1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    2/2

    Ако можам да издвојам три главни впечатоци или водечки мотиви во целата книга, тоа би биле Zero, „философирањето“ и акцијата. Ќе кажам по некој збор за трите посебно.

    Иако стилот на пишување на авторот е и онака повисок од обичен „лесен“ роман, мислам дека во оваа книга е уште повисок во однос на првите две книги, а врвот го достигнува со гласот на Zero, каде што начинот на раскажување ми наликува на некој класичен роман од реализмот или дури и модернизмот. Ова не ме чуди, бидејќи професорот предава англиски јазик на Rice University, па сигурно поминал/ува доста време читајќи таков тип на книги :D. Ова е скроз субјективно, ама лично за мене, имаше многу непознати зборови и во првата половина од книга поминав доста време преведувајќи нови зборови.

    „Философирањето“ е неразделив дел од Zero, иако се провлекува низ остатокот од книгата: како главните ликови да бараат некоја главна цел за нивното постоење, како постојано да се бараат себеси. Zero особено се обидува да дојде до коренот на проблемот што го има со светот и да даде објаснување за тоа зошто е таков каков што е. Тука би напоменала дека иако ми се допаѓа неговата приказна и неговите изливи на размислувања и изразување, се согласувам со некои од рецензиите дека ми недостасува подобра причина за злото што го нанесува на целиот свет. Не сум баш сигурна дека болката што ја чувствува е пропорционална на теророт од тие димензии што го сее, особено бидејќи неговата болка не е единствена/толку уникатна; многу луѓе секојдневно се соочуваат со таква несреќа.

    Во сличен контекст, би кажала дека ми недостасува и можеби поконкретно херојство и подетална претстава на главниот лик во приказната - Amy, која е балансот на Zero. Имав вакво размислување и во другите книги, но верував дека ќе се поконкретизира барем во последната книга. Иако има сцени и поглавја посветени исклучиво на неа, се чувствувам како да е магливо раскажано, постојано завиено во мистика, како да има недостаток на нешто подефинирано. Сфаќам дека нејзината улога е да биде носител или симбол на мир, љубов, надеж на човештвото, но би сакала повеќе да се поврзев со нејзиниот лик, подобро да ја сфатам. Вака понекогаш се чувствувам и за другите ликови: иако се многу развиени како ликови, кога ќе направат нешто, како да не им ја разбирам целосно причината за тоа. Не би можела да кажам објективно дали е до книгата/трилогијата или до мене.

    Во оваа книга има доста акција, би рекла дека повеќе од втората книга, а сигурно повеќе и од првата книга. Можно е да ми е таков впечатокот и поради тоа што доста се обработува главната битка, т.е. побавно се преминува на некои други сцени. Јас лично имав проблем со претставување на некои делови од акцијата во главата; имаше делови со описи на бродски елементи, просторни планови и делови на објекти во Њу Јорк итн, користејќи стручни/технички елементи за кои не се ни трудев да барам превод: не би знаела што значат ни на македонски. Ова го имаше делумно и во втората книга, само таму во однос на воени тактики и оружја.

    Како надоврзување на ова: некогаш книгите (особено оваа) изобилуваат со описи за најбанални работи (пример: како некој го подготвува коњот за патување, по кои патишта се движи и кои патишта се вкрстуваат итн) за кои треба да имаш некое минимално познавање, ако не и повеќе, а сепак тоа не е нешто што би го знаел од општа култура. Ова делумно го сметам како недостаток на сите големи книги кои се потпираат на многу описно раскажување (еден пример: „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак :D).

    Од друга страна, таму каде што треба, авторот дава прекрасни описи и споредби и според рецензиите, скоро сите се сложуваат дека навистина има талент за раскажување. Не сум личност што сака долги описи и искрено не сум обрнувала толку внимание на нив кога сум читала, но овојпат уште кога конечно се убедив да се вратам на читачките денови, одлучив дека ќе се обидам да обрнувам повеќе внимание на описите. Навистина ми се допаѓа неговата проза - на моменти наликува на поезија. Еве една од речениците која ми остана во сеќавање: Her untested voice was in the songs of birds, her cap of red hair in the flaming leaves of autumn.

    За крај, би рекла дека целокупниот впечаток од трилогијата ми е позитивен, иако постојат работи кои не ми се допаѓаат. Сметам дека авторот вложил многу труд за развивање на комплексноста на овој свет, за кој може да се каже дека е релативно близок со она што би можело да настане и во реалноста, барем од аспект на постоење на вирус (случајно вирусот исто потекнува од лилјаци :D) кој се заканува на опстанокот на човештвото, како и преживувањето на тие што не се заразиле.

    Има некои елементи кои се карактеристични/познати/предвидливи за романи за вампири, меѓутоа не замерувам за тоа: уште колку нови својства/приказни треба да се измислат за вампири? Затоа и мислам дека нивните супер-моќи не се ставаат во фокусот, туку сè останато. Од друга страна, поради огромниот број на тематики кои веќе кажав дека се споменуваат, трилогијата не може да се смести во чисто вампирска или чисто (пост)апокалиптична, односно не може толку прецизно да се дефинира нејзиниот жанр. Исто така, иако не сум читала други вакви романи, верувам дека е така како што споменуваат во рецензиите - дека се истакнува/разликува од останатите типични постапокалиптични романи.
     
    Последна измена: 25 декември 2020
    На poenta, Lella и f.girl им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Winternight triology - Katherine Arden
    The bear and the nightingale
    The girl in the tower
    The winter of the witch
    [​IMG][​IMG] [​IMG]
    Книги фантазија долг период немав читано. Се предозирав со трилери, и претходниот месец ме поканија во fantasy читателски клуб, каде меѓу изборот за книгите беше и првиот дел од триологијава. Прво да кажам дека сум порасната со руските бајки и митологија, секоја вечер мајка ми ме заспиваше со приказните за баба јага, за василиса прекрасна, морозко, за жар птицата. Памтам па кога потпораснав и ги гледав филмовите бев воодушевена. Епа оваа авторка била инспирирана од тие приказни и општо руската култура, и напишала маестрални книги. Интересното е што е американка и колку што читав нема допирна точка со Русија, ама решила да студира руски, да пишува за таму и имала обемни истражувања.

