1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    ...
    За разлика од среќавањето со малите, кога нараторот се среќава со големите е престрашен, веднаш бега помеѓу класјето и посакува да му заврши животот. Веднаш го имаме првиот контраст — стравот и моменталното покорување пред единствената примитивна сила — големината. Во ова царство тој не е ништо повеќе од обична кукла. За разлика од Лилипутанците, џиновите не го гледаат со почит и како некој на кој би му се угледувале. Едноставно, во оваа земја, тој е џуџе, тој добива можност да искуси како е да си мал, безначаен, ранлив, понижуван... Него го разнесуваат по градови и го покажуваат на обичните луѓе за пари, додека тој изведува разни работи пред нив и ги забавува. Секако, сето тоа е пред да биде продаден на царицата како милениче. Иако со неа има убав живот, сепак ја нема единствената работа без која човечкото его не може да преживее — достоинство. Секогаш кога тој раскажува за својата татковина, своите луѓе, наидува на потсмев и понижување, бидејќи ете, во очите на џиновите смешни се животите на џуџињата (hint hint).

    Кога нараторот се наоѓа себеси во земја со џинови, realization hits и сфаќа колкава е цената на инфериорноста, посакува никогаш да не го напуштел домот во Англија и толку е исплашен од неговата слабост што веднаш посакува да умре. Исто така, се сеќава на жителите на Лилипут, каде што гледале во него како најголемо чудо на светот кое го виделе, кога имал неверојатна моќ над нив и бил посилен од што било таму. Сега тој се наоѓа во нивната позиција на слабост и започнува да сфаќа дека големината е многу релативна работа повикувајќи се на филозофите:
    На ист начин, ништо и не е нормално само по себе, вклучувајќи го и англиското општество во кое живее тој. Нормалното е епитет даден од оние кои нештото го прифатиле како такво.
    Тој е принуден да биде циркузант и забавник на масите народ и нема буквално ништо да стори за да го спречи тоа, што е тотално спротивно од земјата на малите луѓе, каде тие љубезно му ги кажуваа наредбите со доза страв. Овде ја нема таа привилегија и тоа чувство на почит.
    Во еден дел од неговиот престој таму, еден министер спомнува дека мисли дека и државата на нараторот, такви мали инсекти „имаат титули и почесни одликувања, дека градат мали гнезда и дупки кои ги нарекуваат куќи и градови, дека се прават важни во своите костуми и екипажи, дека сакаат, дека се борат, дискутираат, измамуваат и предаваат еден со друг“. Тоа го навредува човекот кој на својата земја гледа со огромна почит, но во исто време не сфаќа дека и нему слично му изгледаа малите луѓе — кукли кои си играат живот. Тој исто такво исмејување чувствува дури и кон џиновите, кои исто така си даваат титули, градат куќи и градови итн., сè уште тоа му изгледа како имитација на неговиот свет, а не како друг, посебен свет. На тој начин убаво се портретира однесувањето на „нормалните“ заедници кон оние кои тие не ги сметаат за нормални, исмевање, понижување и неприфаќање, исто однесување како она на англиската култура кон оние од нејзините колонии во тоа време. Или барем јас така го сфатив.
    Друг интересен детаљ е што нашиот јунак дошол во ситуација неговиот дом да биде сличен на кафез, но сепак одлучно одбива да се помири со неговата голема инфериорност овде и не дозволува да го закачат на ѕид како што прават со кафезите во Англија. Интересна е игнорантноста на неговата состојба во овој случај.
    Низ неговиот понатамошен престој таму, тој постојано пробува да се избори со константното омаловажување од страна на големите, бидејќи секогаш кога кажува нешто што би му дало барем малку углед, тоа е пречекано со гласна смеа, толку што ни почитта кон царот не можела да ги запре луѓето. Тој вели:
    Секако, тој зборува за магичната земја на џуџе и џинови, но ова многу лесно може да каже и за општествените класи во Англија. The peasants немаат никакви шанси да стекнат каков било углед од страна на лордовите.
    Сепак, кулминацијата доаѓа при разговорот на човекот со царот, чија заинтересираност за Англија се забележува низ целиот негов престој таму, тој постојано прашува за функционирањето на таа мистична земја од каде доаѓа тоа џуџе, кое пак е толку гордо на својата татковина. По објаснувањето на човекот, сме сведови на еден непрекинат roast на општеството. 8-|
    Воглавно, целата оваа критика кон англискиот, цивилизиран, модерен, аристократски начин на живот ја проследува со коментар на нашата глупост како луѓе кои гледаат само пред своите мали носеви:
    Damn. :D


    Авторот преку генијална антитеза прикажува како функционира општеството во Англија, во кое џиновите и џуџињата живеат заедно, едните вечно инфериорни во однос на другите, притоа ниедни не приметувајќи ја разликата во големината. И секогаш џуџињата можат да се претворат во џинови и обратно, доволно е само масата да одлучи.
    Power resides where men believe it resides. :d:

    П.С. Ова е вака долго и во ваков стил напишано, бидејќи морам некаде да ги оставам мислите за подоцна кога ќе треба ептен до детаљ да ја разработувам како лектира. Патем, ако некој е овде за да препишува, fuck you. :D
     
    На Mishela, Mrs.Brain, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    Последни ги прочитав:

    „Спас“

    „Спас 2“

    „Мојот дедо Луј Витон“

    и

    „Роман за прељубата“.


