1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Моментално од Мисо ја читам Ако не постои утре и ми се допаѓа. Спаси ме чека на ред а Апартман во Париз и Девојката од Бруклин ме воодушевија. Кои се други од Гијом Мисо?
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    Парфем - Патрик Зискинд

    Книга која подолго време ми беше на листата за читање, по препораките на другарки. Очекував, според нивните раскажувања, но и според насловот, ова да биде книга во која главниот акцент ќе биде ставен на убиствата на девојките. Но, добро сум се излажала :D И мило ми е за тоа.

    Ова е книга која ни ја претставува моќта и значењето на сетилото за мирис. Иако е речиси невозможно да се долови мирис преку книга, авторот со помош на деталните описи умешно ја доловува миризбата, поточно смрдеата, која била присутна во Париз во 18ти век. Во еден таков миризлив свет живеел Гренулиј. Човек кој имал развиено сетило за мирис, но и човек кој бил без сопствен мирис, без идентитет, исто како и да не постоел. Преку неговиот лик, се опишани чувствата кои се карактеристични за секој човек: потребата од љубов, од прифатеност, страста, желбата за успех, амбицијата, но и тагата и разочарувањето.

    Поради мирисот сите ние спаѓаме во некоја категорија и оставаме влијание врз луѓето околу нас. Оваа моќ ја сфатил и Гренулиј. Сакајќи да остави свој белег, свој мирис, решава да го направи најубавиот парфем на целиот свет. Ништо нема да го спречи во својата замисла, дури ни убиствата на девојките. И успеа во тоа, благодарение на мирисот беше забележан, сакан, почитуван, но дали беше среќен? Зошто кога ја постигна својата цел повторно се чувствуваше празен и реши да биде убиен од тоа што го создаде?

    Уф, долго размислував за ова прашање и сфатив дека тоа е така кај сите нас. Во животот имаме цели и амбиции, сè би направиле за тие да станат реалност. Со тоа добиваме почит, восхит и љубов од другите луѓе. Се искачуваме погоре во општествената скала мислејќи дека тоа нè прави среќни, и така во заблуда можеби ќе се искачиме на врвот, но што после? Тогаш сфаќаме дека не ни се потребни никакви почитувања и восхитувања од страна на другите, туку потребна ни е среќа и исполнетост од самите себе. Ете, ова го научив од Гренулиј. Лик кој треба да биде пример за човек кој сакаше да ја почувствува топлината и љубовта на светот околу него, не знаејќи дека тоа не му е потребно за да биде среќен.

    Одлична книга, ја препорачувам на сите оние кои сакаат да читаат книги кои ќе им останат во сеќавање засекогаш.
     
    На WannaBDreamer, Abel, macka91 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Pisoi23

    Pisoi23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Јас ја читав пред некое време.Не сум фан на science fiction книги ама некако оваа ми се допадна.Ми беше неизвесна до самиот крај ме влечеше да ја читам..Како за книга од таков жанр ми беше интересничка и релаксирачка :)
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.776
    Пол:
    Женски
    IMG_20200807_194221.jpg

    1.Тајната на Алексиеви... убава книга ама преполна со трагедии. Смрт, разделби тага... Мене ме привлече прво корицата Ептен убава ми беше. Убаво се опишани и сите настани и ликови но крајот некако пребрзо се расплете. Тоа не ми се допадна ич. Се работи за судбината на трите ќерки на Алекса. Секоја носи својс тежина и тага. После еден неубав настан едната сестра ја снемува. Натака не кажувам за да не го откријам најбитното

    2.Ќе се сретнеме пак..
    Еди и Сара поминаат една преубава недела заедно. Он заминува на едрење и повеќе нема трага од него. Залудни се сите меилови, пораки и повици од нејзина страна. Кога конечно ќе се видат Сара дознава зошто морал да избега од неа. Би рекла може солидно филм да искочи после книгава.

    3.Ќерката од соништата
    Е одамна не се случило книга да ме фасцинира волку мн. Книга за патување низ времето. Џабе да ја раскажувам.. треба да се прочита :)
     
    На Val-Dim, barby, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Aristotle and Dante Discover the Secrets of the Universe - Benjamin Alire Sáenz
    51khSOXEL+L.jpg

    Според описот очекував многу повеќе. Генерално, се работи за две 15 годишни момчиња кои се спријателуваат и заедно минуваат низ фазата на себепронаоѓање и идентификување, особено во поглед на сексуалноста.

