1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    7496C4E8-A23D-4EA3-BEEF-9A15ECF6EA65.jpeg
    Sunovrat divova -Ken Folet
    Наслов на оригиналот Fall of Giants

    Ова е прва книга од трилогијата Век(Столече)од Кен Фолет.
    900 страни од првава книга буквално ,,лизгаат”.
    Писателот прави пресек на минатиот век,на најважните периоди:Прва Светска Војна(тоа е првава книга од триологијата)Втора Светска Војна и Студената Војна,се ова прикажано преку животите на пет фамилии,Американци,Англичани,Велшани,Руси и Германци.
    Хронолошки,со историски факти и личности,на многу убав и читлив начин се отсликани социјалните и општествени прилики низ цел свет.

    Оцена 10/10

    Ова се дргите две книги,исто толку обемни,јас со задоволство ќе ги читам.
    FAD1434D-94D5-43DD-9B44-D99910E53F53.jpeg
    123A0EE7-B738-44A5-B15A-E90437A437CB.png
     
    На riba79, grungy, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Што веруваме? – Мартин Р. Де Хаан II
    Зошто вреди да се биде христијанин – Норберт Лит

    Зошто читам секташки книги? Добро прашање. :D

    Ги нарачав на пијано, даваа две бесплатни да си одбереш. Кога ми стигнаа имав заборавено дека ги нарачав, па беа скоро изненадување (не можам да кажам колку пријатно).

    Како и да е, стварно не знам што очекував. Веројатно сум мислела дека ќе е пресмешно од некоја причина. И искрено, не викам дека не беше смешно. Не е дека нема нешто сериозно да се каже за конкретниов жанр на мали христијански книгички, што повеќе се во форма на leaflet отколку книга. Не е воопшто случајно што ваквите организации си ги пакуваат проповедите во најмал можен формат, фино спакуван за просечниот лековерен христијанин да не мора да се потруди да прочита нешто повеќе од 100 страници. Секако, една иста работа се врти, спасителот, гревовите, искупувањата, рајот...

    Исто така не е случајно што ваквиве книги се обично бесплатни, ти ги даваат по пат, ти тропаат на врата со нив, имаат рандом штандови на рандом локации итн. На крајот од книгата дури има ко купон за да го испратиш и ти пратат уште повеќе книги. We love propaganda. :inlove:

    Сепак, онтопик, многу ми се интересни ваквите книги бидејќи очајно пробуваат библиските бесмислици да ги преточат во нешто познато, модерно, нормално... Па така се раѓаат дијаманти од типот high key интервјуа со апостолите, каде некој ги прашува зошто поверувале во Исус, како станале христијани и сл., па овие демек одговараат. Ама сето тоа напишано во вистински интервју-формат, како што се среќава низ порталите. Апологетската креативност не познава граници, I guess. :D

    Како и да е, она што можам да го кажам за книгиве е просто „не знам“. Не знам зошто ги нарачав, не знам зошто не ги фрлив откако ги добив, не знам зошто сепак одлучив да посветам саат време читајќи ги и не знам зошто уште зборам за нив. :?:
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    „Книга за гробиштата“ - Нил Гејман
    kniga-za-grobistata.png
    Знаете кога нешто толку многу ви оставило фантастичен впечаток и сакате на сите да им го доловите чувството колку е тоа нешто ваууууу но колку и да се трудите да најдете соодветни зборови, ниедна пофалба не ви е доволно доволно добра? Епа така јас се чувствувам во моментов :)

    Затоа и нема ни да се обидувам да ви доловам колку е предобра книгата, туку само ќе се обидам барем да ве заинтересирам да ја прочитате.

    Најпрво, нека не ве пишманува насловот. Ниту е мрачна, ниту е готска, туку е одличен спој на хумор, трилер, фантазија и митологија.

    Една вечер мистериозен странец го убива целото семејство на Никој „Ник“ Овенс. Бебенцето Ник, несвесно за трагедијата која се случила, случајно ќе излезе на улица и следејќи го патот ќе заталка во одамна напуштени стари гробишта, додека по него заканувачки оди мистериозниот убиецот наречен Џек. Духовите од гробиштата, свесни за крволочната намера на Џек, на бебето ќе му ја дадат Заштитата на гробиштата и детенцето, кое тогаш и ќе го добие името Никој, ќе биде посвоено од стар бездетен брачен пар духови, господин и госпоѓа Овенс. Ментор и врска со светот на живите ќе му биде Сајлас, кој и самиот не припаѓа меѓу живите. Името, Сајлас нема сенка...

    Гејман идеја за книгава добил во 1985, кога неговото дете возело точаче низ стари гробишта. Сеќавајќи се колку синчето делувало неисплашено во таа ситуација, авторот добил идеа да напише книга слична на „Книга на џунглата“ со таа разлика што, место диви животни, сирачето ќе биде растено од духови, вампири и вештерки.


