1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Калдрма - Слаѓана Ставрева
    прекрасен роман што се чита во еден здив! Традиција, љубов, инает, суети се умешно преплетено во преубава животна сторија на две тетовски чорбаџиски семејства, следена низ повеќе генерации напишана на тетовски дијалект! По малку наликува на Зона замфирска но книга си е книга, не се споредува со никој филм.
    C4EC0DDFB116314EA341D94B827F9BA4.jpg
     
    На azelea и toogood им се допаѓа ова.
  2. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Куќата на орхидеите-Лусинда Рајли
    Го обожавам стилот на писателката и со секоја прочитана книга се повеќе ме воодушевува. Како и во претходните и во оваа се раскажува за семејни тајни на 2 семејсва, повеќе генерации и секогаш го допира времето во војна. Убаво изградени ликови. Убави цитати. Се чита брзо иако има над 560 стр. Ви ја препорачувам!
     
    На malecko5, pravnicka_2604, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас правев фати-пушти со книгите последниве месеци, почни една, друга, трета, четврта, некако ништо не ми се погодуваше... На крај се изнервирав и отидов на сигурна карта, па ја одбрав Мориарти. Помалку или повеќе, нејзините книги секогаш ми се допаднале.

    [​IMG]
    Дејствието во The Last Anniversary се случува на Scribbly Gum Island - остров кој повеќе од 70 години е атракција, заради мистериозното исчезнување на Алис и Џек, млади сопружници кои зад себе го оставиле своето новороденче.
    Софи е девојка која од раното детство се интересирала за оваа мистерија, а по некоја чудна игра на судбината, завршува во куќа на островот која ја добива во наследство. Одеднаш влегува во сите сплетки и интриги на единственото семејство кое живее на островот, а кое е поврзано со мистеријата.

    Откако ја прочитав книгава дознав дека ова е всушност втората книга на Мориарти, што секако се чувствува во текот на читањето, барем за оние кои ја читале претходно. Далеку од нејзините најпродавани романи, ама не беше ни толку лоша, мене ми го задржуваше вниманието. Освен тоа, не ми беше толку предвидлива, барем јас во глава имав поинакво сценарио од она што всушност се случи на крајот во книгата.

    Ако сакате лесно книжуле за топливе денови, ви ја препорачувам :) :d::sun:
     
    На Someonespecial, crimson, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ovoj mesec procitav dve Mk knigi i edna SR i eve go mojot vpecatok.

    [​IMG]
    Две и пол сестри - Milijana Pavlovska
    Moram da naglasam deka mi e vazno kolku strani ima knigata.
    Ovaa kniga ima 290str., dovolno za da se razvie prikazna.
    Knigava e tipicno zenska, spored mene Mk chik lit, odlicna za plaza i relaksacija.
    Se raboti za povrzanost na familijata, posebno majka-kerki, pozrtvuvanost, izmesana so ljubov vo bracni i vonbracni vodi,...
    Ubavo iskreirani recenici, polni so custva, logika, realnost i sto e najvazno koga ke ja zavrsite so citanje i ponataka ke ve lovi niz sekojdnevnite misli.
    Da bideme na cisto, veke na 66 str. mnogu jasno ke vi bide sto ponataka no i pokraj toa ne ve ostava da ja zatvorite i zaminete. Ke ja procitate do kraj i ke ja pametite.



    upload_2017-6-7_11-56-53.jpeg
    Mojot Maz - Rumena Bozinovska

    Oh, stvarno mnogu teska zadaca.
    Knigava ima samo 140 str.
    Prvo koga ja vidov se sokiram, ne ocekuvav.
    Ja razgledav zgora nazgora i se utesiv, ajde samo razkazi se.
    Problemot bese sto ima razkazi po 3 str. vo koj nemozno bese da se razvie nesto.
    Razkazive me potsetija na ednostrano glediste na nekoja mlada feminka. Ne me zarobija vo enigma i odusevuvanje. Mnogu pocetnicko, mladalacki pristup koj ako ja cita stranec i saka da ja dolovi Mk zena ke dobie pogresen vpecatok.
    Ja zavrtiv koricata za da se informiram kolku e vozdrasna ovaa zena i koja e nejzinata naobrazba.
    Bev iznenadena. Napisana e vo nejzina 36god. koga daleku poinaku se razmisluva.
    Bi sakala da se stretnam so avtorkava i da sednam na kafe da si poprikazeme, mozebi togas ke svatam mnogu poveke, od kade i kako stigna do ova sto go napisa.
    Za sega ostauva vpecatokot deka e samo femina prikaska so ednoglediste i bez vrednost na pametenje na istoto so upotreba na nekoj ulicen zargon da ne naglasuvam deka nemase stranica bez nekoj nepotreben pogrden zbor.
    Imam mnogu rodnini, priatelki, poznanicki no niedna ne ja pronajdov vo nejzinite zenski likovi i bas toa me razocara.
    Mnogu ocekuvav, a dobiv pomalku za vozvrat.



