Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.552

    Ја имам гледано серијата со истиот наслов, ама не знаев дека е според книга. Серијата ми беше одлична, особено црниот хумор.
    Во серијата докторот е зависник од морфиум претпоставувам така е и во книгата.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    kniga-mk-vo-eden-mig_1.png

    Ја оценив со 3/5. Ќе пишам неколку збора и зошто баш таа е оценката.
    Ми се допаднаа деталите, раскажувањето и поуката. Животот е непредвидлив и краток. Во еден миг си тука, а во другиот...
    Фин е 16 годишна девојка, еден ден одат на семеен краток одмор на планина. Се спремаат за вечера, да јадат палачинки, среќни и возбудени, а еден елен на патот, во снежна и студена ноќ, ги носи во провалија. Фин од повредите го губи животот на самото место. Но, нејзината душа е тука, присутна, следи што се случува понатаму. Голгота, борба за живот, во сето тоа излегуваат на површина скриените карактеристики на речиси сите луѓе кои беа дел од несреќата. Или можеби, во такви ситуации, човекот не е ист? Размислува себично, се претвора во некој друг, егоист.
    Понатаму, Фин го раскажува она што го гледа и што сфаќа за нејзините блиски, како се чувствува кога е покрај нив а не е веќе дел од нивните животи. Убаво раскажано, само не ми се допадна што премногу долго остана на "тој свет", баш токму за да види како сите си го најдоа патот до среќата и да не пропушти ништо пред да ја проголта светлината во вечноста. Мислам, ок, книга и нормално да се така настанитe :D Заради таа развлеченост и' скратив од оцената.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Wish you were here - Jodi Picoult
    Книгава... Ја нема онаа напнатост низ целата книга која е некако карактеристична за Пико. Првата половина се влечкаше, ништо не се случуваше, како воопшто да немаше ни некоја приказна, нити нешто да се исчекува. И потоа бам, mindfuck, пресвртница. Воопшто не ни очекував, ниту мислев дека такво нешто се случува, ме успа првата половина.
    Ама, по пресвртот пак си стана досадна. Само и то беше единственото добро нешто во книгата. Не беа ни ликовите впечатливи.
    Има двојка, само поради пресвртот, а баш ми е криво зашто очекував многу повеќе.
    И да тешка е со ковидот, многу сцени посветени на вирусот.
     
  4. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Времето на лалињата од Дебора Могах.
    Приказна за љубовта, проткаена со елементи на уметноста на 17-от век во Холандија. Раскажана е во поглавја секое од аспект на неколкуте ликови кои се вклучени, секој со својата борба за среќа во животот, измами и сплетки кои те држат во неизвесност и желба да дознаеш како ќе заврши, а завршува баш неочекувано. Прилично лесна е за читање (ја прочитав за нецел ден). Би дала 8/10.
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    The Midnight Library - Matt Haig

    Книгава почна одлично. Навистина, навистина ветувачки.
    Нора е меѓу животот и смртта, а таму има една библиотека. Полна со книги кои може да го дадат одговорот на прашањето што најчесто си го поставуваме... Што ако? Што ако донесов поинаква одлука за ова, или за она?
    Сите имаме некакви regrets, а Нора има прилика да види многу различни исходи на овие што ако.
    Нели ова звучи многу интересно? Нели?

    За жал потенцијалот не беше остварен. Предвидлива сосема, не очекував дека ќе предвидлива, ама е.
    Вториот дел веќе преминува во книга за самопомош, нешто што не читам воопшто.
    Се обидел авторот да долови некои длабоки мисли, кои всушност беа тешки клишеа и во некои делови преминуваа во солење на памет.
    Не знам зошто има толку висок рејтинг книгава, ама мене не ми се допадна воопшто, ниту би ја препорачала некому. Единствно добро е што не е обемна, па брзо се читаше. Ќе ја оставев инаку.
     
