1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Пале 345

    Пале 345 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    По падот на талибанската власт во 2001 година Дебора Родригез заминува во хуманитарна мисија во Авганистан. Покрај хуманитарната помош што ја пружа на тамошното население, таа доаѓа на идеја да им помогне и на еден сосема поинаков начин. Отвара школа за убавина. Соочена со бројни јазични и културни бариери, таа успева да ги научи жените како сами да заработат за живот и да ги совладаат бројните техники на бојадисување на коса, потстрижување и шминкање. Воедно, ги слуша нивните најинтимни и неверојатни животни приказни. Интересна е во смисла што се работи за сосема друга култура и освестува на некој начин за животот на жените во земјите од Блискиот Исток.
     
    На toogood, cresa-jagoda, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    k000072b.jpg

    Содржина:
    Тинејџерка се буди во својата куќа каде нема никој. Се сомнева дека ја казнуваат поради претходната вечер, бидејќи се вратила пијана. 25 години подоцна нејзиното семејство сеуште го нема. Синтија, веќе возразна личност со свое семејство сеуште трага по одговори за тоа што се случило со нејзиното семејство.

    Убава книга која ве држи до неизвесност до самиот крај.
     
    На toogood, cresa-jagoda, macka91 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    22.915
    Пол:
    Женски
    Само што ја завршив ,, Сеќавање на љубовта" од Алисон Ричман.
    Ми се допадна но не сум воодушевена. Пишувано е напред назад цело време. За животот во холокаустот, војната, страдањата на луѓето... Загубата на саканите... Тажна книга.
     

    Прикачени фајлови:

    На toogood, cresa-jagoda, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Пале 345

    Пале 345 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Вистинска приказна за една Белграѓанка која поминала четири години во харем во Дубаи. Животот таму, како била третирана, што морала да прави.
    После е продадена на некој човек во Истанбул, каде животот дополнително и се загорчува. На крај успева да се спаси, но убаво е детално да се прочита низ што се поминува.

    Модератор: Кога го откривате крајот ставете го во спојлер.
     
    На toogood, cresa-jagoda, macka91 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Да се надоврзам на Rainbow, иако потполно се согласувам со нејзината рецензија затоа и ја цитирав, ветуваше многу книгата на почеток, ама на средината веќе беше премногу досадна, едвај ги дочитував дијалозите. Непотребно е толку долга книгата, а крајот ајде ќе збуткаме се во 5 страни.
     
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    “Вкусот на гревот“ од Зорана Шулц

    “Што е минатото? Она што го паметиме или она на што сакаме да се сетиме, она што сме го доживеале или она што мислиме дека сме го преживеале.”
    Храбра, провокативна и до последниот збор вистинита.
    Исповедта на хероината во овој роман е возбудливо патување низ неверојатниот живот на авторката.
     
    На cresa-jagoda, macka91 и bella.s им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Woman in the Window (Жената на прозорецот) - A.J. Finn

    Откако се случува трагедија во нејзиниот живот, Ана Фокс се затвора во својот дом, плашејќи се да го премине прагот. Таму се чувствува безбедно, па деновите ги поминува безлично, гледајќи црно-бели филмови, пиејќи коктел од алкохол и антидепресиви и шпионирајќи ги своите соседи. Една ноќ додека гледа во станот отспротива, таа е сведок на ужасен настан. Проблемот е што никој не ѝ верува, а после толку вино и апчиња, таа почнува да се сомнева во самата себе. Дали тоа што го видела е реално, или само производ на халуцинација?

    Можеби нема да ѝ дадам 5 ѕвездички, тоа многу ретко се случува, ама книгава заслужува солидна четворка и препорака за сите љубители на трилери. Повеќе напишав тука :)
     
    На Aesc2000, GeoDidi, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    The Reunion -Samantha Hayes
    Жарн: трилер, драма, мистерија
    Оценка: 2/5

    Сестрата на Клер, Лени исчезнала од плажата кога имала 13 години, а Клер има грижа на совест бидејќи таа била задолжена да се грижи за сестра си бидејќи Лени била дете со посебни потреби. Години подоцна Клер сега веќе омажена со 10 години постариот Калум, организира средба со старите пријатели на фармата на нејзините родители, ја поканува нејзината стара пријателка Меги која доаѓа со ќерката Реин и Ник, дечкото во кој била вљубена пред да исчезне Лени.
    Приказната е интересна, но книгата е непотребно развлечена на 393 страници (пдф.) со многу непотребни дијалози со што се намалува тензијата на дејството. Целиот расплет е на последните неколку страни, така што доколку прескокнев половина книга ништо немаше да испуштам од дејството.
     
