Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Наслов: Норвешка книга
    Автор: Харуки Мураками

    [​IMG]
    Кога ќе ја чуе песната на Битлси, Норвешка шума, Тору Ватанабе се сеќава на својата прва љубов, Наоко, девојката на неговиот најдобар пријател Кизуки. Истиот миг во мислите се враќа во минатото, кога пред речиси дваесет години ги минувал студентските денови во Токио, загубен во свет на тегобни пријателства, патемен секс, страст, загуби и копнежи - во времето кога во неговиот живот влегла незауздената млада жена Мидори, а тој морал да избира меѓу иднината и минатото.
    Норвешка шума е најпознатиот роман на Харуки Мураками, култна книга која неодамна беше најголем јапонски бестселер на сите времиња. Само во Јапонија се продадени над четири милиони примероци.

    Оваа книга е полна со студентски бунтови, слободна љубов и поп-музика од шеесеттите години. Исто така, таа е вистински емотивна и ги опишува врвовите, но и најдлабоките падови на растењето на една личност.

    Мураками е несомнено еден од најдобрите светски романсиер. Несомнено, го гради своето книжевно ткиво на толку префинет, пајажинест начин, што сè што ќе реши да опише, трепери од безброј симболични можности.

    Насловот на книгата е име на песна од Битлси. Во продолжение линк од музичкиот запис Норвешка шума.
    За ова дело направена е филмска екранизација.

     
    На sagittarius57, *Bridget Jones*, AnnabelLee и 8 други им се допаѓа ова.
  2. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Сите твои совршености -
    Колин Хувер

    Квин и Грахам се запознаат на многу необичен начин. Нивните животи се спојуваат кога се изневерени од своите сакани.
    Нивниот брак е полн со љубов. Проблемите почнуваат со нивната желба за деца.
    Секојмесечното очекување и разочарувања ќе ги направи странци и ќе направи јаз меѓу нив кој трае со години.
    Емоционална и срцепарателна приказна.
     
    На martty06 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Наслов: Кафка на брегот
    Автор: Харуки Мураками


    Романот ја следи судбината на двајца главни ликови, тинејџерот-бегалец Кафка Тамура, кој го напушта својот дом со цел и идеја/замисла дека треба да стане најцврстиот петнаесетгодишник на светот и остарениот Наката чии патишта во вртлогот на судбините се повеќе се доближуваат. Во меѓувреме се случува убиство. Tаткото на Тамура е убиен и полицијата е во потрага по убиецот. Убиениот господин Тамура е опишан како некој кој живеел повлечено, изработувал скулптури со уникатен стил кои добиле признанија низ целиот свет, последниот период бил визитинг-професор на Институт на уметностите, а полицијата го смета злосторството за лична одмазда.
    Како теми се провлекуваат, личната потрага, интерпретација на митот за Едип, инцестуозни врски, грижа на совеста. Сето тоа е раскажано на суптилен и ненаметлив начин и како што се приближува крајот нештата на неизнасилен и се позабрзан начин магично се испреплетуваат и се составуваат во една компактна целина.
    Ако се верува во тоа дека кога две или повеќе празнини ќе се спојат (празен – состојба на потенцијал на сите можности), од тоа можат да произлезат волшебни нешта, а Мураками е окарактеризиран како нежен сликар на негативните простори.

    Кафка на брегот е роман што на светол начин ги трансцендира (веројатно типично за јапонската култура и менталитет) некои од психолошките поими како: свест, потсвест, несвесно, архетип (мит), сон и други.
    Во книжевниот свет на Мураками мачките се многу важни суштества. Во овој роман еден од јунаците има способност да комуницира со мачките, способност која ја користи така што бара изгубени мачки, во овој случај Гома.
    Мачките имаат улога да пренесуваат пораки и имаат способност да зборуваат. Тие обично поврзуваат два раздвоени светови, нивното време е ноќ, а се одликуваат со мудрост и итрост.