    Мислам дека главното нешто што ми беше непријатно во книгата е тоа што беше некако празна. Ми фалеа зборови, детали. Имав чувство како дете да ја има напишано книгата, не знам дали тоа било тенденциозно, ама не ми остави убав впечаток.

    Плус, стилот во кој беа напишани некои од дијалозите беше многу драматичен и нереалистичен. Никој не збори така. Знаете кога на крај на некоја глава има кратка реченица која треба да содржи многу тежина и со тоа да биде впечатлива? Епа, во книгава тој ефект е силуван, секоја реченица ко да те моли да мислиш дека е дип.

    За текот на приказната исто имам некои нелогичности, ама ќе поминам преку тоа. Инаку, книгава е баш слатка, i guess, и се чита во едно седнување. Во рецензиите читам викаат имала некаква магија, јас ништо од таа магија не осетив. :D Магија има колку што имаат книгите на wattpad напишани од 13 годишни деца.
     
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    39.058
    Пол:
    Машки
    Верити- Колин Хувер

    Veriti.jpg

    Шокантна. Непредвидлива. Очекуваш едно, се случува нешто сосема друго.
    Буквално трилер што ќе си поигра со вашиот мозок. Но, со која вистина манипулираше? :x
     
    На BejbiBlu, Alisa22, LiliBoz и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    The Woman in the Window - A.J. Finn
    [​IMG]

    Книгава воопшто не беше тоа што очекував дека ќе биде, се изнаслушав различни мислења и убедена бев дека ќе биде некаква досадна исповед на параноична жена која само пие вино и снима како скриена камера кој што прави и што се случува низ маало. Да не сум губела време, баш така ми ја опишаа.
    Но, дали? :D

    Прво и прво - каков почеток, каква реченица:

    I have a feeling that inside you somewhere,
    there’s something nobody knows about.
    —Shadow of a Doubt (1943)


    Прекрасно. Толку ѝ требаше за да ме придобие.

    Ана Фокс има агорафобија. Се крие во удобноста на својот дом и не излегла надвор којзнае колку време. Ана Фокс е манијак за филмови (и добро вино) и со оглед на нејзината состојба, не ѝ преостанува ништо друго освен да ги набљудува нејзините комшии по цел ден и да ја ангажира фантазијата да исплете безброј приказни за секое семејство. Да утепа малку време, нели. :D
    Се пушта светло во 19ч - Ана веднаш знае кој се движи, кој доаѓа, каде оди, зошто...
    Но дали има граница помеѓу замисленото и она кое навистина се случува? Дали сево ова е само плод на фантазијата на една проблематична жена или сепак нејзиното изострено стручно око сè уште добро се држи и знае да примети аномалии кога ќе посведочи на некоја (вознемирувачка) ситуација?

    Некои работи беа предвидливи, но самата книга, самите ликови се така склопени што едноставно не ти дозволуваат да ја читаш и восприемаш приказнава како „адреналински трилер“ па да се трескаш од земја дека ете ваууу ти си гениј затоа што си го предвидел крајот на книгата.
    Жал ми е, но ова не е тоа. Ни приближно.
    Ова е нешто многу, многу, многу подобро. Со одлично извајан протагонист, на тацна се подадени сите нејзини мани, доблести, сите нејзини стравови, радости, стресови. Симпатично беше формулиран и антагонистот, од психолошки и од секаков аспект.
    Навистина осмислено, со своја позадина, со издржани ставови, со сè. Многу ми се допадна.

    Толку добро беше опишана агорафобијата и умствената борба со неа, правењето напори да избегаш од стегите на стравот, секоја чест, научив многу работи кои не ги знаев за оваа состојба и кога некоја книга ќе понуди нешто вакво, вреди да се спомне и да се пофали. :clap:
     
    На Val-Dim, LittleChili, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Сега ја зедов Верити на Киндл, ме заинтересира, мада не бев некој фан на Хувер (доколку можам да се наречам така бидејќи само една од Хувер ја имам прочитано :D)

    Следната ќе биде Жената на прозорецот :nod:

    Он топик:
    20200809_185438.jpg
    Книгата зборува од аспект на едно, би кажала, многу умно 7.годишно девојче, чија баба умира и и остава да ја заврши една мисија.
    Фина приказна, хумористична, жива.
    Карактерот на бабата е одличен, авантуристички и те предизвикува да си го преиспиташ погледот на нештата во животот. Можеби малку да "олабавиш" :D

    20200816_174352.jpg
    Од самиот почеток приказната ме некако трогна. Настаните се опишувани паралелно, животите на две жени во минатото и сегашноста.
    Лесно читлива, ја прочитав за 2 дена. некако при крајот и самиот крај ми беше ептен брзински разработен, тоа воопшто не сакам кај книгите, ми остава чувство дека прочитав некој лесен љубовен роман (што не дека не е де) Али се на се, држи внимание.
     
