Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    1,689
    Likes Received:
    12,629
    Gender:
    Female
    Терапија-Себастијан Фицек

    Се работи за познат психијатар чија ќерка боледува од необјаснива болест и мистериозно исчезнува за време на посета на доктор. Нема сведоци,траги,тело,ниту докази. Четири години по исчезнувањето докторот сè уште е уништен од трагедијата и се повлекува во семејната викендичка на море,каде се надева дека ќе стави крај и да продолжи понатаму со животот.
    Таму ќе го посети прекрасна непозната жена која трвди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Иако нема намера да продолжи со својата работа и да лекува пациенти сепак решава да и помогне бидејќи нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози и тој почнува да се сомнева дека оваа жена е вмешана во исчезнувањето на неговата ќерка.

    Напнат психолошки трилер,кој ќе ве држи во исчекување и несомнено ќе ви го држи вниманието до самиот крај. Препорачувам.
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,853
    Likes Received:
    5,623
    [​IMG]
    Жарн: трилер
    Оценка:5/5

    Најмногу што ме привлече за книгава е реченицата-Има три приказни, мојата, твојата и вистината.
    Ашлин е млада самохрана мајка која ја судат за убиство на нејзината ќеркичка, додека пак Мерсер е новинарка/писател и е задолжена да пишува книга поврзана со судењето и приказната за Ашлин како обвинета за убиството на девојчето. Од друга страна пак сопругот и ќеркичката на Мерсер пред нешто повеќе од година дена загинале во сообраќајна незгода. Поради тоа Мерсер ја мрази Ашлин и верува деа таа е убиецот на своето дете како и сите останати од полиција до новинари. Овде настанува заплетот на книгата и натаму има интересна колуминација и пресврт. Дали Мерсер може да и верува на Ашлин, и која приказна е всушност вистината?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,353
    Likes Received:
    82,007
    Gender:
    Female
    Не е последно што имам читано, ама сакам да дадам мал осврт за книга која ја прочитав неодамна и ептен ме изненади.
    Станува збор за The Bungalow или (Тајната колиба на плажата) од Сара Џио.
    [​IMG]

    Значи, Сара Џио ми е откритие на годината. Кога не знам што да читам, бирам што било од неа. Не дека нуди нешто револуционерно, приказните се во принцип историска фикција со елементи на романса, драма, мистерија, па и трилер (во оваа што ја читав, во минимална доза).
    „Женска“ книга која е далеку од чик-лит.

    Не дека не е романтична, е и тоа многу, ама и има некоја си логика.

    Дејствијата се одвиваат во периодот на ВСВ и станува збор за животот на Anne Calloway, медицинска сестра која тогаш била млада девојка во своите рани дваесетти, и штотуку се верила за својот сакан.
    Си носи свои бубачки во глава и постојано се прашува дали го одбрала животот кој навистина го посакува или живее нечие туѓо изрежирано сценарио, па кога ќе разбере дека нејзината пријателка од детството Kitty ќе се приклучи во една мисија на Пацификот со цел да служи во Армијата на медицинските сестри, Ен без двоумење одлучува да и' се придружи за да се оддалечи од ситуацијата во која се наоѓа и со ладна глава да размисли што понатаму...ако воопшто има понатаму.

    Локацијата е Бора-Бора и описите на плажите, океанот, околината, се неверојатни. Се почувствував како да кампувам пред колибата на плажата и немо ги набљудувам сите настани.

    Многу убава приказна, која во себе поврзува многу теми и многу актуелни појави - пријателство, врски, уметност, себепронаоѓање, па дури и по некоја женска тема, ама не би откривала која зашто ќе издадам голем спојлер, а не би сакала да расипам нечие читање. :)

    Многу сум изненадена од авторкава, Сара Џио има многу убав стил на пишување, богати и живописни описи, едноставно не ти се запира кога ќе почнеш да читаш.
    Единствено што ме нервира е крајот. До душа, ова е заклучок сумиран од двете нејзини книги кои успеав да ги прочитам досега. Крајот во оваа книга ми се допадна, посебно делот пред крајот кога секој тргна по својот пат зашто едноставно немаше простор за поинаков тек на настаните.
    Сурово, но многу реално.
    И потоа, во еден дел од животот патиштата повторно им се споија, што и не е толку клише како што изгледа.