    Не знам... Што да кажам... Исидора Бјелица многу ја сакам. Нешто посебно ми е таа жена. Многу се идентификувам со неа во однос на карактер, животни гледишта, уметничка душа... Уникатна е!

    Има специфичен стил на пишување. Понекогаш, во книгите, тотално знае да ме изнервира (читај: извади од такт, поради некои клишеа или бедни „лаги“), меѓутоа... Се навлеков! И сега сакам уште и уште и уште... Претходно имам прочитано уште една книга нејзина, на српски... Сега, ми останува уште „Сама“ на македонски јазик, а потоа ќе ги барам на српски сите нејзини останати (а ги има многу).

    Нема да препорачувам... Ниту ќе фалам, ниту ќе оцрнувам... Секој си знае дали сака да прочита нешто од неа. Лесни книги, а прекрасни... Брзи за читање, а поучни (барем малку) ! Убави мисли... Реченици... Фрази...

    Сите ми се интересни, но ќе ја издвојам последнопрочитаната „Роман за прељубата“ .

    Секоја ѝ чест на Миа за храброста да го сподели сето тоа со нас!!!
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Кандид — Волтер

    Или најголемото fuck you на оптимизмот во историјата. :D
    Многу ми се допадна ова дело, забележителна е сличноста со претходната лектира што ја читав. Генерално, начинот на исмевање е ист — расфрлан низ дијалозите и претставен преку ликовите, на кои им се дава една главна карактристика. Мора да се признае дека овде тоа беше поистакнато, што на некој начин го прави и појасно.

    И пак да нагласам, ако некој сака да препишува, не можам да ве сопрам, ама question your fucking life choices. :D

    Да почнеме од Кандид, low born, наивен оптимист, и како што се спомна неколкупати, човек без дефинирано мислење за ништо. Мислам дека општеството изобилува со вакви исто како што изобилува со самопрогласени интелектуалци кои сакаат да филозофираат. Кандид е пример за going-with-the-flow вид на луѓе, кои примаат сè што ќе им се сервира и никогаш не се незадоволни. Токму преку неговиот лик се критикува оној апсолутен оптимизим, она глумење постојана среќа, константно слепило. Иако во одредени дози ова може да биде од голема помош за психолошката состојба на еден човек, филозофот Панглос е доказ дека таква игнорантност може да има целосно спротивен ефект. Залажувајчи ја сопствената психа дека опкружувањата во кои една индивидуа се наоѓа, таков вид екстремизам, полека но сигурно доведува до пропаст.
    Ликот на Кандид, впрочем, може многу лесно да се преточи во модерна верзија. Кога би живеел во овој век, веројатно би бил еден оние луѓе што користат термини како „позитивни вибрации“ и апсолутно веруваат дека ако мислиш единствено на позитивни работи, околината ќе го прими тоа и останати тврдења од законот за атракција. „Кандид“ е чист доказ дека околината не зависи од нас и промените во нашиот ум не можат да ја сменат. Единствено што се менува е перцепцијата на таа личност, што е премногу минорно и субјективно за да може да се зборува за некаков прогрес.
    Сепак, не може да се негира дека Кандид е навистина симпатичен лик, кој едноставно само посакува да верува дека некаде може да се најде нешто добро и во ниеден момент не губи надеж за тоа, што убаво ја покажува неговата наивност и невиност.

    Панглос, како што кажав, е една поекстремна верзија на оптимизмот на Кандид, дотолку што тој воопшто нема никаков допир со реалноста, или барем не со реалната реалност. Онаа филозофија на „сè е добро“ е веројатно најнездравата што некогаш сум ја слушнала. Бидејќи не е сè добро, особено во 18. век Англија. Исто така, барем едно нешто од целава ситуација дефинитивно не е добро, а тоа е фактот што човек кој бил сведок на грозоморни убиства, силување, некаква чудна STD, сечење, колење, бесење и робување вели дека сè е добро. Тоа како за почеток не е добро. Why don't we start there? :D
    [​IMG]
    Во неговиот лик добро е портретирана „посветеноста“ на филозофите. Би можело да се каже дека според некој космички ред, животот му приредува сценарија спротивни на неговите верувања само за да му докаже дека не е во право, нo тој сепак им останува верен, велејќи, цитирам: „Јас секогаш останувам на своето мислење, бидејќи, на крајот, јас сум филозоф и не ми доликува себеси да се оспорам.“ Што, впрочем, не е особина на вистинска паметна личност. Би рекла дека тоа е Панглос, само несфатен филозоф, кој веројатно ни самиот не може да се сфати, и морам да признаам, со најигнорантната идеологија што постои. (Нема да го вклучам ова во обработката :lol:)
    Разликата во неговиот оптимизам и оној на Кандид, е што Кандид ги истакнува позитивните нешта од секоја неволја, додека Панглос мисли дека неволјите сами по себе се позитивни нешта.