    На Purelove92, martty06, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Why I'm No Longer Talking to White People About Race - Reni Eddo-Lodge

    [​IMG]
    Ја купив поради последните случувања во black lives matter движењето. Ја прочитав авторката како вели дека ѝ е многу неубаво што профитира секојпат кога ќе се рашири видео од црн човек убиен на камера. Тоа е стварно fucked up.

    Книгава навистина убаво ги разглобува сите очигледни и неочигледни тешкотии кои се јавуваат со живеењето како црн човек. Многу повеќе се фокусира на тие неочигледните, и тоа ми беше една од омилените поенти во книгата. Многу белци мислат дека расизмот се јавува само во таа провидна, гадна форма, преку навредливи зборови, имиња, стереотипи, плукање во фаца, ропство и слично. А всушност е многу повеќе од тоа. Само што ние како белци веднаш се наоѓаме повикани и трчаме да се одбраниме, наместо да размислиме како ние сме дел од структурата во која е вграден расизмот.

    Навистина е едукативна книгата, особено првата глава која збори за историјата на црните луѓе во Британија, нешто што не е толку масовно познато како американската црнечка историја. Друг дел што ми остави впечаток е моментот кога зборуваше за крстосницата меѓу феминизмот и расата, за тоа како расното прашање е постојано игнорирано во дискусиите за феминизам, и за тоа колку е само контрадикторно кога некои од белите феминистки успеваат да го разберат патријархатот како структура со вградена нееднаквост, а не успеваат истата логика да ја применат и при разгледувањето на општеството како расистичко во корен.

    Убаво е секој да прочита некое вакво дело, чисто да имаме предвид и друга перспектива и да научиме да не се восприемаме себеси како нормалното, како вообичаеното, како дифолтот, а со тоа и да го направиме првиот чекор кон придонесување за анти-расистички свет.

    Болдираните ги сметам за порелевантни низ последниве месеци.

    In culture particularly, the positive affirmations of whiteness are so widespread that the average person doesn't even notice them. Instead, these affirmations are placidly consumed. To be white is to be human; to be white is universal. I only know this because I am not.

    While some people called what happened in Tottenham and Brixton a riot, others called it an uprising - a rebellion of otherwise unheard people. I think there's truth in both perspectives, and that the extremity of a riot only ever reflects the extremity of the living conditions of said rioters. Language is important - and the term 'race riot' undoubtedly doubles down on ideas linking blackness and criminality, while overlooking what black people were reacting against.

    Raising racism in a conversation is like flicking a switch. it doesn't matter if it's a person you've just met, or a person you've always felt safe and comfortable with. You're never sure when a conversation about race and racism will turn into one where you were scared for your physical safety or social position.

    In theory, nobody has a problem with anti-racism. In practice, as soon as people start doing anti-racist things, there is no end to the slew of commentators who are convinced anti-racists are doing it wrong. It even happens among people who consider themselves progressive.

    It's about time that critiques of racism were subject to the same passionate free speech defense as racist statements themselves. ... Freedom of speech doesn't mean the right to say what you want without rebuttal, and racist speech and ideas need to be healthily challenged in the public sphere.

    When white men target babies, children and teenagers for sexual gratification, we don't ask for a deep reflection on these actions from the white male community.

    Being white and anti-racist in your private or professional life, where there's very little praise to be found, is much more difficult, but ultimately more meaningful.
     
    На Annath, kristina.k и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    My Dark Vanessa
    [​IMG]

    Тешка, тешка, вознемирувачка и тажна книга.
    Стилот на пишување е целосно ускладен со тематиката на самата книга - меланхоличен, рамнодушен.
    Сè уште си ги средувам впечатоците, но книгава начисто ме уништи. Ме исцеди, ме расплака, ме натажи, ме разгневи, се запрашав колку ли само девојки ја делат судбината на Ванеса.

