Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Joined:
    Jan 21, 2011
    Messages:
    796
    Likes Received:
    950
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Книгаве премногу ми се свиѓаше, посебно атрактивноста помеѓу главните личности.

    Се работи за ФБИ агентите Џесика Харлоу и Џон Шепард кои имаат минато. Бившата адвокатка и арогантниот бивши војник се имаат запознаено и замразено уште за време на обуката во ФБИ академијата пред шест години. Шест години подоцна, ниеден од нив не очекува повторно да налета на другиот, а уште помалку да ги спојат како партнери на важна тајна задача. И ова спојување со партнер што го мразат за двајцата доаѓа во најлош можен момент. Џесика е тазе разведена од холивудски режисер и едвај чека да се докаже во новиот кабинет на ФБИ во Чикаго. А Џон го дели само еден случај од неговата работа од соништата, елитниот Тим за спасување заложници на ФБИ. Но за да ја завршат оваа тајна задача, мора да најдат начин да работат како тим, задача што станува уште потешка кога ги сместуваат во романтичен хотел на плажа како дел од истрагата.

    Оценка: 10/10
     
    fificaaa and macka91 like this.
  2. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Joined:
    Jan 9, 2015
    Messages:
    1,103
    Likes Received:
    6,213
    Gender:
    Female
    cvr9781442366367_9781442366367_hr.jpg

    Прв дел од трилогија слична на „50 нијанси“. Сепак се разликува од „50 нијанси“ со тоа што книгите се пократки и лесни за читање, нема одолговлекување од типот „сакам да си со мене ама бегај, бегај зошто ако не бегаш јас ќе бидам тука“.

    Би ја препорачала доколку ви треба некоја книга за опуштање, на плажа доколку сте на одмор.
     
    Skyfall, *Bridget Jones* and macka91 like this.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,778
    Gender:
    Female
    Жената на временскиот патник - Одри Нифенегер

    [​IMG]

    Се работи за Хенри и Клер, ликови малку „стереотипно“ поврзани и двајцата со уметност - тој е библиотекар, а таа уметник кој се занимава со скулптури од хартија. Она што ја прави нивната врска необична и комплицирана, е генетското пореметување на Хенри поради кое несвесно и неконтролирано патува низ времето.
    Како фан на ваков тип фантастични приказни (со патување низ времето), многу ми се допадна како беше сè тоа изведено во книгава. Целиот роман е онака „богато“ и раскошно напишан, со живописни описи и на емоциите, љубовта, еротските моменти, исчекувањето, тагата и болката - а и самиот фантастичен елемент со патувањето низ време е обработен на „веродостоен“ начин и од научен аспект.
    Ептен се поврзав со ликовите и ме воодушеви книгата, во скоро време ќе го ѕирнам и филмот. Ја препорачувам на секого ^_^
     
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    48,074
    Gender:
    Female
    E9C79425-7371-49E2-AD76-86DD72E22A44.jpeg
    Во општества и во времиња каде единствената улога на жената е да биде мајка и домаќинка,силата која ја води главната хероина е немерлива и голема инспирација.
    Преубава,многу искрена и емотивна животна приказна.
    Ја препорачувам.
    600 и кусур страни се читаат во еден здив


    Ј.Б.Алимпиќ пишува за една тема која е обработена многу пати,но секогаш ужасите на војната и љубовните приказни родени во тоа време се неисцрпен материјал.
    C4B95139-2D36-4A3F-8E03-5553C029EBBD.jpeg
     
    Bozica1980, Skyfall and Ladu in pink like this.
  5. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2018
    Messages:
    69
    Likes Received:
    226
    Gender:
    Female
    Ја има на Македонски?
     
  6. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Joined:
    Jan 9, 2015
    Messages:
    1,103
    Likes Received:
    6,213
    Gender:
    Female
    Не знам да ти кажам. Јас ја читав на српски.
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    5,674
    [​IMG]
    Жарн: трилер
    Оценка 3/5

    Кејт живее во Лондон, но нејзиниот братучед Корбин, кој Кејт никогаш не го видела, живее во Бостон и си ги заменуваат становите бидејќи Корбин има работен ангажман во Лондон, па Кејт се сели во неговиот стан во Бостон. Таа страда од панични напади и анкциозност и тешко го поднесува патувањето и промената, па згора на се кога стигнува во Бостон, дознава дека во зградата каде треба да живее е убиена млада сосетка.
    И замислата и приказната некако не ми оставија впечаток, ниту еден лик не е добро обмислен и разбработен, некако целото дејство е површинско.
    Очекував повеќе од книгава ама не бев импресионирана воопшто.
     
