Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишано, затоа пооскудно, колку што ме држат впечатоците. :D

    Nineteen Eighty-Four – George Orwell

    [​IMG]

    Беше многу интересна за читање, морам да признаам. Секој аспект на авторитаризмот е пренесен на ладен и објективен начин, како да се раскажува рандом приказна. Книгата ко книга е океј, ама она што го прави целиот експириенс icky е што пораката во текот на годините е скроз испревртена, силувана, извадена од контекст. Практично книгава стана пародија на сама себе и тоа ни кажува многу за општеството. :D Искрено самиот обид да извлечеш некоја поука од книгава е речиси комичен, зашто не постои група на светов која не си ја има присвоено на еден начин или на друг. Па и вака и така испаѓаш кловн. Моето скромно мислење е дека книгава е многу очигледно наменета за tankies, ама имам посведочено како и тие си ја имаат интерпретирано на нивен начин. Инаку книгата ми се допадна многу, за фан-базата на книгата не можам истото да го кажам. :lol:

    Animal Farm – George Orwell

    [​IMG]

    Оваа уште повеќе ми се допадна. Можам да кажам дека беше поартистична од првата. Ми се допадна басновитиот пристап. Како сè беше суптилно ама сепак очигледно и лесно разбирливо. Исто така ја обожавав градуалноста. Ништо не се случи одеднаш, туку полека полека. Последната сцена особено ми остави впечаток каде не можеа да распознаат дали се работи за свиња или човек. По толку време од цела книга тоа највивидно ми остана во сеќавање. :D И оваа книга му подлежи на феноменот we live in a society, ама сепак можеби не до тој степен. Секако дека можат да се извлечат многу паралели од дешавките во книгата со реалниот свет, ама и оваа и претходната се vague enough што секој може да ги изврти во своја корист.

    Јас уживав и во двете книги, ама се држам на ставот дека цитирање Орвел во секојдневен живот е едно од покринџ работите што може човек да ги направи. It is what it is.

    Range: Why Generalists Triumph in a Specialized World – David Epstein

    [​IMG]

    Не се сеќавам на многу работи од книгава. Се надевав дека нема да е многу self-helpy и не беше, ама сепак го опфаќа тој жанр и тоа ми пречеше малце во книгата. А инаку се збори за тоа зошто е подобро да имаш поплитки познавања од различни области, отколку да знаеш многу само за една. Колку го одбрани овој став, искрено не се ни сеќавам. Имаше интересни примери. Ама повеќе се сеќавам на она со техниките за учење. Дека колку потешко е учењето, толку поефективно е. Сепак, мислам дека целага поента на книгата е ограничена и ова триумфирањето на генералистите се јавува повеќе кај изолирани случаи. Крајниот впечаток ми е дека книгава уствари не е memorable, бидејќи на ништо конкретно не се сеќавам.

    Medieval Bodies: Life, Death and Art in the Middle Ages – Jack Hartnell

    [​IMG]

    Оваа книга ја купив заради корицата и заради жолтеникавата боја на страниците. :D Воопшто не се покајав. Изгледаше квалитетно и навистина испадна квалитетна. Се работи за разглобување на животот во средниот век до детаљ, а притоа ,,патува" низ човечкото тело. Почнува кај главата, па се движи надоле до срцето, рацете, стомакот итн. Во секоја глава се разработуваат теми поврзани со тој орган. Пример во главата за срцето се зборува за восприемањето на љубовта во тој период, во главата за кожа се збори за облеката, во главата за дланките за алатките кои ги користеле... Многу интересен концепт, и многу медицински ако смеам да кажам. Не ни приметив првично дека книгава всушност многу се фокусира на медицината во средниот век, на тоа како лечеле, како ги објаснувале болестите, како им приоѓале, како работеле хирурзите, каква литература имале итн. Морам да кажам, станува ептен бизарно одвреме навреме, особено кога ќе се сетиш колкав број луѓе испоумреле од таквите практики.

    Сепак книгава нема за цел да го претстави средниот век во лошо светло. Напротив, авторот постојано се трудеше да го демистифицира тој период и да даде пореална слика за него. Зашто и самите знаеме како е претставен, темнина, неедуцираност, чума, нехигиена... Што секако донекаде е точно, ама имало и многу повеќе од тоа. И ми беше задоволство да научам нешто повеќе за средниот век.