    Малку не им ги сфаќам поентите на Кунигунда и Какамбо. Дали првава е само женска фигура, обичен love interest? Би можела да извлечам и дека е изворот на оптимизмот на Кандид. Иако она што го научил му е од Панглос, сепак вистинскиот поттик да продолжи понатаму е неговата сакана која му беше на некој начин крајната дестинација на сите негови планови.
    Старицата веројатно служеше за да докаже дека „секогаш има полошо“ и од најлошото, само не знам дали ова оди во прилог на оптимизмот или песимизмот. Хмм... Сепак, мислам дека таа беше ликот кој апсолутно ја долови крајната поента:
    Какамбо, од друга страна, не знам што е освен слуга што се влече по него. Претпоставувам има некаква врска со земјата Елдорадо. Можеби, тој е потребната фигура, лик-помошник кој е потпора на главниот и кој се јавува како партал за закрпување кога е потребно во книгата. Фин беше де...

    Баронот е типичен претставник на таа толку исмејувана европска гордост, олицетворение на тврдоглавост... Уште од почеток в глава му е зацртана идејата дека Кандид не смее да се ожени со Кунигунда поради угледот, но вистинското изненадување се јавува при крајот кога покрај тоа што тој самиот нема ни трошка од угледот зачувано, сè уште не ја напушта таа идеја. Или во превод, бесмислена европска инаетливост at its finest.

    Мартин, мојот омилен лик од книгава. Мислам дека тој е неопходната спротивност на Кандид. Од моментот кога се појави, ликот на Кандид доби подефиниран облик, прикажувајќи го контрастот со она што не е оптимизам. Сепак, ниту самиот Мартин не е песимист, туку повеќе реалист, што сè уште е спротивност бидејќи оптимизмот на Кандид е многу сличен со оној на Панглос, кој пак е спротивен на реалноста. Напати кога Кандид спомнуваше „добро е“, тој велеше „посакувам да е добро, се надевам дека е добро.“ Мислам дека Мартин е всушност најблиску до ставовите на самиот Волтер на тема чашата дали е полна или празна. Мартин е пример на системот што се состои во набљудување и логично заклучување. Тоа мислам дека се истакна при Епикуровото прашање за зло, на кое јас лично сум обожавател ( :D ). И сметам дека навистина интересн аргумент на тоа е „ама какво зло, сè е добро“. Повеќе за него низ цитатите во спојлер, бидејќи има доста интересни.

    Кажав дека Мартин не е нужно претставник на песимизмот, бидејќи буквално имаме таков лик. Тоа е благородникот со чудно име, Пококуранте, намќорот на кој ништо не му се допаѓа. Оваа глава беше навистина интересна, бидејќи имавме можност да го гледаме оптимизмот како се судира со тешкиот песимизам, а тоа беше многу креативно прикажано низ истакнувањето на сите негативни страни на класични автори, дела и други општоприфатени нешта. Забавен дел беше кога песимистот ги кажуваше нештата што многу луѓе ги помислуваат, но сите ги игнорираат бидејќи не се совпаѓаат со популарното мислење. Еве за Илијадата:
    „Ах, каков надмоќен дух е овој Прокуранте. Каков голем ум! Ништо не му се допаѓа!“ Срцка бе. :rofl: Жал ми падна. Колку невино суштество е Кандид.

    Кој друг лик да го земеме, хмм? Не ми текнува во моментов, проститутката на Панглос можеби? Верувам дека служеше да ја потврди поентата на Мартин дека парите не можат да го усреќат човека, и тоа не во онаа клише варијанта, туку дека несреќен човек е едноставно несреќен и никаква форма на оптимизам не може тоа да го смени.

    Сакам да кажам збор-два и за Елдорадо, земјата на златото. Ми се допаднаа тие благи осудувања и префрлања кон Европејците кои ја гледале Америка едноставно како непресушни резерви на „вредните“ нешта. Во неа е потретирано едно утописко општество, само мала нелогичност ми е, во толку изолирана земја, каде нема услови за увоз и извоз, мора константно да има точен однос на примања, потреби и трошоци, бидејќи не знам како би можела да фунционира толку беспрекорно. Не би рекла дека таква економија е изводлива, најмногу бидејќи скапоценостите таму немаат вредност, а е прикажана како богата и удобна земја, најмногу поради нив. Хммм...
    Исто така, можеби константната среќа во таа земја доаѓа од единственоста. „Зарем можат да постојат две вери?“ — вели царот на таа земја. Таму сите се свештеници, сите веруваат во иста работа, сите имаат исти желби и потреби... Можеби ова би можело да биде некоја форма на утопија, ама сепак, ја нема слободата, што е една голема слабост. Доволно е да се најде еден различен од сите нив и ќе се наруши хармонијата. А да не се најде ниеден, тогаш станува збор за масовно перење мозоци. Ме потсетува на Wayward Pines.

