1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    70.118
    Пол:
    Женски
    Прошетка по облаците - Ева Мари Еверсон

    Пробувам да ја дефинирам книгава, дали да ви ја препорачам или не. Немам некое посебно мислење за книгава. Убава приказна која носи силна порака со себе да ја пронајдеме целта за живеење и да научиме повторно да сакаме кога целата надеж сме ја изгубиле за толку кратка книга е убаво направено и склопено, но нешто ми недоставува. Целиот впечаток што ми го остави книгава е како нешто да останало недоречено.
    Во секој случај книгава се чита брзо, па кога немате идеја што да читате може да си ја прочитате. Лесна и кратка приказна која ќе ви покаже без разлика како се чувствувате и што сакате да направите, Господ понекогаш има друг план за вас.
     
    На Dear_Thing и piglet1 им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Рингишпил - Ј.Бaчиќ-Алимпиќ

    Имав неверојатно ниски очекувања кога ја започнав, според луѓето од кои имав слушано за книгава и според описот и критиките што сум ги читала, очекував да е една неверојатно лигава и досадна книга.
    Ме изненади, навистина, не беше до толку лигава како што мислев, туку на границата на лигавост која можам да ја поднесам, бидејќи не сакам тажаленки навистина, а еден куп луѓе тврдеа дека очите си ги исплакале на книгава. Верувам дека немаше да можам да ја читам на српски, не знам, јазикот ми е некако премногу мек и меланхоничен, а тоа ќе придонесеше на емоционалноста на книгава (да не кажам лигавоста уште еднаш :D)
    Покрај сè, убав, лежерен стил, малку како одмор за очи, во последно време само напнати романи читав.
    Но, некако немаше thinking outside the box, баш ваков класичен роман, сè спакувано и понудено на тацна. Ликовите, одено во крајности, случките, исто така, многу преувеличување и на крај, силување на читателот. Растажи се, РАСТАЖИ СЕ... :D

    Беше развлекувана и имаше страшно многу повторувања, а и доста пропусти, plot-holes и некои ситници кои веројатно и не се од голема важност. Сепак оваа книга ми е како олицетворение на еден Роман, со големо р. Животот од почеток до крај, до најситен детаљ и со секоја можна емоција низ него.
    Е сега, нашата Ана, кутрата, бел ден не виде. Сите ги испрати, стварно сите до еден.
    Значи уште не можам да се помирам со фактот што не постои лик во романов што не умре. Оној Себастијан на крајот, чинам, умре по Ана, ама и онака не е важен тој. Ама другите сите до еден умреа. И тоа мислам, не знам што сакала авторката да постигне со оваа очајна репететивност, најверојатно тоа што ѝ успеа, сите да плачат, ама па не сфаќам која е целта.

    Сепак, друго нешто што ми падна во очи се говорите. Осетив како да нема нормален дијалог во книгава, сè беа говори, лекции, признавања, животни стории... И плачење секако, се утепа од плачење кутрата Ана. Како можеше толку тажна да ја направи, не сфаќам.

    Она што ми фалеше беше повеќе од балетскиот живот. Сакав да ја почувствувам повеќе онаа атмосфера, тремата пред настап, играњето на огромната сцена и изливот на емоции кога сите ѝ ракоплескаат. Добив впечаток дека авторката намерно го оттргнувала овој дел бидејќи поентата на некој начин ѝ беше не значи дека ако си богат и славен си и среќен, ама сепак, сакав да добијам поголем дел од таа слава, сакав поубаво да ја почувствувам љубовта кон балетот.

    И секако, книгава некако ги имаше оние класични, да не речам застарени поенти, од судбината не се бега, сè е Божја волја, помири се со судбината, не си играј со неа... со кои не се согласувам баш.

