Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,198
    Gender:
    Female
    Good Omens: The Nice and Accurate Prophecies of Agnes Nutter, Witch - Neil Gaiman, Terry Pratchett

    [​IMG]

    Прво ја изгледав серијата, и ја обожавав, а книгата веќе ја имав дома и решив да ја прочитам. Одлична е, забавна и интересна. Секој од ликовите си има свои quirks кои ги прават да ги засакаш. Стилот и хуморот многу ми се допаѓа, ме потсетува на The Good Place серијата, каде објаснуваат нешто и потоа како пример даваат нешто многу специфично и комично. :D Пример во една фуснота имаше for Amricans and other aliens. Друг цитат на кој ми текнува е: The road to hell is paved with good intentions. (This is not actually true. The road to Hell is paved with frozen door-to-door salesman. On weekends, many of the younger demons go ice skating down it.)
    И така низ цела книга. Многу е релаксирачка и забавна.

    Инаку се работи за Армагедонот. Ангел и демон пробуваат да го запрат крајот на светот кој би бил предизвикан од Антихристот, единаесет годишно дете во рурална Англија. А притоа сево ова е предвидено од страна на вештерка во 17 век.

    Морам да ја пофалам и серијата, одлично е отсликан целиот feeling на книгата, имам желба пак да ја гледам. :D

    Седумте големи тајни на космосот - Николај Рерих

    Книгава ја купив од екстремно сомнителен човек со куфер за 70 денари мислејќи дека е за астрономија (не ја ни отворив пред да ја земам). Замислете ми го разочарувањето кога дознав дека е базирана на староиндиска филозофија напишана од руски автор. :D Како и да е, фатив да ја читам ама не можам да ја сфатам сериозно. Секој втор збор е напишан со голема буква: Време, Космос, Логос, Живот... Секогаш сум open-minded кога се работи за религиски книги, па фактот што оваа не можев ни да ја дочитам до крај зборува многу.

    Некои од тврдењата искрено не ни заслужуваат да се демантираат, како на пример верувањето дека месечината е мајка на Земјата која отпрвин била многу поголема и содржела живот ама на пониско ниво. Полека се претварала во Земјата и затоа сега е мала и орбитира околу неа. Еден ден и Земјата ќе станела нечија месечина. Мислам јасно е каков тип книга е. Има уште купишта неконзистентни и бесмислени работи па решив дека нема да си го трошам времето на работи што некој што немал работа си ги извадил од газ.

    (Ако ве интересира кои се големите тајни на космосот, сите седум беа поврзани со тоа како функционира универзумот и како е управуван од необјаснива сила на која понижите луѓе и' даваат човечки облик и ја викаат Бог. Притоа ништо конкретно не се ~открива~ туку само им се дава име на имагинарни концепти што и не се баш револуционерни.) :lol:
     
  2. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    1,690
    Likes Received:
    12,631
    Gender:
    Female
    Тројца во кревет - Кармен Рид

    Станува збор за млада и успешна жена која се мажи за постар маж. И двајцата се одлучни дека не сакаат деца во својот живот, но желбита за деца на Бела почнува за се менува и таа останува бремена. Кармен многу искрено и целосно го опишува целиот тој период пред бременоста и после порагањето, сите проблеми со кои се соочуваат бремените жени на работното место во 21 век. Додека сите зборуваат за убавата страна на раѓањето бебе, таа го опишува сите проблеми за кои никој не зборува, а сите жени се соочуваат со нив.
    Интересна книга, на моменти се згадував од деталите ама сепак влечи да ја читаш.
     
    emiliana and Skorpija25 like this.
  3. annii

    annii Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2010
    Messages:
    3,346
    Likes Received:
    5,898
    Софи Кинсела - Се сеќаваш на мене?

    Втора шанса и дадов на Софи и испадна последна ќе биде. Книгава ми беше тотално мачење. Целата приказна досадна, развлечена, на крајот очекував барем разврска околу помнењето.

    Навидум лесна книга, а ми одзеде 3 дена..
     
    *Bridget Jones* likes this.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2011
    Messages:
    1,651
    Likes Received:
    5,421
    City of Girls - Elizabeth Gilbert
    Интересна е, приказна раскажана во прво лице за животот на една девојка во Њујорк во периодот меѓу, во текот на и по Втората Светска Војна. Интимна, убави детали, убаво оформени ликови, мислам знае Гилбертка да пишува, посебно вакви page turners. Има низа пораки за слободата на изборот и важноста на непотребата да се биде дел од конвенционалните маси.
    Иако ми се допадна, не ми е омилена од Гилберт, морам да признаам. Ми беше интересна, ама не би ја читала пак, за разлика од некои други нејзини книги. Сепак мислам дека е убаво четиво.

