успеал тоа да го направи. Како знаел за жената и детето на Гавила? Како пак Гавила успеа да му подлегне? Мислам, очигледно е дека има голема моќ овој, ама да го натера да си го убие сопствениот син? И она што кажав погоре, што навистина не го разбрав, кога Горан истрча да го земе детето од под работната маса, кој или што извлече? Зошто Мила почна да плаче? Зошто тоа нешто покажало со прст кон неа? Зошто Мила си помисл „тој навистина мисли дека во рацете го држи својот син“. Е? Што всушност држел? :^) Стопати го прочитав тој дел и не успеав да сфатам.

    Имаше и други работи, како убиецот ја контактирал Сара Роза (инаку, Сара Роза, преводов,цц)? Од каде толку солзи кои го немаат хормонот за да се потопи девојчето? Како Гавила паралелно остана и убиец на сопствениот син и разумен полицаец? Или цело време играл против полицијата? И бременоста на Мила ми беше малку ту мач, бидејќи од таква силна, цврста, бесчувствителна, наеднаш ја претворија во мајка. Некако тоа ми е out of character. Ама добро, тоа е неопходно за следната книга.

    Сепак, книгава е одлична, ептен ми се погоди, како што сум љубител на трилери од 600 страници. :D Ама некако сè се одвиваше по планот на Шепнувачот, и на крајот не се ни промени, излезе онака како што тој всушност сакал. Мила била целта, или што? Мислам дека ако не сите, барем дел од овие прашања ќе се разјаснат во следниот дел. Колку што сфатив, ја има издадено на македонски, ќе си ја купам наскоро. Можеби и не, не знам. :D

    Книгава добива 5/5 од мене. Навистина квалитетно парче, одлично ми легна, по онаа глупава чик-чит лимонатка. :lol:
     
    На JustBeautiful, Nausicaa, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
    [​IMG]

    Кратка содржина:
    Олга Лашез е триесетгодишна новинарка од Париз и го живее својот брак со сомнежи и без љубов, само поради синот Жан. Добива задача да оди во Тулон (град во Франција) за да ја слушне приказната на 80-годишна старица и потоа да ја напише. Животната приказна на старицата Марија Колчак е тажна и потресна. Таа раскажува како за време на Втората светска војна поминала 14 години во логор и таму ја родила својата ќерка Соња. Натамошните случувања во животот на Марија се засноваат врз нејзината желба да ја пронајде изгубената ќерка. Крајот е неочекуван.

    Моја критика:
    Едно прекрасно дело, премногу ми се допадна. Ме воодушеви стилот на писателката. Целата приказна сама по себе е на моменти грозна, вознемирува, но интересна и привлечна. Од почетокот мислев дека Олга ќе биде изгубеното девојче на Марија Колчак, а кога не испадна така се разочарав, но крајот ми докажа дека премногу сум избрзала. Всушност и не направив никаква пресметка, во спротивно ќе ми беше јасно дека Олга нема шанси да и е ќерка на Марија, според годините. Најголемите идиоти во целава книга беа: Кирил Пирогов, Виктор Фјордов, Алексеј Романовски, па и Етјен Лашез е тука некаде. |( Воошто не ја обвинив Марија за тоа што го уби Кирил, па и јас би го убила. Впрочем, тој и го одзеде животот на нејзината единствена пријателка, а и самата неа ја убиваше полека. Се растажив за смртта на Василиј, човекот ни најмалку не беше виновен. :(
    А крајот беше убав. Олга беше во право што се налути, сепак некој друг и го скроил животот без таа да знае. Добро испадна што Етјен побара развод. Никаде не се спомна дали Олга и Леон се венчаа, ама би требало да е така. :sun: Смртта на Марија ја очекував, така што не ме погоди многу. Сепак, жената умрела спокојна со насмевка на лицето. :mm:
    Ја препорачувам книгава, ќе ви помогне да сфатите колку сте среќни што сте на слобода заедно со своите сакани. Од мене 10/10. :)
     
    На Acka22, simonna.a, jelena.rozga и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав Спасување од царот над царевите-Николас Спаркс
    На сите ви ја препорачувам,прекрасна љубовна приказна,едноставно Спаркс го прави од невозможното возможното.Не ви кажувам за што се работи,оти знам дека нема лоша книга од Спаркс и ниту ќе има и секоја книга си има своја јака ѕвезда и вреди да се чита.Затоа што Спаркс знае како.
     
