1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200914_194035.jpg
    Еве кратка рецензија за книгата:

    Луиз е жена во 40тите години, со свој сопствен бизнис и со 4 годишно детенце. Мажот, нејзина средношколска љубов, ја има оставено. Поради настаните од минатото, таа има само една пријателка, се има комплетно затворено во себе, има изградено ѕид во кој живее само за нејзиното синче. Еден ден таа добива чудна покана за пријателство на Facebook од Марија Вестон, девојка за која смета дека е мртва повеќе од 25 години, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Во минатото, од нејзините средношколски денови кога таа поради ниска самодоверба и страв од "непопуларност" се дружи со популарната Софи која ја тера да прави работи што не ги сака, прави нешто поради кое ја мачи вина дека таа е одговорна за нејзиното исчезнување, но дали Марија навистина е мртва?

    Добар трилер, мене ми се допадна, цело време ме држеше во неизвесност, што се случило, кој е виновен, дали Марија е жива. Дејството се одвива во сегашноста (2016) и се навраќа со раскажување на целата приказна во 1989 година.

    П. С. Книгава е прво дело на авторката, брзо и лесно се чита.
    Ја препорачувам.
     
    На sikica7, Alisa22, martty06 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    Да, ја прочитав. На англиски исто. Читлива е, лесна, не е лоша, ама не е нешто посебно. Како стареам се' помалку ми се допаѓаат бестселери. Не дека нема такви што ми се допаднале, ама кога гледам на goodreads што оценки доминираат за книгите кои ги читам, претежно се околу 4 или 4.5, а јас им давам 2 или 3. Ама прашање на вкус е сепак :D
     
    На mal.ecka, Val-Dim и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Прва книга што ја читам од Хувер, ме привлече насловот, корицата, краткиот опис, бројните коментари...
    Книгата се чита во еден здив, интересна, напната, ми го задржа вниманието до самиот крај во очекување на некој бум, пресврт да се случи. Не дека беше нешто предвидлива на крај, но не ме ни остави со подзината уста. Како што всушност е и самиот наслов, авторот остава простор читателот да избери на крај во која вистина ќе верува.
     
    На LiliBoz, Sky-butterfly, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Александар Зорбах, бивш детектив, а сега новинар истражува и пишува за поврзани случаи на исчезнати деца кои имаат рок да бидат спасени, по што се убивани.

    Секој пат е исто. Почнува со детска игра, криенка, само што Колекционерот ја игра до смрт. Прво ја убива мајката, потоа го киднапира детето, на крај на таткото му дава време од четириесет и пет часа за да го спаси.

    Но, во одреден момент доаѓа до пресврт - Зорбах станува дел од играта на Колекционерот, станува главниот осомничен, по што е принуден сам да трага по вистината.

    Се на сѐ супер трилер - оригинална приказна за изборите во животот, траумите на едно дете, татковството...

    Препорачувам (y)
     
    На BejbiBlu, Idedemja, piglet1 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Навидум неповрзани случаи на исчезнувања на три жени - нема траги на измачување, насилство, силување, но до седмиот ден се ментално мртви, тела без душа. Никој не знае што им прави псохопатот познат како Душокршачот.

    Непосредно пред Божиќ, Душокршачот напаѓа повторно, овој пат психијатриска болница. Снежно невреме ги прави непроодни патиштата кои водат до таму, недостапни се и телефонските мрежи. Затекнати во таква ситуација, персоналот и пациентите, кога ќе сфатат дека псохопатот за кој слушале и гледале на медиумите е во просториите на болницата, се здружуваат за да се заштитат и преживеат. Водејќи ги низ својата игра полна со терор, Душокршачот им покажува дека никој не е сигурен, дека работите не се онакви какви што изгледаат. Која е овој пат неговата цел и мотив, непредвидливо е до самиот крај.

    Уште еден маестрално склопен трилер на Фицек, препорачувам (y)
     
    На Idedemja, piglet1, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Bared To You - Sylvia Day
    [​IMG]

    Леле книгава...:D:D:D:D:D
    Мал дисклејмер - некој ако може да ми ги истегне ушите, зашто вакви книги не ќе да се за мене и треба да ги заобиколувам така во поширок лак зашто нема смисла да јадам мусли. Навистина не ми е јасно зошто сум им толку навртена и кога ми е досадно се фаќам за некоја ваква лимунатка.
    Плодна почва за вртење очи беше книгава. Среќа што не ми останаа заглавени некаде назад од толку вртење.