    Period power- Maisie Hill
    Оваа е да не речам селф-хелп книга за менструција. Ама тоа не е лоша критика. Има детално предетално објанување на целиот менструален циклус, што значи тоа од секој аспект за телото и зашто е редно да ја надминеме стигмата околу фактот дека повеќето од нас секој месец имаат менструација. Тоа што мене ми беше интересно е што има убаво толкување на секоја фаза од циклусот и како тоа влијае на нашата продуктивност, сексуална активност и општо, живеење. Да можам на сите тинејџерки би им ја давала на неколку години да ја препрочитуваат.
     
    emiliana likes this.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,082
    Likes Received:
    204,178
    Gender:
    Female
    „Убиства со монограм“ од Софи Хана, со можеби најпознатиот лик на Агата Кристи, Херкул Поаро. Хана е одбрана од семејството на Агата Кристи да го продолжи нејзиното дело, односно има право да го користи ликот на Поаро.
    И што да кажам - ме разочара малку. Солидна идеја, ама... некако расплината, некако поинаква, не е Агата (секако дека не може да биде), Поаро не е Поаро, бар не оној што јас го знам.
    Се работи за три убиства во познат хотел во една вечер, при што секоја од нив е положена на кревет и има манжетна со монограм во устата. Поаро ќе го сретнеме уште пред да прочитаме за убиствата, ама овој Поаро ги сменил навиките што ги имаше кај Агата. Ликот на инспекторот во приказнава е далеку од Џап или Хејстингс, иако работи заедно со Поаро, имам чувство дека е многу глупав и просто не знам како е вработен во Скотланд Јард. Ако сакате крими романи може да пројде, но не го препорачувам на љубителите на Агата. Ќе се замислам дали повторно би купила книга со Поаро од истава авторка, а нешто лично нејзино, можеби и би купила.
     
    Ketchup and pdb123 like this.
  6. Jelena35

    Jelena35 Нов член

    Joined:
    May 24, 2020
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Ќерката на чуварот на спомените од Ким Едвардс и Мојот живот во харем од Џилијан Лорен
     
  7. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2018
    Messages:
    69
    Likes Received:
    226
    Gender:
    Female
    Јас со Кинсела буквално се измачив кога ја читав
    '' Го имам твојот број"
    Читав толку рецензии, толку фалења за книгава
    А јас од двај ја дочитав, уште една од неа НЕ!
     
    annii likes this.
  8. Merten

    Merten Популарен член

    Joined:
    May 31, 2020
    Messages:
    814
    Likes Received:
    1,237
    Gender:
    Female
    Човек во лавиринтот - Донато Каризи

    Како и многуте негови книги и оваа беше прекрасна. Мистерија до самиот крај. Приказна за грабнато девојче, па девојка во лавиринт, испреплетено дејствие. На моменти надеж, па големо разочарување. На крај сепак останува дилема што точно се случило во тој лавиринт.

    Книгата е дел од серијалот, каде прва книга е Шепнувачот.

    Ја препорачувам!
     
    Arja likes this.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,340
    Likes Received:
    331,891
    Gender:
    Female
    IMG_20200603_175813.jpg
    Книга што секој родител треба да ја прочита. За тоа како нашите неостварени желби ги наметнуваме на децата иако тоа не го сакаат.За едно девојче кое го убедуваат дека среќата лежи само во учењето и успехот. Да се биде добра девојка 'значи' да не пушиш цигари, да немаш секс, да не одиш на школски искачанки итн. Сите овие наметнувања завршуваат со мртва 16 годишна девојка и распад на едно семејство.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,082
    Likes Received:
    204,178
    Gender:
    Female
    Периодов прочитав неколку книги што се прилично фалени меѓу македонската читателска публика, па морам да кажам збор-два за истите.

    The Breakdown - B.A. Paris кај нас преведена како „На раб на лудило“. Барем претпоставувам дека така е преведена.
    За книгата една тројка - оти држи внимание, не забегува многу во ситници, ама од друга страна - прилично предвидлив и очекуван расплет на настаните. Нема ни продлабочување во психолошкиот профил на главните ликови, можеби така повеќе се обрнува внимание на главниот женски лик, ама каде се тука останатите? Не би сакала да претпоставувам зошто ликовите преземаат некои дејства, би сакала да има добра психолошка слика зошто го прават тоа што го прават. Тука тоа недостасува. Ама очигледно не е проблем за повеќето читатели.