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    "Девојката што се играше со оган" - Стиг Ларсон

    Авантурата продожува. Втор дел од трилогијата и можеби уште понапнат него првиот.
    Некаде на средина на книгата беше врхунец, мистериозни детали и информации од првиот дел, на нив се надоградуваа уште детали и загатки, книгата не можеш да ја оставиш, бидејќи сакаш што побргу да сознаеш што се случува всушност.

    Во овој дел фокусот повеќе беше на Лизбет, нејзиниот живот, нејзината личност, многу убаво беше развивана како карактер.
    Како и зошто е таква каква што е, некои неочекувани расплети имаше.
    Сега Лизбет беше осомничена за трократното убиство и беше расписана потерница по неа.
    Кој ги извршил убиствата и со кој мотив?

    Очекувам во третиот дел и расплет околу сестра и, тоа ми некако фали плус.

    Премногу детали има во книгата, многу ликови, ама пак успешно се поврзуваат работите и карактерите. Одлична крими содржина.

    Насетувам отприлика што ќе биде во следниот дел, дека отприлика ќе следуваат " поравнување на сметките" од страната на Лизбет со оние кои и останеле должни, ама не се сомневам дека и тој завршниот дел ќе биде исто толку возбудлив.
     
    На Acka22, Marossa и toogood им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Tiny Little Thing
    Book by Beatriz Williams
    [​IMG]
    5/5

    Ke se obidam da binam realna iako ova e mojata omilena pisatelka.
    Kako i sekogas gi ispolni mojte ocekuvanja.
    Pisatelkava ima prekrasen stil, malku po otmen od obicno.
    Te vodi nis prikaska od koja ne samo citas po redovi, citas i pomegu redovi.
    Da, ponekogas mora i taka kako sto postapi glavniot lik zosto sekogas ima nekoj red i poredok koj poradi svojot ugled mora da se ispocituva.
    Tuka bese vmesana i sestrata na Tiny koja imase sosem sprotiven karakter koja mi otvori novi vrati na razmisluvanje.
    Dosta ostra, svoeglava, direktna....koja navidum znaese da se sprotistavi na maski sovinizam. Mislis deka znae kade treba da se rece, kolku i kako da zvuci.Ne, ne bi trebalo ovoj tip na zena da se slizne na suvo, ama sepak ne bilo taka, sepak i takvite pagaat na prozirni grski.

    Seuste razmisluvam, koj, koga, kako, koj sto rece, namesto/ne namesto, postapki...
    Da ne ima i takvi i vakvi i site sme nie slatki na svoj nacin, koga i da e, porano ili podocna ke go ispravime zakriveniot zivoten pat.

    Eve uste nekoja kniga od istata avtorka koj ne se zaborava taka lesto.
    Lesni no ubavi letni knigicki
    [​IMG]Haundred Summers


    The Secret Life of Violet Grant[​IMG]

    Along the Infinite Sea[​IMG]
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    „Шепнувачот“ - Донато Каризи
    Денеска ја прочитав книгава и уште сум под импресии, досега немам читано толку напнат, mind-blowing роман со толку заплети и пресврти. После ваков прочитан расплет, мислам дека понатака тешко ќе може друга книга со (колку и да е) непредвидлив крај толку да ме изненади и „тресне од земја“. :D
    Доста морничава е и со сликовито објаснети језиви описи, но едноставно не ти дозволува да ја оставиш. Посебно во последните стотина страници, откако е пронајдено петтото тело и почнуваат турбуленции во самиот тим. Некои работи како да ми се откриваа пребрзо, ми требаше некои делови да ги препрочитам за да ја разберам суштината.
    Кога стигнав до наводното разоткривање на Борис (којшто ми беше најсимпатичен и најпозитивен лик) и додека мислеа дека е виновен за убиството на проститутката, мислев дека тоа ќе е најголемото изненадување, или да речам дури и разочарување во некој од ликовите. Ама најголем шок беше кога се откри всушност вистината, она за криминологот, Горан Гавила. Не ми се верува како шепнувачот да изманипулира дури и таква стабилна и интелигентна личност :|
    И плус, ако можам да забележам некаков пропуст во разјаснување на работите, тоа е токму во неговата приказна. Нели Мила кога беше во станот на момент го виде Томи? А и не сфатив кога всушност ги убил него и сопругата :?:

    Сепак, all in all, неверојатен трилер што те држи во неизвесност до самиот крај, којшто изобилува и со предобри цитати - не само оние од психолошки аспект на анализа на криминалниот ум, туку и филозофски вечно актуелни цитати за животот. :bow:
    Сега прочитав дека „Владетел од сенка“, наслов што исто така ми беше познат, е всушност продолжение на делово, ќе земам да го читам во најскоро време.
    И да, според романов може (и би требало) да се сними прејак трилер, или можеби подобро криминалистичка серија поради големината на делото и многуте настани и ликови.
     
    На Nausicaa, eliesaab, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Storm Sister - Lucinda Riley
    Втората книга од серијалот за седумте сестри.
    Првите 20 посто од книгава исти ко и кај првата, доста повторување со првата книга, ептен ми беа досадни.
    Потоа следуваше приказната од минатото, како и секогаш поинтересна од таа од сегашноста.
    Не знам дали ми се здосадија нејзините книги, воодушевена бев од Полноќна Роза, ама на последниве две им фали некоја топлина, не можам да се поврзам со ликовите никако, како нецелосни ми се.
    Кога ќе се разоткрие мистеријата и каква е поврзаноста на ликовите нема веќе ништо интригантно и од 80 посто негде е пак монотоно. Едвај ја дочитав. Ќе одморам малку од авторкава.
     
    На Ivana 95 и Marossa им се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Претходно како што погоре напишав,ја прочитав Спасување од Николас Спаркс.
    И јас не можам да се заситам едноставно од тој човек и зедов да читам повторно некое мајтрорско дело од него овој пат на англиски јазик се решив.Ја читав At First Sight.
    Тоа е книга која не знам како успеав да се воздржам да не плачам како што вообичаено си знам да правам,па искрено да ви кажам ме воодушеви.
    Приказна за љубов на прв поглед,со разни перипетии и сомнежи и повторно се дојде до ситуација на измешани чувства на љубов и гнев,но секако победи љубовта,љубовта на прв поглед.Таа љубов помеѓу Лекси и Џереми траеше и по 5 години кога нивната малечка Клер стигна до неполни 5 години....
    Прочитајте ја!
     
  9. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Сенка на ветрот - Карлос Руис Сафон
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Десетгодишниот Даниел Семпере кој ја изгубил мајка си за време на Втората светска војна, живее заедно со својот татко во Барселона. Кога за прв пат ќе ги посети "Гробиштата на заборавените книги" тој за себе ја избира книгата "Сенка на ветрот" чиј автор е Хулијан Караш. Годините минуваат, а Даниел кој е во потрага по уште дела на Караш, наместо тоа, доаѓа до сознание дека некој се обидува да ги уништи сите негови книги. Но, Даниел е одлучен да ги открие сите тајни од минатото на Хулијан кои го водат до неверојатна приказна за една трагична љубов. Поубав крај не можев ни да замислам.

    Моја критика:
    Ако сте љубител на пишаниот збор и ако ова не ви се допадне, тогаш не знам што. Оваа беше една од оние книги со кои се соживеав, книга после која еден час со празен поглед зјапав во некоја точка од просторот. Претерано ги засакав ликовите: Даниел, Фермин, Беа, Бернарда.. На моменти плачев со книгава, а на моменти се смеев на глас. Ме обзеде мистеријата, довербата што Даниел и Фермин ја имаа еден во друг, нивните досетливи лаги, заплетканите делови од минатото, поврзаноста на ликовите од сегашноста. Се' имаше смисла. Ништо не би изменила. :bow:
    Според мене, колку и да е добра една книга, крајот е одлучувачки. А во оваа на сите прашања кои ми се врткаа низ главата имаше одговор, што ми се допаѓа. Делот кога се спомена дека Хулијан Караш продолжил да пишува и тоа кога Даниел го однел својот син на "Гробиштата на заборавените книги" беше врв на совршенството. Среќен крај си е среќен крај. :angel:
    Не само што ја препорачувам, туку морате да ја прочитате. 10/10 :!:


    Снежното дете - Ејовин Ајви
    [​IMG]

    Кратка содржина:
    Педесетгодишните Џек и Мејбел се селат во дивината на Алјаска со цел да се оддалечат од сиот метеж и да го преболат изгубеното дете. Но, животот во нескротената дивина не им го пружа она што го очекувале. Еден ден, со првиот снег, Џек и Мејбел ќе си направат снежно девојче. Од тој ден, нивниот живот се менува. Девојчето од снег, Фаина, оживува и се појавува во нивниот живот кога најмалку очекуваат. Но, и после сите напори да ја задржат, крајот докажува дека мистериозната Фаина отсекогаш припаѓала на дивината.

    Моја критика:
    Убава книга, вреди да се прочита. Мистерија, снег, дивеч, студ, љубов, насмевки и солзи. На почетокот приказната не ветува многу, но бидете трпеливи и ќе ви стане интересна. Волшебна средба на две спротивни нешта - двајцата толку обични старци и неверојатното девојче од шумата. :o
    Книгата самата по себе е мистерија, но лошата страна е што мистериите си остануваат недопрени. Ако Фаина е девојчето од снег што оживеа, тогаш од каде излезе нејзиниот мртов татко? Зошто Фаина се омажи за Герет, роди негово бебе и потоа нечујно ги напушти? Каде замина? Што се случи со неа? Дали никогаш не постоела или едноставно ја снема? Мразам неодгатнати тајни. :(
    Го мразам крајот. Фаина ја снема и ги остави новороденото бебе и Герет. А Мејбел и Џек доживеаа уште една пропаст и го загубија своето снежно дете. ;(
    Ја препорачувам. 7/10

    [​IMG] :rain:
     
    На Acka22, Nausicaa, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    723
    [​IMG]
    За да не пишувам содржина, еве ја.

    Moja критика:
    Книгава е одлична, обожавам типови на книги поврзани со некоја исповед, животна фантазија, авантура итд. Но не ми се допаѓаат книгите со “Глави“, во секоја книга го има тоа дури и во лектирите што ги имам читано како мала, и затоа секогаш одбегнував лектири. Не ми пречат “Главите“ или “Деловите“ ми пречи тоа што 1-вата глава од првата приказна е напишана убаво и одма во другата глава има сосема трето, колку книги и да прочитам не ми е сфатливо. Тоа е така и во оваа книга, не сфатлива но сепак има интересни содржини..
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    АБЦ убиства-Агата Кристи
    Царицата на криминалистичките романи уште еднаш си го потврди својот заслужен епитет.
    Да,навистина сум воодушевена и на крај памет не би ми текнувало дека баш тој човек ќе е лудачкиот манијак за убиства.Браво царицо,браво Агата!
    Значи накратко се зборува за еден сериски убиец кој убивал по АБЦ редот,односно ја убил старата госпоѓа Ашер во градот Андовер,па маладата келнерка Бернард во Бексхил,па неговиот брат сер Кармајкл во Карстон и некој постар господин во Донкастер.Сите помислија дека тоа е поранешниот војник Александер Бонапарт Каст,но тоа е сосем погрешна констатација.
    Ако сакате да дознаете кој е всушност убиецот,феноменалниот Херкул Поаро ќе ви објасни на многу интелегентен начин во книгава.Па,voila!
    Прочитајте!
    ;)
     
    На Cinderfakinrella, Acka22, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Книга: „Загубената ќерка“ – Дајен Чемберлен


