1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Blink – Malcom Gladwell

    [​IMG]

    Ова беше многу позитивно изненадување. Не знам зошто ѝ настапив скептично на книгава, мислев дека е од типот книги што се напишани со квазинаучна пропаганда во позадина, со многу нелогичноси и мислев дека ќе промовира анти-рационално размислување. Ама не можев помалку да бидам во право. Впрочем, книгава и ми помогна да откријам од каде потекнува таа моја предрасуда.

    Во суштина, се зборува за тоа како мозокот прави инстинктивни одлуки и како доаѓа до заклучоци буквално пред да трепнеш. Ми се допадна што книгава навлезе во тоа кога треба да им веруваме на тие инстинкти, а кога можат да бидат фатални. Првично се плашев дека нема да се фокусира на „лошите“ блинк одлуки, и само ќе го тера trust-your-gut наративот, ама не беше така. Гладвел навистина ладно и пристапи на темава и тоа ми се допадна.

    Имаше моменти каде се губев малку, а кога велам моменти мислам на точно еден момент каде надолго и нашироко, без изоставање детали, се посвети на објаснувањето на американската воена вежба или што и да беше тоа. Сметав дека не беше потребно толкаво длабоко објаснување за таа една поента. Сепак, главно ми се допаѓаше case-study пристапот, на тој начин темата што лесно може да биде досадна преку приказни ја правеше попристапна и блиска.

    Што се однесува до самата поента на книгава, сметам дека е навистина фасцинантно како нашите мозоци имаат механизми што на брз и (најчесто) точен начин ги оценуваат ситуациите околу нас. Интуицијата е одлична еволуциска предност која ни е вградена во мозочниот „софтвер“. Како таква, многу често малфункционира (постои ли зборов?). Е сега, дали книгава даде точно дефинирани насоки како да одлучиме кога да се потпираме на интуиција, а кога не? Не баш. Сепак, авторот не е психолог, па не ни очекував нешто такво. Од книгава јас би извадила заклучок дека интуицијата е помоќна работа отколку што сум мислела. Подложна е на biases, секако, ама не е некоја мистична работа, туку нешто што може да се контролира и на што може да се работи.

    Во секој случај, доста интересна книга, сметам дека никој не би си го изгубил времето со неа, ја препорачувам. (y)
     
    На pdb123, raww, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Wife Upstairs - Rachel Hawkins

    Книгава од лани ја најавуваа како нешто што мора да се прочита, нешто неверојатно, ама толку време пројде па заборавив дека веќе излезе. Многу брзо се чита, мала е и што знам, онака ми беше - ни премногу добра, ни ужасна.

    Да, веќе и јас не можам да одолеам а да не завртам така сочно со очите кога ја кажувам фразава :D, ама периодов ете никако не ми се погодува некоја книга. Не ми текнува на некоја која ме освоила и за која сум посакала да си го гушнам читачот кога сум ја завршила.

    Ми паднаа во око коментарите дека и оваа книга била некоја верзија на „модерно прераскажана“ Џејн Ејр и ептен имав желба да ја прочитам зашто сакам римејкови на филмови, книги, серии.
    Јас би рекла и да и не, си има сличности, но е далеку од такво книжевно дело. Не би навлегувала во вакви полемизации, ќе се задржам на другото.

    Ова беше cozy мистерија, доместик трилер, нешто во стилот на Б.А. Парис (која не ми е ништо посебно), ако сте ја читале А.Р. Торре, Меган Миранда, Сара Пинбороу, значи нешто питко во тој стил, полно со прашања, тајни и интриги.

    Џејн оди во Бирмингем со цел да си даде шанса за нов почеток после редица порази на личен план, бега од ликовите на нејзиното минато.
    Заработува за (каков-таков живот) преку шетање кучиња на луѓето во околината кај што живее, па така ќе го запознае и Еди. Тој е вдовец од неодамна, неговата сопруга загинала во несреќа за која и не се знае баш многу, па Џејн има многу прашалници во глава.

    На прв поглед, тој е сето она кое таа го посакува, но нешто длабоко во потсвеста упорно ѝ ја пали црвената ламбичка и ѝ вели дека овде има нешто многу сомнително. Некои негови реакции ја будат љубопитноста во неа и таа се впушта во мала мисија да дознае што се случило. Се опседнува со бившата сопруга, а во исто време мрази да ја споредуваат со неа. Овде нешто ко да имаше примеси и од Ребека на Дафне ди Морије, дефинитивно имаше некоја ваква готска нишка која ми годеше.

    За брзо ќе се приклучи во кругот на пријателки со кои Беа, поранешната сопруга на Еди, се дружела и ќе сфати дека вака како девојка нема баш некој кредибилитет меѓу жениве, па ќе се опседне со помислата да се омажи за Еди. :worried:
    Кога ќе ѝ успее ова кога најмалку очекувала, нештата добиваат нов колосек и таа сè повеќе сфаќа дека се заробила во сопствената стапица...

