1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Врати ми се - Гијом Мисо

    [​IMG]


    Трета книга што ја читам од авторот и дефинитивно последна, барем што се однесува до преведените изданија на македонски. Ќе се надоврзам на тоа погоре што го кажа Ана, катастрофален преводот повторно издание на Топер, многу бесмислени реченици, еден куп србизми, не знам колку пати превртував очи, конкретно зборот ,,песница" не се сеќавам колку пати го сретнав. (facepalm)

    Главниот лик во книгата, Итан, на својот 23ти роденден сфаќа колку празен и неисполнети живот живее, тогаш решава да остави сѐ и да почне од нула. Се посветува на своите студии, станува успешен и познат психијатар, богат и угледен за да 15 години подоцна сфати дека постигнал и има се што посакал, но е сам на врвот. Еден ден добива покана за свадба од својата единствена и вистинска љубов, добива можност тој ден да го преживее еднаш, уште еднаш и уште еднаш. Во борба со времето и своето минато, сфаќа дека не може против кармата и судбината, сфаќа дека грешките кои ги правел низ целиот свој живот не може да ги поправи во еден ден.

    Конкретно за книгава, се чита во еден здив, ми се допадна на некој чуден начин, т.е. тоа што успеа да ме замисли. Ми се допаднаа исто така цитатите пред секое поглавје, баш ми беа соодветно вклопени со поглавјата, крајот ме изненади и тоа е тоа. Се останато ми беше просечно - ликови, дијалози, приказот на нивната љубовна приказна, а и генерално целата приказна.
     
    На Тетка Биберче и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Тивката жена - А. С. А. Харисон

    Книгата supposed to be трилер, но немаше ни т од трилер, ниту заплет, ниту кулминација, а крајот предвидлив до немајкаде. Раскажан од негова и нејзина перспектива - Тод и Џоди, брачен пар кој соочува со криза. Тој е склон на неверства и постојано води двоен живот, за кој таа е свесна цело време, но живее во некој свој свет каде сѐ е совршено, каде на крајот од денот тој ѝ се враќа дома и ништо друго не е битно. Причината поради која е решен да стави крај на таквиот живот, а и брак е двојно помладата бремена љубовница која е воедно и ќерка на својот најдобар пријател.

    Џоди е решена да ги израмни сметките, не толку поради него и пропаднатиот брак, туку поради тоа што сѐ може да изгуби со разводот, луксузниот живот, комфорниот дом се ставени на коцка, а проблемот произлегува од тоа што нивниот брак всушност никогаш не бил на хартија.

    На што сѐ е спремна една жена која нема веќе што да изгуби... На што сѐ е спремна една жена која никогаш не била сакана на вистинскиот начин, жена која го изгубила достоинството и гордоста...
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Две перници“ - Оливера Ќорвезироска
    Јас лично ја обожавам постмодерата како правец во книжевноста, а и ептен ми е по ќеиф што имаме вакви автори со кои и те како можеме да се пофалиме. И овој пат Оливера е генијална. Задолително четиво!
    ;)
     
    На Lazy Sunday му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Тетка Биберче

    Тетка Биберче Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Го прочита продолжението, Нешто Сино?
     
  5. teonaswanderlust

    teonaswanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    The Muse, одлична книга. Сите што се обожаватели на уметност и историја ќе ви се допадне. Приказната се случува во две времиња, 1930тите во Шпанија и 1960тите во Лоднон. Се работи за млада девојка од Карибите која се вработува во умтеничка галерија, каде се открива слика која се смета дека е на шпански уметник кој бил убиен во текот на граѓанската војна во Шпанија. Книгата е исполнета со миестерии и приказни кои се испреплетуваат. Доста интересна книга, спој помеѓу уметност, историја и љубовна приказна.

    [​IMG]
     
    На Briar Rose, toogood и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Vo mojata biblioteka veke podolgo vreme stoi na polica kako preporaka od bibliotekata.
    Sekogas koga ke vlezam i frlam pogled ama nesto me sprecuva, verojatno mnogu chick lit korica .
    Bas ubavo sto napisa mala recenzija, ke ja procitam.
     
    На teonaswanderlust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Да, ти го препорачувам :)
     
  8. Тетка Биберче

    Тетка Биберче Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    И двете ги прочитав и јас
     
  9. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    download.jpg
    Господар на злото - Донато Каризи

    Ова е втора книга што ја прочитав од овој автор, а во моментот ја читам и третата :) ама сеуште сум на почеток.

