1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Незаборав -Алисон Ричман
    Оценка 4,5/5
    Жарн: романса
    Дејството се случува во Италија во периодот на Втората Светска Војна и се раскажуваат две приказни за младата музичарка Елоизе и лекарот Анџело. Кој почнуваат како две засебни приказни но понатаму интересно се развиваат. Книгата е полна со емоции, со љубов, но и со страв и болка поради германските напади врз Италија. Во глобала книгата е заразна и не може да ја оставите додека не прочитате што се случило понатаму со ликовите.
     
    На macka91, Mishela, Summerlove@2016 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Елис има убав и среќен живот – момче кое ја сака, одлично уреден апартман во кој живеат заедно и добро платена работа во ординацијата на неговата мајка. Еден ден, таа испраќа писмо до нејзината пријателка, во кое без влакна на јазикот пишува за нејзината идна свекрва. Но, она што почнува како наивна шега меѓу две пријателки, се претвора во кошмар за Елис – следниот утро таа открива дека писмото е пратено до сите контакти од нејзината имејл листа, вклучително и мајката на нејзиното момче. После целиот скандал, Елис останува без момче, без работа и без дом.
    Изгубена и гневна, таа е приморана да почне од почеток. Се преселува во едно мало поткровје во центарот на градот и се вработува како шанкерка во кафе-барот отспротива. Таа набрзо се зближува со Зила – сопственичка на куќата во која живее, 80 годишна ведра бабичка, која има широк круг на познаници и пријатели. Кога Елис почнува да ги запознава блиските на Зила, животот почнува да ѝ се менува.

    Симпатична чик-лит приказна со многу интересни ликови ^_^ Повеќе напишав тука :)
     
    На КикиМаус, Bozica1980, macka91 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. L.TheQueen

    L.TheQueen Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Jа имаш во пдф
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    На macka91 и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    An american marriage - Tayari Jones

    Книгава е излезена во февруари, а веќе има 15000 ривјуа и солиден рејтинг. Но, она што ми го привлече вниманието беше приказната.
    Рој си го живее сонот и си ги исполнува своите животни цели полека, но сигурно. Се додека една ноќ не е погрешно обвинет за силување и осуден на 12 години затвор. Можеби тоа што е црнец има удел во развојот на настаните. Жена му му ветува дека ќе го чека. Но 12 години не се малку, нели?

    На почетокот приказната беше динамична, ми го држеше вниманието, но понатаму некако спласна, како утната палачинка.
    Немав апетит да ја дочитам.
    Не знам што е фамата со книгава, освен контроверзната тема, мене не ми остави впечаток. Раскажана е од три гледни точки, но немаше јасна дистинкција во гласовите, што секогаш ме иритира

    Има една двојка од мене, за првата половина. Толку.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    The ex-Alafair Burke 5/5
    Жарн: мистерија, трилер
    Екс вереникот на адвокатката Оливија е обвинет за тројно убиство и истата има морална грижа на совест да го застапува бившиот поради начинот на кој се разделиле пред 20 години.
    Приказната е интересна и претежно правничка како да се гледа епизода од Suits ili Law and Order. Мислам дека на љубителите на овој жарн и книгата ќе им биде прекрасна.
    Целата приказна е судењето на бившиот Џек и паралелно е вметнат и делот зошто Џек и Оливија се разделиле. Единствено негативно во целата книга е што ликовите не се доволно психолошки и емотивно изградени, дадено е преднос на легалниот аспект. Во секој случај не е за некој што не го интересира правната постапка.
     
    На Scott Weiland, КикиМаус, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми кажеш каде ја има? Или ако ја има PDF?
     
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Those other women - Nicola Moriarty

    Книгава не ме разочара ни најмалку, напротив, воодушевена сум.

    Попи е среќно мажена, со работа која ја сака и најдобрата пријателка од детството покрај себе. Таа е сосема задоволна со она што го има. Ниту Попи, ниту маж и сакаат деца, па среќни се своите одлуки и си го живеат својот живот. Барем Попи така мислеше. Додека еден ден најдобрата пријателка не и соопшти дека се во љубов со мажот на Попи. И дека е трудна од него.

    Попи останува сама, но за нејзина среќа една колешка од работа, Аналис, ја зема под нејзино крило. Двете заедно решаваат да направат група на фејсбук искчучиво за жени кои не сакаат деца, наспроти веќе популарната група на мајки од која тие не можат да бидат дел.
    Од тука натаму веќе ескалираат работите, мајки и немајки, расправии, шпиони во групите, пренесување на виртуелните расправии во реалниот свет, недоразбирања...

