1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Жената во кафезот-Јуси Адлер Олсен
    Исчезната политичарка веќе 5 години.Сите претпоставуваат дека е мртва,дека брат и ја турнал па се удавила..Меѓутоа не е така. Мерете,исчезнатата политичарка е всушност киднапирана поради одмазда. Карл Морк е детективот којшто ќе го отвори нејзиниот случај повторно затоа што постојат многу неусогласености во нејзиното досие.
    Интересна приказна,дури и некаде прочитав дека била најчитана книга за 2017 година.
    Мене лично не ми остави голем впечаток,ама ако сте љубители на мистерии,книгата е вистински избор за вас.
    .[​IMG]
     
    На eta и Thallia им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Има ли ја некој прочитано перфекционисти? Мене крајот не ми е баш јасен
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Чекајќи го Годо - Семјуел Бекет

    My mind has been officially fucked. :D

    Знам дека доцнам на забавата, ама да ја прочитав порано драмава веројатно немаше да ја разберам, а и уште не сум сигурна дали во целост ја разбирам. :lol: Сепак, ова е тоа што го сфатив.

    Очигледно првпат се среќавам со концептот на антидрама, т.е. концептот на анти-што-било, и морам да кажам дека сум mindblown. На прв поглед се работи за двајца другари (обвиени во хомоеротичен субтекст морам да кажам) што си прават муабет за одредена мистериозна Годо-фигура, за која очекуваме дека на крај ќе ја откриеме и ќе си извлечеме фина поента за чекањето, за оној уау момент на откритие, неизвесноста и катарзата на крај што ни кажува некоја колку-толку woke работа за човечката егзистенција. Little do we know, главниот протагонист е самиот читател, а поентата е надвор од драмата. Поинаку кажано, драмава е толку апстрактна што кога ја завршив се прашував дали сум ја халуцинирала. :D

    Да кажам збор два за ликовите. Како што кажав, односот меѓу Гого и Диди ми беше страшно интересен и уникатен. Начинот на кој беа зависни еден од друг ми беше многу telling. Функцијата би рекла дека им беше да ги донесат комичните елементи во драмата, но преку нив да покажат суштински поенти. Како пример за ова ќе го спомнам моментот со шеширите, кога во круг си ги разменуваа. Сречко и Поцо беа интересна претстава на две целосни спротивности: авторитет и потчинет, тренер во циркус и животно, робовладетел и роб, власт и народ итн. итн. Притоа, Поцо е на прв поглед самоуверен, агресивен и надмен, се однесува грубо кон Сречко. Ама на крај така фино и апсурдно ослепува и бидува принуден да го води Сречко (одеднаш тој станува заврзан за него). Сречко, пак, ми е многу интересен лик. Неговиот говор дефинитивно ќе ми остане во сеќавање. Некаде прочитав убава мисла, дека и покрај тоа што во говорот не кажа ниту една суштинска работа, неговиот говор баш најмногу наликува на кохерентна реченица од целата драма. Не во вистинска смисла нормално, туку во смисла ако слушаш од страна, нема да приметиш дека само реди зборови без поврзаност. А тоа било шејд кон тоа како функционираат поштованите академци во тогашната денешница.

    А јас морам да го искоментирам тој говор од друг аспект. Невозможно е колку само говорот на Сречко има скоро идентична структура како речениците кои се добиваат со притискање на средното копче на аутокомплит на тастатурите: една континуирана реченица, во која секој следен збор е само она што најмногу би одговарало на претходниот, без да се следи некој контекст, туку само да се звучи паметно. Еве ќе демонстрирам какви реченици се добиваат со аутокомплит:
    Ако патникот не се појави на кој ќе ги направи да се почувствувате како не е тоа што се случува со мене на тоа што не се случува со мене мене на тоа што се случува во животот и да не е доволно што го знам за да ја потпишам и тоа ќе го видам...
    Дури и рандом повторување зборови има. Не викам дека Бекет бил пред своето време, ама Бекет дефинитивно бил пред своето време. :D Е сега, можеме од ова да си вадиме заклучоци за технологијата и уатевр. Бидејќи нели Сречко е лик кој има механичка интелигенција со ништо суштинско, а и технологијата ко аутокомплит е токму тоа. Интересна тематика, ама не ми се разглаба за тоа сега, сакам да преминам да главното. :D