    Во животот на секој човек постои по еден Кафка, точка од каде што нема враќање. Во некои случаи и момент од каде што напред е непредлива временска димензија. Се што може да се направи е молкум да се прифатат фактите. Тоа е начин да се преживее. Се останато е предвремено дејствување како одраз на незрелост.
     
    На xxx-ba, 1209, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.936
    Прв пат пишувам критика за книга.

    Ама прв пат толку ме разочарала книга за која сум имала големи очекувања :)

    Paula Howkins - Into the water

    После фантастичната The girl on the train очекував нешто (барем) еднакво напнато, неизвесно, нешто што ќе ме поврзе со некој лик - затоа што во TgotT во секој лик можев бар малку да се пронајдам.

    Авторката се обидела повторно настаните да ги раскаже од перспективата на повеќето ликови, да ги долови нивните сфаќања, чувства, причини за однесување, но мислам дека погрешила што тоа го прави од перспектива на ПРЕМНОГУ ликови.

    Ниту еден од нив не е сосема "доработен":
    - Џулија, односно Џулс, која поголемиот дел од животот ја мрази сестра си и ја екскомуницира. Цела приказна на Џулс е како и' се обраќа на мртвата сестра, и кога конечно доаѓаме до причината... млако. Ништо.
    - Лена, ќерката на Нел. Од една страна дрска, безобѕирна, авторката божем сака да не' наведе да се посомневаме во неа, но просто толку е лошо смислен ликот, толку млитав, во ниедна варијанта девојчето не реагира на настаните соодветно - виновна или не. Има толку мистерија во нејзиното постоење, а таа се чини ништо не ја интересира.
    - Ники, која ми е тотално вишок во целата приказна. Конфузна и непотребна.
    - Хелен, која не сум убедена каква врска има со Патрик
    - Шон, кој нема смисла во сопственото постоење, и освен ако не претпоставиме дека е тотално изгубена душа и не знае што со себе, нема објаснување за него.
    - Ерин, која исто ми е вишок
    - Патрик, кој го запознаваме едвај малку и исто немаме претстава што прави, што правел, ниту кој му е мотивот. Ниту крајот на книгата не ги објаснува ниту оправдува неговите постапки
    - Целата приказна со Марк, Кејти, родителите на Кејти, свршеницата на Марк...

    Премногу "настани" нафрлани, ниту еден лик добро обработен, ниту главната приказна за "водата" делува забавно...

    Генерално, тотално промашување, посебно со оглед на големите очекувања.
    Книгава ми беше предосадна за читање, нит заплет, нит возбуда, само чекав да ја завршам.

    Двојче од мене чисто затоа што ми се допаѓа стилот на пишување на авторката, но содржински оваа книга не ми е ни за двојка.
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Наслов: Разум и чувствителност
    Автор: Џејн Остин

    [​IMG]

    Неправедно лишени од семејното наследство поради поради алчноста на својот посинок и неговата сопруга госпоѓа Дешвуд и нејзините две ќерки Елеонора и Маријана се наоѓаат на работ на сиромаштијата. Принудени да се преселат од Сасекс во Девон двете сестри наскоро стекнуваат нов круг пријатели.Маријана, чијашто милозливост, убавина и отворена природа го привлекуваат измамникот Џон Вилоби, наскоро е длабоко вљубена.Елеонора којашто по природа е претпазлива и наклонета кон темелно размислување и дискретно таење емоции, страда поради загубата на Едвард Ферарс кого го остава во Сасекс.
    И покрај различната карактерна природа, двете сестри доживуваат големи разочарувања. Маријана отворено ја покажува болката на своето срце, а Елеонора не дозволува никому да дознае за нејзиното страдање. И двете поседуваат чувство на разумност, постојаност и интегритет што им овозможува да почнат нов живот исполнет со спокој и среќа.
    Разум и чувствителност е книга која отворено зборува за проблемите во тогашното општество низ приказната за љубовта, страдањето, тагата, надежта и вербата во среќен крај.

