Форумџика на годината

Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,079
    Likes Received:
    82,579
    Gender:
    Female
    [​IMG] Мартин Идн - Џек Лондон

    Книгава порано беше предвидена за обработка во средно, барем кога сестра ми беше средно, јас кога бев програмата беше сменета и не ја обработувавме. Подоцна, се сетив дека сестра ми ја читаше и си реков да ја земам и јас. Долго време стоеше на масичката, бидејќи читав и друга книга покрај неа а имав и други обврски па не ми остануваше многу слободно време за читање. На крајот, реков - морам да ја прочитам. Почнав да читам по многу страни на ден, стигнав до средината, ја поминав, ги вретев страните и со задоволство гледав дека се повеќе се прочитани а се помалку се останати за читање. Жедно ги вртев страните, ги голтав зборовите, речениците. И еве, стигнав до крајот. Па, мојата критика е следна:
    Стилот на изразување и описите на сите места и на сите појави се прекрасни и богати. Книгата пред нас отвара еден свет, разни слики, можеме да го осетиме она што е напишано. Притоа, во ниту еден момент не е здодевно и не тера љубопитно да ги вртиме страниците. На почетокот се прашував, ќе му возврати ли Рут на љубовта на Мартин? Бев задоволна од текот на настаните и воодушевена што љубовта не само што се појави туку и беше толку силна. Ме натера да мислам дека ништо не е невозможно и дека за љубов човек е спремен на се. Бев воодушевена и од промената на Мартин ,неговото издигнување. Потоа се прашував, што ќе се случи со љубовта, ќе опстане ли? Сепак, најпосле се случи она што би се случило и во реалноста. Нормално, Рут се загрижи за својот углед. Ја чувствував и јас разочараноста на Мартин, неговите соништа почнаа да се исполнуваат но веќе за него тоа не беше важно. Немаше значење.
    Бев во искушение да свртам на крајот, на последната страница за да видам како се ќе заврши, но си реков наместо тоа, да читам повеќе и побрзо за да стигнам до крајот, а не прескокнувајќи страници. Колку поблиску бев до крајот, толку повеќе љубопитноста растеше. А крајот... крајот беше неочекуван. Кој не ја читал, му ја препорачувам.
     
    K-a-t-e, BlackNight, Mayyya and 4 others like this.
  2. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2012
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    4,277
    Gender:
    Female
    Korica-Najsreknata-devojka-na-svetot-600x600.jpg

    Психопатска е многу ми требаше подолго време да ја прочитам заѕоа што се опишуваат два дела од нејзиниот живот сегашноста беше досадна многу и не ни го сфатив тој дел се на се супер тргна затоа што поголемиот дел е од минатото топло ја препорачувам ама тешка е за читање
     
    Acka22 and toogood like this.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,321
    Likes Received:
    51,132
    Gender:
    Female
    Без збогување - Линвуд Баркли

    Кратка содржина: Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после карницата од претходната вечер.Но, за жал нема трага дека тие ја поминале ноќта во своите кревети.Ова ѝ се случува на четиринаесетгодишната девојка, Синтија Биж која го изгуби своето семејство. Дваесет и пет години подоцна мистеријата се уште не е решена и Синтија се уште је прогонуваат неодговорените прашања. Дали нејзиното семејство е убиено? Грабнато? Ако е така зошто е таа поштедена? И, ако се живи, зошто ја напуштиле?
    Потоа, пристигнува писмо, писмо што нема никаква смисла. Наскоро Синтија сваќа дека буричкањето во минатото може да биде најлошата греша што некогаш ја направила.

