1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    The bad mother-Amanda Brooke
    Жарн: психолошки трилер
    Оценка од мене 2,5/5, иако на Goodreads имa 3.8 јас не бев толку воодушевена бидејќи уште од старт можеш да сфатиш кој е негативецот во приказната, а главниот лик, ,,лошата мајка,, всушност ти иде да ја зашамараш дека е толку глупа.
    Луси е при крајот на бременоста 7-8 месец и живее со нејзиниот сопруг Адам и на прв поглед се изгледа прекрасно, но Луси почнува да заборава работи, да биде трапава, невнимателна, го заборава уклучен шпоретот на гас и почнува да се сомнева каква мајка ќе биде кога бебето ќе се роди, и дали ќе биде способна да го чува без некако да го доведе во опасност поради нејзината заборавеност. Среќа што Адам е секогаш таму да ја потсети и да ја ,,чува,, од опасности.
    Темата е добра но некако не се раскажуваше за позадината на ликовите само на кратко беа давани информации. Инаку прочитав дека ова е осма книга на авторката, иако немам прочитано ништо од неа претходно сметам дека можела многу подобро.
     
    На КикиМаус и macka91 им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Deception Point — Dan Brown (Точка на измама)

    Со оваа книга официјално завршувам со писателов и неговите седум книги. Имав слушнато фалење за книгава уште одамна, ама одвај ја најдов, и тоа џебно издание.

    Сличностите со Дигиталната тврдина се неоспорни, се препознава од авион дека стилот на пишување е буквално ист. Имам приметено дека таквиот стил се провлекува и низ серијалот за Ленгдон, ама само делумно. Мислам дека би препознала роман на Ден Браун уште од првиот пасус на која било глава. Како? Па нормално, започнува со описот на локацијата каде што се одвива, со рандом факти за кои глава сечам дека ги пишувал со отворена Википедија. Околу три-четири нафрлани бројки кои буквално ништо не ни значат, па продолжува на следниот пасус. „Трајко Трајковски тивко гледаше низ прозорот на хеликоптерот додека размислуваше како да им избега на 17те луѓе кои сакаат да го убијат.“. :D

    Но не го обвинувам авторот секако, оваа му е втора книга и морам да кажам дека е одличен трилер. Приказната е супер, ама жал ми е што нема целосна политичка слобода да пишува што сака. Да бев јас, ќе направев претседателот да стои зад сите заврзлами. :D

    Бидејќи веќе ја имав читано Инферно, сфатив дека таму само ја позајмил истата техника од овде. Натерај ги да мислат дека gender-neutral назив за некој досега мистериозен лик е некој кој веќе го знаеме, па после залепи им во фаца дека цело време бил некој друг. Интересно, ама веќе предвидливо. Претпоставив дека Пикеринг е контролорот уште кога Делта војниците не потенцираа кого убиваат на тајниот состанок. Е сега, како што впрочем се случи и во Шепнувачот, авторот се надевал дека шок-факторот на пресвртот ќе им го одвлече вниманието на луѓето од очигледните нелогичности. Не велам дека нема логика Пикеринг да стои зад сѐ, ама ти треба добра мозочна гимнастика за да си го објасниш тоа, отколку, на пример, за Марџори Тенч или администраторот на НАСА.

    Откривањето на измамата беше делот што навистина ми беше интересен, наоѓањето алтернативни начини на добивање карактеристики што ги има само метеорит. Исто така ми се допадна ликот на Габриел Ејш, иако уште од нејзиното појавување се гледаше дека на крај таа ќе биде клучниот фактор за соборувањето на Секстон. Можеби на тоа би требало да поработи Ден Браун, да не си ги открива така „добрите“ и „лошите“ ликови, да не биде тоа толку очигледно. На пример, Секстон го направи чудовиште, иако реално вистината била на негова страна all along. Искрено, да не кажеше дека би им забранил на гејовите да гласаат и да не беше толку очигледен шовинист, јас би била на негова страна. :D

    Кога сме веќе кај тоа, друга работа што не ми се допадна е приказот на експертката за глечери како annoying bossy bitch, која беше head over heals за Мајкл, и пазете го користеше зборот girls како навреда. Ова јас го нарекувам the unaware sexist male writer phenomenon. Еден гооолем минус за Ден Браун.