    [​IMG]
    Zorana Schultz

    TREN NEIZBEŽNOG

    Srpska pisatelka koja si ja pratam od prvoto nejzino izleguvanje.
    Mnogu ja citale, poznata e po nejzinite izvoredni erotski romani.
    Prekrasni oformeni recenici, erotika na nivo od koja mladite mozat mnogu da naucat, prikaska koja e mozna, a moze i ne no sepak go drzi sekoj citatel buden.
    Pazete, erotika bez upotreba na nieden vulgaren zbor, celata prikaska e opisana so upotreba na visok stil i birani zborovi.
    Probajte, mozebi ke vi se dopadne, mene da.
     
    На azelea и Acka22 им се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Четириесет правила на љубовта - Елиф Шафак

    Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара - фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

    Книгата ми се допадна многу. Во неа имаше нешто што ми даваше спокој и леснотија, магичен расплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, стравот и универзалната љубов.
     
    На kolumnistot и Acka22 им се допаѓа ова.
  6. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Мислењето ти е или тенденциозно кон самата писателка или твојот вкус целосно се разликува во оноа што Бужаровска го опишува, оставајќи на самиот читател да си ги протолкува расказите.
    Судејќи по оноа што претходно а и подоцна го имаш наведено што го читаш, ќе да е второто - различен вкус.
     
    На Someonespecial и toogood им се допаѓа ова.
  7. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Гулабот од Патрик Зискинд (истиот писател на Парфем)
    Далеку поквалитетна му е Парфем од оваа книга
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Ќе си дадам за право да те цитирам (се надевам не пречи ко за темава) бидејќи ја имам читано книгата, плус тоа – немам читано нешто друго од неа, но ми предава една година предмет од областа на литературата и ѝ го знам затоа стилот, размислувањата и пораката што сака да ја пренесе преку делата (патем и ми е најомилена професорка евр :lol:)
    Добивам впечаток дека од многу буквалистичка гледна точка си ја читала книгата, а сите нејзини раскази се преполни со иронија и сарказам, посебно низ дијалозите. Авторката е голем општествен критичар, посебно се залага за феминистичкиот аспект на општествените клишеа, стереотипи и табуа во нашата држава. Сето тоа е длабоко изразено во сите раскази од оваа збирка. Расказите се брутално реални, напишани на многу секојдневен, вообичаен говор па и без цензура, токму со цел најприродно и вистинито да се прикаже реалноста.
    Сепак се согласувам со Новеченто дека е прашање на вкус, стил, па и возраста :)
     
    На Novecento и toogood им се допаѓа ова.
  9. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    A потоа,Гијом Мисо...иако прочитав неколку не толку добри критики за книгата сепак ја прочитав и нe зажалив.Мене многу ми се допадна,интересна приказна која сигурно ке си ја памтам долго.Мислам дека немаше страна на која не ми потекоа солзи,полна со љубов,емоции и болни удари кои ги задава животот.Има грешки во преводот ама не се фокусирав на нив.Книга која се чита во еден здив,не предвидлива до самиот крај.Јас ја препорачувам.
     
    На pravnicka_2604 и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Нешто позајмено-Емили Гифин
    Кога ја зедов си помислив дека ми е смачено да читам љубовни глупости. Ама океј ќе ја земам. Кога ја прочитав не зажалив. Приказната е супер и со добар пресврт. Мислам делумно. Има и филм и го изгледав и него.
     
    На BabyStyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Kratko, bez da zafakam mnogu prostor na temava.