    Книгава има што да понуди. Го обработува и опфаќа токму она со кое ние жените се соочуваме, а и сами си го правиме во најголем дел. Се осудуваме. Се делиме на мајки и немајки, се делиме на лоши мајки и добри мајки, се делиме на секаков начин.

    Книгава на површина е забавна, го задржува целосно вниманието, невозможно е да се остави.

    Под површината се кријат топли приказни, неверојатно изградени ликови, една борба со која сите секој ден се соочуваме, притисокот под кој сме постојано, да сме совршени во секоја улога, како жени, како мајки.

    Топло, најтопло ви ја препорачувам, од една страна лесна, забавна приказна, од друга полна со емоции, ќе ве освои без разлика дали сте мајка или немајка, дали сакате деца или не, дали сте мајка која работи или која е дома со децата...

    Има 5/5 од мене и дефинитивно читам уште нешто од сестрава. Мориарти сестри, браво навистина.
     
    На Scott Weiland, КикиМаус, macka91 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    03.jpg
    4/5
    Постојат книги кои се за (скоро) сите возрасти, па постојат онакви кои се за одреден период во животот, и најсетне, постои еден мал дел на книги за кои, освен ако не си имал некаков близок контакт со личности слични на протагонистот, целата фабула ти изгледа апстрактно несфатлива. Кога ја читав прв пат Интимност, немав запознаено такви ликови, на што оваа книга ми делуваше доста хаотична, несфатлива, далечна. Па ѝ дадов шанса за подоцна. И не зажалив.
    Како што еден пријател би рекол, секогаш нѝ се допаѓаат оние книги кои или ги сфаќаме во лична конотација, или на некој близок што му се има случено.
    По мене, книгава бара одреден степен на животна зрелост за да се сфатат сите доблести и фалинки на машката душевна интимност, како и одредената безцелност и талкање низ етапите со блага меланхолија на идеалите кои сме ги создавале во адолесценцијата, а дури во доцната зрелост нѝ е тешко да прифатиме дека истите се минливи.
     
    На Scott Weiland, КикиМаус, bella.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Меган е девојка од скромно семејство која откако го губи својот татко после тешка борба, заминува на колеџ далеку од своето родно место, надевајќи се на нов почеток.
    Лорен е ќерка на американскиот сенатор за Конетикат, родена во богато и моќно семејство, секаде препознавана по нејзиното презиме кое ѝ отвара многу врати каде и да оди. Нејзината бунтовност ја носи во многу неволји, но секогаш некој го чисти нередот зад неа.
    По низа околности, Меган и Лорен завршуваат како цимерки на универзитетскиот кампус. И покрај нивните огромни разлики, тие за брзо време се зближуваат и стануваат неразделни. Летото пред нивната последна година на универзитетот, Лорен ја кани Меган на нивниот приватен остров каде таа престојува со нејзиното семејство. Неколку недели поминуваат во забава и уживање, сè додека една ноќ не се случи нешто страшно. Нешто што ќе ги раздвои Меган и Лорен и ќе го скрши нивното пријателство. После оваа ноќ, тие две прекинуваат секаков контакт.
    По 16 години, Меган е подготвена пред светот да ја открие вистината за она што се случило тоа лето. А таа вистина му се заканува на целото семејство на Лорен.

    Мистериозен трилер кој раскажува за љубовта, пријателството, љубомората, зависта и лагите. Колкава моќ стои зад едно презиме и на што сè луѓето се подготвени за да го заштитат угледот на семејството.
    Повеќе за книгава напишав тука :)
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Полноќна роза - Лусинда Рајли
    Многу убава книга за опуштање, 500-600 страни се читаат во еден здив..ако читам некоја книга и мислам на неа дур мијам садови значи книгата ми се погодила:rofl::inlove:... оваа е баш таква.
    Паралелно се раскажува за минатото и сегашноста..Анахита е убава девојка со посебна дарба наследена од мајка и, може да насети кога ќе се случи некој немил настан, некоја загуба. Ќе се вљуби во Доналд и, иако нивната љубов е искрена и силна ќе им донесе многу болка и страдање.
    Книга која зборува за љубовта, за болката и страдањето во животот, за лажното богољубие, за човечката злоба која може да отиде толку далеку да посегне по сопствената фамилија..
    Топло препорачана од мене..
     