    Книгата е на некој начин продолжение на Ловец на души - неговата претходна книга, но со оглед на тоа што првата ме тресна од земја со нејзината содржина, изгледа имав преголеми очекувања од Господаот на злото. Интересен заплет, серија убиства на млади парови, според модус операнди односно начинот на кој убиецот ги осмислува и извршува убиствата полицијата заклучува дека си има работа со не така наивен убиец, односно со многу мудар и интелигентен психопат.

    Главни ликови Сандра - форензички фотограф која работи за полицијата и Маркус - свештеник исповедник кој поседува инзвонредна способност да го забележи злото таму кадешто никој не би го забележал. Истите ќе мораат да ги здружат своите сили и способности со цел да му се спротивстават на убиецот кој никој не може да го запре. Одличен криминалистички трилер со вклучени елементи од религијата, историјата и уметноста. Како и да е одлична книга која ќе ве држи будни и нема да запрете додека не ја прочитате цела.

    Доколку ја читате, започнете прво од Ловец на души.
     
    Последна измена: 20 март 2017
    На malecko5, Someonespecial, Tiki-lolipop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. teonaswanderlust

    teonaswanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    The Knockoff, не знам како би била преведена на Македонски, од Луси Сајкс и Џо Пиаца. Книгата потсетува многу на Ѓаволот носи Прада. Се работи за главната уредничка на списанието Глоси, Имоген Тејт. Имоген се враќа од 6 месечно боледување на работа и гледа дека списанието добива преуредување, односно од печатена форма станува веб страна. Главна уредничка е Еве која беше нејзина бивша асистентка. Брзо ја прочитав, лесна книга за читање, интересна иако на моменти е доста клише. Има неколку интересни пресврти. Доколку сакате книги од типот на "Ѓаволот носи Прада", серијалот на Софи Кинсела на Купохоличарка тогаш ќе ви се допадне :)
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    70.118
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Се уште сум под импресии што само ќе кажам дека топло ја препорачувам. Колин оставила парче душа во книгава, со оглед на тоа дека и нејзиниот живот бил исполнет со насилство. Многу моќна и емоционална приказна која вреди да се прочита.
     
    На Acka22, the.vampire.girl, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Страници за нашата љубов-Николас Спаркс (The Notebook)
    435_51_46_13__17__4_2012STRANICI-ZA-NASATA-LJUBOV.png
    Приказна за вистинската, трајна љубов. Ноа и Али се разделени 14 години после прекрасното лето кое го поминаа заедно. По 14 години Али се враќа да му ја соопшти веста на Ноа дека се вљубила во друг и дека го носи неговиот прстен. Но, дали Али навистина се врати за да се збогува или да остане засекогаш?

    Не си ни сомневав во Спаркс дека книгава ќе биде прекрасна. Имам прочитано неколку дела од авторот и дефинитивно сакам да ги прочитам сите.
    Емоции, љубов, солзи, се во едно. Го обожавам :inlove:

    Молчи молчи и Крешендо-Бека Фицпатрик
    molci-molci-beka-ficpatrik.jpg 310_44_36_16__8__6_2012крешендо.PNG

    Книгиве ме излудеа. Ги прочитав во еден здив, една по друга. Толку брзо книга не сум прочитала до сега. Мајка ми дури се загрижи што останав цел ден во соба стуткана во кревет.
    Неизвесност до самиот крај. На делови од книгата сакав да ја убијам Нора, но миг подоцна сакав само да ја прегрнам. Печ, со еден збор прекрасен. Многу ме изненади менувањето на неговото однесување во Крешендо, но на крајот сепак ми ја стопли душава.

    Се каам за едно, а тоа е што ги купив книгиве преведени на македонски. Лош превод, многу граматички грешки, зборот ,,озаби‘‘ сеуште не го сфаќам, а го имаше на секоја втора реченица.

    Топло го препорачувам серијалот на сите :hug:
    Има уште две книги, Тишина и Финале, мора да ги најдам :rock:
     
    На Acka22 и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Старомодниот Водич за љубов и романса - Кирсти Гринвуд

    Прекрасна книга за 26 годишната Џес која обожува крушкова ракија, сака секс и забава, но не сака емотивно поврзување со никого за да не биде повредена.