    Приказната започнува во едно осамено село во Русија, во периодот кога во Русија полека почнува да се шири христијанската религија, и полека народот престанува да верува во cheyrti- духови или демони бидејќи свештениците ги плашат дека така ќе завршат во пеколот. Василиса живее во идилична куќарка, со својот татко, браќата и сестрата и старата дадилката која постојано им раскажува приказни. Мајката на Васја починува при породување, и таткото и нејзината дадилка не можат да се справат со малата Васја. Пргава, немирна, постојано прави непредвидливи работи, без страв шета во шумата, и разговара со нешта кои никој друг не може да ги види. После подолг период таткото се решава дека мора да најде маќеа која ќе му помогне да ја воспита Васја и заминува во Москва. Маќеата која што ќе ја донесе е чудна и секако не е наклонета кон Васја, ја кара и и забранува да разговара, да ги храни или да ги спомнува cheyrti-те кои ги смета за зли духови. Во селото и доаѓа еден млад свештеник и нештата стануваат многу покомплицирани.
    Младата Васја почнуваат да ја асоцираат со вештерка, да се плашат од неа, и единствениот начин на кој што мислат дека можат да ја ,,поправат'' е преку брак или да стане часна сестра.

    Васја е секако непокорна млада девојка, и започнува една авантура, исполнета со магија, болка, разочарување, но и храброст, желба за подобар живот. Вториот и третиот дел нема да ги раскажам ама не можев да го оставам киндлот од раце. Навистина солиден приказ како жените биле потценети во тој период од историјата, ако жената била своеволна или сакала поинаков живот од само брак, веднаш била осудувана од општеството, и секако ако не ја прифаќала наметнатата религија била вештерка. Многу подлабока тематика обработуваат книгиве, покрај нели фантастичната приказна. Борбата меѓу доброто и лошото, дали може да постои едното без другото, христијанството наспроти паганството.

    Спор почеток има приказната, ама откако ќе се развие, верувајте нема да ја оставите, посебно ако сте љубители на фантазија и митологија, или пак руската култура. Од мене како целина 5/5
     
    Последна измена: 28 декември 2020
    На Abel, RockNroLLGirL, RainBow и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Што ми требаше да ја привршувам оваа година со Меша Селимовиќ [​IMG]

    Ах Меша, Меша...

    Првпат го читам овој писател и убаво кажаа - нема да останам цел. Разбиен на стотици делови. Тажна, трагична, длабока книга...

    Дали човек што се враќа од бојно поле може да функционира нормално во едно општество? Светот оди напред, општеството тече како река, а тој се труди да не се удави во надојдената вода.

    Но... кој после војната останал ист? Дали луѓето можат да го гледаат со ист поглед?

    Или можеби луѓето се смениле? Или не?

    Во оваа книга е совршено прикажана борбата на еден човек, повторно да биде прифатен во општеството, копнежот да биде љубен, да љуби. Но, дали тврдиот орев може да се скрши само со рака?

    Волк самотник, тажен борец со трагична судбина...

    ,,О, прекрасно време, кога бев пуштена стрела што леташе низ просториите. Врати се, време, да бидеш вечно горење, да не ги броиме загубите на победените полиња. Да не мислиме како добивме во се' што е наше заедничко, а изгубивме се' што е наше сопствено"

    ,,И стануваме деца, се маваме со топки, се бркаме, од разиграноста се вцрвува и се возбудува од мојата неприродна веселост. Нараквиците ги соблекува со забите за да и бидат рацете слободни за играње, така и ја пристигнувам, зазбивана, насмеана, ведро очекува да ми избега, а јас ја стегам во прегратка, со заби и ги растргам нараквиците од устата и застанувам сурово наднесен над неа затечена. Лесна е, и малечкава, десетпати е обвиткана од моите раце, беспомошна, со ништо не се брани, освен со очите"

    Тие што не го читале Меша Селимовиќ во животот, многу пропуштиле. Меша е длабок, филозофски, тежок, многу тежок за читање

    20201229_103710.jpg
     
    На Maša8, poenta, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Шепнувачот - Донато Каризи
    Оваа ми е прва од Каризи, но не и последна.
    Исчезнати се пет девојчиња на возраст од осум до тринаесет години. Во меѓувреме е пронајдено место на кое можеби се закопани. Не се пронајдени нивните тела туку нивните леви раце закопани во круг. Поточно шест леви раце, а пет девојчиња се пријавени за исчезнати. Некаде некое девојче е киднапирано, а не е пријавено како исчезнато. Благодарение на форензичарите, откриено е дека ова дете е поразлично од останатите, таа можеби се уште е жива.
    Главните ликови се во трка со времето, следејќи нејасни индиции од серискиот убиец кој е секогаш чекор пред нив. Профилот на убиецот е вистинско гротеско уметничко дело. Брилијантно напишана, испреплетена со неверојатни настани кои што не можеш да ги предвидиш.
    Кога станува збор за бестселери, може да се каже дека често пати се преценети и премногу комерцијализирани, но овој роман е вистинско уживање. Крими роман што ме остави во шок и фасцинација.
    203_1_43_12__8__2_2013shepnuvachot.jpg
     
    На WannaBDreamer, CrazyOne, martty06 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    zaedno (1).png