    На shz, Arendelle, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    The Wife- Alafair Burke
    Оценка 5/5
    Жарн: мистерија, драма

    Од истата авторка како и The ex, ама оваа книга е уште подобра, со многу интересен и непредвидлив крај и пресврти во дејството.Сопругот на Анџела е обвинет за силување на две колешки и иако Анџела како сопруга е на негова страна цело време додека трае полициската истрага сите ја советуваат да мисли на себе и нејзиниот син. Но единствено нешто што ја плаши Анџела е да не се открие нејзиното минато и да не се дознае потеклото на нејзиниот син Спенсер. Психолошка драма за љубителите на книги во стилот на Gone girl.
     
    На macka91 и Mishela им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Тајна отсонувана во Истанбул, од Нермин Јилдирим.
    [​IMG]
    (си позајмив слика од фан-страницата на Клуб Матица)

    За книгава немав прочитано ништо, буквално вработената во Матица ме премисли да ја купам и да и дадам шанса - беше на некој попуст и понудата едноставно не смееше да се пропушти, без разлика што немав поим каква би била книгава.

    Навидум наивна љубовна приказна, која говори за стереотипите со кои се соочуваат паровите од различна вера. Но, дали...
    Очекував да прочитам нешто од типот на забранета љубов, пар кој поминал не знам колку планини и мориња за да ја сочува љубовта, но не беше така. Книгава има тотално друг правец и можам да кажам дека ми се допадна, но на моменти имаше толку многу непотребни описи, дури ми се згади и ми дојде да си повратам.

    Приказната се врти околу Пилар и Ејуп, кои живеат во Барселона и имаат совршен живот во очите на другите. Зад затворените врати, тие се борат со сопствените, па и заедничките демони, за да го одржат нивниот брак во живот.
    И тогаш кога Пилар мисли дека конечно ги надминале мрачните времиња, еден ден Ејуп исчезнува од нивниот дом. Буквално го снемува од нејзиниот живот, без никаква претходна најава, а Пилар е избезумена и е во очајни обиди да го најде нејзиниот сопруг за да ја дознае причината за ова негово ненадејно исчезнување.
    Пилар дознава дека Ејуп заминал во Истанбул, па одлучува да оди таму и да ја продолжи потрагата. Заминува со грутка во грлото дека конечно ќе го запознае семејството на Ејуп, не престанувајќи да се прашува зошто тој никогаш не покренал иницијатива да ја запознае со неговите најблиски, ниту пак самиот одржува некаков контакт со нив...

    Ми се допадна начинот на кој течеше раскажувањето. Опфаќа различни теми - семејно насилство во сите облици, брачни „проблематики“, детска психологија, односот помеѓу децата и родителите вклучувајќи ги сите старосни генерации итн.
    Секој лик си има свое поглавје, а измеѓу тече дневникот на Ејуп. Многу ме потсети на „Писмата на госпоѓа Вилма“ од Јелена Б. Алимпиќ, но книгава е светлосни години далеку од тоа клише.
    Сепак, сметам дека некои ликови немало потреба да се вклучуваат тука, зашто нивната приказна и нивната перспектива на гледање на нештата не беше воопшто битна и никако не влијаеше врз ништо понатаму.
    Премногу описи (а премалку пејсажи од Барселона или Истанбул), премногу бруталности, стилот на пишување беше без цензура и авторката очигледно е без влакна на јазикот. Имам замерка за преводот на Македонски, но тоа нема да го коментирам...

    На моменти се згрозував и прекинував со читање, зашто пишуваното беше навистина болно и брутално. Друг пат пак, тонев од срам препознавајќи го менталитетот на нашата поширока народна маса, преку редица ситуации и начини на размислување. Затуцано, затупавено, блесаво, понижувачко...

    Очекував некој поинаков пресврт, нешто ептен бурно што би дало логика на целата таа голгота, но сето тоа беше ептен млако, а крајот очекуван.

    Не можам да кажам дека не ми се допадна, но книгава не ме ни воодушеви, па затоа ја оценив со 3.5/5.
     
    На Scott Weiland, azelea, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Friend - Dorothy Koomson

    Книгава не беше лоша како претходните две, но не беше ни особено добра. Премногу развлечена за мистерија. Крајот исто така не ми се допадна. Најдосадното го ставила во книгата, а најинтересното го изоставила. Што стана со женава и книгиве еве не знам, ама веќе сериозно нема да ја читам.

