1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Замка од Мелани Рабе (германски автор) во издание на Матица. Интересен психолошки трилер со главниот лик Линда Конрадс која е позната писателка. Нејзината сестра Ана е убиена пред 12 години и убиецот уште не е пронајден. Линда води осаменички живот во својот дом покрај езеро. Случајно на вести го препознава ликот на убиецот на сестра си Виктор Лендсен кој работи како новинар. Инаку таа го има пронајдено телото на сестра си и кога се врти во собата зад себе го здогледува зад себе ликот на убиецот кој бега преку балкон. Успева да го намами во својот дом со тоа што се јавува во новинарската агенција за да им понуди интервју со неа. Понатаму ќе откриете сами што се случува. Убав крај за Линда која конечно успева да излезе од својот дом и се упатува во куќата на убиецот за да изнуди признание за убиството откако не успева да го стори тоа во нејзината куќа. Интересна книга која брзо се чита поради добриот превод. Се надевам дека ќе биде преведена и најновата книга од Рабе Странецот.
     
    Последна измена: 23 јуни 2020
  2. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Да не ги продавате
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.776
    Пол:
    Женски
    не :)
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Duhce123

    Duhce123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Изгубеното писмо----Џилијан Кантор.

    Срцепарателна , љубовна историска приказна испирирана од вистински ликови кои биле дел од отпорот за време на Втората светска војна во Австрија и мистериозно љубовно писмо што поврзува генерации еврејски семејства.

    Прекрасна приказна што вреди да се прочита. Држи внимание фо самиот крај.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    1998CAM_2020_06_27_20_12_43_FN.jpg

    Интересно трилерче според мене, се работи за позната писателка Линда Конрадс којашто долги години води осамен живот.
    Веќе 11 години не стапнала надвор од својата вила на Штајнбершкото езеро.
    И покрај се Линда е успешна жена, но малкумина знаат дека писателката ја измачува едно лошо сеќавање, наводно таа пред многу години ја нашла својата помлада сестра Ана убиена и го видела убиецот како бега, а потоа еден ден го здогледува на телевизискиот екран.
    За Линда тоа е доволна причина за да смисли лукав план, ќе го искористи заплетот на новиот роман за да го намами убиецот.
    Многу брзо се чита книгата според мене одличен психолошки трилер.
     
    На Nightwish11, kristina.k, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    E84BF3E8-CC1E-414B-8C27-C1364B4A317C.png 65EDE235-1165-49BC-9A6D-B4543802B422.png
    Се уште ја немам прочитано ,,Човекот по име Уве”,која е светски бестселер,но затоа последно ги прочитав овие две книги од Фредрик Бакман,изданија на Антолог.

    Книгиве се комични,но реални и топли приказни за луѓето кои секојдневно ги среќаваме околу нас.Нема некои настани кои посебно се издвојуваат,но затоа има приказни и судбини кои остануваат во сеќавање.
    Љубовта,емпатијата и во ова време многу подзаборавени вредности се она што доминира во книгите.

    Препорачувам за летниве денови.
     
    На martty06, Nightwish11, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  7. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    A brief history of time - Stephen Hawking

    Книгава решив да ја прочитам по вторпат, бидејќи при првото читање немав некое посебно предзнаење од физиката и поради тоа не ми остави никаков впечаток. Сè што читав беа само факти и поими со кои првпат се среќавав. Но, овој пат ситуацијата беше различна. Иако Хокинг умешно ги објаснува физичките поими со примери од секојдневието, сепак ми беше потребно големо внимание при читањето.

    Книгата ја напишал поттикнат од идејата да ги спои законитостите на микро и макро светот во една единствена теорија т.н. Quantum theory of gravity. Одлично ги доловува самите почетоци на развојот на астрономијата, почнувајќи од мислењата дека Земјата е рамна плоча која лежи врз грбот на желки, до потврдата на Хелиоцентричниот систем. Дава историски развој на откритијата во физиката, и при тоа детално се осврнува на придонесите на Њутн, Ајнштајн, Планк, Бор, Шредингер, Хајзенберг и многу други врвни научници.