    Цели 18 години Хартови и Голдови се неразделни пријатели. Живеат врата до врата - делат се, од ручек до сипаници, совети за растење на децата до желби и поплаки во бракот. Крис Харт и Емили Голд, пораснати заедно. Пријателство наследено од нивните родители, кое на задоволство на сите прераснува во љубовна врска.
    На полноќ, на двете семејства им следува повик од болница. Никој не е подготвен за ужасната вест. Емили е пронајдена мртва со прострелна рана во главата, Крис онесвестен до неа со еден не испукан куршум во пиштолот.
    Самоубистевн пакт помеѓу двајца вљубени тинејџери? - Прашање со кое се соочуваат главните ликови.
    Ова е роман кој започнува со убиството на Емили, а кулминира со судењето на Крис за нејзиното убиство.
    Психолошка драма која го истражува интимниот однос под дејство на стрес.
    Роман чија главна тема на обработка е семејството. Семејните односи - односот родител дете.
    Колку ги познавате своите деца?
    Дали доволно комуницирате со нив?
    Дали вашите деца се спремни да разговараат со вас на било која тема, без предрасуди и осудувања?
    Приказна за најдлабоките и најконтоверзните семејни односи.
    Книгава ми е прочитана поодамна, но таков впечаток ми остави што некои ликови и моменти ги памтам кристално јасно. Некако се соочувствував со настаните и ликовите и ја прочитав во еден здив.
     
    На macka91, f.girl, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  6. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    11.475
    20210110_102457.jpg

    Убиено е семејство со две деца.
    Од Стокхолм испраќаат тип од пет истражители да откријат кој е убиецот.
    Патем дознаваат дека во моментот на убиството во куќата имало и друго девојче кое видело се, избегало од страв од убиецот.
    Натаму да не откривам.

    Мене ми беше тешко на моменти да ја следам приказната затоа што има многу ликови. Пет истражители плус двајца од градот, и сите во одреден момент се наратори. Едно поглавје еден лик, друго поглавје, друг лик раскажува.
    Се губи вниманието.
    Трагите што ги наоѓаат си ги пренесуваат само преку телефон со една реченица. Нема разработен случај со сите елементи на маса, па и ние како читатели да нагаѓаме кој би бил, нема доволно информации.

    Уште кога видов двајца автори на книга се зачудив како може двајца да напишат книга знаедно?!
    И веројатно и затоа книгата е со еден куп нафрлани информации, многу ликови, недоволно разработени карактери, слаби дијалози...

    6/10
     
    На macka91, f.girl, piglet1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    4/5
    4ка давам само зашто ми беше многу морбидна приказната.
    Преубаво напишана, со прекрасни дијалози, лесно читлива.
    Ми се допаднаиако ми беше на моменти премногу морбидна за мој вкус.
    Се на се, ја препорачувам! marina.png
     
    На macka91, Skorpija25, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    „Снежно Слепило“, Рагнар Јонасон
    „Снежно-слепило“-од-Рагнар-Јонасон.jpg


    Во Исланд има многу убава традиција, каде за Божиќ меѓусебно си подаруваат книги и Божиќната вечер ја поминуваат читајќи длабоко во ноќта. За споредба, ние пукаме петарди. Сосема случајно испадна баш при крај на декември да ја начекам книгава и, (бидејќи корона Нова Година па дома) планот ми беше вечерта на 31ви да ја поминам во читање. Е ама, планот се смени (ја поминав во спиење :D:D:D) и книгава остана за Божиќ, баш соодветно со исланската традиција.

    Ако некој ја има гледано Trapped, и дејствието во книгава се случува во истиот снежен рај. Или пекол, за кого како :) . Кој е по снегот (и убиствата), ќе ужива и во книгата, и во серијата.

    Накратко, книгата е првенче во бест-селер серијалот Dark Iceland и ние ја следиме преселбата на младиот полицаец Ари од голем урбан град во мало заспано и завеано со снег гратче, каде сите се познаваат меѓу себе и каде никој не ја заклучува вратата ноќе. Растргат меѓу осаменоста и клаустофобијата од сеприсутните наноси на снег, Ари го добива првиот случај на убиство во неговата кариера. Но во мало гратче, отсечено од остатоток од светот поради снежна бура, каде никој не може ни да дојди ни да замине, и каде сите се познаваат од деца, убиство значи дека, еден од нив е убиецот. И одеднаш, во малото гратче, сите почнуваат да ги заклучуваат вратите.
    Книгата брзо се чита, лесно е напишана, убиството е логично. Одличен избор за дождлив, тмурен ден :)


     
    Последна измена: 11 јануари 2021
    На Nikolina35, CameliaMiller, macka91 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ја завршив мојата прва книга за 2021. :party:
    Дали сум воодушевена? Ни малку.
    Се надевам нема да ми се заредат вакви книги до крајот, се разочарав. Не знам каква рака имам, само глупости фаќа од книгиве.

    Тhe Chicken Sisters
    [​IMG]

    Ова беше приказна за две заколнати непријателки кои по некоја случајност се во крвно сродство. Случајно или не, пливкаат во ист бизнис и се борат за своето место во светот на брзата храна и совршено зготвените пилешки крилца, пилешки прсти и други вкусни оброци.

    Чикен Мими и Чикен Френи се семејни бизниси кои поминале многу, но сепак не излегле од комфорната зона, а рецептот за совршеното пилешко секако, се чува ко света тајна. Меѓутоа, години и години наназад, семејствата го нарушиле односот и се разделиле. Па сега по којзнае и колку години, заедничка врска се обидува да ги спои двете семејства преку пријавување на нешто што личи на риалити шоу (Food Wars), во кое главната награда е $100.000.

