Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.209
    Пол:
    Женски
    The Rose Code - Kate Quinn
    [​IMG]

    Дали очекував премногу од книгава, или и Кејт Квин стана машина за штанцање книги колку да се рече - не знам. Некако скроз безволно ја дочитав, некои поглавја тотално не сменија ништо во книгава. Да не постоеја, немаше ни да се примети, до толку беа небитни.

    Осла е девојката на принцот Филип, Бет е ептен стереотипно прикажана - бубалица, невин карактер, wallflower, you name it, а Мејбел е итрицата на ова трио другарки.
    Кога ќе почне војната, ќе ги викнат во некоја тајна служба за да декодираат пораки од противниците.

    Книгата почна прекрасно, навистина си реков - конечно една добра книга.
    Бет е сместена во лудница, тврди дека другарките ја предале и им пишува писмо да ја спасат од лоботомијата која ѝ претстои.
    Двете другарки пак, секоја со свои проблеми, упорно тврдат дека токму Бет е онаа која ги предала и само си ја предаваат топката едни на други.

    Случувањата се одвиваат во два периоди и се шета де таму, де ваму. Некои поглавја се во екот на ВСВ, а некои 7-8 години потоа, непосредно пред венчавката на Кралицата Елизабета II и принцот Филип.

    Звучи интересно, но некако многу анемично беше сервирано сето тоа. Не ни осетив што всушност они правеа, како доаѓаа до сознанијата, што точно се случуваше зад кулисите. Многу бледо навистина, само неколку поглавја од процесот, а книгава рачунајте дека имаше 600 страници.

    Сите настани беа сведени на нивните плитки романси, оваа со принцот, другите две со нивните избраници. И премногу стереотипно беа опишани некои нивни дејствија, но ако навлезам ептен ќе треба да дадам спојлери...

    Ми се допадна само еден дел од поглавјата, а тоа беа сегментите кај што се опишуваше што се случува со Бет. Нејзината приказна ми беше најинтересна и читав само заради тоа што сакав да дознаам кој кого предал и како Бет завршила во ментална установа.

    Можеше да биде уште малку поисфилтрирана и ќе беше можеби подобра. Вака само развлечена без потреба, со многу поглавја кои немаа буквално никаков удел во целава книга.
    И така, мојата сага со најочекуваната книга на годината заврши неславно. :D
     
    На Nausicaa, macka91 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер
    upload_2021-3-28_17-29-16.png

    Премногу ми се допадна, ми ги исполни очекувањата дека ќе ми задржи внимание приказната до сам крај.
    За околу 2 дена ја прочитав, иако беше 500+ страни, не можев да сопрам со читање, ептен ме интересираше како ќе заврши.

    Базирана е на вистински настан и тоа баш што и се случувало на авторката, па тоа уште повеќе ме заинтригира некако.

    Убаво е опишано се, опфатени се сите детали, многу е добро раскажувано.

    Се работи за неизмерната љубов на една мајка која е заробена во Иран со ќерка и од нејзиниот насилен и манипулативен сопруг. Почнува книгата така што наводно одат 2 недели во Иран на одмор кај роднините на мажот на Бети, но тоа станува вистинско мачење што трае 18 месеци и е се опишано до најситен детаљ што се случувало тој период.
    Мене ме воодушеви колку силна личност беше Бети, а исто така и ќерка и Махтуб.
    Доста поразлична од другите книги, навистина остава силен впечаток оваа книга.
    Ја препорачувам. (y)
     
    На poenta, firequeenn, piglet1 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    шепнувачот од каризи ВРВ !
    не знам кој е подобар фицек или каризи.
     
    На Anomis11 и CrazyOne им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Cosmos – Carl Sagan

    cos2.jpg

    Космос... :inlove: Не знам што да кажам што веќе не е кажано. Тешко дека постои дело кое на подобар начин ќе го симулира патувањето низ универзумот во време кога тоа за нас е невозможно. Ќе звучи како клише, ама секогаш кога ќе седнев да читам беше како да започнував ново патување надвор од реалноста. И секогаш кога ќе ја затворев имав чувство како да сум излегла од хипноза. Неповторлив е талентот на Карл Сејган да постигне ваков ефект.