    Прикажана е еволуцијата на законите на физиката, посебно нејзиното целосно менување кога Ајнштајн ја претставил Специјалната и генералната теорија на релативност и "бумот" кога на сцената настапила Квантната механика. Сè она што важело за макро светот, не важело за микро светот. Се вовеле нови формули и поими и нормално се поставило прашањето дали можат да се обединат овие два света.

    Ги дава своите претпоставки за почетокот на Космосот, неговиот развој и можен крај. Неизоставен дел од книгата се црните дупки, на кои тој им го посвети целиот свој живот. Фасцинантно е тоа што успева да ги открие нив и нивните законитости без притоа да има физички доказ дека постојат. Посебно внимание ми привлече теоријата на струните, доколку се докаже некогаш тоа ќе биде најголемиот пресврт во историјата на човекот. Самата помисла дека би постоеле 11 димензии, од кои 4 веќе ги знаеме, е неверојатна.

    Книгава е ремек-дело, на толку едноставен начин Хокинг успеа да ни ги открие тајните на Космосот, сингуларитетите, почетокот на времето, црните дупки, релациите за неопределеност и многу други феномени во физиката. Таа е доказ дека физиката е најинтригантна наука, никогаш нема да знаеме сè, секогаш ќе откриваме и докажуваме нови работи.
     
    На Nightwish11, g8lQQk, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.776
    Пол:
    Женски
    Сопругата на детективот.

    Лидија е жртва на семејно насилство повеќе од 16 год. И никој незнае и не верува во тоа затоа што нејзиниот сопруг е угледен детектив во Скопје и тежок манипулант. Се завршува еден ден кога она ќе се пријави во полиција дека го убила и добива 3 месеци затвор додека се соберат докази за судење. Во затворот се среќаваат неколку женски персони, секоја со својата судбина зошто е таму. Крајот е нешто на кое не ни помислував, скроз ме изненади. Преубава книга... толку добро напишана и опишан македонскиот менталитет. Вреди да се прочита.
     
    На martty06, Nightwish11, Espadrila и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Pisoi23

    Pisoi23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Последната пролет во Париз од Јелена Бачиќ Алимпиќ.
    Поемотивна книга јас не сум читала до сега.Го опишува реално пеколот низ кој поминувале луѓето низ логорите,и кои последици ги имаат после тоа.
    Крајот ме расплака,а не сум човек што често плаче.
    Топло ја препорачувам.
     
    На Purelove92, Охрид88, martty06 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Се работи за новинарката Кери Бејли којашто е на траг на приказна која ќе ја крене нејзинта кариера на невидени височини.
    Пред 25 години Мајорот Френклин Трапер станал херој кога бил фотографиран како извлекол преживеани од уранатините, откако експлодирала бомба во хотел во Далас.
    Таа фотографија го претворила во идол на нацијата, се додека ненадејно се повлекува од очите на јавноста.
    Сега Кера е подготвена да стори се што може да добие ексклузивно интервју со мајорот, дури и ако тоа значи да остварите контакт со неговиот син, поранешниот агнет АТФ Џон Трапер.
    Кера и Трапер ќе ги здружат силите за да го разоткријат заплетот лаги и заговори, но и да добијат одговор на прашањето: Кој сака идолот на нацијата да биде мртов?

    Многу ми се допадна книгната, полна е со љубов, измама и одлуки што мора да ги донесеме за да преживеме.
     
    На Nightwish11, kristina.k, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. JustaFriend

    JustaFriend Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Кралство од соништата-Џудут МекНот
    Необична,уникатна романса која засекогаш ќе ми остане во срцето.:l:Се запознаваме со гордата Шкотланѓанка Џенифер Мерик и непобеднивиот англиски воин Ројс Вестморленд.Во време на војна помеѓу двете земји,Ројс и Џенифер имаат слушнато само приказни и легенди еден за друг.Таа го мрази Црниот волк,како што го нарекуваат,кој пролева крв низ нејзината земја со години,а тој ја смета за патетична „стара мома“.Тогаш,нивните патишта се сретнуваат и понатаму оставам да откирете сами.:DПреубава историска драма која од срце ја препорачувам.

