1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Онлајн девојка - Зои Саг
    [​IMG]
    Кратка содржина:
    Пени е петнаесетгодишна тинејџерка која криејќи се под псевдонимот "Онлајн девојка" блогува за тоа како навистина се чувствува во врска со своите пријатели, момчето што и се допаѓа, нејзиното семејство. Пени е смотана и срамежлива и во текот на училишната претстава се сопнува и паѓа при што целата публика и ги гледа гаќите со еднорози. Сакајќи да избега од се', таа се согласува да ги помине Божиќните празници со своите родители и најдобриот пријател Елиот, во Њујорк. Таму го запознава Ноа. Харизматичниот 18-годишен дечко и се допаѓа на Пени. Нивната љубов е взаемна. Но, Ноа има тајна што решава да не ја сподели со Пени со цел да не расипе се'. Работите се заплеткуваат уште повеќе кога сите дознаваат за блогот на Пени. Има убав крај.

    Моја критика:
    Книгава е годинава издадена кај нас. Не знам дали ви е позната писателката, јас не ја знаев, па потоа дознав дека била доста популарна на својот блог и YouTube канал. Зои има 26 години и ова е нејзината прва книга.
    Доста убава, слатка книга. Јас прекрасно ја доживеав, можеби најмногу затоа што сме на иста возраст со Пени. Таа е слатка црвенокоса девојка што фотографира, а тој совршен музичар. Ноа беше срце. Да, можеби требаше да и каже за лажната врска. Таа ќе го разбереше, со сигурност. И леле Боже, колку работи и се случија на Пени! За момент се прашав дали јас би издржала?! А таа, храбра, силна, и се воодушевував. Пени сама по себе беше доказ дека ниеден срам или подбивање од страна на другите не може да не убие. Продолжуваме со животот. Со или без некои луѓе.
    Убава љубовна приказна како за викенд. Да ве потсети дека не сте единствени со тинејџерски проблеми, или пак да ве врати во старите денови и да ви измами насмевка на лицето. Препорачувам, 10/10.


    Ајла и среќни засекогаш - Стефани Перкинс
    [​IMG]
    Кратка содржина:
    Ајла е заљубена во Џош. Тие двајца се средношколци во четврта година во Париз. Џош е уметник и исто така заљубен во Ајла. Конечно, тие се заедно. Тогаш, Џош решава да биде искрен со Алја и и' го покажува неговиот дневник со илустрации, во кои се прикажува неговиот живот од првата година во интернатот. Во најголемиот дел, цртежите ја опфаќаат Рашми, поранешната девојка на Џош. Алја се сомнева дека тие можат да ја продолжат врската и му раскинува. На крајот се смируваат.

    Моја критика:
    Типична љубовна приказна. Заљубувањето, излегувањето, бакнежите - сето тоа е супер и возбудливо. Но, цело време чекав нешто да се случи. Немаше никаква кулминација на настаните. Ако тоа што Ајла му раскина на Џош без никаква причина се смета за врв на случувањата, епа не фала. Значи буквално немаше никаква пречка меѓу нив. Рашми? Таа одамна беше минато. Тоа што Ајла се налути бидејќи неа ја немаше во неговите цртежи беше чиста себичност (беа заедно само еден месец!). Џош беше едноставно искрен. И повреден. И трпелив, да.
    Не велам дека книгава беше нешто ептен лошо, ама ништо посебно. Сепак, добра е за опуштање преку викенд. 5/10.
     
    На krEM4Eto и fallenangel им се допаѓа ова.
  2. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Мрачни места-Џилијан Флин
    Кратка содржина:

    Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.
    Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?
    Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден... а особено Бен. Кој го извршил масакрот?(сакамкниги.мк)

    Критика:
    Ова ми е прва книга која ја читам од писателката. Повеќе од неа е пофалена „Ејми ја нема“. Не знам таа книга каква е, но оваа е не ме воодушеви. Темата е интересна, не можеш да го претпоставиш крајот. Не ме воодушеви стилот на пишување, како да е напишан од тинејџерка, а не од писателка на бестелер. Секој втор збор пцуе. Јас книгата ја сметам како уметност, и не сакам таква книга напишана со толку безобразлук. Не знам дали тоа е до писателката, и што сакала да постигне со толку лошо напишана книга а интересна содржина или до издавачката куќа. Според мене Сакам Книги и Матица се најдобри кај нас, но со лоши лектори. Многу грешки сум приметила кај Матица, но во оваа грешка имаше напишано (преведоно) живееФ, никад и куп други немакедонски зборови.
    Исто така, на почеток на главата пишува Пети, а раскажува некој трет. Добро, сепак во таа глава се зборува најмногу за Пети.
    Во книгата ниеден лик не ме воодушеви, ниеден лик немаше некоја добра особина.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Петтото дете - Дорис Лесинг

    Класична семејна приказна.Се копнее по среќен и исполнет живот, со многу дечиња.
    Дејвид и Хариет заедно со четирите деца кои ги имаат, постојано организираат семејни собири низ текот на годините (уште со раѓањето на првото дете).Со тоа, сите се заедно собрани на купче, па се создава една топла атмосфера.