    Poslednive 15 god tesko deka imam procitano 15 knigi na Mk i Sr, zaedno.
    Mnogu bi bese zelba i knigava ja pronajdov tuka na Femina, kako preporaka.
    Licno ne e moj izbor, se zaletav po necii preporaki.
    Megu drugite tezini vo kuferot i taa pristigna. Prviot vpecatok bese nikakov. Tolku rados za MK literatura, a taa da ti bila 140 str. i zgora na se me sokira.
    Nesakav da bidam mnogu iskrajna ama veke koga stignavme do tuka bi kazala deka nikogas nema da ja preporacam, sreka imam elektricen kamin imace ke zavrsese tamu. :lol:

    Zalam :(
     
  12. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Утре е нов ден-Синди Шелдон
    Станува збор за млад брачен пар кој се занимава со крадење на ретки и многу скапи антиквитети насекаде низ светот. Тие се мајстори во својата работа и секоја задача ја завршуваат безпрекорно. Она што тие не го знаат е дека една личност т.е психопат е постојано зад нивните петици,ја следи нивната работа и многу прецизно го планира секој свој потег кој е чекор плус кој уништувањето на врската и животот на овој пар.

    Интересна книга со непредвидлив развој на настаните,го држи вниманието и се чита во еден здив.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Оркански височини-Емили Бронте

    Името на романот произлегува од карпестиот реон Јоркшир, каде што и се одвива дејството. Самата придавка „орканско“ (анг. wuthering) се однесува на бурно време. Во романот се раскажува страсната, но попречена љубовна приказна помеѓу Хитлиф и Кетрин Ерншо, којашто евентуално ќе ги уништи и нив и нивните блиски.

    [​IMG]
     
    На pravnicka_2604, toogood, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Крадачка на книги-Маркус Зусак
    Станува збор за мало девојче Лизел кое живее во периодот на втората светска војна. Условите во кои живеат ќе ја принудат нејзината мајка неа и нејзиниот брат да ги предаде на вдомители во едно предградие на Минхен,кои ќе се грижат за нив и ќе им обезбедат пристоен живот и образование. Братчето на Лизел не успева да стигне до Минхен,бидејќи умира во возот. Лизел иако на самиот почеток не сака да се раздели од мајка си,сепак брзо се прилагодува на новата фамилија и новиот живот. Нејзиниот нов татко во неа ќе ја разбуди љубовта кон книгите и пишаниот збор кои подоцна ќе и го спасат животот.

    Многу убава книга,дефинитивно вреди да се прочита. 10/10
     
    На pravnicka_2604, toogood, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Најголемата вистинска тајна на светот - Ниче Димовски

    upload_2017-6-20_1-54-42.png

    Применета психологија во која се сублимирани повеќе науки и откритиjа, се со една цел - исцелување на читателот, пронаоѓање духовен мир, всадување позитивни мисли.
    Се тргнува од тоа дека сопствените мисли имаат моќ да ви го променат животот, само доколку се искрени и чисти. Писателот се задржува околу поимот нанодијанетика, кој поим означува немешање на доброто и злото и само позитивни мисли и убедувања.
    Вистинито е само она во кое веруваме и возможно е само она кое искрено го посакуваме.

    Од оваа и книги налик неа (речиси сите дела на Ошо, нешто од Наполеон Хил, Џозеф Марфи, Зен учења..) многу ја сменив перспективата на која ги гледам работите во животот.
    Топло ви препорачувам да прочитате барем 2 до 3 книги применета психологија во животот, ќе видите самите зошто. :)
     
    На Briar Rose и Acka22 им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.503
    Пол:
    Женски
    Деловна придружба - Џенет Енџел

    Кога Џенет Енџел има години, нејзиното момче не само што ја напушта, туку и ги троши сите средства од нејзината сметка.
    Оставена со долгот Џенет го продава своето тело и води двоен живот, работејќи како професор преку ден, а како деловна придружба преку ноќ.
    Не ми се допадна многу книгата да знаев дека е таква немаше да ја земам. Сето време раскажува како спиела со муштериите и дека проституцијата била ок работа.
     
  17. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Порака во шише- Никола Спаркс

    - Во исчекување бев цело време и едвај чекам да ја прочитам, и после бев цело негативно настроена што знам, сигурно многу бев соживеана со приказната.
     
    На pravnicka_2604 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    1. IMG_0384.PNG
    Многу убава книга, ми се допадна. Лесна и со возбудливи случки на секоја страница, ме исполни со позитивна енергија, не можев да прекинам да ја читам. Баш како за на плажа.:sun:
    9/10


    2. IMG_0385.JPG
    Интересна книга, не е извонредно напишана, но добра мистерија е. Идејата е добро пренесена во приказната и едвај чекав да ја дочитам.
    8/10
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    IMG_0400.JPG
    Многу убава книга. 9/10
     
    На Tatjana95, Acka22, pravnicka_2604 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ucenik25

    Ucenik25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Последна прочитана книга ми е Бура од Вилијам Шекспир