    Кој не би сакал да го улови кешот? ^_^

    Периодов ептен гледам вакви кулинарски битки, емисии, ми се читаше некоја ваква книга и ми излезе оваа. Кога го видов знакчето на Рис, си реков - еј супер, она нема утка со книгиве.
    Се изненадив, многу чудна книга, на неубав начин. Како Семе Синапово да беше маскирано во семејната драма, па на моменти се прашував каква поука требаше да се извлече од некои глупавки искази.

    Беше забавна на моменти, но премногу, премногу развлечена, со мртва дискусија и предолги поглавја.
    Имаше толку многу дијалози, а ниту еден вреден внатре. :^)

    Оценка 2.

    Нешто слично со foodie содржина, а далеку подобро - Like Water For Chocolate. Или The Henna Artist. :smirk:
     
    На macka91, Annath и kristina.k им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    this-book-will-change-your-mind-about-mental-health-nathan-filer-9780571345977.jpg

    Нејтан Фајлер е квалификуван медицински брат за ментално здравје или со други зборови, поминал доста време работејќи во психијатриски болници. Мислам дека моментално е писател и појавно се занимава со дискутирање околу менталното здравје, било преку пишување книги/статии или учествување во поткасти и слично. Чувствував дека е важно да го кажам ова за да објаснам која е неговата релевантност во пишување на ваква книга.

    Во книгата се излагаат гледиштата и мал дел од фактите поврзани со менталното здравје општо, но фокусот е ставен врз шизофренијата, која според него и многу (ако не и сите) експерти за ментално здравје е срцевината на психијатријата (на Википедија мислам дека прочитав дека книгата исто го има името "A Journey into the Heartland of Psychiatry", што всушност е испишано и во внатрешната страницата со насловот на книгата). Содржината е поделена на 8 поглавја, кои ќе ги наречам „фактуални“ поглавја, меѓу кои се наоѓаат 5 поглавја со реални приказни на луѓе кои ги интервјуирал.

    Во „фактуалните“ поглавја опфатени се теми како: стигма и дискриминација, дијагноза, причини (за појава на ментална болест) и хемиски третмани/апчиња. Сето ова плус приказните е опфатено во релативно мала книга од 231 страница. Ова звучи како да ќе кажам дека имам негативен впечаток од книгата, но тоа не е случајот. Мислам дека разочарувањето на некој би можело да потекнува од тоа што всушност се очекува од ваква книга. Би рекла дека за „академскиот“, пољубопитен, подетален читател, може да звучи како книгата да е ептен површна и дека не дава доволно детален опис, односно нема длабоко нурнување во тематиката.

    Мојот впечаток е дека тоа не е ни целта; иако прочитав дека авторот некое време бил помошник/асистент за истражување и влијанието од „научните денови“ (не сум сигурна дали уште траат) јасно може да се види низ книгата, сметам дека мотивот за книгата не е само да ни нафрла академски информации, туку како што вели и тој на крајот од книгата, читателот да го продолжи „разговорот“ натаму со луѓето околу себе. Мислам дека целната публика му е обичниот, просечен читател, кој всушност надвор од „популарните“ анксиозност и депресија е најмалку информиран за сè останато. Прв и очигледен пример е самата шизофренија, за која многу луѓе сметаат дека претставува „поделена личност“, што воопшто не е така (која би била тогаш разликата со „растројство на поделена личност“?).

    Авторот нагласува уште на самиот почеток дека секое мислење, тврдење итн поврзано со менталното здравје е контроверзно во заедницата за ментално здравје (експерти/академици/медицински персонал и (оздравени) пациенти). Претпоставувам дека ова делумно го очекуваме со оглед на тоа што знаеме дека психијатријата не е толку прецизна наука во споредба со остатокот од медицинските или природните науки. Но, на пример, јас лично не очекував дека работите се разгледуваат/критикуваат до тој степен што некои експерти сметаат дека треба да се отстранат дијагнозите и воопшто, зборот (ментална) „болест“.

    Би рекла дека книгата е вовед во дискусиите околу психијатријата или кратка, разбирлива-за-обичен-читател колекција од теории и ставови/мислења, кои се често спротивставени. Авторот има едноставен стил на изразување и читањето оди многу лесно, брзо и природно: чувствувам дека ниедна реченица не е беспотребно напишана, што искрено е тешко да се каже за книга. Речениците се концизни и полни со информации, навистина успева во кратки црти да ја долови суштината на различните гледишта.

    Книгата изобилува со цитати од клинички психолози, психијатри, професори итн и во одредени делови авторот како да го „вклучува“ новинарскиот стил на пишување, како да пишува статија. Овој впечаток, како и наговестувањето од неговите „научни денови“, го потврдуваат и 120-те референци на крајот од книгата: студии, (научни) книги, статии, поткасти или интервјуа кои можат да се најдат онлајн итн. Како што кажав, мислам дека книгата е само како показател и служи за инспирација за понатамошно истражување на тематиките кои може да го интересираат читателот, а за кои не е ни свесен дека постојат.

    Мислам дека би било нефер да се стави акцент само на академските делови во книгата; не знам дали се чита на сликата, ама кратката рецензија во првото (црвеното) меурче гласи: "Brims with compassion and wit". Комплетно се согласувам со ова. Без сентиментализам успева да го долови влијанието на „болестите“ врз емотивната состојба на пациентите и општо, нивниот живот. Ова се согледува и во „фактуалните“ поглавја, но особено во поглавјата со приказните од (роднините на) пациентите, каде најмногу се забележува неговата емпатија.

    Верувам дека тоа што бил медицински брат го ставило во една уникатна положба каде од една страна ја восприема и разбира перцепцијата на психијатрите/научниците, а од друга страна има директен физички и психички увид во секојдневната состојба на еден пациент (впрочем, како и секоја медицинска/и сестра/брат). Ова лесно може да биде занемарено од научник или психијатар кој често не се поврзува на такво ниво со своите пациенти и не ги согледува нивните секојдневни потреби и потешкотии/проблеми како што тоа го забележуваат медицинските браќа/сестри.