    Ама во принцип, имам впечаток дека тежнее кон бајки. И тоа е во ред, ама малку ми одеше на нерви во „Темјанушки во март“, на пример.
    Значи океј е, не мора сите приказни да имаат среќен крај по секоја цена.
    Сум за среќни краеви, ама не присилени по секоја цена, зашто тенка е границата помеѓу спонтаноста и клишето..

    Колибата беше за нијанса подобра од Темјанушките.

    Книгата ја почитав за еден ден и ја оценив со 4.5.
    Вреди да и' се даде шанса.
     
  4. Starfishh

    Starfishh Нов член

    Joined:
    Oct 22, 2018
    Messages:
    7
    Likes Received:
    15
    Gender:
    Female
    Калуѓерот што го продаде своето ферари од Робин Шарма.8-| Добра книга.(y)
     
    SeaMermaid likes this.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,353
    Likes Received:
    82,007
    Gender:
    Female
    Минатата недела ја завршив One Of Us Is Lying, дебитантска книга на Karen M. McManus, ама не стасав да пишам мислење.
    [​IMG]
    Како прво, морам да кажам дека книгата навистина има потенцијал да стане популарна, па дури и кај нас. Се надевам дека некој од издавачите ќе ја примети, засега може да се најде само на англиски, ако не се лажам.

    Станува збор за типичен YA-роман, трилер, со елементи на драма и романса.
    На Гудридс е опишан како моментот кога The Breakfast Club meets Pretty Little Liars.
    Јас би рекла кога TBC meets Gossip Girl, зашто многу повеќе наликува на тие две отколку на PLL, но нема врска, да продолжам понатаму.

    Станува збор за група на тинејџери, кои ненадејно добиваат укор од професор и принудени се да одат на „казнена настава“ (не знам како да го преведам терминот детеншн) по часовите.
    Пет ученици добиваат казнена, но на крајот од часот само четворица си одат дома, шокирани од настанот на кој сведочеле.
    Акцентот паѓа на тоа дека сите четворица имале многу добра причина да посакаат да му наштетат на Simon (ученикот што доживува несреќа), но, кој ли е убиецот и кој ли е само неговиот мотив...

    Описот делува неинспиративно, да, но приказната е неверојатно читлива.

    Bronwyn, Addy, Nate & Cooper - четворицата ученици кои биле со Simon за време на часот ја раскажуваат приказната од нивна гледна точка (тие се наратори, тие ја водат приказната и секое поглавје му припаѓа на некој од нив), ама математиката околу нејасните околности за смртта на Simon никако да испадне точна.
    Дали може да му се верува на било кој од нив четворица? Дали сите ја зборуваат вистината или прават очајнички потези да ги сокријат трагите кои водат до некој од нив за да се оградат од овој несреќен случај?!

    Не е клише, не е обична тин-драма, светлосни години далеку од Pretty Little Liars.
    Во себе вклопува многу интригантни и актуелни теми, ама секој збор плус би бил преголем спојлер.
    Баш ми беше уживање, ете зошто сакам YA-книги, па и трилер - прекрасно.

    Ја оценив со 4.5 затоа што на моменти ми ја тупеа приказната со некои небитни детали, но тоа не го поништува фактот дека книгата беше одлична.
    Крајот НЕ го предвидов, ама сомнежите ми беа речиси точни.

    Сите што се фанови на приказни како 13 reasons why, не треба да ја пропуштат книгава. :)

    Изгледа авторката е голем фан на PLL, другата книга и' се вика Two Can Keep A Secret, во план ми е да ја прочитам и неа па да видиме. :)
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,035
    Likes Received:
    36,204
    Gender:
    Female
    Колекционер на очи од Себастијан Фицек
    Жанр: психолошки трилер

    [​IMG]

    Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.
    Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа за да го најде. Тоа е неговиот метод.
    Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши и пред убиецот да му го извади левото око.