    Во 2000-та година Ванеса има 15 години и тргнува во средно школо. За прв пат се одделува од нејзините родители и си мисли дека конечно го има светот на дланка.
    Но, оваа прекрасна мала Ванеса ќе му падне во око на професорот по Англиски јазик. Толку ќе му влезе под кожа, што моронот ќе ѝ го испере мозокот и ќе ја уништи.

    Во 2017-та година Ванеса има 32 години и нема поим што бара од животот. Се чувствува како да живеела во меур; нема некоја кариера зад себе, не знае како да одржи нормална здрава врска ниту со сопствената мајка, а не пак со дечко и сето тоа благодарение на прекрасниот Џејкоб кој не само што ѝ го уништил детството, туку со манипулациите тотално ги исцедил сите можни траги од желбата за живот и способноста за искажување емоции.

    Тешка книга, многу мрачна, многу вознемирувачка, полна со тригери. Безброј пати ми доаѓаа солзи на очите, липав и голтав кнедли чудејќи се на наивноста, на глупавоста, на горката судбина на Ванеса. Ликовите ги осудуваш, ги сожалуваш, ги пцуеш, посакуваш да ѝ одржиш една фина лекција На Ванеса, а потоа веднаш да ја гушнеш и да ѝ кажеш дека ќе биде добро, ќе дојдат подобри денови, но мора да научи да се сака себе си. А од друга страна пак - како да се сакаш себе кога некој психопат буквално си ја послал твојата душа под нозе, ја изгазил, ја испокршил на илјадници милиони, на милијарди делови и невозможно е сам да си ја составиш повторно и сè да биде како што било некогаш...

    Можеше да биде малку пократка, не одрекувам, ама сепак како за деби-роман, мошне солидно портетирање на вакви деликатни ликови.
    Кога некогаш ќе имам ќерка, оваа книга без сомнеж оди на листата „книги кои ќерка ми мора да ги прочита“, навистина е таков тип на книга, ќе ја паметам цел живот.
     
    На sweet-cherry, smooch, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mishela можам пдф да ја најдам негде?

    Од мене препорака за Печуркарката од Викторие Ханишова.
    pecurkarka.png

    Ја порачав од Муза, по препорака, но немав никакви информации за содржината. Од првите страници ми го задржа вниманието, до крајот не ја оставив од рака и навистина ме освои. Се работи за тоа како едно навидум прекрасно семејство, внатрешно е гнило, и крие тајна која го уништила животот на младата Сара.
    Во текот на детството живеат нормално, летните месеци ги поминуваат во семејната куќа покрај шума, и заедно со нејзиниот татко одат по печурки. Нејзините двајца браќа не се заинтересирани за печуркарството, па така таа се зближува со таткото и ги учи сите видови печурки и е среќна што го има целото негово внимание. Се до една ноќ, кога тој влегува во нејзината соба и целиот нејзин живот ќе се сруши...
    Навистина тешка и потресна приказна, приказна за борба со внатрешните чувства, приказна за одземање на детството, а потоа отфрлање и криење од страна на другите членови на семејството, дури и мајката, приказна за самотијата и посегнувањето по животот на толку млада возраст, а на крај преживувањето и силата која една жена може да ја има и да се издигне над траумата од детството.
     
    На raww, Annath, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    519p1x79ZeL._SY445_QL70_ML2_.jpg

    На младата авторка Лоуен и беше понудено да го продолжи серијалот на една па многу позната авторка Верити откако таа има доживеано несреќа. Лоуен се обидува повеќе да ја запознае Верити, за да може да си ја обави "задачата"...
    Книгава е занимлива, се чита брзо и лесно. Јас ја читав на англиски и стилот и е јасен со кратки мисли и лесно се следи. Интересна до самиот крај. Мене не ми беше предвидлива, мада дури како малку да се разочарав од крајот, очекував некој порадикален обрт, ми заврши некако млако.
    Приказната се развиваше и билдаше и секој момент очекував некој експлозивен пресврт, ама добро, барем можеш да "изабереш" што е твоја вистина :)
    Ми фалеше само повеќе физички опис на ликовите, не сакам кога во главата не можам да си ги замислам ликовите...конкретно еве за Лоувен, немам поим беше ли убава, симпатична, бринета или плавуша... можеби ја пропуштив информацијата, ама не, ниеден лик не е опишан. :?: Јас го тоа сакам во книгите :)

    Како што ја завршив книгата ми се понуди некоја страна од истата авторка:: All your perfects" мислам се викаше, па ја зачитав,ми се виде исто лесна, па и комична малку, можеби ќе продолжам со неа, колку да бидам на чисто со Хувер, или со Жената на прозорецот, ќе видам.