    Имаше некои работи кои беа ептен како да кажам, јасни и очигледни, но забавно ми беше додека ја читав. Раскажувањето е наизменично - еден дел раскажува Џејн, па следиме што се случувало со Беа.

    Оваа книга дефинитивно треба да ја прочитаат многу жени. Некогаш ни прстен, ни брак нема да ги решат нештата што смрдат од старт, но добро.
    Навистина станува збор за просечна книга, но доволно понуди за да ме задржи до крај.
     
    На duffi, 1209, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Sister Outsider – Audre Lorde

    sisteroutsider1.jpg

    Доста интересно четиво. Авторката е познат феминист и активист за граѓански права, воедно и професор и поет. Книгава во суштина е збирка нејзини есеи, говори и други публикации. Опфаќа различни теми, од расната нетрпеливост во САД, преку сексизмот во црнечката заедница, па хомофобија и на крај окупацијата на Гренада од страна на Америка.

    Главниот мотив што се провлекуваше низ повеќето текстови мислам дека беше интерсекционализмот – нешто за што ретко се зборува и денес, а да не правиме муабет за 70-те. Можам да замислам дека ваквите теми биле квантна физика за просечен американски човек тогаш. Ама ми се допадна многу тој осврт. Мислам дека е многу важно да се потенцира дека постои повеќе од еден начин на кој можеш да искусуваш неправди. А особено е важно да се избегне таа хипокризија која многу често се јавува кај одредена опресирана група. Пример, белите феминистки кои потешко го „укопчуваат“ расизмот како интегриран дел од општеството, а немаат проблем да го препознаат патријархатот како таков. И тука се јавуваат проблемите на willful ignorance, кревање раце, гејткипинг и соработка со опресорот.

    Ми се допаднаа и тие задлабочувања во внатрешните динамики на црнечката заедница, како што беше одговорот на апсурното и сосема неоправдано тврдење дека црните мажи на одреден начин „се истураат“ врз црните жени поради ограниченоста со која се среќаваат во белиот свет. Исто така ми се допадна и нурнувањето во психологијата на црните жени кои често за жал се свртуваат една против друга, се држат една со друга на многу повисок стандард и многу пожестоко се критикуваат.

    На моменти стануваше малку повторлива книгава, не велам не, ама имаше доста цитати кои ми фатија око:


    Сметам дека Одри Лорд е одлична претстава на црнечката лезбејска феминистичка мисла и сметам дека има многу insight да понуди како таква. Во секој случај, не се покајав што ја купив книгава. (y)
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    The Push - Ashley Audrain

    9780241434567.jpg

    Не пишувам рецензии, затоа што искрено, не знам да ги напишам.

    Книгава е... посебна. Сум читала и други со слична тематика (на пример The Perfect Child - Lucinda Berry) но ова е нешто сосема друго.

    Иако навидум немам ништо заедничко со Blythe, всушност имам многу тоа. Мислам дека генерално, сите жени, имаме многу тоа заедничко со неа.

    Ја препорачувам.
    Дефинитивно книга што долго ќе остане со мене.


    Ако некој ја прочита, би сакала да ја дискутираме :)
     
    На 1209, Nausicaa, Thallia и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    39.402
    Пол:
    Машки
    Flowers For Algernon - Daniel Keyes

    [​IMG]

    Flowers For Algernon е научно фантастична кратка новела која задира во моралните и етички корени на психологијата, како и во себе пронаоѓањето како единка, како човек.

    Книгата е раскажана во форма на извештаи, напишани од страна на Чарли Гордон, младич со ментални пречки во развојот кој посакува да биде паметен како и сите други луѓе.
    Еден ден, неговата желба ќе биде исполнета од страна на лабораторијата за истражување во Њу Јорк, каде ќе биде подлежан на операција како прв човек кој науката ќе му овозможи пораст на неговиот IQ левел.

    Во толку мало пакување се наоѓаат еден куп на емоции, есенцијални прашања и морални дилеми кои засекогаш ќе го променат вашето размислување.

    Брзо се чита. Долго се размислува.

    Огромна препорака.
     
    На Regina.Phalange, MeowMeow и Annath им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Каризи :l: Најдобар!
    Кој го има читано, знае за каков автор станува. Мајстор! Сите три книги се и повеќе од одлични. Интересни се, напнати, брзо се читаат.

    Куќата на гласовите
    md_5f9f33cb865ba.jpg

    Кај реномиран детски психолог, специјалист за хипноза доаѓа возрасна пациентка која бара помош зошто е убедена дека кога била малечка била сведок на убиство на друго дете. Или полошо, не била само сведок.

    Да бидам искрена, малку ме збуни крајот. Ако некој ја читал, би сакала да си направиме муабет :)

    Играта на шепнувачот

    md_5e7dee33821e7.jpg

    Мила Васкез веќе ја знаеме како детективката за исчезнати лица од Чистилиштето. Десет години после случувањата во „Шепнувачот“. Мила повеќе не работи во полицијата и живее мирен живот со ќерката. Но тој навидум идиличен живот ќе биде прекинат со свирепо убиство зад кое стои нов Шепкач.