    Александер Зорбах, поранешен полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој одеднаш, неочекувано е осомничен.
    Колекционерот сака Зорбах да ја игра неговата игра. Тој има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете.
    Одбројувањето е започнато…

    После романот Терапија, ова е уште едно одлично дело од мајсторот на трилер-содржините, Фицек.
    Морбидни, сурови, брутално-безочни животни настани коишто се случуваат по исто сценарио на Колекционерот применето на различни жртви.
    Книгата ме воодушеви и ја препорачувам.
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2013
    Messages:
    3,063
    Likes Received:
    69,325
    Still Me - JoJo Moyes

    Трета книга од бестселерот Me Before You која го следи животот на Лу во Њујорк, предизвиците и нејзината врска со Сем. Лу се сели на друг континент, поради работа за која нема никакво искуство но која ѝ ветува потенцијално осознавање на себе си, почнувајќи со кажување на да на нови авантури.

    Првата половина беше интересна, на моменти смешна и мислев дека ќе е подобра од вториот дел кој што воопшто не ми се допадна, ама потоа стана толку предвидлива и некако како да писателката од петни жили се потруди да даде среќен крај.

    Мислам дека требаше сѐ да се заврши на првата книга и да не го расипува впечатокот, туку да не остави да фантазираме што Лу ќе одбере да прави во животот после смртта на Вил.

    Знаев дека ќе го фати Сем со колешката кога ќе се врати дома, јасно беше уште кога му пишуваше имејли покажувајќи колку е љубоморна. Јасно беше дека дедо ѝ ќе почине, дека сестра ѝ ќе си го среди животот, дека Гопкинс ќе дознае дека таа не е виновна и ќе ја награди повеќе од што бара.

    Конфузно беше тоа со Сем. Ем се трудеше, патуваше толкава дистанца за да помине два дена со неа во два наврати, ама после тоа веднаш ја извара емоционално и после физички само бидејќи му било тешко.. некако ми немаше логика тоа ич. Да не дознаеше таа тогаш, тој би продолжил со неа и со колешката во исто време? На крај завршија заедно, како во бајките. |(

    Па врската со Џош.. писателката така го опишуваше од сам старт да беше јасно дека типов нема шанси со Лу. :D

    Не си го трошете времето.. :?:

    Лимунатка. Од мене 2.5/5
     
    SeaMermaid, dunika and WarriorMind like this.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,034
    Likes Received:
    48,385
    Gender:
    Female
    Ревизор од Гогољ
    Сатирична драма во која е опишано руското опшество во времето на живеење на Гогољ, управители кои се служат со лаги, измами, кражби и манипулации на широката маса .... ништо ново и денес
     
    SeaMermaid likes this.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Разговори со себеси - Андрес Нуман

    Одамна не бев сретнала ваква книга да можам и сакам да ја прочитам во еден здив, во една секунда. Ја прочитав за само неколку саати; заборавив на се околу мене.
    Прекрасна реалистична приказна, семејна драма поврзана со смрт на член од семејството. 3 лика ни пристапуваат на 3 различни начини, преку умот (мислите), преку дневник и преку снимени говори.
    Нежна, болна, трогателна, реална. Не можев да прекинам да плачам. Исто така не можев да прекинам да се пронаоѓам во многу секојдневни моменти.
    Имаше неколку еротични моменти кои што не се по мој вкус, меѓутоа се' на се', прекрасна книга што на сите ја препорачувам.

    10/10
     
    SeaMermaid likes this.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Јас пред тебе - Џоџо Мојес


    [​IMG]



    Искрено, ми се допадна повеќе од филмот. До детали е објаснета секоја случка.
    Лесно е читлива.

    На прв поглед, делува како една обична книга за релаксирање, но кај мене се уште буди чуства на размислување. Дали е правилно, и дали го живееме сопствениот живот онака како што заслужуваме ?

    Доколку го немав гледано филмот, сигурно ќе очекував поинаков крај.
     
    SeaMermaid and WarriorMind like this.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,035
    Likes Received:
    36,204
    Gender:
    Female
    Крвна врска од Сидни Шелдон
    Жанр: Трилер

    [​IMG]

    Елизабет Рофи, млада, убава и интелигентна девојка, станува претседател на гигантска фармацевтска компанија, втора по големина во светот. По трагичното загинување на нејзиниот татко Сем Рофи при едно негово искачување на планинскиот врв Мон Блан, таа ја презема водечка позиција во машкиот биснис-свет исправена пред професионалниот предизвик од една страна и немилосрдните игри на интереси на акционерите (нејзините роднини), членови на Одборот на директори. Грчевито се бори со сета сила, упорност и истрајност со сите кои сакаат да ги продадат акциите од свои причини и да ја уништат компанијата која беше животот на нејзиниот татко.