    Моја критика: Оваа книга е прекрасен трилер не ме дозволи да ја оставам затворена се додека не се откријат најдлабоките мистерии. Оваа книга е од оние кои се читаат во еден здив, содржи многу прашања, кои понатаму добиваат одговор и конечно сложувалката може да се состави. Книгава ја прочитав за 2-3 дена, ама од толку многу радозналост морав да прелистувам странаци нанапред за да видам што понатаму ќе се случи, така правам со книгите што ми се многу интересни, иако сестра ми секогаш ме прекорува за тоа бидејки не било убаво така, ама јас неможам многу сум љубопитна што понатаму ќе се случува. :D
     
  4. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Joined:
    Sep 27, 2016
    Messages:
    710
    Likes Received:
    9,088
    Gender:
    Female
    Краток опис
    Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб - човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен - кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот.
    Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право?
    Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб - неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа...

    Моја критика
    Книгата многу ми се допадна. Толку се занесов во неа што за два дена ја прочитав. Значи љубовта како ја доживува Бен за Меди, ме расплака. Јас сум љубител на романтични книги, а оваа е една од тие подобрите. 960_43_41_9__8__4_2016ти си тој (1).png Би ви ја препорачала на тие што обожаваат ваков вид на книги.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,388
    Likes Received:
    68,428
    Gender:
    Female
    Small Great Things - Jodi Picoult

    Сите книги од Џоди Пико имаат некоја интересна тема за размислување. Во најновата нејзина книга темата е расизмот. Ми се чини дека до сега немам некоја друга прочитана книга со оваа тематика прикажана толку од блиску.

    Рут е акушерска сестра, црнкиња, работи во една мала болница. Таа цел живот правела и творела само за да биде почитувана од околината и да се вклопи во белото општество.
    Од другата страна е Турк, белец, ги мрази луѓето со бојата на кожа на Рут и е член во сите организации за бела моќ.
    Патиштата на овие луѓе се испреплетуваат и донесуваат трагедија за која се бара одговорност. Кој треба да ја сноси?

    Да бидам искрена, не мислев дека до тој степен се уште опстојува расизмот во Америка, веројатно зашто не живеам таму и немам никаков допир со тамошната ситуација.
    Турк ми идеше да го претепам, посакував да не постои заедно со сите негови идеологии. Ама за жал таквите луѓе постојат и се во огромен број. Да напаѓаш луѓе, физички и психички да ги малтретираш само зашто имаат поинаква боја на кожата од тебе или имаат поинакви верувања за мене е ужасно. Рут кажува една реченица која во моментот кога ја прочитав ми зазвуче монструозно, ама кога подразмислив сфатив дека и јас истото го помислив кога го читав делот на кој се однесуваше таа реченица. И да, и мојата помисла беше исто лоша, се засрамив што дури и го помислив тоа, исто како и она, во моментот кога го изговори.
    A да практикувавме сите да правиме мали, но значајни нешта, можеби светот ќе беше многу подобар, наместо да се полниме со омраза кон различни од нас луѓе.

    Ви ја препорачувам книгава ако сакате да се запознаете подобро и поинтимно со еден проблем кој постои одамна, одамна...
    Одлично напишана, ќе употребам едно клише, страниците се вртат сами од себе.

    “What if the puzzle of the world was a shape you didn't fit into? And the only way to survive was to mutilate yourself, carve away your corners, sand yourself down, modify yourself to fit? How come we haven't been able to change the puzzle instead?”

    “You say you don’t see color…but that’s all you see. You’re so hyperaware of it, and of trying to look like you aren’t prejudiced, you can’t even understand that when you say race doesn’t matter all I hear is you dismissing what I’ve felt, what I’ve lived, what it’s like to be put down because of the color of my skin.”

    “Do you think there will ever be a time when racism doesn't exist?"

    "No, because that means white people would have to buy into being equal. Who'd choose to dismantle the system that makes them special?”

     
    Florenсе, 1209 and AnaKarenina like this.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,079
    Likes Received:
    82,579
    Gender:
    Female
    Murder-on-the-Orient-Express-HB.jpg

    Одлична книга!
    Поаро е детектив кој од Истанбул треба да отпатува за Лондон и притоа патува со Ориент Експрес. Возот е преполн, но успева да се обезбеди место за него.
    Дејството се случува една студена зима. Вечерта, додека возот се движи кон Винковци, убиен е еден од патниците за кој се открива дека го сменил својот идентитет за да го спаси својот живот и да избега од канџите на оние од кои добивал закани заради злосторот кој самиот го извршил. Не успеал да побегне и покрај новиот идентитет, а убиец не е само еден.