    Мислам дека никогаш нема да ми биде доста од вакви книги што имаат за цел да ни ја „нацртаат“ фасцинантноста на светот кај што се наоѓаме, да ни ја покажат ултимативната голема слика и да нè потсетат кои сме, колку сме и од каде доаѓаме. А тоа не е лесно да се направи, особено кога некои од концептите за кои станува збор нашиот човечки мозок не е ни способен да ги компрехендира.

    Покрај тоа, книгава исто така беше еден времеплов низ историјата на науката и тоа како сме стигнале таму кај што сме со научниот прогрес. Кој помогнал, кој одмогнал, кој допрва ќе помага и одмага... Многу беше интересно да се видат предвидувањата и желбите на авторот, те тера да сакаш да се вратиш во времето кога ја пишувал книгава и да му кажеш: најдовме еден куп ексопланети, пуштивме ровери на Марс, имаме слика од црна дупка...

    Инаку знам дека за секоја pop-science книга го кажувам ова, ама оваа стварно мислам дека секој треба да ја прочита. Многу е око-отварачка, смирувачка, дури би рекла дека има поетично-уметнички вајб, што стварно те тера со други очи да го гледаш светот. На сите ни треба таков wake up call. Не знам како некој по читањето на книгава би се вратил во реалниов свет и сè уште би терал некакви вештачки поделби меѓу живиот свет на бледата сина точка. Едноставно и временски и просторно ти се менува цела перспектива, we're all made of starstuff. :*:
     
    На Florenсе, pdb123, f.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  5. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    Dlaboko vo temninata od L.E. Vajt
    fenomenalen triler go preporacuvam, vozbudliv, dinamicen, misteriozen..
    8,5/10 ocenka
     
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Содржина: Гламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
    Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
    Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
    Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
    Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
    Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов.

    Периодов ми тргна со историски книги и серии, па така и оваа книга за Лукреција Борџија и нејзината приказна. Првиот дел ми беше многу бавен и на моменти досаден ама затоа вториот дел многу поинтересен и за ептен кратко време го исчитав. Естетиката баш добро е опишана и ти дозволува сликовито да замислиш како изгледале местата, градбите, облеките и сл. Држи во неизвесност, но според мене првата половина можеше да е пократка. Ништо значајно не се дешава во тој дел, освен описи и вовед.
    Кој ја гледал серијата ,,The Borgias" веќе знае за што станува збор, макар што премногу разлики воочив во серијата во однос на книгата.
     
    На Nausicaa, poenta, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    32.567
    Пол:
    Женски
    51wAESB15cL.jpg
    The Radium Girls - Kate Moore

    Радиум-новооткриен елемент на кого му препишувале лековити својства. Зрачел со сјај кој бил неодлоив и привлечен за секого во негова близина, посебно за млади и убави девојки. Со негова помош тие светеле во мракот и имале светлечки фустани како во бајките. Само малку прав било доволно за да се почувствуваат посебно и магично. Но, никоја од нив не била свесна дека позади овие чудесни својства се криел тивок убиец, барем не на почетокот.

    Следниот дел го ставив во спојлер бидејќи опфатив повеќе од содржината отколку што е потребно за кратка рецензија :|
    Дејството се одвива во фабрики за часовници со бројки кои светат во мрак благодарение на радиумот. Голем број млади девојки секојдневно со својата рутина dip-lick-paint внесуваа мали, но смртоносни дози од "отровот" во нивните тела. Воопшто не беа свесни за опасноста. Радиумот, како што им е кажано, го сметаа за безопасен и лековит елемент, дури и го нанесуваа по цело тело и облека.