    sweet-cherry and Mishela like this.
  8. Режисерот

    Режисерот Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2018
    Messages:
    59
    Likes Received:
    94
    Gender:
    Female
    Во името на предците- Тес Геритсен
    Секое место на злосторство си раскажува своја приказна. Некои од нив не ви даваат ноќе да заспиете. Токму тоа ѝ се случува и на детективката од Одделот за убиства Џејн Рицоли. Во сивите сенки на една од уличките во кинескиот град пронајдена е пресечена женска дланка. На покривот на една од зградите пронајдено е телото на кое му припаѓа отсечената дланка... Рицоли и Ајлс мораат да го откријат непријателот што не можат да го видат, чие присуство ги смрзнува коските на оние кои нема да настрадаат од неговиот меч.
    Многу умен начин да се спакува возбуда и неизвесност. Книгата ќе ве држи будни до крај. Бидете подготвени за сите шокови и пресврти кои можете и не можете да си ги замислите.
     
    Acka22 likes this.
  9. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Joined:
    Jan 21, 2011
    Messages:
    796
    Likes Received:
    950
    Gender:
    Female
    28266880.jpg

    Прекрасна книга, додуша не сум сакала вакви некои во постаро време но оваа беше предобра.

    Откако завидливата гласина ја уништи својата кариера во Лондон, Аннабел Блејк мора да отпатува во Париз за да започне одново. Таму го запознава Етјен и Хенри- еден поет, а друг сликар - и шармантен, талентиран и убав. Тие ги поминуваат своите денови флертувајќи и пиејќи со уметниците на градот и Бохемиите, а наскоро Анабела е зафатена во егзотичниот и возбудлив свет на Париз во 1930 година. Но, како што се повеќе млади луѓе се привлечени кон борбата против фашизмот во Шпанија, Анабела мора да се разбуди од сонот и да се соочи со реалноста на војната. Доживотно подоцна, надарениот уметник Еугени Ештон се вљубува во Париз во моментот кога таа се става надвор од Гар де Лион. Како и нејзината мајка Annabelle пред неа, уметничките задоволства на градот се нов свет за неа: но Eugenie наскоро ќе открие дека во своите сенки се скриени тајните на минатото на нејзиното семејство.
     
  10. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2018
    Messages:
    301
    Likes Received:
    1,451
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    Роберт Ленгдон се буди во болнички кревет, под седативи и потполно дезориентиран... Несвесен за моментот кога пристигнал во Фиренца, дознава дека има прострелна рана на главата и дека вистинско чудо го спасило од смртта. Сиена Брукс, интелегентна и згодна млада докторка, прави сè да му помогне на професорот по симбологија да се извлече од канџите на Конзорциумот – моќна организација која го гони низ три европски градови... Неколку спротиставени страни се натпреваруваат да дознаат една единствена информација! Каде е скриено мистериозното и смртоносно ремек-дело кое му прети на човештвото и само еден човек може да го најде? Професорот по историја, уметност и симбологија вешто ги толкува и најмистериозните траги кои позади себе ги остава богатиот гениј за генетски инжинеринг...
    Ова е книга која ме изненади со својот крај-искрено не очекував таква пресвртница на целата приказна...
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,495
    Likes Received:
    34,406
    Gender:
    Female
    Во Лето кон крајот на векот,Џеда говори за детството и за староста,за повторното зближување и за сеќавањата.Во последното лето на 20 век,внукот се среќава со дедото по првпат откако ги оддалечуваат семејните недоразбирања.Дедото,Евреин,се' уште живее под бремето на фашизмот и на Втората светска војна,поминувајќи ги своите последни денови во мало планинско село во кое неговото семејство се криело за време на војната,решен да си го одземе животот.Внукот,екстравертен тинејџер...ма не продолжвам понатака,читајте ја!:angel:
    Како што разбрав на крајот на книгата,вo делот каде авторот се заблагодарува,оваа книга е според вистинска приказна и книгата е посветена на сеќавање на партизанот Франко Дебенедети Телјо.
    Топло ви ја препорачувам,денес ја прочитав конечно.
    Пост скриптум:
    Планирам да земам нова книга сега да читам,ќе постирам овде на фемина кога ќе се одлучам која8-|
    Пријатно читање,што и да читате(highfive)
    [​IMG]
     
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    5,674
    [​IMG]
    Жарн: психолошки трилер
    Оценка: 4/5

    Пред 10 години, 6 годишниот Ејдн исчезнува при поплава и сите мислат дека се има удавено во реката. Мајката на Ејдн, Ема сега очекува ново бебе со вториот сопруг Џејк, кога и јавуваат од полиција дека го пронашле Ејдн. Светот на Ема се менува за 180 степени кога во животот и се враќа синот, сега веќе тинејџер и првиот сопруг Рон, но детето е истрауматизирано и не зборува, па полицијата не може да открие што точно му се случило.
    Дејството на книгата е да се открие кој го има киднаприрано Ејдн и што се случило на денот на поплавите кога Ејдн исчезнал.
    Интересна книга, стилот на пишување задржува внимание и лесно се чита.
     