    Во ред, да ја заокружиме работава, крајот не е во полза на песимизмот, туку на идеологијата на Волтер, поточно целата работа со градината. Вистинската среќа не се наоѓа во моќта, дијамантите, валидацијата од другите, туку едноставно со гледање на својата работа, произведувајќи една циклична рутина во која ќе го пронајдеш својот спокој и ќе се бориш со досадата.
    Навистина ми беше интересен делот со досадата кој го спомнав погоре. На крај Кандид го доби тоа што го сака, но еден период беше навистина разочарувачки, бидејќи неговата Кугјисјмгвкна станала грда и неподнослива, старицата станала Старица™, Какамбо се жали на својата судбина, Панглос во некој свој филм како и секогаш итн. итн. Породолжението на цитатот од старицата погоре:
    Добро сумирање на нивната пасивна ситуација, која мнооогу ме потсетува на „Вујко Вања“.
    Мислам дека несогласувањето на Кандид на тезата на Мартин доаѓа од тоа што тој не сака да се помири дека повеќе сака да живее во постојан страв отколк во здодевна зачмаеност.
    На крајот, решаваат да работат, на тој начин создавајќи го погореспомнатиот вид на спокој, кој барем би бил задоволителен колку да можат да си го поднесат животот. Дозволете ми да го завршам ова со глупава клише порака, како што би му доликувала на Кандид:
    Happiness is a journey, not a destination. 8-| ( :rofl: )

    ПРОДОЛЖУВА...
     
    На Mrs.Styels, Сherry.girl, macka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    ...

    Шејдинг како што доликува на автори од 18 век...
    Ова се случуваше непосредно пред да го обесат.

    Старицата раскажува низ какви работи поминала, вклучувајќи силување на сред војна:
    Ова јасно ја критикува двојната природа на човекот, кој од една страна прави најнеморални грозоморни чинови, а од друга сè уште се повикува на мир. Тоа е таа контрадикторност на човекот. Води војни за мир.

    Уште една форма на оптимизам — онаа која е вградена во секој од нас како начин на преживување и од која не можеме да бираме дали сакаме да се ослободиме.

    Се прашувам пред кој крал Волтер требало да клечи, бидејќи звучи доста револтиран.:wasntme:

    Причината поради која заминаа беше филмчето на Кандид за среќен и хармоничен живот со Кунагунда, што му беше всушност целта уште од самиот почеток, од кој му извираше оптимизмот и која ја брка постојано низ книгата. Премногу голем оптимист, ви велам...

    Роб зборува:
    Throwing shade на колонизирањето и (по малку) забеганите европски вредности. Nice.

    :D О тој убав европски систем.

    Како што кажав погоре кога го опишував како лик, не е песимист, туку само реалист кој носи заклучоци од тоа што го искусил.

    И финално, авторот пак чепка на прашањето за злото а и сите филозофии, затворајќи ги прашањата со нешто во стилот „луѓето не се доволно вредни, а и доволно компетентни да вадат заклучоци за такви комплексни прашања“. Со што апсолутно не се сложувам. :D

    И така... Не знам како ќе ги вклучам цитатите во обработката, ама ќе пробам некако, бидејќи многу ми се допаѓаат, а и шејдингот во книгиве е on point. :lol:
    10/10 would recommend. (fingers)
     
    На Novecento, Joi и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995

    Мене oд целa книгa нaјвеќе ми се дoпaднa крaјoт. Кaндид, иaкo имaше мoменти кoгa пoчнa дa прифaќa oд песимизмoт, пaк си oстaнa сo тaa детскa чистa душa и пoкрaј негoвиoт character ark. И штo пoсле дoсaдaтa (предизвикaнa oд недoстиг нa кaтaстрoфи вo живoтoт) секoј ќе си јa нaјде среќaтa сo некoјa oбичнa дoмaшнa рaбoтa. Пoкрaј сите тие пaтешествијa и филoзoфирaњa зa жиoтoт, тие нaјвеќе се вooдушевувaaт нa среќaтa и еднoстaвнипт живoт нa турчинoт штo ќе ги прими нa гoсти и не се зaмaрa зa крaлеви, везири и гoлеми филoзoфски прaшaњa.
    ,,Требa дa се грижиме зa нaшaтa грaдинa'' ми е мнoгу убaвa мислa, Кaндид јa кaжувa кoгa јa сфaќa убaвинaтa вo еднoстaвните рaбoти и декa требa дa рaбoти зa сoпственaтa среќa, сo неa гo зaќутувa Пaнглoс кoгa ќе прoбa нa му филoзoфирa пaк зa ,,нaјдoбриoт свет oд сите светoви''.

    Зa книгa штo е критикa нa екстремниoт oптимизaм, зaвршувa приличнo среќнo, нo крaјoт мoже дa се прoтoлкувa и зa исмевaње нa филoзoфите и нивните вечни тoлкувaњa зa живoтoт.

    Дoстa throwing shade и ирoнијa имa и вo Дoн Кихoт, oсoбенo aкo имaш гледaнo филмoви сo витези, гoспoдaри и oпштo феудaлни рaбoти.

