1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    The Puppet Show - M.W. Craven
    [​IMG]

    Mислам дека вакви детективски романи веќе навистина ми станаа досадни. Некако сè истото, пак истото се врти во круг и нема нешто што би ја издвоило и оваа книга од некои други од истиот жанр.
    И секогаш истото, си велам дека готово веќе не ги читам, не се замарам со нив и на крај пак кога не знам што да читам земам некоја ваква. :|

    Имаше потенцијал книгава на почетокот. Се појавува сериски убиец кој спалува жртви и на нив остава трага која можеби води кон следната жртва, а можеби ја носи и самата истрага во некоја друга насока.
    Вашингтон По ми беше предосаден лик. Авторот пробал малку да му даде некоја димензија ама што знам, нешто недостасуваше за да биде повпечатлив.

    Во истрагата му се придружува Тили Бредшо - мозокот на целава книга. Е таа ми беше вистинско освежување. Иако малку стереотипно, па дури и на раб на клише беше претставен нејзиниот лик, сепак ѝ даде нешто малку живот на книгава и ми ја направи за нијанса подобра. Овие невродивергентни ликови ептен си зедоа замав кај сите автори без разлика на жанрот, па кога ги среќавам толку често низ секакви книги, и тие ми станаа досадни, да бидам искрена. Не може секој да изваја таков култен лик како Еленор Олифант, мислам дека едноставно не секогаш успева до толку да легне ваков лик некаде и да се вклопи, па и повеќето обиди за импровизација се малку...смешни.

    Дефинитивно си ги имаше моментите книгава. На раб бев и да ја оставам зашто во одредени делови не се случуваше ама баш ништо. И тоа си траеше, си траеше...:?::o:

    Расплетот малку ја раздвижи и тоа беше тоа. Ништо спектакуларно, ништо невидено, ништо ново. Онака, просечно добра книга ко за да пополниш време во некое досадно попладне. Другите од серијалот не знам дали би ги читала, засега најверојатно не, за понатака ќе видиме. :D
     
    На FridaKahlo, Annath и RainBow им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    „Немиот дом“ од Орхан Памук. Одличен писател. Одличен роман. Ме воодушевува.
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Love Hypothesis - Ali Hazelwood
    Книгава веќе ја заборавив. Да знаев дека е фанфик немаше ни воопшто да ја читам, ќе барав нешто од жанров, ама поинакво. Полно со клишеа и стереотипи, не ми се допадна воопшто, ама воопшто.
    Мислам дека ќе се држам понастрана од романсиве некое време.
    [​IMG]
    History is all you left me - Adam Silvera
    Книгава... Тешка беше емоционално. За еден тинејџер кој мора да се справи со загубата на неговата прва љубов и неговиот најдобар другар.
    Не ми е познат авторов, ама насловот веднаш ме привлече, ми се допадна премногу.
    Ми се допадна и стилот на пишувањето, уживав во речениците. Има 4ка од мене и дефинитивно ќе прочитам уште нешто од авторов.
    [​IMG]
    Со ќерка ми ги прочитавме првите два дела од серијалот Славната петка, од Енид Блајтон, ни се допадна и на двете, ќе ги читаме и останатите делови.
    Четири пријатели и едно куче имаат свој остров, на островот еден разрушен дворец и многу, многу авантури.
    Ми се допаѓа колку добри пријатели се децата и како си помагаат, нема исмевање, се бранат едни со други и се прифаќаат какви што се. Баш убави дискусии си имаме додека читаме.
     
    На FridaKahlo и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  4. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.467
    Пол:
    Женски
    Животинска фарма - Џорџ Орвел
    Farma.jpeg

    Какво книгиште :clap: Не според бројот на страници, туку според влијанието кое го предизвика врз мене. Не знам како досега сум пропуштила дело од ваков калибар, дури мислам дека и предоцна ја пронајдов :| Прекратка книга, а во себе крие такви пораки. Низ само стотина страници е прикажан апсурдот кој се крие позади слоганот - сите се еднакви.

    Животните на фармата се пандан на луѓето, живеејќи во заробеништво, за да се ослободат од стегите на нивниот сопственик креваат револуција под мотото - Сите животни се еднакви. После извојуваната победа, навидум изгледаше дека конечно го воспоставија тоа толку посакувано дистописко општество, не сфаќајки дека нивниот живот се претвори во една фарса, едно ново ропство скриено позади мотото на револуцијата.