    Но, тука е Бен.
    Петтото дете.
    На лик, чуден и необичен.

    И тука, се нарушува хармонијата.

    Од една страна ја препорачувам, зашто изобилува со детални описи, па се има јасна претстава за случувањата.Не ја препорачувам, оти не ми се допадна завршетокот.Со оглед на целиот тек, ај да не речам, штета така што заврши.Ко недовршено, па затоа ќе се воздржам од оценка.
     
  4. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Последна книга ми е Последната песна од Никола Спаркс.Кога ојдов при крајот всупност сфатив зошто насловот на книгата е така како што е.Книгата ми се допадна исто така и филмот го имам гледано пред да ја читам книгава но и филмот и книгата ми се допаднаа.Мејли Сајрус е вистински избор за ликот Рони и секогаш кога ја читав си ја замислував неа.Вреди да се прочита книгата бидејќи низ последните 50страници ми течеа солзи од очите и кога ја читав не бев дома,па откако ја завршив сакав да се јавам на мајками и да и се извинам ако некогаш сум ја овредила.Книгава дејствуваше на мене,ми даде силна порака дека родителите без разлика на се треба да ѓи почитуваме бидејќи животот е премногу краток за лутење.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    The hunderd year old man who climbed out of the window and disappeared-Jonas Jonasson

    Кога ми ја препорачаа книгава и го видов насловот,не веднаш ја фатив да ја читам,си помислив што е па сега ова.
    Книгава е светски бестселер со причина.Урнебесна комедија која многу ме насмеа.Една животна приказна за еден човек и неговата спонтаност и искреност,кои случајно или не имаат големо влијание на сите светски политички случувања во 20 век.
    На главниот лик Алан пријатели му се најважните политички фигури од сите страни на светот.
    После неуспешната прослава на неговиот 100-ти роденден,авантурите на стариот Алан продолжуваат,кога краде куфер со многу пари,и запознава нови и уште поинтересни пријатели од првите.
    Ви ја препорачувам ако сакате добро да се насмеете.Книгата е напишана на лесен,дури и смешен јазик.Според книгата има и филм,кој би сакала да го гледам.
    Од мене оцена 10/10.
     
    Последна измена: 23 август 2016
    На Bender Rodriguez и corapce им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    А планините оддекна - Халед Хосеини

    Требаше да ја пишам критиката уште кога ја завршив книгата, ми беше посвежо што сакав да напишам, затоа сега само накратко.
    Книгата раскажува за неколку човечки судбини, како одлуките што ги правиме влијаат понатаму во животот, на наш живот и на животите на оние околу нас.
    Се всушност започнува со едно сиромашно семејство, каде таткото пристанува да всушност го продаде малото девојче во побогато градско семејство, како дојде до одлуката и како влијаела истата на другите.

    Книгата е прекрасна и длабока. Има многу ликови и тажни животи. Имам чувство дека читав книга од 1000 страни, толку нешта содржи во себе, а книгата имаше 300-400 стр само.

    Некако ми е поразлична од другите две книги на Халед, раскажувани се минати случки и оние во сегашноста, и сето тоа во сегашно време. Малку тој стил ми пречеше, ама тоа само е до мојата лична забелешка, вкус.

    Сепак, мојата силна препорака и за оваа книга од Халед.
    Едвај чекам некоја следна негова. :)
     
    На bella96, Acka22 и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу почнав да читам книги од кога дипломирав. Скокам од една во друга книга, секако штом завршам една па почнувам нова.

    Казна за гревот - Ноќта кога дојдоа сватовите.
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Ема и Михајло израснаа заедно. Ема е ќерка на слуги, а Михајло е син на господарот на родителите на Ема. Тие двајца заедно го поминуваат детството, меѓутоа нивната детска љубов прераснува во нешто повеќе. Слатката казна и горчливиот грев го достигнуваат својот врв кога Михајло го праќаат на студии во Виена па тешко се разделува од Ема, и кога Ема решава да му се предаде на Михајло ноќта пред да дојдат сватовите и да замине со капка надеж дека некогаш повторно ќе бидат заедно.