    За мене брилијантноста на делово се состои од тоа што не го следи стандардниот терк на едно литературно дело. Обично, кога авторот сака да докаже нешто, си измислува конфликт, си прави паралели, си го ескалира конфликтот и на крај задоволително го разрешува, било среќно, катарзично, трагично. На крај добиваме награда за читањето. Кај Годо не добиваме награда. Буквално нема разрешување, нема ни среќа ни тага. Едноставно ништо. Само се враќа на почеток. Тоа е поентата мислам. Ако структурата на сите други дела е линиска, тука е во форма на кружница, или уште повеќе, во форма на бесконечност: . Тоа баш убаво се наговестува со постојаното повторување на некои реплики, па и цели конверзации, главно меѓу Гого и Диди (кои, морам да кажам, веројатно не се ни викаат така). Исто и песната која ја пееше Диди во вториот чин, беше циклична и многу наговестувачка. Најслична ваква градба што сум ја сретнала би рекла дека би била во Блек мирор, каде секоја епизода завршува неутрално, оставајќи те да се мислиш шо да фак се случило. Сега всушност гледам дека она што толку ми се допаднало кај таа серија се апсурдните елементи во неа. Морам повеќе анти-работи да читам. :D

    Моите импресии главно се должат на завршувањето, поточно на фактот што ништо во суштина не се случи и сè продолжи онака како што течеше. Со други зборови, Бекет нè остави со blue balls и го обожавав секој момент од тоа. :D

    Што се однесува до тоа кој или што е Годо, читав различни теории и интерпретации, од кои доминантна беше дека е Годо е Господ (наговестување од самото име), оттука и се влече цела поента за чекањето на спасување, избавување, второ доаѓање итн. И би се извлекол некој заклучок дека Бог всушност не постои. Ама јас не би ја сведела цела драма само на тоа, сметам дека е поопширна од тоа. Друга теорија е дека Годо потекнува од француски збор за војнички чизми. Имено, кога некој умирал во војна, најчесто назад биле враќана нивната облека (чевлите обично), а семејствата ги оставале пред врата во надеж дека ќе се вртат. И за ова истото би го рекла, не мислам дека е толку специфична драмава, туку оставена за интерпретација. Малку поочигледен заклучок е дека Годо е иднината, а очајот низ драмата е едноставно претстава за неизвесноста и преокупираноста со неа.
    За мене Годо е расплетот на приказната, а тоа е просто празнина, антиматерија, дупка, непостоење... Расплет нема, а Годо е само апстрактна мисла и ни докажува дека колку и да го исчекуваме она што е следно, идноста секогаш е еден чекор пред нас.

    Како што кажав, my mind has been officially fucked. :)
     
    Последна измена: 13 декември 2019
    На warrior, Abel, pdb123 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.728
    Пол:
    Женски
    Конечно ја завршив новата од Colleen Hoover - Regretting You.
    Ииии... разочарана сум. Целата приказна е базирана на недоразбирања и ништо повеќе. Еден шокирачки фактор, колку да има некаква драма, и понатаму само недоразбирања и некомуницирање за да се продолжи драмата. Не беше лоша, брзо се чита, ама и фалеа многу работи. Има едно тројче од мене.
    Ќе и треба многу на КоХо за да ја надмине Ова завршува со нас.
     