    Никој не беше свесен за разорното дејство на радиумот, освен директорите на фабриките и креаторите на правот, се разбира. Нивната игнорантност, лицемерие и желба за пари скапо ги чинеше невините девојки. Ослепени од желбата за пари беа и докторите, научниците и службените лица кои постапуваа спротивно од своите морални должности.
    Оние девојки, кои пред работ на смртта сфатија дека беа измамени и дека им веруваа на погрешни луѓе, решија да се изборат за правдата за сите прерано починати девојки. На почеток изгледаше како да немаат никакви шанси против т.н. научници, доктори и сопственици кои вешто ја криеа вистината од нив. А и времето не беше на нивна страна, со секој поминат ден нивните тела се распаѓаа на делови. Се додека зад нив не застанаа адвокати, доктори и научници кои беа свесни дека смртните случаи не се некаква коинциденција. Без никаков паричен надомест се бореа за нив, за да се слушне нивниот глас и да се спречи убивањето на девојките кои сè уште работеа во фабриките.
    Конечно, после долготрајните голготи низ судовите, ја добија посакуваната победа. Тоа беше Пирова победа која ја платија со највисоката цена-нивните животи.

    Приказна од која добив морници, која вечно ќе ми остане во меморијата како еден потсетник за суровоста и себичноста на капиталистичкото општество. Апсурдно е тоа што парите се поважни од човечкиот живот. Зошто воопшто треба да се ставаат на исто рамниште и да се "мерат" според нивната важност?
    Понижувачки е бројот на животите, плановите, семејствата кои беа распарчени засекогаш. Ужасите, агонијата, беспомошноста, болките, ниту распаѓањето на нивните тела не беа пречка за овие херои од жени да ја добијат правдата. Читајќи за нивната решителност и надеж за подобра иднина, за која беа свесни дека нема да ја дочекаат, се почувствував горда што сум жена. Во време кога жените беа дискриминирани и безгласни, надалеку се слушна нивниот глас. Ништо, ама баш ништо не може да ни застане на патот до правдата. Многу ми се допадна и тоа што авторката нè доближува до карактерот на девојките преку нивните сведоштва, записи и сведоштвата на семејствата по нивната смрт, на тој начин се постигнува подобра конекција и чувство на блискост со сите нив.

    Она што е за огромна почит е тоа што нивната приказна не заврши со смртта. Голем дел од нив се согласија да ги донираат своите тела на науката. Постхумните истражувања имаа значаен придонес за развој на научни методи, тестови за детекција на радијација и се откри вистинската разорна моќ на радиумот. Благодарение на девојките се овозможи заштита на работниците, се воведоа безбедносни стандарди и се спасија милион животи. Иако мртви, нивната борба ќе се раскажува уште многу долго. Таа им го осветли патот и иднината на многу работници исто како што радиумот некогаш ги осветлуваше нивните тела. А, радиумот во нивните коски, сè уште емитира јонизирачко зрачење кое со себе ја носи приказната на т.н. Тhe Radium girls.
     
    На Nausicaa, poenta, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    My Policeman – Bethan Roberts

    [​IMG]

    Преубаво. Не очекував толку да ми се допадне, не знам зошто. Се одвива во 50-те во Англија. Полицаец се вљубува во рандом човек што го запознава на улица, ама бидејќи е јасно дека отворениот живот е невозможен за него, стапува во брак со другарка му која е head over heels за него. Динамикава очигледно си носи свои компликации и престврти.

    На прв поглед можеби изгледа како секоја друга приказна со љубовен триаголник, ама начинот на кој е напишана ѝ дава доза уникатност. Ликовите се одлично разработени, а најинтересниот дел е што главната точка на интерес, полицаецот, го разгледуваме само од аспект на другите двајца, бидејќи книгата наизменично раскажува од нивен point of view.

    Ја препорачувам на сите што сакаат винтиџ романси. Има доста емотивни и впечатливи моменти. Брзо се чита, а и во најголем дел го задржува вниманието. Плус ми се допадна што не е црно-бела цела ситуација во стил „буху не можеме да бидеме заедно поради жена ми и the society“. Никој лик не е совршен, сите си имаат свои моменти и тоа ја прави приказната интересна.