    Инаку, препорака за добра трилер/драма книга што ја читав неодамна за "Исчезната без трага" (така е преведена кај нас) од Шеви Стивенс. Ептееен ми е одлична!
    Токму во темава прочитав препорака и мене ми се допадна.
     
    Последна измена: 23 август 2020
    На sia.bella, kristina.k, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    The End of Faith - Sam Harris

    [​IMG]

    Фантастично дело. Главно се фокусира на тоа како религијата има земено толкав замав иако според секое објективно расудување не треба така да биде, како нејзините долго толерирани догми се извор на насилство и како е возможно да се проучува мистиката и спиритуалноста без хаосот на религиите.

    Иако со некои резони на Сем Харис не се согласувам (на пример објективноста на моралот), морам да кажам дека совршено ги изјаснува, на разбирлив и убедлив начин.

    Најголем впечаток ми остави главата за исламскиот екстремизам бидејќи успеа да ми го промени мислењето за тоа. Ако досега мислев дека бомбардирањето на Блискиот Исток не е оправдано, сега сметам дека е неизбежно.

    Исто така, делот каде во длабочина навлегува во ужасностите што имаат произлезено од библиските повици за убиство и од антисемитизмот беше прилично едукативен и око-отварачки. Од некоја причина таквите случаи игнорираме дека некогаш се случиле, додека сме фокусирани на моменталните исламски закани.

    Плус, надвор од сферата на организирана религија, ми се допадна раздлабочувањето во човечката психа и нудењето какво-такво објаснување за свеста како основниот човечки извор на перцепција и искуство. Исто така впечатлив беше и делот каде што ја опишува природата на верувањето и што тоа ни кажува за третманот кој треба да го добиваат религиските тврдења кои се потпрени на нула докази и кои не се однесуваат на реалниот свет.

    Во секој случај, одлично читање, баш за се осетиш збогатено на крај. Бонус беа егзисгенцијалните кризи кои Сем Харис обожава да ни ги дава низ редовите. :D Секогаш добредојдени.

    Imagine a world in which generations of human beings come to believe that certain films were made by God or that specific sofrware was coded by him. Imagine a future in which millions of our descendants murder each other over rival interpretations of Star Wars or Windows 98. Could anything - anything - be more ridiculous? And yet, this would be no more ridiculous than the world we are living in.

    It is natural to hope that our descendants will look upon us with gratitude. But we should also hope that they look upon us with pity and disgust, just as we view the slaveholders of our all-too-recent past. Rather than congratulate ourselves for the state of our civilization we should consider how, in the fullness of time, we will seem hopelessly backward, and work to lay a foundation for such refinements in the present. We must find our way to a time when faith, without evidence, disgraces anyone who would claim it.

    A future in which Islam and the West do not stand on the brink of mutual annihilation is a future in which most Muslims have learned to ignore most of their canon, just as most Christians have learned to do.
     
    На kristina.k, Acka22 и Annath им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.776
    Пол:
    Женски
    IMG_20200906_190425.jpg

    Без каење.. Морган и Крис се заедно од средно. Она останува трудна уште во средношколските денови и тоа е причината поради која ке се одлучат на брак. Навидум се е мирно и совршено цели 16 год се до денот кога Крис умира во сообраќајна незгода заедно со сестрата од Клара. Излегуваат на виделина мн тајни. Приказната е мн убава, ликовите убаво опишани ама фалат емоции и тоа мн.Некако мн млако за мој вкус. На моменти ми беше и досадна за читање. Очекував повеке со оглед на тоа дека Колин Хувер е доста форсирана за читање периодов.


    Во одбрана на Џејкоб
    Џејкоб е син на познат јавен обвинител и е обвинет за убиство на неговиот школски. Доста добар трилер, напнат ама и брзо се чита.Се води битка помеѓу лојалноста и правдата. Неговиот татко Енди се труди на секој можен начин да докаже дека неговото дете не е убиец, но дали е во право? За оние кои сакаат трилери, криминалистика и драма е супер.
     
    На Cutiepie1, H.VAGA, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.934
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    "Беснило" е навистина добар роман. Еден од најверните прикази на вистинската човекова природа, поточно животинското во нас. Цената сите ја плаќаме, порано или подоцна...