    На ane.bella и violetblue им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.421
    Допаѓања:
    200.974
    Пол:
    Женски
    "Доилката" од Лилјана Пандева.
    Краток роман, не знам ни дали би можела да го наречам роман. Повеќе е една кратка приказна која се чита во еден здив.
    Книгава е чиста еротика. Толку тензија не сум почувствувала одамна.
    Приказна за потрагата по кнезот на Ринхините, Пребонд, кој побегнал од заробеништво и се крие во блиското мочуриште додека трае потрагата по него.
    Приказната е раскажана преку тајните средби на кнезот и доилката. Нешто што почнало како обврска за криење на бегалец, прераснало во нешто повеќе од тоа. Низ целата приказна провејува еротската тензија и развојот на љубовта меѓу маж и жена кои во други услови никогаш не би се сретнале, камоли да има нешто повеќе. Можеби тоа што знаеле дека нивното нема иднина ако ги фатат, а знаеле дека ќе бидат откриени, придонесе за тензијата која провејува низ целата приказна. Трагедијата секако беше неизбежна, дотолку поболна со откривањето на долго чуваната тајна.
    Ја препорачувам, солидна книга од македонски автор. И ми се допадна стилот и користењето на изворниот македонски јазик.
     
    На molikaMk, emiliana, sleepingbeauty и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Игра во 'ржта - Џ. Д. Селинџер

    Ретко некое училишно дело ме тера да седнам доброволно да пишувам за него, ама ова дефинитивно е едно од нив.

    Искрено да кажам, не ни знам за што точно е делово, бидејќи е толку опширно и има опфатено толку многу теми, а ниту една не е очигледна, туку скриена под површината. Првичното очигледно објаснување би било дека книгава е централизирана околу доживувањата на еден типичен адолесцент, да не речам тинејџер и како тој се справува со околината, што му се врти низ глава и сето тоа.

    Ама би рекла дека ликот што Селинџер го избрал е токму тинејџер бидејќи на таков начин можел полесно да се оправда за темите што ги опфаќа низ книгата, за да не наиде на многу беклеш. Очигледно тоа не било доволно, бидејќи делово сепак било забрането во Америка долго време.

    Она што првично ме привлече е лесниот и читлив стил. Додека читаш се осеќаш како да си внатре во умот на Холден, што убаво беше комплиментирано со некои повторувања тук-там. Како на момент да заминува од првичната мисла, а потоа се враќа на неа. Исто така, морам да напоменам, преводот беше хорор, не знам зошто некои преведувачи едноставно толку многу не ги бидува во единствената работа што треба да ја сработат.

    Како и да е, милам дека ако се оддалечиме да ја видиме главната поента во делово (под претпоставка дека воопшто има таква) ќе заклучиме дека се работи за судирот помеѓу детската природност и искреност, и вештачкиот однос на возрасните.

    Како ликов ги доживува децата и возрасните лесно се применува според неговите мисли за нив. За сестра си Фиби и за другарката од детството размислува меко, невино, со многу емпатија и љубов. Додека во секој возрасен наоѓа по некоја одвратност, дали во начинот на кој изгледаат, дали во хигиенските навики, дали во манирите, во зборовите што ги користат, однесувањето. Би рекле дека Холден е типично мрчало, постојано наоѓа ситници кои му пречат, интензивно коментирајќи ги во своите мисли.

    Нешто што особено му боде очи е неавтентичноста. Затоа има огромен презир кон маестралниот пијанист и врвните актери во театар. Едноставно смета дека дури и да почнеш со најдобри намери, ако си толку добар ќе станеш принуден да глумиш скромност, што е одвратно, но другата опција е да си го дигнеш егото во неповрат, што е уште поодвратно.

    Но делото не се сведува само на тоа, туку и на подлабоки проблеми, како наоѓањето на своето место во светот. Бидува избркан од уште едно училиште, знае дека тоа ќе е разочарување за родителите па денгуби низ Њујорк додека не дознаат. Притоа оди во барови, договара проститутка итн. Генерално само испробува работи за кои се надева дека ќе му донесат некоја живост во меланхоличноста... што нè наведува да заклучиме дека Холден може комотно да добие депресија како дијагноза, па дури и психоза.