    Дa не јa имaв пoминaтo лектирaвa дефинитивнo ќе ти гo крaдев мислењевo зa писменa. :P
     
    На Someonespecial, Mrs.Brain и Lella им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, и мило ми е што Кандид ја најде среќата, на еден начин или на друг. А веројатно е и дека авторот ја завршил среќно како краен шејд на оптимизмот. Демек, ете и хепи ендинг ќе направам со книгава. Но не заврши со совршена среќа, туку делумна, онаква на каква што не се надеваше Кандид. :)

    Дон Кихот не ми е прочитана, или таа ќе е следна или Пеколот. А многу сакам средновековни работи, особено пак вака кога е пародија. :D

    Патем, тоа ми е најголем кошмар. :tmi: Ако препишува некој, вошки да фати. 8-| :rofl:
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски


    [​IMG]

    Ако постои совршено семејство, тогаш тоа би било семејството Bird. Прекрасна куќа, посветени родители, четири деца растени во многу љубов, слога и топли спомени кои ќе ги потсетуваат на едно безгрижно детство. Во ова семејство, Велигден е значаен празник проследен со убава традиција. Една година, токму на Велигден, се случува трагедијата која ќе почне да го распарчува семејството дел по дел. Оттогаш, ниту еден празник повеќе не е ист. Секој член од семејството различно го прифаќа она што се случило и на различен начин се справува со трагедијата. Обидувајќи се да се вратат во колосек, нивните животи се разминуваат, за во еден момент да станат толку далечни, како никогаш да не биле дел од едно исто семејство. Сепак, после многу години, нешто ќе ги сплоти сите на едно место, ќе ги врати во куќата во која израснале и ќе ги натера да ги пронајдат врските што одамна ги изгубиле.

    Приказната е раскажана во неколку временски рамки опфаќајќи период од три децении. На почетокот ми беше малку збунувачки додека да запамтам во кој период што се случувало, ама потоа полесно ги поврзував настаните со годините. Ќе признаам дека во првата третина од книгата размислував да ја оставам, зашто некако не бев навлезена во приказната, поглавјата ги читав расцепкани зашто немав време, па некогаш имав чувство дека не знам што читам. Ама потоа веќе се задлабочив во настаните и почна сè повеќе да ми се допаѓа. Приказната течеше лесно, во ниту еден момент не беше досадна, иако мислам дека имаше некои моменти кои според мене беа непотребни.

    Ликовите беа многу убаво изградени и толку беа различни, што ѝ даваа некоја убава шареноликост на приказната. Вака кога ќе ги анализирам, не можам да кажам дека некој лик особено ми се допадна, ама па од друга страна поентата не беше ликовите да бидат совршени и симпатични, туку да бидат реални. Сите имаа свои лоши моменти и кај сите болката имаше различни последици. А книгата го прикажуваше токму тоа - соочувањето со сопствените стравови, обновување на разнишаните врски, простување на грешките од минатото и повторното сплотување на семејството.
     
    На 1209, Сherry.girl, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    „Двојничка“ - Тес Геритсен
    Книгава е навистина добра. Секоја нова страница е нова мистерија, заплет.
    Се работи за докторка која е посвоена, и не знае дека има сестра - близначка која ќе ја убијаат. Мајка и е во болница, луда е, бидејќи убила две сестри покрај пат и ги запалила, соработувајќи со својот син, кој го добила од нејзиниот братучед - психопат, исто убиец. Нивниот син ги заведува трудниците и ги затвора во јама под земја, се додека не добијат болки за пораѓај. Кога ќе добијат им прави „царски рез“, а со тоа умираат и мајката и бебето.
    Ви препорачувам да ја прочитате, ќе ви стане појасно. :)
     
    Последна измена од модератор: 24 август 2017
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    ,,Те нема никаде''- Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Во книгава се раскажува за тешкиот животот на една девојка Изабела која за да побегне од тешкиот живот во мајчината куќа, каде што очувот ја злоупотребува, се пријавува како волонтер на Црвениот крст да им помага на повредените војници. Кога заминува на фронтот се докажува како најдобра болничарка и низ нејзините раце поминуваат илјадници повредени војници со незамисливи маки и повреди. Кога во болницата доаѓа Марко, воен дипломат од Србија, Изабела е задолжена за неговата грижа. Тој е љубезен, шармантен и убав како ниеден маж што очите на Изабела го виделе. Марко има големи повреди на бубрегот, слезената и му се ампутирани двете нозе и трпи огромни болки. Тој ја моли Изабела во име на нивната љубов да му ги скрати маките. На таа молба Изабела жестоко одговара и не сака да прифати дека Марко сака да ја напушти засекогаш. После долги и измачувачки денови пројдени во агонија од болките, Изабела конечно го ослободува Марко да почива во мир. После овој настан животот на Изабела веќе не е ист. После овој настан, кога минатото ќе тропне на врата, за болничарката Изабела ќе зборува цела Италија. Да не ви откривам понатаму што ќе се случи затоа што не сакам да го упропастам читањето на книгата која топло ви ја препорачувам. Единствена забелешка имам тоа што низ целата книга настаните се развлечувани и развлечувани и е раскажувано за некои навистина непотребни детали, за крајот на книгата да биде целиот збуткан и како набрзина напишан. Целата книга е преубава само крајот можел да биде и подобар.
     