    Трета работа што не ми се допадна, битката (или што и да беше тоа) на бродот. Мислам, втф, како 20 страни да поминаа опишувајќи кој на каде се подместил, јажињата како се скинале, кој каде паднал, кој која пушка ја зел. Повторно, Ден Браун си имал некоја замисла, изгуглал триста работи и сите ги натрупал мислејќи дека пишува ептен vivid and detailed action scene. Во реалноста, беше многу досадно и развлечено, особено кога знаеш дека на крај сите и онака мора да преживеат, јер која би била поентата.

    Исто така, лошиот Пикеринг умре казнет од мајка природа (драмата со ајкулите беше непотребна), а другиот bad guy Сексон, го „зезнаа“ онака холивудски, требаше да се смееме нешто изгледа.
    И како што кажав, не ми се допадна што заврши така мирно, а и секако, Dan Brown being the good American that he is, без дамка на НАСА и White House, тие се невини како цвет. :rofl:

    И уште еднаш да промрчам за оној деус екс макина момент со Пикеринг: како успеа еден обичен човек со малку повеќе информации да смота цел тим научници од НАСА и плус четворица цивилни. Сфаќам дека нели на крај не успеа, ама Минг да не ги видеше планктоните никој немаше ни да се посомнева.

    Тоа е сѐ, other than that, романов ми се допадна многу, беше навистина интересен за читање, како и секоја негова друга книга. Мило ми е што знам повеќе за метеорити отколку што претходно знаев (ич). Тоа всушност ми е најсветлата точка од неговите романи, нешто од неговите копи-пејст артикли од Википедија останува в глава. :D
    4/5

    God Is Not Great — Christopher Hitchens

    Книгава е позната како една од must-read книгите за сите атеисти, веројатно рака под рака со Докинсовата The God Delusion. Да бидам искрена, ја купив таа на Хиченс бидејќи ја немаше вторава. Ми се допаѓа Хиченс, јасен, прецизен, straight-to-the-point раскажувач.

    Аргументите не дека се неслушнати, сепак тие се. Интересно беше што за постоењето на Бог во смисол недефинирана сила која стои зад првичните универзумски настани имаше само две-три глави. Останатите беа debunking на организираните религии, нивните верувања, за чудата, за војните, за затвореноста и индоктринацијата, главно за оние „земни“ нешта поврзани со религии. Таквите работи за атеист би биле доста очигледни, ама читајќи, се потсетив дека некаде навистина е потребно да се потенцира и да се повтори дека дека јадењето одредена храна, поклонувањето во одредена насока, крстењето на одреден начин, обредите извршувани на одреден период со одредени правила, се работи измислени од човекот и е многу апсурдно да се верува дека одредена натприродна сила би водела сметка за тоа.

    Хиченс тоа одлично го потенцира, само што јас бев во потрага по разглобување на Бог како ентитет (што во книгава е само делумно чепнато), а не влијанието на таквата идеја на човештвото.

    Посебно ми се допадна главата за источните религии, бидејќи најчесто се гледани низ призмата на мирољубивоста, а и нивните следачи не се ништо поразлични од овдешните екстремисти.

    5/5

    Еве некои цитати кои ми привлекоа внимание:
    Our belief is not a belief. Our principles are not faith. We do not rely solely upon science and reason, because these are necessary rather than sufficient factors, but we distrust anything that contradicts science or outrages reason. We may differ on many things, but what we respect is free inquiry, openmindedness, and the pursuit of ideas for their own sake.

    The most educated person in the world now has to admit—I shall not say confess—that he or she knows less and less but at least knows less and less about more and more.