    Друга работа што ми фати око е моментот со проституцијата. Мислам дека тука некаде почнува да се разврзува делот од приказната што е поврзана со неговата сексуална репресија. Мислам дека пред тоа имаше спомнато дека никогаш не одел до крај со девојки бидејќи кажувале стоп на сред make out, a тој тогаш застанувал, за разлика од другите, само што тој таа своја карактеристика ја смета за слабост.
    Кога пристигнува проститутката едноставно решава да нема секс со неа. Подоцна во разговор со негов т.н. другар објаснува дека не сака да има секс без емоционална приврзаност, што во денешно време се нарекува демисексуалност. Сметам дека ова е интересна забелешка. Друга работа што се случи беше моментот кога спие на каучот кај учителот негов и овој го погалува по глава, што Холден го интерпретира на хомоеротичен начин, веројатно преувеличувајќи ја ситуацијата. Сепак, мислам дека сите овие работи укажуваат на една генерална сексуална збунетост кај ликов, што им дава интересен тек на настаните во делото.

    Сепак, низ сите негативности во неговиот карактер како пасивноста, мрчењето, пиењето, пушењето, суптилно се провлекуваат знаци дека всушност тој е доста грижлив, како што се забележува кога решава да им донира 10 долари на калуѓерките, кога и' купува плоча на сестра си, па и сосема на крај кога кажува дека сака да биде ,,фаќачот" во 'ржта, штитејќи ги сите деца да не паднат од карпата.

    Како заклучок би рекла дека не е книгава во стил авантурите на еден тинејџер, туку една порака за растењето, за менувањето, за тоа колку се фејк сите и за генералниот начин на кој општеството функционира на принцип на константно глумење. А покажано е низ призмата на еден дефинитивно нетипичен тинејџер кој се наоѓа на работ меѓу детската невиност и возрасната извештаченост, што создава една многу исфрустрирана, незадоволна личност која постојано е во потрага по некаква суштина, некаква автентичност, било тоа проститутка или пак интелектуален разговор со некој.

    Вистински интересно дело во кое има уште многу да се отпакува бидејќи е еден опширен коментар за општеството. Сигурна сум дека има уште многу скриени пораки што не сум ги спомнала, ниту забележала, а нема ни да се трудам, бидејќи нема поентa, секогаш ќе има нешто повеќе да се каже :D
     
    На pdb123, sagittarius57, xxx-ba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.743
    Допаѓања:
    324.005
    Пол:
    Женски
    Ова ми е последно прочитано во изминатиов месец
    7DAB37B0-10E2-46E6-BA54-1FE8A3B25D46.jpeg

    1.Зима со мирис на капини... Одамна немав прочитано книга со ваква убава содржина.Едно дете исчезнува без трага,а неговата мајка ке направи се за да го пронајде.Но за жал неуспешно.Години подоцна се отплеткува долго чувана тајна и расплетот е онаму каде што најмалце очекував.300 страни е ама јас ја прочитав за два дена од што ми беше убава .И давам чиста 10 ка :)

    2.Една страшна зима...не е лоша ама не ми остави кој знае каков впечаток.Крајот беше очигледен.Договорен брак помеѓу еден од најпосакуваните ергени во тоа време и девојка оставена на милост и немилост кај нејзините злобни роднини.Нормално он се вљубува смртно во неа и си живееја среќно до крајот на животот.Досадно за мене..

    3.Девојката од писмото...не е книга.Книгиште...Одлична е.За животот во Св.Маргарита и девојките кои ги носеле таму трудни а биле срам за семејството во 50 тите.Има интересен расплет на настаните.Не очекував дека ќе заврши така.