    А и јас па, теле, не знам што воопшто очекував од ваква книга, да ме просветли ли, да ме натажи, да ме натера да се соживеам со некој од ликовите, што?! :|
    Мислев дека ќе има некоја посаглам приказна. На толку фалење дека е милион пати подобра од нијансите, очекував барем да имаат некоја позадина ликовиве, психолошки профил каков-таков.

    Ништо од тоа, приказни за мали деца и нафрлани секс-сцени демек рушиме табуа, а-у.
    Сценариото веќе познато - она е лигла, он е лигле и доаѓа ден кога двете лиглиња ќе се запознаат. Им се сака, си се плеснуваат, као не сакаат да се заедно ама фасцинирани се еден од друг па ете ајде сакаат нешто повеќе, но сфаќаат дека не можат да имаат нешто повеќе од секс без обврски зашто не се способни од Х причини. И отприлика тоа.
    Книга во која не постојат спојлери, па има ли нешто подобро од тоа? ^_^

    Да беа ликовите малце поизградени и не толку детинести, впечатокот ќе беше далеку подобар. Вака како што беше спакувана си беше циркуз за без пари.
    Во ист кош со 50 нијанси, драма од тој тип. Само без камшици, црвени соби и врагови и со исто толку лош стил на пишување. :bug:
     
    На ToksycznaReakcja, 1209, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Site-tvoi-sovrsenosti.jpg
    После Верити ми излезе оваа како предлог, неколку бесплатни страни, ја зачитав и ми се виде интересна, хумористична и лесна, па ја купив од саем.

    Книгата наизменично опишува Тогаш и Сега настани, и за разлика од Сега, кое ми беше интересантно, настаните од минатото(Тогаш) ми беа патетични и досадни и ми идеше да ги прескокнувам.
    Ми беа премногу растегнати и со сувишни детали за љубовта на Квин и Грахам, нивното запознавање и се околу тоа.
    Тие се 'совршен' пар, Грахам е буквално 'совршен' маж и тие живеат 'совршен' живот, се до момент кога започнува нивната борба со неплодноста.

    Имаше навистина убави моменти и мисли со кои можеби некој кој се соочува со неплодноста може да се поврзе и мене ми беше занимливо да читам, и самата во минато имам искусено слични мисли, ама во еден момент книгата ми стана премногу патетична и 'лигавешка' па мислев да ја прекинам.

    Само од принцип решив да ја продолжам и на моето изненадување, завршница ми се многу допадна! Дури ме насмеја, па и запишав некој дел/мисла што лично ме допре и ми дојде како лично охрабрување (независно од тематика на книгата).
    Книгата е сепак лесна за читање, со романтична содржина и малку драма.
    Кој е за вакви содржини, ќе ви се допадне.
     
    На martty06, Idedemja, piglet1 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    IMG_20200920_192049.jpg

    1.Изгубеното писмо е една преубава историска љубовна приказна инспирирана од вистински ликови. Се одвива за време на втората светска војна во Австрија. Кристов изработува марки за Германците. Војната ќе раздели едно семејство и една голема љубов. 50 години подоцна Кејти наоѓа неиспратено љубовно писмо со необична поштенска марка. Нејзина задача е да открие кому е наменето писмото. Убав и интересен крај има книгата.

    2.Последната камелија.. Со Сара Џио нема утка кога е книга во прашање. Толку убаво опишани детали, ликови... просто те носи низ времето. Две жени, две судбини и еден редок примерок на камелија се испреплетуваат низ пола век. Флора има за задача да влезе како дадилка во куќата на Ливингстон, се со цел да стигне до последниот примерок на Мидлебериската розова камелија. Пола век подоцна Адисон е на летување во истата вила и ја демне опасност. Од мене десетка за книгата навистина е преубава.
     
    На sikica7, duffi, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    22.061
    Пол:
    Женски
    "Играта на ангелот"- Карлос Руис Зафон...Ова е втората книга од неговиот серијал Гробница на заворавени книги..За жал,претходната книга многу повеќе ме фасцинираше.
    Овде повтпрмо станув збор записател,кој наоѓа стара книга и се вовлекува во интриги,убиства извршени во минатото но се провлекуват во неговиот живот.Се појавува и есна девојка,па има и нежни романтични моменти.Но.ете може јас не ја разбрав до крај...главниот "газда" кој е штоја нарачува книгата???(навистина некој ако ја има читано,нека ми пише лп)..
    Инаку книгата е лесно читлива,со убаво срочени мисли и реченици.
     