    Инаку, за книгава се снима филм моментално и Хари Стајлс го глуми полицаецот. Кастингот е перфектен, што ретко се случува, затоа едвај чекам да излезе. :inlove:
     
    На CameliaMiller, Regina.Phalange, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Постои ли нешто поубаво од жена со накит? Не знам дали постои нешто погламурно, но знам дека постои нешто поужасно.

    Жена со природен накит. Накит кој е создаден по природен пат, со крвничко тепање од нејзиниот партнер. Партнер кој не бира каде ќе удира по жената, ако таа направи и најбанална грешка.

    По прсти, по уста, по раце, по врат. Природни ѓердани на вратот, модри од немилосрдни удари на сопругот.

    Удар. Удар. Удар. Од устата и бликнува крв, затоа што постои сомнеж дека таа помислува на други мажи.

    Каков ли е тој живот? Каков ли е тој партнер? Имаш сон дека ќе носиш фармерки во Германија, а ти носиш модри ѓердани околу вратот во некогашна штала во Австрија.

    Удар. Удар. Удар. Силување, тепање до смрт. Или сепак не?

    „Филиз, ми требаш, те чекаме дома“ - говори човекот кој брутално ја тепа. А Филиз само работи, со наведната глава, пече, ги пере алиштата, готви. И секојдневно продирање во неа од сопругот.

    Тоа не е живот.

    Траорна книга, ја препорачувам секако.

    Издание е на Антолог modar nakit.jpg
     
    На barby, Anomis11, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Добра книга, вреди да се прочита.
    Мене ми беше многу трогателна, морници ме лазеа додека ја читав.
    Какви луѓе постоеле и постојат!
     
    На Jordanco Smart му/ѝ се допаѓа ова.
  11. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Мраз студено Тес Геритсен. Возбудлива, напната, интересна до сам крај.
     
    На игор.мк, Beautymom и Jordanco Smart им се допаѓа ова.
  12. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Шефот од соништата
    Интересна,лесна,смешна
     
    На игор.мк му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    424_43_25_15__20__4_2017222-522x600.jpg

    И се' стана месечина - Георги Господинов

    Отсекогаш сум уживала да читам обемни книги, колку повеќе страници, толку повеќе уживање во описи, карактери, мисли...... Но, во последно време, поради обврски, барам се' почесто книги со раскази и оваа е една од нив.

    Господинов одамна ме "купи" со Природен роман и Физика на тагата, но оваа книга е едноставно преубава. Содржи 19 раскази, а мене ми се причини како да читам 19 различни романи, некои пократки, некои подолги. Некои ми предизвикаа тага, некои ми измамија насмевка, на некои голтав кнедли, а богами на некои морав да ја оставам книгата и поштено да се исплачам.

    Од мене огромна препорака, а ако сте љубители на раскази секако би ја препорачала и неговата "Сите наши тела". Уживајте!​
     
    На Dancewere, poenta, macka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Судијата и неговиот џелат - Фридрих Диренмат

    Уште едно некомерцијално книгиче кое ги оправдува зборовите на Соња (продавачката на стари книги на плоштад Македонија)

    ,,Не си ја читал Судијата и неговиот џелат?. О, па мора. Тоа е преубав кримич"

    Покрај локален пат во Швајцарија е убиен полицаецот Урлих Шмид, чие тело во автомобилот го наоѓа Алфонс Кленин, исто така полицаец.

    Прашањето е. Што правел Шмид во ваков пуст предел во свечено одело? Па во блискиот град нема ресторани...

    Почнува истрага. Таа ја водат Берлах, комесар во Берн и Чанц, колега на убиениот полицаец. Клучот води до таинствена куќа отфрлена од патот обиколена со тополи.
    Се слуша истрел. Убиено е агресивно куче кое се нафрла врз Берлах.