    Четири пријателки од кои една е во кома во болница. А една од трите веројатно е причината за тоа.
    Ивон Видмор е совршена сопруга, прекрасна пријателка, најдобра мајка,,,
    Нејзините три пријателки навидум се потресени поради тоа што и се случило. Ама само навидум, инаку сите имаат причина да ја мразат и да се среќни што е во кома.
    Сиси се доселува кај нејзиниот маж и слетува во центарот на случувањата.
    Сака нови пријателки бидејќи не познава никој, но се прашува во што се вплеткала спријателувајќи се токму со трите жени.

    Какви тајни кријат жените и кој е нивниот мотив за да и наштетат на Ивон?

    Вака звучи интересно, сплетки, интриги, ама развлеченоста целосно ја убива мистеријата и на крајот веќе бев мех, гајле ми е кој и да е. Интересно ми беше кога конечно дојдов до делот што кријат жениве и што се случило, ама сепак крајот беше незадоволителен.
     
    На violetblue, Scott Weiland и macka91 им се допаѓа ова.
  16. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е соодветно за оваа тема, ако мислат администраторите дека не е, нека ја преместат.
    Инаку гоооолем обожавател сум на книги :inlove: организирам Give Away на Инстаграм, па ако има заинтересирани нека го лајкнат ова ќе им дадам линк за да учествуваат :D Имајте убав ден :l:
     
    На *Ench@nted*, blackpanter и LBNMOP им се допаѓа ова.
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Жарн: драма
    Оценка: 3,5/5

    Интересна драма со добар хумор и баш реално прикажување на денешното facebook општество и во што всушност може да прерасне непромислено пишување на facebook.
    Се работи за две групи на жени -мајки и немајки, односно жени кои не сакаат да имаат деца, кои имаат свои фб групи, но работите од групите излегуваат надвор од контрола кога ке почнат да се пренесуваат и во реалниот живот. Нешто слично на женски домакински муабети група, но како што во домакински муабети има шпиони што прават screenshot, така и овде има шпиони и во двете групи што дополнително ги комплицираат работите.Некако крајот ми беше пренатрупан и набрзина завршен па затоа ми ја наруши оценката, ама се на се добра драмичка со хумор.
     
    На macka91, azelea и Mishela им се допаѓа ова.
  18. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Крвна врска- Сидни Шелдон
    Роман кој ке ве држи во неизвесност до самиот крај..главен лик е Елизабет Рофе, која по смртта на нејзиниот татко семејната компанија ја презема во свои раце. Случајно наоѓа документ во личните работи на татко и, и дознава дека некој во компанијата од најблиските редови и е смртен непријател. Ќе направи се за да го открие, да ја спаси компанијата од пропаст, и да си го спаси сопствениот живот.
    Имам забелешка за самиот крај од книгата, некако многу оскуден е крајот, и ми фалат некои информации за да се заокружат ликовите, сепак се на се убав роман, ми се допадна.(y)
     
    На macka91, Summerlove@2016 и Mishela им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Storm Sister - Lucinda Riley (на македонски преведена како „Сестрата создадена од бура“)
    [​IMG]

    Ова е втората книга од серијалот под наслов „Седумте сестри“, во која Лусинда Рајли ја раскажува приказната на Али. По смртта на нејзиниот татко кој ја посвоил како новороденче, Али добива писмо и еден мал предмет кој треба да ѝ послужи да го пронајде нејзиното вистинско семејство. Од Швајцарија, потрагата ја носи во Норвешка, каде дознава дека нејзиното потекло е врзано за познатото музичко семејство на Ана Ландвик.

    Секогаш кога ќе завршам со читање некоја книга на Лусинда Рајли, имам впечаток дека сум прочитала неколку книги, а не една :D Многу настани, многу ликови и многу испреплетени приказни. Повеќе пишав тука :)
     
    На cresa-jagoda, macka91, bella.s и 3 други им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Don't you want me? - Andrew Lowe
    Жарн: трилер, мистерија
    Оценка: 2,5/5

    Книгата не е баш роман, бидејќи е кратка, 122 страни во мобилна верзија. Прв пат читам од овој автор, но дефинитивно како да фалеа барем уште 10 страни на книгата за да биде комплетна. Ликовите не се разработени воопшто туку главниот фокус е единствено на настаните. Девојката на Сем, Eјми добива смс пораки од нејзиниот бивши, па Сем се обидува да дојде до бившиот и да го предупреди да не и праќа повеќе пораки на Ејми, но бившиот на Ејми е нешто повеќе од бивши.
     
    На cresa-jagoda, macka91 и Scott Weiland им се допаѓа ова.