    Прво прочитано дело од авторката Остин кое не ме воодушеви ниту по книжевниот стил, ниту по содржинскиот концепт за "вечното ривалство" меѓу љубовта и разумот. Оценката е три.
     
    Последна измена: 6 мај 2019
    На sagittarius57 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Dream Daughter - Diane Chamberlain
    Имам многу книги прочитано од авторкава. Ама оваа книга... Оваа е најдобрата до сега.
    Не сакам да откривам многу, ќе кажам само дека бев скептик кога прочитав дека вклучува и патување низ времето, но Дајен го искористила само да додаде една нова димензија во приказната и и послужило како одлична алатка.
    Во 1970 Карли е трудна, но нејзиното бебе има проблем со срцето за кој нема решение. Што може да направи Карли за да му помогне на нејзиното бебенце? Има ли нешто што не би го направила една мајка?Приказната ме допре толку длабоко, пролеав солзи, едноставно е страшно емотивно четиво со многу изненадувања. Топла препорака од мене, нема да зажалите.
     
    На piglet1, violetblue, GoodGirl45 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Последно ја прочитав светот не е фабрика за исполнување желби од Џон Грин преубава и болна приказна која ми остави длабока трага.
     
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.552
    [​IMG]
    Оценка 5/5

    Овие неколку дена, една по друга ми се погодија неколку прекрасни книги за читање, па среќа дека имав продолжен викенд успеав да ги прочитам сите во еден здив. Последна ми оваа The Mother-in-Law или по наше свекрва :) Книгата го опфаќа односот помеѓу снаа и свекрва и како всушност понекогаш зборовите и гестови ги сфаќаме многу погрешно само затоа што постои непишано правило дека снаата и свекрвата не се сакаат. Епа книгата го разработува баш тој однос помеѓу снаата Луси и свекрвата Дијана од гледна точка на двете страни. Низ книгата се испреплетени и останатите семејни односи помеѓу Дијана и нејзиниот син и ќерка, раскажани низ призмата на Луси и Дијана.
    Реално опишана семејна драма низ која речиси секој од нас се нашол или ќе се најде. Милион мисли и теми за боок клуб предизвикуваа книгата.
     
    На CameliaMiller и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    11.425
    Пол:
    Женски
    "Кога Ниче плачеше" - Ирвин Д. Јалом.
    [​IMG]
    Антиклиматично. Крајот не ми се допадна. Приказната добра.
    Од литературен аспект фали нарација и подобра разработка на ликови, со цел да се долови комплексната суштина што Јалом сакал да му ја претстави на просечниот читател. Вака е исто како да се обидете со турска серија некому да доловите што е љубов. Очекував повеќе, но со оглед дека писателов е психијатар, а не книжевник ајде 7/10 пролазна. Замислата му била одлична.

    Инаку книгава е за Јозеф Бројер познат австриски доктор. Дејствието е крај на 19ти век пред самите почетоци на психоанализата. По неговото откритие дека при третман на хистерија со употреба на хипноза се доаѓа до изворот на симптомот и симптомот исчезнува, извесна девојка по име Лу Саломе ќе побара од Бројер да го третира "очајот" на не толку прочуениот филозоф во тоа време, Фридрих Ниче. Бројер прифаќа, но во обидот на лекување на Ниче сфаќа дека самиот тој е пациентот.

    Сите ликови од книгата се вистински. Приказната не баш. Ниче и Бројер никогаш навистина не се сретнале. Некои од писмата на Ниче до Лу Саломе кои авторот ги употребил за книгава биле навистина напишани. Фројд навистина бил чест гостин кај Бројерови, пријател и помлад колега на Јозеф. Само дејството меѓу Ниче и Бројер е замисла на авторот.
     
