1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Ако во филозофијата постои термин натчовек - личност што е интелектуална и многу поразвиена од сегашниот човек, така во литературата треба да има термин наткнига - литературно деко кое те крева во облаците, те остава да се капиш во млеко со бисквити и те треснува на пепелишта и калови, при што не може да си дојдеш при свест.

    Така ја доживеав ,,Песјо срце" на Михаил Булгаков.

    Само две книги ме оставиле нем во 2 по полноќ - да лежам мирно и да размислувам за тоа што сум го прочитал.

    ,,Глувци и луѓе" од Штајнбек и ,,Тарас Буљба" на Гогољ. Еве ја третата.

    Ова не е обичен роман. Тука се среќавате со откачениот стил на Булгаков. Не е лесна за сечија душа. Делото се чита полека, натенане. За да правилно се апсорбира.

    Шарик е улично кутре, чија една страна од телото е изгорена, откако било попарено со врела вода. Навикнато секој да го клоца по муцката, се наоѓа тука лекарот Преображенски, со топла душа како козјо млеко. Го зема Шарик и го негува во својот дом.

    Животот на уличното куче се променува во целост, се до еден момент. Докторот заедно со неговиот помошник Борментал му всадуваат тестиси од умрен човек и ја пресадуваат хипофизата (жлезда) во мозокот на кучето.

    И тогаш следуваат сите шокови - кучето иако е експеримент, тоа има право на лични документи!

    Но, дали едно куче, со човечки мозок, може лесно да го заборави својот инстинкт?

    ,,Изгледа дека набргу толеранцијата ќе достигне такво ниво, што на паметните ќе им биде забрането да размислуваат, затоа што тоа ги понижува чувствата на глупавите!”

    ,,Ако почнам јас да мочам надвор од шолјата и истото го прават и Зина и Дарја Петровна, во тоалетот ќе дојде до хаос. Според тоа, хаосот не е во клозетите, туку во главите"

    ,,Очите се важна работа. Слично на барометар. Се можеш да видиш - кој има голема суша во душата, кој без никаква причина може да те шутне со врвот од чизмата в ребра, а кој и самиот од секого се плаши"

    Оваа книга е чиста филозофија и ја препорачувам секому!

    20210819_111849.jpg
     
    На sikica7, Miss666, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    The Rose of Sebastopol

    [​IMG]

    Ја прочитав пред некој ден и штом сè уште ми се вртка низ мислите, значи ми оставила впечаток. И навистина беше убава книгава. :)

    Листав низ предлози на Goodreads и ми фати око насловот и корицата со него, па морав да ја прочитам и покрај нискиот рејтинг. Не погрешив, навистина прекрасна книга која опфаќа многу теми и не е сконцентрирана само и само на војната. Обично поновите историски книги се или црно или бело - или акцентот го ставаат на војната, или на ликовите. Па често се случува едното или другото да се засенат меѓу себе и да добиеме бледи и површно обработени ликови, или пак штуро опишани сцени од војната ко да е панаѓур или нешто скроз небитно.

    Исто така, поактуелниве автори ко да не слушнале за нешто друго освен WWII и Големата депресија. Само тоа и пак тоа врти во круг и таквите книги веќе ги одбегнувам. Темиве не да се исцрпени, исцедени до максимум, не нудат нешто ново и интересно што ќе ме завлече да читам до крај. А имало толку војни за жал, толку воени конфликти за кои може да се пишува, но ете. Среќа се наоѓа и по нешто добро во морето копи-пејст книги. :D

    Во екот на Кримската војна, Роза Бар се пријавува и оди во првите борбени редови како медицинска сестра. Но, по некое време на девојката ѝ се губи трага и нејзината братучетка Мариела не може да најде мир сè додека не го расветли случајот. Спремна е да помине и низ оган, само за да дознае дали нејзината најсакана братучетка и другарка е жива и што се случило со неа.

    Војната, како и секоја друга војна, комплетно ќе ги измени животите на Мариела, Хенри и Роса. Суров период за сите кои директно се нашле таму на фронтот. Но и за сите други кои имале некој близок таму и со месеци чекале писма или макар една реченица која ќе ги увери дека сè е во ред и дека тој некој е сè уште жив. Поглавјата шетаа меѓу ликовите, а писмата кои си ги испраќаа ептен ја доловија атмосферата и едноставно не ни приметив кога ја прочитав.