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.505
    Пол:
    Женски
    ,, Скандал во пролет" од Лиса Клејпас , сосем случајно поведена од добрата реклама на Сакам книги, но книга која едвај чекав да ја голтнам и на момент искрено ме нервираше. Бидејќи сосем сум ја изумила ,, Тајните на летната ноќ" од истата авторка, која се однесува на истите главни ликови (сестри и другарки) со тамошен фокус на Ананбел, ја купив, но не ме воодушеви и искрено ме разочара. Потполно предвидлива, а колку само поинаков тек би можела да има, заплетот пребргу се расплетува, опфатен во само неколку страни, потполно невозбудливо, предвидливо, напати здодевно.Обично љубовно романче, ништо посебно.
    Друго, и во претходната и во оваа книга забележувам дека авторкава премногу, ама премногу милува да доловува експлицитни еротски сцени, налик на soft porn, што најверојатно го сметала за квалитетна дигресија од вообичаеното љубовно клише кое преовладува во основа, но по мене го постигнува сосем спротивниот ефект, бидејќи опфаќа добри 60 % од книгата, додека деловите на кои требала да посвети повеќе внимание, логика, ефект и објаснување се тотално занемарени.Еднаш очигледно правосилно осудениот Метју кој треба да отслужи казна, замислете се ослободува од обвинение подоцна?? ...И се ова во еден пасус.Потполно непроучени правни системи, закони, процедури, не дека треба да се оптеретува читателот со ова премногу, ама така нафрлено без логика, Not my cup of tea.Не можам да ја сврстам во ниту еден жанр, но дефинитивно ако сакате квалитетна драма или трилер кој ќе ве држи во неизвесност до последен момент, книгава дефинитивно не е вистинскиот избор.
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    IMG_20200927_115056_1.jpg
    Досаднааа и страшно предвидлива. Уште на првите 10 страни, очигледно беше кој е негативецот и како ќе заврши. Сопругот од Нина го нема повеќе од една година. Не се знае дали е мртов или побегнал со швалерката. Во меѓувреме Нина запознава 'совршен' маж кој е уствари се сем совршен. Не ја препорачувам, не си давајте за џабе парите за неа. Имс далеку подобри драми и трилери.
     
    На duffi, LiliBoz, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.232
    Пол:
    Женски
    дури и полошо од 50 нијанси.
    ко 50 нијанси од али експрес(facepalm)
    јас па надежна, на времето коа излегоа трите дела и на вториот дадов шанса. секако, зажалив.:|
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    IMG_20201003_111533.jpg
    Диссомнии од Игор Станојоски.
    Ги купив сите три негови пред неколку месеци, и без одредена причина почнав со Првиот универзитетски ден на мојата ќерка, па Гаргара и на крај Диссомнии.
    Ми се допаднаа сите, но од оваа сум воодушевена. Не можев да ја оставам од рака.
    Од почетокот мислев дека е слична приказна како првите две, поради повторувачките елементи во книгите како градот Лавов, дејство за време на некоја од револуциите во Украина, сличен профил на ликови и исти места, но таков пресврт доби книгата што не знаев што е реално, а што не, и никако не можев да претпоставам каков тек ќе добие приказната.
    Се работи за писател со потекло од Македонија, кој по голема семејна трагедија заминува на студии во Украина и таму започнува нов живот. Во сегашноста има свршеница Настја, која е позната новинарка, и со која имаат убав живот се до почнувањето на револуцијата на Мајдан. После низа немили случки и после добиени пораки за смртта на неговите баба и дедо во Македонија, тој се враќа во нивното село, со план да добие писателска инспирација и да избега од неповолната за него ситуација во Украина.
    Во куќата почнуваат надреални дејства кои ја прават книгата возбудлива, со доза на хорор и мистерија и исто така многу поинаква од претходните две.
    Игор има исклучително добар стил и начин на раскажување и иако во претходните две книги чувствував како да ми фалат плус страници на крајот, овде скоро 240 страни беа доволно за да не е монотона приказната и да се одвива доволно брзо, а сепак да е добро осмислен крајот.
    Препорачувам! (y)
     
    Последна измена од модератор: 3 октомври 2020
    На Abel, trajkoska23, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    A Short History of Nearly Everything - Bill Bryson
    [​IMG]
    Дефинитивно мојата нова омилена книга. Би ја препорачала буквално на секој. Навистина е значително полесна за читање од други книги кои обработуваат наука, а е исклучително интересна. Токму како што е насловот, книгава ги раскажува сите најважни моменти во историјата на науката, во еден многу интересен хронолошки времеплов.