     
    На КикиМаус, macka91, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    Офтопик :)

    Првата книга која ја прочитав од Ден Браун беше Digital Fortress. Ептен бев воодушевена од неа, па веднаш и сите останати ги купив. Леле, кое разочарување беше наредната. Не се ни сеќавам веќе како се викаше, нешто со Антартика, председатели, убиства и врагови. :wasntme:

    Навистина, уште во првиот пасус се гледаше дека ќе биде во ист стил раскажана, па затоа веднаш предпоставив кој е "лошиот". Баш мех, поради ова наредните не ни имам желба да ги читам.

    Дефинитивно би требал да поработи на стилот на пишување. Истиов проблем го приметувам кај многу автори кои што пишуваат крими романи, предвидливи и досадни се.
     
    На DAngel и Lella им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Таа е наредната што си ја читала, што ја имам опишано во рецензијата, Deception Point. :D
    Мојата прва од него беше Кодот и исто и јас бев воодушевена, многу ми се допадна тој вид трилер. Па продолжив со останатите од серијалот, а овие две (Тврдината и оваа) ми беа меѓу последните.
    Не знам дали е до тоа, ама навистина впечатокот умира по неколку прочитани книги во истиот стил, се чувствува репететивноста. Веројатно затоа тие со Ленгдон повеќе ми се допаѓаат, бидејќи ги читав први.

    Мислам дека откако прочитав сè од Ден Браун, не ми е толку привлечен стилот веќе, слично како со Гијом Мисо (сепак од овој веќе црева ми се превртуваат). Останува мој засега омилен писател, а Inferno и Origin не мои омилени книги, ама definitely up there. :)
     
    На RainBow, SV1911 и DAngel им се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Where the missing go-Emma Rowley
    Оценка 4/5
    Жарн: психолошки трилер

    Кејт работи во кол центар каде се јавуваат лица кои избегале од дома и сакаат на нивните најблиски да им пренесат порака дека се добро, без да бидат откриени каде се. Ќерката на Кејт, Софи (16 год.) пред неколку години избегала од дома. Еден ден на оваа линија се јавува Софи, а Кејт одговара на повикот. Кејт никогаш не престанала да бара што се случило со нејзината ќерка и зошто избегала од дома. И кога сите мислат дека Кејт го губи разумот, таа не се откажува од идеата дека нешто не е во ред со приказната дека Софи избегала од дома.
    Ми се допадна тоа што книгата е баш доволно долга колку што треба, во последно време читам книги што се безпотребно развлечени, е овде нема такви празни дијалози. Секој може да се поврзе со ликот на Кејт, мајка чие дете избегало, па таа не престанува да се прашува дали таа придонела со нешто за да се случи тоа, ептен реално ми беше доловена целата ситуација, односно нешто што може да му се случи на секој родител.
     
    На 1209, macka91, Summerlove@2016 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Не ми се веруваше кога го прочитав освртот на твојава книга. Со мали варијации, потполно ист концепт како The Breakdown од B. A. Paris.
    Дури подзинав од неверување. :D

    Накратно за „На раб на лудило“ (така е преведена кај нас):
    Кес и Метју имаат совршен брак и совршен дом. Но, една вечер за време на ужасна бура, Кес се враќа сама дома и одлучува да оди по скратен, сомнителен пат преку шума за да стаса што побргу.
    Додека се враќа, здогледува застанат автомобил, а во него има некоја жена која очигледно не планира да го помрдне автомобилот од патот.
    Кес претпоставува дека или женава чека некого или чека да пројде олујата, па ја одминува.
    Наредниот ден, уданата вест низ сите медиуми е свирепото убиство на истата таа жена, а Кес чувствува грижа на совеста затоа што мисли дека можела да има мал удел за настанов да не заврши лошо.

    Но, тоа не е сè. Погодена од случката, Кас почнува да се соочува со чудни работи па се будат сомнежи поврзани со нејзиното минато.
    Кас почнува да заборава работи - трапава е, расеана, не личи на себе си. Заборава банални работи, информации, датуми, договорени средби...се губи себе си под влијание на настаните со убиството и нејзината грижа на совест.