    Сепак, ова е животна сторија и мене ми се допадна како таква, интересно нурнување во светот на една примабалерина и сите бранувања кои ѝ ги носи животот. А и убава беше аналогијата со рингишпилот. (y)

    Во еден момент - Гијом Мисо

    Гијом Мисо strikes again. :D
    Типично негово дело, не ни имам нешто посебно да кажам. Јас сум официјално завршена со него, барем се надевам. Истово си го кажав и со претходната негова книга, ама некако заборавив изгледа и ѝ ја подарив на сестра ми за роденден, па да не ми остане кусо.
    Туку, мене ми се допадна и оваа книга, ако стварно замижам на неговиот веќе излитен стил кој полека ми оди на нерви :D
    Сепак, мислам дека целосно ја упропасти со крајот. Мислам, веќе видено во Девојката од хартија, а и некако now what беше. Недовршен роман? Сериозно? But I want answers. Очекував како и во другите книги да ја смени судбината, да даде поопширна backstory на светилникот и проклетството, да успее да се оттараси од него и да си остане приказната фантастична. А не да ја упропасти враќајќи ја во реалноста.
    Сфатив дека Гијом Мисо има два можни завршетоци:
    1. Промена на судбината
    2. Реалистично објаснување
    Не знам, ми се допадна мене додека ја читав, ама морам да речам дека имаше потенцијал за навистина подобар крај, а не неинтересен plot twist. Сепак, тоа е тоа.
     
    На Sunshine_1979, macka91 и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  3. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Исчезната без трага- Шеви Отивенс

    Книгата е навистина прекрасна,станува збор за една млада девојка која работи како агент за продажба на недвижности и работата и оди супер,се' додека еден ден кога има презентација на кукја на самиот крај од таа презентација ке биде киднапирана. Овде преку сесии е раскажан секој ден,секој момент кој го поминала додека била затворена и измачувана.
    На крај кога ке се ослободи од таму Ени(главниот лик)сака да дознае ЗОШТО тоа и се случило нејзе..и по долгата истрага кога веке се ке се открие Ени сфака дека подобро е некои прашања да останат неодговорени...
    Ви ја препорачувам книгата..
     
    На blackpanter и piglet1 им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Првата книга прочитана во 2017
    [​IMG]

    Oh boy, oh boy, oh boy...
    Уште ми се хаотични сите мисли, чувства и емоции од книгава, си реков нека легнат малку па ќе пишам во темава, ама сакав импресиите да ги споделам дур ми се свежи, за да не испуштам нешто.
    Беше избрана за Best romance за 2016 на Goodreads и благодарност до Реин која ми ја испрати и напиша убаво мислење во темава што само ме убеди да ја прочитам (ќе оставам линк од мислењето овде, зашто многу ми се допадна и тотално си се пронајдов со размислувањата).

    За оние кои ја читале Хувер претходно, сакам да напоменам дека книгава воопшто не е во нејзиниот вообичаен стил. Ако не знаев кој ја напишал, никогаш немаше да погодам дека таа стои зад една ваква приказна. Дури вака по корицата би помислила дека Мориарти е во прашање, ама за Хувер никогаш не би претпоставила.

    Книгата ја следи животната приказна на Лили - девојка која доаѓа од дисфункционално семејство каде често била сведок на насилството што го трпела нејзината мајка од страна на татко ѝ. Растејќи во таква средина, Лили си ветува дека никогаш нема да биде жртва на насилство и никогаш нема да го трпи она низ кое поминала мајка ѝ цел живот. По завршување на студиите, Лили од малото место каде израснала, се сели во Бостон - град каде сонувала да замине и да почне нов живот. А таму го среќава Рајл. Нивното запознавање е интересно, а нивната врска се развива на многу необичен начин. Како што поминува времето, Лили сè повеќе се вљубува во Рајл и станува убедена дека тој е вистинскиот човек за неа. Сè до оној момент кога во нејзиниот живот ќе се врати нејзината непреболена љубов од тинејџерските години, а Лили ќе спознае една нова страна на Рајл за која не знаела дека постои. Тука веќе се руши целата совршена слика за нивната врска, а Лили се соочува со една внатрешна борба заради која почнува да сфаќа многу работи.