    На прв поглед вака е доста бавна и монотона, но некогаш и во тоа си има некоја убавина. Во некои книги смета бавното темпо, во некои не го ни приметуваш. Оваа книга беше од тие вторите - течеше толку убаво, воопшто не ми сметаше.

    Нормално, имам и некои работи кои не ми се допаднаа до толку, но ептен удараат накај спојлер, па ќе ги задржам за себе. :D

    Во секој случај, вредеше да се прочита книгава и не ја одминувајте доколку ви се допаѓаат книги со воена тематика. :)
     
    На Anushka555, EMoonlight, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    26.867
    Не можев да најдам соодветна тема за прашањево
    Каков впечаток ти остави книгата? Видов дека си ја прочитала па затоа.
    Ја купив како подарок „на слепо“ пошто ја немам прочитано. Ми се виде кратката содржина интересна па затоа. А, ретко кога давам непрочитани како подарок
    Ме интересира дали направив hit или miss со книгава :tmi:
     
    На plava.90 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.574
    Допаѓања:
    78.950
    Пол:
    Женски
    Уживав во секоја страница. Пресврти, тајни, интриги.

    Еве накратко: Сајмон ја запознава Ирина на сајт за запознавање и набргу таа станува негова свршеница. Потоа следи смртта на неговиот пријател и колега Том, убиство кое полицијата не може да го разјасни.
    Сајмон оди на местото каде е убиен пробувајќи да сфати што би можело да се случи. Таму го сретнува Борис Моглиевич, човекот кој трага по Ирина но истовремено и таа го бара него. Следејќи трага по трага, Сајмон открива дека неговата свршеница го лажела за нејзиното минато, односно како настрадало нејзиното семејство, ќе открие и дека всушност таа него го искористила за да дојде до непријателот (човекот што ги убил нејзините родители и сестра и') и да му се одмазди. А тој човек е Борис Моглиевич. Највозбудливото прашање на крајот е кој кого прв ќе најде.
     
    Последна измена од модератор: 29 септември 2021
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Мраз студено - Тес Геритсен
    7/10
    Ми фалеа страници од книгава, не во буквална смисла туку во детали, опишување, раскажување, како сите приказни што се започнати не се раскажани до крај и се оставени на логично размислување и заклучок на читателот.
     
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Може си ја нашла досега, но сепак џаст ин кејс.
    https://ug1lib.org/book/5500180/9d11e9
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Едно лефтерно книжуле кое прво се прашував што ми требаше да го купам, ама ептен ќеифски и брзо го исчитав. Расказите како мали залачиња. Интереден стил и формат кој досега не сум го сретнала. Рецензија посебна нема.
    Бесконечни модели на расказот содржи 80-ина куси раскази поделени во неколку циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, функционални, опасни, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај и минијатурни раскази за пополнување страници. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност.
    Топла препорака.
     

    Прикачени фајлови:

    • Beskonecni-3d.jpg
      Beskonecni-3d.jpg
      Големина на фајлот:
      293,6 KB
      Прегледи:
      30
    На sonja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Исклучително квалитетно дело

    Некои книги не ти дозволуваат да ги голташ лесно, во еден здив. Си бараат многу, многу концентрација за најдобро да се сфати.

    ,,Портрет на уметникот во младоста" на Џејмс Џојс е едно од тие дела. Кои ме измачиле за сите пари, но приказната и стилот не ми дозволиле да направам грешка и да се откажам од книгата.

    Дали е нормално чувствително дете, после неколку дена во болница, да си ја замислува својата смрт? Да си го замисли својот погреб и денот кога ќе почине. А може да почине на сончев ден. Па и добрите луѓе умираат кога има сонце...

    Може ли голобрадо момче кое учи за спокојството на религијата, да одолее на пеколните проститутки од темните улички?

    Дали тоа му доликува на човек кој во иднина би се предал на Бог. Ќе гори во Пеколот, онаму каде вечно има оган?