    Според мене, Кас беше типична драма-квин. Преувеличуваше за многу глупави работи понекогаш.

    Расплетот на настаните беше ептен очигледен. Ликовите кои беа опфатени беа толку малку, што едноставно не можеш а да не погодиш кој и' ja „мател водата“ цело време.
    Авторката имала обид да нè наведе да се посомневаме на погрешни личности, но според мене - безуспешно.
    Малку провидно и очекувано.

    Еден куп нелогични сцени...
    Пример, еден ден Кас заборава како се ракува со машината за алишта, со микробрановата, со апаратот за кафе. Се сомнева дека има рана деменција (мајка и' имала ваква дијагноза), па стравот и трепетот расте.
    На крај, испаѓа дека *личноста* ги заменила некои од куќните апарати за нови.
    Ахам, сигурно. :D
    Колку и да не употребувам машина за кафе, би приметила ако некој се обиде да ми подметне скроз нов апарат низ дома. Сигурно не изгледале потполно исто како старите...

    Исто епилогот на крајот од книгата беше нон-сенс за мене.

    Сè на сè, провидна приказна од старт.
    Behind Closed Doors повеќе ми се допадна од оваа.

    Би сакала да ја прочитам и Bring Me Back од истава авторка, иако не се разликува нешто многу со рејтингот од другиве две, но содржината не звучи лошо.

    А што се однесува до оваа, за ладење мозок и не беше така лоша The Breakdown.
    Дека има некоја издржана или содржајна приказна...во никој случај.

    3-ка, одвај. Повеќе не заслужува според мене.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ја имам читано и The breakdown, да ептен се слични содржините, двете се исто така провидни до бесккрај.
    Gaslighting уствари се викал овој психолошки трик или како и да го наречам https://en.wikipedia.org/wiki/Gaslighting
    И во The bad mother исто така има таков момент со здравствена историја :)
    Како да не ги пишувал ист автор Зад затворени врати и оваа тхе брејкдаун. Зад затворени врати не се споредува со другава. Сега баш разгледував на Goodreads и ја симнав новата Bring me back па ке видам како ќе се покаже.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    @violetblue може линк од Bring me Back? Можеш и по ЛП ако не смее да се прикачуваат фајлови во темава. :)
    Сакам и јас да ја прочитам, а ако е таква лесна, брзо ќе оди.

    Многу се изненадив и јас затоа што BCD ми беше бар за 4-ка, за разлика од The Breakdown која беше разочарување.
    Ме интересира и другава, ќе ја почнам наредната недела па ќе пишам мислење.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Орландо – Вирџинија Вулф

    Во литературата познатo и како „најдолгото и најшармантно љубовно писмо“, инспирација за делово е бурниот живот на Vita Sackville-West - англиска писателка, блиска пријателка (и нешто повеќе од тоа :D) на Вулф.
    Необичната фантастична приказна на биографскиов роман го прикажува животот на истоимениот андроген протагонист кој живее повеќе од 300 години. Дејството започнува во Елизабетанската ера, следејќи го напредокот на благородникот Орландо во дворот, неговата страст кон пишувањето поезија и пропаднатите љубови. Околу 30-годишна возраст, по седумдневен транс, тој се буди трансформиран во жена - со истиот интелект, истиот карактер, но сега во спротивен пол. Својот живот го продолжува во наредните векови како лејди Орландо, прилагодувајќи се на улогата на една жена.

    Со својот типичен, долг и интроспективен раскажувачки стил (кој не може да го задржи вниманието на секого), Вирџинија Вулф на сатиричен начин ја критикува историјата на англиското општество - посебно од аспект на улогата и местото на жените, скромноста која се бара од нив и наводните привилегии кои ги имаат. Исто така, во многу наврати е опфатен и опишан процесот на пишување, развојот на талентот на една уметничка душа.