    Забавна, интересна, полна со живот и хуманост книга :)
     
    На L.i.n.a.a, sweet-cherry, Охрид88 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    41.300
    Пол:
    Женски
    IMG_8062-500x500-crop.jpg

    Очајно глуп трилер, очајно глупава книга.
    Со мачење ја читав. до пола стигнав, воопшто не ми го привлече вниманието.
    Мој совет - Не си го трошете времето со книгава.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Jacob-REPRINT.jpg
    Џејкоб, 14-годишно момче обвинето за убиство на неговиот соученик, Бeн.
    Од стилот на пишување се гледа дека авторот Лендеј има искуство во судницата.
    Книгата започнува со испрашувањето на таткото на Џејкоб како сведок во случајот, од страна на јавниот обвинител Лаџудис. Таткото на Џејкоб, Енди Барбер веќе 20 години ужива во беспрекорен углед поради неговата функција како јавен обвинител, за во еден миг целиот негов авторитет и стручност да паднат во вода. Сега Енди е на другата страна – на страната на обвинетите. Испрашувањето на Енди Барбер се протега низ целата книга, паралелно со раскажувањето за целиот случај – убиството на Бен Рифкин и животот потоа.
    На почетокот Енди воопшто не се сомнева во својот син. Цврсто е уверен дека Џејкоб е обвинет како последица од несреќна игра на случајности. Неговиот родителски инстинкт му вели да си го заштити синот и да му верува. Но, набрзо целиот случај станува сè позаматен, судењето сè повеќе се влошува и притисокот на кој се изложени членовите од семејството Барбер е просто неиздржлив. Наспроти битката во судот, во Барберови се води и внатрешна битка за лојалноста, вистината и гласот на совеста.

    Енди и Лори се обични родители од предградието кои вложиле сè во нивниот син-единец. Му ја дале целата грижа, љубов и заштита што ја имале. Енди е поделен на две страни: искуството како обвинител го тера да биде во потрага по вистината, но како татко тој е преплашен од тоа колку сурова може да биде вистината.

    Книгава е совршен баланс на правен трилер од една страна и семејна драма од друга; отсликува крајно интригирачка ситуација во судницата која нема да ве остави мирни дури и ако не сте љубители на трилери од ваков тип. Успешно отсликан карактер на еден тинејџер со „убиствен ген“ и психичко растројство и најважно од сè, неговите ликови се крајно професионални и искусни адвокати кои ќе ве одведат на едно „лудо возење“ низ судницата со своите интриги, сплетки и стратегии.

    Барберови не се на суд само поради законот. Тие се изложени на постојано осудување од доскорешните пријатели и познајници. Нив ги суди народот со тоа што ги отсекува од социјалниот живот. Книгата е безобразно неизвесна до последната страница ако не и после тоа.
     
    На sunshinebabe, raww, grungy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    11.475
    Pacientot.jpg

    Предвидлива. Лесна. Веќе видено.
    Може за почетник читач ќе му се допадне. 4/10.

    Скоро сите трилери се напишани по ист терк. Читаш две-три и веќе знаеш што следува.
    Истите фори.
    А најжално е што издавачките куќи во последно време преведуваат само вакви книги.
     
    На sikica7, tinka-mace, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    IMG_20201207_193636.jpg

    Сите 3 книги ми оставиа впечаток.

    1.Приказна за една мајка... Џесика има совршен живот. Сопруг, огромна куќа од соништата, пријатели, забава. Се ова ќе заврши кога ќе се породи со Лили и целосно ќе се смени. Нема да го засака бебето воопшто. Никаква поврзаност, никаква желба за мајчинството. Потпаѓа во ужасна пост породилна депресија на која, за жал никој нема да обрне внимание, се до денот кога ке се обиде да и направи на Лили нешто мн лошо. Книгата обработува тема за која мн ретко се зборува а со која се соочуваат мн жени за жал. Од мене препорака


    2.Збогум најмила.. Е тука се изнаплакав. Мн емоции, неправди, болка, тага.. се собрано во едно. Миа и Зак се близнаци. Лекси е најдобрата другарка на Миа а воедно и најголемата љубов на Зак. Една ноќ се враќаат пијани од забава и едниот од нив го губи животот а другиот слободата. Да не откривам детали нема да ви е убава за читање. Едино што ме нервираше во книгата е што премногу се објаснуваа детали во воведот а расплетот некако заврши пребрзо на крај.


