1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Книга на спомените Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Првиот дел од трилогијата "Казна за гревот" е многу инспиративна, посебно ако на некој му треба инспирација за учење. И вториот дел исто така е инспиративен тоа е оваа книга но сепак на крајот на делото насетува нешто нереално, се ќе беше во ред да не легнеше со професорот. Само тоа ми е замерка, го чекам третиот дел во кој се надевам нема да биде бремена од него. Дури тогаш ќе ме разочара до крајност.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Ѓаволот дојде по своето-Лаш Кеплер

    Ова е еден класичен крими роман во кој се истражуваат брутални убиства.Главен лик е еден детектив кој следејќи ги своите инстикти и со помош на медиум(открива дека и самата таа е сведок на едно убиство кое е закопано длабоко во нејзината свест)доаѓа до убиецот.Интересна е,ама предвидлива кон крајот.
    Препорачувам,иако на моменти ми беше премногу морбидна.

    Здивот на скандалот-Сандра Браун

    Лимонада,предвидлива од самиот почеток,супер за на плажа.

    Ленинградска зима-Кристин Хана.

    Убава приказна,но толку развлечена,премногу спора за мој вкус.
    Се раскажува за една жена која го преживеала Сталинизмот и студената и сурова ленинградска зима во Втората Светска Војна,вложувајќи и натчовечки напори во борбата за да го прехрани своето семејство и последиците кои тоа време ги остава на неа во новиот живот.
     
    Последна измена: 27 јуни 2017
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teonaswanderlust

    teonaswanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    13 причини зошто- Џеј Ашер

    Откако ја изгледав серијата морав и книгата да ја прочитам. Морам да кажам дека е различна од серијата (серијата ја направија каде каде подраматична).
    Инаку во книгата станува збор за средношколква по име Хана Бејкер, која си го одзема својот живот и остава кутија со аудио касети каде што кажува 13 причини зошто си го одзеде нејзиниот живот. Young Adult е книгата не е лоша, лесна за читање и не е баш клише.
     
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Miss Julie - August Strindberg

    е натуралистичка драма напишана во 1888 година од Аугуст Стриндберг, во која се зборува за социјалните разлики, љубовта, страста и борбата меѓу половите.
    Откако ја прочитав драмата, имав можност и да ја погледнам филмската верзија од 2014 и навистина ми се допадна. Бидејќи не можев да ја најдам драмата во библиотека, ја прочитав во PDF формат.
    Топло ви ја препорачувам на сите, особено бев изненадена на крајот :)
    Доколку сте заинтересирани да ја прочитате...

    http://www.emporia.edu/~bartruff/docs/Miss Julie.pdf
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Try Not To Breathe - Holly Seddon

    Никогаш претходно не сум слушнала за авторкава, ама книгава беше препорачана за фанови на Мориарти, па затоа решив да ѝ дадам шанса.

    Алекс е млада новинарка која води тешка борба со алкохолизмот, особено после загубата на нејзиното бебе, разводот со нејзиниот сопруг и отказот од работа. Обидувајќи се да направи интересна репортажа, а потоа да ја продаде приказната на некој весник, Алекс се вплеткува во опасна игра каде многу прашања стојат отворени и после 15 години. Имено, Алекс решава да го истражи случајот за Ејми Стивенсон - тинејџерка која била ударна вест во медиумите во 1995, откако прво исчезнала, а потоа била најдена во кома. 15 години подоцна, човекот кој ја нападнал не е пронајден, а Ејми сè уште лежи во болничкиот кревет, во вегетативна состојба, заборавена од светот... сè додека не дојде Алекс која ќе биде нејзиниот глас. Пронаоѓајќи ги луѓето кои во тоа време биле блиски со Ејми, Алекс почнува да копа по нејзиното минато и чекор по чекор да ја дознава целата вистина за она што се случило.