  10. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Ja ima prevedeno na makedonski?
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Колку што знам ја нема :?:
     
  12. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    IMG_20170826_100613_020.JPG Љубовна приказна за Паоло и Вениша која се случува во Венеција. Вениша разочарана од првата љубов го заклучила срцето за машкиот пол. Паоло разочаран од несреќата која му се случила води прилично меланхоличен живот. Се среќаваат за време на маскенбалската ноќ и веднаш двајцата чуствуваат дека некоја невидлива сила ги спојува, привлекува. Всушност целата книга е меланхолична, опис на чуствувате, на Венеција.. Тие се повеќе се запознаваат и вљубуваат еден во друг. Крајот ме разочара, според текот на книгата, не очекував таков крај. Се на се не ми остави некој впечаток, повеќе очекував.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Александар Македонски — Жан Расин

    Океј, најпрво, Македонски? Што инает ќе бевме. :D Името на книгата е буквално Александар Велики, ама ајде со глава в ѕид.
    Кратка беше драмава, ама не ме импресионира многу. Мислам дека некое современо дело, без разлика дали книга филм или серија да завршеше така, ќе беше пречекано како глупав и неинтересен хепи ендинг. Ама за драмава не би го кажала тоа, бидејќи земајќи ја предвид тематиката не очекував да заврши некако поинаку, па простено нека ѝ биде.

    Ахх, кога ќе ми текне дека ќе треба да ја обработувам лектирава без да спомнам ниедно име ми се темни. Не ми е гајле, Александар секако ќе го спомнам, нема смисла. :D Од кај да почнам?

    Александар пристигнува во Индија и apparently таму има side chick која уште не ја видел (?), или само со неа се гледал, не знам, не ми е истражена историјата подетално за тоа колку од настаниве се веродостојни, ќе го сторам тоа подоцна. Покрај лубовницата, таму се наоѓа и брат ѝ Таксил, како и кралот Пор и неговата сакана кралица Аксијана. Имено, љубовницата го убедува брата си to bend the knee. Тој вика не можам, Аксијана нема да ме сака. Таа му вика Аксијана и онака не те сака, ти само ќе му слугуваш на Пор. Таксил е увреџен е повреџен. Ова е јако:
    Потоа Таксил пробува да му ја подметне идејата на Пор, овој не сака да чуе, вели подобро да умрам отколку роб да му бидам. Ама Пор, ама Пор, нема роб да му бидеш, ќе ти го даде трон... НЕ! Ќе умрам, оставете ме намира! :D Аксијана вели Клеофила му го пере мозокот, и сѐ уште сака да го придобие за да се бори против Александар заедно со Пор, а Пор уште е во филм на јуначиште.

    Клеофила признава дека и робинка би му била на Александар, а Ефестион ја убедува дека тој ја сака повеќе од славата. Ефестион за последен пат ги убедува Пор и Таксил да се покорат, Таксил вели, нели може само да нѐ оставите на мира, Пор пак истото го дрви, успат го обинува Таксил за treason. Вели дека Персијците биле слабаци, а Египќаните опседнати со пророштва и му послале црвен тепих, ама тука во Индија ќе мора крв да пролее, на тој начин не оставајќи му избор на Александар. Таксил вика ќе видите вие.
    Во следната сцена Аксијана и Пор веќе се убедени дека Таксил е на другата страна и дека не планира да се бори, што му оди во прилот на Пор, кој сака да биде единствениот јунак и со тоа да го освои срцето на Аксијана. Тој директно ја прашува дури, а таа му враќа:
    Битката почнува. Аксијана веќе нема колебања, целата одбивност ѝ оди кон Таксил, а воодушевувањето кон Пор. Интересна особина е портретирана во Аксијана, подоцна за тоа. Доаѓа Таксил, вели отиде Пор, оваа разгневена почнува „засрами се предавнику, нели ти беше доволно, својата земја ја продаде само за атер на сестра ти“... Тој ѝ вели, ама Аксијана, ама ќе ти го врати тронот. Аксијана вика како да не, мрш да не те гледам. :D Се појавува Александар, ѝ кажува на Клеофила дека само за неа прави сѐ, не сака веќе ни војни и робови ни светови, само за неа понудил мир. Вели сѐ што ќе освојам, тебе ти го давам, таа пак вели не сакам ништо од тоа, само тебе, ама уште му припаѓам на брат ми. Оди утеши ја кралицата, задоволи го Таксил оти не ја бива работата. :lol:

    Монолог на Аксијана, воглавно brooding, веќе ептен затрескана по нејзиниот јунак. Александар ѝ го кажува буквално тоа што сака да го слушне, дека тој битката ја водел бидејќи Пор бил толку силен, што конечно можел рамноправно да се бори со некој. Притоа, додава дека вистински победник всушност испаднал Пор бидејќи нели се испојуначил, но Аксијана уште не може да се помири дека Пор умрел, пак префрлајќи ја вината на Таксил, демек со сплетки и измами победил Александар. :D Му вели што ти требаше бе Александар, аман? Тој ја тапка по рамо и ѝ вика there there, патееем... зошто да не си го земеш Таксил за крал? :rofl: Се појавува Таксил заљубениот, Аксијана нејќе ни да чуе за него, тој јадниот уште толку депре станува. Таа му вели ако сакаш, крени знаме против Александар и докажи ми се како Пор. Plot twist: Пор е жив. Таксил вика аман од тој Пор.