    3.Тајната сопруга
    Русија, Романови, војна и една голема љубов. Историски книги ретко читам.. ама оваа буквално во ден и пол ја исчитав. Мн убав опис, елементи, запазени детали. Се раскажува паралелно во Русија 1914 и Америка 2016 со што се спојуваат минатото и сегашноста. Мислам дека книгата има и повеќе дела. Овде се зборува за Татјана Романова и нејзината љубов со Димитри. Во останатите книги главни ликови се нејзините сестри.
     
    На duffi, martty06, barby и 4 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.892
    Допаѓања:
    123.066
    C83B3E72-F896-4C7F-9701-0206603E68E6.jpeg

    Детектив се качува на крстосување по претходен повик за да истражи за исчезнувањата што се случуваат ( на истиот брод каде патем се самоубиле неговиот син и жена)
    Испаѓа дека некој друг-со причина , ги прави “самоубиствата” , претежно на мајки со деца, а до самиот крај нема да се знае кој.
    До последна страна мислев нема , ама сепак имаше хеппи енд.

    Многу сцени неможев да ги читам. скокав искрено страници.
    5/10 би и дала.

    Мислам дека Фицек не е за мене , би дала шанса на Терапија едино.
     
    Последна измена: 8 декември 2020
    На duffi, tinka-mace, wendy2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    19.jpg

    Виктор Леренц е познатиот психијатар, кој доживува исчезнувањето на ќерка си.
    Тој има многу нерешени одговори, ситуации, се е една голема мистерија. Како, зошто, каде, приказната се развиткува до самиот крај.

    Не можам да кажам дека книгата беше предвидлива, бидејќи мене не ми беше, јас инаку не сум некој фан на трилери, посебно не вакви, ама мене ми беше тотално збркано се.

    Се чувствував на моменти, или подобро кажано во текот низ целата книгата, исто како главниот ни лик. Збркано, зашаметено, не можев да поврзам ни кој дошол нит кој пошол :D
    Ми беше некако напната, ама на негативен начин, на моменти досадна и приказната не беше нешто впечатлива.
    Дури и крајот и разврската ме остави исто така со некое збркано чувство, некои нејаснотии, кои да бидам искрена не се ни обидов да поразмислам да најдам одговор, ете до толку не ми се замара повеќе.

    Ете зедов една неговата книга, бидејќи многумина ги читаат неговите трилери, ама што се одднесува до мене ова ќе е прва и последна неговата книга.
    Воопшто не ми се допадна.
     
    На tinka-mace, wendy2, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    [​IMG]

    Првата книга на трилогијата исто така наречена The Passage. Приказната е повеќе или помалку веќе позната: американската армија тајно експериментира на луѓе со непознат вирус откриен во Боливија создавајќи вампироидни суштества кои потоа бегаат и го шират вирусот убивајќи го поголемиот дел живиот свет на американскиот континент (не се знае за остатокот од светот). По настанувањето на апокалипсата, придвижени сме 92 години напред и се запознаваме со Колонијата, составена од 100-тина луѓе кои сè уште некако се одржуваат живи. Поради намалувањето на ресурси, дел од нив решаваат да го истражат светот и да се обидат да најдат други вакви колонии и/или одговорот за постоењето и уништувањето на суштествата (наречени virals).

    Книгата е долга (од тој издавач кој го имам јас е 963 страни, иако прочитав дека од друг издавач е 766 страни) и темпото на читање е бавно. Иако книгата е (пост)апокалиптична, би рекла дека нејзиниот фокус е повеќе развивање на приказните на многубројните ликови во неа, што всушност е и причината за бавното темпо на развивање на остатокот на приказната.

    Во рецензиите што ги прочитав онлајн, голем дел од луѓето сметаат дека првата половина од книгата е супер, а се разочаруваат од втората половина, со претставувањето на Колонијата и големиот број на ликови во неа, бидејќи се чувствуваат како да има ненадеен прекин во приказната и едноставно исчезнување на претходните ликови со кои се поврзувавме долго време. Исто честа критика е дека има доста „недоискажани“ работи во приказната или за ликовите, како авторот да не знаел како да продолжи понатаму, па едноставно ги снемува на брз начин.

    Јас го немам баш тој впечаток. Авторот постојано се движи напред/назад низ времето, преку приказните на ликовите и така ни дава делче по делче увид на работите, не ја сервира баш целата приказна наеднаш, туку останува на читатетот да ги препознае тие детали за да направи целосна слика на приказната. Се разбира, има неодговорени прашања, има мистериозни одговори кои не знаеме што точно значат, но не ми сметаше мене лично тоа, знаејќи дека следат уште 2 книги каде верувам дека ќе се добие одговор на главните прашања. Не ми сметаше ненадејниот „скок“ во иднината, мислам дека баш тоа даде разноликост во раскажувањето на приказната, наместо таа да биде прикажана во еден линеарен тек.

