1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Murder on the Orient Express од Agatha Christie.
    Во ноември излегува истоимениот филм базиран на книгава, јас секогаш сакам да ја прочитам книгата пред да го гледам филмот, а и онака предходно имав прочитано неколку дела од Кристи, па ја читнав и оваа набрзина.
    Непогрешливо за стилот на Кристи, книгата е полна неизвесност и прикриена логичност која не ти дава да ја оставиш од рака.
    Во возот во кој се наоѓа детектив Херкул Поаро се случува свирепо убиство. На прв поглед ниеден од другите патници нема мотив да го изврши убиството, но не е сè така како што изгледа. Крајот беше голем пресврт кој не го очекував, но пријатно ме изненади.
    Како и секое од делата на Кристи - препорачувам.
     
    На Ladu in pink, MayDiamonds, carangigia и 8 други им се допаѓа ова.
  2. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Или ти, или никој
    од: Сузан Е. Филипс
    Што ако една жена што си нема поим од спорт наследи професионален рагби тим? Чикаго дефинитивно не е подготвен за Фиби Сомервил, празноглавата секс бомба што го презема саканиот тим на градот.

    А Фиби дефинитивно не е подготвена за главниот тренер на Старс, Ден Калебов, агресивниот бивши рагбист кој има само една работа на ум – победа на секое поле. Калебов е еден од оние мажи кои најмногу ја плашат. А новата секси шефица е една од оние жени кои Ден најмногу ги презира – приглупа убавица што не разликува магаре и музика.

    Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?

    Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија.

    Уште една прекрасна романса од Сузан.
    Книгата ја прочитав во еден здив.
    Лесна за читање и едноставно не ти дава да ја оставиш. :D
    Препорачувам.
     
    На Ladu in pink и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    Клуб на прељубници - Тес Стимсон

    Николас е грижлив сопруг згоден адвокат за бракоразводни парници кој ја обожава својата жена и трите ќерки. Сара Каплан е совршена заводничка сексипилна млада адвокатка која е уморна да биде осамена. Малинче Лион е совршена сопруга и понатаму убава, писателка на популарни готвачи и мајка на три прекрасни ќерки.
    Николас кој е луд по својата жена, сосема неочекувано започнува да мечтае по Сара. Таа почнува да кокетира и да си поигрува со него, а Малинче почнува да се соочува со сопствените предизвици.
    Некогаш среќно оженет човек и две сосема различни жени ќе дознаат како е кога ќе се исполнат најсмелите желби и кога секој од нив ќе го добие она што го заслужува.

    Книгава е добра, лесна за читање и ја прочитав за брзо време. :)
     
    На Тетка Биберче и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  4. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    "Загубената ќерка" од Дајен Чемберлен

    Во 1977 год. бремената Расел исчезнува. 20 години подоцна се пронајдени нејзините посмртни останки и Тимоти Глисон е обвинет за убиство. Сепак,нема никаква трага од нејзиното неродено дете.
    Сиси Вилкис знае како умрела Расел - затоа што таа била таму. Исто така, знае што се случило со исчезнатото бебе,затоа што пред две децении напрсвила застрашувачки избор и решила да го одгледа бебето сама.
    Сега Тимоти Глисон де соочува со смртна казна,ама Сиси треба да направи уште еден избор. Да ја каже вистината и дс го униште семејството. Или пак, да дозболи да умре невин човек,за да го зачува животот полн со лаги.

    Ако ја каже вистината,ке ја загуби својата ќерка.
    Ако живее со лагата,ке се загуби себеси.
     
    На vanna и Касија им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Copycat - Alex Lake
    [​IMG]

    Сара е психијатар кој живее во едно мало гратче со својот сопруг и три деца. Нејзиниот мирен и хармоничен живот ќе добие пресврт кога таа на фејсбук ќе открие нејзин лажен профил кој е преполн со слики и објави од нејзиното секојдневие, за кои таа не ни знае дека постојат. Некој упорно ја следи каде и да оди, ја фотографира, испраќа мејлови од нејзино име и порачува книги за ментални болести од нејзиниот Амазон акаунт. Работите излегуваат од контрола кога некој ќе почне да остава пораки во нејзино име со нејзиниот ракопис, што ќе го разниша нејзиниот брак, пријателствата, за во еден момент Сара да почне да се сомнева самата во себе.