    Би ја препорачала книгата на секој кој нема познавање за проблемите со кои се соочува психијатријата, поточно за нејзиниот сомнителен кредибилитет како цврста и јасна наука како што е претставена (и покрај нејзината непрецизност, сепак се потпираме на нејзините тврдења). Јас знам дека добив похумана претстава за луѓето што се борат со вакви ментални болести, кои најчесто ги негираме во општеството и се претежно дискриминирани.


    П.С. Ме заинтригира и првата книга на авторот (оваа му е втора) - The Shock of the Fall - која, како што сфатив, е белетристичен роман каде главниот лик (и наратор) е шизофреничар. За неа добил и Costa Prize во 2013 г.
     
    Последна измена: 15 јануари 2021
    На CameliaMiller, Blue.Sky, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Layla - Colleen Hoover
    [​IMG]
    :*::*:.5 /:*::*::*::*::*:
    Колин веќе некое време сака да си игра со стилот на пишување, ми се чини Верити и беше прв обид за трилер, и многумина не ја бендисаа. И оваа е уште една од нетипичните книги на Колин, би рекла трилерче/мистерија/натприродно би бил жанрот. Леедс и Лајла се запознаваат една вечер, типична insta-love по кое што е позната авторката, се запознаваат и им се чини како да се создадени еден за друг. Се е магично, прекрасно, исполнето со љубов се додека веќе не е. Еден трагичен настан им ги менува животите на Лајла и Леедс. По настанот Лајла како да не е истата личност, но Леедс се бори да и помогне да се вратат нештата во нормала, и затоа одлучува да ја однесе во малото хотелче каде што се запознаа. Меѓутоа таму има една неочекувана гостинка и нештата се заплеткуваат.

    Пишувана е од перспектива на машкиот главен лик Леедс, кој што ме нервираше низ текот на целата книга. Приказната клише, нема некој нов плот твист што веќе не сме го виделе/прочитале. Не знам дали јас сум заситена од Колин Хувер, или стварно книгава беше многу потпросечна. Инаку се чита брзо, колку и да е annoying онака сакаш да знаеш што глупо ќе се случи следно :D

    Имаше еден убав quote tho, што стварно ми остави убав впечаток.

     
    На martty06 и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    18A46E19-1799-443C-ABC5-F8CA21BACB8A.jpeg

    Ја прочитав поради критиките за контроверзната тема. Плус деновиве следам реалната слична приказна од српски актерки кои поминале низ слично искуство во школото за глума во Србија.

    Не знам каков коментар да дадам, самата тема е тешка и вознемирувачка, чувствата ми се измешани околу книгава.

    Ванеса е 15годишна девојка која заминува на училиште во друг град, одвоена од родителите и таму привлекува внимание на еден повозрасен учител.

    Не сакам да бидам погрешно разбрана ама додека читав не можев а да не се запрашам каде била "грешката" што таа самата имала толкава потреба од (посесивното) внимание и зошто таа отишла толку далеку во погрешнава "врска": дали беше дел од пропустот од родителската грижа и нивната недоволна посветеност, дали затоа што одрасна во место самото по себе изолирано од опшеството па и тоа имало влијание на нејзината (не)способност да има друштво, да сподели, да ја согледа реалната слика на она што се случува без разлика што сепак беше дете; дали беше дел од нејзината вродена природа, дали, дали, дали...? Или па од се по нешто?

    Ванеса не беше глупа, ама толку се нервирав колку лесно беше манипулирана долго време.

    Имаше планови и потенцијал за иднината, а сепак и самата се обележи и веруваше во својот идентитет на пропаднатиот живот.
    Се поврза со оној кој ја злоупотреби, беа во душевна и духовна врска, која не можеше да ја прекине и која ја уништуваше. И самата беше свесна ама не можеше да си помогне... некогаш мислев како да не сакаше да си помогне, некогаш мислев не беше свесна дека и треба помош, некогаш мислев дека беше претерано сама без вистинска блискост од самиот почеток...

    Не знам, комплексна е тема, карактерите исто така.
    Се разбира, ми се познати црни и бели зони во книгава ама исто така има многу "сиви" нијанси.
     
    На duffi, CameliaMiller, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Bad Feminist – Roxane Gay

    [​IMG]

    Можам слободно да кажам дека ова беше разочарување. Многу млитаво и плитко, ништо ново не видов во книгава. Насловот е многу misleading, книгава воопшто не е за таканаречените мани што сите ги имаме кога се работи за „совршен“ феминизам. Впрочем, само неколку глави од книгава воопшто се фокусираа на феминизам или нешто блиску до тоа. Знам дека е колекција од есеи, ама не очекував да читам мемоари на рандом жена за нејзините авантурни низ Scrabble натпревари.

    Во секој случај, можеби и немаше промашениот наслов толку да ми пречи ако содржината беше интересна. Не беше воопшто интересна, туку веднаш приметив дека читам збирка од рандом блог-постови кои не се воопшто кохерентни, ниту пак имаат некоја силна поента. Од луѓе кои се дрзнуваат да пишуваат книги за толку важни, специфични и вечно-неразбрани теми како феминизам очекувам да понудат нешто повеќе од common sense кој се наоѓа на твитер и општо по коментари на интернетов.

    Она што исто така ми беше блех беа критиките на популарните филмови, серии и книги. Прво, мноштвото од нив не ми беа познати, а читање критика за нешто што не го знаеш не е најинтересната работа на светов, особено кога не си се пријавил за тоа. Ама ова ќе си го сметам како моја вина што не побарав подетално од што всушност се состои книгава пред да ја купам. Второ, не ми се допаѓа оној антагонистички пристап на некои феминисти кон секое дело на светов. Истово се однесува и на расните проблематики кои ги разглаба во филмовите што ги разледува од расна гледна точка. Некако ми стои ептен entitled она седење во фотелја и потенцирање на сите недостатоци на некој филм. Ќе беше освежувачки да наменеше една глава за некој добар филм (според неа), и да објаснеше зошто е добар. Вака само ги исплука сите филмови и не понуди решение за тоа како треба да изгледа еден модерен, прогресивен, „на место“ филм што ќе ги задоволи нејзините стандарди.