    Морам да кажам дека иако ретко го читам епилогот на книгите, овојпат ме заинтересира да ја прочитам белешката на авторката и да дознаам дека голем дел од книгата е реален. Инаку ова е прва нејзина книга и мене ми се допадна доволно за да прочитам и нешто друго од неа. Ликовите не ми беа премногу likable, ама ми се допадна начинот на кој беа опишани нивните односи, особено тоа како Алекс се приврза со Ејми, затоа што пронајде многу свои особини во неа. Исто така, немаше клише моменти, туку баш напротив - разработуваше тематика за која јас лично досега не сум читала, па ме заинтересира да истражувам повеќе.

    Од мене тамбс ап (y)
     
    На Waka-waka, 1209 и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  6. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Писмото на госпоѓа Вилма-Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Станува збор за млад професор кој работи и живее во Америка. Тој живее прилично добар живот,а она што му недостига е вистината за неговото минато и неговите предци за кои ништо не знае. Пораснал само со неговата мајка Магда,додека татко му целото свое време го минувал во своето атеље опкружен со жени,цигари и алкохол. Минатото и приказните за неговите предци биле табу тема во нивната фамилија, па Артур од секогаш копнеел да дознае за своето потекло. По една посета кај својот татко кој го презира тој дознава дека има братучетка во Србија-земја за која речиси првпат слуша. Воден од желбата да ги дознае своите корени тој оди на гости кај братучетката каде го очекува неверојатна приказна за животот на неговите предци. Тој за своето минато дознава од писмото односно дневникот кој неговата баба Вилма го напишала,со цел еден ден да стигне до рацете до нејзиниот син првенец и на тој начин нејзиниот син да ја дознае целата вистина и да и прости за она што морала да го направи.

    Просечна книга,не ме воодушеви иако самата приказна беше интересна.
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Mi se zazali dusata za eden tezok chick lit e ova bese mojot izbor
    upload_2017-7-1_22-20-32.jpeg
    520 interesni stranici koj stvaro te vrzuvaat za stolce. Prikaskata e poveke od chick lit .
    Se raboti za edna mlada osoba koja e prevarena od soprugot, a toa go doznava licno od nego, vo bolnica vednas po poroduvanjeto.. Od bolnica pravo zaminuva kaj svoite roditeli i .......
    Prekrasni, realni dialozi, zreli razmisluvanja, realni situacii za na kraj da zavrsi onaka kako mene ne mi godese.
    Toa e zevotot, ponekogas i taka biva.
    Sto bi rekla pokojna baba "od lulka vo dupka".
    Da ne razbere nekoj deka zenava pocina. Ne, ednostavno od greska vo greska ( toa spored mene).
    Za mnogu ova prestavuva komicen chick lit. Jas premnogu seriozno go svativ.
    Ne deka ne sme imale clen vo familijata koj se razveduval i minuval niz ovaa situacija, nego nikogas vaka ne sum navlegla vo necii mozok. Mnogu ubava knigicka koja mi otvori novi vrati na razmisluvanje i tolerancija.
    5/5
     
    На AnaKarenina, sweet-cherry, Mrs.Brain и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    50.513
    Пол:
    Женски
    Првиот последен бакнеж - Али Харис

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?

    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди.
    Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште.

    Прекрасна книга, успеа да ме расплаче и ми покажа колку може да биде суров животот и дека треба да уживаме во секој момент како да е последен.
     
    На Kiki-Viki, toogood, piglet1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Milk and Honey - Rupi Kaur
    [​IMG]

    Книгава буквално го преплави интернетов веќе подолг период. Постојано гледав извадоци на tumblr, pinterest & instagram кои ми оставија голем впечаток. Сакав да ја нарачам преку нет, ама случајно ја најдов во kindle верзија и едноставно морав да ја прочитам. Инаку е составена воглавно од поезија, и мали делови од проза. Јас ретко читам поезија, ама оваа ме воодушеви. Толку силни емотивни чувства ми предизвика што плачев како мало дете. Не се сеќавам кога последен пат се имам поврзано толку многу со книга.

    Поделена е книгата на 4 дела, the hurting, the loving, the breaking, the healing. Секој дел има посебен purpose(не ми текнува на македонски :D), и како целина книгата е толку добро напишана, толку многу емотивна, исполнета со болка и bittersweet чувства, а сепак те остава да чувствуваш надеж за подобро утро и ти краде насмевка на лицето.