    Behind closed doors - B.A Paris, кај нас преведена како „Зад затворени врати“.
    Уште полоша од претходната. Плитка, површно обработена приказна, со нафрлани податоци за главниот машки лик. Раскажана од женска перспектива, од гледна точка на жртвата. Да, тешко се остава, иако се знае како ќе заврши. Ама не вреди времето потрошено за читање. Одвај двојче добива, и тешко дека следен пат кога ќе налетам на книга од оваа авторка ќе ме заинтересира.

    Sometimes I lie - Alice Feeney, кај нас преведена како „Понекогаш лажам“.
    Uh-huh. Што да се пише за книгава. Ја читав во оригинал, немам поим каков е преводот, ама се надевам дека тој што преведувал ја разбрал книгава, оти мене крајот ми беше прилично нејасен. Море цела книга беше испревртена и на моменти ми беше тешко да го следам дејството, се навраќав и препрочитував цели глави (среќа кратки се). Во споредба со претходните две, ова е уживање за љубителите на мистерии, ама ако некој успее целосно да ја одгатне мистеријава, нека пише слободно. И зошто таков крај, после се'?
    Целата приказна ја раскажува Амбер која се наоѓа во кома, поточно ја гледаме главно нејзината страна од развојот на настаните, според она на кое што се сеќава. Се двоумам дали се работи за биполарно растројство или се навистина две различни личности. Да речам дека ја разбрав целосно, ќе излажам. Книгава е полна со пресврти, и тешко е да се сфати кој е негативецот во целава приказна. Таман си се опуштил дека знаеш како ќе оди, бум - неочекуван пресврт. После мисли си што си пропуштил претходно и враќај се пак да препрочиташ.
    Според крајот, има простор за продолжение, дали авторката ќе продолжи или не, не знам, ама книгава држи внимание. Се прашувам дали е една од полошите книги што сум ги прочитала, или пак е маестрална. Сепак, давам солидна четворка.
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,340
    Likes Received:
    331,891
    Gender:
    Female
    IMG_20200608_174901.jpg
    400 стр, на крај едвај ја дочитав. Не ми беше ништо посебно. Лесна за читање ама прилично монотона. Се следи животот на 4 женски особи кои под сплет на околности доаѓаат да живеат заедно како подстанарки во една куќа. Немаше адреналин, ниту нешто што би ми задржало внимание. На последните страни ептен брзо се исфрли едниот лик од книгата. Јас не ја препорачувам.
     
  12. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,312
    Likes Received:
    51,091
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Моќна приказна којашто ќе ви се вовлече под кожа. Добрината и љубовта магија на сцената помеѓу шумата и звездите.

    Приказната започнува со изгубено, мистериозно девојче кое одеднаш, директно од шумата, се појавува пред младиот биолог Jо, која привремено живее покрај шумата за да прочува гнезда на птици.
    Не читам вакви книги, ама за промена добро е и ме изненади приказната не очекував дека ќе ми се допадне.
    Ја препорачувам книгата, прекрасна е.
     
    Regina.Phalange likes this.
  13. chitachka

    chitachka Нов член

    Joined:
    May 7, 2020
    Messages:
    4
    Likes Received:
    8
    Gender:
    Female
    „Другиот брег на Босфор“, книгата е историска и мене не ми се допадна многу. За тие што се љубители на историски книги оваа навистана ќе им се допадне.
     
  14. Arja

    Arja Популарен член

    Joined:
    Mar 9, 2016
    Messages:
    831
    Likes Received:
    1,352
    Gender:
    Female
    SKRIENA-FINAL.jpg

    Книгава ја препорчитувам по трет пат, иако немам баш навика да се навраќам на препорчитани книги, освен на оние од поомилените автори. И ден денес ми се допаѓа целата приказна, сите расплети и како течат дејствата. Сметам дека има простор да се навлезе подлабоко при некои делови, но и вака многу ми се допаѓа.

    Во книгата се зборува за девојка по име Кети која страда од опсесивно компулсивно растројство и пострауматски стрес. Паралелно се објаснати и настаните кои довеле до развојот на овие проблеми.