    На toogood и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    6.768
    Пол:
    Женски
    Дали во κнигата автоρκата збоρува за нејзините љубови?
    Ја κитеше елκата со подаρоците κои ги добила?
    Оваа κнига ја баρам веќе една година само забоρавив κаκо се виκаше.
     
  10. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Да, авторката навистина во овој роман отворено го опишува својот живот, подемите и падовите, убавите моменти вредни за паметење и оние кои е подобро да се заборават.
    Таа на новогодишната ноќ, во својата куќа на море го отвора куферот со сите скапоцени подароци кои ги добила во животот од мажите со кои била и со секој од нив се сеќава на своето минато и раскажува. Секое парче накит е поврзано со по некој спомен од нејзината младост.
     
    На WarriorMind му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Dry - Jane Harper

    Книгава нема некое брзо темпо, ниту некои крајно шокирачки пресврти.
    Но, и покрај тоа ми го задржа вниманието.
    Авторката знае како да ја исткае атмосферата и читателот да ја почувствува како да е таму. Беше навистина морничаво да се чита за Киевара, за сушата, за очајот на луѓето. Зачинето со нерешено убиство на една млада девојка и плус нов злочин, покосено едно семејство, татко ги застрелал сопругата и синот во момент на безнадежност. Така барем заклучува полицијата по кратката истрага.
    Фалк, протеран од градот заедно со татко му поради случајот со девојката се враќа назад во своето родно место по долго време. Сега е федерален агент што работи со финансиски случаи. Човекот кој ги застрелал жена му и синот, Лук, му бил пријател во детството, па на молба на мајката и таткото на Лук ќе се обиде да ја расветли ситуацијата и дали Лук би можел да направи таков чин.

    Интересна книга со солидно изградени карактери.
     
    На cresa-jagoda, macka91 и Thallia им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Темјанушки во март - Сара Џио

    Во дваесеттите години, Емили е во најдобриот период од нејзиниот живот – таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер и има сопруг кој секоја жена би го посакала.
    Десет години подоцна, работите драстично се менуваат – Емили нема инспирација за нови книги, а нејзиниот сопруг ја остава за друга жена. Обидувајќи се да се врати во колосек, таа заминува кај нејзината тетка Би, на островот Беинбриџ. Малиот, но прекрасен остров е местото каде Емили го поминала целото свое детство, па откако ќе се врати таму после многу години, ќе ѝ се разбудат стари спомени од нејзината прва љубов и сите безгрижни денови. Со надеж дека повторно ќе може да почне да пишува и дека ќе ѝ се врати изгубената инспирација, таа наоѓа еден стар дневник од 1943 година, кој ѝ припаѓал на извесна Естер. Она што првично ѝ делува како производ на нечија имагинација, Емили ќе сфати дека е всушност вистинска приказна, поврзана со тајните на нејзиното семејство.

    Можеби вака на прв поглед книгава остава впечаток на обичен чик лит со безброј клише моменти, ама има нешто повеќе во неа. Целосна рецензија напишав тука:)
     
    На sikica7, GeoDidi, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Жарн: Психолошки трилер
    Оценка 5/5

    Сопругот на Имоген, Филип, е насилник како емотивен така и физички, згора на се и полицаец со ордени и почести. Филип ја напуштил Имоген за младата Наоми, но сеуште не ја остава на мира и и се заканува дека ќе бара целосно старателство врз заедничкиот син и ја брка од семејната куќа. По сплет на околности трите жени, Имоген, швалерката Наоми и првата сопруга на Филип, Руби се ставени во иста ситуација да мора да се обединат и да докажат на полицијата дека Филип е манипулатор и насилник, но не е лесно бидејќи Филип знае по некоја тајна за сите три.
    Баш ми се допадна книгата и стилот на пишување на авторката има силна порака и тематиката е доловена на реален начин. Нема некои wow моменти или пресврти ама сепак до крај го задржува вниманието.
     
    На toogood, cresa-jagoda и macka91 им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Жaрн: психoлoшкa дрaмa
    Oценкa: 3/5
    Книгaтa не е лoшa, aмa е нештo веќе виденo вo пoглед нa прикaзнaтa. Некoлку жени штo неoдaмнa рoдиле имaaт oнлине групa вo кoјa си дaвaaт пoдршкa пa пoчнувaaт дa се среќaвaaт зaеднo и стaнувaaт пријaтелки. Кoгa решaвaaт прв пaт пoсле рaѓaњетo дa излезaт нaвечер без бебињaтa нa пo еднa пијaчкa бебетo нa еднa oд нив е киднaпирaнo. Oд oвде пoчнувaaт перипетиите и нa oстaнaтите 3 мaјки a не сaмo нa Вини чие бебе гo немa. Пoчнувaaт дa се oткривaaт тaјни не сaмo зa Вини туку и нa oстaнaтите пријaтелки пoд буднo oкo нa јaвнoстa и медиумите кoи ги критикувaaт декa се пијaнчaт пo бaрoви дoдекa нивните 2-3 месечни бебињa ги oстaвaaт сaми.
    Книгaтa имa дoбрa темa зa рaзмислувaње oкoлу мaјчинствoтo и низ кaкви недoумици пoминувaaт нoвите мaјки кoгa требa дa се oдделaт oд децaтa дaли пoрaди oдење нa рaбoтa или излегувaње сaми.
     