    Лично, се мачев на почетокот со темпото и ми требаше време да се прилагодам на тој начин на раскажување, бидејќи нема експлозивни, доминантни настани, туку е повеќе како постепено движење низ приказната. Можеби и затоа кога дојдов до тој средишниот „пасивен“ дел, не почувствував разочарување, веќе бев навлезена во таква брзина. Последната третина од книгата е таму каде што се чувствува повеќе динамичност и делумно разјаснување на некои работи, иако самиот крај е се разбира, недовршен.

    Раскажувањето на првиот дел од книгата доста ме потсетува на начинот на раскажување на Стивен Кинг; можеби затоа и него му се допаднала книгата, а низ рецензиите онлајн читам дека книгата ја прават како мешавина од The Stand од Стивен Кинг и останати книги од автори кои не ги знам, затоа и не ги спомнувам :D.

    Ако сумирам сè што кажав, би рекла дека центарот на книгата се ликовите и нивните меѓусебни односи, а (засега) приказната околу суштествата е споредна. Вака во целина, во книгата се опфатени повеќе елементи, меѓу кои: хорор, родителска љубов, мистичност, распределба на моќ, хуманост, храброст, кукавичлук, авантура итн.
     
    Последна измена: 10 декември 2020
    На sweet-cherry, f.girl, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  11. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    11.475
    Дечки, само на последнава страна има три негативни критики за Фицек, за три различни книги.

    Мислев само до мене е.
    Ептен го популаризираа издавачкиве куќи. |(
     
    На lovely12 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Божјите отпечатоци – Златко Бучкоски

    [​IMG]
    Книгава тврди дека го докажува постоењето на Бог, нешто што би се сметало за револуционерен пресврт во секоја сфера. Колку всушност го има докажано Бог книгава, ни кажува фактот што немаше некоја експлозија по нејзиното објавување, во превод, не е нешто што е досега нечуено и невидено. Сепак, не очекував по книгава да станам верник, очекував само едно нешто: да прочитам нешто ново. Дали тоа го добив? За жал не. :D Имено, не само што не прочитав нешто ново, туку некои делови со истите зборови апсолутно ги имав прочитано порано. На мое големо разочарување и конфузија, ја немаше ниту мојата другарка митохонриска Ева, не знам зошто, можеби авторот не ја сметал за доволно добар доказ.

    Ќе почнам од тоа што ми се допадна:
    • Книгава е многу кратка, лесна и брза за читање, напишана во (претерано) разговорен стил. Се чита во еден здив и тоа ми се допадна од причина што не сакав да поминам повеќе од неколку часа на неа.
    • Стилот на пишување е пријателски и убедлив.
    • Повеќе е напишана како говор отколку како труд. Авторот во најголем дел не си го преценува својот научен авторитет.
    • Делот со препораки за тоа како верниците да дебатираат со атеисти, баш убаво беше потенцирано кои типови муабети водат до продуктивен разговор, а кои до тупење, натегање и бламирање.
    • Вториот дел од книгата, посветен на одговори на најчестите поенти кои се среќаваат во дебати. Ова беше интересно за читање.
    • Обидот и намерата да се одбегнат спомнувања на конкретни организирани религии. Велам обидот, бидејќи иако намерата е сосема коректна, обидот беше за жал неуспешен, ќе зборам за тоа подоцна.
    • Корицата изгледа одлично.
    Што не ми се допадна (во спојлер бидејќи е предолго):

