1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Hot Milk од Deborah Levy :coffee:

    Се изненадив колку многу ми се допадна стилот на Дебора, ова ми беше прв нејзин роман. Многу критичари се изјасниле дека ова и најнеконфузното дело (?) па баш сум љубопитна да прочитам уште нешто од неа. На кратко, главниот лик е 25 годишната Софи, дипломиран антрополог кој ги става своите планови/соништа на пауза зашто мора да се грижи за мајка си која е целосно зависна од неа и пати од мистериозна болест па поради тоа најчесто е во инвалидска количка. Софи целосно се посветува во изнаоѓање дијагноза и лек. Открива една локална клиника во Шпанија, ја става куќата под хипотека и во последен обид заедно заминуваат. Оттука почнува приказната...
    Книгата го анализира нездравиот однос меѓу мајката и ќерката и штетата што си ја нанесуваат меѓусебе ама воедно и потрагата на Софи по своето место под сонцето. Ликот имаше свои дилеми кога стануваше збор за сексуалност и личен идентитет.​

    “My love for my mother is like an axe. It cuts very deep.”
    И да, прочитав супер описи за Атина и Јужна Шпанија кои чудно одговараа на целата атмосфера. На сето ова ако ја додадам и Медуза, грчкотo чудовиште кое скаменува со поглед, којa во неколку наврати беше присутна низ приказната и требаше да ја претставува самата Софи...

    “If I were to look at my mother just once in a certain way, I would turn her to stone.
    Not her, literally. I would turn the language of allergies, dizziness, heart palpitations and waiting for side effects to stone. I would kill this language stone dead.”
    ...ќе кажам дека ова беше океј четиво.
    При крајот всушност откриваме дека мајката има рак и дека деновите и се одбројани.

    Супер стартер кога сакате да излезете од инаетлив reading slump.
     
    На Purplelilac, sweet-cherry, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Almost Sisters - Joshilyn Jackson

    Суперхероите отсекогаш биле слабост на 37 годишната Леа, која инаку обожава и самата црта стрипови. Па така, кога една вечер ќе го запознае мистериозниот „Бетмен“, опиена од неговиот шарм и многу алкохол, ќе заврши со него во кревет. Од тогаш повеќе не го сретнува, па откако ќе дознае дека е бремена, сфаќа дека не постои никаков начин да го пронајде таткото на нејзиното дете. Додека се соочува со тој проблем, дознава дека нејзината најдобра другарка е пред развод, а нејзината 90 годишна баба има деменција, поради што таа мора да се врати во родниот град за да се грижи за неа и работите да ги доведе во ред. Откако ќе пристигне во малото гратче, Леа дознава дека грижите што дотогаш ги имала - се најмалиот проблем. Тајната закопана во нејзината семејна куќа конечно е откриена, а тоа му се заканува на целото семејство.

    Прв пат читам нешто од Џошлин Џексон и морам да го пофалам нејзиниот стил на пишување - раскажувањето течеше лесно и глатко, приказната убаво се развиваше и беше зачинета со многу комични моменти кои ми го разубавуваа читањето :) Ликовите ми беа апсолутно симпатични, сите имаа нешто што ми се допадна и сите беа одлично вклопени и поврзани еден со друг. Приказната имаше некоја топлина и беше раскажана со таква леснотија, иако имаше темна позадина и зборуваше за тешките гревови на кои некогаш сме принудени, предрасудите од околината кои често го диктираат нашето однесување, дилемите со кои се соочуваме низ животот и грешките за кои потоа бараме прошка.

    Мене книгава ми се допадна во целост, имаше јужноамерикански шмек кој ми даде една појасна слика за живот таму. Сепак морам да ја оценам со тројка, зашто иако цело време настаните држеа константна брзина, имав чувство дека крајот е избрзан, како некој да ја терал авторката што побрзо да ја заврши приказната. Исто така мислам дека некои работи беа недокажани, барем јас лично посакувам да беа подобро разјаснети. Инаку сè друго ми се допадна :)
     
    На do-re-mi, sweet-cherry и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Натаниел Хоторн - Ќерката на Рапачини
    4/5
    Дали нејзиниот парфимиран здив е отровен? Дали таа е демон? Овие прашања си ги поставува главниот лик во оваа кратка приказна од Натаниел Хоторн.
    Интересна книга, бајка помешано со хорор, ја исчитав во еден здив.
     