    Една замерка, приметив дека околу 70% од примерите што се дадени (во смисла на уметнички дела, книги, археолошки предмети) датираат или од околу четвртиот век, или четиринаесеттиот, односно на самата периферија на овој период, што јас би рекла дури и не треба да се брои, особено 14-ти и 15-ти век, кога веќе менталитетот во Европа бил ренесансен. Исто така, кога веќе спомнав, вреди да се каже дека сите информации беа главно за Европа и Средниот Исток. Претпоставувам тоа бил фокусот на истражувањето на авторот, и океј е, бидејќи не може цел свет да се опфати во една книга, ама ќе беше фино ако го потенцираше тоа некаде.

    На крај краева книгава мене многу ми се допадна, иако беше ептен густа со информации и прилично тешка за читање. Многу помогнаа илустрациите што ги имаше од сè што беше спомнато. Научив многу рандом интересни факти, со кои не верувам дека ќе се сретнев да не ја читав книгава. Од мене има највисока оценка. ^_^
     
    На Anomis11, Annath, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Hate Notes - Vi Keeland, Penelope Ward

    [​IMG]

    Нема, не постои и нема да постои нешто попатетично од вакви корици со згодни батиња. Дека нели чик-лит, па нема потреба да се потруди некој околу дизајнот на корицата. :worried:
    Тука некаде ми се и кориците со секси парови или среЧни парови, ама батињава се врвот во овој жанр мислам.

    По несреќниот крај на врската со нејзиниот вереник, Шарлот ќе оди во еден винтиџ дуќан за венчаници од втора рака за да ја продаде венчаницата која не ја ни облекла. Копајќи по рафтовите, ќе си го пронајде фустанот од соништата, лично и песонално пред неа, онаков каков што отсекогаш го замислувала. Уф, уф, бљуц material. :D

    Иако величината не ѝ одговара, сепак нема да му одолее на искушението и ќе го проба. Меѓутоа, внатре ќе најде една мала сина белешка, умешно зашиена од внатрешната страна на фустанот и покрај прекрасната порака, ќе прочита нечие име и презиме кое долго потоа ќе ѝ остане врежано во меморијата. Дома ќе се фрли на гуглање и ќе открие дека Рид Иствуд е опасно згоден тип кој мора некако да го запознае, чисто да си ја задоволи љубопитноста. И така, една досадна петочка вечер ќе резултира со најголемата глупост која некогаш ја направила во животот. Сепак не е се така црно, зашто среќата ќе реши и малку да ѝ се насмее и пред неа стои една нова можност на професионален план...

    Да прејдам на главното. :D
    Книгава апла се познава дека ја пишувале две авторки и гарант не можеле да најдат некоја златна средина па излегло тоа што излегло. Кратката содржина не е ништо посебно секако, ама можам да кажам дека првата половина беше речиси одлична. Ја проголтав во еден залак. :devil:
    Толку беша забавна, спонтано течеа настаните, имаше доста хемија, комична, малку така клише но мошне симпатично спакувано, баш како old-school чик-лит книга.
    Ииии толку траеше забавата. Втората половина од книгата беше за чиста единица. Глупост по глупост, патетика по патетика. Некои настани извадени од ракав, тотално непотребни, ставени само за ефект некаков да се игра на емоција, но ептен се познава кога нешто е ставено на сила...
    Два-три пати се запрашав дали сè уште ја читам истата книга. Ја дочитав чисто колку да не ми стои така да зјае во фолдери прочитана до 70%.
    Ми се свиѓаше тоа што не беше ко порно роман со секс сцени на секоја трета страница. Суптилно беше изведено ова. Како да кажам, уште такво нешто фалеше да смара на сите други глупости. :D

    Дуово авторки има и по некоја навистина симпатична, солидна книга од жанров. Дури и не се приметува дека се пишувани од две авторки, но во оваа ептен беше воочливо скоро па сè. Доста слаба чик-лит книга според мене. Се чудам како рејтингот на Гудридс ѝ останал над 4, далеку е од таа оценка. :yawn:
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    polinja_1_2.png

    Не очекував многу, ама не очекував ни малку.
    Пречесто низ книгата се среќаваа термините "присуство" и "отсуство". Ми фалеше креативност. Како трчајќи да е напишана, како да сакала да постаса некоја норма...
    На моменти имав чувство дека читам преведувана книга.