    • Не знам дали ова е фер да го спомнам тука, ама ајде нека биде. Изборот на презентирани докази е веќе познат, слушнат и дебанкиран од од еден куп паметни луѓе, затоа ми е без поента упорно едни исти работи да се зборат: фајнтјунинг, часовничар, комплексност, дизајн, веројатност... Стопати слушнато, стопати видено, стопати дебатирано. Затоа реков само вториот дел беше всушност интересен за читање, првиот е дежаву.
    • Бројните граматички и правописни грешки. Приметив дека книгава нема лектор, ама изгледа ко никој вторпат да не ја прочитал. Имаше прилично непријатни работи како тафтологија, Вигро суперкластер, мирко место микро, константна место константа итн. Не е нешто важно ова, ама во секој случај одвлекува внимание.
    • Потценување на интелигенцијата на читателот. Сфаќам дека секое дело има target audience и убаво е сè до детаљ да се објасни за да биде разбирливо за сите. Но ова дело тврди дека е наменето за „почитувачи“ на науката, ама изгледа како да е пишувано за полуписмени луѓе. Исто така сфаќам дека е во ред еднаш да објасниш колку е уствари 10^87 или whatever, ама упорно да пишуваш огромни бројки само за да доловиш поента, неинтересно е. Ко we get it, знаеме дека постојат огромни и многу мали броеви, компарациите со тетратки со квадратчиња, со растојание до Месечината, со обвивки околу екваторот и сл. ми се од ист ранг на америчките споредби со фудбалски игралишта и тојоти короли. |( Ќе можев да ги оправдам ако всушност имаа некаква улога во резонот, ама служеа само за да покажат дека „овој број е голем“, што само по себе не ни значи ништо, а посветени се цели пасуси на тоа, како ние да сме шесто одделение и само што се среќаваме со експоненти.
    • Блиску поврзано со она погоре, сметам дека книгава го губеше својот фокус на многу места, задлабочувајќи се во одредени факти петпати повеќе отколку што е потребно. Пример: доказот во прашање е fine-tuning, односно специфичната вредност на одредени константи. Нa ова има посветено 5 делчиња, што опфаќаат цели 27 страници, а целата поента се собира во да не речам една страница, а ќе речам, бидејќи сè што треба да се знае за ова е дека ако одредени константи беа минимално поразлични од тоа што сe, универзумот, животот и сè со него немаше да постои. И замислете го ова развлечено низ 27 страници, кои се состојат од бројки, бројки и уште повеќе бројки. И тоа не е случајно, туку за да се одвлече фокусот од реалниот аргумент, на импресивните броеви на кои треба да паднеме во несвест. На тој начин не ни е ни даден простор да се запрашаме за тоа колку држи вода првичниот аргумент (универзумот е фино подесен, оттаму е интелигентно создаден), туку упорно 27 страни докажуваме дека да, фино е подесен, не ве лажам, еве гледајте ги бројкиве, како атеистите да го сметаат за невалиден аргументов поради бројките, а не поради нешто друго.
    • Спомнувањето на христијанството. На почеток нешто демек авторот се извини до христијаните што нема да има библиски цитати, ама во вториот дел од книгата буквално Исус не го извади од уста. Тоа е прилично лоша одлука за книга која тврди дека непристрасно го разгледува само постоењето на дизајнер, што, да не заборавиме, може да бидат и вонземјански суперсуштества исто колку што може да биде дедо Боже хомофобот. Книгава треба да биде толку непристрасна што и муслиман би се согласил од почеток до крај и би ми ја препорачал, и тоа ќе го почитував, ама ете, и тука не можевме да избегаме од библиски текстови. Не сфаќам зошто. Или спомнуваш организирани религии или не. Искрено тоа многу одзема од целата поента на книгата, јас лично сакам кога авторот барем се труди да изгледа како да не е напишана цела книга со христијанска пропаганда во позадина. :D
    • Лошите шали. Ова е субјективно, секако, ама мене ме маваа тешки кринџови при секој обид за џоук, не е мој стил на хумор. Всушност, не знам дали постои човек после 2009-та чиј хумор е thinking derp. Иронијата е во тоа што во книгава екшли се збори за memes, а користи 10 години стари мимови, што имплицира дека авторот не е доволно запознаен со темата за да збори за неа.
    • Неконзистентноста. Ова во суштина е главното нешто што ми остави bad feeling бидејќи секогаш кога читам nonfiction барам авторот да си направи reality check, дури и кога читам книги со кои апсолутно се согласувам. Сакам да биде претставен најсилниот аргумент од другата страна, да биде прикажан во најдобро светло што ќе ме тера да кажам еј ова има смисла, и потоа дури да бидат тие аргументи деконструирани. Она што не сакам да видам е strawman-ирање на секој чекор. Ако книгава е наменета и за атеисти со надеж да си го сменат мислењето, треба да им се менува мислењето што всушност го имаат, а не мислењето што ни одговара да го имаат бидејќи на тоа е полесно да се одговори. :yawn:
    • Како продолжение на поентата погоре, стилот на презентирање на аргументите е таков што го вади апсолутниот максимум од својата позиција, со многу големо хиперболизирање. Во еден момент вели дека Ајнштајн не бил експерт во теологија, затоа е небитно што не бил христијанин, во следниот момент за секој друг можен научник што исто така не е експерт во теологија е јасно потенцирано дека е христијанин, а ако е протестант тогаш и тоа е потенцирано. Во листата научници што требаше да ја поткрепат поентата дека можеш да си научник и да си религиозен немаше ниеден муслиман иако постојат Ал Кинди, Ал Харезми, Ал Џазар... Зошто не се спомнати? Ќе го оставам ова за размислување, ама лично ќе си кажам дека да имаше спомнато муслимани научници, а не само агностици и христијани, ќе си кажев хм, добро, ете се гледа дека им признава заслуги и на оние со кои не се согласува, значи резонов е реален и објективен, ама ете за жал не можам тоа да го кажам.
      Исто така, друга нелогична работа е што на секоја втора страница имаше цитати од Хокинг (бидејќи као демек атеистите го сметаат за авторитет), за на крај да каже дека не е остварен научник и славата му е поради количката. Ако не почитуваш нечиј научен авторитет, не треба да го користиш, иако сметаш дека твојата публика го почитува. Просто намалува од твојот сопствен авторитет. А и очигледно е дека да не беше Хокинг атеист, тогаш немаше да е битно што му е незаслужена славата и он ќе се најдеше на листата христијански научници. :inlove: Во превод, ако нешто ни одговара на поентата, го потенцираме, го повторуваме, го хиперболизираме. Ако не одговара, ќе го спомнеме кратко и ќе се надеваме дека никој нема да обрне внимание. Не. Ако веќе бегаме од поентата на аргументот, сакам точно да се наведе кој што е, па после јас со мојот сопствен разум ќе одлучам кај која демографска група повеќе просперира науката. А не авторот да ми надроби и изџвака дека кај христијаните има најмногу научници.