    Гореспоменатиот проблем (критикување и наоѓање влакно во јајце по секоја цена), ја остава отворена на контрадикции, што само по себе ја остава отворена на баграта сексисти што со тоа добиваат доволна причина да покажат накај нас и да кажат ете ништо не им се погодува. Имено во една глава потенцира како мејнстрим содржините секогаш ни прикажуваат приказна централизирана околу мажот каде тој е херој и тој е развиен и оформен лик, а женските ликови се само матна репрезентација на некој love interest чија единствена причина за постоење е главниот машки лик. Океј, има смисла. Се согласувам.

    Во друга глава ги спомнува бајките и пази, вели дека во бајките машкиот лик принц Чарминг е совршена фигура која не мора да прави ништо, туку само на крај автоматски си добива награда додека женскиот лик е оној кој ја сработува целата работа, кој го носи дејството на грб, кој минува низ тешкотии и страдање итн. Контрадикцијата е повеќе од очигледна. И ова тврди дека не е во ред. Во превод, истиот плот и во машка и во женска верзија е анти-феминистички. Ни вака ни така не чини. Јас не велам дека бајките се задоволителна репрезентација на женски главни ликови во акција, далеку од тоа, ама начинот на кој авторкава го изрази имплицира дека „не можеме да направиме филм што на феминистиве ќе им се допадне“, и тоа според мене е главната загрижувачка порака во книгава, иако верувам дека не била тоа намерата на авторката. Ама нема да ги игнорирам ваквите пропусти бидејќи како автор имаш една работа да направиш, а тоа е да успееш поентата да ја пренесеш во нејзината суштина. Со тоа максимално се оградуваш од недоразбирања кои можат да произлезат. Во ова масовно феилна.

    Како и да е, не би ја препорачала книгава скоро на никој, не гледам кој би имал потреба од читање рандом train-of-thought моменти на уште порандом професорка по литература (мислам?). Исто така она што ме наведе да ја купам книгава беше рекламирањето на хуморот во неа, кој морам да кажам, беше блиску до непостоечки. Верувам дека можат да се најдат многу многу подобри феминистички а и расни текстови и онлајн и офлајн, ова е само губење време на изморувачки муабет – нешто што сме го слушнале милион пати досега. Книгава главно е ко прв чекор од интернет дискусија што трае во просек 80 коменатри и завршува со пцовки и клетви и не дава ништо продуктивно.
     
    На CameliaMiller, Annath, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    The God Delusion – Richard Dawkins

    [​IMG]

    Убедливо најпознатиот атеистички класик на сите времиња. Оваа беше меѓу првите книги што сакав да ги читам уште кога првпат почнав да се интересирам за религија пред околу пет години. За жал ја немаше во нашите книжарници иако ја барав секаде, па дури сега ѝ дојде време. :D Посакувам да можев тогаш да ја читам, значително ќе ги забрзаше работите.

    Според многубројни коментари, книгава има „преобратено“ многумина, главно христијани, во атеисти. Многу луѓе тврдат дека им ги отворила очите, ги навела да размилсуваат за работи за кои веројатно досега не размислувале. Покрај тоа, книгава им е голем трн во око на еден куп апологети и верници, се имаат изнапишано цели книги кои имаат цел да ја побијат, ама како што кажа Ден Денет, тоа е показател дека книгава има чепнато кај што боли.

    Генерално, не ми се допадна толку како другата негова книга што скоро ја читав, The Blind Watchmaker, главно бидејќи оваа е повеќе како beginner's guide, комплетните основи на дискусијата за и против религија. Но, во секој случај, Докинс е одличен писател, стилот му е многу enjoyable, лесен за следење. Го има она чувство како авторот да ти ги чита мислите, а тоа за мене е главниот критериум по кој мерам еден писател. Сакам многу повеќе да читам од него, особено за биологија и еволуција, неговите доминантни сфери.

    Што се однесува до самата содржина, мислам дека секој треба да ја прочита, без разлика дали има или нема намера да стане атеист. Некако кога станува збор за религија, барем на денешницава, се губиме во муабети за негирање основни човечки права од една страна, политичка коректност од друга, индоктринација на деца од трета, исламофобија од четврта итн. итн. Неопходно е да ја разбистриме главата, да се оддалечиме да ја видиме целосната слика, да се потсетиме како религијата влијае на општото добро, да откриеме од каде потекнува таа потреба за Бог, и да потенцираме дека Исус и компанија на крај краева не се воопшто различни од Зевс со неговата екипа, па затоа не ни заслужуваат посериозен пристап или поголема почит.

    Докинс тоа одлично го постигнува, а притоа ни дава еден многу неопходен риалити чек, за тоа каде всушност се наоѓаме и колку сме минорни и небитни сосе сите наши sky-daddies што сме ги инвентале досега.
     
    На CameliaMiller, f.girl, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    9788677022266.jpg

    Ова е една од оние книги кои имаат моќ да те променат, да го променат начинот на кој се доживуваме себеси и начинот на кој се однесуваме кон најблиските. Приказна за сите мајки, кои се повеќе "наши" отколку "свои".
    Приказна за присутноста на мајката во нашите животи и нејзиното уште поголемо присуство, кога е отсутна.
    Седумдесет годишната Парк Со-њо, заедно со својот сопруг одат на посета кај едно од своите пет деца. На железничката станица, во целата гужва Парк со-њо исчезнува. Преку очите на нејзините пет деца и сопруг, ја запознаваме Парк Со-њо како мајка, сопруга, пријател. Љубовта кон нејзините деца, пожртвуваноста, товарот што го носи, занемарувајќи го својот живот, потреби, желби.
    Емотивна приказна за мајката и нејзината улога во нашите животи. Колку ние ја познаваме нашата мајка, колку ги познаваме нејзините желби и потреби? Колку време им посветуваме на нашите родители?