    Во наративната содржина испреплетени се љубовни авантури, завери, сексуални претензии, коцкарски долгови и други сплетки кои го откриваат лицето на моќта, статусот и парите каде што не секој може да успее, а за да остане свој и доследен на погледите и интереси мора да го вложи максимумот од себе.
    И покрај сите бури, Елизабет го одржува заветот на нејзиниот татко.
    Големиот бизнис-капитал останува во кругот на семејството Рофи.

    Едноставен книжевен концепт на авторот кој го задржува вниманието, но не вклучува поголема мозочна активност. Повторно би избрала некое од неговите дела зашто имаат кратка, јасна и позната нарација со која нема да се изневерат очекувањата од овој тип романи.
     
    eli25, SeaMermaid and WarriorMind like this.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,853
    Likes Received:
    5,623
    [​IMG]
    Жарн: фикција
    Оценка 4/5

    Деветмина обични луѓе се заедно на десетдневен престој во ресорт. Некои се таму за да ослабнат, некои заради депресија, анкциозност, некои за да се одморат. Во книгата се раскажани приказните на сите деветмина, вистинската причина зошто се пријавиле во ресортот и со какви стравови и предизвици ќе се соочат кога сопственичката на ресортот сака да испроба нешто ново и револуционерно при тоа ветувајќи им дека по 10 дена кога ќе си заминат од ресортот ќе бидат нови луѓе.
    Интересна ми беше, сакам вакви книги со ограничен број на ликови и секој си има своја приказна, убаво сите беа доловени. Нема некоја којзнае каква длабочина книгата, нешто помеѓу чиклит и драма.
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,035
    Likes Received:
    36,204
    Gender:
    Female
    Куќата на злото од Агата Кристи
    Жанр: Криминалистика

    [​IMG]

    Чарлс Хуард, син на сер Артур Хуард, помошник на комесарот на Скотланд Јард, во Египет ја запознава младата таинствена англичанка Софија Леонидес. Нивното познанство прераснува во љубов и тој ја бара за жена. Софија ја прифаќа понудата, но сепак инсистира да пролонгираат една година, до неговото враќање во Англија.
    По враќањето во Англија, Чарлс дознава дека во семејството на Софија се случило убиство.
    Убиен е нејзиниот дедо, Аристид Леонидес...

    Софија која многу го сакаше дедо и, ќе направи се за да дознае кој го сторил убиството, кое навидум е само ненамерна грешка на стариот господин Леонидес. Свршеникот Чарлс заедно со неговиот татко се обидуваат да ја разрешат мистеријата која е многу подлабока отколку што изгледа на прв поглед. Семејството крие многу тајни кои на крајот ке бидат разоткриени... или можеби не...

    За сите љубители на криминалистички романи топло ја препорачувам книгава која како и другите дела на писателката е феноменална и успева да го задржи љубопитството низ мистериите до самиот крај.
     
    SeaMermaid, macka91 and Ladu in pink like this.
  14. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2018
    Messages:
    301
    Likes Received:
    1,451
    Gender:
    Female
    upload_2018-12-8_23-2-40.jpeg
    Овојпат станува збор бостонската медицинската истражителка д-р Мора Ајис, која како судски паталог секојдневно се среќавала со тела на свирепо убиени луѓе. Веќе беше и навикната секое тело што ќе го прегледува да биде што помонструозно од претходното, дури до непрепознатливост. Но, еден навидум обичен ден во својата работна соба ја чекаше необична задача - новодонесената жртва беше идентична со неа... Како е возможно тоа? Едноставно таа и жртвата беа идентични, личат како јајце на јајце.

    Нема крај на вчудоневидувањето кога д-р Мора Ајис ќе ги погледне личните документи на жртвата - незамисливо таа и жртвата се родени на ист датум, во ист месец, во иста година, а исто така имаат и иста крвна група. И сосема доследно на Тес Геритсен, сличностите кулминираат кога ДНК анализата покажува дека всушност д-р Мора и убиената жртва навистина се сестри-близначки...
    Предобра 5/5
     
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    1,853
    Likes Received:
    5,623
    The Death of Mrs. Westaway-Ruth Ware
    [​IMG]
    Жарн: Мисија, фикција
    Оценка: 4/5

    Авторката на книгата е Ruth Ware, и ги имам прочитано и другите книги, оваа беше за нијанса послаба од претходната.