    Последна измена: 14 септември 2017
  4. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    https://www.goodreads.com/book/show/680596.Der_Sandmann
    Песочниот човек - Е.Т.А Хофман
    Важна кратка новела која истовремено е класика и важна во светот на фикцијата.
    Натаниел, чие детство е облак кој го обвиткува во обликот на Песочниот Човек, отелотворен во адвокатот Копелиус, е роб на својот замислен страв кој дозволува да му се проткајува во животот. Не може да ужива во секојдневието ниту пак во љубовта со интелигентна, по малку студена но благородна жена, по име Клара.
    Наскоро судбината наметнува уште еден лош удар и пресврт во неговиот живот, што ќе се случи со Натаниел?
    5/5
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам- Гијом Мисо

    Втор пат ја читам книгата, еднаш мноогу од дамна и сега втор пат. Возбудлива приказна. Приказна за изгубената Лајла, ќерка на Никол и Марк. Конор, страстен познавач на последните откритија на науката за невроните и пионер на анализата на биолошките причини за депресија, лик без кој романот би ја немал онаа возбуда...

    Препорачувам, ја прочитав за еден ден(y)
     
    На vanna и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Пауло Коелјо Ангелот чувар

    Оаза на мудрост, така би ја нарекла. Ја читаш и во еден момент ќе те штрекне, па тоа е така ќе си речиш, ќе те свести за некој работи. Книгата е одлична.
     
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    The blonde Echbert 3/5
    Kniga vo koja se spojuvaat fantasticnoto, gotskoto i realnoto. Na eden del pocuvstvuvav kako me lazat mornici po rbetot. Dali e ludilo, dali e vistina?
     
  8. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Цената- Марко Семов

    Оваа книга малку тешко се чита, авторот оди во премногу непотребни детали и објаснувања. Сепак, за разлика од други книги кои сум ги читала, обемни, детални и на крајот без некаква специјална цел (Перл Бак на пример), крајот и суштината на оваа книга ме воодушевија. Накратко, се работи за Валери, млад кардиолог од Бугарија кој оди во Париз за да го оствари својот сон- да стане европски кардиохирург, истовремено оставајќи ја неговата сопруга Маја во Бугарија. Негова најголема желба е да се качи на Ајфеловата кула, која за него беше бог на убавината, културата и уметноста- најзначајното за него, меѓу сите свои духовни знаменитости. Токму вака и почнува приказната, седнат на клупа пред кулата, со 45 франци во себе но, картата чини 50 франци... Случајно во метрото ја сретнува Женевиев, жена која работи чистачка во душевна болница, па благодарение на неа се сместува да ги помине ноќите таму, а подоцна станува прислужник,метач, хигиеничар.. Да не откривам многу, книгава ја покажува всушност цената на емигрантскиот сон и европскиот цинизам. Цената е платена, но продаден ли е животот?

    Препорачувам 4/5
     
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    За љубовта и другите демони- Г.Г.Маркез

    Приказна за 13 годишно девојче со долга црвена коса и кожа од свила, се верува дека добила беснило, првично добива медицински третман, за на крај да заврши со суровите методи на ексорцизам во женски манастир.
    Забранетата љубов со 36 годишен свештеник ќе ги одведе и двајцата во пропаст.
    5/5
     
    На piglet1, Mayyya, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    „Раскажувачката“ - џоди Пико

    Сејџ Сингер е млада девојка која ноќите ги поминува во пекарницата каде работи, криејќи ги од светот лузните што ги носи на нејзиното лице. Таа се спријателува со 95 годишниот Јозеф, пензиониран наставник, старец кој ужива голем углед во местото каде што живеат. Еден ден, тој ја замолува за услуга - да го убие. Пред да ја одбие неговата молба, Јозеф на Сејџ ѝ ја раскажува приказната за неговиот живот, за да ѝ докаже зошто заслужува да умре. Како поранешен офицер во концентрационите логори во нацистичка Германија, тој за своите злодела бара прошка од Сејџ чија баба Минка го преживеала Холокаустот.