    Ми сметаше што книгата почна со реченицата на Андреевски, "Ништо не е повидливо и поприсутно од твоето отсуство" и никаде (барем во моево издание) немаше фуснота. Ептен ми беше очигледно дека ѝ се допаднала речницата на авторката и сосила ја вметнувала низ книгата.
    Како да сакала да звучи како некој друг што на сите им се допаѓа.

    За два дена ја прочитав. Во неколку наврати изгубив интерес оти дејствијата непотребно се одолговлекуваа и честопати се тапкаше во место.

    Мислам дека може многу многу подобро и побогато. И по оригинално.
     
    На Tanjamm и f.girl им се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    pirej-01.jpg

    На овој човек медовина му течи од уста, а не зборови.
    Вторпат ми е книгата во раце. Првпат пред 12 години, како задолжителна лектира во средно. Знаев дека не ја имав доволно испочитувано тогаш и затоа ја земав за вторпат.
    Ми стоеше на полицата некое време и си го дочека перфектниот тајминг. :)

    Посебно ми беше мило што дијалектот на дедо ми доминираше низ книгата. На моменти се чувствував како тој да ми зборува.

    Ептен ме стопли и натажи. :l:
     
    Последна измена: 3 август 2022
    На JuLleE, Anie93, *Buba* и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Читав поезија од Емили Дикинсон. Ме заинтригира фактот дека постхумно се објавени песните. Ми се допаднаа одделни стихови, но не и целата книга со избор поезија. И преводот не беше нешто. Буквално секоја именка со голема буква, па и глаголи. Каша попара, ич не ја стокмиле книгата.
     
  6. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Прв пат пишувам на темава.
    [​IMG]
    Книгава ептен ми се допадна.Се работи за една жена Ромили која му признала на својот најдобар пријател,Чарли дека го сака.Откако се разочарува со спротивен одговор,тргнува на новогодишниот базар и таму се сретнува со странец,кој и дава еден неочекуван бакнеж.Потоа таа е во потрага за да го пронајде странецот.
    Љубовен роман е.
     
    На simoncelicius и riba79 им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    The White Queen - Philippa Gregory

    [​IMG]


    Што да се напише за ваква книга кога сè е веќе кажано. Во последно време ретко ми доаѓа желба да читам историска фикција затоа што приметувам два екстреми. Или се до толку изобличени работите, сè е сменето освен тука-таму некој култен настан што немало како да се испушти или да се измени; таквите книги ми се премногу лимунадизирани. Некако имам чувство дека фокусот неизбежно оди кон некаква евтина романса, или пак авторите се обидуваат да го фатат читателот на некаква емоција. Да не зборам за паралелното раскажување и шаблонот минато-сегашност, клише над клишеата кои постојат, конкретно во овој жанр. А толку е широк, толку е прекрасна и разновидна историјата за да биде сведена на Холивудски „крај за паметење“ низ книгиве.

    Другиот екстрем е раскажување, раскажување и само раскажување. Бесконечно наслојување на историски факти, историски случки, без буквално никаков напор да се поткрши лушпата и да им се вдахне малку живот на ликовите.

    Оваа книга беше микс од сето она што го сакам и сето она што го барам од историска драма. Од една страна тука е историјата, тука е сè онака како што (веројатно) било, но ликовите беа толку силни, толку проникливи, што не е возможно да ги заборавиш така брзо, навистина беа впечатливи и главните и споредните ликови.