    Љубов на прва страница!!:inlove:
     
    Последна измена: 6 јули 2020
    На Acka22, kristina.k, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Душокршачот- Себастијан Фицек

    Многу време сакав да ја прочитам и кога конечно ја зедов ептен ме разочара. Многу е избрзана, бледа некако, иако би рекла дека е непредвидлива, одма знаев кој е негативецот. Ликовите се многу плитки, ниту еден не е разработен подлабоко.Обично ми се допаѓале неговите дела ама ова не го препорачувам.
    Дали ептен се заситив од трилери, ниту еден ме нема изненадено позитивно последнава година, секогаш ги предвидувам, а прочитав преку 50 во последнава година и ништо не ми оставило добар впечаток.

    Маријана-Сузана Кирсли

    Ја зедов ради тоа што романот го носи моето име, не ми е позната авторката, немам читано ништо друго од неа колку што се
    сеќавам, ама пријатно ме изненади. Топла приказна со доза на натприродно, романтика, убави описи на Англија од старо и ново време, допадливи ликови.
    Млада девојка се преселува во многу стара куќа во едно Англиско селце, почнува да истражува за минатото на куќата и паралелно на тоа почнува да добива визии за личност која живеела во куќата, почнува да го живее нејзиниот живот повремено преку сонови и ја открива нејзината тешка приказна.
    Ептен како за лето, ја прочитав чинам на едно седнување.
    Ја препорачувам.
     
    На martty06, RainBow, Emotional123 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    1998CAM_2020_07_11_13_55_08_FN.jpg

    Многу ми беше досадна книгата, едвај ја дочитав, мислев понатаму ќе биде интересна ама не.
    Се работи за 3 сестри коишто живеат во беда и сиромаштија, се трудат да успеат во балетството којашто една на крај завршува како славна балерина, а едната пак наеднаш 2 деца има, ниту дознав кој им е татко. Веднаш се прикажани како деца од 5 - 6 години.
     
    На Emotional123, Acka22, barby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Двојничка - Тес Геритсен

    Оф. :D

    Ми седеше дома книгава па решив да ја прочитам, иако од вакви трилери во последно време бегам ко ѓавол од темјан.

    Баш како што и очекував. Киднапирани жени, трудночи, полицајци, ништо претходно невидено, ништо што ќе ме натера да го помнам делово по еден месец.

    Плус стилот на пишување е предраматичен, се потпира на шок фактор на места што се прилично очигледни и звучи како да ти ја џвака приказната и ти ја потценува интелигенцијата.

    Мислам дека не се за мене ваков вид книги, а и не гледам причина зошто би читала уште една од низата книги со главна хероина која е атрактивна четириесетгодишна препаметна научничка/бизнисменка. Од некоја причина нашиве издавачки книги се запнале за овој жанр и само тоа преведуваат. Тенкјунекст.
     
    На wendy2, 1209 и f.girl им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Сè, баш сè-Никола Јун
    Се-баш-се.jpg
    Запознајте се со Медлин Витиер, девојка која има прочитано книги многу повеќе од сите нас но, за возврат на тоа нема поминато ниту еден ден во слобода. Боледувајќи од тешка и ретка болест(SCID) нејзиниот живот е чиста монотонија - живее со нејзината мајка која е докторка и поминува 8 часа со нејзината болничарка, Клара.
    Се до еден ден, кога новиот сосед и го извртува светот за 180 степени. Благодарение на него ќе почне да се заинтересирува за животот и чувствата надвор од нејзиното идилично меурче направено од мајка и.
    Дали таа навистина е болна?
    Дали мајка и и ја кажува целата вистина?
    Дали Оли навистина ја сака или само ја гледа како нова забавна појава?
    Прочитајте ја оваа книга во која се испреплетуваат романсата, драмата, пријателството и мистеријата. Има снимено и филм, но јас не сакав да го изгледам пред да ја прочитам книгата. Ми се допадна и стилот на пишување на писателката.