    Книгава... Ах, книгава. Растажи е премногу мал збор за да објаснам каква бура од емоции ми предизвика. Ме трогна до солзи, ме скрши, ме распарчи! Некое време откако ја прочитав не можев да си ја соберам душата и да ги средам импресиите, за да седнам и напишам критика.
    Одбегнувам книги кои раскажуваат за толку тешки периоди од историјата, зашто знам како ќе ги доживеам, ама овојпат и не знаев во што се впуштам. Обично читам коментари на goodreads, ама сега единствено ја прочитав кратката содржина на задната корица, каде што воопшто не се спомнува таа тема. Веќе бев премногу навлезена во книгата кога сфатив за што се работи и некако не сакав да ја пуштам од раце.

    За Џоди Пико имам поделени мислења - некои нејзини книги многу ми се допаднале, ама некои сум ги оставала недочитани. „Раскажувачката“ дефинитивно ја сместувам на врвот! Беше приказна во приказна. Не знам што попрво да пофалам... Ликовите беа прекрасно изградени, толку топли, толку допадливи, што веднаш почувствував како се врзувам за нив. Минка ме воодушевуваше, нејзината борбеност, истрајност, нејзината мила душа која после сè проживеано, не беше извалкана ни со најмала трошка гнев и желба за одмазда. Татко ѝ на Минка, кој со својата насмевка и ведрина, ѝ пркосеше на сета несреќа на светов. Дарија, чие пријателство со Минка беше една нераскинлива врска преплетена со бескрајна љубов и грижа. Несигурната Сејџ, која се пронајде себеси преку трагичната приказна на баба ѝ, па како да излезе од школката во која ја криела од сите. И на крајот Ања и Алекс, кои колку што беа фиктивни, толку беа и реални.
    Раскажувањето ме носеше во некоја друга димензија, како јас самата да бев присутна на сè она што се случуваше. Ги чувствував сите мириси, вкусови, се движев низ приказната заедно со главните ликови, ја доживував секоја нивна радост, болка, страдање. Стилот на пишување беше толку сликовит и волшебен, а зборовите толку убаво нанижани како бисери, што и во најсуровите и најтрагичните моменти, имав чувство дека читам поезија.

    Можеби очекував поинаков крај, имав други варијанти во глава, ама не можам да најдам никаква забелешка на тоа како Џоди Пико решила да ја заврши оваа прекрасна приказна. Ќе кажам само дека имаше еден мал детаљ кој го забележав во текот на читањето и преку кој открив значаен дел од завршницата, па си се запрашав дали случајно е испуштен или намерно е оставен. Па си замислувам дека можеби, само можеби, Џоди сакала да остави една мала ситница, како подарок за читателите кои најмногу навлегле во нејзината приказна :wasntme:

    Ретко оценувам книги со 5 ѕвездички, ама тука не се штедам. Ја препорачувам.
     
    На Marossa, do-re-mi, Mayyya и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Последна ни до пола прочитана книга - ,, Портокалова е новата црна ,, од некоја си white privilege плава лигла која си нема поима од животот, а камо ли од опишување на истиот у пишана форма.

    Кратка критика - Сра*е
     
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Хофман - Фантастични раскази 5/5 (класик)
    Книга со музиката како муза и научната фантастика како ѕвезда водилка.
     
    На Briar Rose и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    After I Do - Taylor Jenkins Reid

    [​IMG]

    Ќе бидам искрена и ќе кажам дека прво нешто што ме привлече кај книгава беше корицата :wasntme: Па уште и во комбинација со насловот, веќе имав претстава за што се работи :) Откако ја прочитав кратката содржина и позитивните коментари на goodreads, се одлучив да ја прочитам. Ми требаше нешто лесно и лабаво после „Раскажувачката“ и мислам дека баш добро ми дојде.