    Кои се свеченостите кои се случуваат во куќата? Што се крие зад името на убиениот полицаец Шмид?
    Како се вмешани странски амбасади во целата оваа приказна? Дали убиениот полицаец и убиецот се познавале?

    Оваа книга е навистина реткост, но може да се најде по антикварниците за книги. Диренмат е швајцарски писател, а ова книжуле од 110 страници топло го препорачувам [​IMG] sudijata i negoviot djelat.jpg
     
    На Мравојад, Annath и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. *Buba*

    *Buba* Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ќерката на дрвосечачот од Наде Стојилковиќ

    Самото дејство е уште во времето на Југославија.Се случуваат и убави и неубави работи во самата книга ама на крајот сепак е со среќен крај.Дана е девојче на околу 15 години кога гогуби својот татко кој бил во шумата на сечење на дрва заедно со својот кум кој вечерта се враќа сам од шумата а нејзиот татконе се враќа дома бидејќи го поклопува дебело дабаво дрво и го остава да лежи така бидејќи било многу тешко.Мајката на Дана од толема тага по нејзиниот татко починува после извесно време.Грижата за Дана е превзема нејзиниот чичко кој ја гледа Дана како слугинка во нивниот дом и бејбиситерка на нивните деца.Нејзината стрина е многу лоша и прави секакви ујдурми само да е земе куќата на деверот.После година дена во куќата на чичко е доаѓаат пријатели од Скопје кои бараат помошничка да за помага во домот но и воедно да им ги чуваат децата.За оваа работа се нафакќа нејзиниот чичко кои и вели на Дана да оди кај нив бидејќи така ќе се спаси и ќе продлжи со образованието но и ќе може да се омажи.Дана ни прашана ни ништо си ги собира работите и оди со нив во Скопје.После извесен период престој во Скопје,Дана ги ваѓа децата надвор да си поиграат додека не се вратат газдите и се случува една непријатна ситуација за Дана каде што едно до децата се стрчува да е земе топката од улица и во тој момемт слуша нагло закочување на кола,и тогаш мислите на Дана се многу лоши но за срека се испача во ред со детето бидејќи го спасува комшијата Александар.Тогаш тие се запознаваат и бидејќи Дана и Александар сакаат да учат на истото школо си разменуваат книги бидејќи Александар е една година постар од неа.
    После поголгиот престој во Скопје нејзините газди заминуваат за Охрид на одмор од 3 дена и ноќта пред да заминат на одмор газдата на Дана влегува скришум во ноќта во нејзината соба и почнува да е силува но Дана неможе да се обрани од него и после неколку месеци Дана останува трудна и му кажува на гадата а кој нејзе и дава пари и ја тера од дома за да бара чаре за бебето што ќе го роди.Таа од толку голем страв оди кај мајката на Александар и ја кажува нејзината мака,а таа и вика дека ке мора да оди во домот каде што таа работи и таму да се подои и после неколку месеци да си оди и да го даде бебето на посвовување.Таму таа запознава многу девојки на нејзина возраст но и деца кои се оставени вејќе подолго време.Нејзината цимерка е исто така бремена и така тие две се збрижуаат многу и си кажуваат маките.Доаѓа денот за породување на цимерката на Дана која не сака да го даде соето дете на посвовување и ги моли службите да не го бараат тоа од нејзе но таа ќе мора да прифати оти нејзите родители немат да е примат назад во својот дом.После неколку месеци се пораќа и Дана каде што на свет доаѓа машко бебе со белег на една од неговите раце и сега мора и таа да го даде нејзиното дете на посвојување.Откако ќе заврши овај процес Дана се вселува кај една пријателка на мајка му на Александар и таму се труди да помогне колку што може бидејќи и таа продолжува со студиите кои ги започнала кај старите газди.Пријателите кај жто е сместена Дана и бараат работа и така среќна Дана продолжува да живее нормален живот.После неколку месеци се среќава со Аце при што таа го брка од себе и не сака да зборува со него,но кратко после тоа и покрај упорноста на Аце тој и кажува на Дана дека е вљубен во неа и ја бара за жена.На ова негативно одговара неговта мајка бидејќи ја сметала за нејзина ќерка и нема да им даде благослов.После самата венчавка на Дана и Аце кои што живеат во куќата на неговиот дедо,Дана останува бремена и раѓа девојче по име Ема.После неколлку години одкако си заминала Дана од кај пријалите кои биле на само 4 куќи подолу од нивната доѓа едно момче кое бара сместување,кога го здогледува Ема и вика на нејзината не вистиска баба да го подуди со делот каде што никој не живее да му го даде на момчето бидејќи и таа пред извесен период останува без сопругот,по долго размислување таа го нуди момчето да дојде следанра ден да се смести.Бидејќи е добро прифатен од родителите на Ема и бабата тој покрај работата и обврските што ги има на факс ја чува и ја штити Ема.
    После некое време одкако Ема ке ја прослави својата полуматура и ќе биде уште пред импресии ќе појде кај бабата но ќе го бара момчето за да му разгаже како си поминала на забавата,но бидејќи не го нашла ќе продолжи да оди во близина на кошаркарското игралиште и таму ќе почне да игра со некој повозрасни момчиња и ќе се случи една непријатна ситуација каде што Ема паѓа на глава и останува онесвестена така некое време.Во раце ја зема момчето што беше кај нив и ја носи кај нејзите дома за да може да повика брза помош но е касно за се бидејќи таа умира.После смртаа на Ема,Дана се затвора во себе и неоди никаде и несака да се замеша со луѓе.После некој година Дана оди кај пријателката кај што седела и таму воп тој момент го гледа момчеето што престојувало кај бабата и ја гледа белегот на еднта рака и тогаш зборува со мајката на Аце и после некое време Дана зборува и со Аце бидејќи мисли дека тоа момче е нејзиниот син.Тие двајца одат во социјалното за да дознаа повеќе информации за момчето и тие од таму одат на адресата што им е имаат даено и ги прашуваат децата што седат таму но од таму не добиваат баш некој инфомрации и после извесно време во нивниот дом доаѓа мајката на Аце и им кажува дека извесно време ги следела нив двајца за во врска со момчето со било кај пријателка од Дана и им кажува дека таа проверила се за него и кажува дека тоа е синот на Дана.