    Голем плус е што авторката е феминистка, неколку од поемите се толку моќни за поддршка на жената, што мислам дека треба на многу мажи да им се прочитаат.

    Не знам дали има уште книги девојкава, ама ако има дефинитивно сакам да ги прочитам. Книгава дефинитивно ќе ја нарачам, морам да ја имам во пиплива форма, зошто верувам дека ќе посегнувам по неа нон стоп да ја препрочитувам.

    И за крај би сакала да споделам мало делче од нејзината проза

    i want to apologize to all the women
    i have called pretty
    before i’ve called them intelligent or brave
    i am sorry i made it sound as though
    something as simple as what you’re born with
    is the most you have to be proud of when your
    spirit has crushed mountains
    from now on i will say things like
    you are resilient or you are extraordinary
    not because i don’t think you’re pretty
    but because you are so much more than that

    Rupi Kaur. Milk and Honey
     
    На Someonespecial, DzingrlakaDzikica, Pixy101 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    No Time for Goodbye - Linwood Barclay, или Без збогување на македонски

    [​IMG]

    Ја најдов во апартманот на одмор, ми привлече внимание и решив да ја читам. Интересна мистерија, интересна приказна, но би рекла недоволна позадина за развојот на ликовите. Како постојано да фалеше малку за да се комплетира впечатокот за ликовите, да имаш целосна претстава за нив. Особено Синтија, на која беше посветено многу малку, земајќи предвид дека таа е централниот лик во приказната.

    Неизвесноста беше добро одржувана, на моменти оставајќи мали траги, кои ако ги поврзеш, побрзо ќе си разјасниш што се случува во сегашноста отколку што е прикажано во книгата. А да се погодат настаните од пред 25 години, не е можно.
    Дефинитвно не барем додека не се дозна дека таткото на Синтија има сомнително минато. А кога Синтија го препозна Тод во трговскиот центар и кога се дозна дека човекот во кој се препознала е вмешан некако, само си викав please don't be twins... Мразам кога се разрешува сѐ со близнаци. Изгледа како ни авторот да не го знаел крајот и решил да бидат близнаци колку да не се мачи. :D Е овде не беа близнаци во прашање, ама доволно блиску и за мене сепак незадоволително, ама можеби и јас сум проблемот тука. :lol:
    Знаев дека Роли соработувал со таткото уште од самиот почеток кога првпат се спомна дека Роли и таткото биле стари другари, а ете по некоја случајност и Тери работи кај Роли.

    Како ликови, најмногу ми се допаднаа Грејс, Џејн и Винс, но како што реков, би било подобро да имаа некоја длабочина ликовите, некако беа на дистанца.

    Сепак, ми се допадна книгава, лесна за читање, брзо оди, добар трилер. И да имаше cliffhangers, не сум ги приметила бидејќи продолжува дејството во следната глава, па не беше фрустрирачка од тој поглед. Беше од поглед на тоа што Тери не можеше да си ја држи устата затворена кутриот, сѐ раскажуваше на секој што ќе стигне. :lol: Ама за среќа, не се одразуваше тоа на текот на приказната, во повеќето случаи.
    4/5
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    НАСМЕВКА СО ЦИМЕТ - КАТЕРИНА СЕРАФИМОВСКА

    Виртуозна љубовна приказна, сместена во Градот на Светлината... Љубовен триаголник помеѓу еден зрел француски режисер, неговата 15 години помлада сопруга - македонска актерка во подем и нејзиниот поранешен сопруг, привлечен сликар од Њујорк.
    Интензивен "емотивен танц" помеѓу главните актери на романот, чудесно преплетување на нивните реминисценции од минатото, но и на комплицираните нитки на сегашноста...
    Интимен психолошки дијалог кои ќе го водат самите со себе, како патоказ за одлуките кои допрва ќе треба да ги донесат.
     