    Главниот лик во романот е Сиси Вилкис, млада девојка која премногу рано ги почувствувала несреќните моменти во животот и чувството на огромна загуба. На дванаесет годишна возраст, нејзината мајка умира од рак, а зад себе остава писма за Сиси. Книгата е раскажана во трето лице еднина, а секоја глава каде се зборува за Сиси почнува со некое од писмата оставени од нејзината мајка. Како на пример, десеттата глава започнува со писмото: Само што се сетив дека до ова време би можела веќе да имаш возачка дозвола. Сè што можам да кажам на оваа тема е: „Чувај се свету!“

    Секогаш е тешко кога човек е препуштен самиот на себе, без грижа и заштита, посебно кога станува збор за олку млада и ранлива возраст. По смртта на нејзината мајка, Сиси живее во различни домови и семејства. На шеснаесет години работи како келнерка, живее во стан со уште една цимерка и собира пари за да се запише на колеџ. Пробува да си го среди животот, кога ќе го запознае Тимоти Глисон, згоден и привлечен младич кој ќе ја маѓепса. Лесно почнува да му верува, бидејќи ѝ ја дава заштитата која отсекогаш ѝ била потребна. Набрзо Сиси станува дел од неговиот план за киднапирање на жената на гувернерот, со цел неговата сестра осудена на смрт да добие поблага казна.
    Иако киднапирањето е добро испланирано, нема да тече така како што очекувале. Додека Тим и неговиот брат Марти, ја оставаат Сиси со киднапираната жена, со цел тие да започнат преговори со гувернерот, Сиси се соочува со страшна случка. Жената на гувернерот е бремена, а таа вечер нејзината состојба ќе се искомплицира и таа нема да преживее.

    Што ќе се случи со новороденчето? Дали Сиси ќе се сретне со Тим повторно? Дали ќе успее да го започне животот одново? И кога ќе дојде време, дали ќе го признае своето учество во скандалозното киднапирање?

    Сиси е ставена пред тешка одлука, ако ја каже вистината ќе ја загуби својата ќерка и довербата на својот сопруг, но ако продолжи да живее во лага, ќе се загуби себеси…


    Книгата не дозолува да ја испуштите од раце. Додека ја читате ќе и изгледа како да гледате филм, а претпостаувам дека веќе и има филм според книгава.
    Освен добрата нарација и приказна, ќе ве натера да размислите за сопствените одлуки и како многу малку треба да се смени цел живот.
    Топло ја препорачувам.
     
    На Ivana 95, cat-woman, Acka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Truly Madly Guilty - Liane Moriarty
    Корицата преубава, насловот ептен предизвикувачки, кратка приказна интригантна.
    А резултатот очаен.
    Не знам како ја утнала толку работава со книгава. Сериозно. Толку сум разочарана што да ја имав физичката копија ќе леташе низ прозор.
    [​IMG]
    Вака нешто.
    Да почнам со приказната. 3 пара, Ерика и Оливер, Вид и Тифани и Клементајн и Сем. Првиот пар нема деца, вториот едно, третиот две мали девојчиња. Ерика и Клементајн се пријателки од детството, а Вид и Тифани се само соседи на Ерика и Оливер. И по некој сплет на околности сите завршуваат на скара во дворот на Тифани и Вид едно попладне.
    И сега цела приказна е пред, на денот и после скарата.
    Приказната се влече со темпо на полжав. Толку непотребни детали, мисли, реченици, зборови... Книгава комотно можела да биде една кратка новела. Ама нееее, па пари како ќе се направат.
    Околу 60 посто од книгата не се открива што се случило на скарата. Само се инсинуира. Настанот на скарата има огромен импакт врз сите ликови. Којзнае што се случило...:worried:
    Што толку може да се случи за никој веќе да не биде ист? Браковите да им се разнишаат, пријателставата да се растурат. Што? Епа треба да читате страници и страници од безврска муабети за да дознаете. Ама сигурно е нешто големо нели? Нели? Може умрел некој, може некој е убиен, може имало некој заговор меѓу нив, ехеее какви се не работи може да се случат. А дали се случија?
    Тоа што се случи
    е малото девојче на Клементајн и Ерика падна во фонтана и за малку ќе се удавеше, а Ерика и Оливер го спасија. Никој не умре, немаше никакво убиство, само една несреќа која немаше никакво влијание понатаму, зашто никој не умре.
    Имаше уште некои потприказнички (знам дека не е ова збор де) кои беа исто така безначајни, како и целава книга.
    Ах Лиен, Лиен, како некоја wanna be авторка да ја пишувала книгава, дебитантско дело, а да бил тој случајот немало ни да биде објавена.
    Нула има од мене книгава, успеа да ме изнервира само. Не знам ни како ја дочитав.
     