    Ќе додадам и некои од многуте извадоци кои ми оставија впечаток:
     
    На dayla и macka91 им се допаѓа ова.
  10. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    images.jpg

    Ени е агент за продажба на куќи, таа е киднапирана од страна на „Монструмот“ како што самата го нарекува. Таа преку сесии кои ги раскажува на својот психијатар раскажува како дошло до тоа да биде киднапирана, периодот за време на киднапирањето сета болка (психичка и физичка) која ја претрпела додека ја немало, справувањето со околината и општеството откако се вратила од пеколот. Љубопитноста на човекот е претставена во книгата преку тоа да се дознае што навистина и се случило и зошто некој би ја киднапирал Ени. Како што кажува и самата книга: „Некои прашања се подобро неодговорени“.
     
    На tina-63, violetblue и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Sometimes I Lie - Alice Feeney

    Книгава немав поим дека постои, сè додека Сакам Книги не објавија дека ја спремаат за издавање. Во истиот момент откако ја прочитав кратката содржина, ја најдов и ја почнав.
    Тотално без никакви очекувања, затоа што последниве неколку „трилери“ што ги прочитав беа само трилери во обид.

    Инаку, главниот лик околу кој се вртат настаните е Амбер Рејнолдс, која всушност е во кома и не е способна ниту да ги отвори очите, но е тотално свесна за околината која ја опкружува во текот на денот.
    Таа знае дека се случило нешто страшно и знае дека доживеала несреќа во која е вклучен нејзиниот сопруг Пол, но едноставно не може да се сети на точниот тек на настани.

    Приказната е раскажана во прво лице, поделена е на неколку делови-секции - Before, Then, Now, a преку нив Амбер се труди да си ја нареди сложувалката во главата.

    Не е само обичен трилер, опфаќа многу многу прашања од секојдневието и сметам дека треба да ја прочита секој, ама баш секој.
    Односи помеѓу родители и деца, проблеми со неплодност, деца и улогата на родителското воспитување, многу други меѓучовечки односи, брутални сцени од кои и при самата помисла на нив ме лазат морници...навистина книгава има што да понуди.
    Плус, бонус е што е мала и многу брзо се чита.

    За книгава само четири зборови се доволни.
    HOLY MOTHER OF TWISTS!!!
    Многу добар трилер, во кој навистина на крај остануваш со подзината уста и не знаеш кој е негативецот.
    Може Клер беше случај за на лекар, што е и нормално со оглед на дисфункционалната средина во која живееше како мала, но Амбер...уф, тоа е веќе монструм со тапија...

    Mоја претпоставка за крајот, е дека Едвард не престана да ја следи во чекор ниту по промашениот обид за убиство и најверојатно работеше како носач во хотелот во кој го поминуваа одморот, па тој ја донесе белегзијата заедно со пијалокот.

    Книгата заврши како да се очекува втор дел, но за мене и ова е доволно. Одличен трилер, сè на сè.

    Ја препорачувам на сите љубители на трилери. Ја прочитав буквално за неколку часа и ова е една од тие книги од кои не можеш да се одделиш додека не ја прочиташ до крај.
    Имаше момент кога си реков „па да, не е лоша книгава како за промена“, но набргу тоа „не е лошо“ ескалираше во WTF и ако ја прочитате, ќе сфатите и зошто. :wasntme:
     
    На azelea, macka91, toogood и 5 други им се допаѓа ова.
  12. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    ВОДА ЗА СЛОНОВИ - САРА ГРУЕН
    Целата приказна е раскажана од страна на старец , кој доживеал многу работи за време на својот престој во најпознатиот циркус , инересна книга по неа е снимено и филм
     
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Еленор Олифант е Океј од Сакам книги

    Кратка рецензија нема да кажам, може да се пронајде на самиот сајт.

    Ќе кажам две мислења, со спојлер и без спојлер.

    Мое мислење за книгатa ( без спојлер ) :
    Препорачувам за оние којшто сакаат хумористични книги со блага мистерија.
    Еленор е еден необично интересен лик којшто реално ја одликува некоја женска популација за 50-60%.