    Моја критика:
    Мојата позитивна критика е што книгата ме продлабочува се повеќе и повеќе. Ми се допаѓа почетокот и ме привлекува мене како читател што повеќе да се заинтригнирам што ќе се случи понатака. Секогаш кога застанував на пауза на некој пасус или глава во себе си се прашував што ќе се случи понатака, сакав да имам некоја претстава како ќе заврши книгата. Почнува со детските џагори, почнува со послушноста на Ема кон мајка си. а се раздлабочува се повеќе кон љубовта која цвета. Позитивното што го извлеков е дека секогаш можеш да се откажеш, секогаш можеш да бидеш силен, дека љубовта не е детство, дека љубовта опфаќа и други фактори. Не секогаш треба да бидеш под туѓо влијание, не секогаш треба да потклекнеш пред парите. Треба да се избере среќа место пари.
    Мојата негативна критика е што на почетокот се објавени само 2 писма. Сметам дека книгата би била уште подобра кога би биле објавени повеќе писма, не ми се допаѓа што многу ги опишува раздлабочено негативните работи во сите полиња од животот, разбирам тоа треба да ни биде поттик како би се справиле во иднина со таквите влијание, но јас сум таква личност што негативните нешта не ги ставам во преден план. Мило ми е што книгата на некој начин ме поттикна да размислувам и за нив. Сепак не е се розево.

    Би ги прочитала и другите две книги, верувам дека се прекрасни како и оваа книга. Сега сум посветена на 50 нијанси на сиво, кога ќе ја завршам ќе напишам критика.



     
    На Ivana 95, Tajnaotrovna и Acka22 им се допаѓа ова.
  8. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2016-8-27_8-37-49.jpeg
    The Sweetness of Forgetting
    Book by Kristin Harmel
    Prikaska koja ke ve nosi nazad niz vremeto, vtora svetska vojna i segasnosta niz generacii.

    I pokraj bolesta na babata, vnukata uspea da go otkrie eden drug zivot od minatoto na svojata baba, poln so zaguba, stradanja i zrtvuvanja za dobroto na idnata generacija.

    Kniga plna so 'life lessons'.
    Veruvajte vo ljubovta i sakajte ja familijata koja ponekogas ne gi naglasuva zrtvite niz koj minuva za nase dobro.

    Lesna za citanje no na momenti (bare spored mene), zabeguvase vo chick lit. Kao od nigde nikade tuku ke se svtori nesto sto mi gi pomesa smetkite vo ocenata.
    Od mene solidna 3.8/5
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Бедни луѓе - Достоевски

    5/5

    Одлична! Неверојатно е тоа што ова е прво дело на Достоевски. Има така длабок и зрел поглед кон општествената нерамноправност, страдањата и сиромаштијата и голема леснотија во неговото пишување. Но уште поневеројатен е начинот на кој тој го пренесува сето тоа на читателот.

    Писмата преку кои се допишуваат Варвара и Макар се полни со толку многу емоции, со љубов, надеж, беспокој, немирност, страдање, несфатеност, разочараност, верба, охрабрување. Најмногу ми се допадна тоа што и покрај големата немаштија во која се наоѓаат малку им е потребно за среќа. Без разлика на неговиот беден живот Макар се лишува од сите свои задоволства за да ја усреќи Варвара и да ѝ помогне. Неговата љубов е огромна кон неа, кога страда таа, со неа страда и тој, кога е среќна,среќен е со неа. И прави се' за таа да биде спокојна и да живее добро.

    Мене ме воодушеви. :clap:
     
    На Sky-butterfly, Bender Rodriguez, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    After the Crash - Michel Bussi

    22 декември 1980 година, се урива авион на француско-швајцарската граница. Од 169 патници, единствениот преживеан патник е 3 месечно бебе. Две француски семејства се јавуваат тврдејќи дека станува збор за нивната внука. Без можност точно да се утврди идентитетот на бебето, семејствата се впуштаат во жестока војна обидувајќи се да пронајдат некаков доказ во своја корист. Во истрагата се приклучува и познат француски детектив, кој ќе има за цел да дознае кое бебе преживеало - Лајзи Роуз или Емили.
    Осумнаесет години подоцна, детективот не успева да ја открие вистината. Не можејќи да се соочи со мистеријата која го мачела скоро две децении, детективот решава да си го одземе животот. Но, пред да го повлече чкрапалото, во стар весник од денот на несреќата, тој случајно открива нешто кое никој не го забележал - одговорот на мистеријата.

