Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Joined:
    Nov 7, 2013
    Messages:
    4,589
    Likes Received:
    81,610
    Gender:
    Female
    Џон Гришам - Повик

    [​IMG]

    Ако сакате да изгубите 4 часа за некоја книга, тогаш земете ја книгата и загарантирано ви е дека за глупост ќе го потрошите времето. |(
     
    JollyGirl likes this.
  2. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2017
    Messages:
    516
    Likes Received:
    1,880
    Gender:
    Female
    20170720_121725.jpg
    Ova e avtobiografsko delo na majkata sto minatata godina ja izgubi kerka i...
    Seuste ne mozam da oformam mislenje za knigava...Od edna strana premnogu iskreno, so emocii , so dusa, no od druga strana smetam deka sekogas pred da se obvini nekoj treba da se slusnat i analiziraat dvete strani na prikaznata...Vo knigava ja imame samo verzijata na majkata...
    Dali nekoj od vas ja ima procitano ovaa kniga ?
     
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,110
    Likes Received:
    52,204
    Абе не се суди книгата по корицата, ама само корицава со сликава од 2006 да ја видам, со прст не би ја пипнала, оти ми личи на женско романче со еротски примеси...

    Не ми личи ни насловов ни корицата на приказна за мајка која загубила дете...
     
  4. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,366
    Likes Received:
    51,283
    Gender:
    Female
    The girl in 6E - A.R Tori

    А на македонски е Виртуелна девојка

    [​IMG]

    Во книгава се работи за млада девојка по име Дијана којашто пред неколку години нејзината мајка го убила нејзиниот татко, братот и сестрата и тоа брутално убивање т.е касапење ги сечела на парчиња, а тоа го видела Дијана таа била на местото на злосторството кога ја видела мајка и и неа сакала да ја убие, но наеднаш Дијана ја убива својата мајка. И од тогаш веќе 3 години е психички болна има нагони да убива луѓе, да пролева крв и решава да се затвори во својот стан и да биде онлајн девојка, да ги задоволува клиентите преку интернет.
    Книгата е многу јака толку е опишано касапењето, нејзините нагони на убивање, па како ќе ги сечела луѓето, како ќе уживала во крвта многу страшно. Не ми се допадна книгата (n)
    И не знам како успевам да најдам такви книги иако ги читам одзади не изгледаат така. Ова ми е не знам 2-3 книга со проститутки :D утре ќе одам по нови книги и внимателно ќе ги бирам да не утнам пак :D
     
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Joined:
    Jan 28, 2011
    Messages:
    3,725
    Likes Received:
    29,919
    Gender:
    Female
    Body parts- Jessica Kapp
    [​IMG]
    Ја добив книгата пред време, со цел да напишам ревју за истата, ама мислењето ми е потполно искрено и реално.

    Приказната обработува тематика за трговија со органи, што не е ништо ново. Ама разликата во приказната е зошто се потребни тие органи. Фармацевтска компанија започнува да произведува секакви апчиња, од апчиња за слабеење, за разубавување, за сила, за мускули, за интелигенција. Но, истите тие предизвикуваат зависност, а самата зависнот предизвикува откажување на органи, најчесто црниот дроб. Но, тоа не ги спречува луѓето да се опседнат со апчињата, да бидеме реални кои не би сакал да има можност да се напие апче и одеднаш да има изострен вид? Или подобрен слух? Или да има поголеми гради? :D Кратка back story и не откривам повеќе.

    Главнот лик Табита, живее во дом за деца без родители, каде што живеат под чудни невообичаени услови. Постојано имаат тренинзи за физичкиот изглед, а како одговор на тоа зошто ги тераат тоа да го прават воспитувачите им кажуваат со цел да изгледаат попривлечно за родителите кои би сакале да ги посвојат. Табита и нејзните пријатели од домот обожаваат да си замислуваат како ќе им биде кога ќе ги посвојат, какви ќе бидат нивните идни родители и каков ќе им биде животот надвор од институцијата. Но реалноста е далеку поинаква од таа нивна фантазија.