    4.Зад затворени врати.Ја прочитав во еден ден бидејки стилот на кој е напишана е прелесен за читање.Добар трилер мада и овде приказната е клише.Совршен брак помегу прочуен адвокат и убава девојка.Уствари зад сето тоа совршенство се кријат ужасни тајни

    5.Исчезната без трага.10 ка за неа.Не е за луѓе со слаб желудник или срце.На моменти се мислев да ја оставам.Девојка е киднапирана и цела година заробена на планина.Силувана тепана психички малтретирана и понижувана.Се ежев на мн сцени ,од што беа детално опишани ,а грозни дури и да помислиш дека некој може нешто такво да направи на друг.Финалниот дел каде што се дознава кој седи зад сето ова е поразувачки.
     
    На emiliana, 1209, Dark-Lady и 17 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.743
    Допаѓања:
    324.005
    Пол:
    Женски
    62ACD5B5-E44B-4435-BE7F-6893152CBC03.jpeg
    Многууу убава приказна за една љубов за време на војната.Дејствието се одвива на Бора Бора и по малце потсеќа на делови од Перл Харбор(филмот).Јас ја прочитав во еден здив.И давам чистка десетка.
     
    На emiliana, deskarada, riba79 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Душокршачот од Себастијан Фицек
    Ги прочитав сите негови и оваа книга најмалку ми задржа внимание. Се работи за психопат кој ментално ги осакатува жртвите. Не знам дали до мене беше, но ми требаше доста долго време да ја прочитам, дејството ми се одвиваше некако бавно и хаотично, крајот ми беше некако предвидлив.
    П.с знам дека има друга тема, но оваа ја посетуваат повеќе членки, ако некоја продава книги ве молам пишете ми во ЛП. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На LadyC, adolfhitler, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.421
    Допаѓања:
    200.974
    Пол:
    Женски
    Девојката од мочуриштето или Where the crawdads sing од Дилија Овенс.
    Ок, една од најдобрите книги за 2019 според goodreads. Искрено, не знам зошто. Сосема обична приказна, за тешкиот живот на една девојка напуштена од сите, а живее сама во мочуриште во Северна Каролина. Се снаоѓа како знае и умее, живее во склад со природата, ја проучува и станува експерт за организмите кои живеат во мочуриштето. Испреплетено со мистерија за несреќен случај или убиство, колку да се зачини приказната. Лош заплет, уште полоша кулминација и расплет. Млако, млако... Описите ја вадат авторката, заради нив 3/5. Ама не ја препорачувам.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Доказ за Љубов *Памела Клер*

    Теса Новак е новинарка, случајно е сведок на убиство пред нејзините очи
    Џулијан Дарканџело е таен ФБИ агент кој долго се труди да фати криминална банда која работи со проституција
    Патиштата ќе им се вкрстан на Теса и Дарканџело, со тоа што Теса нема да престане да истражува за мистериозната девојка која ја убија пред нејзините очи
    А Дарканџело ќе мора да ја заштити, бидејќи Теса со самата објава на приказната, станува мета на убиецот
    Книга измешана со мистерија и копнеж, книга во стилот на Памела Клер
     

    Прикачени фајлови:

  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.421
    Допаѓања:
    200.974
    Пол:
    Женски
    Немата пациентка - Алек Мајклидис

    И за оваа не знам оти толку фама се крена, скроз предвидлива и не толку посебна. Тешко ми одеше читањето, ме измори некако.
    Жената што молчи откако го убила сопругот е предизвик за млад психотерапевт. Дали ќе успее да ја натера да прозбори откријте сами. Не е ништо посебно книгава, ама ако сакате прочитајте ја. Многумина се воодушевени. Јас и' дадов 2/5.
     
    На @ster@, 1209 и do-re-mi им се допаѓа ова.
  13. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив скоро. Искрено не би ја нарекла предвидлива, но не ми се допадна стилот на пишување. Ја читав на англиски (имено, јазикот и на кој е напишана) и можам да замислам колку само не би ми се допаднала ако ја читав преведена на македонски, земајќи предвид дека многу се губи при превод, а книгава и онака нема нешто вау стил.