    Иако книгава е сатира на тоталитаризмот, повеќето (читај:сите) од ситуациите ги препознавам и ден денес во т.н. демократско уредување. Себичноста, тиранијата, лагите, желбата за тотална моќ и диктатурата на "поинтелигентните" која расте пропорционално желбата за профит врз грбот на послабите се централниот дел на приказната. Брутална книга која е олицетворение на животот на оние посиромашните под власта на оние кои се "залагаат" за доброто на народот.

    Ова парче литература е задолжително за секого. Не би сакала да откривам многу детали со тоа што следно ќе го напишам, затоа моето видување го ставам во спојлер.

    Книгата започнав да ја читам со весело, динамично темпо, се соживеав со желбата на животните, а уште повеќе кога ја постигнаа целта. Но, знаев дека нема да продолжи толку оптимистички, уште кога прасињата се самопрогласија за најпаметни и власта ја имаа тие (нели сите ќе беа еднакви?!). Како наближував до крајот, сè потешко ја прифаќав новата, трагична динамика која ја наложуваше приказната. Срцето ми се скрши за Боксер, целиот живот живееше во илузија, храбро борејќи се за идеалите (кои првично беа од интерес на сите, но после веќе не), за на крај да биде предаден од оние на кои најмногу им веруваше. Звучи познато, нели? :)

    Морам да искоментирам една порака која многу ми се допадна, а тоа е влијанието и значењето на образованието. Моќта ја имаа оние што читаа и пишуваа, а животните кои беа неписмени им служеа како марионети на "писмените". Поради овој недостаток, животните беа лесни за манипулација, им беше оневозможено да размислуваат трезвено па воопшто не забележаа дека правилата магично се менуваат. Не можам, а да не замислам колку поразличен ќе беше случајот доколку Боксер знаеше да чита. Навреме ќе ги забележеше сплетките и ќе ги спасеше и себе и останатите (барем се надевам дека немаше да се расипе кога ќе ја имаше моќта во свои раце).

    Погоре со наводниците кај писмени, сакам да ја потенцирам разликата помеѓу оние кои ја злоупотребуваат моќта на образованието (го користат како алатка за воспоставување на хиерархија и како оправдување за газење врз неписмените) и оние кои со него прават суштински промени. За мене писмени се само овие вторите, и што повеќе писмени луѓе ни се потребни во денешно време. Луѓе кои не се заслепени од идеалите на поеднини политичари, кои не живеат во илузија дека нема подобро и кои се способни за разумно расудување. Гледајќи околу себе, а и тука на форумов, имам надеж во помладиве генерации дека нема да прераснеме во партиски ботови кои не знаат ништо друго освен да се расправаат на фб коментари.

    За крај, МОРАМ да додадам уште нешто. Во насловот на книгата која ја купив наместо буквата "и" стои "i", кога ја забележав си помислив каков пропуст. Не ми беше јасно како ваква фатална грешка поминала незабележително. Еве и слика, да видите на што мислам.
    20220410-123258_Gallery.jpg

    Подоцна, сфатив зошто е тоа така. Кога животните ги пишуваа правилата згрешија неколку букви, па мислам дека намерно е направен ваков пропуст :wasntme:

    Значи многу ми се допаѓаат вакви минијатурни детали поврзани со содржината. Невидливи и нелогични на почеток, а потоа магично стануваат значајни за читателот. Ги доживувам како оние интерни шеги и моменти кои се special само за засегнатите страни. Ахх, I love it :inlove:

    **Само се надевам дека сум во право и дека не ја романтизирам ситуацијава. Ако забележал и некој друг би сакала да слушнам мислење.
     
    На FridaKahlo, mKdevojce, Dancewere и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    The Theory of Everything: The Quest to Explain All Reality - Don Lincoln
    81skhB-ry-L._SL1500_.jpg

    Yes yes, I know, клише наслов/тема. Меѓутоа оваа книга стварно ми требаше бидејќи ми претстави вистинска слика за сложеноста на оваа област во физика. Prof. Don Lincoln одлично го стори тоа. Претходните книги беа многу посоџвакани за секојдневниот читател, додека оваа бара подобро претходно познавање. Од таа причина не би ја препорачал за секого.