    Очекував дека книгава ќе биде од оние што ќе ме остават без спиење, затоа што не ќе можам да ја испуштам од раце. Испадна да го развлечкам читањето и едвај да соберам сили да ја дочитам. Ме изненадија високите оценки на goodreads, па затоа и очекувањата ми беа високи. Ама на крајот ме разочара.

    Идејата не е толку лоша, впрочем, покрај високата оценка ме привлече и кратката содржина, ама сепак реализацијата беше промашена. Беше некако... усилена. Имав чувство како неизвесноста да е вештачки наметната, во стил: Леле, кој ли може да биде? Кој ли можел да направи лажен фејсбук профил? Ах, леле, кој го направил тоа? |( Како кога мали деца сакаш да ги заинтересираш со некоја приказна - е баш такво беше раскажувањето. Некои работи дури и премногу се повторуваа, до степен кога веќе наместо интригантни, беа крајно иритантни. Ликовите беа загрижувачки прости и наивни. Прави идиоти! :punch: Да биде иронијата поголема, додека во текот на целата приказна беа clueless за сè што се случува, после во буквално една секунда како да се просветлија, па ги решија проблемите во две-три страни |( Крајот сосема очекуван, веќе видено, ни трошка од оригиналност. Интересот за книгава ми замре уште во првата третина од неа, а неизвесноста падна во првата половина, кога веќе знаев кој стои зад сите сплетки и претпоставував како ќе заврши.

    Не знам зошто трошев време да ја напишам критикава, исто како што не знам зошто упорно ѝ давав шанса на книгава и се решив да ја прочитам до крај. Лесно ги оставам книгите што не ми се допаѓаат, ама те, изгледа овојпат мислев дека оваа ќе ме изненади позитивно, дека нешто ќе се смени, дека и покрај идиотските ликови и лошиот начин на раскажување, ќе има нешто што ќе ми се допадне. Ама не беше така. Затоа ѝ давам една шашава двојка и толку од мене.
     
    На cresa-jagoda, Mishela и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. teonaswanderlust

    teonaswanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    'Origin' од Ден Браун,

    Како голем фан на сите негови претходни дела, морав да ја прочитам и неговата најнова книга. И искрено ептен се разочарав...Во книгата се работи за бивш студент на професрото Лангдон, Едмунд Кирш. Која најавува откритие кое ќе го промени светот, ќе даде одговор на прашањето од каде доаѓаме и каде одиме. Пред да го објави неговото откритие Кирш ке биди застрелан на самиот настан. Лангдон заедно со директорката на Гугенхаим ќе тргнат да ја пронајдат шифрата на Кирш со цел да го објават неговото откритие.

    Првите 200 страни се толку многу повторувачки, буквално ништо не се открива, се тапка во место цело време. Целото откритие на Кирш и целито расплет се случува во 20 страни, и се е некако натрупано во тие 20 страни. Очекував многу повеќе од книгата, има интересни делови но претходните книги му се далеку подобри.

    [​IMG]
     
    На macalavica и elimkd им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Седумте сестри - Лусинда Рајли

    Книгава ја купив како мачка во вреќа - без прочитана кратка содржина, оценки, или било какви коментари и критики. Едноставно, решив да верувам во Лусинда, зашто барем досега - не ме разочарала.

    „Седумте сестри“ е првиот дел од серијалот од седум книги, секоја од нив посветена на една од сестрите. Првава книга ја раскажува приказната на Маја. Таа заедно со нејзините сестри се враќа во семејниот дом во Швајцарија, откако дознаваат дека нивниот татко, кој ги посвоил кога биле бебиња, ненадејно починал. За секоја од нив, таткото оставил писма како почетна точка од која тие можат да тргнат да го бараат своето биолошко семејство. Писмото ја носи Маја во Рио де Жанеиро, во потрага по своите корени.