    После некоја година сите тројца(Дана,момчето и Аце )одат во куќата на Дана односно во селото за да си ги види своите први братучеди и и нејзината куќа.При посетата на нејзината куќа ја забелегуваа снаата на еден од братучедите и тоа тие си разменуваат дека Дана ќе им е препише куќата на нив за да можат мирно и спокојно да си живеат бег да имаат некакви проблеми.Од кај нив Дана оди кај свонот чичко кој е целиот уништен и неговата куќа е толку празна бидејќи оставува без жена и деца.На крајот бара проѓка од Дана затоа што многу и згрешил.
    Ви ја пепорачувам да е прочитате сама книга бидејќи се верува дека е заснована врз вистинска приказна.
     
    На sikica7, simoncelicius и Мравојад им се допаѓа ова.
  16. Reina Latina

    Reina Latina Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Таа е неговото минато. Тој е нејзината иднина :l:

    Ема живее во Њујорк. Со триесет и две години, се уште е во потрага по вистинскиот.
    Метју живее во Бостон. Тој ја загуби својата сопруга во страшна несреќа, и сам се грижи за четиригодишната ќерка. Судбоносна средба во виртуелниот свет ќе ги доведе до фактот да поверуваат дека дека конечно ја пронашле среќата. Нестрпливи да се запознат, ќе се договорат да вечераат во еден мал италијански ресторан во Менхетен.
    На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат.

    Дали е тоа игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати, Метју и Ема брзо сфаќаат дека ова не е само една пропуштена можност ...