    Кристи никогаш не разочарува со своите романи. :) Знаев дека крајот ќе ме изненади, но таков воопшто не го очекував.
    Ако се мислите што да прочитате, а сте љубители на крими романи и мистерии, ви го препорачувам овој. Не е ни голем, брзо се чита, 204 страни и притоа ниту една од нив не е здодевна.
     
    Last edited: Nov 4, 2016
  7. sevda.a

    sevda.a Истакнат член

    Joined:
    Sep 13, 2016
    Messages:
    70
    Likes Received:
    834
    Gender:
    Female
    Дупка во мозокот - Димко Тасевски Дитас

    Приказната почнува пред 21 година кога една девојка е силувана...
    Наместо таа да го абортира плодот од таков одвратен спомен таа решава да го роди детето. Всушност испага дека носи близнаци браќа.
    Приказната продолжува 21 година подоцна кога близнаците се бејке пораснати без да знаат како дошле на свет. Приказната на почеток е интересна и можам да кажам позитивна. Се опишува како тие го живеат својот живот како си играат со девојките и како ги менуваат своите места за да спијат со нив.
    Понатаму секако во стилот на Дитас приказната го губи својот позитивен духовит тек и станува морничава.

    Мене лично не знам зошто оваа книга ми остави најголем впечаток искрено не можам да одлучам зошто. Можеби зошто гнасотијата во овој случај е така добро скриена од очите на сите па и дури и од самите главни ликови што навидум изгледа така нормално кога всушност ништо не е нормално во оваа кинга.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,388
    Likes Received:
    68,428
    Gender:
    Female
    It Ends With Us - Colleen Hoover

    Реков дека нема веќе да читам од неа, по последната книга која доста ме разочара, ама се прелажав.:worried: Прочитав дека оваа вила поинаква, поразлична од YA што ги пишува и само поради начинот на пишување решив да и дадам шанса.
    И oh, boy, колку само ми е мило што го направив тоа. Книгава е најдоброто нешто што сум го прочитала годинава. Ама добро, со оглед на тоа колку малку читав нема некоја конкуренција, за жал.:doh:

    Лили Блум и Рајл Кинкејд. Се запознаваат на интересен начин, атрактивноста и привлечноста е обострана. Ама не е некоја инста љубов, туку се гради малку по малку. Што ми се допадна. Рајл е неврохирург во подем, згоден (нормално), интересен и едноставно премногу добар за да биде вистинит. Лили има трауми од детството, има една незаборавена љубов, но Рајл и се чини како оној вистинскиот. Додека...

    Додека во наплив на бес не ја повреди, не и нанесе физички повреди. Исто како татко и на нејзината мајка. Истото што и се случуваше на мајка и, што го гледаше цело детство почнува да и се случува на неа. Но, Рајл има причина, Рајл не е како татко и, Рајл потоа се извинува, надоместува, ветува, се колне, плаче, дека нема никогаш да се повтори. И ја кажува причината, длабока е, Лили го разбира и се обидува да продолжат понатаму.

    Се е супер, иако налетува на поранешната љубов, Атлас, Лили е убедена дека Рајл е правиот. Но по вториот инцидент веќе сомнежот се вселува во нејзиното срце, како црв во сочно јаболко.
    Што ќе направи Лили? Разумот или срцето? Се повторува ли историјата?

    Книгава... Дава една перспектива, еден длабок и интимен оглед кон насилството во врската. Сите ние што викаме јас никогаш не би трпела вакво нешто, одеднаш можеме да видиме зашто некој би. Јас веќе не би била толку брза да осудам некој. Гледајќи однадвор никогаш не можеме да знаеме со сигурност што всушност се случува.