    Тоа ми е најголемата причина зошто книгава ми е омилена. Многу сакам кога книгите се богати со детали ама сепак ја додржуваат магичноста на сторителинг. Додека читав осеќав како да читам детска приказна за добра ноќ. Мислам дека тоа беше предизвикано од честото интегрирање на читателот во раскажувањето. Затоа стилот на авторот ми е фантастичен, ја прави науката да изгледа како бајка, романтизира нешто што навидум е ладно, досадно, недостижно...

    Кога веќе го тргнавме тоа од пат, морам да искоментирам за самата содржина на книгата. Секогаш обожавам да ги читам таканаречените бекстејџ дешавки во науката. Не само формулите, законите, теориите, туку како дошло до нив, од што биле поттикнати и што поттикнале. И навистина сите работи во науката се мноогу поповрзани отколку што мислиме.

    Ако треба да извлечам едно главно нешто што научив од книгава тоа е дека научниците биле комплетно отидени во паметот. Знаев дека Њутн бил познат по своите налудничавости, ама не знаев дека си пикнал игла во око. Исто така не знаев дека постоел научник што вршел експерименти врз себе што му го пукнале ушното тапанче, ама не бил растревожен бидејќи чадот од цигарите ќе му излегувал од уво што исто така било „social accomplishment“. :D

    Исто така, многу од научниците биле навистина одвратни личности. Многу од нив без срам и перде краделе дела на нивни колеги, ги претставувале како свои, или пак воопшто не им давале заслуга за нивниот придонес. А и многупати биле во големи заблуди иако биле прилично самоуверени.

    Пред сè, ова е една неверојатна книга која опфаќа огромен број информации од скоро секоја научна област, од геологија до квантна механика, а е раскажана на начин кој ќе ве тера да сакате уште. На крајот од краиштата покажува дека и покрај тоа што научниот свет е несовршен, науката изнаоѓа начин да го пронајде вистинското решение.
     
    На sweet-cherry, piglet1, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Книгава беше актуелна едно време кај нас и читав позитивни критики. Кратката содржина ме привлече како љубител на историска фикција, ја симнав книгата и почнав. Ок беше на почетокот, фин вовед во приказната, супер вметнување на историски факти во нарацијата, ок. Ама кулминацијата и расплетот, благо кажано, ме разочараа. Не знам дали авторката имала конкретна идеја за насоката во која ќе се движи приказната, или само оставила да ја води фантазијата, ама морам да признаам дека заврши како детска приказна. Да не беше толку расплинета со историските описи и настани, можеше да биде и детска приказна. Сериозно.
    Многумина се интересирале за митот за Дракула, дали е мит или вистина. Секогаш тие кои истражувале се историчари, библиотекари, професори по книжевност и слично. Дракула постои, чувствува кога некој истражува за него, му остава книга како знак (и поддршка?) да продолжи со истражувањето, да види дали има некој толку способен и паметен да открие каде му е гробот. А целта му е најде историчар што ќе му ја каталогизира и среди библиотеката. WTF?! :|
    На крај, доволно информации ќе ги одведат до неговото почивалиште и тогаш ќе биде убиен и сите ќе живеат среќно и весело. Чекај, не. Има уште книги со змејови...ај добро.
    Се на се ... Глупости. Ич не губете време на книгава, седумстотина страни има. Не е вредна, дефинитивно.
    1/5.
    Имав очекувања дека ќе биде добра, ама не. Просечна оценка на goodreads е 3.9 :o не знам зошто, кога целата приказна навистина нема смисла.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    The family upstairs-Lisa Jewell, 2.5-5

    Либи е девојка која на својот 25ти роденден дознава дека во наследство и е оставена вила во фенси кварт во Лондон. Со помош на новинарот Мајлс се обидува да открие што точно се случило со неа кога била бебе, со нејзините брат и сестра кои се исчезнати и им се губи секаква трага и нејзините родители за кои се претпоставува дека извршиле самоубиство и биле пронајдени во вилата.

    Доста беше предвидлива книгата, и многу брзо ја прочитав што ми дојде чудно затоа што јас сум доста бавен читач :wasntme: верувам дека е до стилот на писателката, имам читано други книги од неа и исто беа лесни за читање.


