1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    6.768
    Пол:
    Женски
    Џејн Остин - Ема

    Ја сакам Џејн заради начинот на пишување и заради што обрнува внимание на чувствата и начинот на изразување ми е многу посебен со сите тие манири на ликовите. Ги сметам за историски романи, класици бидејќи ја опишува англиската култура во минатото.

    Иако и оваа книга од Џејн не беше лишена од ваквиот стил на пишување и сличната тематика со останатите сепак со неа доживеав разочарување. Не знам дали се должи тоа бидејќи делумно го знаев крајот но сепак книгава ме изнамачи додека да ја исчитам.

    Настаните се прееемногу развлечени како што е случај и со другите нејзини дела но разликата со претходните дела е тоа што во оваа дрло настаните не само што се развлекуваат на почетокот, тие се развлекуваат низ цела книга.
    А тоа ја направи книгата, досадна.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Bird Box - Josh Malerman

    Книгава не беше лоша, имаше доста напнати моменти, меѓутоа крајот не беше баш како што очекував.
    И филмот го изгледав, доста измени имаше од книгава, но исто беше океј, ништо посебно.
    Ако сакате напнат, мистериозен трилер накај хорор ѕирнете ја книгава.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Зад затворени врати - Б.А. Парис

    Се работи за Џек и Грејс кои се млад брачен пар и нивниот брак оддалку изгледа како да е совршен. Сите се се восхитуваат на шармот и вљубеноста на Џек во неговата совршена жена Грејс, но никој не знае што се случува зад затворените врати на нивната огромна куќа. И никој не се прашува зошто Грејс нема телефон и не излегува на ручек со пријателките, иако не работи. Никој не се прашува зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби.

    Книгата вреди да се прочита и ја препорачувам, воопшто не очекував да има таков крај. Книгата "На раб на лудило" исто така е од истата авторка.
     
    На sikica7, Ladu in pink и azelea им се допаѓа ова.
  4. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Криј се - Лиса Гарднер

    Се работи за поранешен случај кој го прогонува детективнот Боби Доџ и го променува неговиот живот за 360 степени. Пронајдена е тајна соба во тлото на напуштена психијатарска болница и никој не може да верува што се' е пронајдено таму.
    Во исто време Анабел бега откога знае за себе. Се' започнува еден ден кога таа си доаѓа од училиште и ги наоѓа куферите подготвени за пат. Таа бега цел свој живот со своето семејство имајќи лажни идентитети и имиња, а притоа незнаејќи од зошто. Но, тогаш од тајната соба се вади тело, кое го носи нејзиното име на синџирче околу вратот.

    Книгата ми се допадна. Трилер и романса. Ме потсети на „Убави девојки“ од Карин Слотер
     
    На Ivana J., Ladu in pink и azelea им се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.732
    Пол:
    Женски
    20190204_101718.jpg

    Кабул 2007 година Покрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да одат на училиште, а од дома излегуваат многу ретко. Единствената нивна надеж се наоѓа во древниот обичај наречен бача-пош, што ќе ѝ овозможи на младата Рахима да се облекува како момче и да биде така третирана сè додека не стигне до годините за мажење. Како син, смее да се образува, да оди на пазар, да ги чува и да ги надгледува постарите сестри. Но, Рахима не е првата во своето семејство што прибегнала кон тој несекојдневен обичај. Еден век претходно, нејзината прабаба Шекиба, останувајќи сираче, се спасила и изградила нов живот на истиот тој начин. Пловејќи низ времето, Бисерот што ја скрши својата школка ги испреплетува приказните на овие две жени кои, иако разделени од еден цел век, имаат слични судбини. Но, што ќе се случи кога ќе дојде време Рахима да се омажи? Дали Шекиба целиот живот живеела како машко? Како Рахима ќе преживее ако не успее да се приспособи на животот како мажена жена? Оваа моќна приказна за беспомошноста, судбината и слободата за управување со сопствениот живот ги спојува во себе културните бои и емоционалните одеци на Халед Хосеини и Лиса Си. „Надија Хашими на читателите им подарува одлично напишана проза, полна со искреност проткаена со восхит и почит. Таа се служи со историска нарација и благодарение токму на семејните преданија, современата жена ја учи како и кога да ја скрши својата школка“

    Преубава книга,за 2-3 дена ја прочитав и многу убав впечаток ми остави
     
    На eta, poenta, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    33.505
    Пол:
    Женски
    Karolinas twins- Ronald Balson (5/5)