    Книгава беше едно многу убаво патување низ интересна приказна, маестрално раскажана :) Отсекогаш ми се допаѓал стилот на Лусинда, секогаш е доволно детална за да ја долови целосната слика, но не премногу за да биде досадна. Во глава ми се одвиваше цел филм додека ја читав и секоја сцена ми беше многу лесно да ја замислам. Приказната ме носеше од сегашноста во минатото, од Швајцарија, во Рио и Париз, од Маја до Изабел, нејзината прабаба. Ми се чини дека немам читано книга од Лусинда во која нема историска жичка :) Ама секогаш многу успешно го прави спојот меѓу две временски рамки. Стандардно за нејзините книги - и во оваа имаше многу ликови чии животни судбини беа испреплетени една со друга. Секоја од нив беше интересна, оригинална и нималку предвидлива.
    На почетокот ми се вртеа многу прашања низ глава, имав многу нејасни работи, ама како што привршуваше книгата, така работите се местеа на свое место и веќе сè стануваше многу логично :) Единствено не ми се допадна тоа што крајот не одговори на сите прашања, туку беше оставен простор за останатите книги, па сега ќе морам и тие да ги читам :D Веќе се пуштив во потера да ги најдам онлајн, ама во секој случај засега ќе одморам малку од оваа приказна.

    Патем, морам да го пофалам и преводот (y) Беше вистинско задоволство да читам на македонски јазик. Од Матица порано имам читано многу лоши преводи, ама книгава е исклучок. Ја препорачувам.
     
    На Касија, macalavica, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Загубената ќерка - Дајен Чемберлен

    Кога немам идеја што да читам и ништо не ми фаќа око од книгите што ги листам на goodreads, секогаш ја бирам Чемберлен. Ете до толку ѝ верувам. Веќе си ја ставив во киндлот нејзината последна книга, ама ќе почека малку, сега друго ми е на ум :)

    „Загубената ќерка“ ја раскажува приказната на Сиси Вилкс - наивна шестнаесетгодишна тинејџерка, која завршува вплеткана во киднапирање на Женевјев - бремената сопруга на гувернерот Ирвинг Расел. Причините кои отпрвин ѝ се чинат добронамерни, а планот кој првично делува толку лесен и безболен, прераснува во хаос во моментот кога Женевјев почнува да се породува додека е држена во заложништво. При породувањето таа губи премногу крв и набргу умира. Држејќи го нејзиното новороденче, Сиси се соочува со дилемата што ќе прави понатаму - прашање од кои ќе ѝ зависи целиот живот.

    Многумина ја имаат прочитано книгава, а ако евентуално не сте ја читале и ве заинтересира доволно за да ја прочитате, тогаш мислам дека кратката содржина што ја напишав овде ви е сосема доволна за да знаете што се случува. Тоа што го пишува на goodreads и на задната корица, јас го прочитав отпосле и мило ми е што не го направив тоа пред да почнам да ја читам, зашто мислам дека открива премногу. Вака ми е беше многу понеизвесно :)

    Што да кажам за Чемберлен... секогаш со интересни приказни кои од старт ти го држат вниманието, убаво изградени и многу допадливи ликови со кои читателот лесно се поврзува, одличен стил на раскажување кој тече толку глатко, што страниците летаат една по друго без да ги почувствувате. „Загубената ќерка“ беше приказна која поттикнувајќи многу морални дилеми, зборува за моќта на мајчинската љубов, за жртвата која една мајка е спремна да ја даде, но и за тоа дека поврзаноста на едно семејство е многу повеќе од делење на иста крв.

    За жал, ова беше еден од лошите преводи на Матица. Штета што толку убава приказна на нашите читатели им е пренесена преку толку лош превод, па ако сте во можност, ве советувам да ја читате на англиски. Мижев преку некои збориња, а за одредени реченици можев да си замислам како е во оригиналната верзија, па така некако си го правев читањето поудобно :)
    Во секој случај, ја препорачувам.
     