    Александар и Клеофила си прават муабет, Клеофила пак истото го врти, сама ќе сум, ти ќе одиш да освојуваш, бла бла бла... Александар вели дај нека се одлучат веќе овие од љубовниот триаголник. Александар му вели на Пор bend the knee, скрати ни ги маките на сите. Пор вели го убив Таксил, Клеофила вели втф, излегува дека Таксил решил да го убива Пор, ама се зафркнал. Аксијана уште го брани него, вика не е тој крив, Таксил си го бараше, ама и Таксил не е крив, Клеофила е бе, таа му го испра мозокот. :D Пор и Аксијана се спремни да умрат капејќи се во нивната о-толку-посакувана слава. Александар, како што е нели нашиот најдобар крал, ги остава да си владеат заедно, бидејќи нели Клеофила не сака тронови. И одеднаш двајцава од толку омраза го обожаваат Александар и си живеат среќно и весело до крајот на животот. :party:
    А, на никој не му е гајле за кутриот Таксил? ;(

    Тоа погоре беше најмногу за јас да знам отприлика што се случува кога ќе треба да пишувам, а сега ликовите.
    Се чини дека ликот кој ги држи конците е Клеофила, иако ни самата не е свесна за тоа. Единственото нешто што таа го знае е љубовта кон Александар и ништо повеќе. Се чини и дека нема некој определен став за тоа дали да се војува или не, едноставно само го сака Александар сега и веднаш, без разлика дали тоа ќе е преку мир или војна. Сепак, Александар не сака да војува, тој тврди дека толку ја сака Клеофила што единствено што му е важно е таа да не е повредена и да не се сомнева, затоа нуди мир, мислејќи дека тоа е патот до нејзиното срце и на тој начин сите ќе се задоволни — без војувања, без крв. Друи и по победата тој решава да ја теши Аксијана за полесно да ја убеди да го прифати Таксил, што би значело дека тој конечно ја добива Клеофила. Клеофила сепак, се наоѓа во фаза каде постојано се сомнева во нешто, особено во Александар. Постојано се чувствува таа нејзина несигурност, неверување дека тој владетел би ја сакал токму неа, и токму поради неа би водел војни и би склучувал мир.
    Најголемиот нејзин страв е да остане сама, а Александар да ги продолжи своите освојувања некаде далеку, без неа. Тој ѝ нуди круни и тронови, но таа сепак од него го бара само неговото присуството. Од тие што останаа живи, таа го има најтрагичниот крај, ако се земе предвид дека стравот кој го имаше за Александар, се пренесе на нејзиниот брат, за кој не очекуваше дека ќе заврши толку трагично. Мене не ми излгедаше најзадоволна на крајот.

    Аксијана е генерално, но не сосема, спротивна на Клеофила. Како центар на љубовен триаголник, таа е принудена на одлучи помеѓу оној што посакува мир и оној кој посакува јунаштво. Во таа одлука апсолутно пресуди нејзината сопствена природа, која тежи кон отпор, борба, докажување и јуначење. Откога Пор го прави токму тоа, таа „сфаќа“ дека нејзиното срце му припаѓа нему, на нејзиниот јунак. Таа вели дека и покрај славата го сакала, ама тие дела ѝ помогнале да сфати. Yeah right. :D Аксијана и Пор се всушност доста слични, со една разлика што Пор е навистина вљубен во Аксијана, а таа е заљубена во неговата слава. Сепак, ликот на Пор е доста интересен. Уште не успевам да сфатам, дали Пор Аксијана или славата повеќе ја сака? Леле, дали во ритамот на драмата го напишав ова? :D Знак дека треба да привршувам, хаха... Мислам дека поопседнат е со славата, дотолку што со задоволство би умрел во име на јунаштвото, исто како Аксијана, која со задоволство би патела ако тоа би значело таа приказна да се слушне надалеку. Гладен е за војна, како што Таксил е гладен за мир.
    Таксил од друга страна, единствено што сака е мир и сите да се среќни и весели. Штета што се заљубил во жена која повеќе се храни од нерамномерност отколку од храна. Се гледаше дека таква врска не може да успее. Сепак, иако ја сака Аксијана и ако таа тоа го бара, би тргнал в бој за неа, од другата страна стои сестра му, миленичката на противникот, која не смее да ја изневери. Низ текот на целото дејство е нарекуван неспособен, плашливец и најмногу, предавник — на своите луѓе, на својата земја, на својата вера... Тој едноставно се задоволува со тоа рацете да му се слободни од пранги, и тоа би било доволно да го прифати новиот господар, додека Пор не сака да чуе за самиот поим на „господар“. Понесен е прво од омразата и отпорот, а потоа од љубовта кон Аксијана.

    Туку...
    Damn. :D

    И за крај, критика кон преведувачите — премногу се чувствуваше преводот, или подобро кажано, очајот во преводот за да се најде рима на зборовите. :D Се гледаше дека некои зборови навистина не одговараат и дека длабоко се копало за нив и тоа едноставно не беше симпатично. Беше на некој начин изнасилено и ептен try-hard. Можеби требало и малку слобода да си дадат.
    Мислам...
    wtf.jpg
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    Последна измена: 27 август 2017
    На НаталиЛили, Mrs.Styels, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Ќерката на Клеопатра-Мишел Моран
    На почетокот се опишува поразот на Марк Антониј и Клеопатра. Тие не сакајќи да ја прифатат загубата се самоубиваат. Исто така убиен е и Цезарион, синот на Клеопатра и Јулиј Цезар. Децата на Клеопатра и Антониј, близнаците Селена и Александар како и најмалото дете Птоломеј се одведени во Рим. Да учествуваат во Триумфот на Октавијан.
    Октавијан е еден арогантен владетел со лажна скромност. Во неговиот живот е се испланирано дури и неговата смрт. Книгата има интересен крај. На крајот важно е дека Селена си ја наоѓа среќата и владее со свое кралство. Дали ќе се врати во Египет не ви откривам. Ако ја прочитате книгата ќе запознаете многу интересни ликови и ќе научите дека не секогаш луѓето се такви какви што се претставуваат.
     