    Лили е прекрасен лик, силна, одлучна, критички настроена кон самата себе.
    Ставив во спојлер зашто не е можно да се открие содржината на книгава без да се раскаже сржта. Така што ви препорачувам ако ја читате да не читате критики, влезете наслепо во книгава, вреди за тоа.

    Преубава книга, топла препорака, кај нас мислам е преведена од Сакам книги.
     
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Joined:
    Nov 7, 2013
    Messages:
    4,501
    Likes Received:
    79,906
    Gender:
    Female
    Секогаш во библиотека одам со список на книги кои сакам да ги прочитам овој пат заминав на слепо без никаква идеја што сакам да читам. Лутајќи низ полиците забележав два наслова и се одлучив за нив ама бев скептична за тоа што земам. Можам да кажам дека и двете ме воодушевија и топло ви ги препорачувам

    Ју Несбе - Одмазда

    Може некои од вас би ми кажале како до сега не сум прочитала ништо од Ју Несбе и навистина не би знаела ни самата да одговорам, само знам дека со нетрпение чекам да прочитам и други негови книги. Книга со многу заплети за во ниеден момент не ви стане досадно. Единствена замерка би дала што до некоја половина од книгата не гледав никаква поврзаност на ликовите.

    Во полицијата има анонимна дојава за бомба во американската резиденција во Осло. Целата полиција е ангажирана таму. Во центарот на Осло се случува грабеж на банка. Вработената зад шалтерот ја држат како заложник со пиштолот вперен во главата.

    Управникот на филијалата има рок од дваесет и пет секунди да го испразни сефот. Или жената ќе настрада.

    Триесет и пет секунди. Стине Грете е мртва. Полицијата доцни.

    Сите се кај американската амбасада. Бомба, нормално, нема. Случајот е доделен на вишиот инспектор Хари Хул. Има и нова партнерка. Беата Лен е штотуку излезена од факултет и е ќерка на полициски инспектор кој загинал во обид да спречи грабеж на банка. Таа има фотографска меморија. Го памети секое лице кое некогаш го видела некаде. Ако таа те праша дали те знае однекаде, биди сигурен дека те знае.

    Кој стои зад грабежот? Кој стои зад убиството? Целта беа парите или мотивот е сосема поинаков? Полицијата го вика напомош кралот на крадците, Раскол Баксет, циганин со потекло од Балканот, кој лежи во затвор во Осло откако самиот се предал за многубројните пљачки на банки. Вереницата на Хари се наоѓа во Москва да го реши старателството над синот.

    Во меѓувреме, на Хари му се јавува бившата девојка, Ана. Ана има циганско потекло. После ноќта помината заедно, Ана ја наоѓаат мртва во нејзиниот дом. Хари не се сеќава на претходната вечер, повторно пиел. Ана си пукала во главата. Но со погрешната рака.

    Познавајќи ја, знае дека таа е левучар, а пиштолот е пронајден во нејзината десна рака. Ана е уметник. Во нејзиниот стан има уметничко дело кое таа го насловила Немезис-божицата на одмаздата. На кого му се одмаздува Ана? Кој ли ѝ се одмаздил нејзе? Што се случило во ноќта на која Хари не може да се сети?

    Следниот ден Хари добива електронска порака. “Знам дека беше на вечера кај жената која е најдена мртва. Што ќе правиш понатаму?” Потпис: C#MN Уште еден роман од серијалот за Хари Хул.

    Мали црни лаги -Шерон Болтон ( Little black lies )

    Книга во која писателката со својата вештина длабоко ќе ве навлече во приказната. Книга која сакав да ја проголтам за да видам што всушност се случува. Би рекла неочекуван крај за прекрасна книга. Книга која читајќи ја ќе се запрашате колку знаете за пријателството, колку знаете за родителството и најважно од се дали знаете дека тагата може да уништи нечив живот и да превземе целосна контрола. За сите љубители на психолошки трилери ви препорачувам да ја земете и да се препуштите во рацете на Шерон.

    Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè.

    Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии?

    Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг... Нема да погодите сè до последната страница.
     
    toogood, Mayyya, piglet1 and 2 others like this.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    7,278
    Likes Received:
    47,169
    Gender:
    Female
    @macka91 мораш да ги прочиташ и другите книги од Несбо, јас многу ги сакам посебно приказните со Хари Хол. The Snowmen ми е последна прочитана и многу ми се допадна. Јас си ги симнав сите пдф ги има комплет торент, ама на англиски веројатно нема да ти е проблем.
     
    macka91 likes this.
  11. macka91

    macka91 Форумски идол

    Joined:
    Nov 7, 2013
    Messages:
    4,501
    Likes Received:
    79,906
    Gender:
    Female

    Да да дефинитивно ќе ги прочитам и другите. Утре идам во библиотека да видам што имаат од него.Не ми е проблем да читам на англиски ама проблем ми е да читам на компјутер или таблет после извесен период почнува глава да ме боли, така да повеќе преферирам хартија. :)
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,198
    Gender:
    Female
    Ејми ја нема - Џилијан Флин

    Очекував многу повеќе. Со оглед на тоа каква прашина се крена за книгава, очекував бар да не ја погодам фрката, да не речам крајот, бидејќи интересното е на средината некаде, и почетокот и крајот се малку досадни.
    Мислам, очигледно е што е работата со оглед на тоа што зборот ,,психопатско" беше употребен во секој можен опис на книгата, ама некако ја открива содржината. Што е попсихопатско од некој да ја лажира својата смрт? Сигурно не класичен случај каде што мажот е убиецот.
    На почеток како да сакаше да каже, ова е баш таква книга каде што мажот е виновникот со она ,,ова е петтата лага што ја кажав денес". Не, океј? Знаеме дека не си убиецот штом уште од првата глава го кажа тоа. :lol:
    Потоа некако ја оттргна вината од Ник за да докаже дека ова не е клише. Па пак го обвини кога се откри дека има љубовница. И на крајот бум!
    But I saw it coming, секако дека ако некој мора да е психопат во книгава, тоа нема да биде глупавиот емоционално нестабилен Ник. Иако и тој имаше свој bullshit со целата работа со татко му.

    Крајот - недефиниран, ништо посебно, а можеби и така требаше да биде бидејќи целата книга е таква.
    Книгава си играше со етапите на развојот на дејството, да се стави расплетот на средина е многу ризично, мораш да имаш нешто подеднакво јако и за крај. А немаше ништо посебно, особено ми беа досадно деловите од перспектива на Ејми некаде кон средината на вториот дел.

    Што се однесува до ликовите, ми се допаѓа ликот на Ејми, неверојатно интелигентна, се води по логика, до детаљ планира сè и практично може во секаква ситуација да се снајде беспрекорно, додека Ник се изгуби целосно, не знаеше што му се случува, да не беа Го и полицајците ќе беше наполно изгубен.
    Не ми се допадна што ја оставија приказната на пола, сфаќам дека има некоја фрка за браковите и љубовта и сето тоа, ама некако не ми се копаше длабоко.
    Претпоставувам дека сутиацијата на крајот е демек како и повеќето од браковите на денешницата. Глумење љубов, играње совршени улоги, дрн дрн, ама во книгава дојдов за да ми направи mindblow како во Шепнувачот, да не знам where the hell I am од шокот, а не поуки. :D

    Како и да е, веројатно беше океј книгава, само што моите очекувања беа многу големи.
    Следна ќе ја читам Мрачни места, се надевам на подобар трилер и понепредвидлив расплет.
     
    toogood likes this.
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2013
    Messages:
    1,481
    Likes Received:
    12,626
    Писмото на госпоѓа Вилма - Јелена Бачиќ Алимпич
    Прво што помислив беше оти книгава не ја прочитав порано, мене ми се допадна повеќе и од Рингишпил. Немав големи очекувања, но ме изненади позитивно.
    Приказна за силата и издржливоста на едно семејство. За тоа како сите имаме различни животни приказни, од некои и просто запира здивот ама животот продолжува. На крајот најбитно е да се прости и продолжи понатаму. Со простувањето настануваат и чуда во нашиот живот, се ослободува прекумерниот товар и настанува големо олеснување. По секоја цена да се каже вистината што порано, да нема семејни тајни затоа што тие водат кон поголеми проблеми.
    Многу добар опис на ликовите, страниците просто ќе ги голтате, ќе се запрепастите ос судбината на ликовите и на момент ќе сакате да ја измените затоа што е премногу болна.
     