    Дали може некој да живее безгрешно во овој свет? Ако не може, тогаш е најдобро да одлета како ластовиците... и да биде вечен скитник, но со слободен ум. Да не биде изеден од Ирска, стара маторица која ги јаде своите прасиња..

    ,,Кога во оваа земја ќе се роди душата на човекот, веднаш по неа се фрлаат мрежи да ја спречат да полета."

    ,,Можеби се друго е несигурно на ова смрдливо буниште наречено свет, ама мајчината љубов не е."

    ,,Ако огнот го примаме преку видот, би бил убав. Но, Аквински, исто така рекол: Добро е она кон што се стреми. Доколку ја задоволува животинската потреба за топлина, огнот е добар. Меѓутоа, во пеколот е зло."

    Ова е моја прва средба со Џојс и можам слободно да речам дека стилот на пишување на Џојс е еден од најубавите кои сум ги читал (едно ниво повисоко од омилениот мој Драјзер).

    Тоа е затоа што Џојс се смета за родоначалник и втемелувач на прозниот и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“.

    ⭐⭐⭐⭐⭐

    20211002_140939.jpg
     
    На ane.bella, poenta, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    The Spanish Love Deception

    [​IMG]

    Забавна и полна со хумор, баш како што и очекувам од некоја книга која му припаѓа на жанров.

    Каталина не се сеќава дали некогаш била посингл во животот, а како за беља исфилувала некоја сочна лага како конечно сретнала некој и дека супер им оди - сè со цел да не ја замараат со глупости од дома. Ама како така фатила дечко, а они не го запознале? Епа сега фамилијата бара да го донесе фамозниот дечко на свадбата на сестра ѝ. Нема бегање.
    Деновите си минуваат, дечко не се наоѓа ни за лек :D, па некако најлогично ѝ се гледа да викне некој колега од работа и да се преправаат дека се пар. Чисто колку да не ја смараат со дополнителни прашања и да им замачка очи на сите, па дури и на бившиот дечко кој ќе биде таму. Драма. :worried:

    Но, како викаат авториве - one thing led to another и дури трепне, почнува да се преиспитува што се случува на љубовен план и зошто колегава кој наводно не го поднесува стално ѝ се мота во мисли.

    Навидум ништо посебно и навистина не е нешто ново и досега невидено - од почеток до крај си се знае што и како ќе биде. Но, си има некој свој шарм и сфаќам зошто луѓево споулавеа по книгава. Друго нешто што константно ми минуваше низ мисли додека читав и слатко си се смеев на згодите и незгодите на Лина, беше фактот што Софи Кинсела и Александра Потер веројатно треба да се гордеат со авторкава. Очигледно научила доста од авторки како нив, а сепак успеала да си остави и свој личен печат.

    Класичен чик-лит со многу хумор, ама хумор сраснат за лликовите кој течеше онака, природно. И ликовите беа скроз симпатични, што секогаш ме радува. Баш се чувствував како да гледам филм од типот на How to lose a guy in 10 days (иако темите обработени тука немаат врска една со друга секако) или нешто слично.

    Како за пополнување глуп период во кој ништо не ми оди за читање, книгава беше баш супер. (y)
     
    На Regina.Phalange и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  10. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    20211114_183117-01.jpeg

    Мојата мрачна Ванеса
    Ова е книга што ја заслужува сета прашина што се крена околу неа. Една од книгите кои задолжително треба да се прочитаат.
    Ова не е љубовна приказна.
    Ова е морничава приказна за сексуалното насилство на професорот и љубовта на девојчето. Детската наивност и манипулативноста на професорот.
    Книгата е напишана во два временски периода.
    2000г Ванеса, амбициозна и желна побрзо да порасне, е ученичка во втора година средно кога влегува во афера со магнетски привлечен професор по книжевност, Џејкоб.
    2017г Ванеса се соочува со обвиненија дека Џејкоб сексуално злоупотребил ученичка и од неа се очекува и таа да го стори истото, да го пријави за сексуално насилство. Ванеса е вџашена, бидејќи е сигурна дека нејзината врска со Џејкоб, беше љубов. Сепак, се појавува доза на сомнеж и е приморана да ги евоцира спомените, да размисли за се што се имаше случено, да ја редефинира љубовта која го обележа нејзиното постоење, нејзиниот живот.
    Пред неа е невозможен избор, дали да остане нема на верувањата дека своеволно влегла во врска или да гледа поинаку на себе и своето минато.
    Како да се откаже од својат прва љубов, да ја редефинира врската со човекот кој ја промени од корен и бил секогаш присутен во нејзиниот живот?
    Дали е возможно да никогаш не го запознала мажот кој толку многу го сакаше. Сега, мора да се соочи со можноста дека била жртва.