    Омилен дел ми беше кога Дон објаснуваше од каде доаѓа нашата маса(тежина). Тоа што ни покажува вагата ќе го добиеме и ако ги собереме сите молекули и атоми од нашето тело и ги измериме на вага. Но прашањето е, ако молекулите и атомите му даваат маса на нашето тело, тогаш што им дава на нив маса? Ако зумираме до најситните составни делови на нешто тело - particles, ќе видиме дека тие даваат само 2% од нашата маса, останатите 98% е енергијата што ја соддржат која се претвора во маса поради законите на QCD (Quantum Chromodynamics). Со други зборови, ако некој тежи 50кг, тој има само 1кг "stuff", останатото е енергија. На кој му треба диета сега? :D
     
    На gjoker4e, kankus, Anomis11 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    978-080700000-7.jpg

    „Човековата потрага по смисла“ - Виктор Франкл

    Книгава сум ја купила одамна уште кога купував физички книги и ако е мала (130-тина страни), никако не ѝ имаше дојдено времето за читање сè досега. Никогаш не бев слушнала ни за Виктор Франкл, ни за книгата, но веројатно ме привлекла не само тематиката, туку и тоа што на корицата ѝ пишуваше дека е една од топ 10 највлијателни книги на сите времиња во Америка.

    Со читањето на биографијата на крајот од книгата дознав дека Виктор Франкл е всушност истакнат психијатар, психолог и невролог од Виена, со дополнителен докторат во философија, кој уште на 16 години му пуштил напишан труд на Фројд и некое време пред војната држел бесплатни консултации за млади луѓе со психички проблеми. Како резултат на тоа, во 1930 година за прв пат по долго време, немало ниедно самоубиство на студент во Виена. По војната, исто продолжил со работа во клиники и држел предавања на Харвард и други истакнати универзитети.

    Не се разбирам во психологија, но импресивен ми беше фактот дека е основач на третата виенска психотерапевтска школа - логотерапијата, каде првата и втората се психоанализата на Фројд и индивидуалната психотерапија на Адлер, соодветно. Fun fact: пред да ја почнам книгата и пред да го сфатам значењето на ова, мојот идиотски ум мислеше дека логотерапијата е назив за терапијата што им се дава на луѓето во логопедијата :rofl:.

    Книгата не е наменета како извор на историски факти со точни дати, настани, именувања на лица итн, туку е наменета да раскажува за „измачувањето и смртта на огромната војска непознати жртви“. Стилот на пишување е едноставен (иако на моменти ми е чуден начинот на изразување, а можеби е и до преводот), не се работи за прекомплицирано презентирање на идеите, меѓутоа верувам дека потребно е време за да се „сварат“ сите аспекти, тврдења, мислења, затоа што сепак се работи за влегување во одреден начин на размислување и гледање на светот.

    Поделена е на два дела:
    Прв дел - Доживувањата на еден психолог во концентрационен логор, кој понатаму е поделен на четири дела:
    - Искуствата на еден психолог во концентрационен логор (што служи како еден вид на вовед)
    - Период веднаш по доаѓањето во логорот
    - Период на логорска рутина и апатија
    - Психологија на логорашите по ослободувањето
    Втор дел - Основни поими на логотерапијата

    Најголемиот дел од првиот дел на книгата ги објаснува мислите и чувствата на просечниот логораш, во различни периоди од животот на логорашите. Се зборува за секојдневните обврски, неправди, закани, казни од стражарите, како и односот на различните „сталежи“ на логораши. Крајот на првиот дел и цел втор дел ги презентираат неговите воопштени ставови за „психолошкиот живот“ кој треба да го живее секоја индивидуа.

    Би рекла дека денес овие идеи се максимално искомерцијализирани од self-help културата, односно тие наративи се толку наметнати од разни мотивациони говорници и гуруа, што веројатно не би ни звучело како нешто ново и револуционерно. Можеби дури и би предизвикало превртување на очи, иако верувам дека во тоа време и било уникатно гледиште на животот. Сепак, има многу добри мисли и цитати. На еден начин, всушност и се согласувам со неговите идеи, затоа што сум забележала дека барем делумно живеам или се стремам да живеам по таа философија.