    Хал е млада, сиромашна девојка, која по смртта на мајка и продолжува исто како неа да гледа на тарот карти за да преживее. Еден ден добива писмо од адвокат дека истата по смртта на госпоѓа Веставеј е наследничка спомната во тестаментот на починатата. Иако Хал се презива исто како и госпоѓата Веставеј, таа никогаш не е слушнала за неа од нејзината мајка. Сепак бидејќи е без пари, решава да оди и да се обиде да го добие наследството.
    Иако имаше некои нелогичности во книгата, сепак приказната во глобала е интересна и задржува внимание за да се дочита книгата. Единствен главен лик е Хал, приказната е раскажана од нејзино име, така што другите ликови се тотално занемарени и во втор план.
     
    sweet-cherry, SeaMermaid and macka91 like this.
  16. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    1,689
    Likes Received:
    12,629
    Gender:
    Female
    Зад затворени врати-Б.А. Парис

    Џек и Грејс се запознаваат сосема случајно и тврдат дека тоа било љубов на прв поглед. По само шест месеци врска, Џек и понудува брак и и ветува куќа од соништата. Тој ја прифајќа и нејзината сестра Мили која има Даунов синдром и Грејс не може да биде посреќна бидејќи тој е единствениот нејзин дечко кој целосно ја прифајќа Мили која несомнено е најбитна личност во нејзиниот живот. Откако стапуваат во брак тие се пример за совршен брак. Иако пријателките ја прашуваат Грејс зошто не се јавува на телефон или зошто не оди со нив на ручек, Грејс знае вешто да ја прикрие вистината со приказна за нејзиниот совршен брак и совршен сопруг од кого буквално не се двои.
    Но дали навистина е се така како што изгледа или пак совршениот брак е една совршена лага ве оставам да прочитате.

    Напнат психолошки трилер,ја прочитав во еден здив иако морам да признаам очекував повеќе. Крајот малку ме разочара,но во секојслучај вреди да се прочита. Ја препорачувам.
     
  17. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Joined:
    Dec 25, 2018
    Messages:
    166
    Likes Received:
    362
    Gender:
    Female
    "Flowers in the attic" од Вики Андревс. Ја порачав од букдепостори оти ни ние ни србите или хрватите ја немаме преведено. Готик новела е и е многу, многу дистурбинг, можеби една од најкрипи книги некогаш напишани. Вака оди содржината-
    Среќно семејство составено од татко, мајка, девојче, момче и мали близначиња (машко и женско) живеат во идила се додека трагедија не ги погодува, таткото умира. Мајката во очај, пишува на нејзиното семејство. Семејството одговара на писмата, и тие одат да живеат кај бабата и дедото. Првата вечер децата спијат заклучени во соба под самиот таван. Наредната исто така. И наредната, и наредната... а мајката доаѓа се помалку да ги посетува, Што се случува?
    5/5
     
    violetblue and SeaMermaid like this.
  18. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2018
    Messages:
    301
    Likes Received:
    1,451
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    Предобрааа!!!
    Нема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности...
    Тој се повлекува во семејната викендичка на море, каде што се надева дека ќе успее да стави еден вид на крај и да продолжи понатаму со животот...Но таму одеднаш го посетува прекрасна непозната жена по име Ана. Таа тврди дека е писателка која страда од необична форма на шизофренија и го замолува за терапија. Виктор повеќе не работи со пациенти и нема намера да почне ни сега, но кога открива дека нејзините халуцинации се вртат околу исчезнато девојче што страшно наликува на неговата ќерка Џози, одеднаш ја прифаќа како пациент.
    5/5
     
    rolulika, SeaMermaid and violetblue like this.
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,147
    Likes Received:
    14,457
    Gender:
    Female
    Дали ја има во PDF или знаеш од каде може да се купи? :D
     
  20. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Joined:
    Jan 24, 2018
    Messages:
    2,051
    Likes Received:
    26,296
    Gender:
    Female
    Ја сакаш ПДФ на хрватски?
     
    SeaMermaid likes this.