    10/10
     
    На CameliaMiller, Skorpija25, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  16. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    images.jpg

    The Demon-Haunted World - Carl Sagan

    Ако треба да одберам еден цитат со кој би ја доловила главната идеја на оваа книга, тоа ќе биде овој:

    “One of the reasons for its success is that science has a built-in, error-correcting machinery at its very heart. Some may consider this an overbroad characterization, but to me every time we exercise self-criticism, every time we test our ideas against the outside world, we are doing science. When we are self-indulgent and uncritical, when we confuse hopes and facts, we slide into pseudoscience and superstition.”


    Ова ми е трета книга од Саган која ја имам прочитано. Раскажувањето е типично за него, со смирен тон, сликовита претстава и многу пасуси од кои може да се извлече некаква поука. Човек со големо знаење, но со уште поголема умешност истото да го пренесе на идните генерации. Без притоа да се прави надмен и на саркастичен начин да ги побива заблудите. Единствено не ми се допадна тоа што во книгава имаше премногу факти, имиња, настани од историјата на САД, се губев помеѓу сите тие информации, што дополнително ми го утежнуваа читањето. Но, нема да се задржувам на недостатоците.

    Поминати се речиси 30 години од објавувањето, а толку работи сѐ уште се точни, за жал. Живееме во време кога гатачките, бајачките масовно се посетувани, вербата во духови и натприродни сили е вкоренета во секоја заедница, а да не зборувам за сведоштвата и емисиите посветени на грабнувањата од страна на вонземјани. Овие проблеми, ако можам така да ги наречам, ја попречуваат нашата способност за проценка на релеватноста на некои сведоштва и „докази“, лесно веруваме во обични луѓе со исцелителни „моќи“, но не и во доктори. Кога ќе размислам, сфаќам дека отсекогаш било така. Полесно е да веруваме во она што ни пружи комфорт, што не ни укажува на недостатоците, отколку во горчливата вистина. Со ова, човечкиот разум го туркаме во стегите на неписменоста.

    Во секоја епоха на човештвото има приказни за натприродни настани, разни религиозни пропаганди, слепа верба во богови и исцелители, лековерност и најважното, отпор за промена. Саган детално ги обработува сите случувања, посочува на грешките и дава реални објаснувања за појавите. За нивното ширење заслужни се генерациското пренесување на приказните, а во поново време и селективноста и желбата за кликови и гледаност на медиумите. Акцент става и на лошиот образовен систем, пред сѐ во Америка, но ситуацијата не е многу различна и кај нас. Посебно ми се допадна тоа што даде објаснувања за дел од искуствата и халуцинациите од психолошка гледна точка. Исто и корелацијата помеѓу централните елементи во исказите за грабнувањата од вонземјани и оние за демоните кои датираат од Средниот век. Сличностите се неверојатни.

    Ја истакна потребата од скептицизам, но и големата претпазливост при користењето на истото. Комбинацијата на науката, односно научниот метод и скептицизмот се клучот за бегството од игнорантноста и темнината. Низ цела книга, Саган нѐ насочува кон патот кој води до излезот, до светлината. Љубопитноста, иновативноста, потрагата по докази, критичкото размислување, но и самокритиката и признавањето на грешките се нашите сојузници низ тоа патешествие. Скептицизмот е кочницата која ни е потребна за да не залутаме по патот на кој одиме со векови. Треба да сме open-minded, но во границите на рационалноста.

    Има многу работи што треба да се напишат, но се обидов во кратки црти да го резимирам најважното. Саган пред сѐ е еден од моите омилени научници, а потоа и писатели. Со книгава само го потврдив тоа :D
     
    На pdb123, Annath, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Другата жена - Сенди Џонс
    [​IMG]


    Ви текнува на еден постар филм кај што снаата и свекрвата цело време ќе се караат и препираат, па прават драми и слично? Ми се чини ко од таму да е земена инспирацијата за приказната на книгава. E ми текна Monster in Law се викаше :D

    Емили е млада девојка која една вечер после работна конференција оди на пијачка во бар и ќе го запознае згодниот и самоуверен Адам. Со типичната insta-lovе, oд која што искрено ми е смачено по книгиве, во него Емили го гледа мажот од соништата, врската им се развива брзо, емоциите се силни и доаѓа моментот каде што треба да ја запознае мајка му. Ама, секако дека нештата не можат да бидат толку лесни и совршени нели?:wasntme: Мајка му е вдовица долг период, силно поврзана со нејзините двајца синови, но е некако поблиска со Адам. Адам е крајно заштитнички настроен кон својата мајка, и смета дека доволно и е тежок животот што треба да живее сама покрај големата загуба, и гледа да и угоди на мајка си на секој можен начин. Меѓутоа Емили и мајка му Пами, не кликнуваат. Суптилни пасивно агресивни коментари од страна на Пами, чудни погледи, чудни ситуации. Како што нештата прогесираат, нивниот однос станува се полош и полош, меѓутоа Адам смета дека тоа се должи поради тоа што Емили не ја сака мајка му. Пами со сите е мила и фина, па нема шанси да има лоши намери кон Емили.