    Додека ја читав книгава многу ме потсети на песнава. Ја препорачувам комбинацијава.
    Hajde uzmi me jako, muski i snazno voli me
    samo shvati na vrijeme da prolazno je sve
    da odes je kasno

    Hej, hajde da volimo se
    jednom se zivi zar ne
    u noci bez svitanja
    nudim ti samo sjecanje

    A sutra je novi dan
    i slaba jaca sam
    pravim se da dobro je
    suze moje placu za oboje

    Ti si muskarac koji osvaja sve lako
    a ja sam zena koja dobija polako
    i nikoga ne pamtim, oko mene je zid
    jer poslije njega ja na znam za ljubav
    ja ne znam za stid

     
    На Purelove92, Nightwish11, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Жената на прозорецот - А. Џ. Фин

    Кажав дека нема да читам веќе вакви трилери, ама решив сè што имам дома останато да исчистам. :D

    За овој всушност не се покајав. Приказната е стварно интересна, а и стилот на пишување е баш соодветен и доста филмски.
    Ми се допадна што имаше квалитетни пресврти и шокови, од трилер само тоа го барам, а успат што имаше разглобување психа е бонус.

    Генерално секогаш сакам кога сè си доаѓа на свое место на крај, а во книгава токму така беше, секој најситен детаљ што беше спомнат во текот на целата книга имаше некаква улога подоцна, и тоа многу ми се допадна.

    Видов дека направиле и филм за книгава, ама не е излезен уште поради короната. Штета. Ќе го гледав сега ама вака во иднина не верувам дека ќе ми текне. Убава приказна во секој случај. (y)
     
    На Agatha, Nightwish11, barby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Wuthering Heights - Emily Brontë

    Кога се работи за класици, од една страна им приоѓам со намера да ми се допаднат бидејќи се класици т.е. според колективното општество највредните дела во историјата, ама од друга страна баш поради ова ги држам на превисок стандард. :D

    Книгава веднаш ме потсети на учебникарскиот опис на романтизмот: природа, сонови, имагинација, незадоволство, љубов, страдање, корнење коси, трескање од земја итн. итн. Романтизмот како правец го мразам со особена страст, таква мелодрама едноставно ми нема поента (освен Едгар Алан По, него си го сакам). Во секој случај, сакам да мислам дека колку толку можам да ценам некое дело ако е добро и покрај жанрот на кој му припаѓа. Таков е случајот и со оваа книга.

    Прво, ми се допадна јазикот. Тоа ми е мислам единствената позитивна работа од романтичарската драматичност, што ме прави да мислам дека книгава на македонски би била хорор.
    Второ, ми се допадна концептот на раскажување. Во времето кога е пишувана книгава ваљда не било распространето користењето на сезнаечки наратор, па затоа имаме сезнаечки слугинки кои се присутни и во најинтимните момети меѓу ликовите. :D Сепак, мене таквата ретроспектива ми беше убава.
    И третото нешто што ми се допадна, главните ликови беа објективно лоши.

    Мислам дека тоа и беше поентата. Не бараше авторката од нас да ни се допаѓаат ликовите, да навиваме за нив или што ти знам, туку да ни покаже дека и од толку одвратни карактери може да произлезе нешто толку величествено. Велам величествено, а не убаво (иако тоа веројатно била првичната идеја), бидејќи љубовта што романтичарите ја сметале за убава е всушност токсична. Со други зборови, во ваквите дела колку повеќе заљубениот има желба да умре, толку повеќе љубовни поени добива. :D А тоа е big no-no кога се работи за реална љубов, па колку и да се занесуваме ние и да сонуваме за љубовна приказна како таа на Хитклиф и Кети.

    Затоа јас делово си го сфаќам како, ете што може да ти направи опседнатост и токсичност, нели е тоа тоолку драматично, поетично и уметничко? Да, е. И уживав во тие делови во книгата. Во говорите (he's more myself than I am... haunt me then... итн.), во описите, во копањето гробови... :D Поготско нешто од тоа има ли? Барем од таа страна книгава вришти од естетика.

    Сè на сè, ова го сметам за едно чисто романтичарско дело и како такво не можам да кажам дека ми е омилено, ама што се однесува до квалитет во рамките на самиот жанр, дефитивно е некаде на врвот.
     