    Ја прочитав во два дена, ако не и пократко, навистина тешко да ја оставиш штом ја почнеш. Штета што немаат преведено повеќе книги од Елизабет Хејнс, но успеав да ги најдам на англиски па дефинитивно ми се на листа за читање во иднина (https://1lib.eu/s/elizabeth haynes).
     
    Skorpija25 likes this.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,425
    Likes Received:
    82,147
    Gender:
    Female
    Next Year in Havana - Chanel Cleeton
    [​IMG]

    Ме излажа убавата корица, книгата воопшто не ми се допадна, а го сакам многу овој жанр и не ми сметаат ниту премногу наративни делови. Едно та исто на почеток, едно та исто до крајот само кажано во различна форма...

    Паралелно се раскажуваат двете судбини, животот на Елиса Перез во Куба во текот на немирите таму околу 60-те и животот на нејзината внука Марисол во денешно време, 2017-та година.
    По смртта на баба ѝ, Марисол патува во Куба за да ги осознае своите корени и меѓу другото, да ја исполни последната желба на баба ѝ - да ја разнесе нејзината пепел во родниот крај.
    Убаво почна, многу беше интересен почетокот и многу брзо одеа тие почетни поглавја, меѓутоа кога навлегов кон средината на книгата веќе авторката почна со шпанска серија моментите и некако целата магија замина во неповрат.

    Една третина од книгата беше како политички дневник протнат низ исказите на Елиса. Всушност, тоа и беше проблемот со книгава, начинот на раскажување. Целата книга (со мали исклучоци) ми беше како некоја статија од весник. Очекував нешто поуметничко, нешто да ја заживее приказната, вака ми беше само нафрлано, попрскано со некои срцепарателни работи и толку.
    Единствена позитивна работа - можат да се прочитаат многу интересни работи за Куба, за политиката, за уредувањето, но сето тоа можело да биде спакувано малку посимпатично, што знам.

    Имам и други книги од оваа авторка, толку убави корици им дизајнираат на нејзиниве книги што просто невозможно е да не посегнеш по нив. Ќе дадам шанса на уште една, па ако на крај го имам истиот впечаток, ќе си се збогуваме со неа.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    8,631
    Likes Received:
    40,140
    Gender:
    Female
    140315.png
    Ова е преводот на (Me before you).
    Јас правам грешка. Кога ќе се одлучам да читам некоја книга, многу ретко читам содржина на задната корица.
    Мислев дека се работи за некоја лесна љубовна приказна, а баш ми требаше таква.
    Во книгава се работи за животот на дечко (Вил) кој водел активен и исполнет живот, но поради несреќа тој станува квадриплегичар. Во неговиот живот влегува Луиза, која има многу малку амбиции во животот, па дури и работата се грижи за него ја прифаќа со сила. Сепак, тој успева во неа да види потенцијал и скриени амбиции и ја води кон нивно исполнување, додека нејзина цел е да го спречи во неговата финална желба за еутаназија во Дигнитас.
    Срцепарателна книга и е една од ретките на кои поштено се исплакав.
    Како и да е, ја препорачувам. Приказната е пред се реална.
     
    Skorpija25 and Arja like this.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,425
    Likes Received:
    82,147
    Gender:
    Female
    The Guest List - Lucy Foley
    [​IMG]

    Годинава дали на авторите им се исцрпија повеќето идеи, или пак станува збор за некој тренд, ама ептен често почнав да ловам вакви книги со позајменото сценарио од книгата на Агата Кристи (која според мене е едно од нејзините најдобри дела) „Десет мали црнци.“

    Неколку ликови поради некоја причина се наоѓаат собрани на некој остров, се случуваат чудни работи, во меѓувреме се размотува клопчето пропратено со неколку пресврти, вметнат некој расплет и та-даааам, книга.
    Тоа е во ред, но некако кога знаеш како оди оригиналната приказна, книгите слични на неа ми губат од убавината и од мистеријата.

    Овде во оваа книга како да се беа споиле „Убиство во Ориент Експрес“ и „Десет мали црнци.“
    Неколку луѓе, меѓу кои и најблиски пријатели кои треба да присуствуваат на една мала, интимна свадба, се сместени на брод, патуваат до некое Ирско крајбрежје и им се случуваат чудни работи...никој не е онаков каков што се претставува, сите си носат по некоја лузна од минатото и по некој „грев“ умешно напикан и натапкан под чергичето. Приказната ќе долови зошто токму тие биле повикани на „патувањево“ и која е нишката што ги поврзува сите заедно.

