1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Има ли логика да ја читам ..Заточеник на небото.. ако ја немам прочитано .. Сенката на ветерот.. Зафон ?
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Никој ли ги нема прочитано книгите?8-|
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    33275690.jpg

    foolish hearts од emma mills
    4.5 / 5 :*:

    Многу кјут книга, се изненадив што ми се допадна бидејќи обично сакам комплицирани книги, а не лесно читливи книги чии дејства се одвиваат во средно школо и што се клише, но уживав читајќи ја? Имаше женски пријателства, без главниот лик да slut-shame некоја пријателка или да понижува, и имаше многу girls supporting girls што баш ми е убаво кога ке читам :inlove:
    И романсата беше онака, типична, Гидеон беше сладок, ми го освои и мене срцето.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.747
    Пол:
    Женски
    A Colors of Magic by Terry Pratchett
    [​IMG]
    4.5/5
    Иако не можам да му дам оценка пет, едноставно не ми иди, книгава (и следната сестринска книга која ја прочитав), се одлични! Накратко се како пародии на магични книги.
    upload_2018-2-26_12-15-44.png
    Во книгата, дејството се одвива во Diskworld (каде што сите книги се дел од истиот свет) каде Земјата во суштина е рамна, Боговите и деми- Боговите се вистински и дел од нив се движат меѓу луѓето. Смртта постои како еден вид на човек и волшебниците ги зема лично таа, а малите демони ги убиваат останатите луѓе. Тоа е така зошто постои посебна боја која не секој човек можи да ја види, туку само тие кои се волшебници. Посотјат и тролови, самовили, ама баш се што ќе ви падни на памет. Некои објаснувања се дури и бизарни и книгата е мала, околу 200 страни, ама и згора на тоа е доста лесна за читање - одма се чита. Рамната Земја се движи онаму каде што големата желка која се вика Големиот А'Туин, посакува. Тоа е прашање кое никој филозоф не можи да го одговори. Покрај големата желка, Над неа и меѓу плочата - има уште четири слонови. Водите паѓаат слободно во универзумот исто така, и постои Креатор.
    Ова малку историја за светот е, а многу малку за книгата, но важно е да се знај дека главните настани се случуваат околу пропаднатиот волшебник Рајнсвинд и првиот и единствен турист на плочата - Twoflower.
    Книгата, длабоко ја препорачувам, па со тек на време се надевам ќе ги прочитам сите други.

    Читај ги со ред:
    Прва
    Втора
    Трета
    Книгите ми се едни од омилените.
    Другите книги, кои не се овие трите, мислам и дека не се поврзани меѓусебе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    @theowndemon тоа сакав да знам, дали се поврзани бидејки немам читано ништо од Зафон, ја зедов заточеник бидејки само неа ја имаше...ти благодарам за одговорот.
     
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Тунел од незаменливиот Петре М.Андреевски
    Потресна приказна за наставничката Невена и нејзиниот живот.Љубов,страст,емоции,зависност од алкохол и неговите последици.Вреди ли секогаш да се слушаат родителите кога станува збор за одлуки што само ние треба да ги донесеме.Победува ли љубовта секогаш,треба ли да се откажеш од семејството за љубениот.Дали светлото на крајот од тунелот секогаш значи излез или само воз кој доаѓа накај тебе...
     
    На poenta, kankus, Касија и 7 други им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    The twilight wife-A.J.Banner
    Жарн: мистерија, драма
    Оценка:2.5/5

    По несреќа и повреда на главата Кира има амнезија и не ги памети неколкуте години пред несреќата, а по несреќата има проблем со краткотрајната меморија, па со својот сопруг одат на изолиран остров за да Кира се одмори. Но иако Џејкоб е совршен и внимателен сопруг, Кира не може да се опушти и почнува да истражува повеќе за нејзината несреќа. Кога меморијата почнува да и се подобрува и враќа во делови, почнува да се сомнева во се околу неа.
    Имав поголеми очекувања за книгата ама не беше ништо посебно. Предвидлива уште од старт.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Многу ме заинтересира приказната, во моменто ја читам, инаку книгава е како да не поминала низ раце на лектор. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    “I Know My Name” – C.J. Cooke