    Вака звучи интересно, ама јас 3/5 би и дала. Разговорите на ликовите беа некако незрели, дејствијата се одвиваа пребрзо и крајот беше ептен од нигде никаде. Ама се на се, ок книга е, како за тинејџери доволно добра би рекла.
     
  6. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,366
    Likes Received:
    51,283
    Gender:
    Female
    Lily of the nile - Stephanie Dray

    [​IMG]

    Ова е роман за ќерката на Клеопатра.

    По трагичниот пат на Александрија, принцезата Селена ја грабнуваат од Египет, заедно со тројцата браќа, таа е прикажувана како трофеј во Рим. Нејзините затворски чувари и го исмеваат кралското потекло и ја влечкаат низ улиците окована во синџири, но на работ на смртта, децата се поштедени на барање на сестрата на Императорот кој ги прифаќа да живеат како заробеници.
    Во Рим се соочуваат со понижување и навреди кои мораат да ги трпат од страна на новиот император. Но, Селена е решена во својата намера и сигурна дека ќе успее таму каде што нејзината мајка не успеала. Со помош на нејзината божица Изида која живее во неа, таа е решена да го сочува и да врати своето наследство - Египет.
    Книгата е одлична (y) додека ја читав приказната се соживеав со главните ликови и се впуштив во една нова книжевна авантура :D
    Оцена би и дала 8/10.
     
    GeoDidi and Someonespecial like this.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    2,849
    Likes Received:
    17,205
    Gender:
    Female
    Лавиринт на духовите-Карлос Руиз Зафон

    Негов стил, продолжение на Гробиштата на заборавените книги. Маестрално дело, но недовршено. Дефинитивно те навлекува да ги читаш неговите дела и со нетрпение да ги чекаш продолженијата. За оние кои ги читале претходните 3 и им се допаѓаат оваа е "must read"
     
    GeoDidi and Mishela like this.
  8. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    358
    Likes Received:
    141
    Довршена е книгата, т.е. целата книга од 900 страници, кај нас е преведена во два дела. Јас двата наеднаш ги зедов од библиотека. Во целост прекрасна книга, како и сите на Зафон.
     
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    2,849
    Likes Received:
    17,205
    Gender:
    Female
    Јас ја купив од книжара и прашав, кажаа дека уште не е преведена. Во секој случај, фала. Ќе ја побарам.
     
    LifeLove likes this.
  10. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2017
    Messages:
    318
    Likes Received:
    3,625
    Gender:
    Female
    Онлајн девојка Зои Санг
    Книгата на почетокот ми беше безврска. Детска. Но потоа се најдов во ситуација што лесно ја преживеав благодарение на книгава. Дава корисни совети ако погледнеш подлабоко во неа. Ако ја гледам површински би рекла дека е само една глупа детска романса полна со фантастика. Тоа го мразам кај книгите. Дајте ми нешто реално. Некој предлог?
     
  11. _minnie

    _minnie Активен член

    Joined:
    Jul 31, 2017
    Messages:
    63
    Likes Received:
    336
    Gender:
    Female
    Перфектна хемија од Симон Елкелс
    Нова , урбана верзија на старата приказна за забранета љубов. Страсна приказна за два различни света и една вистинска љубов.
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,495
    Likes Received:
    34,482
    Gender:
    Female
    Заточеник на небото од Карлос Руиз Зафон
    Една прејака мистериозна книга со разни загатки и пак на крајот нема расплет!
    Зошто ќе прашате...па има продолжение кое со нетрпение би сакала да го прочитам...главни ликови во оваа книга се бивш затвореник во времето на владеењето на Франко,Френцис Ромеро де Торес и човекот на кој тој ќе му раскаже приказна што ќр му остави прашалници и мистерии во главата,Даниел Семпере...останатото прочитајте го.♡
     
    shz likes this.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,366
    Likes Received:
    51,283
    Gender:
    Female
    If tomorrow comes - Sidney Sheldon

    [​IMG]