    10/10
     
    На f.girl, Annath, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    8.447
    Пол:
    Женски
    Од каде ја купи? Книги од антолог каде можам да најдам?
     
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    70.207
    Пол:
    Женски
    Во Антолог или на нивната страна
     
  13. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Беше тоа лето Господово, налудничаво време. Со велосипедот одев кон штандот на „Темплум“, затоа што немав ниту една книга од оваа издавачка куќа.

    „Понудете ми нешто откачено во стилот на Булгаков и Џојс“, му се обратив на продавачот.

    „Мамлеев. Тие раскази се“, ја запре реченицата и се обиде со гестикулација да ми појасни дека вреди да се чита негова книга.

    Другарче од Темплум, никако не згреши што ми ја препорача оваа книга!

    Расказите на Јуриј Мамлеев се едни од најнеобичните, најоткачените што ги виделе моите очи, предизвикувајќи чудни чувства за време на читањето.

    Згрозување до смеење на глас. Се менува расположение како време на висок планински врв.

    Во расказите на Мамлеев има вампири, сеништа, мртовци кои играат на гробишта, опишувајќи ја феноменално духовната состојба на секој лик.

    „Всушност, 14-годишната Тања ја пикна главата во градежна машина и и ја откина како на птичка. Само падна на песокот.

    ... Потопи ми ја главата никаквецу, ме молеше гласот на Тања во сон. Па, зарем не би било глупаво да одам во мртовечницата и да и ја откинам главата, која одвај и ја сошија.

    ... Направи го тоа што те моли покојникот, затоа што неговиот дух ќе влезе во друго живо тело и ќе те измачува.

    - Главата на Тања беше во мојата торба. Ах, колку си прекрасна. Дали би биле јас и ти среќен пар?“

    „Аполон се обеси. Да го зготвиме неговото тело, да почувствуваме како тој се чувствува во смртта?“

    ,,Коља не фантазираше да спие со убава жена, туку со чудовишен розев стомак, кој од задоволство ќе испушта густа пареа" ...
    ,,Да се живее во смртта значи да се живее во негирањето на сето она што ја исполнува свеста"

    „Можам да кажам дека најмногу на светот не ги трпам обичните луѓе, какви што се деведесет проценти од луѓето на планетава. Би можел да се обложам дека секој убиец, дегенерик или пијаница е подобар и повозвишен од просечниот човек. Во душата на престапникот може да се појават каење и страв, и на челото му избива пот поради неговата чувствителност, а кај обичниот човек нема ништо од тоа - тој е машина што зборува, антидуховен, патолошки тап и смета дека владее со здравиот разум. Обичниот човек е премногу тап за да го сфати духовното, па за да се потврди себе си, принуден е да се фаќа за надворешните нешта и да ја бара најголемата вредност во нешто материјално или во некоја мисловна глупост, ако одеднаш обичниот човек се зафати со некоја идеја“

    Преводот на книгата е феноменален и сигурно е книга што не се заборава, но и е за оние со појак желудник.

    Препорака за сите кои сакаат необични книги и ова дело мислам дека ќе ги измести од комфор зона.

    Како увертира на Мамлеев, земете ги и расказите „Не правете им сенка на гробовите“ на Dijana Petrova, кои се слични, но помеки во однос на оваа книга

    20211106_143729.jpg
     
    На Ivaaaaaa92 и Espadrila им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    12.421
    Денеска ја дочитав „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски. Романот зборува за тројца хомосексуалци од кои едниот исчезнува, односно во меѓувреме се оженил и добил ќерка. Не ми се допадна. И во овој роман дејството се случува на Крит. И овој роман на Андоновски има 100 страници без рецензијата, но буквите се големи, фонт 14 или поголем, и реално ако се намали фонтот тоа би биле само 50 страници, ништо повеќе. Имаше опис на една секс сцена меѓу геј мажите на плажа, гадно. Со оваа книга, ги имам прочитано сите негови книги. Првите две ме воодушевија, и секоја следна книга му е се послаба и потенка со број на страници. Инаку, за него се зборува дека е геј, а и од тоа што го читав не верувам дека маж кој не е геј може да напише таква книга.
     