    Во секој случај, сметам дека ова е едно прилично добро сумирање на тоа што е книгава во суштина. Ја ценам како дело што ги собира сите главни поенти на авторот на едно место. Но како објективно презентирање на најдоброто од сите страни, на што следи одлука, сметам дека е апсолутен феил. Сериозните апологети не пишуваат вака, заради тоа сум разочарана. Пристапив со очекување дека ќе добијам солидна репрезентација, а не strawmen.

    Дали ја препорачувам? Не. Сè што има во неа верувам дека е многу веројатно дека веќе сте го прочитале, а и да не сте го прочитале, можете да го прочитате со неколку кликови на форумов.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Love Your Life - Sophie Kinsella
    [​IMG]

    Годинава направија камбек цела група авторки кои ги обожавам: Сузан Елизабет, Џоди Пико, Софи изненади со уште една книга, Хувер демек повторно се обиде да напише нешто поразлично од романса (ако се лажеме), толку бев среќна што со душа чекав да ги читам.
    Од сите наведени, само Сузан ми ги задоволи очекувањата, а книгата на Џоди си ја оставив последна - најубавото за крај, ужасно се надевам зашто ми треба некое убаво женско четиво.

    Оваа книга...уффф.

    Како прво, не попусто си остана со рејтинг 3.49 и два месеци по издавањето. Ова ко да не е истата Софи која ги напишала I've Got Your Number и My Not So Perfect Life. Хуморот толку блед, без врска.
    А самата книга развлечена повеќе отколку што треба, па после првата третина стана тортура и ја оставив. Но, сам ако не си се зафркнеш нема кој. :D
    Ѝ се вратив чисто колку да не ме убие совеста дека не ѝ дадов шанса на книгата, но не. Едноставно си ја знам читателската интуиција премногу добро за да може да ме излаже првиот впечаток. И криво ми е што си губев време со книгава, можев да си почнам некоја друга. Памет за друг пат. :D

    Ава е лондончанка, прекрасна, убава, трапава, дрн-дрн-јариња-типична-хероина-од-роман-на-Софи, млада талентирана писателка во зародиш и се пријавува на писателски ритрит под никнејм, односно под лажно име. Тоа е една од опциите за да си го задржат идентитетот пред другите пријавени автори.
    Меѓутоа, се заљубува во Дач и работите тргнуваат во бестрага.

    Многу ми беше слична со Beach Read на некој начин, но со многу полошо склопени ликови и многу, многу, премногу иритантен женски лик. Значи оваа Ава, Арија, како сакате, беше жив движечки отров.
    Незрели потези, глупав хумор, турни ме да кинисам личност, не знам како да ја опишам ама знам дека не ми се допадна.
    Развлеченоста на приказнава можеше да се скрати со неколку потези и каде-каде посимпатично би изгледало сето ова, но тоа е.
    Ме разочара потполно, двојка ѝ е премија дури.

    Се надевам Џоди Пико нема да ме разочара, да си ја завршам тековната книга па ќе ја почнам здравје.
    Ако и она пишувала глупости, ќе паднам во депресија зашто сите авторки што ги сакав ми забегаа. :bug:
     
    На sweet-cherry, Annath, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    [​IMG]

    Втората книга на трилогијата The Passage. Ќе се обидам да кажам нешто без да откријам делови од приказната :whew:. Првата третина од книгата се навраќа во периодот по бегањето на виралите (нултиот субјект + 12 други субјекти во експериментот), додека масивно се шири вирусот и луѓето се обидуваат да дојдат до армијата која ќе ги евакуира. Тука се увидуваат воените тактики кои се користат при обидите за справување со виралите, кои се разбира, на крајот се неуспешни. Мене овој дел ми е најнеомилен од книгата, иако ми се допаѓа делот со еден лик кој во првата книга беше споменуван само низ сеќавањата на еден друг лик од првата книга, додека тука се развива целосна (за мене морничава) приказна околу овој лик. Со еден мал исклучок, остатокот од настаните во книгата се случуваат 5 години после крајот на првата книга. Тука не можам да додадам ништо друго, бидејќи би било спојлер.