    Книгата води еден многу интересен тек на настаните, во ниту еден момент не е досадна и да можев ќе ја прочитав во една ноќ. Затоа секаде ја влечкав со мене и користев можност да читам во секој слободен момент. Сцените се толку добро опишани, што имав чувство како да гледам филм, т.е. серија (од која едвај ја чекав секоја наредна епизода :) ). Имаше некои моменти кои ги очекував, но во глобала не е предвидлива, ниту е клише приказна каква што претходно сме видела многу пати.
    Главните ликови многу ми се допаднаа, премногу! Сите беа совршено добро изградени и во секој од нив имаше нешто кое ме освои. Имаше многу моменти кои ми го стоплија срцето и ме натераа да ги засакам повеќе. Во втората половина од читањето и не можев да се одлучам за каков крај на приказната навивам.

    За вакви книги ми е жал што не сме ги читале во феминскиот клуб на читатели, за да можам слободно да пишувам за некои работи за кои овде се стегам, зашто не сакам да напишам некој спојлер со кој ќе откријам премногу. Само ќе кажам дека книгава ќе ве натера да ги свртите размислувањата во друга насока, а можеби и ќе ве натера да отстапите од цврстиот став кој верувам дека го имате во однос на одредени прашања. Не сакам ништо повеќе да пишувам во овој дел, не сакам премногу да откривам, дури и би рекла претходно да не го читате спојлерот на Реин во темава - јас едвај се воздржав да не кликнам на него, ама мислам дека подобро што го оставив неотворен, затоа што така веќе ќе имаше делови од приказната кои ќе ги очекував. Вака целосно ѝ се препуштив на книгава, без никакви очекувања, за на крајот комплетно да ме изненади.

    Имаше повеќе моменти на кои подголтнував и се враќав назад за да ги препрочитам, имаше многу убави цитати, ама на последната реченица со која заврши книгата, ми се насолзија очите ;(

    Ретко давам 5ки на goodreads, зашто секогаш наоѓам нешто што не ми се допаднало, ама овојпат забелешките ми се толку мали, што се незначајни во споредба со целокупниот позитивен впечаток што ми го остави книгава. Затоа една голема 5ка од мене, со топла препорака да ја прочитате.
     
    На the.vampire.girl, sweet-cherry, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    70.118
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Имам навика без разлика дали е книга, филм или серија доколку се "популарни" кај повеќето откако ќе стивне целата фама, тогаш сакам да ја земам книгата да ја прочитам или пак филмот да го изгледам. Видов на goodreads уште во 2015 година, дека книгава беше на првото место, па сега откако излезе и филмот се сетив дека ја немам се уште прочитано. Искрено сега сфаќам дека е добро и што не сум брзала со читањето на книгава. Сериозно како била книгава избрана за најдобра?

    Прво нешто што би го дала како критика е тоа што книгава ми немаше никаква куминација, а расплетот беше па премногу брз. Да не претерам уште на почетокот претпоставував каков ќе биде исходот и не згрешив. За главниот лик Рејчел не оформив никакво мислење освен дека е пијаница (која од секогаш си сакала да пие) и дека е психопата која го замара бившиот маж. Целото дејствие е во возот Рејчел пијана има дупки во сеќавањето, па пробува да се сети. Изгубена е помеѓу реалноста и не реалноста.Другите две Меган и Ана и нив ги доживував малце како налудничави всушност ми беа патетични. За Ана би кажала и дека бесчувствителна, во еден дел си кажува дека воопшто не и било гајле што излегувала со женет маж. Се на се луда куќа и сите си имаат свои мрачни тајни. :)

    И за крај книгава не ви ја препорачувам, освен ако сакате да утепате време па тогаш може да си ја прочитате.Ипак била прва за 2015 и различни вкусови се во прашање, затоа не значи дека мене ако не ми се допаднала дека и на вас нема да ви се допадне. Јас со нетрпение чекав да стигнам до последната страна затоа што ми беше досадна.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А потоа - Гијом Мисо
    [​IMG]
    Од Мисо претходно ги имам прочитано Затоа што те љубам и Девојката од хартија - две дела за кои често среќавам коментари дека му се најдобри, па некако тука престанав да го читам. Не знам зошто, ама има нешто заради кое не посегнувам по неговите книги кога сум во книжара и на саем, ама оваа книга ја добив на подарок, па сепак решив да ја прочитам.