  15. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми се допадна книгава.Лоша копија на „Лолита“.Ми изгледа како авторкава немала идеја,а морала да напише книга,па ај нешто по тој пример ќе модернизира и ете...
    Одвај ја дочитав. 3/10
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    12.421
    Ја прочитав „Сегашно минато време“ од Петре М.Андреевски. Дознав многу за неговите ставови за Рамковниот, Љубчо Герогиевски, Борис Трајковски, и опструкциите кои му ги правеле македонски писатели, наведени со име и презиме. Петре е автор кој секој Македонец треба да го прочита. Едноставно тој е Македонец со големо М, нешто што мнозинството не се. Да беше роден во Европа или Америка, да имаше државата со силно лоби зад себе, веројатно ќе беше Нобеловец.
     
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да го сместам прашањето па тука ќе го ставам.
    Дали некој знае каде може да најдам лектор по македонски јазик?
    Напишав семинарска, само ми треба некој да ја провери.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.851
    Допаѓања:
    12.421
    Барај на гоогле, има огласи од лектори, или обрати се во било која издавачка куќа. Таму имаат лектори кои добро си ја знаат работата. Земаат по 20 денари од страница за лекторирање поезија, за проза мора да е повеќе. Писатетелката Оливера Ќорвезировска е лектор и мажот ако не се лажам е лектор. Можеш на фб да ја најдеш и прашаш. Со кафеава коса испод рамена е.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    BAAB324F-B203-4D53-9CCC-165DE66DF27C.jpeg
    Многу досадна книга. Настаните се случуваат премногу споро, мислев на пола да ја оставам, ама имав надеж дека ќе случи нешто во наредната страна. Ја влечев неколку дена, едвај ми задржуваше внимание. Крајот избрзан и предвидлив. Еден од полошите трилери кои ги имам прочитано годинава.
    2/5.
     
  20. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Дело кое секој медицинар треба да го прочита [​IMG]

    Му ја скршив вилицата додека му вадев заб. Ах, ѓавол да ме земе. Што ми требаше да се истрчам со клештите? Сега војникот ќе добие гангрена и труење на крвта. Каков лекар сум јас?
    Најдобриот челик се добива кога уште од мали нозе ќе биде фрлен во оган. Без никаква посебна подготовка. Така е и со луѓето.

    Оставете ги сами да ги завршат нештата, за подоцна да бидете изненадени од нивната умешност. Ќе има капки на челото, попуштање на мозокот, но крајното решение ќе им дозволи мирен сон.

    ,,Записи на младиот лекар" е врвно дело на Булгаков, кој во младоста работел како селски лекар, а подоцна бил одличен бактериолог. Во ова дело ги опишува случаите со кои се соочил во пусто место во Русија. Болница која е џенем, надвор од цивилизација.

    ,,Каде исчезна целиот свет на мојот роденден? Каде се електричните светилки на Москва? Луѓето? Небото? На прозорецот нема ништо! Темница...
    Отсечени сме од луѓето. Првите фенери на железничката станица оддалечени се од нас девет врсти. Таму, веројатно, мижурка фенер, се бори со виулицата" ...

    Човек од се што се плаши, се ќе го снајде. Тогаш, 24-годишниот Булгаков се плаши да не му донесат жена за породување, нога за апутирање. И тоа го носат.

    За една година прегледал 15613 болни, а само шест пациенти умреле.
    Како само Булгаков ги опишува случаите со кои се соочил, тоа е нешто неверојатно. Но, на крајот, најголема е борбата на човечкиот мозок - дали пациентот ќе биде спасен?

    Булгаков му удира вистинска шлаканица на општеството кое повеќе се грижи за учење теорија, отколку практична настава.

    Препорака дефинитивно [​IMG][​IMG]

    bulgakov.jpg
     
    На simoncelicius, gjoker4e, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.