    На vanna, Касија, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Чичко Горио - Оноре де Балзак

    Дело што ми беше за обработка за школо, секако не сум приморана со сила да читам, но ова го ставам помеѓу 5те најдобри што сум ги читала што биле од школо препорачани досега во овие 11 години учење. :rofl:

    Стварно безвременски класик, преку него доволно може да се сфати дека од 1800тите и сега, па и нешто многу и не е сменето општеството.
    Мислам дека скоро сите знаете каква книга е ама сепак ќе си напишам од личен аспект како ја доживеав :)

    Се работи за Чичко Горио, кој порано бил многу богат, кој има 2 ќерки и прави се за нив, но откако ќерките му ги потрошиле парите, воопшто не се грижат за него, ниту го бараат. Живее во пансион, во ужасни услови.
    Ежен де Растињак е исто така помеѓу главните ликови, тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и има цел да стане богат и да влезе во тие богати друштвени кругови. Прави се за да ја оствари својата цел.
    И покрај тоа што во него има добри карактеристики неговата цел и желба преовладуваат со него :)

    Крајот го поврзав со личен настан т.е со смртта на дедо ми, па поради тоа книгава ми прирасна ептен за срце и дури заплакав. Целата смрт на Горио, каков тажен погреб имаше и колку добро беше опишано се. ;(
     
    На Florenсе, Касија, pravnicka_2604 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    Ехо на љубовта - Хана Филдинг

    Длабоко разочарана од љубовта, Вениша заминува во Италија и таму почнува нов живот. Но, кога една карневалска вечер во Венеција таинствениот Паоло ја спасува од маскираните напаѓачи, нејзините заспани чуства ќе се разгорат со силен пламен. И покрај многубројните озборувања и угледот на Паоло како женскар, Вениша, сепак, не може да се спротистави на таинствениот маш штоќр успее, да ги отклучи сите капии до нејзината душа.
    Кога ќе добие нов проект во величествената куќа на Паоло во Тоскана, Вениша ќе биде принудена да се соочи со низа тешкотии што се закануваат да ја доведат во опсаност нивната романса.

    Доста романтична книга, локацијата сместена во најромантичниот град во Италија, но при крјот книгата не ми се допадна бидејќи Паоло всушност бил бившиот дечко на вениша Џек коишто се здобил со повреда и го загубил помнењето. И баш тоа не ми се допадна бидејќи толку Вениша не можела да го познае Џек, божем за 10 години толку многу се сменил.
     
    Последна измена од модератор: 2 декември 2017
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The stolen marriage - Diane Chamberlain

    Тес си го има испланирано целиот живот заедно со нејзиниот свршеник, кој е и нејзината најголема љубов.
    Но една ноќ е доволна за сите планови да пропаднат во вода. Таа мора да го остави свршеникот и сите што ги познава и да се снаоѓа сама понатаму.

    Нема утка со Чемберлен, книгата не се остава. Ликовите се одлично изградени, книгата е базирана дел на нешто што навистина се случило и е одлично истражено.
    Топла препорака.

    @AnaKarenina те чекам со мислење за новата од КоХо, прочитав и многу лоши критики, па се премислив за читање.
     
    На Касија, Victorian, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @RainBow јас и ти со исти книги периодов :D Оваа од Чемберлен ми е на листа, веќе ставена на киндл, а сега кога прочитав позитивни критики и од тебе - дефинитивно ми е следна за читање :)
    А за новата од КоХо... До 81% сум, бев премногу excited за да ја прочитам, изненадувачки има многу позитивни коментари. Цело време чекам некој момент да ми ги смени импресиите, ама веќе сум при крај, така што не верувам тоа да се случи. Дури не знам ни што би пишала во темава како кратка критика. Јас би ти рекла да одбереш нешто друго :(
     
    На Victorian, cresa-jagoda и RainBow им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски

    Книгата е всушност разговор помеѓу читателот на книгата и Спиноза роден во 17ти век

    Осамениот Спиноза дава испивед за својот живот, своите скриени мечти, различното слободоумно размислување нетипично за периодот во кој живее.

    Филозофска книга која се чита во еден здив
     
    На Mayyya, toogood, Novecento и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]

    Ништо посебно всушност, благо разочаран сум, многу ми беше предвидлива книгата и текот на настаните, веќе видено, корицата пак на книгата нема никаква врска со содржината, онака баш е рандом.
    Изчезната жена, главен осомничен сопругот, споредна приказна е работата на сопругот како новинар, како очаен обид да се сврти вниманието за да не биде очигледна приказната. Единствено ми се допадна крајот, само тој беше реалистичен. Од мене оценка 2,5 од 5.
     