    Сега ја читам Понекогаш лажам од Алиса Фини (исто така на англиски, ја симнав од страната која ја споделив во Размена на книги во ПДФ формат) и веднаш се примтува разлика во стилот. Какви описи, каков вокабулар има жената - милина. Не сум ја завршила, скоро сум до пола ама веќе би ја препорачала на сите.
     
    На @ster@ и Annath им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.421
    Допаѓања:
    200.974
    Пол:
    Женски
    И јас на англиски ја читав. Не читам на македонски вакви книги. Тешка ми беше и напорна. Досадна би рекла. Обично вакви книги за ден и пол читам, оваа три дена ја влечкав.
     
    На @ster@, 1209 и Arja им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    41.592
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за Немата пациентка, и јас на англиски ја читав, многу предвидлива и ни малку интересна. За што беше фамата не знам, колку беше скапа само на Амазон, книги од 0.99 ми биле позабавни.
    Последна прочитана ми е Тhe family upstairs, исто разочарувачка.
     
    На @ster@ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.982
    Пол:
    Женски
    Од Алиса Фини книгата е ретко убав трилер до крај напната приказна и крајот остава со подотворена уста:o
    И да има многу детални описи.
    За Немата пациентка @Annath не ми беше предвидлив крајот, ама целата приказната некако монотона, навистина млака.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.012
    Допаѓања:
    48.849
    Пол:
    Женски
    Вчера ја почнав, денес ја завршив..Прва најбрзо прочитана книга евер.
    ,,Патот на честа” од Раџ Кумар е мојата последна прочитана книга.Дејствието се одвива во Саудирска Арабија, главен лик во романот е Марјам, млада девојка на која како и секоја друга таму уште не родена ќе ѝ биде одредена судбината околу мажачката.
    Романот е преубав, суров.
    Го читав со огромна доза нервоза и гадост искрено.Ми се гадеше дур читам како татковците ги спогодуваат ќерките ко да се парче стока, синовите и зетовците се далеку повредни и позначајни.
    Но на крајот, не поведува нити Куранот, нити државата нити стогоста.Туку љубовта!
    Многу убава приказна за оние кои се плашат да се борат за својата љубов.
    Ѝ се восхитувам на Марјам за храброста да оди против нејзините, против законот, против верата и да се бори за својата љубов
     
    На Skorpija25, thequeen95 и riba79 им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.421
    Допаѓања:
    200.974
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    За љубителите на крими романи, најтопла препорака. Сериски убиец тајно работи во Бастанската долина, а задача на инспекторката Салазар е да го пронајде, се враќа во родниот крај каде што се случува сето ова. Приказна исплеткана со убиства, баскиски легенди и кошмарите како резултат на посттрауматскиот синдром од детството кај главната хероина.
    Има уште два дела, Бастанска трилогија се трите книги, оваа е првата.
     
    На emiliana, 1209, LittleChili и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Многу добар трилер. Не знам дали знаеш, има и филм.
    https://www.imdb.com/title/tt4924942/

    Шпански е и супер е, чекав специјално да ја завршам книгата па да го гледам. Книгата ми е поубава, ама и филмов вреди да се гледа.


    Да не бидам офтопик, јас ја завршив „Ќерката на мојата најдобра пријателка“ од Дороти Кумсон.
    [​IMG]

    Камрин и Адела некогаш биле најдобри пријателки. Заедно оделе на факултет, заедно бркале дечковци и се забавувале, заедно си биле сè една на друга. Прекрасно пријателство кое по сплет на околности се урива и секоја се одделува на своја страна за да си продолжи со животот.

    Еден ден, Камрин ќе добие писмо од Адела, едно од многуте кои ги добивала во текот на годините и ги криела во фиока за да не мора да се потсетува на болните спомени поради кои нивното пријателство завршило. Но, овој пат конечно ќе се осуди да го отвори и прочита и сфаќа една од нив мора да го направи првиот чекор.
    Адел е во многу тешка состојба, боледува од леукемија и нејзината последна желба е Камрин да ѝ биде старателка на нејзината петгодишна ќеркичка Тиг.
    Камрин е една од тие жени кои никогаш не сакале да се остварат како мајки, па во моментот кога ја дознава последната желба на својата некогашна најдобра пријателка, се чувствува растргната помеѓу гневот кој го собирала во текот на годините и љубовта спрема Адела и Тиг.