    Книгата ја раскажува приказната на Нејтан кој имал тежок живот, но поради неговата амбициозност успева да стане познат адвокат и да излезе од сиромаштијата. Желбата за сè повеќе пари и што поголем успех во професијата, се една од причините за разнишување на неговиот брак кој завршува со развод. Во неговиот живот се случува целосен пресврт кога ќе запознае човек-гласник кој доаѓа кај луѓето кои наскоро ќе умрат. Воден од мислата дека не му преостанува уште многу, Нејтан се обидува да ги надомести пропуштените шанси и да ги поправи грешките од минатото.

    Книгата брзо и лесно се чита, како и другите дела на Мисо. Ликовите би рекла дека добри се изградени, ама приказната ми беше просечна. Не е лоша, ама не е ни нешто кое ме остави воодушевена. Сепак мислам дека тука застанувам со Мисо.

    Патем, морам да кажам дека преводот е благо кажано ужасен. Топер имаат многу лоши преводи, ама мислам дека ова е врвот! Сестра ми има прочитано повеќе дела на Мисо и она истото ми го кажа - дека кај сите преводот е катастрофален. Истата преведувачка е, нема да ја именувам, а единствено објаснување за лошиов превод ми е дека Топер не ја плаќа. Имаше еден куп грешки кои ќе ги воочи секој читател, без разлика колку го познава македонскиот јазик. Преводот на некои зборови буквално од кожа ме вадеше, штета што не подвлекував во текот на читањето, а сега не се ни сеќавам веќе што сè прочитав, ама пецање нема да го заборавам |(
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-1-30_13-23-22.jpeg
    The Summer Before the War
    Novel by Helen Simonson

    Nemozam da se osvestam.
    Zar e mozno 420 st. da procitas i postojano da ocekuvas nesto da se sluci a toa nisto.
    Zavrsi knigava bez nikakakva prikaska. Celo vreme nekakov razgovor od ubavo kreirani recenici i nisto poveke.

    Totalno razocarana.
    2.5/5
     
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ја имаш прочитано? :)
    Мене ми е дефинитивно омилена...
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.715
    Пол:
    Женски
    И мене ми е меѓу омилените. Ама крајот ми е премногу тегобен... не можев да се соберам со денови откако ја завршив и не читав ништо друго некој месец. Ја прашав Скај како ќе го доживее крајот (не ја тагнувам да не и’ расипам впечаток) зашто се изненадив со една другарка на која и’ ја препорачав книгава и не и’ се допадна.
    Нејзиниот коментар беше - нема шанси, не ми изгледаше реално, ваков среќен крај не очекував. Мене крајот ми беше се’ освен среќен. Маркез е претставник на магичен реализам, ама крајот беше болно, крајно реален и нема друг збор да се опише. После последната реченица, си замислив дека ќе умрат така за кратко време, и тој момент на бродот е единствениот што го имаат. Стари, уморни, истрошени. И истовремено дава слика на земјата, исто толку уморна и истрошена... Крајот не ми остави надеж за ништо. :| Одамна беше, треба пак да ја прочитам ама не ми е на листа за годинава.
     
    На Sky-butterfly, do-re-mi и kjukli им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.506
    Пол:
    Женски

    Преубава книга, со изразен психолошки набој. И мене ми беше лектира на времето, но навистина се одликува со посбна зрелост.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Making Faces - Amy Harmon

    Книгава не испадна како што очекував. Интересна идеја, ама површна реализација. Имаше толку многу настани кон кои авторката можела да ги обработи подлабоко, психолошки многу посилно да ја обработи приказната. Ама ништо, една тинејџерска новела со демек длабочина. Да, брзо се вртеа страниците, ама на крајот бев изнервирана само што не го добив тоа што сакав од книгава.
    Рејтингот ми е разбирливо што е толку висок, на слаба точка ги фаќа американците приказнава.
    Ама не може човек да се врати од војна во која за малку ќе умрел, четири другари носи на душа и после туку така да си продолжи. Добро, помина време, ама според мене човек едноставно не поминува без последии од таков нешто.
    Имаше само еден одличен лик, со одлично разработена приказна. Толку. Хероината беше застаната во времето. Ликовите ми беа како да читам за 10 годишни деца, не за 20 и кусур. Едноставно потфрли авторката да ги созрее.