    Ќе цитирам дел од воведниот опис на Франкл за логотерапијата (започнува со прашање на колега за редуцирана дефиниција за логотерапијата):
    „Можете ли во една реченица да ми кажете што е тоа логотерапијата?“ „Можам“, одговорив, „но под услов најпрвин Вие мене да ми кажете што е суштината на психоанализата.“ Неговиот одговор гласеше: „За време на психоанализата, пациентот мора да лежи на кауч и да зборува за работи за кои е обично непријатно да се зборува.“ Возвратив со иста мера: „Ете, во логотерапијата, пациентот мора да седи и да слуша за работи кои понекогаш е непријатно да се слушнат.“

    Се разбира, тоа беше досетка, а не дефиниција на логотерапијата. Но и таа досетка ја содржи точната забелешка дека логотерапијата е помалку ретроспективна (помалку го истражува минатото на пациентот) и помалку е интроспективна (помалку ја испитува неговата свест) отколку што е тоа психоанализата. Во средиштето на логотерапијата е претежно иднината, односно задачите и смислата кои пациентот треба да ги исполни во својата иднина. Истовремено, логотерапијата ги отстранува од средиштето на свеста сите облици на маѓепсаниот круг и ретроактивните механизми (feedback), што имаат голема улога во создавањето неврози, кои ќе ги разгледаме подоцна. Така се разбива типичната егоцентричност на невротичарот, наместо постојано да се поттикнува и засилува, како во психоанализата.
    Без да навлегувам во детали за да не направам големи спојлери, и самиот Франкл кажува дека логотерапијата верува во слобода на избор во формирањето на личноста, за разлика од другите школи, каде човекот се гледа само како производ на биолошки, психолошки и социјални фактори.

    Друго што исто ме изненади е фактот дека логотерапијата не ја поддржува идејата за т.е. хомеостаза, односно состојба без напнатост на човекот, туку смета дека тој постојано мора да се наоѓа во состојба на стремеж и борба за некоја цел. Не знам зошто ме изненадува толку ова затоа што секогаш кога се трудиме да мотивираме, охрабриме некого, наоѓаме цели кон коишто тој/таа би можел/а да се стреми со цел да не запаѓа во депресивни мисли.

    Но, од друга страна, ја имаме и другата крајност, каде „треба“ да сме што е можно поопуштени и „полабави“ во животот или со други зборови: да не се замараме и да се одржуваме во состојба на „уживање“ во името на „менталното здравје“. Претпоставувам дека затоа бев изненадена, ставот дека на некој начин не е добро за нашата психа да се наоѓаме во состојба на "idling". Во секој случај, можам да се согласам со ова затоа што најлошиот период од животот ми беше кога бев најнеактивна и најголем причинител да излезам од тоа беше стремежот кон некоја цел.

    За крај, би споменала дека во центарот на логотерапијата се наоѓа духовната состојба на човекот, но не се мисли во религиска смисла. Сепак, можам да забележам дека и покрај неутралниот пристап при излагање на концептите на логотерапијата се гледа влијанието на вербата во Бог на Франкл. Иако не сум верник, не ми сметаат философски аспекти од религиите доколку тоа му е потребно на човек за да ја пронајде својата смисла, својата цел и својот мир во животот. Веројатно и јас користам сличен тип на охрабрување и утеха во најтешките моменти, иако тоа не го поврзувам со „традиционална“ замисла на Бог како во повеќето религии.
     
    Последна измена: 23 април 2022
    На Lella, Beemo, f.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Сите ја сакаат Марта-Мирјана Проданова

    По насловот и кратката содржина, очекував трилер, мистерија, тензија ама книгата не испадна ништо од тоа. Станува збор за убиство на млада девојка, случајот е затворен пред 15 години и сега по барање на родителите го отвараат пак. Ликовите се недоволно разработени, има нафрљени детали кои се скроз непотребни, целата приказна делува како недволно осмислена и разработена со голем дел пропусти во приказната. Крајот беше избрзан и предвидлив. 2/5
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Emily Henry - Book Lovers
    Книгава почна баш симпатично и изгледаше како да ќе се одвои од морето романси.
    Ама, до крајот не успеа во тоа.
    Сепак, имаше прилично солиден хумор, се насмеав неколку пати на глас, па ако ви се чита нешто лесно и летно нема да ви е лош избор книгава.
     