    Трејси Витни има речиси се има добра работа, бремена е од човекот кој ја сака и за кого набрзо ќе се омажи и богато ќе живее. Но, откако Трејси ќе ја дознае вистината за самоубиството на својата мајка нејзиниот идиличен живот драстично се менува.
    Барајќи го кривецот за смртта на својата мајка таа се соочува со безобѕирните и опасни шефови на подземјето кои ќе ја натераат да плати за тоа што воопшто ѝ текнало да бара одмазда. Така, таа е осудена на затворска казна од петнаесет години. Нејзиниот вереник, човекот во кој најмногу верува ѝ го врти грбот и таа останува потполно сама. Згора на се, во затворот го губи своето неродено бебе.
    Но во затворот Трејси станува уште посилна и не дозволува очајот да надвладее. Има само бес и желба за одмазда, одмазда за оние кои ѝ наместија игра. Утре, само ако го дочека утрешниот ден.
    Меѓутоа, во заднината на сите случувања стои злобниот генијалец Даниел Купер, кој бдее и чека таа да погреши. За да се спаси себеси, мора да ја уништи Трејси.

    Можам да кажам само прекрасен трилер, во еден здив ја прочитав.
    Оцена 10/10.
     
    SimplyElegant, Mishela and Arthur like this.
  14. ЕДНА убавица

    ЕДНА убавица Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2016
    Messages:
    187
    Likes Received:
    797
    Нешто позајмено-Емили Пифин
    30 годишник завршува со најдобрата другарка на неговата свршеница со која треба да се ожени за неколку месеци. Нивните чувства еден за друг се продлабочуваат како и нивната тајна врска. Што кога главната хероина ќе треба да одбере помеѓу пријателство кое трае цел живот и вистинска љубов? Нема да ви откриам само ќе ви дадам топла препорака за книгава.
    Во план ми е да ја прочитам и "Нешто сино" која е нешто како втор дел од книгава
     
    Arthur likes this.
  15. Arthur

    Arthur Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2014
    Messages:
    694
    Likes Received:
    2,522
    Gender:
    Female
    Nema da zgresis prenajprekrasno nesto se i dvete knigi :inlove:
     
  16. Ицката55

    Ицката55 Истакнат член

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Male
    Вероника реши да умре од Пауло Коељо. Одлучува да си го одземе зивотот, обидот е неуспешен па завршува во психијатриска болница. Но со самиот чин сепак успева да убие дел од нејзиниот живот. Ги убива секојдневието, стравот да ги покаже своите емоции, го убива стравот од смртта и нејзиниот претходен живот, благодарение на доктор кој своеволно извршува експеримент врз неа. Нема да откривам понатаму. Е препотачувам на оние кои е немаат прочитано и истовремено сакаат литература на оваа тематика. Поздрав
     
    Arthur likes this.
  17. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Joined:
    Nov 29, 2016
    Messages:
    603
    Likes Received:
    1,490
    Gender:
    Female
    Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин- Ренсом Ригс
    Во книгата главниот лик е Џејкоб Портман, кој е просечен човек кој води просечен живот, се додека не сведочи на необичната смрт на дедо му кој е убиен од чудовиште. Дедо му, пред да умре му покажува слики од необични деца, девојка која лебди, невидливо момче, и сл, меѓутоа Џејкоб не верува дека тие постојат и смета дека се само приказни измислени од дедо му. По смртта на дедо му, тој патува заедно со татко му на далечниот остров, каде што се среќава со необичните, ја запознава и госпоѓицата Перегрин, за да открие дека и тој е необичен, односно има способност да ги гледа чудовиштата. По повеќето авантури на островот госпоѓицата Перегрин е киднапирана, па децата решаваат да отидат во градот на чудовиштата за да ја спасат.
    Книгата ми се допадна, иако морам да признаам дека очекував нешто поинакво. Карактерите се убаво развиени, приказната има одличен тек и книгата дефинитивно го задржува вниманието за љубителите на овој жанр. Мене ми беше одлична промена од книгите кои обично ги читам- трилери. @Mrs.Brain.
     