    На Annath, f.girl и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Не е во книгата и многу ме нервираше тоа.Американчиштава од завист го извитопериле ликот до степен на гротеска,ја претераа..Сите заедно да се соберат американски автори и нови и стари немаат ни колку малиот прст од Булгаковиот талент.
     
    На ohlala и violetblue им се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    ^^
    @f.girl мислам ќе те интересира критиката. Ако немаш видено сѐ уште. :):)
     
    На f.girl и RainBow им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.928
    81XXBeyPS7L.jpg

    Иако книгава се рекламира како самопомош, јас пре би рекла дека е мемоар на некој начин.

    Иако е претежно наменета за мајки, сметам дека е буквално книга за секој: мајки, татковци, луѓе без деца... луѓе.

    Секому ја препорачувам, искрена, топла, реална. Како да си правиш муабет со ептен најдобра пријателка :)
     
    На gjoker4e, ane.bella и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    The Pact - Sharon Bolton
    [​IMG]

    Шерон Болтон некогаш беше поим за добар трилер. Не се испушташе од рака нејзина книга, но ете оваа ко да не беше пишувана од неа, ептен ме изненади и ме разочара малку.

    Станува збор за друштво од шест средношколци. Кој од кој попаметен, поистакнат, поталентиран, бла, бла, бла. Меѓутоа, една мала адреналинска ноќна авантура скапо ќе го кошта веселово друштво и принудени се да сковаат план со кој ќе ги прикријат трагите на виновникот кој седел зад воланот.

    Иако не е воопшто крива за несреќата која се случила, Меган ќе ја преземе целата вина и ќе си ја одлежи затворската казна. Договорот гласи: таа ќе каже дека е виновна, другите ќе кимаат со глава и ќе си го кажат својот дел, нивните искази ќе држат вода и полицијата ќе ја проголта нивната приказна.

    За возврат, секој од друштвото ќе ѝ должи по една услуга - што ќе посака, како ќе посака, Меган ќе мора да добие сè што ќе посака, доколку сакаат тајната да биде чувана до крај.

    Дваесет години подоцна, Меган е конечно на слобода и прави обиди да стапи во контакт со некогашните најдобри пријатели. Тука почнува заплетот и се губи смислата на сè што дотогаш сте читале.

    Обидот да направи клопче од заплетот и малку излегол од контрола овој пат. Само без потреба се развлекуваа сите работи и колку и да сакав да дознаам што ќе се случи, исто толку превртував со очите затоа што имаше премногу клишеа. Што знам, ниту крајот не ми остави некој впечаток, немам нешто што би пофалила кај книгава. А идејата ми звучеше баш интересна, но штета што сè испаднало вака наивно

    Ќе ѝ дадам уште една шанса на најновата што треба да излезе од неа и ќе видиме дали ќе биде интересно или не. :D
     
    На Anushka555 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    The Wish - Nicholas Sparks

    Ех, книгава... Се потсетив зошто толку одамна немам читано ништо од Спаркс. :D

    Можам само да речам дека ликовите не беа лоши, беа супер разработени. Ама приказната, леле колку се влечеше, можеше многу пократка да биде, а поемотивна.
    Елементот на шпанска серија секако го имаше, предвидлива си беше исто така.
    Онака, за 2,5/5 ѕвезди би рекла.

    Ама толку со Спаркс, доста ми е од него дефинитивно и не би читала нешто повеќе.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Аtomic awakening: a new look at the history and future of nuclear power

    [​IMG]

    Масивно голема книга која ја содржи, па може да се каже цела историја за нуклеарната технологија, од нејзиното откривање од страна на Марија Кири, која го открила Радиумот, до откривање на останатите радиоактивни изотопи. Европското истражување, највеќе германското и англиското, до политичките превирања во Европа за време меѓу светските војни и почнувањето на подемот на атомските истражувања во САД кој ги собрал сите познати научници кои работеле на полето на Нуклеарна технологија. Менхетен проектот, атомските бомби, правење на првата нуклеарна централа, првата нуклеарна подморница, студентата војна помеѓу Русија и САД. Идеите за нуклеарно вооружување и искористување на нуклеарната технологија за интерпланетарно и интерстеларно патување. Нуклеарните катастрофи, најдобро опишани оние во Англија и САД.
    Нуклеарниот скептицизам и падот на довербата во нуклеарната технологија. Зошто и како е сопрено целото инвестирање во нуклеарни централи и истите се затвораат. Парадоксот на еколошките здруженија и кој стои позади нив. Развојот и можностите за нуклеарната програма во иднина. Менување комплетно на принципот на работа на нуклеарните централи кои денес се далеку поефикасни, побезбедни и почисти, како што авторот знае да каже, "чиста технологија"....