    На еден напуштен остров во Грција, повредена жена се буди без никаква меморија за тоа која е, каде се наоѓа и како воопшто дошла таму. Додека се обидува да го пронајде одговорот на многуте прашања, открива дека не е сама на островот. Се среќава со луѓе кои се обидуваат да ѝ помогнат, но набрзо сфаќа дека тие кријат нешто од неа и дека сепак ја познаваат од претходно.
    Во меѓувреме, во Лондон исчезнува Елоис, мајка на две мали дечиња на која одеднаш ѝ се губи секаква трага. Нејзиниот пасош, кредитните картички и сите нејзини лични работи се во куќата. Семејството на Елоис очајно ја бара, а секоја трага која ја наоѓа полицијата укажува на тоа дека никој не ја познавал доволно добро, па дури и нејзиниот сопруг.
    Рецензијата ја напишав овде :)
     
    На Mishela, smooch, macka91 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Ми звучи интересно. Случајно да не ја имаш во пдф на српски да ми ја пратиш? Фала однапред. :)
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За жал не :( Нова книга е, колку што видов не е преведена на друг јазик сè уште.
     
    На L.TheQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Ќе си причекам тогаш. :(
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. L.TheQueen

    L.TheQueen Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ја имаш на англиски во pdf ако може да ми ја пратиш
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @L.TheQueen еве ја конвертирав во пдф, ќе ја ставам тука ако сака уште некој да прочита :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela, L.TheQueen, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    22.915
    Пол:
    Женски
    Тајна отсонувана во Истанбул од Нермин Јилдирим, ја купив од Матица. Книгата многу ми се допадна, многу е мистериозна цело време, само читаш, читаш и дури на крајот ќе ти се разјасни се. Се работи за семејна тајна која се случила кога Ејуп (кој е главен лик) бил мал. Има еден брат Вејсел и сестра Муесер. Тој го напушта семејството на 14 год кога заминува во интернат да се школува, а потоа заминува во Швајцарија на факултет каде се запознава со Пилар која е од Шпанија и се жени со неа, со која подоцна живеат во Барселона. Прекинува секаква врска со семејството. Еден ден го снемува од станот и неговата сопруга научува дека заминал за Истанбул... И сега доста е :D Вреди да се прочита
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.739
    Пол:
    Женски
    Снеговите на љубовта (Курт Сеит и Шура) - Нермин Безмен

    Книгата ја прикажува љубовта и животот на Сеит, војник, офицер на коњаничката гарда на војската на царот Никојај II Романов, инаку по потекло турчин од Крим и Александра, Шура девојка од руско благородничко семејство. Го опфаќа периодот од царска Русија, Руската револуција, Првата светска војна, нивното запознавање, животот во Русија во тој период, заедничкото напуштање на Русија и потоа нивниот живот во Истанбул и на крај нивната разделба.
    Пишувана е според реални настани и личности, од страна на внуката на Сеит, врз основа на истражувањата и податоците што ги собирала за својот дедо и Шура од страна на нејзината баба Мурвет, сопругата на Сеит и сестрата на Шура.

    Ми се допадна љубовната приказна, историските моменти од Русија во периодот на револуцијата и војната, ми остави впечаток, можеби најмногу дека се работи за реални настани и личности, иако има и некои недостатоци и причината за нивната разделба после се што поминуваат и после толку големата љубов ми беше банална, мислев причина за разделбата ќе бидат различната вера, нивните семејства, но сепак приказната е вклопена од сите истражувања и прераскажани податоци кои ги добила и собирала авторката и е само верзија најблиску до вистинската и реална приказна.
    Книгава ме освои и покрај недостатоците. Оцена: 4/5

    Инаку според книгава, со малку изменето сценарио има снимето турска серија, која играла и кај нас, јас ја немам гледано, но после книгава ме заинтересира да ја погледнам, исто има и втор дел од книгата Курт Сеит и Мурка, кој што сеуште не е преведен кај нас.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Кажи ми те молам каде можам да ја најдам книгава да ја купам?
     
  18. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    "Јас пред тебе" од Џоџо Мојес, почнувам со вториот дел за кратко.. Книгата е совршенство, јас сум воодушевена :shake::shake::shake: Го гледав и филмот насловен исто, исто така е предобар.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.739
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив од Матица, а ја имаше и во Литература.мк, а може и да се порача од Бата прес.
     
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Sunburn-Laura Lippman
    Оценка-2,5/5
    Жарн-крими драма
    Поли е жена што ги оставила сопругот и ќерката и заминува во мало гратче да работи како келнерка. Но ја следи приватен детектив кој се обидува да и се доближи. Поли е необична жена што има интересно минато и никој не знае дали Поли е жртва или сурова, манипулативна и пресметана жена.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.