Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.132
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Па колку може да биде добар преводот кај нас? Иако преводот на книгава не е толку лош, не мора да се препрочита пет пати еден ред , па да се разбере на кого се однесува кажаното... Онака просечно. Да не беа толку скапи книгите на англиски, немаше да се мачам со нашиов никаков превод. Ама тоа е.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Последна прочитана книга

    "Времето на лалињата" - Одлична книга
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.630
    Допаѓања:
    43.284
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Без збогување-Линвуд Баркли вечера ја почнав денес ја завршив,450 стр. во еден здив(два де и вечара :P )Ептен ми се допадна книгата,едноставно те тера да ги вртиш страниците за да стигнеш до расплетот.
    Ќе кажам само дека се зборува за 14 год девојка која после караницата со нејзините се буди наутро и целото нејзино семејство исчезнува,без никаква трага и глас.Таа мисли дека се убени или дека ја оставиле по грешките кои ги направила предходната вечер,иако беше едно пијанство(али што друго може да мисли едно 14год. девојче).Цели 25 години од исчезнувањето живее во сомнеж,сеуште не дознавајќи што се случило со нејзините,се додека долго чуваните тајни не почнат да излегуваат на површината.
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Последна прочитана книга

    17 правила за подобар живот- Ог Мандино
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Еве само што ја прочитав Елеганција од Кетлин Тесаро, па веднаш да ја искоментирам овде :)

    Се работи за една американка (Лујза) која е женета во Англија и навидум животот и е среден, но таа ни малку не се чувствува убаво во своја кожа и не се чувствува привлечно.
    Со мажот и се однесуваат повеќе како другари, отколку како сопрузи. Немаат односи многу долго време и тој никако не покажува физички интерес за неа.
    Поради тоа, таа почнува да обрнува внимание на себе и на својот изглед, ја исфрла нејзината стара гардероба и купува нова, почнува да ја следи модата и да се облекува модерно, се става на диета и ослабнува, станува поубава и попривлечна.
    Но ни таа нејзина промена, не ги подобрува односите меѓу неа и нејзиниот сопруг, тој ја ни допира и таа сфаќа дека всушност тој е геј.
    Следува развод и еден болен и тежок период за неа.
    Потоа таа продолжува со својот живот и се труди да биде модерна и елегантна, применувајќи ги советите на Мадам Дарио - писателка на стара книга со насловот Елеганција. Оваа книга и станува водич на Лујза и на нејзините страници ги наоѓаа советите што и требаат.
    На крајот, се заљубува во дечко помлад од неа девет години и остануваат заедно...

    Да се биде убав, не значи истовремено и да се биде среќен на овој свет.
    Наместо за убавина, борете се за елеганција, нежност и стил.


    Што е елеганција?
    Тое е еден вид хармонија, која потсетува на убавина, со тоа што оваа втората е главно подарок од природата, додека првата е последица од примената на уметноста. Немојте да ми замерите што употребувам толку сериозен збор за толку минорна уметност, но трансформацијата на обична жена во елеганта, е мојата животна мисија.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Последна прочитана книга

    [​IMG] Додуша, преводов не чини, ама Кристи убаво си мајсторисува како и секогаш. Неизвесност до самиот крај. Спуштам и капи и шалови и цела се клањам.
     
    На aNy-to му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Последна прочитана книга

    Вчера ја дочитав "Вероника реши да умре". Навистина одлична книга, ти дава поттик за живот..
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    26.381
    Последна прочитана книга

    Бадем..


    Иако е напишана да биде бестселер лесен за читање, за мене книгава има подлабоко значење, бидејки го открива мистериозниот свет на муслиманската жена, нејзината страст, потреба за љубов, нејзинот свет кој не ни е познат. Лично, целата таа мистерија околу муслиманската жена, ме фасцинира и интригира, а оваа книга ми помага да сознаам повеке работи.
    Едноставно кажано, колку работи кои на нас ни се чинат толку едноставни, за некоја муслиманска жена се сосема компплицирани, мистериозни...
    Секогаш кога читам книги за Арапскиот свет, останувам воодушевена на силата која овие жени ја имаат.
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    ^ Кукличка од кој автор е Бадем?
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга


    Бадем е од Неџма :* прекрасна книга :inlove:
     
  11. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Последна прочитана книга

    Така сексуална ;) Мене тетка ми ми ја даде,се срамев дека ги читала тие работи :D
    Инаку последна книга што ја прочитав е Чекајки го Годо :)
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Последна прочитана книга

    ’Сама’ од Горјан Петрески.. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Последна прочитана книга

    „Однесувај се како дама, размислувај како маж“-Стив Харви
     
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Последна прочитана книга

    Снеговите на Клементина Евин добра книга е
    ама ја има во програмата за седмо одделение а воопшто не е за на таа возраст |(
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.630
    Допаѓања:
    43.284
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    „Паднати ангели“ Нора Робертс и не беше кој знае шо не би ја препорачала.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Последна прочитана книга

    ^ Мене баш ми се допадна. Така мистериозна до крај.
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Супер книга ;)
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.630
    Допаѓања:
    43.284
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Mene може не ми се допадна зошто пред неа читав две три по ред од Шелдон и сум се презаситила од тие убиства,завери и такви работи :) Инаку ако немаш прочитано од Зафон земи некоја неговите се ептен мистериозни,омилени ми се :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Последна прочитана книга

    Силва метод, контроле ума....по трети пат :)
     
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга


    Прекрасни книги Горјан Петрески секогаш ме воодушевувал со неговиот стил на пишување ги обожавам неговите книги ''Сама'' , ''Марта'' (ме остави без зборови книгава ја имам дома и себично ја чувам :lol: ) ''Споменка" , "Исти очи"...Сите овие ги имам прочитано и ги обожавам...

    А пак „Однесувај се како дама, размислувај како маж“-Стив Харви искрено оваа книга ја зедов привлечена поради насловот но ми се допадна ја прочитав во еден здив,вреди да се одвои време за вакви книги


    А книга што јас последна ја прочитав е "Сексот и градот"искрено очекував повеке од книгава.. :|