    На Srckata28, Annath, tirkenbal и 2 други им се допаѓа ова.
  9. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    The Vanderbeekers of 141st Street - Karina Yan Glaser
    [​IMG]

    Оваа книга случајно ми излезе на GoodReads и си реков ќе и дадам шанса. Не е популарна и не верувам дека има многу што ја прочитале.
    Лесна книга, срце затоплувачка. Се зборува за семејството Вандербикерс кое живее многу време во тој стан и имаат доста спомени, се додека нивниот газда не сака повеќе да им го продолжи договорот за ќирија и им дава рок да се иселат., веднаш после Божиќ. Семесјтвото Вандербикерс се состои од пет деца кои се јавуват како главни ликови, секој со свои карактеристики. Се запознаваме со секој член од семејството како и нивните роднини и комшии. Секој од петте деца пробува да направи нешто за да го предомисли господинот Бидермен и да продолжат да живеат во апартманот.
    Единствено што би ја читала у зима, ама сепак е ок. Малку бавно дејтвие ама многу затоплувачка книга.
     
    На FridaKahlo, kankus и Annath им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    State of Terror - Hillary Rodham Clinton and Louise Penny

    Луиз Пени и поранешната кандидатка за претседател, Хилари Клинтон, соработуваат заедно и од нивните пера излегува овој политички трилер.

    Прво, ќе кажам дека беше одлично напишан, интелигентно, со многу референци и неочекувана доза на хумор кој беше и преку потребен во некои моменти.

    Темпото е многу брзо, постојано нешто се случува, дејството не сопира и како на секоја страница да има изненадување. Препорачувам за оние кои не претпочитаат приказни кои бавно се градат.

    Хилари Клинтон го искалува бесот врз Трамп во книгава, многу јасно дава до знаење кој се крие позади измислените имиња и ликовите во книгава. Како поранешен Државен Секретар сите детали поврани со Белата Куќа и со работата на Државниот Секретар се прекрасно доловени и крајно веродостојни,

    Приказната е застрашувачки реална, страшно е ога може да се помисли што може да се случи, а и што се случува, што ние, обичниот народ не го знаеме, а и никогаш нема да го дознаеме.

    Морничаво, на моменти нереално, на моменти пререално, трилер кој не се заборава лесно.
    Препорачувам.

     
    На Bozica1980 и Annath им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    The Sweetness of Tears - Nafisa Haji

    [​IMG]


    Многу сакам вакви некои драми кои се занимаваат со културите распространети низ Азија. Секогаш има нешто посебно емотивно во нив, башка што тоа ориенталното ги прави уште поинтересни, барем за мене.

    Меѓутоа оваа книга што знам, некако ме остави замислена и не можам да проценам дали ми е прекрасна или само просечна. Премногу ми се допадна и замислата, и ликовите, начинот на кој се градеше целата приказна – секој лик си имаше свој дел и си ги раскажуваа животните приказни, меѓутоа начинот на кој сето тоа беше изведено беше клучен мислам и тука нешто не ми штимаше баш. Но небитно, темите секако беа одлични. Всушност, што друго и да се очекува од книга која обработува нешто што се случува во Пакистан? Вечното прашање за идентитетот, испреплетени семејни врски, испреплетени генерации, судир на генерации некогаш и сега, да не зборам за третманот на жената во една таква земја.

    Почетокот на книгата ич, ама ич не ми се допадна. Ептен беше драматичен дури и за мој вкус.
    Кратко пред да тргне на факултет, Џо дознава дека човекот кој цел живот го нарекувала татко, всушност не е нејзиниот вистински татко. Шок и неверица, некако предраматично беше изнесен тој дел и сомнително поткренав веѓа. :D
    Ама ме влечеше да ја читам и сепак продолжив. Не можам да кажам дека не ми се допадна, имаше навистина прекрасни делови.

    Цитатов вака изваден и нема некој контекст, ама колку и да ми се разидуваат гледиштата некако толку едноставно кажано ми е ова, а сепак прекрасно.
    Ми се допадна пишувањето. Некако без нешто многу труд испаднала интересна книга која те шета напред-назад низ времето и не ги раскажува баш дејствијата линеарно, туку малце topsy-turvy. Не ми сметаше до толку, не сакам кога се е апла сервирано пред тебе на тацна, ми се свиѓаше, само ми недостигаа некои работи да бидат поиспеглани за да биде одлична.
     