    Someonespecial and Mrs.Brain like this.
  18. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    1,691
    Likes Received:
    12,658
    Gender:
    Female
    Градината на лагите-Ејџлин Гоуџ

    Станува збор за Рејчел и Роуз,едната порасната и опкружена со луксузот на Менхетен,другата израсната во сиромашна средина лишена од секакви задоволнства. Рејчел е позната докторка,додека пак Роуз успева да стане позната и многу добра адвокатка.Навидум,овие две девојки немаат ништо заедничко,но нив ги поврзува една голема и болна тајна уште од нивното раѓање. Тајната ќе испадне на виделина откако двете ќе се вљубат во ист човек и по сплет на околности ќе бидат соочени лице в лице.

    Интересна книга,секој настан,место и личност се детално и убаво објаснети.Книгата ми го држеше вниманието иако не можам да кажам дека има некои возбудливи моменти кои би те натерале да ја прочиташ книгата во еден здив.
     
    Mrs.Brain likes this.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,366
    Likes Received:
    51,283
    Gender:
    Female
    Седум години подоцна - Гијом Мисо

    Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и беспрекорно среден живот на Себастијан. Тие се пример за два сосема спротивни карактера, ама љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интезитет. Набргу ќе се венчаат и ќе ги добијат близнаците Камила и Џереми. Ама бракот неминовно тргнува кон горкиот крај: осудување, афери, презирање... По бурниот развод, двајцата родители добиваат старателство на по едно дете. Себастијан ќерката ќе ја воспитува строго, додека Ники кон синот ќе има поблаги ставови и ќе му прогледува низ прсти за неговите детски будалаштини. Годините незабележливо си поминуваат. Двајцата повторно ќе си го изградат својот живот што подалеку еден од друг. Кога еден ден Џереми го снемува се јавува дилема. Дали побегнал од дома? Или е киднапиран? Ники нема друг избор - мора да му се обрати за помош на својот поранешен маж, кој го нема видено речиси седум години. За да го спасат тоа што им е највредно, Себастијан и Ники ќе мора да ги здружат силите и да тргнат во потрага по синот. Близината си го прави своето, па тие ќе ја почувствуваат привлечноста што одамна ја имаат почувствувана и ќе се прашаат дали е, навистина, засекогаш се загубено.

    Интересна книга со навистина возбудлив заплет којшто те држи во неизвесност до самиот крај. Не се сомневав кога ја зедов книгата штом видов дека ја напишал маестралниот Гијом Мисов знаев дека книгата ќе биде возбудлива.
     
    Someonespecial and Mrs.Brain like this.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,202
    Gender:
    Female
    iГуливеровите патувањаi — Џонатанi Свифтi

    Се сеќавам кога бев мала и ја читав Шеќерна приказна, мајка ми ми рече да ја читам оваа. But why? :D
    Не ја читав тогаш, за среќа.

    Книгава е најраниот начин на throwing shade кој сум го сретнала. Поентите се навистина интересно закопани низ случајните настани кои ги доживува јунакот, што ако не се задлабочиш малку, голема е веројатноста да пропуштиш некоја.

    Некаде кон средината на книгата бев како „There will be giants, won't there?“ :D Навистина интересно е како авторот успеал да направи паралела и да ја прикаже еден цел дел од човечката приказна. Го става јунакот во две различни ситуации, во две спротивности, две целосно различни перспективи на човечкото живеење и генерално на класите во општестовото.

    Ги истакнува различностите во човечката природа на најпримитвниот можен начин, на најпростата форма на етика — мали и големи.