    И толку. Тоа е впрочем сè што треба да се знае за оваа книга, навистина беше уживање да се чита за Елизабет Вудвил Греј, која едноставно знае дека ќе биде кралица и за Едвард, кој би одел и против сопствениот брат, само и само да го зграпчи цврство тронот.
    Одлична книга, сега да видиме што друго да уловам од авторкава додека сè уште не ми поминала желбата за историска фикција. :dance:
     
  8. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам купено оваа и “Другата сестра Болејн “ од истата авторка по препорака дека и двете се многу добри . Уште им нема дојдено ред за читање ама пи твојата рецензија редот многу побрзо од првично планирано ќе им дојде :) Штом ти се допаднала “Белата кралица” се надевам и оваа да ти де допадне :) C8CEEE25-40DE-45E9-B4B9-D6E7D4E1873D.jpeg
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Ја имам и таа на Киндл, се надевам ќе биде исто толку добра колку и Белата кралица. :)
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Ја читав Писмата на калуѓерот што го продаде своето ферари. Ништо посебно. Книгата има комерцијален наслов, но нема квалитет.
     
    На kikin и Beautiful Dreams им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Седнав да ја чигам Life, The Universe, And Everything од Даглас Адамс што ми е купена пред цела година и тогаш сфатив дека е трета книга од серијал со шест дела. :drunk:

    И ништо, морав недоброволно да ги читам книгите што ми се најдоа под нос, од роднини и другари, зашто не знаев кога другпат ќе имам пак слободно време. :D

    Месечарот – Себастијан Фицек

    [​IMG]

    |(
    Книгава беше ко... океј. Верувам дека комплетно ќе ја заборавам за некој месец. Авторов, богот на инста сторињата, последниве години го има во чоукхолд македонското трилер комјунити, а јас како новокомпониран хејтер на трилери морав да прочитам бар нешто од него за да можам да имам некаква позадина кога хејтам. :lol:

    Инаку да, 90% бев сигурна дека нема да ми се допадне, и не ми се допадна. I see the appeal, ама во генерала не сакам кога низ цела книга има само нејаснотии и во последните 20 страни има 20 пресврти. Плус не знам дали до преводот беше, ама стилот на Фицек не ми легна, ептен писмена по македонски вајб имаше со прекумерните придавки. И уште едно нешто што ми оди на нерви кај трилери во генерала, кога ќе почнат да се откриваат работи, морам одма да дознаам сè и цел ден ќе ми отиде упм за да го довршам. That being said, слободно пак можам да кажам дека нема друг трилер да фатам во животов, ама сите и нивните кучиња знаат дека тоа не е точно. :D

    Stardust – Neil Gaiman

    [​IMG]

    Книгава беше ептен слатка. На моменти малце pain in the ass за читање заради викторијанските примеси во јазикот, ама морам да го пофалам авторот, многу добро знае кои зборови да ги употреби за да долови атмосфера. Самото раскажување во Faerie и во реалниот свет се разликуваше по стилот, и тоа ми беше многу магично и пријатно.

    Се работи за 17 годишно момче со татко човек и мајка самовила кое оди во авантура во магичен свет да пронајде падната ѕвезда и да и' ја донесе на девојката која ја сака.

    Книгава има многу невин вајб, ама всушност е ептен adult fantasy на моменти и тоа ми беше трипи. Фантазиите кои ги имам читано или се детски или се GoT, а оваа скроз измеѓу. :D

    Има и филм за книгава, допрва ќе го гледам. Впечатокот ми е главно позитивен. (y)

    Сјаење – Стивен Кинг

    [​IMG]

    Уште еден автор што се прежалив да го пробам иако имам нула интерес за него. Сепак, за оваа книга ми е мило што го направив тоа, зашто навистина ми се допадна. Again, pain in the ass, скоро 500 страни е леле мајко со милион детали од типот како изгледала рандом просторија во хотелот опишана дури до штиците на прозорот. :headbang: Ако преминеме преку ова, можам да кажам дека ми се допадна тој реалистичен пристап на билдање карактери, нивните психологии и интроспекции. Се фаќав на моменти како ги сожалувам и ме нервираат сите ликови, што мислам дека беше фино од страна на авторот. Ме додирна. :inlove:

    Стилот ми се допадна многу, со текстовите во заградите што некако ми беа нејасни, па додека да укопчам што се нивни мисли, што на хотелот, ехее... :D Ама да, за разлика на пример од просечниот Сакам Книги трилер, за овој можам слободно да кажам дека има душа во него. Има суштина, тежина. Ова го кажувам ако ги одземеме апла хорор деловите, како тоа кој каде бил удрен, како крварел итн. што верувам се убави само за љубителите на жанрот.
    Цела книга ги чекав девојчињата од филмот и не ги дочекав. Страшно разочарување. А не го ни имам гледано филмот уште. :D