  10. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    The Girl on the Train - Paula Hawkins 5/10
    9780735219755_p0_v2_s550x406.jpg
    Книгава до некаде е океј, а и не. Ми се допаѓа идеата ама ликовите не.
    Рејчел, досадна, депресивна секогаш со алкохолот. Се меша таму кај што не и е место, ги замара буквално сите.

    Ана исто досадна, во секоја реченица Рејчел па Рејчел.
    Меган дефинитивно не знае што со самата себе.
    Том лажго, Скот опсесивен маж.
    Можам да кажам дека малку ми се допадна терапевтот. Секогаш смирен и единствениот лик што општо го користеше мозокот во книгава.

    Крајот повеќе од очигледен. Од сите ликови се знаеше кој го извршил убиството.
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Наслов: Фатални желби
    Автор: Бруклин Хадсон
    Оцена: 5/5



    Лошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар кој никогаш не престанал да го обвинува поради тоа што неговата мајка умрела додека се пораѓала со него. За негова среќа, покрај ужасниот татко, тој ги имал и саканите баба и дедо кои му биле единствената светла точка во животот... додека не го видел татко му како го убива дедо му пред негови очи...
    Уште како дете, живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел.

    Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар.
    Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон, Ракел е уметничка душа која работи во успешна галерија и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина. Каква трагедија? Ќе ве оставам да откриете самите.

    Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.

    Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби... Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме... Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но... некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат...

    Делото е предизвик за љубителите на филмовите Sixth sense, Butterfly effect, како и за љубителите на Стивен Кинг, хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи, рапидни дејства, уметнички изградени ликови со препознатливи доблести и недостатоци и пресврт-моменти во финалниот сегмент со тотално непредвидлив епилог.
     
    На MamaYette и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. ivanapinki

    ivanapinki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ловец на души од Донато Каризи, а сакам да ја читам Илјада неверојатни сонца од Халед Хосеини читам доста позитивни критики за неа
     
    На eta и *Bridget Jones* им се допаѓа ова.
  13. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Нема да згрешиш зашто книгата е страшно добра, мене ми е една од омилемите, на сите ја препорачувам :inlove:
     
    На Thallia и eta им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.187
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ќерката на дрвосечачот - Наде Стоилковиќ

    Книгата ја започнав со многу позитивни мисли, но навистина ќе бидам искрена, не очекував волку добар роман од наш автор во ова време. Наде ја познавам лично, не дека не верувам во нејзиниот стил, туку не очекував книга да е толку добра и на рамниште со врвни класици. Јасно, концизно и читко напишано, описи кои изобилуваат со детали напишани на македонски литературен јазик. Во оваа книга нема да прочитате модерен македонски израз, се е напишано литературно и дури ќе ве запрепасти и ќе помислите а на кој јазик се преведени оние современи романи. Драма, убава, романтична, тажна, со многу неправди кон Дана, јунакињата на овој роман, со многу убав приказ на нашето општество од 70сетите и 80сетите.