    Кога нараторот првпат се наоѓа во земјата на малите, збунет е, но не и исплашен. Го почитува авторитет (тамошниот цар), но сепак потајно знае дека ако сака, може да се ослободи од сите тамошни стеги, може да им ги сруши градовите, да ги убие луѓето, да ја користи надмоќта што ја има. Но не го прави тоа, туку сфаќа дека тоа не би била етички правила работа, земајќи ја предвид неговата големост, како вистински Европеец. Така се здобива со голема почит кај Лилипутанците, сите го сакаат, го признаваат како достоен член на заедницата, посебно го третираат — бидејќи е голем, односно различен. Сите жители го посетуваат, му носат разни подароци, бидејќи сепак се чувствува инфериорноста на малите луѓе покрај толку голем човек. Тоа е доволно добра причина царот да сака да се ослободи од него. Сепак успева да избега со огромна, значајна помош од малите луѓе.

    Земјата на малите јунакот ја смета за многу поразлична од неговата татковина, не само од очигледни причини, туку и од политички. Исто така, тие се толку незапознаени со цивилизираниот живот, што не знаат дека одредени предмети постојат. Тој дел е мошне интересен, бидејќи покажува дека предметите без кои не може да се замисли секојдневието, како и направи како ножеви и пиштоли, се всушност само обични материи, супстанци извртени во некој облик и вредат само бидејќи ние велиме дека вредат. Интересен беше моментот со часовникот, кое беше директно обраќање кон зависноста на луѓето од времето, стравот од неговото минување и обврзаноста за негово вечно слугување.
    Потоа, кај договорот кој се склучува помеѓу Човекот-Рид и жителите,с е спомнува дека тие се многу добри математичари и навистина остроумни луѓе. Само што сепак, во истиот договор, тие одлучуваат да ја користат неговата физичка сила пред своите математички способности.

    Понатаму, дознаваме дека во таа земја има остра поделеност помеѓу две партии. И разликата помеѓу припадниците на партиите се должината на нивните потпетици, која изнесува четиринаесетти дел од палецот. Исто така, војната со соседното царство се должи на ништо помалку — туку начин на јадење јајце. Ова беше одличен начин да се наслика баналноста на поделеноста и во обичните општества. Погледнато од друга перспектива, водиме огромни војни за обични ситници, кои можат да се решат со едноставен компромис.
    Исто така, делот што мене ми привлече внимание беше раздорот што им ја направила религијата на жителите. Имено, овој извадок:
    Со ова не можеше подиректно да ја исмее опседнатоста на луѓето со религијата и со правењето на правилното нешто, со убедувањето дека тие ја имаат вистината, кога всушност, во реалноста, се караат за навистина небитна работа која апсолутно нема никаква важност во секојдневниот живот. Авторот ни истакнува дека непотребно ја насочуваме енергијата кон непрогресивни нешта.
    Потоа во договорот, малите научници, целосно одбиваат да веруваат во постоењето на свет со големи луѓе, односно нешто што е надвор од нивните сфаќања, што исто така е throwing shade на научниците од тоа време, кои ретко сакале да работат со нешто дотогаш непознато, што ја истакнува затвореноста и ограниченоста.
    И ете уште едно прикриено исмевање на субјективноста на луѓето:
    Понатаму, силно се истакнува контрастот на оваа земја со Англија, поточно европското општесто, што се истакнува системот на злосторство и казна. Имено, ако одредено злосторство се изврши по пат на измама, измамата се змета за поголемо зло од злосторството. На тоа човекот се спротиставува велејќи дека измамта е само злоупотреба на довербата, на што царот дека „чудовишно од него е тоа што во одбрана го наведува она што злосторникот најмногу го обвинува“. Тоа го остава без зборови јунакот, кој ненавникнат на ваквиот систем бил „од дното на душата засрамен“. Со ова повторно се исмева уште една страна на англиското општество и правдина.
    Следното големо исмевање се согледува при казната на царот кон човекот — наредбата да му се извадат двете очи. Генералот тоа го претставува како најблага можна казна за неговите дела, но сепак, дури и оваа казна е во полза на авторитет, поточно царот, бидејќи се наведува дека без своите очи човекот подобро ќе ја извршува својата досегашна работа, затоа што досега очите му биле слаба точка, единственото место каде што може да биде ранет, Ахиловата пета.
    Burn, ауч. :D

    ПРОДОЛЖУВА...
     
    Someonespecial and Novecento like this.