    За месецов толку, останува да се надевам дека до крајот на годината ќе успеам да прочитам нешто избрано со својата слободна волја. :D
     
    На mcdreamy, Ina V, f.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    GUEST_09ce73cb-ff22-4a50-9ba9-f054463b6c55.jpeg
    Имав големи очекувања од книгава, но се разочарав некако. Не дека не ми се допадна, ама... Секогаш тоа "ама" е проблемот :D Очекував да биде на ниво со Brave New World, и двете се од истиот жанр, но на оваа би и дала помала оцена.

    Не знам што конкретно ми сметаше при читањето, не успеав доволно да се поврзам со ликовите. Ми фалеше подобар опис на психата и ролеркостерот од емоции низ кои минуваа истите, наместо тоа авторот ме гушеше со непотребни описи на околината кои како да беа нафрлани само за да пополнат место.
    Друго, никаква кулминација, иако прилично брзо ја читав со желба да дојдам до толку посакуваниот плот твист и на крај кога сè се разреши бев ко: и тоа е тоа? :^) Скоро и никакви емоции не побуди во мене приказната, а е опфатена комплексна тема со доста простор за дискусија.

    Штета, не е искористен целосниот потенцијал. Филмот е далеку подобар од книгава.
     
    На Mishela и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Every Note Played - Lisa Genova

    [​IMG]

    Книгава воопшто не е од оние „се чита во еден здив“ тип на книги. Неверојатно e колку многу влече да продолжиш да читаш, а кнедлата во грлото станува сè поголема и поголема и едноставно ти треба време малку да здивнеш и да се собереш...

    Сурова, тажна, меланхолична. Но далеку од патетична.

    Пред вас стои еден од најдобрите пијанисти, некој кој предизвикува урнебесни овации во салите во кои настапува. Свири како сраснат за пијаното, како да е дел од него, како да се едно. Но не останува само на „како“, туку Ричард Е сето тоа. Живее за и од музика. Дише и се чувствува жив само додека неговите прсти ги галат клавишите, само додека ја твори таа магија настаната од множеството ноти во партитурите.

    И тоа е сѐ за него. Понесен од својот талент, сите останати сфери од животот ги оставил да течат некаде во позадина зашто Карина секогаш била тука за сѐ. А не било така отсекогаш. Или пак било, само никој околу него не сакал отворено да посочи некои работи.

    Меѓутоа, доаѓа момент кој станува страшна закана за сето она кое е Ричард. Прво му се вкочанува десната дланка. Ситница. Ништо што не може да се реши со малку масажа и мал одмор од исцрпното вежбање. Меѓутоа, ситницата станува страшило, тивок убиец кој го демне. Не некоја си состојба, туку болест која ја стана под знак прашалник целата негова понатамошна кариера. Но прво, ако воопшто преживее.
    „Убиецот“ се вика АЛС, или амиотрофична латерална склероза. И нема лек, не постои. Заболените тонат полека и длабоко во своето онеспособено тело. Ова е тежок удар за кого било. А Ричард кој буквално живее од агилноста на своите две прецизни дланки, не може и одбива да си поверува, да се помири со ситуацијата дека не постои лек и дека голема е веројатноста дека обликот на болеста само ќе прогресира.

    Тешка, мачна книга. Ми трнеа дланките и ми тежеше целото тело додека читав. Толку беше опипливо сѐ, како да го гледаш тука пред тебе, како полекува овенува и му се гасат моторните функции една по една.
    До последна.

    Мошне добро беа прикажани сите ликови и најмногу ми се допадна тоа што никој не беше идеализиран, немаше лажно и исклиширано барање прошка и станување подобар човек во 90-та минута. Многу едноставно беше прикажана комплексноста на животот, како луѓето можат да се сменат од х-причини и колку малку е потребно да се урне сѐ што си градел.

    Препорака за сите кои сакаат семејни драми без патетика и без филтер.
     