    Книгата изобилува со историја, научни и технички податоци, како и навлегување во сржта на нуклеарната енергија од страна на научна страна и за секој кој е љубител на науката, квантната физика и општо филозофската наука за развој на човештвото и парадигмите кои му престојат, и солуција на проблемите кои го мачат, посебнo оние енергетските, Atomic Awakening е напишана од нуклеарен научник од САД кој бил еден од пионирите во развивање на нуклеарната енергија во 50-те и 60-те години на минатиот век.
    Огромна е, но, вреди.
     
    На Lella, f.girl, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде книгава?
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Flatland - Edwin J. Abbott

    [​IMG]

    Flatland е револуционерна книга во доменот на науката и математиката, каде преку една кратка приказна, авторот на доста умешен начин го претставува светот во 2 - Димензии.
    Сместен во Викторијанската доба, сатирично го исмева човечкото општество полно со расни, сексистички, класно поделени сегменти и хиерархии каде што мажите, колку се покомплексни форми со прави агли добиваат повисока улога во едно така поставено општество.
    Рамнокраките триаголници се најдолу во општеството, сочинети од војници и слуги, рамностраните се пак обичните луѓе и мало стопанство, квадратите се средно - високата класа, повеќе аголниците се аристократијата, а кругот како најсовршена форма ја има цела моќ во светот за да владее.
    Со секој нареден машки потомок, аглите се зголемуваат и комплексноста расте.
    Но, тоа не е случај со жените, кои се претставени како 1 - димензионални сушстества, линии, и се наоѓаат на дното на општественото скалило. Забранета им е едукацијата, правата, како и самостојното шетање надвор.

    Книгата го опишува патот на еден квадрат, професор по математика, кој ќе има можност да се сретне со свера од 3D свет. Прекрасно е доловена средбата, и начинот на кој што би изреагирал некој човек доколку би имал средба со суштество од свет со 1 димензија повеќе од неговата.
    А, тука, се отвора можноста дека ако постојат 1D, 2D, 3D, тогаш можно е да постојат и далеку покомплексни суштества и светови како 4D, 5D итн.
    Авторот на мошне умешен начин ни го претставува ова, доволно добро да можеме да го свариме и визуелно да замислиме еден таков свет, што донекаде е mind-blowing за нас, како што беше за математичарот квадрат од 2D.
    Карл Сеган визуелно го прикажал сето тоа во едно кратко видео, каде зборува за книгата и светот во 2D.



    Земајќи предвид дека книгата е пишувана во 1800-те години, каде уште немале струја, ја прави толку напредна за своето време, што дури и денес концептот на димензии е тешко да се сфати меѓу луѓето, па можам да замислам како им било на читателите тогаш.
    Мала е, концизна, брзо се чита, освен основна математика и геометрија нема нешто повеќе, па лесно е сватлива и ја развива фантазијата.

    7-ца
     
    На raww, Anushka555, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Нишка од Трејси Шевалие.
    Одамна ја меркав и никако не и доаѓаше редот, но ја прочитав конечно.
    Книгата ми се допадна, емотивно раскажана приказна за пост-воениот период во кој сите се борат на свој начин да го пронајдат своето парче мир во животот.
    Главниот лик е жена која и покрај сиромаштијата, загубите во животот и сите предрасуди на општеството за немажените жени, се обидува да го пополни амбисот во својата душа, да остави свој белег во светот и да застане на свои нозе, а успева да најде утеха и желба за живот преку везењето за катедралата, пријателките кои ќе ги запознае и забранетата и несудена љубов.
    Од мене 9ка.
     