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Nova-zemja.jpg

    Кога отидов во библиотека, ја барав Моќта на сегашниот миг од истиот автор. Мојата библиотека има две копии, и двете копии не беа позајмени според системот ама кога ги бараше на полиците, не ги најде. Пола саат ги бараше, на крај и реков да ми ја даде оваа друга книга од Екарт Тол.

    Секако дека тоа се случи со причина. Книгава е прекрасна и ми ги одговори сите прашања што ми се вртеа во главата во врска со егото. Многу ми олесни откако ја прочитав книгата. Подетална е од другите популарни психологии што ги имам читано и најмногу ми се допаѓа ради тоа. Научив многу.

    Дефинитивно ќе си купам и своја копија за да ја препрочитам и да си подвлекувам.

    Воодушевена сум ама ја препорачувам само на оние кои барем малце се навлезени во спиритуалност и медитирање.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.863
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала рецензија или критика за книга, овојпат чувствувам потреба да го направам тоа.

    185.jpg

    Магла и ноќ - Ахмет Умит
    Овде важи онаа изрека "Крајот го краси делото". Кога почнав да ја читам, па и некаде до средина речиси, впечатокот ми беше: лесна книга, прилично едноставен стил на пишување и раскажување, би можело да се рече книга за млади и, како што си беше онака обична, дури и неинтересна на моменти, не очекував дека понатака ќе ме заинтересира. Ама - дејството стана понапнато понатаму, почна да се чувствува наизвесноста на трилерот. Буквално од нешто млако, почна се' позаплеткано и помрачно да станува, за на крајот да биде врвот. Одлично. Според книгава снимен е и филм кој веднаш го гледав.
    За што се работи? Во напад ранет е Седат а убиен неговиот колега од службата, Јилдирим. Барајќи го еден од напаѓачите за да го уапси, Седат истовремено ја бара и Мине, негова љубовница, на која и' се губи трагата истата таа вечер. Никој не знае дали е жива или мртва. Седат, впрочем, е убеден дека, ако го најде напаѓачот, ќе ја најде и Мине со него, дека таа е во нивни раце, во рацете на организацијата. Бара траги во разговорите со соседите, со родителите на Мине, поврзува се' што може да поврзе. Прво успева да го најде Џума, "продавачот на ѓевреци" кој пукал во него, а кога е толку блиску да ја пронајде Мине, кога ги сложува сите коцки и сепак останува без најважниот одговор, токму Марија, сосетката на Мине, девојката со попреченост, ја решава целата мистерија и му кажува: "Еве тука е."
    Лесна книга, не е како другите трилери но вредеше да се прочита. :bow:
     
    Последна измена: 12 јуни 2022
    На Annath, MeowMeow и sikica7 им се допаѓа ова.
  14. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Денес по повод смртта на Кочо Рацин, за да се потсетиме на него.

    Во каменоломот - Кочо Рацин

    Расказот на Кочо Рацин од 1932 година, објавен бил во хрватско списание. За расказот Рацин бил награден на конкурс во загрепската „Литература“. Расказот е прекрасен, никогаш не мислев дека Рацин е толку одличен писател колку што е одличен поет. Краток, но со длабока смисла и порака. 10/10

    Бели мугри - Кочо Рацин

    Познатата стихозбирка, ја читам по којзнае кој пат. Рацин ја издал во 1939 година на македонски јазик, била забранета, цензурирана, подоцна истото и комунистите го правеле, но за среќа се зачувале неколку примероци па така останала. Нема потреба да опишувам понатаму каква е таа поезија, ги знаеме сите стиховите. Дело што е безвременско. 10/10
     
    На elimkd, Annath, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Anxious People - Frederik Backman

    Ах, Бакман... Има нешто магично во овој човек, во неговото пишување и во тоа како умот му работи.
    Предобар е, има толку емоции и топлина во неговите книги, а оваа секако не е исклучок. Уживав во секоја една страница и за оваа година ова ми е прва книга на која и дадов пет ѕвезди.
    Има толку добар хумор, се смеев на глас неколку пати, едноставно предобар е. За љубителите на Бакман книгава е must read.
     