    Thirteen reasons why - Jay Asher

    Книгава е издадена 2006, е многу популарна, ама сега дури ми влезе на радарот. Не поради тоа што е популарна, туку поради тоа што некои ја обожаваат, им го сменила животот, а некои ја мразат, нема средина. А и поради тематиката, тинејџерски самоубиства.
    Хана Бејкер е средношколка која си го одзема животот. А пред да го направи тоа на седум аудио касети раскажува зашто го направила тоа и ги испраќа на тие кои се инволвирани во нејзината приказна и кои со некаков чин придонеле за нејзината одлука да си го одземе животот. Секој кој ги слуша касетите потоа мора да ги препрати на следниот на списокот. Патем, не е ова спојлер, на првите неколку страници веќе е објаснето. Ама понатаму причините како се објаснуваат го држат читателот во неизвесност.
    Книгата е толку сакана и толку мразена поради причините за самоубиството на Хана. Некои сметаат дека се површни и нема шанси некој да се самоубие поради тоа, други пак разбираат и ја сакаат книгата.

    За мене лично ми се допадна, ама не паднав во транс. Добро, веројатно зашто не сум таргет читател. Ама би и ја дала на ќерка ми да ја прочита кога ќе дојде време. Има што да се научи од книгава.
    Сите наши, без разлика колку мали постапки влијаат на некого. Треба многу да бидеме внимателни што и како кажуваме и располагаме со нашите зборови и дела. Можеби на некој малку му фали да биде турнат во бездна. Ама дали сме одговорни доколку не сме знаеле што се крие позади фасадата?

    Интересен беше и форматот на книгата, испреплетен, мистеријата ме тераше да ги вртам страниците и ја прочитав за кратко време.
    Оди на листата на книги што сакам да ги прочита ќерка ми, па заедно да ги дискутираме. :)
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Љубов во време на колера - Габриел Гарсија Маркес

    Да пишам една рецензија додека книгата ми е сеуште свежа.
    Имам спомнато веќе дека е живописна, полна со детални описи на ликовите, на настаните, на опкружувањето. Карактерите се прекрасно доловени, едноставно се соживуваш со нив, ги замислуваш, ги доживуваш толку реални и опипливи дури.

    Во книгата ја проживуваме едната вечна љубов, која траеше повеќе од половина век, носена во срцето од еден момок Флорентино Ариса, а потоа и старец. Како таа љубовта го движеше, како го насочуваше неговиот живот, одлуките, мислите, се" тоа беше подредено под неговата љубов, на моменти илузорна, налудничава, занесењачка, ама упорна, упорна до бескрај!
    Не можам да се оттрнам од помислата колку е човек самиот кројач на својата судбина, едноставно книгава така ја доживувам. Како правиш, како замислуваш, како го живееш животот, со мислите го креираш, го обликуваш, ги тргаш настрана сите пречки и сосредочен одиш кон целта, дури и тогаш кога се изгледа невозможно и нереално.

    Ликовите во книгата многу реални, го отсликуваат времето кое се спомнува во книгата, ја гледаме една постарата поинаква ера за живеење, културните навики и развојот на опшеството.
    Имаше моменти кои не ми се допаднаа од морален аспект, ама сето тоа го чини делото такво какво што е - сурово реално, а опет нереално бидејќи е толку реално :D

    Дефинитивно книгата во која се ужива, која не се чита во еден здив, зошто толку е детална и длабока на некој начин и мора да се остави времето за да се доживее. Барем мене така ми беше.

    Многу ми беше непредвидлив крајот на книгата. Се време очекував некоја несреќа да се случи, таа, Фермина Даса дека ќе умре а само што му кажала ДА например, па тој кутриот ќе умре од тага.
    Или мислев тоа девојче Америка ќе направи некоја сплетка, па ќе му побркаа плановите, ама не се случи ништо такво.