    Последна измена: 28 август 2017
    На elimkd и shz им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    На 22 декември 1980 година се руши авион на границата помеѓу Франција и Швајцарија. Страшната несреќа и пламените јазици сепак остануваат немоќни пред животот на единствениот преживеан патник тримесечно девојче со непознат идентитет за чие старателство се борат две семејства, едно богато и влијателно, и друго сиромашно и праведно.
    Малото преживеано девојче го слави својот 18-роденден исто онолку години колку што приватниот детектив се обидува да покаже дали нејзиното вистинско име е Емили или Лиз-Розили?

    Неизвесност до самиот крај.
    Добра книга вреди да се прочита.
     
    На vanna, christinnn, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Да надополнам дека историски е приближно точна книгата, ликовите се опишани онака како што знаеме за нив во историјата, а Мишел секогаш во своите дела се труди да го извади максимумот преку доста опсежни истражувања.
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Жил Верн - Дворецот на Карпатите (некаде преведена и како Дворецот во Трансилванија)
    Боже под какво влијание сум! Жил Верн пишувал прекрасно! Колку чудно од моја страна да ја одберам токму оваа (релативно ретка) книга од него за да се запознаам со неговото пишување.
    Не разочара - всушност, беше пре, преубава, толку многу сум под импресии, што ја надмина и мојата омилена Фантомот од Операта!
    Книгава не е преведена на македонски, ја прочитав на англиски онлајн, а сигурно дека ќе ја порачам наскоро од Амазон, мора да ја имам во својата колекција. Толку љубов имаше во неа...
     
    На Arendelle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Необичниот случај на Др. Џекил и Г-дин Хајд
    5/5
    Долго ми требаше да го најдам овој класик на српски или евентуално на хрватски, зошто претчувствував дека подобро ќе го разберам на овие два јазици а не на англиски. Бев во право. Мојата оцена како и спрема сите други книги е чисто субјективна и неизвалкана од сеопштата рецензија/критика на книгата (секогаш се трудам да биде така). Напоменатата книга, која започнува како трилер/мистерија/хорор, останува таква до самиот крај кадешто заплетот е разрешен низ долги описни страници и мојата љубопитност беше задоволена, како и мојата читателска душа. Книга за двојноста на човечката природа, ја препорачувам на секој еден кој овие нешта го интересираат.
     
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Старомодниот водич за љубов и романса-Кирсти Гринвуд
    4.5/5
    Интересна романтична комедија за љубителите на чик литературата.Онака лесна книга,се чита брзо и морам да признаам има интересни совети за тоа како да се биде дама.Џесика Бим е млада девојка која после загубата на нејзината нестабилна мајка живее живот од денес за утре.Кога и нејзината пријателка Самер ќе ја избрка,Џес ја пронаоѓа својата баба.Матилда Бим е дама во вистинска смисла на зборот.Она што е пречка во нејзиниот живот е тешката финансиска ситуација.За таа цел бунтовната Џес ќе биде трансформирана во дама од 50-те години на минатиот век,со цел да се докаже дека старите водичи за љубов и романса на Матилда Бим сеуште функционираат.
    Колекционер на очи-Себастија Фицек
    5/5
    Совршено склопен психолошки трилер кој остава незивесност до последната страница.Кога ја дочитав ми требаа неколку минути да ја склопам приказната во глава.
    Александар Зорбах е крими новинар и поранешен полицаец.Неговата нескротлива желба по полициските истраги го соочува со серискиот убиец наречен колекционер на очи.Имено Колекционерот на очи игра по строго определени правила.Киднапира деца,ја убива мајката и остава стоперка во нејзините раце.Полицијата има рок од 45 часа да го пронајде детето пред да биде убиено.Последниот случај посебно го засега Александар Зорбах бидејќи неговиот паричник е најден на местото на убиството.Тој има четириесет и пет часа да докаже дека е невин.И играта започнува...Непредвидлива приказна за пријатеството,бракот,татковството,траумите и цената на детскиот живот.
     
  20. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Домот за необични деца на г-ца Перегрин. од Ренсом Рига

    Книгата се чита во еден здив. Од самиот почеток знаев дека ме чека неверојатна авантура.
    Не е битно кој каков е се додека се држиме заедно. Ние со нашите маани се надополнуваме меѓусебно, како слагалица.
    Стилот на пишување е добар исто така и приказната.
    Се работи за дете кое израснало со приказните на дедо му. Тој верува во тие приказни се додека ќе биде убеден дека тоа се измислени работи. Тој е скршен од реалноста и од тогаш дедо му прекинува да му раскажува.
    Кога дедо ќе умри во неговите раце му кажува податоци кој ќе му служат како патоказ до светот на необичните.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.