    Дана е девојче што има лоша судбина, како што велеше баба ми, во црн повој повиена на раѓање, нејзиниот живот започнува да станува тежок многу рано, на само 7г, кога во 1м ќе ги загуби и мајка си и татка си, кога ништо повеќе не е исто за ова мало убаво девојче обожувано од своите родители. Животот продолжува сурово, иако згрижена кај најблиските таа добива статус на измеќарка во домот на чичко и. Многу рано се откажува од своите соништа, прекинува да биде дете и станува возрасна. На 16г ќе биде против својата воља продадена на едно семејство во Скопје, да им слугува и да живее во една друга средина. Ништо повеќе не е исто, само една добра сосетка и нејзиниот убав син кој е вљубен во неа и даваат надеж дека ќе има подобро место за неа во новата околина. За 3м на Дана животот и се менува целосно, станува жена поради одземената невиност на насилен начин. На 16г Дана ќе остане сама, со дете во стомакот и со многу малку пари кои и ги дава човекот кој ја обесчестува, на улица, без подршка и без никој. Ќе и помогне сосетката да ги помине месеците во домот за деца без родители каде што конечно ќе го остави своето дете на посвојување. Тешки и горки се мислите на една мајка, млада и беспомошна, која треба да се одвои од своето чедо. Животот е судбина, крои планови за нас без да не праша. Дана ќе го роди своето дете и ќе го остави во рацете на една мајка која не може да има сопствено чедо а таа ќе замине од болницата со празни раце. Со празни раце и празно срце Дана оди да живее кај едни двајца доброчинители кои останале сами на векот поради лоша судбина исто како неа. Ќе следат години исполнети со малку радост, малку среќа, малку тага, малку солзи и многу копнеж по даденото дете. Најпосле Александар, синот на добрата сосетка, се појавува повторно во нејзиниот живот. Најпосле Дана има нова надеж, скриена ама силна, повторно воља за живот. Александар и Дана ќе започнат нов живот, нов среќен и исполнет живот, ќе добијат ќерка и ќе имаат многу денови исполнети со радост и среќа. Но црната судбина на Дана повторно ќе ја потсети дека ништо не е така едноставно, само еден ден после завршувањето на основното образование Ема, нивната ќерка ќе настрада во обична детска игра. Ема ја нема повеќе. Црни денови проткаани со плач, неверба и тага следуваат за ова семејство. Сонцето ќе изгрее кога Дана ќе го види белегот на раката на Виктор, студент кој ќе дојде да живее кај луѓето кои ја примија Дана пред 20г. Виктор е синот кој Дана го даде пред многу години, Виктор е новата надеж на Дана, Виктор е новата причина за да се насмее Дана. После толку години Александар ќе ја однесе Дана во нејзиното село, да им прости на оние кои ја предадоа, да расчисти со она што ја мачело со години.
     
    На 1209, Thallia, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Папата Јована-Дона Вулфок Крос
    [​IMG]
    Многу добра книга,обемна е,но предобра.Го опфаќа делот во средниот век и правата на жената во тоа време.
    Тажно е,толку години поминале од тогаш,но малку се сменило.
    Вреди да се прочита,доколку сакате да ја видите положбата на жената во минатото и да направите паралела со сегашноста.
    10/10
     
    На firequeenn, Thallia, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Life and other Inconveniences - Kristan Higins

    Книгава беше право разочарување. Приказната развлечена, бавна, монотона и репетитивна. Ништо не се случуваше асално до последните страници, ликовите беа и до некој степен нереални...
    Малку забегала Кристан Хигинс од вообичаените романси кои ги пишува. Претходната книга беше во овој жанр, но далеку подобро беше напишана. 2/5.
    [​IMG]
    The Darkest sunrise и The Brightest Sunset - Aly Martinez
    Ги видов книгиве дека ги превеле од Сакам Книги и си реков сигурно не се лоши. Oh, boy... Се чудам на рејтингов на книгиве, на пофалбите за стилот на пишување на авторкава.
    Прво, стилот на пишување беше крајно мелодраматичен, со страшно нереални дијалози од кои само превртував очи. Ликовите беа како од YA приказна, а самата тематика беше тешка и емотивна.
    Татково има болен син, бара докторка за него, ама кога ја виде одма толку на прв поглед се заљуби што заборави и син и све, заборави да праша за син му.(facepalm) Толку лошо напишани книги одамна немам прочитано. Па уште и развлечена приказната во две книги. Пресвртот беше очаен, уште од првата страница е јасно што се случува, иако се обидела авторкава да го замаскира.