    На лондонски Хитроу се појавува беснило. Во постојаната мешаница од луѓе кои доаѓаат и одат некаде, ќе почне да се шири смртоносна болест. Вирус за кој нема лек, особено што се работи за лабораториска, подобрена верзија. Никој не може да го предвиди, ниту да го спречи ширењето. Се сведува буквално на борба за опстанок, но кој ќе победи на крајот?
     
    На Abel, sia.bella, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    What You Wish For - Katherine Center
    [​IMG]

    Сем (Саманта) е библиотекарка во училишна библиотека од едно основно училиште. Забавна, вицкаста, слатка жена која си ја обожава работата - зар има нешто подобро од тоа да работиш опкружен со еден куп книги и разиграни деца?
    И децата ја обожаваат неа, си имаат фина комуникација и си читаат книги.

    Но, се случува еден немил настан и училиштето добива нов директор. Препариран чиче кој изгледа и звучи како движечки правилник.
    Деноноќно труби за правила, принципи, опомени, драми - впрочем, сè за безбедноста на нивните сакани ученици.
    Сем многу добро го познава од некое далечно минато во кое таа е млада и безгрижна девојка и не може да си поверува колку само успеал да се смени. Познавајќи го Данкен волку добро, се прашува што ли го убило ведриот дух на оној Данкен кој таа некогаш го познавала (и била потајно заљубена во него).

    И отприлика толку. Настаните циркулираат околу школото, случки со учениците и навраќања кон нивното минато, некои навистина хумористични случки, обиди на авторката да ги омекне и доближи ликовиве, но што знам, без некој посебен успех.

    Многу сакам вакви модерни драми, но имам огромен проблем со оваа авторка.
    Пишува фино, има сенс за хумор, книгите ѝ се со ликови со чиишто ситуации можеш да се соживееш - ги сакаш, ги мразиш, ги осудуваш, сочувствуваш со нивната болка, но нема некоја особена динамика.
    Нема жар, нема емоција.
    Стерилни дводимензионални ликови, малку плитки но со добар хумор и сарказам. Фино разработена приказна, но фали малку карактер, малку жар, малку Х-фактор за да биде бомба. Можеби едноставно не е за мене авторкава, но ете - не можев да ѝ одолеам на оваа корица. :wasntme:

    Почетокот ми беше многу забавен и тоа траеше сè до првата половина. Потоа ко да се се завлече и се обиде да сврти внимание кон тотално небитни глупости, па некако ми спласнаа впечатоците.
    Просечна книга, брзо се чита и брзо ќе се заборави.
     
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    "Where the crawdads sing" - Delia Owens

    Не знам да ли ја има преведено кај нас и под каков наслов, јас ја читав на англиски, и веднаш да напоменам дека дијалозите се на тој англиски необразуван, да го така наречам, мислев дека ќе ми биде проблем да разберам, ама за чудо не, никаков проблем со тоа.
    Патем, ако е и преведена кај нас, не знам на што би личел тој превод, многу би се изгубило од автентичноста. Како и да е...

    Приказната се фокусира на девојчето од едно дисфункционално семејство, со таткото алкохоличар, соочена да се сама снајдува низ животот и нејзиното одрастање изолирана од светот и надвор од градот. Фини описи, интересна приказна, мистериозна, а некако топла. Ја препорачувам. (y)
    20200913_112003.jpg
     
    На sweet-cherry, raww, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.857
    Пол:
    Женски
    0000371_angelski-povik_420.jpeg.jpg

    Жонатан и Мадлин се сретнуваат на аеродром во Њујорк. Негова цел е Сан Франциско, а нејзина Париз. Брзајќи, се удираат еден во друг и собирајќи ги паднатите работи, ги заменуваат мобилните телефони, а тоа го сфаќаат предоцна. На почеток, сакаат само да најдат начин да си ги вратат телефоните, но љубопитноста ќе надвладее и почнуваат да чепкаат во телефоните наоѓајќи податоци и откривајќи тајни еден за друг. И тука, книгава се претвора во трилер каков што не очекував. Случајот со исчезнувањето и лажната смрт на Алис Диксон ги поврзува повторно и заедно се соочуваат со криминална банда за да ја откријат вистината и да го најдат девојчето.
    Оценка: 5/5
     
    На LiliBoz, raww, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.934
    Пол:
    Женски
    Преведена е, како "Девојката од мочуриштето". Ја симнав да видам што е толку добра, искрено, не ми остави посебен впечаток.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    А ете, ја има.
    Не те разбрав, ја прочита?