    Лена ги бара ќерките на нејзината другарка Каролина која ги родила за време на втората сведска војната во Полска.Лена е Еврејка која била третирана како сите Евреи во тоа време.Со многу среќа преживува.По 70 години сака да го оствари ветувањето на најдобрата друарка Каролина.Ама зошто баш сега?Во подрагата и помагаат детективот Лиам и адвокатката Кетрин.
    Прво кога ја купив не прочитав за што се зборува , па кога видов дека дејството се одвива за време на војна не сакав да ја читам.Ама Лена е многу интересен лик и секоја нејзина приказна ја чекав со нетрпение.Да бев во периодот кога читав 24/7 ќе ја прочитав за 2 дена.
    Секоја страна е се поинтересна и поинтересна, тажна и болна приказна.На еден дел почнав да липам во метрото , а сите се чудеа.
    Расплетот е во последните страни па не е за такви што читаат од последна страна :D
    На крајот книгата има среќен крај ќерките се живи.
    Несакам да ја откријам цела за некој што сака да ја прочита.Прпорачувам.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    732
    Пол:
    Женски
    Јас го имам гледано филмот само, дали вреди да се прочита и книгата или да го прескокнам тој дел? Иначе моментално ја читам ДЕВОЈЧЕТО НА ГРЕБЕНОТ
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Мене лично книгата повеќе ми се допадна, но... Нема ништо да изгубиш и да не ја прочиташ, нема нешто посебно да ја оддели од филмот.

    Јас ја завршив пред некој ден Born a crime - Trevor Noah.

    Книгава е бисер. Не е раскажана хронолошки, туку како приказни од животот на авторот со одлична перспектива за животот пред и после апартхејдот. Животната сторија е многу интелигентно напишана, многу тешки ситуации опишани со хумор, па некако полесно се голтаа...

    “We tell people to follow their dreams, but you can only dream of what you can imagine, and, depending on where you come from, your imagination can be quite limited.”

    Ова посебно ми се допадна.
    “People love to say, “Give a man a fish, and he’ll eat for a day. Teach a man to fish, and he’ll eat for a lifetime.” What they don’t say is, “And it would be nice if you gave him a fishing rod.” That’s the part of the analogy that’s missing.”

    “Language, even more than color, defines who you are to people.”
    И ова исто. Имаше цел еден дел за тоа како јазичната бариера помогнала со спроведувањето на апартхејдот и колку со неверувае ги гледаме оние кои не го зборуваат нашиот јазик, колку мислиме дека се поразлични од нас.

    “If you're Native American and you pray to the wolves, you're a savage. If you're African and you pray to your ancestors, you're a primitive. But when white people pray to a guy who turns water into wine, well, that's just common sense.”
    Така де, common sense. :D

    “Trevor, remember a man is not determined by how much he earns. You can still be a man of the house and earn less than your woman. Being a man is not what you have, it's who you are. Being more of a man doesn't mean your woman has to be less than you.”

    Одлична книга, 5/5.
     
    На CameliaMiller, pravnicka_2604, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Другиот брег на Босфор-Тереза Ревај.

    Книгава е историски роман,за падот на Отоманското Царство и создавањето на новата држава Турција.
    Во книгава има историски ликови,но централен лик е една млада Турчинка која полека излегува од стегите кои тогашното општество им ги наметнува на жените,која се пронаоѓа себеси и се буди истовремено со револуцијата.

    Ја препорачувам,Тереза Ревај е прекрасен писател на историски романи,која покрај фактите,во романите има љубов,страдање и внатрешна борба на ликовите.
     
    На pravnicka_2604 и macka91 им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    The Au Pair -Emma Rous
    Оценка 4,5/5

    Книгата е раскажана од перспектива на Серафин, која по смртта на нејзиниот татко сака да дознае нешто повеќе за своето потекло, поточно за нејзината мајка и денот на раѓањето на Серафин и нејзиниот брат близнак Дени. Рут, мајката на Серафин се самоубила на денот на раѓањето на близнаците, па Серафин се обидува да дојде до вистината иако нејзината баба не сака да зборува на настанот. Од друга страна е приказната раскажана од Лаура, дадилката која работела како ау паир, за Рут и го чувала нејзиниот постар син Едвард, а била присутна на денот на раѓањето на близнаците и самоубиството на Рут.
    На мене лично ми се допаѓаат вакви семејни драми, иако знаат да бидат предвидливи на моменти, интересна ми е динамиката во нив особено ако се вака напишани, раскажани од повеќе ликови, во различно време.
    Единствена замерка ми беше што авторката се посветила на раскажување на настани, па не ги продлабочила многу самите ликови, особено главните ликови.
     
    На Tajnaotrovna, toogood, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Црно семе - Ташко Георгиевски

    Историски роман што ич не е my cup of tea, но бидејќи е задолжителна литература за училиште сепак го прочитав. Раскажано е страдањето на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција и измачувањата што ги трпеле наши војници во тоа време.

    Би ја препорачала на некој што сака историски книги, сепак не ми остави некој посебен впечаток освен што ми беше жал низ што се проаѓале.
    Оцена 4/10 :)
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Silent Patient - Alex Michaelides
    Нов трилер за кој веќе се крева прашина и ќе се снима филм.
    Книгава не може да се остави. Невозможно е. Поглавјата не се долги, што само те тера да си викаш само уште едно да прочитам. Па уште едно и уште едно и додека трепнеш дошол крајот.
    Пресвртот не го погодив, ни најмалку, не ни помислив дека е тоа всушност работата.
    Накратко за содржината.