    Преубава драма, некои делови се многу предвидливи, но толку тешко, сурово, реално е опишана голготата и пожртвуваноста на Камрин, се убив од плачење.
    Баш како што пишува на насловната страница - те тера и да се смееш и да плачеш во исто време.
    Многу убава книга, жалам што толку долго ми стоеше дома непрочитана.
     
    На emiliana, minne992, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Кратка историја на времето - Стивен Хокинг

    Долго време ми стоеше книгава непрочитана, главно бидејќи знаев дека ќе треба да користам brain cells ако сакам да ја разберам, а не сакав да ми биде пополнувач на време ради реда. Сега најдов време за неа и морам да кажам, Хокинг ме понесе на едно прекрасно задлабочување во астрофизиката, нешто што на сите ни е потребно одвреме навреме.

    Генерално, книгата се фокусира на проблематиката која со години го окупирала Хокинг: да открие теорија која севкупно ќе ја опишува вселената и како таа работи, а како главна пречка на тоа ги смета несогласувањата меѓу Ајнштајновиот релативитет и квантната механика. Со други зборови, физиката изгледа како различно да се однесува во макро и микро светот, а не треба така да биде.

    Како што знаеме Хокинг во текот на својот живот не успеал да најде ваква теорија, ама тоа е убавината во физиката. Следните чекори кои ќе се направат во тоа поле сигурно барем делумно ќе можат да му се заблагодарат на Хокинг и на ова негово дело, бидејќи така убаво ја раслојува астрофизиката на релативно разбирлив начин, па не верувам дека иден врвен мозок не би ја имал прочитано книгава.

    Не знам, мене впечатокот од книгава ми е многy existential crisis - like. Во сите други дела гледаме разглобување на минорни проблеми, дали било младоста и убавината како Доријан Греј за кој следно ќе пишувам, дали љубовта, дали себичноста, сите имаат некоја тема што во големата слика е тотално небитна. Оваа книга се занимава со најголемите, најбазичните и најстрашните прашања во нашиве животи кои многу често ги забораваме и избегнуваме: како функционира универзумот, од каде потекнува, зошто е баш таков каков што е, можно ли е теоретски да се патува низ времето, што се црни дупки и зошто се значајни во прашањето за почетокот на вселената, кои се контрадикторностите кои се среќаваат во сингуларноста, има ли вселената почеток и граница итн. итн.
    Морам да кажам дека најмногу ми се допадна ,,Стрела на времето". Беше баш убаво и јасно организирана, со прекрасна поента, дека трите стрели на времето секогаш покажуваат во иста насока. Друга причина поради која ми остави впечаток е одличната демонстрација на антропското начело (едно од моите омилени).

    Јас би рекла дека книгава е вистински времеплов, т.е. можеби простор-времеплов, не само низ историјата на универзумот, туку и на астрофизиката како наука, бидејќи читајќи пак за сите нешта што сум ги учела по физика, одеднаш ми станаа многу појасни, видов како се поврзани едни со други и открив и нешто друго што секогаш сум се прашувала: што ги натерало научниците да го измислат ова. На пример, имагинарните броеви, постоењето на црни дупки, теоријата на струните итн. Мислам дека книгава ми даде можност да се нурнам во мозокот на еден врвен научник, и тоа таков како Хокинг, кој секогаш ќе ми остане омилен поради неговата bubbly природа што целосно е отсликана низ страниците.