    Сега ја почнав The bungalow од Сара Џио и да ве прашам, сите книги и се пишани во стилот минато-сегашност?
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Девојката на командантот
    Приказна за млада еврејка во полска,која успева да побегне од гетото,да го промени идентитетот и да почне да работи за непријателот се со цел да му помогне на отпорот,по цена и на нејзиниот живот и чест..
    Топло ја препорачувам
    А следна ми е Сопругата на дипломатот
    FB_IMG_1605089275966.jpg
     
    На riba79, Skorpija25 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  18. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    810LuteNhoL.jpg

    Тајната колиба на плажата - Сара Џио 3,5-5 :*:

    Најпрво, морам да искоментирам дека книгава ми беше сплет од Николас Спаркс филм и Перл Харбор филмот, а стилот на пишување овој пат страшно многу ми беше сличен како на Лусинда Рајли. Не ми сметаше, напротив убава приказна беше, ама ете, нешто што заприметив во оваа книга.

    Ен по својата свршувачка оди на Бора Бора да работи како медицинска сестра, додека вереникот останува да ја чрка во Сиетл. Таму се запознава со војникот Вестри и меѓу нив почнува едно пријателство кое подоцна прераснува во љубов. Поминуваат многу убави моменти во тајната колиба на плажата но, за жал нивните патишта се разделуваат...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Little Secrets - Jennifer Hillier
    [​IMG]

    Нешто што почна навистина одлично, а потоа замина по ѓаволите. :worried:
    Не знам дали е до мене, но не ќе да беше, имаше навистина многу пропусти, некои работи што се побиваа меѓу себе, не знам, ме разочара. А темата беше баш осетлива и скокотлива, но тенка работа.

    Марин е жена која успеала да го направи совршениот баланс помеѓу работата и семејството. Таа е одлична бизнисменка, има ланец фризерски салони и си ги обожава клиентките.
    Меѓутоа, таа е и сопруга, лудо вљубена во човекот на нејзиниот живот со кој делеле клупа уште во средношколски денови, мајка е на прекрасно синче, Себастијан.

    Еден ден, лудак маскиран во костум на Дедо Мраз го киднапира детето и оттогаш, на Себастијан му се губи трагата. Случајот не е решен и по една година заминува во историјата, а совршениот живот на Марин се распаѓа, што од притисокот на медиумите, што од ситуацијава со детето.
    Но, мајкава нема да дозволи да се заташка случајот и си најмува приватен детектив кој ќе трага по нејзиниот син.

    Дознава работи кои мислела дека ѝ се само далечна реалност и мислам дека сакајќи да додаде нешто повеќе во приказнава, авторкава малку така застранила во доловувањето некаква поента.

    Убаво напишана, ликот на Марин ми беше добар. Многу ми се допаднаа деловите низ кои си ја опишуваше работата - за да се добие бисерно руса нијанса прво се бланшира косата, па така, па вака, па не знам како. Толку детално и сликовито, дури и на newbie да му се разјаснат полемики околу коса, боење коса и слично. :D

    Сепак шала на страна, не беше доволно за да ме натера да си речам - уууу, каква книга.
    Jar of Hearts од истата авторка ми беше далеку, далеку подобра. :)
     
    На Skorpija25 и Охрид88 им се допаѓа ова.
  20. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20201121-213459_Chrome.jpg

    Сиси, главниот лик во книгата, останува сираче на дванаесет годишна возраст. Живее во различни згрижувачки семејства. На шеснаесет годишна возраст конечно се осамостојува, живее со цимерка и работи во студентско кафуле. Таму се запознава со Тим, во кој што се заљубува.
    Тим полека ја воведува во својот свет и ја убедува да учествува во неговиот план. Тим планира да ја киднапира жената на гувернерот, со што ќе издејствува да се укине смрттната казна и би ја спасил неговата сестра од која што е осудена за убиство. Сиси премногу е заљубена за да не прифати.
    Сиси треба само да ја чува жената на гувернерот, додека Тим и брат му го уценуваат нејзиниот сопруг.
    Киднапирањето не е како што планираа.
    Жената на гувернерот е бремена и започнуваат породилните болки....
    Работите почнуваат да се комплицираат.
    Ова е книга која ќе ве натера да размислите колку и кому треба да верувате и дали ќе дојде период кога ќе треба да се сносите со последиците од одлуките во минатото
     
    На Purelove92, barby, Slatkata00 и 5 други им се допаѓа ова.