    Всушност, мене ми крајот беше убав - среќен!
    Тоа е она што тие всушност го посакуваа. Не можеја да се замислат тие двајца заедно во некој друг свет, освен на бродот, во кабината, минувајќи времето заедно, само тие двајца.
    И само тоа им беше останато уште во животот, чистата љубов, без опшествените обврски и притисоци. Сега на крајот на животите, не сакаа да губат време на ништо од тоа повеќе, туку само да се предадат еден на друг, само да бидат во друштво еден на друг. Зошто и самите насетуваа дека не им останало уште многу време, ги живееја своите последни старачките дни.
    Ќе го заокружат животот како целосен и среќен со авантура само за нив двајца. Порано живееле под една опшествена рамка, сега ова им доаѓаше како шлаг на торта.
    Тое е моето доживување и всушност не можам сега ни да го замислам крајот подобар од овој во книгата :)

    @Mama25 :hai:
     
    На kjukli, azelea, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Нешто Позајмено - Емили Гифин

    [​IMG]



    Интересна книга, почеток на една љубов и крај на едно долгогодишно пријателство.
    Дарси и Рајчел се другарки уште од детството, Дарси е разгалена девојка која што секогаш сака да е во центар на внимание,додека пак Рајчел е посветена на учењето и станува успешна адвокатка. Дарси го владее светот на мажите, го има секој оној што ќе го посака затоа што плени со својата убавина и амбициозност, додека пак Рајчел е тотална спротивност од неа, но затоа секогаш е тука за да ја советува Дарси за било кој проблем.
    За една украдена симпатија од детството, Дарси ќе ја чини промена на цел нејзин живот.
    Рајчел за прославата на нејзиниот триесети роденден ќе заврши во кревет со презгодниот Декс свршеникот на нејзината најдобра другарка. Потоа следува една вистинска авантура испреплетена со страсти, надежи и промени.
    Поради љубов се губи едно пријателство што трае цел живот, и поради страст ја губиме долгогодишната љубов.

    Интересна и донекаде поучна приказна за тоа, како поради грешките за една ноќ и од минатото може да платиме цел еден живот.


    Книгата е лесно читлива, ми се допаѓа начинот на кој што е напишана, буквално е опишан секој детал.Доколку имате повеќе слободно време и сте расположени за читање на една интересна љубовна авантура топло ви ја препорачувам.


    Моја оценка 10\10.
     
    На Dear_Thing, ♡BuBaLe♡, Florenсе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    download.jpg
    Единствениот преживеан патник од авионска несреќа е едно тримесечно бебе.
    Во време кога се уште не постоеле софистицирани методи за докажување на фамилијарните врски,две семејства се борат за старателство на бебето,чиј што идентитет не може да го докажат.
    Интересен трилер,на моменти книгата ми беше малку и досадна,а при крајот и малку предвидлива.


    Ангелско дрво-Лудинда Рајли.

    Ги имам прочитано скоро сите книги од писателкава.Обично пишува паралелно,за некоја приказна од минатото која се испреплетува со сегашноста.
    Во оваа книга пишуваше одделно за животите на мајка и ќерка,за несреќите и загубите и за љубовта која е над се.
    Книгава е лесна и брзо се чита.

    Незааборав-Алисон Ричман
    Втората Светска Војна е неисцрпна тема за пишување.Посебно движењата на отпорот и нивните акции ширум Европа.
    Тоа е и темата на оваа книга,заедно со љубовта,загубата,болката.

    На моменти ми беше и досадна,не ми остави некој посебен впечаток.
     
    На anel, joy1 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    IMG_5644.PNG
    Жената е среќна и постигнува се што ќе посака тогаш кога ќе го залуди мажот. И затоа главна задача на жената е да умее да го залудува. Така било, така и ќе биде...

    Дејствието се случува во воз, место каде што патниците не се познаваат меѓусебе, затоа и полесно си ја искажува маката.
    Главниот протагониста раскажува за својот живот, за своето семејство, за прељубата на својата сопруга како и неговата болна љубомора која ќе го одведе во пропаст.
    Маестрално дело на великанот Толстој кој не те остава рамнодушен.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Без збогување - Линвуд Баркли

    Кратката содржина: Четрнаестогодишно девојче едно утро станува и сфаќа дека нејзиното семејство го нема, исчезнато без трага.
    И по 25 години таа нема никаков одговор, никаква трага, се измачува и таа и нејзиното семејство, а потоа работите полека почнуваат да се случуваат...