    The Picture of Dorian Gray - Oscar Wilde

    Само што ја завршив денес и уште сум под импресии. Не сум тврдокорен фан на викторијанските романи, па овој ми се допадна толку колку што му дозволува жанрот. :D

    Морам да кажам, прва книга ми е од Оскар Вајлд и мислам дека фантастично ги пренесува филозофските аспекти на тоа што го раскажува во делото, особено преку дијалозите и ликовите. Вистинско задоволство беше да се читаат изјавите за убавината, за задоволството, за среќата, за младоста, за како сите тие работи влијаат на личноста и како таа го перципира светот. Многу ми се допадна освртот кон уметноста во многу различни форми. Не само низ очигледниот портрет-момент за кој се збореше многу, туку и за креирањето уметност во животот на еден човек на еден или на друг начин. Ете, Доријан Греј под влијание на убедливите монолози на Хенри тргна да ја наоѓа својата уметност во живеење и пиење на животот во целата своја суштина, притоа останувајќи вечно млад.

    Делово навистина те тера да почнеш да ги вртиш тркалата во мозокот кога станува збор за објективната убавина. Доријан Греј според сите е објективно убав, тој е најпроста претстава за естетиката. Тоа што после тргна низ гревови, си мислам, е неминовна последица на таа негова својственост. Иако, нели, на тоа го поттикна Хенри со неговите филозофии, сметам дека тоа беше само подбутнување во насоката во која Доријан евентуално ќе се втурнеше. Значи дали убавината оди рака под рака со гревот? Појма немам, ќе застанам тука. :D

    Кога сме веќе кај гревови и чуда, колку што сфатив низ масовно цензурираната содржина, развратот на Доријан Греј главно се однесува на тоа што ги поминал пола машки во Лондон.
    Ако ги одземеме нели сите умирачки што му лежат на раце:
    • Актерката што умре заради неговиот entitlement за суштина и неплиткост
    • Сликарот што го уби бидејќи ја виде сликата т.е. гревовите негови
    • Бившиот што се самоуби заради тоа што беше принуден да се оттараси од телото на сликарот
    • Братот на актерката што умре пробувајќи да му се одмазди за нејзината смрт
    Значи овие убиства (гревови) на еден или на друг начин произлегуваат од првичните негови гревови (курвањето со машки) во сите случаи освен првиот. А првиот произлегува од она што евентуално ќе го принуди да се курва со машки (потрагата по суштина).

    Како и да е, фактот што ,,гревот" што тооолку се одрази на сликата и го направи Доријан лоша личност во суштина е гејството, што во денешни стандарди реално не е ни грев (да се разбереме, никогаш не е објективно грев). А и фактот што Оскар Вајлд самиот бил raging homosexual го прави делово малку контрадикторно. Ама ова сепак се избегнува со една мисла од Хенри која ги средува моралните неконзистентности во книгава кои допрва ќе дојдат со промената на времињата во gay-friendly. Нема да го барам конкретниот цитат, ама памтам дека кажа нешто во стил гревот е дефиниран од она што во моментот е (не)прифатливо. Т.е. во суштината на гревот е бунтот. Во моментот кога ќе тргнеш против мејнстримот, ти веќе правиш грев. И тоа ми се допадна.

    Друга работа: додека читав ми беше сосема јасно дека сликарот е заљубен во Греј иако ваквите однесувања критичарите некогаш ги интерпретираат ко ,,восхит, воодушевување, опсесија", или во превод ќе се превртат газ преку глава да најдат некоја смисла кога најочигледниот и најлогичниот заклучок за односот на сликарот кон Греј е дека е заљубен во него. Најдов после на нет извадоци од оригиналните верзии, и да, таму е јасно дадено до знаење дека е така, ама биле извадени тие делови (wow shocker |()

    Како и да е, мислам дека е време да го заокружам хаотичново раслојување на Доријан Греј. Сметам дека е едно одлично прикажување на внатрешните разбранувања на една личност и исто така сметам дека е бескрајна ризница за цитати поврзани со убавината и младоста. Сериозно секоја втора реченица во книгава личи ко за на позадина со зајдисонце и италик букви. :D
     
    На pdb123, sagittarius57, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.