    (y)Mи се допаѓа тоа што е нешто ново во книга, и баш насловот соодествува на целокупната приказна.
    (n)Не ми се допаѓа тоа што на моменти беше монотона, само колку да се пополнат некои страници со некоја дешавка. Исто така е испреплетено.

    Мое мислење за книгата ( со спојлер ):
    (y)Не е како сите ромаси еј топ се најдоа со Рејмонд и на крај they lived happily ever after... :)
    (n) Од самиот почеток се однесува на тоа колку специфична е Еленор, но одеднаш во Полоши денови, таа разбира дека не е океј.. Сакам да кажам, не ми се допаѓа тоа што одеднаш го сменија ликот, од весел, некој со надреални очекувања до некој депресивен. И да, тоа со замислената Мама е многу клише, и реално е too much за ваква книга
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Жарн: Психолошки трилер
    Оценка: 4/5

    Дафне е девојка која имала тешко детство по домови бидејќи мајка и била наркоманка, после многу години Дафне и нејзината пријателка имаат сопствен бизнис, но Дафне не сака да зборува за нејзиното минато, па кога го наоѓа прекрасниот Хит сфаќа дека се створени еден за друг бидејќи и Хит не зборува за неговото минато ниту врши притисок врз Дафне за нејзиното. Но дали е добро да се крие минатото од сопствениот партнер и дали Дафне и Хит ќе можат да преминат преку своите тајни и да останат заедно.

    Концептот на книгата ми се допаѓаше, го имаше тој елемент на разкажување типичен за вакво мистерија психолошки трилер. Исто ми се допадна надополнувањата кога дејството опишува моменти од минатото, па во иднина, па во сегашност. 4ка од мене поради недоволната интроспекција на ликовите иако нема многу ликови во книгата сепак како да е дадена повеќе акција отколку психолошки елемент на ликовите.
    Мислам дека книгата би била одличен филм такво чуство ми даваше кога ја читав, баш како да гледам филм.
     
    На macka91 и tina-63 им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    [​IMG]
    Жарн: психолошки трилер, мистерија
    Оценка:3,5/5

    Од авторката на Зад затворени врати ова е последната книга, ама мислам дека оваа е далеку од книгата Зад затворени врати по приказна и квалитет.
    Дечко и девојка(Фин и Лајла) се враќаат дома(во Лондон) од одмор во Франција, застануваат на бензинска и девојката (Лајла) исчезнува. После 12 години Фин е верен за сестрата на Лајла и се пред брак, но почнуваат да добиваат анономни пораки кои навестуваат дека Лајла е жива. Дали навистина Лајла е жива и кого сега ќе одбере Фин, ако навистина е жива?
    Книгата беше онака, меех, предвидлива веќе во вториот дел и можеш од километар да ја предвидиш кулуминацијата на дејството, Фин ми беше shady личност(не ми текнува соодветен израз на мак.за шејди :)) и никако не можеш да сочустуваш со било кој од ликовите.
    Со приказната можело да се направи многу повеќе, ама автораката како да сака да се задржи на ,,стара слава,, на грб на првата книга. Книгата се на се е ОК за тепање време ако не сакате многу да се замарате.
     
    На macka91 и Mishela им се допаѓа ова.
  16. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    upload_2018-7-19_15-10-46.jpeg
    Емилија е ќерка на ковач и слугинка таа уште од кога е родена живее на имот на кој работат нејзините родитители,таа таму ќе го запознаа Михајло(синот на грофот и грофицата кај што работат родителите на Емилија).Тие израснуваат заедно и со тек на времето ќе станат најдобри пријатели.Но,нивното пријателство прераснуваа во лубов.Се додека една ноќ родителите не одлучат да го оженат Михајло...
    Инаку,ми се допадна книгата,брзо се чита и има уште 2 дела кој планирам да ги земем,имам само една забелешка а тоа е дека уште од самиот почеток читателот знаа што ќе се случи и воопшто не е непредвидлива.Другото си е океј.
     