    Човек во лавиринтот
    md_5fdb5c51def18.jpg

    Уште една приказна од универзумот на Чистилиштето. Девојче што исчезнало пред петнаесет години одеднаш се појавува живо. Кој ја грабнал, каде била, како се спасила се прашања на кои полицијата нема одговор. Приватниот детектив кој бил најмен од родителите на девојчето пред петнаесет години можеби ќе успее да се „искупи“ пред чудовиштето да земе нова жртва. Или да си ја земе старата жртва назад.

    Без да издавам многу, од сите книги на Каризи, а воопшто од сите трилери, оваа најмногу ме трогна и екстремно бев лута кога ја завршив. Да, ова приказна конкретно е фикција, ама знаеме за вакви примери од реалниот свет.
     
    На sikica7, piglet1, CrazyOne и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Solitude of Prime Numbers - Paolo Giordano

    Колку убава книга, многу ми се допадна, а вака од прв обид не ни можам да опишам зошто. Прекрасно напишана, поетично, полно со метафори, многу убаво.

    Аличе и Матија се самотници. Секогаш сами, чудни во очите на другите, но ете си тераат како знаат и можат и добро им е вака, затоа што за подобро веројатно не ни умеат.

    Матија има сестричка со попреченост во развојот и како деца, сакајќи конечно сам да оди и да се забавува на роденден кај другарче од одделението, прави нешто за кое потоа ќе се обвинува цел живот. Уште толку ќе се повлече во себе и дури ни Аличе нема да успее да го смени тоа кога ќе се запознаат.

    Аличе пак, ќе направи толку многу глупости со намера да стане дел од групата популарни девојки, но ќе се заљуби во Матија и нема да попушти додека не станат пар. Но, чуден пар се овие двајца, чудна спојка и уште почудна врска која само тие двајца си ја разбираат.
    Животот ќе ги раздели во многу наврати, па пак ќе ги спои и одново и одново ќе се повторува истиот циклус.

    Прекрасна симболика, на прекрасен начин беше објаснета филозофијата на простите броеви преку нивните животи.

    Уживав додека читав, ако ја најдете - дајте ѝ шанса на книгава. :)
     
    На Novecento, f.girl, RainBow и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Знаев дека книгава има тешка тематика, но ова беше посебно тешко.
    Пред се, тоа што е базирано врз вистинска приказна.
    Се работи за животот на младо девојче- дете, на кое поради "љубов" и се претвора животот во пекол.
    Потчинета на сопругот и свекрвата, без право на глас, редовно малтретирана и силувана. Се работи за убивање на духот на жената, каде она е жива, а е мртва. Каде "честа" е причина за убивање.
    Книга во која е објаснето општото сфаќање за местото и улогата на една сопруга и мајка. Каде мажот може да биде гнасно и болно, растроено суштество, а сепак жената да е ДОЛЖНА да биде со него.
    Книга во која животот на жената не е вреден, не е битен.
    Јас при читање, ептен навлегувам во книгата, на некој начин сочувствувам со ликовите.
    Ми се гадеше и осеќав бес и немоќ во текот на читањето. Бев бесна на безизлезната состојба на жената. Угнетувањето, понижувањето.....
    А и онаа реченица кога и велат жените на Филиз "мисли на децата", морав да ја затворам книгата и да се соземам. Всушност, често ми требаа паузи од екстремно гнасните моменти кои ги доживуваат она и децата.
    Не можам да кажам дека е убава книга, но е реална, за жал. Многу жени го поминале ова и за жал и ден денес го поминуваат.
    Ептен ми остави впечаток
     

    Прикачени фајлови:

    На simoncelicius, pravnicka_2604, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Гледам доста препораки за книгава, дали можам да ја најдам во е-формат, макар пдф? Не мора на македонски.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Јас ја барав претходно во пдф, не можев да ја најдам на ниту еден јазик.
     
    На simoncelicius и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки
    Дајте ми го оригиналот

    https://www.sendspace.com/file/fs7zi7

    Линкот до книгата, PDF, англиски.
     
    На simoncelicius, CameliaMiller и Emotional123 им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Ја нарачав веќе, но можеш да ја прикачиш во темата за размена на книги во пдф :)
     
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Машки

    Браво, баш си брза во нарачувањето. Нека стои тука, ете, имаше и други заинтересирани за книгата.
     
    На simoncelicius и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    530.Modar-nakit.png


    Прочитајте ја.
    Ама спремете се.

    Филиз ќе ја препознаете.
    Сите познаваме по некоја Филиз.

    Кратка е книгата, книгичка би рекла.
    Боли напишаното, уште повеќе ненапишаното.
     
    На Purelove92, piglet1, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да не имаш пдф книгава? Ако да, да ја прикачиш во темана. :*
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Ја немам, но можам да ти ја пратам, печатена :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Камее и јас ја сакам :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Од Скопје си?
    Можам да ти ја позајмам :)
     
  19. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Не, не сум од Скопје :)
     
  20. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Повелете на англиски:)
     

    Прикачени фајлови:

    На Skorpija25 и kanella им се допаѓа ова.