  14. leni_794

    leni_794 Истакнат член

    Joined:
    Nov 13, 2016
    Messages:
    130
    Likes Received:
    222
    Gender:
    Female
    Читам во секое слободно време, а тоа значи барем една книга во неделата. Најчесто сакам лесни забавни книги кои ке ме опуштат од напнатоста и секојдневието. Ја обожавам Џули Џејмс ги имам прочитано сите нејзини книги (осум) а омилена ми е
    http://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=9434
    Единствена критика ми е тоа што до некаде приканати се слчни, секоја книга има два силни карактери кои се горделиви и арогантни, но то што ми е супер што на крајот љубовта е таа која победува....... Што да кажам сакам среќни краеви хахаха
     
  15. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Joined:
    Jun 18, 2016
    Messages:
    126
    Likes Received:
    1,712
    Gender:
    Female
    Исчезната без трага - Шеви Стивенс
    [​IMG]
    Кратка содржина:
    Ени е триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини и едно летно утро оди на презентација на куќа. Презентацијата не оди баш најдобро, па кога последниот посетител ќе пристигне, Ени помислува дека куќата ќе биде конечно продадена. Намесно тоа, човекот ја киднапира, ја носи во непознато место и ја затвора во колиба. Ени ќе остане таму скоро цела година, живеејќи под незамисливи правила, страв, малтретирана, силувана и изолирана. Но зошто? Зошто токму таа? Неизвесност до самиот крај.

    Моја критика:
    Книгава е дефинитивно нешто што нема да го испуштите од раце се додека не ја завршите последната глава. Една од оние книги каде со нетрпение сакате да дознаете што е следно. Брутална приказна, но не ме вознемири ниту на момент. Можеби затоа што од почетокот се знае дека Ени е веќе слободна, дека е добро, зашто посетува психијатар и преку сесиите раскажува што доживеала во колибата. Бруталните приказни знаеле да бидат доста интересни.
    Искрено, не ме интересираше што Ени прави во сегашноста, единствено сакав да ја заврши приказната. Здодевни беа и разговорите како минатата ноќ спиела во плакарот или не можела да оди во тоалет поради страв од Изопачениот. А да, нејзиниот киднапер во целата книга е нарекуван Изопачениот и Лудакот, што беше во ред, зашто нели, навистина беше лудак.
    Приказнава заврши неочекувано. Мислам дека крајот немаше некоја смисла и беше како гром од ведро небо, со цел да заврши шокантно. Барем мене така ми делуваше.
    Ени нели имаше повеќе шанси да го убие Изопачениот? Во ред, можеби се плашеше. А откако умре нејзиното бебе немаше веќе што да изгуби.
    А на крај очекував докторката да прозбори. Сепак, жената се изнаслуша какви не работи.