    На Ivana 95, realGirl, macka91 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    [​IMG]
    Овој роман на Гијом Мисо е различен од сите негови претходни, барем од оние што јас ги имам прочитано.
    Тој апартман во Париз, всушност претставува некогашно ателје на светски познатиот сликар Шон Лоренц, кој починал една година претходно и апартманот сѐ уште зрачи со неговата страст кон боите и игрите со светлината.
    Апартманот по грешка го изнајмуваат двајца луѓе истовремено, Мадлин, млада лондонска полицајка која сака да направи “пауза“ од животот, да пронајде мир и да ужива во самотијата и Гаспар, писател и мизантроп чија намера е да го напише својот најнов текст во тишина.
    Но ниеден од нив не го остварува она за што е дојден во Париз. Всушност и Мадлин и Гаспар трагајќи низ минатото на сликарот, обидувајќи се да ја разрешат мистеријата околу неговиот син Жилијан, успеваат да се соочат со сопствените демони, ги раскинуваат врските со сопственото минато и полека почнуваат да уживаат во животот исполент со емоции.
     
    На macka91 и Skyfall им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Мене ниту Зад затворени врати не ми беше убава. Оставија многу неодговорени прашања и нејаснотии.

    А оваа Bring Me Back ми беше исто просечна, но со најинтересно замислена приказна.
    Прилично лоша реализација,
    т.е. невозможно беше тоа што се случи и не ми е јасно како никој не успеа да примети дека Лејла и Елен беа една иста личност. Па мајку му, направила ласерски третман, сменила боја на коса и вуала - нова личност.
    Како да не, камо да беше така лесно. Многу нереално.
    Инаку ми беше многу жал за Лејла, имала ужасни трауми па затоа и и' се случи ова како некоја верзија на сплит персоналити.

    Пресвртот ми беше интересен и единствено крајот ми го задржа вниманието. Другото одвај. Со душа чекав да свртам страница.
    Во глобала досадна книга со интересен пресврт.

    А авторкава обожава изгледа да вметнува "епилози" од Зад затворени врати. Се утепав од скролање по страниците.

    Со овој извадоков ме збуни така и претходната книга, На раб на лудило (го има истиот извадок од BCD), си реков од кај сега пак ова.
    Ете од каде ми било познато, од првата нејзина книга. Извадок било, јас мислев дека така завршува книгата и тоа го сконтав дури сега, сум била во криво цело време. :tmi:

    Bring Me Back засега ми беше нај така од сите три, иако беше многу бавна и монотона. Ама повторно имаше некои нејаснотии, типично за Б. А. Парис...
    За ладење мозок супер книга. За подлабоко мозгање - не. Ќе најдете милион замерки.

    И од мене толку, 3.5 за реализација, 4 за приказната.

    П.С. Извини што се надоврзав, не можев да одолеам да го чувам впечатокот во себе. :D
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    И во други книги сум го сретнала ова на крајот на книгата да го има почетокот од друга книга на истиот автор, демек како preview да те заинтригира да прочиташ и друго од авторот.
    Баш ова ме разочара, Фин не примети дека е истата личност, практично невозможно според мене. А ова колку ми е смешно, менуваш боја на коса и никој не те препознава.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат во „На раб на лудило“ го сретнав ова. Досега немав приметено вака во други книги и дека одамна ми е читана „Зад затворени врати“, да ти кажам, ептен паднав на штос и си направив теорија дека така завршува книгата. (facepalm)

    Ете доказ колку „длабока“ била приказната штом сум ја заборавила по некое време. :wasntme:

    Инаку да, скроз се сложувам со тебе.
    Затоа и кажав, камо да беше вака лесно да се смени идентитет, ехх...:D
    Си реков - аман, до толку не примети некое бемче, форма на нос, уста, раце...лажги со опашки.
    Нема лоши приказни авторкава, дефинитивно има добри замисли, ама финалниот продукт е малку мех. Следна книга од неа (ако има) не знам дали ќе читам, прво ќе прочитам кратка содржина па ќе одлучам. 8-|
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.