    Значи, ова е мојата прва книга прочитана од Баркли и вероватно и последна, барем сум сигурна дека пари нема да давам да купувам друга од него, или некој сличен со оваков жанр.... барем така мислам сега.
    Некако повторно сум убедена дека не се за мене трилер книги.
    Трилерите сакам да гледам како филм, во снимана верзија и тоа е тоа!
    Штури, куси описи, многу сувишни дијалози, небитни детали итн. едноставно не уживам во тоа.

    Книгата е лесна, брзо се чита секако, имаше приказна која сепак ти го држи вниманието за да откриеш што навистина се случува/ше, ама нема ништо од неа ново да прочиташ/научиш.
    Попрво ќе купувам од Александра Потер и сличните, барем е за опуштање на мозокот, плус може и да ме насмее.
    Работата на вкус секако. :)

    Од мене оцена 3/5
     
    На CrazyOne и toogood им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas ima procitano dve knigi od Barkli i zakluciv , do Barkli e.
    Trilerite se ubavi knigi kako zarn ama covekov mnogu evtino pisuva.
    Po sebe znam, ako masovno e citana knigata togas sigurno ne e za mene.
    Bas sega zavrsuvam edna kniga za koja cekav dva meseca na red vo biblioteka za na kraj da neznam od koj prozor da ja frlam.
    Prethodno napisav za edna druga kniga, ista sudbina.
     
    На bella.s и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    My (not so) perfect life - Sophie Kinsella

    Ја почнав Колекционер на очи, а завршив со Кинсела.:D Не можев воопшто да се сконцентрирам на трилер поради неспиењето, морав со нешто забавно за кое не треба воопшто фокус. Пола спиеш, пола читаш.
    Ама Кинсела со најновава книга дефинитивно ме изненади. Да, чик лит приказна, ама со интелигентна хероина која мисли со своја глава. И со одлична смисла за хумор. Се смеев гласно на неколку пати. Има романса, нормално, ама не е во некој преден план. Што ми се допадна најмногу. Топла препорака ако сакате лесно четиво, но не затупавено целосно.:)
    Сега ќе продолжам со Фицек. Се надевам.:wasntme:
     
    На Dear_Thing, Sky-butterfly, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Загубената ќерка - Дајен Чембрлен

    Прв пат читам нешто од неа, и ми се допаѓа стилот на пишување.
    Лесно читлива, конкретна, книгава има околу 500 страни ама мислам дека побрзо, со сите други обврски што имам, немам прочитано некоја книга.

    Накратко, Сиси е 16.годишна девојка, која со своите 12 години ја губи мајка си од ракот, и понатаму живееше во домови за згрижување. Се што има во наследство се писмата од мајка и која таа и ги напиша додека беше болна, како упатства и совети.
    Посакува да се запише на колеџ и за таа цел работи во кафетерија каде го запознава дечко во кој се вљубува.
    Ќе прави погрешни одлуки поради таа заљубеност, животот ќе и оди во сосема друга, неочекувана насока...
    Интересна книга, не дозволува да ја испуштиш од рацете, дефинитивно ќе читам пак нешто од Дајен.

    Меѓутоа, ме остави со некои прашања што не можам да ги одговорам. Јас би ги нарекла недовршени работи. Можеби па јас многу барам, можеби тоа и не е битно, ама на пример што се случи со Мериен, со Наоми и Форест, по некое правило би требало и тие да бидат приведени, посебно Наоми и Форест бидејќи на некој начин беа соучесници.
    Последните страници ми беа емотивни.
     
    На Тетка Биберче и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  20. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕЛИ? за се’ што кажа. Се согласувам со се’, ова ми стана една од омилените книги. Одлична е Хувер секогаш, мене ептен ми се свиѓаше и Можеби некогаш.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.