    Наместо тоа, ќе го прокоментирам начинот на пишување на авторот, дел од тематиките кои се вклучени, како и дел од критиките кои ги прочитав онлајн (ги читам бидејќи сигурна сум дека ќе превидам нешто :D). Како и во првата книга, мене лично ангажираноста ми се зголемуваше како ја поминував половината на книгата, а особено во последната третина на книгата, која повторно, е најдинамична. Авторот се држи до тоа да ја раскаже приказната преку гледиштата, сеќавањата и мислите на ликовите; дури ни во првата третина од книгата каде раскажува за светот не отстапува од ова иако ликовите понатаму нема да фигурираат во приказната, бидејќи остатокот од дејството се случува 100 години подоцна. Ова им смета на некои луѓе, бидејќи сметаат дека беспотребно се инвестираат во одредени ликови кои понатаму немаат значајна улога (исто како и во првата книга). На крај, сепак се сведува на вкус. Јас ова го сфаќам како авторот да сакал емотивно да се вложиме во нешто, наместо во стил на репортажа да раскаже што се случило.

    Оваа книга е позаплеткана од претходната и особено во последната третина на книгата, има големи скокови од еден лик на друг, т.е. од едно дејство на друго. Сфаќам зошто на некои луѓе им било потешко да се снајдат: иако немав проблем со менувањето на ликовите (а со тоа и случувањата на секој од нив) - бев во тек на кој што му се случило последно и од каде се продолжува - потешко ми беше да си направам временски редослед на настаните, односно кои настани кога се случуваат во однос на другите настани. Ова може и да е само мој проблем, бидејќи го имав истиот проблем и кога ја гледав Dark :D. Не помага ни тоа што има многу ликови: минати, сегашни или ликови за кои се открива дека се некако поврзани со минати или сегашни ликови :sweat:.

    Интересно ми е како ноншалантно воведува нови информации. Си се зачитал за едно и неосетно ќе ти вметне информации што претходно не биле објаснети (во првата книга или во претходните страни на оваа книга), и тоа ќе ги вметне во 1-2 реченици на кои не се задржува долго време, а сепак се доволни за да разрешат некоја недоумица. Малку да избрзаш со читање и може и ќе ги пропуштиш. Има некој несекојдневен контраст од долги објаснувања за чувства, стравови итн, а кратки објаснувања за некои вакви прашања кои те копкаат.

    После оваа книга, заклучив дека најверојатно нема да се даде перспектива од страна на виралите. Не знам како да опишам што очекував, некако замислував дека можеби ќе се посвети внимание на нивното гледиште на работите. Да, не се повеќе луѓе, но мислев дека ќе им се даде човечност, т.е. нивен глас за раскажување. Додуша, има делови каде што им се дава, но минорно е застапено нивното изразување, повеќе во вид на кратки, загатливи реченици. Како нивното постоење да е едноставно утврдено на ниво на суштества за кои важат некои правила на однесување, а останатото како да е завиено во мистерија. Веројатно неубаво се изразувам и не ме сфаќате што зборувам, но ајде, ако некој се нафати да ги чита книгите, може ќе ме сфати :D.

    Сакав исто да напоменам дека иако има елементи на хорор, не се навлегува во толку детален опис на гадните работи што се случуваат, како на пример што навлегува Стивен Кинг или, ако се сеќавам добро, и Карлос Руиз Зафон. Знам, знам, реков дека стилот на пишување на првиот дел од првата книга ме потсетува на Стивен Кинг, но повеќе мислев на поставувањето на сцената, психологијата на ликовите итн. Може јас имам поизопачен ум, но мислам дека дел од работите што се спомнуваа можеа да се опишат многу „погадно“ ако се сакаше, но веројатно тоа не било целта. Ова го кажувам како предупредување истовремено и за тие што сакаат да читат „поизопачени“ работи, но и за тие што не го сакаат тоа :D. Конкретно во оваа книга „хоророт“ се содржи во границите до кои се спремни да одат некои луѓе за исполнување на своите цели. Во целина, во оваа книга насилството е многу позастапено во споредба со првата книга.

    Останува уште да ја споменам мистичноста, особено бидејќи мислам дека не секому му се допаѓаат вакви тематики - некој ги доживува како живи глупости. Во оваа книга, во споредба со првата, мистичноста е далеку повеќе изразена преку религија или спиритуалност. Впрочем, на почетокот од книгата, случувањата од првата книга се опишани во вид на нова Библија, како еден вид на потсетување на настаните. Знам дека ова звучи како во книгата да доминира некоја религиска пропаганда, но не би рекла дека е вметната за нејзино возвишување, туку за да оди во прилог на мистичниот дел од приказната. А мистичниот дел претежно ги вклучува виралите, затоа и погоре напишав дека чувствувам мистерија околу нив, како непрецизираност, и мислам дека на тоа и ќе остане.