    Книгава е преведена на македонски под наслов „Без тебе“, издание на Матица. Така всушност дознав за неа, беше ставена меѓу препораките за летово, а кратката содржина доволно ме привлече за да си ја симнам. Ова е една од оние книги кои ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Брзо се чита, нема досадни моменти, иако имаше работи од приказната кои мене лично не ми се допаднаа. Сепак, на goodreads од мене доби четворка. Што се однесува до решавање на мистеријата - имав неколку претпоставки, од кои една беше всушност крајот на книгава :) Така што, не ми беше којзнае колку изненадувачки, да ме остави со подзината уста :D Можеби затоа што имам прочитано премногу трилери, па додека читам во глава ми се мотаат најразлични комбинации, која од која пошокантна :D

    Сепак, ја препорачувам книгава, особено на оние кои сакаат да читаат трилери :)
     
    На 1209, jelena.rozga, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Зашто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи - Алан и Барбара Пис.

    Насловот се си кажува. :)

    Критика: Многу листови има.
     
    Последна измена: 10 септември 2016
    На fallenangel, Sky-butterfly, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    Тајните на кралот на огнот - Ким Едвардс

    Книгава е со раскази така да неможам да ја раскажам само критика ќе напишам.
    Не ми остави некаков впечаток, не е од оние книги што сакаш да ги прочиташ во еден здив. Ја читам скоро еден месец, ја читав зошто сум почнала да ја читам. Има интересни раскази, но баш во најинтересното тие завршуваат и немаат некој крај изгледаат како недовршени.
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Мадам Тисо од Мишел Моран

    Одлична книга за сите љубители на историски книги
    Детално е опишана француската револуција низ очите на Марија, млад моделар на возочни фигури. Растргана е на две страни, царското семејство кое е воодушевено од нејзиниот талент и кое ја прима во луксузниот Версај со цел ја подучува сестрата на Луј 16ти и третиот најброен сталеж од друга страна кој се крева на бунт неможејќи да го трпи тешкиот и беден живот.
    Опишан е гламурот на Версај во време на владеењето на контраверзната Марија Антоанета која е опседната со својот изглед и раскошни фустани со скапоцени камења, нејзината позната реченица, "ако нема народот да јаде леб, нека јаде колачи" доволно кажува за нејзиниот карактер.
    Нејзините модели и денес може да се видат во музејот Мадам Тисо во Лондон
     
    На do-re-mi и toogood им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Убиство во капали чаршија - Есра Туркекул

    Kapali carsija-500x500.png
    Станува збор за Берна, туристичкиот водач на една агенција.Како и секој поединец, таа се соочува со низа настани во животот.Очигледно во пребродувањето ѝ помагаат единствено таблетите кои ги користи за смирување.

    Вообичаен ден за тури и еден брачен пар.
    Следи неочекувано убиство кое ќе ја натера Берна сама да се вклучи во истрагата.И по игра на судбината, едно хендикепирано момче врз телото на убиениот.
    Дали ќе се пронајде убиецот ?
    И каков тек би добила приказнава?

    Мене ме разочара.
    На корицата пишува:
    Не беше лоша, но очекував да ветува повеќе.

    Оценка: 3
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tea20

    tea20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    366
    Повикај го Ромео -Александра Потер
    Предобра книга за оние кои ја сакаат чик-лит литература...
    Јулија е успешна, млада жена која што работи како заменик директор во една маркетиншка агенција и има успешна врска со своето долгогодишно момче Вилијам. Но работите полека се заплеткуваат кога тој ја заборава нивната вечера за Денот на вљубените и ја остава сама во ресторанот... Таа сфаќајќи дека е извисена, покрај силниот дожд, тргнува накај дома, патот и го пресекува згоден убавец во "астон мартин", кој што за нејзина несреќа го погодува големиот вир пред неа и ја испрскува од глава до пети.. после неколку дена, на забавата на нејзината фирма дознава дека тој згоден убавец е уствари нејзин колега од ривалската фирма со која се натпреваруваат кој ќе ја добие милионската реклама за автомобили. Но и покрај тоа, Јулија подлегнува на шармот на Сајкс и му се предава без размислувајќи за последиците. Предобра книга која што се чита во еден здив, интересна и возбудлива до самиот крај, својствено за Александра Потер :)
     