    Лорен и Рајан се заедно уште од своите тинејџерски години и отсекогаш верувале дека се створени еден за друг. Чекор по чекор, тие заедно растат и учат што сакаат во животот, и со здружени сили градат заеднички живот. Кога веќе ја почнуваат втората деценија заедно, двајцата согледуваат дека нешто во нивниот брак одамна не е како што треба. Разговараат сè помалку, се караат сè почесто. Страста се намалила, љубовта почнала да згаснува, за во еден момент да сфатат дека повеќе не се поднесуваат. Сепак, во обид да го спасат бракот, решаваат да си дадат една година сами на себе, без воопшто да се гледаат и контактираат. Од тој момент, Лорен и Рајан се соочени со клучното прашање: Дали таа година ќе ги зближи, или ќе ги раздели? Дали ќе им ги врати чувствата и ќе сфатат дека не можат еден без друг, или среќата ќе ја најдат на друго место.

    Вака генерално би кажала дека книгава е добра, но не е ништо посебно. Ама па од друга страна, ме заинтересира доволно за да ја читам во секој слободен момент и постојано сакав да знам како ќе тече приказната понатаму. Мислам дека генерално импресиите ми се такви затоа што ја читав веднаш после „Раскажувачката“ која е толку моќна книга, што мислам дека секој друга после неа ќе ја засени.

    Во книгава ми недостасуваа неколку работи. Прво, има книги во кои љубовните врски се толку добро опишани, што јас самата се вљубувам во нив и премногу се соживувам со сè што им се случува. На пример во One True Loves, што е книга од истата авторка, толку добро беше доловено тоа, што знаеше на моменти да ме расплаче. Овде како да ми фалеше простор за да ги засакам Рајан и Лорен, т.е. да ја засакам нивната врска. Некако многу брзо имаше скок во нивните брачни проблеми. Второ, ми фалеше дел од Рајан, како да го запознававме само од призмата на Лорен, затоа што целата книга е раскажана од нејзина перспектива. Рајан буквално исчезнува, тук таму се провлекува некој момент, ама тоа не ми беше доволно за да го запознаам како лик. Исто така не ми се допадна што поглавјата некако беа кратки, како приказната да беше расцепкана, наместо да тече слободно.
    Инаку другото ми се допадна, имаше комични моменти, симпатични ликови и убави цитати. Многу ми е интересно кога низ читањето ќе ми се залепи некој актер за одреден лик, едноставно така ми доаѓа, без да мислам премногу, само ги спојувам несвесно. Па така Чарли, помалиот брат на Лорен, од старт си го замислив како Clark Duke кога играше во Sex Drive :D Стварно не знам зошто :lol:

    Од мене тамбс ап за книгава ако сакате лесна љубовна приказна со убава поука :)
     
    На teonaswanderlust, sweet-cherry, Mrs.Brain и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Кодот на Да Винчи од Ден Браун

    Преубаваа
    Експлозивна комбинација на расеан трилер,есеј за историјата на уметноста и религискиот симболизам-мистериозни убиства, фасцинантни езотерии што настанувале во текот на историјата на Западот, природната насмевка на Мона Лиза,тајните на Светиот грал...
     
    На elen4e22 и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Кај ја има книгава?
    Последна прочитана Криј се од Лиса Гарднер. После ЈАс те сакам повеќе, конечно налетав на нешт нејзино. Ја прочитав за два дена со две мали деца а има скоро 500 страни. Одличен трилер.
    Анабел е девојка која цел живт бега од нешто а не знае од што. Кога почнува нов живот без своите родители, во весник е прогласена за мртва. Се открива страшен случај на кој работи детективот Роберт Доџ. Анабел решава овој пат да не бега, да се соочи со опасноста која ни сама не е свесна колку и е близу. Препорачувам.
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Меда989

    Меда989 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Само што го завршив последното продолжение од „Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“, „Библиотека на души“. Фантастична авантура, жал ми е што нема четврти дел :(
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    А вториот дел како се викаа?
     
  18. Меда989

    Меда989 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Градот на чудовишта
     
  19. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.218
    Пол:
    Женски
    Градот на чудовишта. Предобар! Третиот дел не знаев дека го има на македонски, да си го набавам.
     
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Меда989

    Меда989 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Првиот и вториот ги читав на македонски. Третиот на хрватски, но слушнав дека излегува на македонски наредната недела.
     
    На pravnicka_2604 и Mrs.Brain им се допаѓа ова.