  15. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Najdobar !
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    I know this much is true - Wally Lamb

    Во книгава станува збор за двајца идентични близнаци. Едниот развива шизофренија, другиот не,
    Но, целата приказна е многу покомплексна, толку убаво исплетена и распослана на 900 страници...
    Уживање ми беше да ја читам, една од оние книги кои ги оставаш, но мислите ти остануваат со приказната, што додека не ја прочиташ немаш мир.

    Секоја чест за авторот што толку умешно ги имаше преплетено настаните, што секој лик имаше посебен глас кој никако не можеше да биде помешан со друг.

    Раскажана е и приказната на дедото на близнаците, таа ми беше многу потешко сварлива со оглед на насилството врз жените во тоа време.
    По оваа книга ми стана јасно зошто секоја од поновиве ми е некако бледа и невпечатлива, приказните сите некако налик едни на други, набрзина напишани без да се даде живот на ликовите...
    Книгава имаше 900 страници, ама секој збор беше на место, нема нешто што би го скратила и би рекла дека е непотребно.

    Има чиста петка од мене и е најдоброто нешто што сум го прочитала годинава.
     
    На gjoker4e, dayla, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Фантом слободе

    Фантом слободе Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Saramago - Evangelie po Isus Hrist
    Fenomenalna!!!
    Inače pisatelot e nobelovec
     
  18. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    The seven husbands of Evelyn Hugo - Taylor Jenkins Reid 4/5


    [​IMG]

    Имав доста слушано за книгава и ја прочитав доста брзо. Самото пишување не е нешто којзнае што ама има добра приказна што те влечи да читаш повеќе. Мислам дека е од тие книги што тешко се спушта откако ќе се почне со читање. Ликовите се добро развиени со исклучок на Моника која искрено се до крајот некако немаше некоја улога или влијание. Книгава ми даде добра перспектива за тоа како звучи Холивуд а каква е стварната реалност..
    Како и да е, се работи за позната холивудска ѕвезда Евелин Хуго и како ја добила нејзината популарност преку нејзината глума во популарни филмови, како и нејзиниот скандалозен живот кој е проследен од медиуми и папараци. Како и нејзиниот приватен живот, браковите, врските, тајните, жртвите и каењето, како и забранетата љубов.
    На седумдесет и некоја година Евелин се решава да ја изнесе сета вистина на виделина и ја ангажира Моника која не е и е јасно зошто баш таа е избрана од големата Евелин Хуго.​
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Lily - Rose Tremain
    Едвај чекав книгава да излезе. Не прочитав ни содржина ни ништо, ми се допаѓа поетскиот стил на изразување на Роуз Тремејн.
    Ама приказната...
    Да знаев што се случува не знам дали воопшто и ќе ја читав.
    Сирачиња, измачувани, гревни, една тешка атмосфера во целата книга депресивна, уффф....
    Тешка за читање навистина, таков гнев ми будеше.
    Не знам ни што оцена би и дала, ме збуни некако целосно.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Astrophysics for People in a Hurry - Neil deGrasse Tyson

    91GYFNzyXlS.jpg

    Одлично склопена книга. Ми послужи како повторување на моето досегашно познавање во оваа област.
    Релативно кратка е, па немам што премногу да кажам освен да издвојам цитат што многу ми се допадна.

    "To the scientist, the universality of physical laws makes the cosmos a marvelously simple place. By comparison, human nature—the psychologist’s domain—is infinitely more daunting. In America, local school boards vote on subjects to be taught in the classroom. In some cases, votes are cast according to the whims of cultural, political, or religious tides. Around the world, varying belief systems lead to political differences that are not always resolved peacefully. The power and beauty of physical laws is that they apply everywhere, whether or not you choose to believe in them.
    In other words, after the laws of physics, everything else is opinion."

    9/10 оценка.
     
    На Annath, Lella, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.