    Во својот живот ја има својата најдобра другарка Самер со која го менаџираат блогот Summer in the sity и се борат за издавање на книга но се тргнува наопаку кога најдобрата пријателка ќе ја изигра, ќе ја натера да биде смешно облечена на коктел забавата на која ќе бидат ВИП личности.

    Губејње на својата самодоверба и потсмевот на останатите ќе допринесе Џес да се напие на забавата, да ја упропасти вечерта со тоа што ќе го навреди најпосакуваниот ерген Лео. Нејзината другарка Самер после овој скандал ја брка од нивниот заеднички дом, ја отфрла од проектот за издавање на книга.

    Џес нема други пријатели но затоа има 77 годишна баба во Лондон која никогаш не ја видела, а сега ја бара бидејќи и е потребен дом. Новиот живот ќе и биде тежокт, ќе се соочи со вистината за тоа зошто нејзината мајка се фрлила во смрт и никогаш не била среќна, за нејзиниот татко.,ќе стекне пријателка Пич и ќе добие шанса за издавање на сопствена книга нешто слично на реиздавање на Водичите на нејзината баба и затоа ќе биде вклучена во проект заведување на вечниот ерген Лео, кој баш таа го навреди, а тој ја понижи забавата.

    Прекрасно четиво кое ќе ве натера во еден миг да се смеете, а веќе во следниот како навлегувате во најдлабоките емоции на Џес ќе плачете со неа и ќе сочувствувате со нејзината болка.
     
    На tina-63, Acka22, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.553
    Допаѓања:
    15.550
    Една од подобрите книги за мене,уствари Маркес е цар,јас на одмор само негови книги читам.Сега изгледај го и филмот ако не ти е гледан:)
     
    На eliesaab, kjukli и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.284
    Пол:
    Женски
    Пиреј - Петре М. Андреевски

    Едно прекрасно дело, немам зборови што можат да ги опишат емоциите кои навираа додека читав. Тага, омраза, емпатија, многу пати се насолзував читајќи. И сеуште не можам да си поверувам како досега го немав прочитано ова дело. Не би зборувала повеќе, би ви препорачала на сите да го прочитате.
     
    На Acka22, eliesaab, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Чиракот на архитектот - Елиф Шафак
    4.5/5

    Прекрасна книга која го опишува животот на еден од чираците на најпознатиот Османлиски архитект кој им служел на три султана. Убава приказна која ги доловува животот и патешествијата на Османлиските султани, нивната империја, низ низата градби кои се градат за нив. Не е една од оние лесни бестселери, напротив, има убави историски факти, зборови од турското говорно подрачје, но и разигран стил на пишување. Ќе продолжам да ја читам Шафак, има нешто што го задржува вниманието, носи убаво расположение и многу сликовито доловува, со многу емоција и возбуда.
     

    Прикачени фајлови:

    На Sky-butterfly и do-re-mi им се допаѓа ова.
  17. teonaswanderlust

    teonaswanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Сите светли места од Џенифер Нивенс (All the Bright Places)

    Теодор Финч и Вајолет Марки се средношколец и средношколка кои навидум немаат ништо заедничко – Финч е депресивен и погрешно разбран одметник; Вајолет е отворена, но потајно измачувана, популарна девојка. Но, кога ќе се најдат во слични очајни ситуации, застанати на врвот од камбанаријата на нивното училиште, ќе се создаде несекојдневно пријателство и ќе порасне во лудо романтично патување.
    Иако е young adult книгата мене многу ми се допадна, дури и ме расплака на крај:$
    Сличен стил е на Џон Грин, така да сите оние кои што сакате таков вид на книги мислам дека ќе ви се допадне.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Збогум Најмила - Кристин Хана