  12. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Папата Јована...
    [​IMG]
    Прекрасна книга... Би рекла дека не е толку важно жена да ја прочита, колку што е важно маж да го направи истото. Не можев да дочекам да видам каков ќе е крајот. Малку се разочарав ама, можеше да се очекува дека сличен завршеток ќе има.

    Секоја пофалба за авторот. И самата е генијалец што го смислила и склопила сето толку добро и вешто. Ја обожавам книгата, една од омилените ми е. Топло ја препорачувам на сите, каков вкус и да имате мора да ви се допадне.
    10/10
     
    На elimkd, Novecento, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    една од моите омилени, значи ВРВ е
     
    На elimkd и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  14. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    1.132
    Омилена писателка ми е..се надевам за брзо ќе излезе кај нас нова нејзина книга
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Ringispil od Jelena Bacic Alimpic...
    Ona sto najmnogu me pleni e bogatiot vokabular na avtorkata i odlicniot stil na pisuvanje...
    Vo odnos na prikaznata, prviot del bese brilijanten, no vo vtoriot del na knigata osven smrt, taga, tragedii - nemase nisto drugo...Avtorkata preterala tuka...Na momenti nekoi delovi preminuvaa vo patetika...
    Kako i da e od ovaa kniga imase da se izvlece po nekoja pouka za zivotot...
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    One True Loves - Taylor Jenkins Reid

    Ема и Џеси се големи авантуристи кои се заедно уште од тинејџерските години, градејќи заеднички живот со многу неверојатни патувања, далеку од туѓите очекувања за нормален, секојдневен живот. Една година по нивната венчавка, Џеси исчезнува во хеликоптерска несреќа, оставајќи ја Ема закопана во солзи и очај, без желба да го продолжи животот без него. Секој ден Ема се соочува со вистината дека Џеси повеќе нема да се врати, со што нејзината болка се зголемува, прашувајќи се како ќе живее без него. Како што минува времето, таа почнува да наоѓа работи кои ќе ѝ го одвлечат вниманието од заедничките спомени. Се враќа назад во родниот град, напуштајќи го домот кој го делела со Џеси, почнува да работи во семејната книжарница, а еден ден решава да научи да свири пијано. Тој ден, во музичката продавница го среќава Сем - другар од детството кој не го видела повеќе од 10 години. Тие двајца полека почнуваат да се зближуваат, со што Ема за момент добива надеж дека може повторно да се вљуби. Една година подоцна, тие ја планираат својата венчавка, а таа е сигурна дека Сем е човекот со кој сака да остари, иако Џеси секогаш ќе има посебно место во нејзиното срце и огромна трага во нејзиниот живот. Многу набрзо, на еден семеен ручек Ема добива повик - Џеси е пронајден жив после 3ипол години.

    На книгава налетав случајно додека на goodreads скролав низ чик литературата, зашто ми се читаше некое лесно книжуле како за летово :) Симнав 5-6 книги, ама изборот падна на оваа заради високата оценка и позитивните коментари, а не заради неоригиналната приказна :wasntme: Очекував некоја клише љубовна тралалајка, за на крајот толку да се соживеам со ликовите и нивните судбини, што на моменти пуштав солзи, а во автобус едвај се воздржав да не почнам да липтам ;( Можеби улога имаше и пмс-от, не викам не, ама стварно многу ме погоди книгава и ми беше многу, многу жал за тоа што се случуваше. Имаше толку многу убави цитати и толку убаво беше доловена вистинската љубов, што секогаш кога ги читав тие делови, ми даваше некоја топлина на душата. И истовремено ме растажуваше - колку треба да сакаш некого за да го пуштиш да биде среќен со некој друг.

    Ликовите ми беа премногу допадливи, мислам дека немаше лик кој не го засакав. Сите беа многу добро изградени и одлично вклопени во целата приказна. Затоа и ми беше тешко да се одлучам за каков крај на книгата навивам. Во еден момент си помислив - како и да заврши, ќе ми биде жал што една прекрасна љубов ќе заврши.