    На arabella_, Annath и do-re-mi им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.946
    Пол:
    Женски
    Најдобрата што сум ја прочитала од авторов. Навистина вреди да се одвои време за книгава.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.320
    Пол:
    Женски
    Писма до Милена - Франц Кафка pismadomilena-1.jpg

    Книгава неочекувано ме трогна и ми стана едно од... највлијателните нешта кои ги имам прочитано. Каква приказна за копнеж, каква лудница во главата на Кафка, каква жена е Милена... толку многу посакувам и нејзините писма да можевме да ги прочитаме, не можам ни да замислам какви реченици се испишани од нејзина страна и се ежам на фактот што Кафка останува единствената личност која ги има прочитано и ја познава до тој степен.

    Не очекував да осетам толкава болка читајќи, можеби сум драматична, ама ептен се внесов. Плус, само Процес имам прочитано од него во средно, а ова е поразлично.

    Поздрав до @Abel и @Mishela, нели зборевме во другата тема за делата на Франц Кафка и еве ви препорака. :) АМА, земајте мои препораки со голема доза скептичност, особено кога е во прашање ФК. :D
     
    На Annath, piglet1 и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 леле не ја заборавив, но малку ја подзаборавив, уште сум до пола, на добар пат значи :) Засега, морам да се сложам со тебе, нема грешка со Кафка мислам.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Куклата на Ана, збирка раскази од Наде Стоиљковиќ. Има прецизна мисла, писмено пишува, со јасни реченици, но имам замерка затоа што во книгата има 5 ликови кои загинуваат во сообраќајка. Тоа делува неинвентивно. Плус расказите можело повеќе да се разработат со повеќе детали.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    The Oceanography of the Moon - Glendy Vanderah

    [​IMG]

    Откако ќе се соочи со смртта на мајка ѝ, а потоа и со ненадејната смрт на нејзината најсакана тетка, Рајли се сели во едно мало место на фармата на нејзините роднини. Премногу млада за да носи таков тежок товар, се затвара во себе и животари некако, трудејќи се да се вклопи во светот кој ја опкружува, иако не ѝ оди баш од рака.

    Природата е нејзиниот вентил, штит, нејзин излез од болката во која израснала. Да припаѓаш некаде, колку е тоа значајно и потребно во моменти кога имаш чувство дека си сам на светот.
    За среќа, Рајли секогаш може да ѝ се потпре на природата зашто таа никогаш нема да ја напушти за разлика од другите. Секогаш може да нурне во длабочините на небото и водите. Впрочем, таа таму и припаѓа, тоа е нејзиниот дом, нејзиното есенцијално упориште. Место во кое се чувствува своја, единственото место кое ја прифаќа онаква каква што е.
    Сосем случајно, по сплет на околности, на фармата ќе се досели Вон. Познат автор на бестселери кој има мала писателска криза и очајно сака да избега од своето секојдневие. Посакува да го заборави сето она што било околу него и можеби да почне од почеток. На некое ново место, таму кај што никој не го познава, таму кај што нема да има воздишки кога луѓето ќе го слушнат неговото име. Но зар можеш да избегаш од она коешто си?!

    Со сигурност можам да кажам дека ова е најслабата од сите три книги на Гленди. Претходните две книги (Where the forest meets the stars & The light through the leaves) ми беа полн погодок - емотивни, но умешно и умерено дозирано за да не бидат патетични. Со фино измоделирани ликови со добра позадина, со проникливи споредни ликови, со добар раст и развој на нивните карактери, фина разрешница и завршница, онака навистина беа прекрасни heart-warming драми.

    Оваа книга беше некако поштура, иако ликовите беа генерално добри, и главните и споредните. Од старт се знаеше што и како ќе биде, се чекаа само филер моментите кои ќе помогнат читателот да си ја нареди сложувалката во глава. И да, без сомнеж недостигаше нешто, некое жарче, некоја посилна хемија можеби помеѓу ликовите, не знам. Но сепак книгава беше доволно добра за да не посакам да ја оставам. Можеби предвидлива, но за среќа имаше и некои работи кои навидум ги амортизираа работиве кои ми сметаа. Не можам а да не го прокоментирам шаблонот кој веќе ми станува очигледен за жал...

    Но тоа е тоа, книгава беше да речам пристојна и со нетрпение чекам следна книга на Гленди Вандера. Уживање е да се чита авторкава. Има некоја меланхолија во речениците, во самите ликови, одржува топла и пријатна атмосфера, ме тера да се соживувам со секоја реченица, со секој лик, без разлика на тоа дали е или не е според моите преференци за нешта кои ги барам во добра книга.

    Тројка ѝ ставив, во споредба со претходните две - за толку си е.