    Крајно нереална, мелодраматична приказна и чисто губење на време. Втората книга набрзински само ја разлистав зашто апсолутно немаше ништо вредно за читање, крајот беше како и што се очекуваше.
    Ни единица нема приказнава, нула.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Things You Save In a Fire - Katherine Center

    Ова е една feel good приказна, топла, емотивна и ја враќа вербата во човештвото.
    Уживав во секој прочитан збор, се смеев на глас, се нервирав со хероината...
    Одлична е, доколку ви се чита нешто лесно, а да ве допре емотивно ви ја репорачувам книгава.
    Се надевам ќе се најде некој да ја преведе кај нас.
    [​IMG]
    A Fire Sparkling - Julianne Maclean
    Историска книга за втората светска војна, познат формат, две приказни, една во минатото, една во сегашноста. Но сепак, одлично е напишана, интересни пресврти кои и не ги очекував. За љубителите на овој жанр топла препорака за книгава.
     
    На x.Daisy.x, Ladu in pink и Thallia им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Heart Invisible Furies - John Boyne

    Книгава е книгиште. Има милион ѕвезди од мене. Ја ставам на списокот на омилени книги. Топ десет.
    Ми се допадна многу форматот, книгата е раскажана низ периоди од седум години. Секој дел е седум години по претходниот. Толку убаво е изведено, слеано, напишано е без да се осети некој прекин. Баш возбудливо дека поминале седум години и има очекување да се прочита што се случило за време на тие години.
    Стилот на пишување е совршен, беспрекорен, толку многу вовлекува, се чувствував како да сум таму, можев да го почувствувам очајот на главниот лик, потребите, желбите.

    Приказната почнува во рурален дел од Ирска, 1945 година, Ирска е заостаната земја водена од католичката црква и свештениците. За нејзина несреќа Кетрин живее токму таму, има 16 години и е бремена. Свештеникот на миса ја прозива, ја вади пред сите, ја нарекува курва, ја турка брутално на земја и ја прогонува никогаш да не се врати и пак да им донесе срам. Иако приказната почнува со неа, сепак во главниот фокус е нејзиниот син од кој мора да се откаже уште на раѓање. По седум години Кирил е момче кое живее со нетипични родители. Тој е едно прилично збунето дете. Тогаш се запознава со Џулијан кој е на иста возраст. Џулијан има другарски однос кон Кирил, но Кирил уште пред да знае што се случува точно со него, осеќа дека неговите чувства кон Џулијан и не се само другарски.
    Потоа поминуваат седум години, па седум години...
    Ова е една семејна сага, една приказна со многу, многу срцепарателни моменти.
    Кирил е многу комплексен лик, на моменти не можев воопшто да го разберам, да го поддржам во изборите.
    Но сепак, јас не сум живеела во Ирска, во една заостаната земја во која било забрането да бидеш геј. Во која можат да те убијат и нема да одговараат за тоа. Зашто си бил дегенерик, секако си бил само некој кој носи штета.
    Опфаќа многу периоди книгата, покрај Ирска нè запознава и со АМстердам, со Америка и периодот на епидемијата со сида. Одамна не сум прочитала книга која го следи ликот до старост. И тоа баш ми се допадна.
    Она што ме изненади е што имаше хумор, што и покрај темнината имаше моменти на кои се смеев од срце. Навистина е маестрално напишана книгава и следната што ќе ја читам ќе биде повторно од истиот автор.

    Доколку сакате да прочитате нешто што ќе остане со вас, што ќе ве натера да ги отворите очите малку пошироко, да плачете, да се смеете, да сочувствувате... Книгава е за вас.

    “It was a difficult time to be Irish, a difficult time to be twenty-one years of age and a difficult time to be a man who was attracted to other men. To be all three simultaneously required a level of subterfuge and guile that felt contrary to my nature.”

    “I didn’t blow anyone!’ he roared. ‘If anyone was getting blown it was me. Although, of course, it wasn’t me anyway, as it never happened.’ ‘That’s a great quote,’ said Mr Denby-Denby. ‘We should definitely put that into the press release. I don’t blow teenage boys. They blow me.”