    Во првите средношколски денови започнува искрено пријателство меѓу Лекси и Миа, се раѓа нова љубов меѓу Лекси и Зак брат- близнак на Миа таа љубов долги години ќе биде скриена. Иако живеат сосема спротивни животни приказни сепак судбината.
    Лекси нема среќен и спокоен живот покрај својата мајка која била нарко зависник и на крај завршила во затвор па таа е приморана да биде кај својата баба која ќе се грижи за неа, таа води скромен речиси сиромашен живот додека Миа и Зак имаат среќно семејство, топол дом, грижливи родители, луксуз, богатство, слога едноставно тие се среќни и имаат се што ќе посакаат.
    Миа отсекогаш била девојка без самодоверба но покрај Лекси таа ќе стане похрабра и ќе превземе се за да го оствари својот сон еден ден да биде актерка, а Лекси пак ќе стекне добро семејство и ќе биде одлично прифатена,
    Сите тројца заеднички ќе идат на забави, ќе растат, ќе созреваат, ќе се стремат кон остварување на своите цели за одење на факултет се додека на кобната матурска вечер не се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубува Миа и оттогаш се тргнува на лошо и се се распаѓа....Лекси ќе ја признае вината и ќе ја превземе одговорноста за несреќата , ќе биде осудена и ќе издржува затворска казна , ќе биде приморана да се откаже од своето дете затоа што не сака и тоа да има лоши спомени од детството како таа.
    Зак и неговото семејство ќе ја превземат грижата за Грејс која премногу наликува на Миа, но таа сепак ќе биде осамено дете и неприфатено и несакано ниту од децата во градинка ниту од нејзината баба.... ќе има многу прашања кои ќе ги постави и ќе чека одговор иако е само мало петгодишно дете, ќе биде лута и гневна на својата мајка која години подоцна се појавува пред неа... Лекси ќе се бори за добивање на старателство но ништо не помага освен разговор и простување од страна на мајката на Миа која години не успева да се опорави до несреќата... но сепак на крајот победува искрената љубов и тие повторно ќе бидат семејство

    Прекрасна книга проткаена со искрени емоциии која ќе ве остави без здив.
     
    На Acka22, Dear_Thing и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Спаси ме - Гијом Мисо

    [​IMG]

    Втора книга од авторот и можам да кажам дека ми е од омилените писатели. Толку маестрално пишува што кога зимам негова книга просто незнам што ме очекува и би сакала сите негови книги да ги прочитам.
    Оваа книга е полна со возбуда, мистерии и доза на фантазија.

    Жилиетт е Французинка која сака да ги оствари своите соништа во Америка. Таа сака да стане актерка, смета дека поседува талент. Но среќата не е на нејзина страна.
    Откако не успева во својата намера таа решава да се врати во Франција, во домот на своите родители.
    Последните денови не сака да ги помине седејќи дома, па решава вечерта да ја помине надвор. И тогаш го сретнува Сем .Успешен педијатар, но со дупка во срцето и тага во очите.
    Жилиет го лаже дека е адвокатка, а тој ја лаже дека е оженет. Всушност е вдовец.
    Двајцата го поминуваат викендот страсно, се чувствуваат како нивните души да се пронашле по долго талкање. И се враќа по неа, но таа е веќе во авионот. Сем заминува во еден паб и на телевизија слуша ужасни вести. Авионот во кој е иулиет доживеал трагична несреќа.
    Но, работите од тука натаму стануваат уште почудни. Грејс Костело, полицајка која е почината пред десет години го посетува Сем.
    Му кажува дека Жилиет не е мртва, се симнала од авионот пред да полета. И е уапсена за терористички напад. Сепак, за да течат нормално работите таа мора да умре. И Грејс е дојдена за да го оствари тоа.
    Но таа сепак мора да замине, а тој ја испраќа на аеродромот.
    Откако Жилиет заминува, Сем сфаќа дека не сака да ја пушти, дека треба да си дадат шанса. На крајот Греј не ја зима со себе Жилиет туку таа е дојдена да дознае кој ја убил.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.947
    Пол:
    Женски
    Гласови срца - Јан-Филип Зендкер
    Или во оригинал, Herzenstimmen.

    Ме заинтересира. Продолжение на книгата "Слушање на срцето" од истиот автор, за жал не сум ја прочитала.

    Роман за трагичните судбини во Бурма, во втората половина на 20 век, иако случувањата со кои започнува книгата се во денешно време.
    Џулија добива писмо од полубратот кој живее во Бурма. Десет години претходно била таму, барајќи го својот татко, а го нашла само полубратот и ја слушнала приказната за љубовта на две напатени души. Откако го добива писмото, почнува да слуша гласови кои ќе ја натераат повторно да оди на исток и да ја открие судбината на Бурманката Ну Ну и нејзиното семејство.

    Книгата ме заинтересира, иако во принцип не сакам вакви приказни. Интересно напишана, се чита во еден здив.
     
    На Someonespecial, sia.bella и do-re-mi им се допаѓа ова.