    Алиша Беренсон е обвинета за убиство на својот маж. Случајот е многу јасен, најдена е како стои над него со пушка во раката, сите докази укажуваат дека е виновна. А и самата Алиша не се брани на никаков начин. Таа едноставно... занемува. Не проговорува ни збор повеќе.

    Тео е психотерапевт кој е запознаен со Алиша, како и сите впрочем, но кога ќе се отвори можност да соработува со неа по неколку години од убиството тој решава да и помогне. Одлучен е дека таа ќе прозбори со негова помош.

    Мистеријата се отплеткува дел по дел. Одамна не сум прочитала толку добро напишан трилер, приказна со повеќе слоеви, ликови со одлична позадина и мотиви.
    Топло ви ја препорачувам. Има петка од мене.
     
    На joy1, ansi.i, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    22.061
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам-Гијом Мисо

    Книга исполнета со мистерија,љубовна приказна и многу емоции,но и психоанализа.
    Неосетно брзо се чита бидејќи постојано нешто се случува и љубопитноста нараснува.Јас не ожев ни да го насетам крајот како се ќе се разреши ..
    Топло ја препорачувам!
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Дали имаш нешто во пдф од неа?
    Јас имам неколку, но оваа ја немам.
     
  15. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Душокршачот- Себастијан Фицек

    Се работи за злосторник кој не ги убива, силува или злоставува жените, но ги ги уништува ментално и тие се како живи мртовци.
    Непосредно пред Божиќ „Душокршачот“ повторно почнува да напаѓа, но сега во една психијатриска клиника. Докторите и пациентите се испаничени кога сфаќаат дека тежок случај е примен во клиниката и дека нивните животи се во опасност. Дејството се случува во време кога надвор беснее снежна бура и клиниката е целосно отсечена, па тие не можат да воспостават никаков контакт за да повикаат помош.

    Очекував многу повеќе од оваа книга. На почетокот мора да признаам ми беше интересна, мистериозна, со делови кои би сакала да можев да ги прескокнам бидејќи ми беа езиви за читање, но крајот беше млак и по малку досаден.
    3/5
     
    Последна измена: 19 март 2019
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Наслов: Јужно од границата западно од сонцето
    Автор: Харуки Мураками


    [​IMG]

    Опсесија, носталгија, пасија, посесија: сите мрачни сили на умот се тука. Приказна за пријателството и за љубовта, за илузиите, сенките и сеќавањата од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Ликовите се движат на работ од можното, но истовремено и на илузијата и имагинацијата, чекорат по границата на два света кои се допираат и понекогаш интерферираат, кои навлегуваат еден во друг.
    Најголемата енигма е кога и дали навистина се случува она што се случува, кога илузијата е илузија а кога реалност. И ова издание е типично во стилот на Мураками, книга за најдлабоките чувства, за моментот кога минатото и сегашноста се допираат и преплетуваат, а иднината е неизвесна. Хајиме се бори со судбината која некогаш грубо си поигрува и остава зад себе само каење по пропуштените можности, но и сила да се продолжи понатаму.Човекот може со самиот факт дека е жив да уништи друго човечко битие.
    И кога тоа ќе се случи... Личноста која ја сторила штетата е засекогаш повредена.

    Првпат го читам Мураками и нема да завршам тука...

    Во прилог на кратката рецензија го прикачив линкот од музичката композиција (ја побарав на YouТube) The stars crossed lovers во изведба на Duke Ellington која ја означува љубовната опсесија меѓу Хајиме и Шимамото

     
    На 1209 и do-re-mi им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.423
    Пол:
    Женски
    Сите книги на Харуки се магични на овој начин, мене ми р омилен автор, а единствено оваа книга ја немам прочитано, ќе си ја симнам уште денес.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Целиот негов уметнички капацитет со неповторлива вредност го ставив во книжевниот предизвик за 2019.
    Се надевам дека ќе ти се допадне книгата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Види го прикачениот фајл 489246
    Малку каснам... Немав време за Фемина :)
    Оценка 4/5
    Убаво замислена приказна, но почетокот е некако неповрзан и нејасен. Мегутоа со минување на страниците приказната се развива и станува интересна. Ако Ви дојде во рака, дајте и шанса :)
     
    На Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Виртуелна девојка - А.Р. Тори
    Дијана е веб девојка која живее меѓу 4 ѕида.
    Нејзината мајка го убила целото семејство и таа е единствениот преживеан.
    Кога исчезнува Ени,Дијана е сигурна дека виновникот е нејзиниот клиент.
    Тогаш го напушта станот и тргнува да го спаси девојчето иако се плаши од нејзините демони. Дијана крие тајна и знае дека е преопасна кога е на слобода.

    Одличен трилер,уште едно ремек дело на Александра Тори.
     
    На CameliaMiller и riba79 им се допаѓа ова.