    Ако не беше јасно, не знам да пишувам кратка критика :(.
     
    Последна измена: 16 декември 2020
    На wendy2, sweet-cherry, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    5.123
    Пол:
    Женски
    Kade gi ima da se kupat i koja cena se?
     
  16. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    А со македонски превот можит да се најдит,или да ја барам на српски??
    Пошто читањево на српски тешко ми ојт некако
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    Не се преведени кај нас колку што знам, евентуално да видишТопер ако ги превеле досега.
     
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Во Матица или Топер да видиш,околу 1000 ден една книга,комплет 3000 ден.Само на српски јазик ги има,не се преведени кај нас.
    Мене од Белград ми се купени.

    Јас втората ја завршувам,предобро отсликување на историјата.
    Едни од најубавите книги што ги имам прочитано.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1608745260928.jpg
    На почетокот малку монотона,ама како се навлегува во приказната така не се остава до сам крај..
    Имено прикзната го опишува периодот пред и за време на втората светска војна во Ленинград(денешен Санкт Петерсбург) и жртвата на една млада мајка...
    Топло препорачувам
     
    На martty06 и joyful им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867

    [​IMG]

    Третата книга од трилогијата The Passage. Од тоа што ќе го пишам, нешто ќе се однесува само на оваа книга, но ќе се обидам и да се надоврзувам со работи кои не сум ги споменала за останатите две книги, за да создадам едно целовкупно мислење за трилогијата.
    *морам да го поделам мислењето; спојлерите ми земаат дел од слободните карактери, а сакам да ги имам, за некој што чита по прв пат да има една целина за целата трилогија

    1/2

    Таман реков дека нема да има ништо поконкретно за виралите, баш во оваа книга надолго и нашироко е објаснето за првата заразена личност, т.е. првиот вирал: (Subject) Zero. Моето размислување е дека приказните на најголем дел од останатите (позначајни) вирали не се важни, туку најважен е нивниот предец (Zero), оној од кој добиле видоизменета форма на вирусот, оној кој навистина ги води конците на „играта“ и е помоќен од сите нив заедно. Преку сопствен глас, Zero ни го раскажува својот живот пред вирусот и како станал „човекот“ кој е денес.

    Што се однесува до останатите ликови: скоро сите се раштркале и одбрале различни правци во нивните животи. Едно 20-тина години успеваат да живеат непореметени од виралите пред да добијат нова закана, што ќе доведе до една крајна, триумфална битка. Верувам дека не е спојлер да кажам дека е триумфална битка, бидејќи која би била инаку поентата на крајот, т.е. што би бил крајот - не остана жив човек, сè е пусто? Тоа не значи дека нема горчливи моменти, но во целина, битката има надежна нота. За некои од ликовите добиваме и мал поглед во нивното постсмртно постоење, ако може да се нарече така, но тоа е завиено во неизвесност, односно оставено е на наша интерпретација околу тоа каде и како се случува тоа. Впрочем, и пред нивната смрт има такви сцени и ова е дел од таа спиритуалност која ја споменував.

    Без премногу детали, епилогот нè внесува 1000 години по почетокот на епидемијата, во ново, развиено општество. Не мислам на летечки чинии, роботи и слично, туку едноставно развиено, многубројно општество кое наликува на општеството што постоело пред вирусот. Се наоѓаме на светска конференција каде се презентираат археолошки пронајдоци, нивното значење, претпоставките за тоа како живееле луѓето пост-епидемијата итн, на ист начин како што тоа го правиме денес. Ми беше интересен момент, знаејќи го реалното минато (на еден начин и живејќи во него) и читајќи ја неговата интерпретација во иднината (исто така живеејќи во неа), нешто што не би можеле да го направиме во реалноста, барем не во толкав драстичен интервал на време.

    Ако прочитате во рецензијата за втората книга, имав пишано дека на нејзиниот почеток случувањата од првата книга се напишани во вид на Библија, а истото се случува и во оваа книга во однос на случувањата од втората книга. Испаѓа дека ова е сè запишано во една книга, чијашто релевантност е дискутабилна во новото време. Имено, приказните за ликовите и за настаните, па до одреден степен и за постоењето на виралите, со тек на годините станале како еден вид на мит, легенда која се пренесува од генерација на генерација и особено тие кои се занимаваат со наука се поскептични во однос на нејзината вистиност. Ова ми беше симболичен момент, односно огледало на денешниот скептицизам кон Библијата и религијата воопшто.
     
    На wendy2, joyful, Lella и 2 други им се допаѓа ова.