    Криво ми е што вака во текот на читањето не си ги обележувам страниците кај што има цитати кои сакам да ги зачувам, зашто стварно имаше многу убави мисли низ целата книга. Ама еве најдов еден, што всушност беше главната дилема на Ема:
    “I don’t think you’re trying to figure out if you love Sam more or Jesse more. I think you’re trying to figure out if you want to be the person you are with Jesse or you want to be the person you are with Sam.”
    ... а беа тотално различни, но исто толку прекрасни.

    Од мене големи препораки за книгава :l:
     
    На tina-63, sweet-cherry, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    ја има на македонски?
     
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]

    Ubava kniga koja se cita vo eden zdiv.
    Interesni likovi vo plot koj se dvizi brzo.

    Anne Calloway e 90 godisna baba na Jennifer koja i donese pismo - pismo vo koe bara odgovor na ubistvo koe se slucilo 1943 god na ostrovot Bora Bora....... Istovremeno e edna ljubovna saga koja ....

    Nesum nekoj obozavatel na chik lit literatura no vo ovaa kniga Jio imase dodadeno nekoja misterija koja go zadrza mooeto vnimanie.
    4.5/5

    [​IMG]
    Ova e knigata koja ja procitav minatata nedela i seuste mi e vo mislite.
    Iskrajno kazano dolga kniga pecatena na siten prorez.

    Se raboti za dve momcinja koi po smrta na nivniot tatko, majkata gi ostava vo edna katedrala so izgovor dea ke se vrati po niv koga ke bide materjalno sposobna.
    Kiro zamina vo Amerika so idea da zaraboti pari i eden den se vrati vo Alpite.
    Se slucija mnogu raboti, se zaljubi, se ozeni, otvori biznis,....
    Ova e prikaska za povrzanosta na semejstvoto, za ljubovta na majkata sprema svojte sinovi, za povrzanosta na italjanskata diaspora vo Amerika, za kulturnata razlika,...

    Zgora nazgora zivotna prikaska koja mal te ne site nie ja delime.
    Ne velam deka bese ne interesna no falese nastan koj ke ja odbelezi ovaa novela. Nesto da ti go skrsi srceto i da te ostavi vo prasalnici, da ima nekoj obidi seto toa da se nadmine.
    Falese nekoja dlabocina vo texstot, falese fatalna drama.

    Da ja procitav ovaa kniga pred nekolku god. ke recev odlicna. Denes bi rekla samo :?:.

    Ova ne e kniga koja moze da se sporeduva so prehodnata. Toa se dve razlicni kategorii zatoa i posakuvav da dobiam nesto poveke.
    Kako i da e dobara letna zabava.
    4/5
    Ke i dadam na avtorkava uste edna sansa so naslovot Kiss Carlo. 8)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Колку што проверив - ја нема :?: Ако некој друг има информација нека пише.
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    50.513
    Пол:
    Женски
    Ќерките на Рим - Кејт Квин

    [​IMG]

    Бурната 69-та година, во историјата позната како "годината на четирите цареви", ќе промени многу нешта во Римското царство, а особено ќе влијае брз животите на четирите жени, лично поврзани со судбината на Рим. Една од нив, Корнелија, отмена и амбициозна жена, претставува олицетворение на совршена римска сопруга која живее за денот кога нејзиниот верен сопруг ќе стане цар.
    Нејзнината сестра Марсела ја одбрала улогата на непристрасен набљудувач на случувањата кои ќе доведат до крвавиот пресврт што ќе им го смени животот.
    Додека Корнелија се обидува да ги заборави своите уништени соништа, Марсела ја открива својата дарба која секојдневно ја користи да влијае врз најмоќните луѓе во Рим. Опиена од возбудливите пресврти што ги предизвикува со своите сплеткарења таа не успева да ја согледа неминовноста на крајот, само еден од нив може да биде Римски цар, а тоа е токму оној кој брутално ќе и покаже дека медалот секогаш има две лица.

    Книгата на почетокот не ми беше многу интересна т.е не можев веднаш да ја разберам бидејќи имаше многу ликови, разни пресврти, но успеав за брзо да ја разберам и веднаш ми стана интересна и последниве 50 страни во еден здив ги прочитав.
     
    На Mrs.Styels и Someonespecial им се допаѓа ова.