    123136894_2825090394261390_1889298620254696101_n.jpg
     
    На Мравојад и *Buba* им се допаѓа ова.
  17. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Хана - Алена Морнштајнова

    Дејството се одигрува во малото и прозаично гратче Мезиричи, во 50тите години од минатиот век. Мира е девојче кое ужива да прави палавштини и токму казната по една нејзина непослушност и го спасува животот. Оној среден, смирен живот на кој Мира е навикната исчезнува и судбината засекогаш ја врзува со нејзината чудна, секогаш облечена во црно, тетка Хана. Со скок од сегашноста во минатото запознаваме друга Хана, убава, млада, полна со љубов и младешки сни. Авторката не води во друго време, Втората светска војна, а клопчето полека се размотува и ја дознаваме судбината на Хана.
    Книгата е интересна, држи внимание, раскажувањето писателката го прави со леснотија. Пофалби и до издавачката куќа Муза, преводот е одличен и без ниедна печатна грешка.

    Проштален валцер - Милан Кундера

    Можеби малку сум пристрасна, затоа што ова е еден од моите омилени автори :), но книгава ми е одлична.
    Во едно бањско гратче, каде се лекуваат жени со гинеколошки проблеми, медицинската сестра Ружена е бремена. На валцерот до неа се фаќа познатиот маестро на труба од Прага, неговата преубава жена, еден гинеколог забеган во фантазија, еден Американец со полн џеб, еден осуденик кој се спрема да ја напушти татковината, неговата млада штитеничка и низа други ликови. Дејството се одигрува во 5 дена и со леснотија, низ шала, смеа и црн хумор се скицира женската природа, машкото реагирање, се поставуваат прашања за абортусот, љубовта, политиката.....
    Како и во другите негови дела, така и во ова уживав.
     
  18. *Buba*

    *Buba* Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Исповед-Оливера Ширгоска

    Овај роман е 4 по ред на оваа прекрасна авторка која зад себе има уште три романи:Ања,Срце и Скандал.Во оваа книга има некоја посебна врска помеѓу христијанско семејство Крстески и муслиманско семејство каде што ќе има среќен крај со помирување на двете семејства.
    Главниот лик на книгава е Васка и целото нејзино семејство кое се наоѓа во фокусот на истата.Приказнава е за искушенијата со кои се сретнуваат поголем дел од младите во денешно време,борбата со ссамите себе,како и долгодишните ривалства помеѓу семејството Крстески и семејството на дедо Пајазит,но и бескрајната љубов без разлика на верата.
    Во почетокот се запознава со синот на Васка,Михаил кој е навлезен во најсташниот пророк а тоа е коцката и казината.Стигнат е до тој степен каде еден ден добива закана дека доколку не го испалти големиот дол ќе лежи во затвор.Во тој момент светот на мајката(нараторот на книвата)почнува полека да се распаѓа.Не гледајќи друг излез таткото бара помош од стариод соссед дедо Пајазит но истовремено мора да е даде својата сопруга кај нив да слугува и да ги извршува задачите кои ќе и ги дадат.Целата вчудоневидена Васка не знае што и се случува и зошто токму таа да го сноси најголемиот товар.Исто така дознава дека во минатото има нерасчистени сметки затоа што нејзиниот сопруг во младоста бил во љубовна врска со ќерката на дедо Пајазит кој уште лутината му гори во душата.Васка се навикнува на работите кои и ги дават во куќата и со текот на времето го прифаќа и Едо синот на Медина(снаа на дедо Пајазит).Во еден момет таа го спасиува живот на таткото на Едно и тогаш тие ја гледаат добрината и чесната страна на Васка.Таа исто така дознава дека нејзинот син кој се коцкар и за кого се жртвува заминува на печалба во Германија за да може да се ожени.После неколку дена во куќата на Пајазит доаѓа сопругот на Васка кој го моли да е пушти да си дојде дома бидејќи нивниот син ќе се жени,тој останува вчудоневиден бидејќи Пајазит ја пушта Васка да си оди дома.После неколку месеци помалиот син на Васка доаѓа во нивната куќа и со него е и Медина која ќе му стане гонева сопруга патој решава да им каже дека мешу нив се родила љубов откако ја видел за прв пат.Плус тоа им кажал дека таа е бремена и е трети месец и дека мра овие работи да им ги кажат и дома но и кај дедо Пајазит кој е многу тежок и многу ќе се налутел.После неколку дена одај и кај дедо Пајазит каде што тој тешко прифаќа такво нешто но кога ќе му кажат дека неговата внука е бремена тој ќе го смени мислењето.Сопругот на Васка добива писмо од суд каде што тој мора да се појави и на тоа судење дознава дека неговиот чичко од Белград го остава целото наследство и штедната книшка и околку 50 илјади евра.
    После неколку месеци најмалиот син прави свадба каде што по некое време на вратат ќе се појави дедото на Медина Пајазит и го дава благословот а воедно и тој ден сопругот на Васка седнува до него за да му каже дека сака да го плати долгот кој останал,но Пајазит му кажува дека сега се сватоштини и дека долгот се брише бидејќи тој должел на свекоротр на Васка.