    Книгава ја препорачувам, ептен е добра. 9/10
     
    toogood and piglet1 like this.
  16. Ketchup

    Ketchup

    Joined:
    Dec 23, 2014
    Messages:
    6,796
    Likes Received:
    46,431
    Дискусијата ќе ја довршам во оваа тема.
    Јелена Бачиќ Алимпиќ - Рингишпил
    Книгава искрено ми се допадна, има нешто посебно во неа, иако јас да бев на местото на авторкава, ќе ја напишев на малку друг начин.
    Верба, во право си со тоа што кажа дека од пола натаму многу се губи смислата, бидејќи сè се сведува на умирање и погреби. Јелена многу повеќе обрнала внимание на смртта, отколку кариерата на Ана. Мислам дека малку повеќе требала да пишува за нејзиниот успех, турнеи и убави моменти. Животот на Ана во Русија е многу малку опишан, многу малку случки има. Кога се пишува ваков тип на книга, мислам дека треба да биде опишан секој детаљ истомерно.
    Крајот исто така би требало да биде поубав. Цела книга е полна со емоции, доживувања и на крај секако очекуваш многу повеќе од една обична смрт. Од друга страна, ја сфаќам Јелена со тоа што сака да ја опише реалноста и животот на една примабалерина. Она за оваа книга има кажано дека инспирација и била мислата на Да Винчи - "Оној кој не го сака животот, не го ни заслужува", но откако ја прочитав книгата, мене повеќе ми делува како да сакала да каже дека парите и славата не ти го прават животот совршен.
     
    toogood, Mayyya and verba like this.
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,253
    Likes Received:
    6,027
    Gender:
    Female
    Што носат брановите - Карен Гилис
    641_40_56_9__10__10_2013branovite.png
    Книгата ме изненади, ја почнав без некои преголеми очекувања.
    Главен протагонист е Лара, девојка со слободен дух, која одлучила да патува по светот. После една трегедија што ќе ја снајде во Бразил (не откривам каква), таа се враќа во својата родна Ирска, со надеж дека ќе може да ги спои расфрланите парчиња од нејзиниот живот и да го живее некако, иако животот бил суров кон неа. Но таму се соочува со сенките од минатото, па и нивниот живот ќе биде исфрлен од колосек со нејзиното враќање.
    Многу ми се допадна нарацијата во книгата, тоа како писателката ги поврзува настаните и се навраќа во минатото, книга која не можеш да ја оставиш до последната страница.
    Препорачувам. (y)

    П.С. Морам да го пофалам и преводот, книгата е во издание на Бегемот.
     
    Last edited: Dec 1, 2016
  18. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Joined:
    Nov 17, 2016
    Messages:
    957
    Likes Received:
    7,434
    Gender:
    Female
    Подмолна убавина - не ми текнува на авторката, за жал..
    Трилер за девојката Кетрин во своите тинејџерски денови чија помала сестра е убиена и силувана. Се преселува во друг град, таму ја запознава својата најдобра другарка Алис, а и љубовта на својот живот. Крајот ќе ве излуди, тотално е мајнд-фак. Плачев дур го читав крајот..
     
    elimkd likes this.
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Joined:
    Jan 13, 2014
    Messages:
    1,593
    Likes Received:
    9,364
    Gender:
    Female
    Паднати-Лорен Кејт

    Што ќе се случи ако, личноста со која треба да бидете, никогаш не ќе може да биде со вас?

    Уште при самото читање на реченицава/прашањето веднаш ги оставив сите книги меѓу кои се мислев да ги купам. Тоа ме трогна доволно за да се припремам за плачење додека ја читам. И навистина беше така. Плачев. Можеби бидејќи се пронајдов во секој дел од содржината.

    Се ежев до коска во деловите на Даниел и Луси. Страшно ме потсети на една незаздравена рана на срцето. Начинот на кој се опишани чувствата на Луси, треперењето во близината на Даниел, нивните бакнежи, неговото топло-ладно однесување ме наврати на толку спомени, сеуште сум трогната.

    Стилот на пишување е одличен, писателката си ја знае работата. Ме држеше во неизвесност до самиот крај, читаш, читаш и не ти се остава. Едвај чекам да ги набавам и другите делови.

    Топло ја препорачувам на секој :hug:
     
    joy1 and КикиМаус like this.
  20. vlatko spasovski

    vlatko spasovski Истакнат член

    Joined:
    Nov 8, 2014
    Messages:
    273
    Likes Received:
    93
    Gender:
    Male
    Јелена Бачиќ Алимпиќ - Рингишпил
    Ednostavno nemam komentar za knigava izroniv krokodilski solzi citajki ja