    На toogood и macka91 им се допаѓа ова.
  15. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Да се сретнеме во Венеција - Елизабет Адлер
    Сите ликови ги поврзува едно парче скапоцен накит, ѓердан со масивни смарагди, дијаманти, рубини и голем бисер што претходно ѝ припаѓал на една царица. Колку накитот тежи толку повеќе им носи несреќа на сопствениците..
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Се плашиш ли од темница? Сидни Шелдон..
    Почетокот на книгата ми делуаше досадна и збунувачка..на моменти се терав на сила да продолжам да ја читам за да ја завршам конечно:)..но, како читав нештата стануваа јасни и мошне интересни па од рака не ја пуштив дур не ја прочитав. Книгата зборува за обидот преку контролирање на временските катастрофи да се постигне врвниот степен на контрола на човештвото. Желбата на Танер за моќ и пари не знае за граници, убива ладнокрвно па и за сопствениот брат нема никаква милост..интересни ликови и дејствиа..иако не сум голем љубител на вакви романи, после крвни врски и сега овој сигурно ќе читам и др.од Шелдон.
     
    Последна измена: 6 јуни 2018
    На macka91, pravnicka_2604 и Thallia им се допаѓа ова.
  17. Пале 345

    Пале 345 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    ``Со љубов од Париз`` - Александра Потер
    Во еден стан во Париз каде што и времето застанало, Руби (главниот лик) ќе пронајде пакет со љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственичката на станот избегала од Париз пред војната и никогаш не се вратила, а притоа плаќала кирија за станот? И ред други прашања што ја измачуваат главната хероина, но на кои ќе успее да им најде одговор во повеќето од ситуациите сосема случајно. Книгата е нова, лесно читлива, интересна, држи внимание.Поентата е дека љубовта не секогаш е онака каква што сакаме да биде и компарација каква била во минатото, а на што се сведува денес.
     
    На macka91 и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Жарн: психолошки трилер
    Оценка:2,5/5

    Роуз се буди во нејзиниот автомобил, на непознато место среде ноќ, а на шофершајбната има крв. Не знам како се нашла таму и зошто има крв. Се враќа дома и се обидува да дознае што и се случило и како се нашла таму со автомобилот и чија е крвта на него. Приказната се комплицира со изчезнувањето на дечкото на ќерка и, а Роуз и сопругот и признаваат на ќерката дека ке се разделат.
    Се на се просечен трилер, ништо ново и невидено, ок е за тепање време ако нема ништо друго за читање, ама не би ја препорачала.
     
    На macka91, toogood, Summerlove@2016 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Збогум најмила - Кристин Хана
    5/5
    Ова е прва книга за која пишувам мислење ако не грешам. Но тоа е поради тоа што премногу ми се допадна и буквално книгата се чита во еден здив. Се зборува за една непромислена вечер кога животот го губи едно осумнаесетгодишно девојче и вината ја сносува нејзината најдобра пријателка. Воедно за оној кој обожава љубовни романи овој го препорачувам.
     
    На joy1, Summerlove@2016 и violetblue им се допаѓа ова.
  20. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Продадена-Марија Гојковиќ

    Станува збор за млада девојка која навидум ја пронаоѓа љубовта на нејзиниот живот и се е совршено додека не тргнат на одмор за Париз,а животот на Теа не се претвори во вистински пекол. Нејзиниот совршен вереник ја продава и од тој ден животот и се менува од корен за жал не на подобро.

    Книгата благо речено е една од полошите кои некогаш сум ги прочитала. Стилот на пишување воопшто не ми се допадна,едни исти фрази кои повторно и повторно се повторуваа,многу нелогичности,многу површно напишано,некако имав чуство дека содржината не е добро обработена.Чуствата и ситуациите не беа доловени како што треба,иако се зборува за една тажна приказна сепак не ми предизвика ниту едно чуство и одвај чекав да ја завршам. Не ја препорачувам.
     
    На Ana Chio му/ѝ се допаѓа ова.