    Стилот на пишување е добар, имаше навистина доста моменти од кои можеше без проблем да ти се наежи кожата, опфатени беа некои интересни теми, посебно помеѓу животите и врските на двете сестри, но нешто недостасуваше, нешто што ќе ми ја спои приказната, нешто што навистина ќе ти ја пикне книгата под кожа.
    Почетокот беше ептен интересен, но како да се смени темпото после половина книга и впечатоците начисто ми спласнаа.
    Не беше лоша, но не е нешто невидено. Речиси по ист шаблон како и претходната книга од истава авторка, The Hunting Party. Таа книга ми беше малку подобра од оваа.
     
    do-re-mi and RainBow like this.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,312
    Likes Received:
    51,091
    Gender:
    Female
    The Silent Governess - Julie Klassen


    [​IMG]


    Еден дворец кој станува затвор и една тајна којашто не треба да искочи на виделина.
    Англија 1815год, мислејќи дека е одговорна за злочин, Оливија бега од својата куќа застанувајќи на еден имот каде што има раскошна слава. Меѓутоа не е се така забавно како што изгледа.
    Младиот лорд Бредли штотоку открива страшна тајна која ако се прочуе неговиот живот засекогаш ќе биде уништен, но за момент открива нечија силуета, тој мисли дека е крадец којшто можеби ја слушнај тајната и може да му го уништи животот.

    Интересна приказна полна со тајни, приказна којашто ни кажува дека никогаш неможеме минатото да го оставиме зад себе.
    Никогаш немам читано книга од авторкава, случајно налетав на книгата, па се решив да ја читам.
    Книгата не беше лоша, просечна можам да кажам.
     
    riba79 likes this.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,425
    Likes Received:
    82,147
    Gender:
    Female
    Dance Away With Me - Susan Elizabeth Phillips
    [​IMG]

    После толку време, Сузан се врати со нова книга. Не можев а да не ја земам за читање, кога читам нејзини книги цело време ме следи некакво топло расположение што прави да се чувствувам сигурно, безгрижно...
    Таква е и книгава. Станува збор за Тес Хартсонг, со која животот бил малку суров и останала млада вдовица. Тивка е и повлечена, си го живее животот неприметна за туѓите очи. Оди на планина за да си го одмори мозокот, но наместо мир ќе си најде дополнителни занимации од кои ќе ѝ зачури главата и ќе мора да најде одговор на некои прашања околу нејзиниот личен живот кои ја измачуваат веќе со години и години наназад и ја кочат во многу одлуки и многу прилики.

    Има љубов во многу облици, има драма, има и досадни делови, има и делови од кои ќе ти заигра срцето, но не ми е тоа-тоа.
    Интересен обид да направи нешто позрело и ми е за поздрав тоа, но дали дека сум навикната на романтични комедии и се надевав на нешто поинакво, во секој момент очекував да се случи нешто на кое ќе се превртам од смеење. Го има хуморот, но не таков каков што навикнав да читам од неа.
    Ова беше доста емотивна романтична драма, на моменти малку предвидлива, но дозирано со мера.

    Не беше воопшто лоша и брзо се чита, но ни прилично блиску до „Подарок за роденден“ или „Сонувај малку“.
     
    joy1, Skorpija25 and Emotional123 like this.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,340
    Likes Received:
    331,891
    Gender:
    Female
    IMG_20200620_143628.jpg
    -Немата пациентка.. Еден од подобрите трилери што сум ѓи прочитала. Иако на нет читав критики дека била лесно предвидлива мене ми беше баш напната, интересна и со крај каков што не очекував. Јас ја прочитав буквално за ден, држи мн внимание. Габриел е убиен со пет куршуми во својат дом. Обвинета е неговата сопруга Алисија. Алисија од денот на убиството одбива да зборува во наредните 6 години,се додека не се појави Тед Фабер кој е одлучен да ја натера да зборува. Испреплетени емоции, изиграна доверба, лаги, насобран гнев... од се по нешто има...


    -Шепкачот.. по смртта на неговата сопруга Том и неговиот син се преселуваат во Федернбек, Место познато по Шепкачот(убиец на деца) години уназад. Наводно да убиецот е веќе во затвор но и покрај тоа синот на Џек слуша секоја ноќ шепкања под прозор и се однесува мн чудно. Јас едвај ја дочитав. Незнам зошто. Не е досадна воопшто ама некои сцени поврзани со децата ми беа језиви за читање.
     
    Acka22, ZeldaSF, Beautymom and 2 others like this.