    На Acka22 и fallenangel им се допаѓа ова.
  16. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Портрет на еден шпион - Даниел Силва
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Во малото село Ганвало се доселува мистериозен човек и неговата помлада сопруга. Луѓето шират разни гласини прашувајќи се кој е тој човек и никој не може ниту да претпостави дека тоа е познатиот реставратор на уметнички дела - Габриел Алон, пензиониран агент на тајната израелска служба. После двата координирани терористички напади, се случува и трет, но овојпат пред очите на Габриел, кој за жал не успева да го спречи бомбашот-самоубиец. Тогаш, кога непредвидливата и непробивна мрежа на терористите ќе стане уште поопасна за САД и Европа, тајната израелска служба на чело со Алон, ќе се соедини со ЦИА. За да се влезе во мрежата на исламистите, потребен е некој кому тие ќе му веруваат, и кој ќе им понуди финансиска помош. Надија ал Бакари, ќерка на Зизи ал Бакари, милијардерка по потекло од Саудиска Арабија, е вистинската личност што Габриел ја бара. Приказната е неизвесна до крајот.

    Моја критика:
    Книгава ми се допадна. Никогаш порано немам читано политички трилер, но мислам дека овој ќе биде еден од најдобрите што некогаш би ги прочитала.
    Ликовите се перфекција. Габриел е тој што ќе ве освои целосно. Тој негов став, упорност, решителност, професионалност, човек што ќе го засакате. Надија ми беше омилен лик. Нејзиниот крај ме упропасти. Премногу богата и млада, а премногу мудра. Распната помеѓу нејзината религија и традиција, и модерниот живот во Париз. Спремна да ризикува, храбра, достојна.
    Книгава ќе ми остане во сеќавање како една од најдрагите. Политика, бомби, ислам, капитал, љубов и крв. Од писателот сум воодушевена. Секоја му чест.
    Топло ви ја препоравувам книгава, 10/10.
     
    На toogood и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  17. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    70.116
    Пол:
    Женски

    Aна ќе може да ми ја пратиш книгава, ме заинтересира премногу.
     
    На Acka22 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @macka91 и сите други заинтересирани - повелете линк :)
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик - Гијом Мисо

    Во гужвата на најголемиот њујоршки аеродром, маж и жена налетуваат еден на друг и набрзина ги собираат работите и продолжуваат секој на своја страна, но тие случајно си ги заменуваат мобилните телефони. Кога ќе ја сфатат нивната грешка, тие се веќе одделени 6.000 милји. Mадлин е цвеќарка во Париз, бивша полицајка, а Џонатан , сопственик на еден ресторан во Сан Франциско. Меѓутоа нивната љубопитнос ќе ги доведе до шоканти откритија и ќе сфатат дека нивните животи се нераскинливо поврзани со тајната за која и двајцата верувале дека ќе остане закопана.

    Книгата ме просто воодушеви, неможев да се оттгрнам од неа, ме влечеше се повеќе и повеќе да ја читам. Мислев дека е некоја лесна љубовна приказна, ама незнаев дека ќе заврши како неверојатен трилер. Би можела да ја ставам во моите топ 10 книги.

    Ви ја препорачувам да ја прочитате доколку не сте ја прочитале, нема да зажалите. :)
     
    На elen4e22, the.vampire.girl, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    50 НИЈАНСИ НА СИВО
    [​IMG]


    Книгата ситее ја знаете како и филмот нема потреба да пишувам кратка содржина.

    Позитивна критика
    Книгата започнува со краток опис и подоцнежен дијалог што го задржува вниманието. Со оглед на тоа дека го имав гледано филмот читањето ми беше брзо. Позитивно е што не се равлечени речениците и секој збор е различен, имав сретнато зборови кои ретко ги употребуваме во комуникацијата.
    Ми се допаѓа како е опишан Греј и описот на Анастасија.
    На скала од 1 до 10 позитивна критика е 8.

    Негативна критика
    Негативно ми е што дополнително се опишуваат сексуалните фантазии, авторката длабоко допрела до сексуалната фантазија што се обидела да ја долови да изгледа реално што мене искрено не ме привлече како читател само ме наведе да си замислам дека и јас можам да бидам Анастасија Стил.
    Деталист, го опишува секој детал за да има повеќе страници. Иако книгата е прогласена за бетселер мене искрено сепак повеќе ми се вбројува во книгите во редот за бетселер. Што е добра, добра е. Кога велам добра мислам во негативна смисла, морам да признаам дека на моменти се чувствував жешко.


    Сепак настрана тоа успеа да ми го задржи вниманието до крај.