    На AnaKarenina, toogood, ph.orhideja и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    [​IMG]

    Илјада невероватни сонца - Халед Хосеини

    Една прекрасна, а тешка приказна. Сурова и тажна, а сепак толку допира до срцето, толку топла и храбра.
    Предизвикува бура од емоции: од бес и очајот, неверување и разочарување, до топлина и нежноста, до солзи тажни и солзи радосници.

    Маријам е одраснала со мајка и, како дете на незаконита врска. На почетокот читаме за нејзината врска со мајка и, а и со татко и кој продолжил да ја посетува покрај се, потоа нејзината судбина да биде предадена те.мажена со маж триесетина години постар од неа.

    Потоа Лејла доаѓа во животот и куќата на Маријам, со свои 15тина години, после трагични случки во животот и наизглед нерешива сиутација во државава Авганистан, каде беснеат ратови и ближните се однесени во ратните несреќи.
    Маријам и Лејла почнуваат да делат суров живот со Рашид, секојдневни малтретирања, физички и психички злоставувања.. А сепак во сето тоа се раѓа пријателство, надеж, љубов и една вечно нераскидива врска помеѓу нив две.

    Книгата ми претставува и една вистинската претстава за она што се случува/ше во исламските држави како Авганистан, повторно ги урива предрасудите, го топли срцето, потсетува дека ниеден човек не е одреден преку својата националност, ниту преку својата религија, туку со она што му е во срцето.

    Можам да кажам дека книгава ми дефинитивно стана една од најомилените книги коишто прочитав.
    Ја имам прочитано и Ловецот на змејови од истиот автор, и таа беше добра, ама оваа, можеби токму затоа што во средиштето на приказната се жени и нивниот (не)среќен живот, ми е поубава.
    Едноставно ја читав без здив.
     
    На MissDior, Acka22, referentka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. NARKO[vska]

    NARKO[vska] Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Смрт на Нил- Агата Кристи
    Со спомнувањето на самата авторка јасно е дека книгата како и сите нејзини останати е полна со мистерии кои ке ве држат во неизвесност до самиот крај- доволна причина книга од 300 страни да ја прочитате најмногу за два дена. 3 убиства кои надвиснуваст над реката Нил. Херкул Поаро повторно на случај. Прекрасна книга со крај што никој не го очекува. Вреди да се прочита
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Руска зима - Дафне Калотеј
    [​IMG]
    (јас ја читав на мк)

    Кратка содржина:

    Нина Ревскаја, која во времето на Сталин била балерина во театарот Бољшој, сега веќе седумдесетгодишна старица, живее мирен осаменички живот во Бостон. Таа решава да го даде на аукција целиот нејзин накит, меѓу кој и килибарот кој го донела од Русија. Тука приказната ја испреплетува Григори Солодин, професор по руски, кој тврди дека има уште еден дел од килибарниот комплет на Нина. Овие случувања ја враќаат Нина во времето кога неуморно ги изведуваше оние претстави, во неа се будат стари сеќавања за пријателството, љубовта, стравот. Што е тоа што ги поврзува Григори и Нина? Дали познатата балерина постапила правилно или се' можело да биде поинаку?

    Моја критика:
    Убава книга. Долго време си ја одолговлекував додека не навлегов во суштината. На почетокот навистина е малку напорно да сфатиш што е поентата и работите изгледаат нејасни и здодевни, ама со тек на време станува возбудливо. При крајот не ни можев да се сетам што толку многу ми пречеше на почетокот на книгата.
    Има малку ликови, приказната се раскажува паралелно и во сегашноста и во минатото. Добар расплет, добар тек на настаните и убаво осмислени случувања. Крајот некако ми изгледаше како недоволен. Како да не беше крај.
    Ја препорачувам, 6/10.
    [​IMG]
     
    На toogood, kjukli, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Љубов во време на колера-Г.Г.Маркес
    Што да напишам за книгава,освен што мора да ја прочитате.Малку е ако кажам дека ме воодушеви.Се уште сум под импресии.Љубовта прикажана во секој облик.
    Пак ќе ја читам,сигурно.