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    48,074
    Gender:
    Female
    Венецијанска маска-Розалинд Лејкер.

    Сите книги од оваа пистелка(На бал со кралот и Златното Лале)се толку живописни,шарени,детално историски разработени,што те носат во друго време.Иако по број на страници се големи,брзо се читаат.
    Накратко книгава е полна со чувства,интриги,драми,борба,љубов и желби.
    Венеција во доцниот 18-ти век.
    Препорачувм.
     
  14. MacaMarchy

    MacaMarchy Истакнат член

    Joined:
    Jan 11, 2016
    Messages:
    92
    Likes Received:
    87
    Gender:
    Female
    Александра Потер- Со љубов од Париз
    Книгава многу ми се допадна и на сите топло ви ја препорачувам.
    Па да не навлегувам многу во детали и да не откривам многу за книгата и содржината.
    - стари љубовни писма пред Втората светска војна
    - Париз
    - мистерија
    - несудената љубовна приказна на двајца заљубени
    - стан полн со тајни и мистерија
     
  15. Larichka8

    Larichka8 Истакнат член

    Joined:
    Jan 29, 2018
    Messages:
    72
    Likes Received:
    144
    Gender:
    Female
    Тајната на сопругот- Лиен Мориати
    4/5
    Јас најчесто читам трилери, мистерии.. а ова е драма со доза на трилер, како таква ми се допадна, интересна е и брзо се чита. :)
     
    Acka22 likes this.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    5,674
    [​IMG]
    Жарн: трилер, мистерија
    Оценка: 3/5

    Книгата започнува така што Андреа и нејзината мајка Лаура во ресторан го прославуваат 31 роденден на Андреа, кога влегува наоружан тинејџер и почнува да пука. Лаура сакајќи да ја заштити ќерката го убива тинејџерот. Приказната оди на тв и сите се зачудени од ладнокрвниот и смирен начин со кој Лаура ја среди ситуацијата. Така Андреа започнува да го открива минатото на нејзината мајка, кое не е ни најмалку едноставно.
    Паралелно се раскажуваат две приказни, потрагата на Андреа по минатото на Лаура и Лаура го раскажува своето минато. Некако очекував повеќе од авторката и книгата ама ме остави рамнодушна. Приказната се развлекува повеќе отколку што е потребно и само дополнително го заморува читателот. Ликот на Лаура е ептен нереален, а доколку на почетокот не е спомнато дека ќерката има 31 год.ќе помислиш дека ликот е 15 годишен. Сметам дека авторката можела многу повеќе.
     
    Mishela likes this.
  17. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2018
    Messages:
    301
    Likes Received:
    1,451
    Gender:
    Female
    Периодов прочитав многу книги и ми се насобраа но ајде ќе ја пишам последната.
    Потекло-Ден Браун
    Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…
    Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.
    Книгата разработува интересна тема но единствено нешто што можеже да ме изнервира е тоа што некои работи се многу опширно објаснувани инаку другото океј беше.
    Оценка: 4/5
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    5,674
    [​IMG]
    Жарн: романса
    Оценка: 1,5/5

    Наједноставно кажано клише романса, толку е развлечена, толку непотребни дијалози. Ликовите се неизградени, бледи. Името на книгата ме привлече ама испадна тотално разочарување, едвај ја дочитав дека мразам да оставам книги на пола.
    Сајмон ја среќава Теса на аеродром, љубов на прв поглед, ама Теса го матка ваму таму демек не сака врски, па тој ја следи низ целиот свет на нејзините турнеи, па заедно се, па не се заедно, па Теса не знае што сака и така....како шпанска серија.

    Едитирав сега да се надополнам, отворив на Goodreads баш да го видам рејтингот на книгава, 4.1 :shake: немогуче(facepalm)
     
  19. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Joined:
    Nov 23, 2017
    Messages:
    117
    Likes Received:
    146
    Gender:
    Female
    upload_2018-10-5_10-54-1.png

    Жарн: романса, драма, мистерија
    Оценка: 5/5

    Книгата ја прочитав во еден здив. Едноставно не ти дава да ја оставиш.

    Сиетл, 1933

    Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален луксузен хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.

    Сиетл, 2010

    Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
     
  20. bella.s

    bella.s Популарен член

    Joined:
    Aug 27, 2013
    Messages:
    2,164
    Likes Received:
    10,941
    Gender:
    Female
    volsebnik.png :wasntme::wasntme:
    Денес ја завршив и осетив некое олеснување..некако како досадна да ми беше .
    Мене лично не ми се допадна, освен некои издвоени моменти..
    Авантура од својот аџилак во која Пауло К. пробува да се открие себе си, својот духовен и животен пат..
    Отцена 3/5, може и тоа е многу