    “A line came into my mind, something that Hannah Arendt once said about the poet Auden: that life had manifested the heart's invisible furies on his face.”
     
    На Lilianna, Thallia, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.210
    Пол:
    Женски
    What Alice Forgot - Liane Moriarty
    [​IMG]

    Кога не знам што да читам, земам нешто постаро од веќе докажан автор кај мене. Мориарти е неверојатен раскажувач и мислам дека не постои ниту еден друг автор кој може да извади волку добра приказна од навидум банална случка.

    Испреплетени се три гледни точки на три жени од три генерации, заедно со нивните лични патешествија. Алис, Лизи и Френи. Алис ја води главната приказна, а Лизи и Френи се вклучуваат со извадоци од личните дневници. Голготата на Лизи ме доведе до лудило, никогаш претходно не сум плачела толку на некоја книга...
    *****
    Сè е добро, животот си тече, годините си врват, сè додека еден ден Алис не се повреди при вежбање во теретана и почнува да паничи да не му се случило нешто на нејзиното неродено бебе. Нејзината мала Sultana која на моменти ја излудува, а некогаш пак е најслаткото нешто кое се вгнездило во нејзиното тело...хормони, тоа е тоа.
    Алис е во паника, бргу ја носат на лекар и дознава дека таа не ни била бремена туку повредата на главата при падот и' предизвикала амнезија па нејзиниот мозок се сеќава само на работи од пред десет години и на една сосема поинаква, млада, навина Алис која е заљубена до уши во Ник, бремена со нивното прво дете и полна со елан.
    И така одеднаш бум - Алис, веќе одамна не си 29 и годината 1998, во која останале замрзнати сите твои сеќавања одамна прошла.
    Која ли е оваа нова 39-годишна Алис? Што се случило со бебето? Сама ли е, има ли некој покрај себе, каде е нејзиниот сопруг? Што по ѓаволите се случило со нејзиниот живот?
    Многу, многу, многу емотивна приказна. Мориарти едноставно се надминала и ова без сомнеж е книга која мора да ја прочита секоја жена.
     
    Последна измена: 29 септември 2019
    На crazylady, Thallia и 1209 им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.210
    Пол:
    Женски
    Secrets of a Summer Night - Lisa Kleypas
    [​IMG]



    Ако барате нешто што ќе ве насмее од срце, ќе ве врати неколку векови назад и истовремено ќе ви ја стопли душата, тогаш ова е тоа.
    Станува збор за четири млади дами кои случајно се запознаваат на еден бал и сфаќаат дека делат иста „мака“ - имаат над 20 години и не се мажени. Која несреќа, стари моми. :D
    Една вечер, ќе решат дека нема бегање, дошол моментот кога тие конечно ќе најдат идеални кандидати за да стапнат на лудиот камен и во име на тоа ќе склопат договор, во кој сите четири ќе си помагаат за секоја од нив што побргу да го улови идеалниот кандидат, без оглед на сè.

    Прва на листата за мажачка е Анабел Пејтон; нејзиното семејство е на раб на банкрот и за жал таа не им е привлечна на големите риби, па ќе мора да се снајде како знае и умее за да си ја оствари замислата и конечно да се омажи. Листата на кандидати е долгичка, но така детално ќе ја прочешлаат што ќе ги заболи глава, ама откажување од целта никако не е опција.
    Дали ќе го најде вистинскиот партнер за неа, прочитајте ја и дознајте. (fingers)
    Лиса Клејпас пишува толку фино, книгава беше една од оние кои ги читав со мерак.

    Влече некој „Шекспировски“ стил, ептен многу ја доловува таа слика за Англија низ 19-ти век. Симпатична историска драма-романса со одличен хумор.

    Инаку, оваа книга е прв дел од серијалот Wallflowers. Не знам дали ќе ги прочитам сите, ама оваа вредеше. :)