    Тајната на сопругот-Лиен Мориарти
    Ја почнав веднаш по претходната книга и не се за споредба.Ми беше некако млака,дали заради свежите импресии од Маркес,но и не очекував премногу.Убава,лесна и интересна како и Големи,мали,лаги од истата писателка.И предвидлива во еден момент.
    Ја предвидов тајната на сопругот.
     
    На Val-Dim, Annath, anel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Промеетевата измама - Роберт Ладлам
    Одличен, возбудлив трилер, иако малку постар, нашиве дури сега го преведуваат. Накратко се работи за агент кој работи за тајна разузнавачка организација која се води под името Директорат и кој после 5 години пауза се враќа на должност да открие информации за терористичка група Прометеј.
    Убавото нешто во трилерите на Ладлам е што колку и да се предвидливи некои моменти, начинот на пишување му е феноменален, да се изгубиш со часови и да си замислиш дека гледаш филм, бидејќи со таква прецизност му се претставени сите делчиња од приказната.
    Додуша, во книгава имаше некои работи кои ме изненадија, за некои делови прилично се излажав, а за некои бев сосема во право.
    Како и да е, ме држеше во неизвесност до самиот крај иако одреден дел од крајот не ми се допадна, мразам кога виновниците не се казнети, туку
    едноставно умираат сите наеднаш. Поради би ми било да ги видам како одговараат за злосторствата, пропаѓањето на нивната репутација и влијателност, посебно што во книгава се работеше за политичари и луѓе на врвот, луѓе кои важеа за чесни и коректни.
    Ама ми се допадна што не умре главниот предавник, ете Ладлам да имал желба,можел да започне и втор дел од книгава,чисто базирано на последните 100тина збора.

    Последниот завет - Сем Борн
    Исто така трилер, повеќе поврзан со политички заговори, иако имаше и интересен историски дел.
    Книгава не ме воодушеви премногу, чисто поради фактот што на тие 500 и кусур страници очекував малку повеќе возбуда отколку што добив.
    Накратко, главниот лик е Меги Костело, посредничка при политички преговори за мир која ја повикуваат од пензија да учествува на преговорите помеѓу Израел и Палестина од страна на Американската влада. Во меѓувреме се случуваат убиства кои се поврзани со една глинена плочка што ја наоѓа младо момче во Багдад неколку години пред тогашните случувања. Убиствата ги разгоруваат преговорите и Меги почнува да истражува.
    Ми се допадна распоредот на временските рамки, имаше многу ликови, во различни периоди, секој со различна мисија.
    Барем тоа ми беше првичниот впечаток.После едно 200 страни веќе сфатив што и како се работи, кој е виновникот, каде е плочката, зошто е важна, т.е сите загатки сама си ги открив. Имаше цел куп ликови, а не беа најдобро искористени, ниту пак прикажани.
    Водачите на двете земји имаа премалку страни, а требаше малку повеќе да се навлезе во нивните делувања.
    Убава замисла и навистина интересна содржина, само можела многу подобро да биде склопена.
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    ПРЕЉУБА од Куељо
    Книга за секоја жена, книга која засега ми е на бр, 1 од овој писател.
    Како секоја жена може да падне под депресија, да навлезе во кратка афера мислејќи дека тоа и е спасот од досадијата но сепак на крај љубовта победува.
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Ловец на души-Донато Каризи
    Ако сакате криминалистички чуда,покрај царицата Агата,на избор го имате Донато.
    Одлична крими книга поврзана со убиец кој после амнезијата што ја добива,го прават да мисли дека е свештеник и ќе спаси,но и одземи неколку животи...какви сплетки и неочкувани ситуации има,прочитајте ја..баѓи страни има..да не ве плашам околу 400 е...ништо страшно ;)
     
    На JustBeautiful и CrazyOne им се допаѓа ова.