    До каде една мајка може да биде заштитнички настроена кон својот син, дали Пами е негативецот во приказната? Овој психолошки трилер на моменти ќе ве направи да се запрашувате и збунувате како Емили, дали можеби е до нејзе сепак. Прилично брзо се чита приказната, со многу непотребни детали и моменти само за да се искомплицира, крајот што требаше да биде наводно кулминацијата, беше прилично потпросечен и веќе видено.

    Башка што крајот на приказната има голема дупка, ќе ја ставам во спојлер за тие што ја имаат читано книгата да ѕирнат.
    На крајот кога Џејмс и признава на Пами дека тој бил тој што ја видел таа ноќ во случката со смртта на татко му, а не Адам доведува до прашање, што си мислел Адам сите тие години што Пами му давала толку пари на него, и со што ја уценувал за да добие повеќе пари кога он фактички ништо не знаел?!? :?: Има и еден куп други коментари на goodreads ако некој го интересира клик тука.
     
    На macka91, Annath и f.girl им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Say You'll Stay - Corinne Michaels

    Книгава беше бесплатна за Киндл, така и се најде кај мене. Ми се читаше некоја small town & feel-good романса, оваа ми се појави прва (second chance е исто така, ако некому му е битно), плус бесплатна и си реков ајде нека е.

    Не знам што очекував, ама не испадна воопшто лоша - некоја си златна средина. Ни нешто прелошо да превртуваш со очи, ниту нешто фантастично што досега не било прочитано.

    Малку така оди накај вестерн, ама ете баш ми се допадна.

    Пресли се обидува да си го состави животот одново и да продолжи напред по еден немил настан, заедно со своите деца. Одлучува да стави крај на животот од претходно, се враќа кај родителите и се соочува со човекот во кој била лудо вљубена пред многу години.
    Ќе видиме што се случувало меѓу нив и што ги разделило, како дозволиле да им се лизне од рака љубовта која ја чувствувале еден за друг.

    Значи во принцип ништо посебно, но имаше сепак опфатено фини теми. На пример, соочување со загуба, кога и дали има вистинско време да се продолжи напред кога ќе ти се сруши животот од претходно и кога ќе ти потонат сите бродови.

    Ја прочитав во еден ден, така што, тоа кажува доста околу тоа колку ми била интересна. :D

    Овие feel-good книги ми се нај така безбедна зона, зашто однапред знаеш каков крај да очекуваш - зашеќерен, одозгора со уште малку шеќер, па уште малку повеќе, но ти годи тој шугар раш.
    Па некако ти е сеедно за тоа и се фокусираш само на делот со „интригата“. Барем мене ми беше така.

    Би читала и друга од авторкава, ама само кога повторно ќе ми дојде расположение за нешто вакво зашто сите книги до една ѝ се во тој стил. :worried:
    Фино беше напишана, без непотребно трупање и форсирање експлицитни сцени, имаше некои емотивни цитати кои си ги зачував и отприлика тоа.
     
    На duffi, Thallia, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    When Katie Met Cassidy – Camille Perry

    [​IMG]

    Сакав да читам нешто лесно и безболно, па се решив за ова бидејќи нема сила на светов што ќе ме натера да читам уште една стрејт романса во животов. :D

    Го добив токму тоа што го очекував, брза приказна, фино спакувана, длабока исто колку The Bachelor – ич. Прочитав критики дека ликовите биле премногу стереотипни, и тоа е точно, ама кога се работи за ЛГБТ дела сметам дека е потребна секаква репрезентација, бидејќи во реалниот свет постојат и луѓе што го исполнуваат стереотипот. Промашување поента ми е толку да се гази на јајца кога се работи за геј ликови, како да се држат на повисок стандард од стрејт ликови.

    That being said, ликовите беа стварно неразвиени и поприлично досадни, да не се лажеме. :D Ама токму тоа и го очекував, па не сум изненадена.

    Во секој случај, книгава беше колку толку океј, се чита во максимум 2 seatings. Приказната ја има развиеноста, структурата и логичноста на писмена за седмо одделение. Сметам дека ја исполнува целта за која е наменета, а тоа најверојатно била да имаш книга што ќе се преправаш дека ја читаш на плажа. Имајќи го тоа на ум, има позитивна оценка од мене. (y)
     
    На Annath и macka91 им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Four Winds - Kristin Hannah
    Ова ми е 4та книга од Кристин Хана, а е нејзина најнова. И во сите нејзини книги ги има истите проблеми. Премногу повторувања, непотребни епитети, едноставно е премногу, ја успорува приказната и одзема од нејзината тежина. Да не беше ова нејзините книги ќе ми беа апсолутен хит. Ама ете.

    Дејството во книгава е поставено во 30тите години во Америка. Еден страшен, страшен период со предолга суша која уништува премногу фармери и семејства, со депресијата, еден од најужасните периоди во американската историја

    Центар на приказната е семејството Мартинели преку чии очи ги следиме сите настани.
    Фармерско семејство на кое сушата им ја уништува фармата, како и на толку многу други, па одат да бараат спас во Калифорнија, каде што е исто тешка ситуацијата.
    Не сакам да кажам премногу, ама Господе од кога не сум прочитала ваква книга со толку мизерија, ужас, депресија, едноставно се прашувам како може некој да преживее или да живее така. И не само тогаш.

    Она што мене ми остана од книгава е дека треба и мора да сме подобри едни со други. Пољубезни, да си помагаме повеќе, да се слушаме повеќе. Срце ми се кршеше кога Елза ќе и дадеше на Џин, нејзината пријателка која беше во уште полоша состојба, дел од својата храна која и така беше премалку. Или кога Џин ќе и дадеше на Елза што и да имаше, во таква немаштија наместо да станат посурови едни со други, како што често се случува, тие беа обратно.
    Крајот ме скрши, се утепав од плачење.
    Ако не ви е периодот и расположението за нешто тешко и мачно не ја почнувајте книгава, ќе ве утепа.
     
    На Annath, martty06, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.