    На vanna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик-Гијом Мисо
    Ја прочитав во еден здив.Не ме разочара во ниту еден момент.Дефинитвно се најде на листата на мои омилени книги.
    На аеродром во Њујорк случајно ќе дојде до замена на мобилните телефони на Мадлин и Жонатан.Кога ќе го сфатат тоа,ќе бидат оддалечени илјадници километри. Љубопитноста од тоа да се ѕирне во туѓата приватност,ќе доведе од почеток кој ветува романтична комедија,до дејство во кое се развива напнат трилер.Дали нашите телефони се наш мал дневник? Какви тајни може да крие еден телефон? Колку од нашите мрачни тајни се содржани во нашите телефони? Дали е во ред да се копа по туѓа приватност?
    10/10
     
    На vanna, Касија, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]

    Mnogu, mnogu razocarana od Lucinda.
    Od koga zenava pocna da pisuva ljubovni romansi.
    Odvaj gi pominav 500st., borba bese toa.

    How is the King? (facepalm)
    Tesko deka vo narednava god. ke citam nesto od nejze. ]:)
    Da e moja knigava ke leta preku prozorec.

    Morav da go kazam svoeto.
    Probaj te , mozda na Vas ke vi se dopadne. :|
     
  17. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    img362_369012831.jpg

    Колку далеку би можеле да отидете за да го пронајдете човекот од вашите соништа?

    Ромили Паркер е жена што се упатува токму на таква мисија. Во последната сабота пред Божиќ, Ромили има ненадејна, кратка средба со прекрасен странец, кој можеби е човекот од нејзините фантазии.

    Дали Ромили ќе го најде човекот од нејзините соништа?
    Дали вистинската љубов може да биде поблиску отколку што очекувате?


    Мене многу ми се допадна книгата и ви ја препорачувам. Се се одвива од Божиќ до Божиќ и се е во една година. Додека Ромили го бара странецот во меѓувреме се случуваат и сосема неочекувани пресврти на настаните.
    @toogood слободно ја зимај не и се мисли, супер е книгата. :)
     
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Blagodaram
    Obavezno ke ja procitam otkako ke ja zavrsam veke pocnatata.
     
    На lovely97 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]

    Bogata istoriska novela prepletena so nastan koj povrzuva tri glavni karakteri.
    Prikaskata se vrti okolu mrtvo telo pronajdeno vo bagaznikot na edna kola.
    Zad seta ovaa prikaska stoi istorijata na dlaboko korumpirani vladi na Juzno Amerikanski zemji, isprepleteni sudbini,skrseni srca, izgubeni deca i enormni stradanja kako rezultat na socialistickite dvizenja, familii raspadnati, sverc na luge koj ocajnicki sakaat da gi napustat ovie zemji i zaminat vo Amerika,.......vodejki go citatelot od Brooklyn do Guatemala, Chile, i Brazil.
    Knigata vo isto vreme e misterija i romansa napisana od pisatelka so neverojaten talent.

    5/5
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    One True Loves - Taylor Jenkins Reid
    Ух, книгава не ми се допадна. Многу сакав да ми се допадне, бев спремна за супер книга, ама за жал не. Не беше досадна, ама ликовите беа сите мех. А баш имаше потенцијал со кратката содржина.

    Ема е вдовица, сепак по неколку години се свршува за Сем, човек кој навистина го сака. Но една вечер еден телефонски повик менува се. Сопругот, нејзината прва, најголема љубов, кој го сметаше за мртов, ја преживеал несреќата. И ја сака назад.
    Ох, што сега ќе прави Ема? Каква невозможна ситуација, нели?

    Ликовите ми беа крајно еднодомензионални. Како да одбереш помеѓу двајца мажи кои се совршени и те сакаат бескрајно? Е како де, една маана немаа, перфекција и двајцата. Како излезени од уа новела.
    Ема неодлучно кутре, трча кај едниот, му вика го сака, трча кај другиот му вика го сака, го бацува, не знам колку пати очи превртев. Предвидлива крајно, што и не е изненадувачки за овој жанр, но барем ликовите да беа интересни.
    Пишувањето исто не ми се допадна, како префорсирано да мора да има нешто deep and meaningful. Крајот веќе се повторуваше неколку пати. And it's ok, and it's ok, and it's ok. Добро, сфативме.
    Знам на @AnaKarenina и се допадна, bit it's a no from me. And it's not ok.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.