    На Purelove92, wendy2, Sejfullai и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Sense and Sensibility - Jane Austen

    Ова ми е прво прочитано дело од Џејн Остин, па најпрво морам да иразам колку ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување. За разлика од Бронте погоре, ја нема таа драматичност, туку повеќе јаснотија и едноставност. Плус, многу стратешки ѝ беа распоредени мислите. Приметив дека баш кога ќе се појави нешто нелогично или нешто што бара дообјаснување, во следниот параграф веднаш е адресирано. Па така добиваш чувство дека книгата тече паралелно со твоето впивање на содржината, и тоа е многу убаво, ја прави книгата лесна и лежерна за читање.

    Втората работа што мислам дека е вредна да се спомне, а што воедно сметам дека е поентата на романот, е паралелата меѓу Елинор и Мериен (Маријана?). Очигледно едната е сенс, другата сенсибилити, и беше фантастично да воочиш како на иста ситуација реагираат сосема различно. Без да откривам спојлери, би кажала дека авторката испрати порака за тоа која од овие две карактеристики е „подобра“, со краевите кои им ги одреди на сестрите, иако можеби не била тоа намерата.

    Фала Богу Елинор ми беше омилен лик. Особено ми се допаѓаше секој момент кога ќе изнаправеше муабет со некој, па потоа детално во себе го анализираше. Начинот на кој калкулираше сè беше навистина за восхит, ама од друга страна, колку и да ми пречеше хистеричноста на Мериен (ко жити сè прибери се |(), ми беше интересно кога ќе треснеше нешто што ги остава во шок сите угледни госпоѓи.:D

    Тоа ме води кон следниот коментар: polite society. Невозможно е како секој можен изустен збор им е така склопен за да се искаже највисока можна почит кон соговорникот, дотолку што ако им се спротиставиш (пример одбиваш покана за вечера), може да излезе дека ти си rude, освен ако и ти исто така не го формулираш одбивањето на начин на кој имплицираш дека тоа е the polite thing to do. Што уствари значи дека никој не е polite кон никој и всушност сите само ги облекуваат своите себични намери во нешто што личи како convenience за другиот. 8-| Звучи како rudeness со екстра степс. :D По цели денови играат улоги, не знам како не се изморуваат.

    Како и да е, книгава беше фина, ама нешто ме тера да мислам дека е чиклит-от на 19 век. Како што беше напоменето во белешката за авторот, Џејн Остин пишувала за проблеми и случки што ги засегаат богатите, минорни и небитни проблематики, во споредба со оние книги кои биле дел од периодот кој им следел на нејзините дела.

    Морам да кажам, на моменти стварно се осеќав глупаво што читав книга каде цела приказна е кој со кој ќе се омажи. :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.502
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Одличен медицински трилер во некои моменти за време на читањето ме наежи, добро е што ништо не сонував од тие работи. :D
    Се работи за убиец кој ноќе тивко влегува во спалните соби на своите жртви, кои немаат претстава дека наскори ќе се разбудат во вистински кошмар.
    Методите на убиецот зборувааат за неговото медицинско образование па така медумите му го даваат прекарот Хирург.
    Едиствената трага што ја имаат полицајците е жртва на речиси идентично злосторство.

    Не сум многу по трилерите скоро почнав да ги читам, ама вреди што ја прочитав книгата, ми беше одлична.
     
    На barby, Skorpija25, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    0000882_vo-eden-moment_420.jpeg
    Книгава ми одзема неколку дена читање и доста енергија и на крај ме измори психички и ме наполни со негативна енергија оставајќи ме во прашалници...
    Имало психички трилери што ми се допаднале ама овој таков трилер и не баш толку ми се допадна...
    Стилот на пишување на авторот е сосем на високо ниво и тоа ми се допадна иако сметам дека во книгава претерал со детали како описи на ентериери и екстериери што и немало баш потреба да претерува толку и да ја крева во обем книгата...
    Во однос на тематиката можеше да се извлечат добри поуки ама крајот јас не можев да го дешифрирам ...Можеби до мене е проблемот...
    Така да ми остана книгава во една мистерија и ме остави во дилеми и прашалници, а тоа воопшто ме го сакам...
    Сакам реалистични книги и филмови со тематики од вистинскиот живот и затоа вакви содржини не ми лежат....
    Ако има Феминка некоја што ја читала книгава нека пише да споделиме мислења...
     
    На Acka22 и Beautymom им се допаѓа ова.