    На Purelove92, riba79, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    „Вештица“ од Венко Андоновски. Добра е. Венко треба внимателно да се чита. И она што ми се допаѓа кај него е тоа што дејството го сместува во далечно минато, среден век, а сепак нема импровизација.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    It starts with us - Colleen Hoover

    Што ми требаше да ја читам книгава? Реков дека нема и пак. Сега си викам дали сум толку глупа што првиот дел ми се допадна.
    Ова е напишано само за фановите да се задоволат, да се направи некоја пара и толку.
    Атлас го утепа начисто како лик, почизи не можеше да го направи.
    Има единица од мене книгава, не ја читајте, нема ништо да добиете, патетики тешки само, мизерија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Fresh water for flowers - Valérie Perrin

    Прво, морам да споменам дека преводот на книгава е одличен, совршено е доловена атмосферата, меланхолијата, тагата...

    Оваа е една од оние книги во кои се ужива, во секоја една реченица, збор...
    Почнува некако забавено, со откривање делче по делче на тоа каква магија всушност се крие понатаму.
    Но не, не е оваа некоја лесна книга, напротив, исполнета е со тешки теми, со гнев, фрустрации, тага, себеоткривање. Несовршеноста која е дел од нас, луѓето.

    Не сакам ништо да откривам за содржината, најдобро е да се почне без да се знае нешто бидејќи нема некои шокантни твистови, само тажно откривање на вистината.

    Вајолет е чуварка на гробишта чиј маж исчезнува. Толку е доволно.
    Петка има од мене книгава, една од оние кои се памтат долго, цитати кои засекогаш ќе ми останат врежани и на кои ќе се навраќам.
     
    На Annath и do-re-mi им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Parable of the sower - Octavia E. Butler

    Какви очекувања имав од книгава... Мислев дека ќе биде нешто што навистина ќе ме изненади.
    Ама, не. Една измешана приказна, недоволно објаснета, со неподнослива хероина. Која, да има 18 години и нели, ќе го спаси светот и притоа ќе основа нова религија.
    Ох, Боже. Има втор дел книгава кој немам никаква намера да го читам.
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    The Code Book – Simon Singh

    [​IMG]

    Можам слободно да кажам дека оваа е најинтересната книга што сум ја читала годинава. Книгава е за криптографија, од најпримитивните форми до денешната RSA енкрипција. Многу ми се допадна како ѝ беше пријдено на темата, комплетно од нула. Дел по дел авторот те воведува во концептите, во технологиите, во јазикот, а не се ни приметува дека работите стануваат сè покомплексни.

    Стилот на пишување е фантастичен. Не е претерано dumbed-down, ниту пак премногу механички и учебникарски. Најчесто е во средина, а на моменти е по малку од двете. И тоа најмногу ми се допадна, што таму кај што треба пишува читливо, дури и раскажувачки, а на други места пишува јасно, прецизно, па и репететивно, зашто токму тоа треба за полесно да се укопча нешто комплицирано. И тие места се перфектно одбрани. Особено ми се допадна што одвојуваше време да раскаже накратко за приватниот живот на луѓето што ги спомнува, тоа ѝ даде многу живот на книгата и беше како одмор од потешките делови.

    Единствена „мана“ е што книгава е напишана во 1999, што остава 20+ годишна дупка во настаните. Ама голем апдејт во криптографскиот свет нема, освен фактот што сега постојат некои прото квантни компјутери. Останатиот дел е и онака историја, па нема ништо спорно.

    Ако има некој што се интересира за тоа како античките народи ги прикривале своите пораки, како е пробиена Енигма или пак како всушност сме успеале да ги дешифрираме египетските хиероглифи, топло му ја препорачувам оваа книга. Лесна, интересна и богата со информации. :D
     
    На mcdreamy, Billy Idol и f.girl им се допаѓа ова.
  19. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја рецензијава сфатив дека ја немам преболено темата за non-fiction книги :u:
    Фала што ги отвори старите рани Лела и што ми помогна да ја надополнам листата на книги кои мора да ги прочитам ;(:lol:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Истото го мислев додека читав. Имаше толку многу рандом детали интересни за дискутирање, а вака немам на кој да ги кажам зашто никој што го знам ја нема читано. :D Мора да ја воскреснеме темата, макар и по две книги годишно да читаме. :lol:
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.