    Оваа книга е ова и топло ви ја препорачувам да е прочитате бидеќи секој може да се најде во ваква ситуација.
     
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Слаткоречив туѓинец-Лиса Клејпас Приказна за силната, нераскинлива љубов кон сопствената фамилија, но иствремено и слика на едно девијантно семејство. Авторката преку родителите на Ела сака да ни укаже на отуѓеноста на татко и, кој оставајќи ги под закрила на себичната и површна мајка придонесува да се оформат емоционално нестабилни личности. Интелегентната Ела не е способна да сака, таа се плаши од секакво приврзување, а сестра и Тара претрпувајќи сексуално злоставување завршува во ментална установа. Писателката во еден сегмент од романот се осврнува на ранливоста, кревкоста на децата, колку нивната невиност може да биде злоупотребена од очувот. Преку наивните детски очи е прикажана манипулацијата и копнежот на предаторот.... Веќе возрасни личности, тие се борат со демоните од минатото, Ела заглавена во празна врска без обврски, а Тара лутајќи од една на друга љубов и двете несреќни истовремено. Вистинска пресвртница се случува кога Тара го остава својот новородено синче кај сестра си. Беспомошното новороденче ги руши бариерите на стравот, Ела го љуби безусловно, како мајка. Колку е силна жената, таа исправено чекори низ препреките на животот.Запознавајќи ја со Џек, писателката ни ја слика здравата љубовна врска,партнерите секогаш треба да бидат поддршка еден на друг. Нивната страст и емоција заскокоткуваат сечија мечта, запознавајќи не со она вистинското.Конечно,Ела е среќна, исполнета со Џек и малиот Лука покрај себе. Иако на моменти романот остава впечаток на предвидлив, лесно разбирлив, гл. ликови се добро обработени, држи внимание до самиот крај. П. С. Намерно не ги спомнав убавината на Тара и богаството на Џек, тие се минливи и релативни работи што бледнеат и може да го изгубат сјајот низ годините.
     
  20. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    882_46_32_14__24__9_2019Mala kniga za Hige.jpg
    Хиге - Мајк Викинг

    Многу убава книга :)

    Дебели корици, убава и квалитетна хартија, преубави слики......книгава не е само за едно читање, туку да стои на лесно достапно место и да се препрочитува или разгледува почесто.
    Хиге значи уживање, добро поминато време, пријатна атмосфера и е дански начин на живот, што мене многу ми се допадна. Во неа ќе најдете рецепти за храна, пијалоци, но и рецепти за поубав и поисполнет живот со семејството, пријателите и во природа. Дали навистина Данците вака живеат не знам, но знам дека јас ќе се обидам барем нешто од советите и идеите да применам во секојдневниот живот и да бидам по "хигелихт" :).
     
    На simoncelicius, raww, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.